Поради ограничениот број часови кои ги имаме во еден ден за гледање телевизија, човек може да каже дека никогаш нема да има доволно време да изгледа сѐ што критичарите, колегите, пријателите и семејството велат дека треба да се види. Ако ги тргнеме на страна другите години, само во 2015-та имаат снимено 409 серии… Едноставно не може да се изгледаат сите.rnrn
rnrnДа се издвојат 10-те најдобри ТВ серии кои се емитуваа годинава (постари или понови) е херкулски зафат. Затоа, на оваа листа се наоѓаат само оние кои се добро напишани, фантастично одглумени и маестрално сработени. Погледнете ги најдобрите ТВ серии во 2015-тата година:rn
10. „Кежуал“ (Casual)
rn
rnrn„Опуштено“ припаѓа во светот на ниско буџетните, „инди“ серии и со право се наоѓа на оваа листа. Во неа имаме можност да ги следиме приказните на ликовите толкувани од Микајла Ваткинс, која ја игра улогата на разведена мајка, Тајра Лин Бар како нејзината ќерка и Томи Дјуи, како нејзиниот брат и креатор на една апликација за љубовни средби со кого мајката и ќерката се вселуваат да живеат заедно. Чудниот хумор истражува како веб-сајтовите и апликациите за состаноци кои треба да нè направат подобри во љубовта, всушност нè прават многу полоши.rn
9. „Во неплодните земји“ (Into the Badlands)
rn
rnrnТука нема пиштоли и експлозии, но затоа има многу кунг фу, како и 7 барони и нивните војски од тренирани убијци, кои го држат законот во свои раце. Но, што би е случило ако едно дете со неверојатна моќ може да натера еден барон да се сврти против другите? Ова е синопсисот на драмата на извршниот продуцент, а и актер, Даниел Ву. Серијата не само што крши стереотипи имајќи Азиец во главна машка улога, туку и најголемиот злобник во неа, Вдовицата, е смртоносен борец со цела армија жени кои сакаат да преземат сѐ. Светот на ТВ серијата „Во неплодните земји“ ги има едни од најумешните ТВ сценографии и е фантастично снимен и пренесен на екраните.rn
8. „Ничиј господар“ (Master of None)
rn
rnrnСветлата страна на денешната ситуација со бројните ТВ серии е фактот што добрите приказни имаат шанса да успеат и надвор од традиционалните телевизиски канали. „Ничиј господар“ носи важна порака со себе и никој немаше да ја слушне ако Нетфликс не се согласеше да ја направи оваа серија. Претставништвото на малцинствата е една работа, но дозволувајќи им да играат улоги надвор од стереотипите и одново да ги постават равенките на изборот на актери е сосема друга и многу поважна работа. Она што го гледаме е неверојатно осмислена сезона за тоа како ние несвесно ги судиме и третираме другите по раса, пол, возраст и националност – претставено низ многу паметен хумор.rn
7. „Баксузот“ (The Jinx)
rn
rnrnОваа документарна серија се фокусира на енигматичната фигура, Роберт Дурст, кој беше испрашуван во врска со исчезнувањето на неговата сопруга и кој потоа се соочи со две обвиненија за убиство, од кое едното е за негов близок пријател. Шесте делови од документарецот беа морничави со самата сомнителна околина која го опкружува Дурст, па заедно со неговото учество во неа добивате една одлична авантура.rn
6. „Гoсподин Робот“ (Mr. Robot)
rn
rnrnОваа американска драма е една неверојатна приказна со најразлични аспекти на модерниот живот, при што гледачот има потешкотии да одлучи во што да верува. Таа ја истражува корпоративната и бирократска алчност, дрогата, социјалните односи, љубовта и предавството. Низ сето тоа, предводени сме од главниот лик Елиот (Реми Малек), кој пак ги следи наредбите од мистериозната фигура во ликот на Кристијан Слејтер – кралот на хакерите, Господин Робот. Но, што е вистина и кој е главен? Не знаеме со сигурност, но ова е едно неверојатно патување кое едноставно мора да го поминете.rn
5. „Нескршливата Кими Шмит“ (The Unbreakable Kimmy Schmidt)
rn
rnrnКој би можел да претпостави дека Ели Кемпер (од ТВ серијата „Канцеларијата“) ја имала Кими Шмит во себе? Повторно, благодарност до Нетфликс што им ја пренесе оваа незаменлива комедија на гледачите. Луда и малку претерана, станува збор за комедија која се формира околу актерите. Приказната се врти околу Кими, која откако со години ќе биде изолирана од страна на полигамичен лидер на култ, таа ќе ја искуси надворешноста со уникатна страст. Ова е една освежувачка страна на овој жанр, која нема да ја видите на друго место.rn
4. „Силициумска Долина“ (Silicon Valley)
rn
rnrnТалентирани, но неискусни млади кои се наоѓаат во натпреварувачкиот свет на бизнисот секогаш ќе биде успешна и смешна формула за сценарио. Гледајќи како момците од „Силициумска Долина“ се обидуваат да се уверат себеси дека се добри во технолошкиот бизнис со милиони долари на ризик, е малку лекомислено, но од друга страна ние сепак навиваме за нив. Втората сезона беше особен предизвик, бидејќи момците мораа да се соочат со едно нишало кое се ниша во нивна корист, за потоа да биде најдалеку од нив. Делови од компанијата се распаѓаа, а момците сведочеа како нивната работа паѓа во рацете на конкурентите. Се смеевме многу, но не ни беше сеедно.rn
3. „Дердевил“ (Daredevil)
rn
rnrnСтивен С. Денајт (Спартакус) вешто изработи една серија која не само што ги задоволи љубителите на стриповите, туку и оние кои не знаат ништо за овој херој и првпат чуле за него. Во една темна серија за совладувањето на демоните, херојот делуваше истовремено и супер и човечки, а талентираните актери како Росарио Досон и Винсент Донофрио само го покачија квалитетот. Ова е одличен следбеник на ТВ серијата „Џесика Џоунс“.rn
2. „Луди мажи“ (Mad Men)
rn
rnrnПосле неверојатни 6 сезони на една серија која е добро позната и критички одобрена како „Луди луѓе“, логично е да ги избегнувате преостанатите понови серии. Потоа, ја гледате финалната епизода и се прашувате како сте живееле досега без неа. Такви чувства го обземаат секој кој ќе се одлучи да ја гледа оваа серија.rn
1. „Игра на тронови“ (Game of Thrones)
rn
rnrn„Игра на тронови“ мора да биде на оваа листа и без сомнение го заслужува првото место. Но, тоа не значи дека последната сезона на оваа фантастична серија беше совршена или пак, дека не сака да си поигра со фановите кога се работи за, на пример, кој умира. Во секој случај, серијата е сѐ уште господар на перипетиите – независно дали фановите ги сакаат или не. И сѐ уште е едно неверојатно достигнување составено од врски, битки и мистицизам. Сето тоа придонесува за телевизиска маестралност која нè освојува недела по недела.

rnrnСо толку интересни филмови, оваа година беше доста тешко да се издвојат омилените, но ова се најдобрите 10 филмови за 2015, според мислењето на редовните посетители на кината и љубителите на филмот.rn
rnrnДа се каже дека „
rnrnИсто како што Абрамс прави со „Силата се буди“, само со помалку притисок од благајните, режисерот Рајан Куглер ни нуди една елитна франшиза со современ вкус. Нуркајќи во најдобрите и најомилените делови на „Роки“, но фокусирајќи се на наследството на споредните ликови, филмот ја има слободата да истражува нови територии. Иако Куглер го обожава изворниот материјал и способноста на камерманот Марис Алберти е во топ форма, сепак Мајкл Б. Џордан како младиот Крид е оној кој го носи филмот и филмското дејство на својот грб. Џордан го толкува ликот со изразита агресивност и посветеност за да го импресионира таткото кој никогаш не го запознал, давајќи му на новиот „Роки“ задоволителен опсег на емоции.rn
rnrnВториот режисерски проект на ветеранскиот продуцент Бил Полад е еден исклучителен поглед на животот на лидерот на групата Бич Бојс, Брајан Вилсон (во неговата млада верзија игран од Пол Дано). Тој се концентрира на највисоките успеси на пејачот, паралелно префрлајќи се и на неговите најниски моменти, неколку декади подоцна, каде овој пат ликот на Брајан го толкува Џон Кјузак. Истражувајќи го менталното здравје на Вилсон, Полад влече и прикажува моќни изведби на двајцата актери и го користи звучниот дизајн до максимум, совршено прикажувајќи го она што се случува во главата на Брајан Вилсон.rn
rnrnОна што на хартија делува како веќе слушната приказна за војната со дрогата, всушност претставува една непростлива драма која ги доловува досега најдобрите изведби на Емили Блант и Бенисио Дел Торо. Режисерот Денис Веленув („Затвореници“, „Емили“) докажува дека може да се смета за еден од најдобрите на денешницата. Со одличната кинематографија од легендарниот Роџер Дикинс, филмот постојано ве држи во искушение и ве тера да одите онаму каде што ве носи приказната.rn
rnrnОна што е позитивно за научно-фантастичните филмови е тоа што ако се изработени како што треба, тогаш никогаш не се забораваат. Но, тоа не значи дека тоа го олеснува начинот да се раскаже една приказна. „Екс машина“ успева да ги искористи нашите најголеми стравови за интернетот и пристапот до информации како основа за иднината: вештачка интелигенција која чекори, живее и општи со нас. Во филмот, ние сме во една прототип фаза, каде еден гениј (Оскар Ајзек) сѐ уште работи на неговата креација (Алиша Викандер). Но, крајниот резултат е таков што ученикот го надминува учителот.rn
rnrnМожеби едни од најдобрите актерски остварувања за годината се случуваат токму во оваа тешка драма. Ендру Гарфилд ја толкува улогата на самохран татко кој откако ќе биде избркан од својот дом, започнува да работи за брокерот за недвижнини, Мајкл Шенон, кој е оној што го избркал од домот. Во процесот на учење и разбирање, започнуваме да гледаме колку сомнителни можат да бидат работите кога пазарот на имот ќе пропадне. Режисерот Рамин Барани создава еден модерен „Вол Стрит“ и Мајкл Шенон го игра неговиот Гордон Геко.rn
rnrnРежисерот Адам МекКеј создава една одлична драма која дејството го влече од истоимената книга на Мајкл Луис. Феноменалната актерска екипа составена од Бред Пит, Рајан Гослинг и Стив Карел ги претставува луѓето кои први гледаат како се распаѓа куќата од карти, пред сите останати. Но, она што се издвојува од сѐ е нековенцијалното раскажување на приказната, користејќи рачно држена камера, импровизиран дијалог и комплексен жаргон – при што сѐ заедно резултира со забавен и интересен филм.rn
rnrnТом МекКарти ја помина неговата кариера паралелно пливајќи и низ режисерските и низ актерските води. Овој пат ни го нуди неговиот нов режисерски проект каде група новинари откриваат скандал со злоставување на деца во редовите на Католичката архиепископија во Бостон. „Центарот на вниманието“ е вешто сработен филм, не само поради глумењето и режијата, туку и поради сценариото, продукцијата и оригиналната музика – што всушност сведочат за напредокот на МекКарти.rn
rnrnОвој филм сигурно не е за сечие око и не е направен за да ја задоволи публиката. Режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту („
rnrnНиеден друг филм од оваа година нема да ве исполни со тага, страв, анксиозност, радост и ред други збунувачки емоции, како што тоа ќе го направи „Соба“. Конекцијата која ја имаат Бри Ларсон и Џејкоб Тремблеј како мајка и син е добитна актерска комбинација, додека адаптацијата на Ема Донохју на сопствената истоимена новела е дар кој ретко се случува во филмската индустрија. Но, љубовта на режисерот Лени Абрахамсон кон материјалното и разбирањето како тоа да се пренесе на филмското платно се вистинскиот триумф.rn
Главни улоги:
rnrnПриказната започнува со мал вовед во животот на главната хероина, Џулијана Крејн (Алекса Давалос), која ќе пронајде видео снимки во кои нацистите губат. Истите оние снимки кои ни се нам денес достапни. Иако ѝ делуваат невозможно и другите ја убедуваат дека се само дел од пропаганда направена од страна на човекот во високиот замок, сепак таа решава да почне да истражува бидејќи длабоко во себе верува дека тие се вистини. Токму тогаш започнува нејзината потрага по вистината која ќе ја одведе на неверојатно патување.rnrn


Главни улоги:
rnrnСо оглед на тоа што Шерон Стоун ја толкува главната улога, вие веднаш можете да претпоставите дека станува збор за приказна која има потенцијал. Иако на моменти сцените со акција делуваат малку претерано и невозможно, сепак токму тоа и ја прави оваа ТВ серија забавна за гледање. Сите ние сакаме да гледаме како нашите омилени ликови од малите екрани се соочуваат со навидум безизлезни ситуации, но сепак во последен момент успеваат да најдат решение и да се спасат. Токму тоа и е главната идеја на оваа ТВ серија.rnrn


Главни улоги:
rnrnКристен Ритер ја има улогата на Џесика Џоунс, приватна детективка со многу темно минато. Таа има неколку дарби кои ја прават дел од елитната група херои, како на пример, супер сила, огромна издржливост и делумна способност за летање. Но, нејзината најголема дарба е решавањето мистерии и наоѓањето на темнината во луѓето. Бидејќи живее во Њујорк, градот кој никогаш не спие и во кој владеат измамници, убијци и зависници, таа многу лесно може да ја заврши својата работа.rnrn
rnrnНо, оваа ТВ серија е многу повеќе од борба против криминалот. Во неа има голем број детално разработени ликови со богата историја, па токму затоа и приказната е многу позастрашувачка на лично ниво. За разлика од другите суперхерои, Џесика Џоунс се бори против злоупотребата. Со секоја нова епизода вие откривате повеќе за нејзиното минато и за траумата која ја доживеала како и вината со која секојдневно се соочува. Токму поради тоа и оваа ТВ серија значително се издвојува од сите оние кои спаѓаат во овој жанр…
Режија:
rnrnБидејќи филмот се врти околу ликот кој го толкува Двејн Џонсон, веднаш можете да претпоставите дека станува збор за одличен филм. Тој навистина знае да направи добар избор кога одбира филмови. Приказната започнува со еден од најголемите и најзастрашувачките земјотреси со кои Калифорнија, па и светот некогаш се соочил. Самиот земјотрес предизвикал огромна штета, но проблемите не завршуваат таму. По него следат голем број помали земјотреси, повторно со застрашувачка моќ, како и други проблеми кои дополнително ја влошуваат ситуацијата, доведувајќи ги жителите на оваа област во смртоносна позиција. Со неколку зборови, филмот е толку брз и динамичен, што воопшто нема ни да забележите кога ќе помине.rnrn


Главни улоги:
rnrnПриказната започнува со 4-ца нови стажанти на нивниот прв ден на работа. На почетокот сè изгледа сосема нормално, па токму затоа и можеби ќе помислите дека станува збор за уште докторска серија од типот на „Grey’s Anatomy“. Но, со секоја нова сцена, вие сè повеќе ќе сфаќате дека оваа приказна се разликува од оние кои досега сте ги гледале од овој жанр. Станува збор за брза серија, која нема да ви дозволи ниту една секунда да можете да земете слободно воздух. Откако ќе почне да доаѓа напливот на пациенти, па до самиот крај на епизодата, вие постојано ќе седите на работ од вашето столче, не знаејќи каде попрво да гледате.rnrn
rnrnНа кратко, оваа серија е одлична за оние кои се љубители на приказните за доктори и сакаат динамични приказни, но имајте на ум дека не е за оние кои имаат нервозен стомак. Сцените се најчесто прилично сликовити, па постојано ќе гледате различни видови медицински зафати кои изобилуваат со крв и други вознемирувачки слики. Ако овие сцени не ви пречат, тогаш нема причина зошто да не ви се допадне овој нов докторски тим на малите екрани.
Режија:
rnrnПурпурен врв исто така се издвојува и со совршениот избор на актери кои се одлични во она кое го прават. Типичните хорор филмови најчесто вклучуваат почетници и актери кои сè уште учат како да глумат, па токму затоа и фокусот се става на оние сцени каде единствениот талент кој ви е потребен е да знаете силно да врискате. Но, кога ќе се спојат Миа Васиковска, Џесика Честеин и Том Хидлстон, едноставно не може да не се создаде вистински застрашувачка магија. Без сомнение ќе сочувствувате со ликовите кои ќе допрат до вас благодарение на одличниот перформанс на овие добро познати актери.rnrn
rnrnПриказната се врти околу младата Идит (Миа Васиковска) која има необична способност да ги гледа духовите кои починале од насилна смрт. Таа е писателка која се обидува да се пробие во овој машки свет, додека истовремено е и млада девојка која сè уште не почнала целосно да го живее својот живот. Токму затоа и лесно ќе биде заведена од мистериозниот Томас Шарп, кој заедно со својата сестра Лусил, ќе ја одведат во нивниот огромен дом кои тие даваат сè од себе за да го одржат врз темелите. Но, она кое тие не го знаат е дека во оваа куќа живеат многу повеќе души кои навреме ќе ја предупредат младата Идит за нејзината навидум запечатена судбина…
Главни улоги:
rnrnВо срцето на оваа приказна се наоѓа неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура. Тој не само што морничаво наликува на вистинскиот Пабло Ескобар, туку и брутално ја доловува неговата суштина, целосно оживувајќи го неговиот дух на малите екрани. Оваа ТВ серија го добила своето име според локалниот термин за дилерите на дрога, наркоси, и вклучува вистински снимки од архивите, давајќи ни чувство како да станува збор за едукативен документарец. Но, имајте на ум дека некои настани, како и ликови се изменети со цел да се добие подраматична приказна. Сè на сè, ако сте расположени за лудо возење, сите епизоди од првата сезона на Нетфликс се достапни.rnrn


Главни улоги:
rnrnОваа ТВ серија е базирана според добро познатиот филм „Малцински извештај“, но сепак има неколку големи разлики кои значително ја издвојуваат. Станува збор за типична детективска серија, каде што има веќе позната динамика помеѓу ексцентричен гениј и детектив кој се движи според правилата. Но, тоа не значи дека таа не вреди да се гледа. Доколку сте фан на филмот, оваа телевизиска адаптација може да ви биде одличен начин за поминување на вашите слободни денови. Бидејќи приказната е сè уште нова и има добра основа, доколку тргне во правилната насока може да се претвори во одлична ТВ серија. Добриот избор на актерите допринесува за нејзиниот потенцијал.rnrn