Во статијата Дали хигиенски ги користите вашите леќи?, го споменавме истражувањето на магазинот „Optometry and Vision Science“, според кое само 2% од луѓето хигиенски ги користат леќите, а дури 80% се во заблуда дека правилно ги употребуваат. За да не спаѓате во тие 80%, ви препорачуваме да ги прочитате следните 7 златни правила за употреба на контактните леќи.rnrn
rn
1. Секогаш убаво мијте ги рацете
rnНајважен чекор е темелното миење на рацете пред ставањето и вадењето на леќите. Окото е сензитивен орган и дури и најмалите бактерии може да предизвикаат голем проблем. Затоа, внимавајте и секогаш обрнувајте внимание на чистотата на рацете.rn
2. Менувајте го растворот во кутијата секој ден
rnНе ги оставајте леќите во истиот раствор неколку дена, мислејќи дека така ќе заштедите на време и пари. Не само што ризикувате да се здобиете со инфекција, туку и дополнително создавате нечистотии на самите леќи, што подоцна ќе ви го отежни видот. Затоа, секојдневно менувајте го растворот во кутијата за чување.rn
3. Вадете ги леќите пред спиење
rnВадењето на леќите пред спиење е важно бидејќи така полесно се задржува нивниот квалитет и употреба. И секако, препорачливо е очите да се одморат од нив, барем додека спиете.rnrn
rn
4. Ставете ги леќите, па нанесувајте шминка
rnСекогаш ставајте ги леќите пред нанесувањето шминка. На тој начин, ги избегнувате честичките шминка што може да се залепат на леќата и да ви го нарушат видот. Истото важи и за вадењето на леќите. Првин извадете ги, па отстранете ја шминката.rn
5. Ноктите нека ви бидат пократки
rnДолгите нотки може да попречат во правилното ставање и вадење на леќи. Затоа, трудете се да имате добро средени, кратки нокти, за да не дојде до гребење и кинење на контактните леќи.rn
6. Кутијата за леќи менувајте ја секој месец
rnПовеќето офталмолози препорачуваат менување на кутијата за леќи на секои две до четири недели, а најмногу до шест. Тие воопшто не се скапи и најубаво е уште веднаш да си набавите повеќе. Очите и леќите ќе ви бидат благодарни.rnrn
rn
7. Плакнете ги леќите
rnПред да ги ставите леќите, најпрвин положете ги на дланката, на нив нанесете раствор за леќи и нежно масирајте ги неколку секунди. Ова ќе ги исчисти наталожените нечистотии. А доколку често ви се случува да ви се сушат очите и леќите да постанат лепливи, а видот матен, тогаш најдобро е да си набавите вештачки солзи, кои би ги нанесувале во текот на денот.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrnНајлоши навики за оние луѓе кои носат леќи се кога тие спијат, се капат и пливаат без да ги извадат и не ги заменуваат на време, туку откако ќе ми истече рокот – известува NPR. Друга нехигиенска навика е потопувањето на леќите во употребениот раствор во кутичето за леќи, наместо секојдневно менување на течноста, како и фактот дека многу ретко ни текнува да го смениме кутичето за леќи и покрај тоа што добиваме ново, со секоја купена течност.rnrnВо ова истражување, 72% од испитаниците се изјасниле дека почувствувале некаква неудобност поврзана со носењето леќи, а 47% пријавиле дека им се има појавено инфекција на очите од леќите.rnrn„
rnrnД-р Двајт Каванаг, кој го водел ова истражување, вели дека постојано има пациенти кои го губат видот, а биле инфицирани од бактеријата псевдономади. Има и пациенти инфицирани од амеба, бидејќи се туширале или капеле в езеро со нивните леќи.rnrnЗа да се минимизира ризикот од овие компликации, Американската академија за офталмологија, Здружението на офталмолози за контактни леќи, Здружението Рожница и Американското здружение за рефрактивна хирургија и операција на очно перде, ги нудат следниве совети:rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn