КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергија

  • Овој хороскопски знак секогаш доминира: Зрачи со чиста енергија и страст!

    Овој хороскопски знак секогаш доминира: Зрачи со чиста енергија и страст!

    Ако упорно избирате погрешни луѓе како љубовни партнери или пријатели, време е да се посоветувате со ѕвездите. Тие ќе ви откријат дека еден од хороскопските знаци се одликува со тоа што ја рефлектира чистата животна енергија и е симбол за страст и сила. Во право сте, се работи за Овен! Откако ќе запознаете луѓе што му припаѓаат на овој знак, бидете сигурни дека никогаш нема да сакате да се оддалечите од нив.rnrnОвој хороскопски знак секогаш доминира: Зрачи со чиста енергија и страст!rnrnВо продолжение ви образложуваме зошто треба да познавате барем една личност родена во овој знак.rn

    1. Авантуристи

    rnДоволно е само да му се јавите на Овенот и тој сигурно ќе ви предложи нешто ново, откачено и авантуристичко. Овенот и авантурата секогаш одат рака под рака, па така тие се спремни обичниот семеен ручек да го претворат во луда забава.rn

    2. Зрачат со позитивна енергија

    rnОвните по природа се позитивни луѓе. Таквата енергија им помага полесно да се справат со најтешките животни ситуации. Сепак, постои и еден друг детаљ што не може да се занемари – тие се обвинуваат себеси доколку нешто не оди по планот.rn

    3. Оптимисти

    rnПовеќето Овни знаат како да направат баланс помеѓу охрабрувачкиот и прекумерниот оптимизам. Таа нивна способност може да им се најде од корист особено кога на пријателот му е потребна поддршка и трошка надеж во најтешките ситуации.rn

    4. Лојални

    rnОвенот никогаш нема да го изневери пријателот или да открие нечија тајна. Тие се лојални па затоа внимавајте да не ги озборувате нивните пријатели кога сте во нивна близина.rn

    5. Искрени

    rnОвните никогаш не лажат од едноставна причина – затоа што не знаат како! Единствениот момент кога не ја кажуваат вистината е во ситуации кога не можат да одбијат друга личност бидејќи се плашат да не ја повредат.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Потребата за маче или куче има длабоко космичко значење

    Потребата за маче или куче има длабоко космичко значење

    Потребата да чуваме маче или куче силно влијае врз нашата човечка психологија, но има и длабоко космичко значење. Зошто е тоа така?rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnМногубројни истражувања покажале дека постои невидлив контакт помеѓу животните и луѓето. Се смета дека за време на интеракцијата, човечкото биолошко поле резонира со полето на животната сила на здраво животно. И бидејќи структурата на внатрешните органи кај цицачите е слична со онаа на луѓето, тие можат да ја „цицаат“ лошата енергија од нашите органи.rnrnДосега многу е напишано за позитивното влијание на енергијата помеѓу човекот и животните. Многумина од вас сигурно имаат забележано дека мачката може да осети кога нејзиниот сопственик е тажен. Мачката е мистериозно животно и има речиси магични способности да ја отстрани негативната енергија. Кога ќе почувствува негативна вибрација околу сопственикот, таа ја враќа виталноста и ја лечи енергијата. Седи близу до сопственикот сè додека не почувствува дека е „полна“ со негативна енергија, а потоа тивко се повлекува.rnrnМачката е единствениот цицач што може нормално да функционира по исцелувањето на вибрациите. Тоа значи дека никогаш не смеете да ја запрете мачката да го напушти местото покрај вас ако таа одлучила така бидејќи тоа значи само едно – таа веќе ја презела вашата негативна енергија и сега и самата треба да се наполни со нова енергија.rnrnКучињата најчесто ја имаат улогата на наши ангели-чувари и нè штитат како во добро, така и во лошо. Тие честопати дејствуваат како сунѓери, па така секоја негативна енергија насочена кон сопственикот – завист, страст, омраза, гнев и слично, сите овие работи ги апсорбира кучето. Тоа е чувар и заштитник во вистинска смисла.rnrnКучињата имаат вграден механизам на висок отпор кон „енергетската прашина“, но ако кучето е болно цело време или покажува знак на депресија, треба добро да размислите дали воопшто да чувате куче или не. Тие се многу усогласени со енергијата на сопственикот.rnПотребата да чуваме маче или куче влијае и врз нашата психологија. Кое е духовното значење зад сето тоа?rn

    Духовното значење на поседувањето мачка

    rnАстролошки гледано, мачката ја претставува благоста на месечината. Месечината како природен сателит зрачи ментална мекост, добрина и ги претставува тајните на светот. Децата или возрасните сакаат да имаат мачка кога се чини дека сè во нивниот живот е надвор од рамнотежа.rnrnМачките се многу добро организирани и можат да ни бидат пример за тоа како и ние самите да се организираме подобро. Кога детето копнее за маче, тоа може да има бројни значења, но најчеста причина е тоа што детето сака да почувствува космичка блискост со друго суштество.rnrnДецата од 2 до 3 години се длабоко поврзани со космичката енергија и копнежот по мачка значи дека сакаат да ја одржат оваа врска силна, дури и откако ќе пораснат и ќе ги преземат сите улоги што треба да ги играат во своето тогашно човечко тело.rnrnПонекогаш може да значи дека на детето му недостига емоционална храна во рамките на семејството и му е потребна емоционална поддршка, па така мачката би била една од најдобрите можни решенија.rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnКај возрасните, копнежот по мачка може да се појави во различни ситуации кога се чувствуваат емоционално празни или кога им треба силно духовно присуство околу нив.rn

    Духовното значење на поседувањето куче

    rnКучето ја претставува енергијата на сонцето.rnrnКога детето копнее по куче, тоа е знак дека е подготвено за животот и дека ќе ги подобри своите креативни способности. Тоа значи дека детето го крие уметникот во себе и чека можност да го ослободи. Детето кое сонува за кученце сака да биде забележано и чувствува потреба да ги развие своите таленти со цел да ги изненади и воодушеви другите. Ако возрасно лице сонува да има куче, тогаш е време да го промени својот живот.rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnСонцето е енергија во која сакаме да се претопиме кога ни се чини дека сè е лошо и кога немаме ниту најмала желба да продолжиме понатаму. Толку е голема усогласеноста меѓу кучето и човекот што и двете страни можат да се разберат на најдлабок можен начин.rnrnОткако откривте како присуството на домашни миленици влијае врз човечката психологија, ви препорачуваме да ги погледнете овие фотографии кои ја прикажуваат неверојатната врска помеѓу животните и луѓето.

  • 7 вида одмор што треба да си ги дозволите

    7 вида одмор што треба да си ги дозволите

    Спиењето не е единствениот одмор што им е потребен на вашето тело и на вашиот ум. Всушност, постојат дури 7 вида одмор што не можат да се заменат со сон.rnrn7 вида одмор што треба да си ги дозволитеrn

    Креативен одмор

    rnКога чувствувате пад на креативноста и инспирацијата, постои т.н. блокада. За нов наплив на инспирација, потребно е „креативно“ да се одморите. Тоа може да го направите преку пешачење во природа, забавна активност (како куглање) или одење на некое креативно место (музеј, галерија).rn

    Ментален одмор

    rnНеможноста за фокусирање, намалена концентрација и исцрпеност се симптоми на ментален замор. За да се опуштите ментално, експертите имаат неколку совети:rn

      rn 011

    • Правете кратки паузи во текот на денот.
    • rn 011

    • Запишете ги вашите мисли на хартија и направете „место“ во вашиот мозок за нови информации.
    • rn 011

    • Не користете електронски уредите пред спиење. Подгответе ги вашето тело и вашиот ум за спиење без да наметнувате содржина што не ви е потребна.
    • rn

    rn

    Физички одмор

    rnОвој одмор може да биде и активен и пасивен. Пасивниот се однесува на дремка, а активниот може да биде масажа, вежбање, јога, возење велосипед, пешачење и сл.rn

    Социјален одмор

    rnСекој има потреба од време за себе. Научете да им кажете „не“ на пријателите и семејството. Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот и да се најде време за себе. Затоа, изберете дел од денот кога ќе бидете сами. Искористете го ова време за да прочитате неколку страници од книга, да пиете чај итн.rn

    Емоционален одмор

    rnВо време на екстремен стрес, лесно станувате раздразливи, а тоа ве прави помалку продуктивни. Емоционалниот одмор се однесува на поставување граници. Споделете со вашите најблиски како се чувствувате и водете дневник.rn

    Сензорен одмор

    rnНашите сетила се постојано активни и тоа создава дополнителен стрес. На пример, пред спиење, обидете се да исклучите сè што прави бучава. Уживајте во тишината и дозволете им на вашите сетила да се опуштат.rn

    Духовен одмор

    rnОвој одмор ни овозможува да стекнеме чувство за цел. Волонтирајте и направете нешто за другите што ќе ве направи среќни.rnrnПогледне ги овие вежби за опуштање што можете да ги правите кога имате 1, 2 или 3 слободни минути.

  • 5 утрински тренинзи за поголема продуктивност

    5 утрински тренинзи за поголема продуктивност

    Ако сакате да ја зголемите продуктивноста, да имате повеќе енергија и да бидете поуспешни во постигнувањето на вашите цели во текот на денот, би било добро да вежбате наутро. Идејата за утрински тренинг им звучи страшно на многумина, но благодарение на утринските вежби, може да станете попродуктивни, а покрај тоа, да согорите масни наслаги и да се чувствувате подобро. Еве неколку утрински тренинзи за поголема продуктивност.rn

    Кардио

    rnhttps://youtu.be/YIsMs_T2NPornrnОвој тренинг не е случајно најпопуларната форма на вежбање – значително придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем, го стимулира лачењето на ендорфинот и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.rn

    Јога

    rnhttps://youtu.be/Nnd5Slo02usrnrnЈогата ќе ви помогне да се разбудите полесно, а исто така влијае на концентрацијата во текот на денот и спречува пад на нивото на енергија.rn

    Пешачење

    rnhttps://youtu.be/bPv__oDWIVUrnrnПешачењето е најлесен начин да се опуштите и да ги наполните батериите пред напорниот работен ден.rn

    Пилатес

    rnhttps://youtu.be/zTLGjyt1GdQrnrnОвој вид вежбање го раздвижува целото тело, ве прави посилни и повнимателни и ви дава енергија за остатокот од денот. Идеален утрински тренинг за поголема продуктивност!rn

    Тренинг со висок интензитет

    rnhttps://youtu.be/nBDnJBqRMpkrnrnНишто нема да ве расони подобро од овој вид тренинг. Особено се препорачува за луѓе на кои им е тешко да се разбудат наутро.rnrnПрочитајте што треба да правите наутро за убав почеток на денот.

  • Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоа

    Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоа

    За време на викендите треба да се чувствувате одморени и полни со енергија, но многу пати се случува тогаш да бидете уште поуморни и уште поисцрпени затоа што тогаш всушност не правите ништо, односно го исклучувате мозокот и едноставно сте опуштени. За многумина, ова може да биде како шок и во никој случај не им е јасно зошто се случува тоа.rnrnДали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоаrnrnД-р Фолуша Олувајана објаснува дека тоа не е ништо невообичаено и дека постојат причини зошто на телото му треба дополнително засилување во деновите кога не одите во теретана или кога не вежбате.rnrnИако вежбањето понекогаш е заморно, ќе ве натера да се чувствувате подобро – и физички и психички. Ова се случува поради хормоналните промени што ги предизвикува вежбањето, а ослободувањето на ендорфин, серотонин, допамин и окситоцин му дава енергија на телото. Иако ефектот понекогаш е краткотраен, ги прави луѓето исполнети и енергични, така што ова е токму она што му недостасува на вашето тело во деновите кога се одморате, односно кога не сте физички активни.rnrnСлободните денови не значат дека вашето тело престанува да работи, всушност тогаш работи најмногу и најсилно за да ги обнови мускулите кои се активни за време на вежбањето. Исто така, нормално е да бидете гладни во деновите кога не вежбате. Ова се случува поради тоа што вежбањето го намалува апетитот, а кога не вежбате, телото бара дополнителни калории.rnrnИсто така, интересно е да се напомене дека за викендите спиете подолго, а тие дополнителни часови сон може да ве уморат уште повеќе. Ако го нарушите часовникот на телото, ќе се чувствувате поуморно и тоа ќе има значително влијание врз остатокот од седмицата.rn

    Како да се чувствувате подобро во слободните денови?

    rnДодека деновите за одмор се клучни за да се одморите, сепак е важно да се држите до вашата рутина, како и во останатите денови. Секоја промена резултира со екстремни промени во однесувањето што можат да направат да се чувствувате поуморно во тие денови. Поради тоа, секоја активност е повеќе од добредојдена бидејќи ќе спречи ненадеен пад на енергијата. Исто така, квалитетната исхрана е клучна, како и вообичаениот ритам на спиење.rnrnПрочитајте што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него.

  • Рецепт за смуди што ќе ви даде многу енергија

    Рецепт за смуди што ќе ви даде многу енергија

    Ова смуди е вкусна енергетска бомба која ќе ви даде многу енергија.rnrnРецепт за смуди што ќе ви даде многу енергијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 100 мл млеко
    • rn 011

    • 1 банана
    • rn 011

    • 4 урми
    • rn 011

    • грст овесна каша
    • rn 011

    • 1 лажичка семе од коноп
    • rn 011

    • 1 лажица путер од кикирики
    • rn 011

    • 1 лажица кокосово масло
    • rn 011

    • 1 лажица какао
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не се претворат во хомогена смеса.rnrnПогледнете ги и овие 3 рецепти за смуди за убава линија.

  • Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

    Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

    Според фенг шуи, претсобјето е многу важен простор што ја отсликува целата енергија на вашиот дом. На неговото уредување треба да посветите посебно внимание, бидејќи ходникот е еден вид „премин“ за енергијата што влегува и излегува од вашиот дом. Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор до кои вреди да се придржувате, но, според експертите, овие 3 правила не треба да се прекршуваат. Еве кои работи никогаш не треба да ги имате во ходникот:rnrnФенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјетоrn

    1. Неред – расфрлани чевли, многу облека…

    rnХодникот треба да биде минималистички, со колку што е можно помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот ја натрупува негативната енергија и го блокира протокот на позитивнта енергија. Расфрлани работи, многу чевли на подот или гардероба, како и корпа за отпадоци, никогаш не треба да бидат во преден план бидејќи привлекуваат лоши вибрации.rn

    2. Ѕид како блокада

    rnАко имате ѕид во близина на вратата во ходникот, тоа е знак на негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на блокада на енергија. Ова не мора да значи дека ѕидот треба да се сруши, но можете да го користите стариот трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид и оставете го да одразува слободен простор. Така, кога ќе влезете во просторијата, веднаш ќе го видите одразот на просторот во огледалото, наместо самиот ѕид. Важно е да избегнете да не се гледа влезната врата во одразот на огледалото.rn

    3. Расипана врата

    rnАко влезната врата ви е скршена, крцка или тешко се отвора, треба да ја поправите. Се верува дека проблемот со вратата го отежнува отворањето нови можности. Затоа, проверете ја вашата врата дали има пукнатини или гребнатини. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.rnrnПрочитајте како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.

  • На што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?

    На што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?

    Со почетокот на секоја нова година, си ветуваме дека ќе се подобриме и ќе смениме некои навики. Но, астрологијата открива на што не треба да трошите енергија овој месец.rnrnНа што не треба да трошат енергија хороскопските знаци во текот на јануари?rn

    Овен

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да направите некој друг горд наместо да се фокусирате на она што вие лично сакате да го направите.rn

    Бик

    rnНе трошете енергија за да допрете до некои личности кои се заинтересирани да разговараат со вас само кога им одговара.rn

    Близнаци

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да се вклопите во толпата луѓе кои ве третирале многу лошо во минатото.rn

    Рак

    rnНе трошете енергија обидивајќи се да ги промените токсичните луѓе кои одбиваат да го слушаат разумот.rn

    Лав

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да ги разберете негативните луѓе кои се исполнети со толку многу омраза.rn

    Девица

    rnНе трошете енергија на луѓе кои се расправаат со вас за секое ваше мислење.rn

    Вага

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да изгледате совршено однадвор за да ги импресионирате луѓето кои се плитки и површни.rn

    Скорпија

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да ги промените работите што не можете да ги контролирате и научете да ги прифаќате.rn

    Стрелец

    rnНе трошете енергија на луѓе кои не се подготвени да трошат енергија на вас.rn

    Јарец

    rnНе трошете енергија на правење споредби помеѓу себе и она што другите луѓе на ваша возраст го постигнале.rn

    Водолија

    rnНе трошете енергија на премолчување на вистината само за другите да се чувствуваат удобно.rn

    Риби

    rnНе трошете енергија обидувајќи се да го претставите вашиот живот да изгледа совршено на социјалните мрежи.rnrnПрочитајте ја пораката за 2021 година за секој хороскопски знак.

  • Тајнaтa на најдобрите маратонци: Рецепт кој ја враќа енергијата

    Тајнaтa на најдобрите маратонци: Рецепт кој ја враќа енергијата

    Племето Тарахумара се најдобрите ултрамаратонци во светот. Тие живеат на планината Сиера Мадре во северозападен Мексико, а за да ја откријат тајната на нивната брзина и издржливост, експертите ја истражувале нивната исхрана, начин на живот, размислувања, па дури и структура на мозок.rnrnТајнaтa на најдобрите маратонци: Рецепт кој ја враќа енергијатаrnrnТие не трчаат по атлетска патека, туку по остри карпи и недостапен терен на стрмни кањони. Никогаш не размислуваат дали нивниот паметен часовник правилно ги брои чекорите, но често се освежуваат со овој рецепт кој ние сега решивме да го споделиме и со вас. Тие јадат чиа секојдневно, бидејќи две лажици семе од чиа имаат 140 калории, 4 грама протеини, 11 грама влакна, 7 грама незаситени масни киселини, калиум, натриум, калциум, цинк, магнезиум и антиоксиданти што им е потребно за да имаат сила. Нивната диета е заснована на грав, авокадо и зеленчук и прават пијалаци со чиа семе. Понекогаш тие додаваат малку мед.rn

    Потребни состојки за пудинг со чиа:

    rn

      rn 011

    • 3-4 суви урми
    • rn 011

    • 1 лажица семе од чиа
    • rn 011

    • 1 лажица масло од кокос
    • rn 011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn 011

    • 1 лажица мед
    • rn 011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn 011

    • 1 лажичка какао или 1 лажица природен сок од цреша
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Потопете ги урмите преку ноќ. Другиот ден исечкајте ги и измешајте ги со останатите состојки.
    2. rn 011

    3. Чувајте го во фрижидер или замрзнувач.
    4. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој вкусен пудинг со семе од чиа и банана.

  • Овој вид музика ќе ви помогне да имате одличен тренинг

    Овој вид музика ќе ви помогне да имате одличен тренинг

    Кога телото ќе рече: „Стоп, доволно ми е“, музиката има моќ да го подигне вашето расположение и да ви даде уште некој атом сила.rnrnОвој вид музика ќе ви помогне да имате одличен тренингrnrnОткако проучиле повеќе од 6.700.000 компилации за вежби, експертите ја пронашле идеалната музичка позадина за тренинг. Топ-листата на песни што најмногу поттикнуваат на вежбање се базира на нивната популарност, но и на темпото, стилот и текстот.rnrnМузиката ги поместува границите на издржливоста за време на тренингот и поттикнува на вежбање. Вежбањето со музика ќе ве натера да истрчате неколку километри повеќе или да направите повеќе повторувања на некоја вежба. Покрај тоа, музиката ве мотивира и го подобрува расположението.rnrnОва го покажа и истражувањето на Универзитетот „Брунел“ – кога ќе ги синхронизирате движењата со ритамот и ќе го зголемите интензитетот на тренингот со избирање побрза песна, тоа ќе го зголеми ефектот на вежбањето, а нема ни да забележите дека тренирате понапорно. Мотивирачката плејлиста може да помогне во маскирањето на симптомите на заморот, како што е отежнатото дишење, а исто така ќе ви помогне да гледате на заморот на попозитивен начин.rn

    Мажите и жените избираат различна музика

    rnДодека момците креваат тегови заедно со „The Eye Of The Tiger“, жените ќе изберат хитови од Ријана или Лејди Гага. Покрај разликата во полот, истражувањето покажа дека не може секој жанр на музика да оди со секој стил на вежбање.rnrnТака, рапот е најдобар за трчање бидејќи просечниот број на отчукувања на срцето во минута е помеѓу 75 и 95, што најмногу одговара на темпото на трчање кај повеќето луѓе. Поп-музиката е совршена за побавен вид активност, а тоа ги вклучува загревањето и ладењето.rnrnДенс-музиката е најдобро да се слуша за време на тренинг за сила, поради нејзиниот брз и ритмички бас, а треба да се избегнува рок во активности со висок интензитет бидејќи честите промени во темпото на музиката можат да влијаат на ритамот на вежбата.rnrnМозокот реагира на различни фреквенции и мелодии и затоа ритмичката музика може да ве мотивира да вежбате. Додека слушате ваква музика, мозокот реагира позитивно, ве обзема чувство на енергија и во таква состојба сте мотивирани да вежбате.rn

    Најдобрата компилација за тренинг:

    rn1. „Roar“ – Кети Пери (ментална подготовка)rnrn2. „Get Lucky“ – Дафт Панк ft. Фарел Вилијамс (загревање)rnrn3. „Need U (100%)“ – Дјук Думонт ft. A*M*E (кардио тренинг со помал интензитет)rnrn4. „Feel My Rhythm“ – Viralites (кардио тренинг со умерен интензитет)rnrn5. „Happy“ – Фарел Вилијамс (кардио тренинг со многу висок интензитет)rnrn6. „The Monster“ – Еминем ft. Ријана (тренинг за сила)rnrn7. „Talk Dirty“ – Џејсон Деруло ft. 2 Chainz (истегнување)rnrnПогледнете ги овие забавни вежби за лесно слабеење.