Младата Месечина во знакот Риби ќе настапи денес, во 18:38 часот и ќе донесе енергија што ќе ни помогне да ја откриеме нашата вистинска природа. Токму со помош на оваа енергија ќе се соочиме лице в лице со она што долго време било скриено во нашето срце, ум и душа!rnrn
rnrnОва соочување е неопходно доколку сакаме да имаме побогат и поцелосен живот затоа што ќе ни помогне да ги надминеме пречките кои понекогаш самите си ги поставуваме. Можеби ќе треба да се соочиме со нешто подлабоко во нас или ќе се поврземе со исконската енергија на животот. Рибите се последниот знак на Зодијакот и како такви, ќе нè натераат да размислуваме за минатото. Доволно е да ги разбереме лекциите од нашите досегашни искуства.rnrnСо оглед на тоа дека поголемиот дел од нашето внимание ќе биде фокусирано на минатото, ќе успееме да си ги простиме грешките и неуспесите и да го понесеме со себе она што сме го научиле во текот на овој процес. Ова е идеално време за заздравување.rnrnЈупитер кој моментално е во знакот Риби, е активен како резултат на влијанието на младата Месечина. Тој може да ни донесе и нов оптимизам што ќе ни овозможи полесно да се фокусираме на работите околу нас. Дел од таа енергија можеме да ја искористиме за медитација или учество во креативни активности и проекти.rnrnПокрај тоа, спојувањето на Венера, Марс и Плутон ќе ни ја дополни енергијата. Таквата комбинација може да ни го привлече вниманието кон нашите односи и нашата лична моќ, а може да се манифестира и во нашиот однос кон парите. За да ја следите динамиката на енергијата, доволно е да им се препуштите на нештата, иако ќе наидете на ситуации кои ќе бидат надвор од ваша контрола. Верувајте дека сè ќе биде во ред и дека сè што треба ќе се оствари.rnrnИскористете ја енергијата на Венера за да внесете рамнотежа доколку наидете на динамика во вашите лични односи. Искористете ја енергијата на Марс за да останете сигурни во вашите избори и постапки што сакате да ги преземете и искористете ја енергијата на Плутон за да останете верни на вашето автентично „јас“.rnrnМладата Месечина во Риби се карактеризира со силна енергетска динамика и затоа обидете се да бидете нежни со себе. Дозволете си да бидете ранливи и ослободете ги емоциите кои ве мачат. Тоа ќе придонесе за одржување на вашиот внатрешен мир.rnrnОткако прочитавте каква енергија ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: енергија
-

Што ќе ни донесе младата Месечина во Риби на 2-ри март?
-

Голем хороскоп за пролетта 2022 година: Со нова енергија кон нови успеси!
Пролетта ќе донесе многу љубов, топлина, нова енергија и искрени емоции. Ве очекуваат нови можности кои можат да ви го подобрат квалитетот на животот. Конечно е време за промени во поглед на кариерата – можеби ќе одлучите да ја смените професијата или ќе ја претворите вашата идеја во интересен проект. Позитивни промени се очекуваат и во поглед на психофизичкото здравје – вежбањето, здравите навики и менувањето на исхраната ќе придонесе да имате повеќе енергија. Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно за оваа пролет.rnrn
rnОвен
rnЗа вас е важно да знаете дека нема потреба од брзање иако имате многу идеи и планови. Морате да го земете предвид фактот дека околностите нема секогаш да се развиваат поволно. Доволно е да останете смирени за време на конфликтните ситуации. Од огромно значење е да ги поставите вашите приоритети и да им се посветите на работите кои ви се најважни во животот. Стекнатото искуство ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Пролетта ќе биде одлично време да преземете иницијатива во бизнисот, да преземете иницијатива за нови проекти или да се посветите на усовршување на некои од вашите способности. Организирајте го своето време доколку сакате да ги избегнете стресните ситуации.rn
Бик
rnПролетта ќе биде одлично време за да се посветите на интроспекција. Ќе почнете да забележувате многу работи на кои досега не сте посветувале внимание, а тоа ќе ви помогне да дојдете до вистинските заклучоци. Вашиот труд, но и околностите ќе ви помогнат да постигнете успех. Со текот на времето станувате позрели и знаете добро да ја процените ситуацијата, а во меѓувреме станувате свесни дека не ви треба нечие одобрување. Пролетта ќе ви донесе нови можности и пријатни изненадувања кои ќе се однесуваат не само на професионалниот туку и на приватниот живот. Искористете ја вашата генијалност и снаодливост за да ги претворите најлудите соништа во реалност.rn
Близнаци
rnЅвездите ќе бидат на ваша страна оваа пролет. Благодарение на нивната поддршка, ќе можете да се справите со она што ви се чинеше исклучително тешко минатата година. Ве очекуваат и невообичаени средби и нови познанства. Тоа ќе придонесе за значително да го проширите вашиот социјален круг, а некои деловни партнери ќе ви станат и пријатели. Март и април ќе бидат прилично стресни, но мај ќе ви биде најуспешниот месец.rn
Рак
rnЗа вас периодот од март до мај нема да биде особено тежок, но во секој случај бидете претпазливи и разумни. Обидете се да не очекувајте премногу од другите и не задоволувајте се со лесните победи. Ве очекуваат поволни промени во личниот живот, но и успех во кариерата. Доволно е да бидете истрајни и доследни на своите принципи. На почетокот ќе ви биде тешко да смените некои стари навики, но штом еднаш ја напуштите вашата удобна зона ќе бидете подготвени за новите предизвици.rn
Лав
rnНа многумина од вас ќе ви биде потешко да ги остварите вашите цели отколку што мислевте на почетокот. Честопати ќе треба самите да се справувате со важни прашања. Доколку сте подготвени да ги признаете вашите грешки, промените ќе настапат полесно. Работите полека ќе се вратат во нормала, а добра вест е дека финансиската состојба значително ќе се подобри. Можно е и конечно да ги отплатите старите долгови.rn
Девица
rnВо март треба да го насочите вниманието кон спроведување на долгорочни планови. Само доколку сте истрајни ќе можете да се справите со пречките на кои ќе наидете. Ќе ви стане јасно кои се вашите приоритети, а ѕвездите ви ветуваат успех на професионален план. Тоа ќе биде можно и доколку ги обновите старите деловни контакти, нои ако започнете нови проекти. Не плашете се од можни загуби бидејќи до крајот на мај ќе повратите сè што сте изгубиле.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Се подготвувате за планинарење? Не заборавајте ги овие 7 здрави намирници!
На сите нам ни е добро познат фактот дека планинарите трошат огромно количество енергија, па затоа надополнувањето на нивните резерви е од исклучителна важност. Во продолжение проверете ја нашата листа со здрава висококалорична храна која доколку планинарите, може да ги задоволи вашите потреби без да заземе многу простор во ранецот.rnrn
rnЈаткасти плодови
rnЈаткастите плодови се одличен избор за планинарење. Не само што се богати со здрави масти, туку и се издржливи. Во 100 грама макадамија се содржат дури 720 калории, а во истата количина ореви пак, околу 650 калории. Бадемите пак, се помалку калорични – во 100 грама се содржат 600 калории.rn
Семки
rnСемките од сончоглед се одличен извор на незаситени масти, витамини, минерали и диетални влакна. Можат да се консумираат како ужинка или пак како додатоци во другите јадења. Во 100 грама семки има 585 калории. Покрај тоа, тие се достапни насекаде и прилично евтини.rn
Суво овошје
rnСувото овошје е добар избор доколку почувствувате потреба за нешто благо додека сте на планина. Достапни ви се разноразни видови како суви кајсии, сливи, урми, суво грозје, кои во просек имаат околу 300 калории на 100 грама. Доколку пак, сакате да ја зголемите калориската вредност на храната, а да ја намалите тежината на производите, понесете со себе чипс од банана. Во 100 грама чипс од банана се содржат дури 520 калории.rn
Овесни снегулки
rnОвесната каша е одличен избор на јаглехидрати, а во комбинација со јаткасти плодови, семки и суво овошје се претвора во моќна „калориска бомба“ без која не може да се замисли ниту едно планинарење.rn
Млеко во прав
rnВо 100 грама млеко во прав се содржат околу 499 калории. Можете да го измешате со топла вода и какао за да добиете кремаст напиток кој може да биде одличен избор за појадок.rn
Темно чоколадо
rnТемното чоколадо е една од најкалоричните намирници. Не само што има одличен вкус, туку е и богато со витамини, минерали и антиоксиданси. Во 100 грама темно чоколадо има 600 калории.rn
Маслиново масло
rnМаслиновото масло е богат извор на незаситени масни киселини и одличен додаток на многу јадења. Сепак, главниот недостаток е тоа што вообичаено се чува во стаклени шишиња кои се не се практични за носење во ранец. Затоа планинарите купуваат мали пластични пакувања со маслиново масло.rnrnОткако прочитавте кои се најздравите намирници за планинарење, можеби ќе сакате да ги прочитате и 25-те клучни совети за планинарење што секој почетник треба да ги знае.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
-

Полна Месечина во Лав од 16 февруари: Конечно ќе го привлечеме она што го посакуваме!
Полната Месечина во знакот Лав на 16 февруари ќе ни донесе важна мисија, а тоа е да откриеме која е нашата судбина и како да се избориме за она што го посакуваме. Во овој период, месечевата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека нашата среќа не е недостижна бидејќи се наоѓа во нас самите!rnrn
rnrnТокму оваа енергија ќе нè насочи кон нашата најважна цел поврзана со нашата кариера. Во овој период ќе можеме подобро да го организираме времето, ќе бидеме склони кон промени и ќе планираме патувања – ќе направиме сè за да постигнеме хармонија на умот, телото и духот.rnrnПробајте да ги елиминирате негативните чувства и ставете им крај на мислите дека треба да работите напорно за да ја пронајдете вашата цел бидејќи таа веќе се наоѓа внатре во вас.rnrnДоколку досега ве мачеа некакви опсесивни мисли, сега е време да направите самоанализа. Отворете ги сите карти и набљудувајте како се раѓаат новите идеи. Месечината е тука за да ве потсети дека треба да се фокусирате на вашата радост и на нештата кои ве прават среќни. Чувството на радост ќе ви помогне да се поврзете со вашето вистинско „јас“.rnrnПатот на радоста и патот на целта честопати се преплетуваат. Следејќи го едниот, ќе го пронајдете и другиот. Ако се наоѓате во тежок период или пак се чувствувате исфрустрирани од настаните кои моментално се случуваат околу вас, дозволете ѝ на месечевата енергија да ви пружи помош и утеха. Потсетете се дека сè е привремено и минливо и дека животот треба да го гледате од посветла перспектива.rnrnЌе откриете дека смеата е моќен, а бесплатен лек. Затоа, дружете се почесто со пријателите, гледајте комедии, препуштете му се на животот и уживајте. Месечевата енергија ќе биде надополнета со онаа на Марс и Венера и ќе ги разбуди креативноста и страста во вас. Ова е моментот да го отворите своето срце и да се поврзете со вашите моќи и таленти. Доколку станете свесни за присуството и значењето на овие енергии, ќе имате повеќе шанси да го привлечете она што го посакувате. Покрај тоа, тие ќе ви помогнат да се чувствувате моќно и да се поврзете со себе.rnrnМесечевата енергија ќе ви помогне особено доколку сакате да ја подобрите романтичната врска, да воспоставите интимен однос со вашето тело, со вашата сексуалност. Згора на тоа, тоа ќе ви помогне да се прифатите онакви какви што сте, да се чувствувате самоуверено во ваша кожа, но и да носите важни одлуки. Доколку трагате по одговори, доволно е да погледнете внатре во себе.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае полната Месечина во знакот Лав, можеби ќе сакате да прочитате и кој од хороскопските знаци ќе ја запознае својата сродна душа во февруари.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Порамнување на Венера и Марс: Моќен спој на машкиот и женскиот принцип
Од 15 до 16 февруари се најавува порамнување на Венера и Марс во знакот на Јарец. Покрај тоа, на овој ден нè очекува и полна Месечина во Лав која ќе придонесе за активирањето на голема космичка сила. Од друга страна, оваа енергија ќе ни помогне да се ослободиме од невидливите окови и да се поврземе со нашето автентично „јас“.rnrn
rnrnВо митологијата, Венера се смета за божица на љубовта, а Марс за бог на воините, па така кога овие две работи ќе се спојат, резултатот е страсна и моќна енергија. Полната Месечина која ќе свети кај Лавот, ќе ја направи енергијата пожива и весела и ќе нè потсети дека е сосема во ред одвреме-навреме да им се препуштиме на задоволствата и уживањето. Ова ќе ни помогне да ја најдеме радоста во себе и целосно да се прифатиме онакви какви што сме.rnrnОваа енергија ќе ни биде и инспирација да се поврземе со нашето тело преку танц или преку мали моменти на нежности. Тоа ќе овозможи да се чувствуваме убаво во своја кожа и да бидеме самоуверени.rnrnКога Марс и Венера ќе се спојат, ги доживуваме нивните енергии преку новото будење на машките и женските принципи во нас. Венера ја претставува женската енергија, а од астролошки аспект, таа е планета на љубовта, хармонијата, парите и убавината. Токму нејзината енергија е онаа која нè инспирира да се поврземе со нашата внатрешна Божица, да ја развиеме нашата креативност, да создадеме богатство и да се опкружиме со убавина.rnrnОд друга страна, Марс се смета за планета на храброста, бестрашноста и мотивацијата. Енергијата на оваа планета е онаа која нè инспирира да одиме напред, да ги надминеме нашите стравови и да ја пронајдеме нашата внатрешна самодоверба и сила.rnrnЗа максимално да ја искористите енергијата на Венера: почнете со курс по јога, следете ја вашата интуиција, направете сè за да се чувствувате убаво, поминувајте повеќе време во природа, почнете со медитација, читајте, пишувајте поезија или приказни, одвојте време да бидете сами со себе…rnrnЗа максимално да ја искористите енергијата на Марс: почнете со часови по аеробик, водете дневник, поставете си нови планови и цели, одете на планинарење, обидете се да ги надминете стравовите, поминувајте повеќе време со пријателите, медитирајте на изгрејсонце….rnrnОткако прочитавте за порамнувањето на Марс и Венера, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 7 до 13 февруари.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Што ќе ни донесе месечевата енергија до 2 март?
Младата Месечина во знакот Водолија на 1 февруари ни помогна да направиме промени во нашите животи. Сакаме повеќе време за дружење и повеќе слобода за остварување на своите лични цели. Ни требаат исто така, нови пријатели, не оние преку социјалните мрежи, туку некој кој ќе биде тука до нас, физички присутен. Доколку се чувствувате изолирано, најдете начин да се вклучите во активностите во кои отсекогаш сте сакале да учествувате.rnrn
rnrnОние кои се родени во знакот на Бикот, Јарецот и Девицата, ќе се чувствуваат послободни на работа, а нивните иновативни идеи ќе им донесат успех. Лавот ќе се занимава со брачни и љубовни прашања, а Скорпијата со семејните. Рибите и Ракот ќе им бидат целосно посветени на другите, а Овенот и Стрелецот ќе најдат поуспешни начини за соработка со нивните бизнис партнери.rnrnПолната Месечина во знакот Лав на 16 февруари ќе ни помогне да го отвориме срцето. Ќе бидеме подготвени да ги изразиме нашите чувства, да изјавиме љубов или да ја споделиме нашата тага. Таа ќе нè потсети дека прво мора да се сакаме себеси за несебично да им пружиме љубов и на другите. За лицата родени во знакот на Овен, Водолија, Вага и Близнаци – ве очекуваат среќа и успех како награда за сето она што досега сте го вложиле во љубовта, партнерството и пријателството.rnrnЗа луѓето пак, родени во знакот на Бикот, Лавот и Скорпијата, ова е возбудлив и динамичен период на работа, но и дома, исполнет со многу смеа и креативност. За оние кои му припаѓаат на знакот на Јарецот и Ракот, ова ќе биде идеалниот момент да ги подигнат заслугите со оглед на досегашниот труд што го вложиле во нивните проекти. Девицата и Рибите смело ќе влезат во независен проект на работа или ќе донесат важна одлука поврзана со кариерата, а Стрелецот мора да ја почувствува слободата да патува, без разлика дали станува збор за вистинско или духовно патување.rnrnСо младата Месечина во Риби на 2 март, нема да биде лесно да застанеме цврсто на земја. Со задоволство ќе талкаме во светот на убавината, гламурот, имагинацијата, уметноста или соништата. Започнете да водите дневник во кој ќе ги запишувате вашите соништа и ќе се обидете да го одгатнете нивното значење. Доколку сè уште не сте почнале со курс по медитација или креативно пишување, ова ќе биде идеалниот момент да се запишете. Секако, не занемарувајте ги и вашите интереси во поглед на фотографијата, филмот, сликарството и музиката кои можат да ви бидат инспирација за некои од вашите идни замисли.rnrnВо овој период, силната инспирација ќе им биде водилка на оние родени во знакот на Ракот, Скорпијата и Рибите, а љубовната среќа пак, ќе биде на страната на Бикот, Девицата и Јарецот. Луѓето кои се родени во знакот на Близнаци, Вага и Водолија, ќе најдат начин како да ја применат нивната имагинативна енергија во рамките на бизнисот и ќе бидат креативни, особено во поглед на финансиите. Енергијата на младата Месечина ќе им помогне на Овенот, Лавот и Срелецот да се справат со немирот кој го чуваат длабоко во себе и да почнат мирно да планираат нови потфати.rnrnОткако прочитавте како ќе се одрази месечевата енергија врз нашето секојдневие во периодот што следува, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекува успех во февруари во поглед на љубовта и кариерата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Полна Месечина на 18 јануари: Каква енергија ќе ни донесе?
Полната Месечина во знакот Рак ќе донесе посебна енергија која може да доведе до напнатост и разочарување. Наместо да се обидувате да ги контролирате работите, започнете со внатрешна трансформација. Оваа Месечина ќе ви пружи силни емоции и затоа е речиси невозможно да го избегнете нејзиното влијание.rnrn
rnОвен
rnПолната Месечина ќе ве поттикне да размислувате во насока на нови почетоци, формирање дом и семејство. Многумина од вас ќе бидат наградени на работа за вашиот досегашен напор, додека други ги очекува унапредување во поглед на кариерата. Сега е вистинското време да покажете што знаете и умеете.rn
Бик
rnИако понекогаш тешко се одлучувате за промени во животот, сепак потребно е да ги прифатите и да се прилагодите на новите услови. За некои од вас нема да биде тешко да ја променат својата рутина, а некои пак ќе планираат одмор или патување во следниот период. Ќе можете да ги решите прашањата од правна природа само доколку ја следите сопствената интуиција.rn
Близнаци
rnДоаѓа тежок период особено во поглед на финансиите па можеби ќе сфатите дека е време да почнете да размислувате во насока на одржување рамнотежа во животот. Можеби ќе ви треба и поддршка од другите, но не двоумете се да ја побарате. Најважно од сè е да преземете акција доколку сакате да успеете.rn
Рак
rnЕнергијата на полната Месечина ќе ги зацврсти не само односите во личниот, туку и во професионалниот живот. Овој период ќе бидете презафатени со обврски, а токму затоа и не е поволен период за свршувачка или брак. Од друга страна, оние кои се слободни имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер.rn
Лав
rnАко немате работа сега е време да размислите што сакате да работите. Многумина од вас ќе размислуваат за своето здравје и ќе започнат со здрава исхрана и физички активности. Оние пак кои се вработени, ги очекуваат повеќе обврски од вообичаеното. Астролозите ви препорачуваат да почнете со реализација на вашите планови по периодот на полната Месечина.rn
Девица
rnОвој период ќе биде во знакот на дружењето и романтиката. Многумина од вас ќе се посветат на фитнес и рекреација, а некои пак ќе му се препуштат на уживањето со нивните партнери. Среќата во љубовта ќе им се насмевне на припадниците на овој знак. Постојат големи можности оние кои се слободни да ја запознаат својата сродна душа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?
Оваа недела полната Месечина е еден од најзначајните астролошки настани за 2022 година. Нејзината енергија ќе ни даде можност да го оставиме минатото зад себе и да продолжиме да чекориме напред со нови сили. Во продолжение прочитајте како тоа ќе се одрази врз секој хороскопски знак одделно.rnrn
rnОвен
rnВо следните денови ќе сфатите колку е важно да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот. Астролозите ви препорачуваат да трошите помалку време на работа. Во спротивно ризикувате да ја потрошите својата енергија на не толку важни работи. Посветете внимание на семејството доколку сакате во домот да владее хармонија.rn
Бик
rnОваа недела ве очекува незаборавна авантура! Задоволете ја потребата да направите нешто забавно и едноставно препуштете му се на животот. Ова е идеален момент и за напредок во кариерата, па затоа не плашете се од нови потфати, но и слободно споделете ги вашите идеи со претпоставените.rn
Близнаци
rnОваа недела полната Месечина ќе помине низ вашата куќа на финансии, а тоа значи дека на повидок е подобрување на вашата финансиска состојба. Од друга страна, како што Сонцето влегува во знакот Водолија, ќе почувствувате нова енергија и желба за учење. Тоа ќе ви биде доволен мотив да почнете со примање нови информации и знаења.rn
Рак
rnСега е вистинската можност да ги анализирате вашите чувства и да нурнете длабоко во вашиот емотивен свет. Деновите што доаѓаат се и одличен период за да се ослободите од она што веќе не ви служи. Тоа може да се однесува на луѓе, чувства, но и материјални нешта.rn
Лав
rnПолната Месечина оваа недела особено ќе влијае врз вашата потсвест, па затоа идеално би било на почетокот на неделата да поминете малку време сами. Ова ќе ви даде можност да направите самоанализа и да се прашате себеси дали одите во посакуваната насока или не.rn
Девица
rnОваа недела ќе имате можност да поработите на вашата работна рутина и притоа ќе научите нови трикови за подобро организирање на времето и поефикасно извршување на обврските. Не двоумете се дали да ги применувате или не затоа што ќе ви бидат од голема помош. На некој од вашите пријатели ќе му биде потребна вашата помош, па затоа погрижете се да одвоите време за да го сослушате.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Годишен хороскоп за 2022 година по месеци: Откријте кој период од годината ќе биде најсреќниот!
Годишниот хороскоп за 2022 година предвидува каква судбина нè очекува во секој месец од годината – од јануари до декември. Посебната енергија во секој месец различно влијае на нашата судбина, а еве кој месец ќе биде најповолен.rnrn
rnЈануари
rnЈануари се смета за тежок период, но доколку навреме испланирате и ги поставите вашите приоритети, ќе можете да ги надминете тешкотиите што ќе ги донесе првиот месец од 2022 година. Во овој период за вас ќе биде од големо значење да им се посветите на работите што ви значат.rn
Февруари
rnАстролозите го сметаат вториот месец од годината за пресвртница. Во овој период би требало да се случат важни и необични работи. Обидете се да бидете повнимателни кога станува збор за детали и да не се обесхрабрувате ако нешто тргне наопаку. Февруари ќе биде период на турбуленции, но сè ќе биде во најдобар ред ако верувате во себе и во сопствените способности.rn
Март
rnАстролозите предвидуваат дека ова ќе биде најповолниот месец во годината. Енергијата што ќе ја донесе март ќе ви пружи љубовни авантури, но и можност да поминете повеќе време со семејството и пријателите, како и да се стекнете со нови познанства. Во овој период ќе се остварат некои од вашите најголеми желби, а вие ќе блескате од среќа.rn
Април
rnАприл ќе биде период кога ќе можете да отидете на одмор, да ја промените средината, да најдете нова работа или ново хоби. Април исто така ќе ви покаже што е најдобро за вас и од што вреди да се ослободите што побрзо.rn
Мај
rnВо мај ќе имате можност да откриете важни работи. Универзумот ќе ја зајакне вашата самодоверба и ќе ја зацврсти вашата интуиција. Ако се соочувате со проблеми најверојатно ќе ги решите во овој период или ќе сфатите како да ги решите во иднина. Не занемарувајте ја вашата креативност.rn
Јуни
rnРаботните обврски ќе бидат во застој поради низа лоши одлуки. Од сите месеци во годината, јуни е најнепредвидлив. Нема да бидете сигурни по кој пат одите, а околностите само ќе ви го отежнат изборот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

5 видови на одмор за обновување на вашата енергија
Прекумерната работа и заморот се сè почесто присутни во нашето секојдневие и се последица на брзиот, модерен живот. Секој организам порано или подоцна се соочува со негативните ефекти на модерното живеење и затоа од огромно значење е да бидете свесни за вашата состојба, како и навреме да реагирате за ги спречите несаканите последици.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте кои 5 видови одмор би можеле да му помогнат на вашиот организам нормално да ги остварува своите функции.rnПауза
rnНикој од нас не е имун на исцрпеноста, затоа важно е да се постават граници со цел да се зачува како физичкото, така и психичкото здравје. Не заборавајте дека треба да си дадете пауза и време за да ги „наполните батериите“ и да се одморите. Ова може да значи да земете слободен ден за да го поврзете со викендот, или ако е можно, да не преземате нови проекти. Важно е да го препознаете моментот кога веќе не можете да се оптоварувате со работа.rn
Време за себе
rnВремето посветено на самоанализа не е залудно потрошено време, а тоа повеќето луѓе не можат да го сфатат. Тоа ви остава простор да станете свесни за сето она што ви се случува во животот и да сфатите кои ситуации ви одземаат премногу енергија. На овој начин ќе можете подобро да се спознаете себеси и да размислите за следните чекори во поглед на семејниот и деловниот живот. Обидете се да станете свесни за сопствените чувства и немојте да ги потиснувате.rn
Спиење
rnПонекогаш, за да се одморите ви е потребен добар сон. Експертите препорачуваат минимум седум часа сон, а ако спиете помалку од тоа секако дека би биле уморни и изнемоштени. Доколку немате време да го надополните целиот сон, кратката дремка во текот на денот може да ви послужи како освежување, но не влијае на ист начин кај сите луѓе. Покрај тоа, ова не е долгорочно решение, а ако сте постојано поспани во текот на денот, треба да ги промените вашите навики.rn
Повеќе време поминато надвор
rnИако во слободното време честопати сакате да гледате филм и да останете дома што е сосема во ред, сепак добро би било да направите нешто друго. Еден предлог би бил да излезете и да прошетате, особено ако во ваша близина има природа.rn
Повеќе време поминато со другите
rnКако што ви треба време за вас самите, така ви е потребно и да бидете опкружени со други луѓе. За таа цел дружете се со луѓе во чие друштво уживате и се однесувате природно. Насочете ја енергијата кон оние кои ве прават среќни и опуштени.rnrnОткако прочитавте кои видови одмор би можеле да ви помогнат да се опуштите и да ја обновите вашата енергија, ви препорачуваме да прочитате и како да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs