КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • 15 филмови кои ќе ве разнежат во топлите летни ноќи

    15 филмови кои ќе ве разнежат во топлите летни ноќи

    Летото е вистински период за одмор и уживање, а знаете ли што значи тоа? Време е да ги изберете најдобрите филмови кои ќе ве разнежат и ќе ве натераат да пуштите по некоја солза. Да, добро ќе се исплачете со нив, но и ќе се забавувате. Ако ги немате погледнато овие филмови, топло ви ги препорачуваме.rnrn1-15-filmovi-koi-kje-ve-raznezhat-vo-toplite-letni-nokji-kafepauza.mk_.jpg-kafepauza.mkrn

    1. Потрага по среќа (The Pursuit of Happiness) – 2006

    rnКласична сентиментална приказна во која глумат Вил и Џејден Смит, кои гарантирано ќе ви ја размачкаaт маскарата. Следете го патувањето на Крис Гарднер и неговиот син, кои ќе ве однесат во суровата реалност на светот на бездомништвото и истрајноста.rnrnrn

    2. Безусловно (Unconditional) – 2012

    rnАх, зарем не ги сакаме прекрасните пријателства и опростувања? Актерите Мајкл Или и Лин Колинс ќе ве одведат во емотивна приказна којa ќе ве воодушеви. Овој емотивен филм зборува за една жена и нејзиниот пријател од детството кој се обидува да ја врати нејзината верба во животот, после убивањето на нејзиниот маж во текот на една кражба.rnrnrn

    3. Часови (Hours) – 2013

    rnАко присуството на Пол Вокер не е доволно за моментално да се расплачете, тогаш сигурно ќе испуштите некоја солза додека го гледате во филмот. Тој го ризикува својот живот за да ја спаси својата новородена ќерка, откако ураганот Катрина ќе ги спречи да отидат во болницата во Њу Орлеанс.rnrnrn

    4. Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars) – 2014

    rnОва е најемоционалниот филм кој некогаш сме го виделе. Филмот е изработен според истоимениот роман на Џон Грин. Ние се опседнавме со главните ликови – Хејзел и Август кои се заљубуваат после состанокот на групата за поддршка на луѓето кои боледуваат од рак.rnrnrn

    5. Момчето во пижами на риги (The boy in the striped pajamas) – 2008

    rnСпремете марамчиња пред да започнете да ја гледате оваа драма која се базира на животот на две деца кои стануваат пријатели во текот на Холокаустот.rnrnrnrn

  • ТВ серија: Доказ (Proof)

    ТВ серија: Доказ (Proof)

    Брилијантен хирург се обидува да најде доказ дека постои живот по смртта

    rn(1) ТВ серија: Доказ (Proof)Главни улоги: Џенифер Биалс, Дејвид Сатклиф, Еди Гадеџи, Метју Модин, Ени ТурманrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Роб БрагинrnrnПремиера: 16 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПо смртта на својот син, разводот и оддалечувањето од својата ќерка, некој би рекол дека д-р Керолин Тајлер (Џенифер Биалс) не би била способна да продолжи со својата кариера како хирург. Но, наместо да се откаже од последната добра работа која во моментов ја одржува во живот, како што најчесто луѓето кои преживеале траума прават, таа решила целосно да се посвети на неа. Токму затоа и не изненадува фактот што Ајван Туринг (Метју Модин), инвентор и милијардер кој боледува од рак, токму неа ќе ја избере за своето истражување дали навистина постои живот по смртта.rnrn(2) ТВ серија: Доказ (Proof)rnrnНа почетокот таа ќе дава отпор, велејќи дека не верува во духови ниту пак дека постои начин на кој може да се докаже нивното (не)постоење. Но, способноста за убедување на Ајван ќе надвладее и таа ќе почне да соработува со него. Заедно со својот стажант, Зед (Еди Гадеџи) и асистентката на Ајван, Софи (Ени Турман) тие чекор по чекор ќе почнат да ги истражуваат сите случаи кои пријавиле каков било натприроден феномен кој не може да биде објаснет со помош на науката. И покрај тоа што некои од нив делуваат навистина неверојатно, тие брзо ќе почнат да откриваат дека можеби сепак има нешто повеќе одошто мислиме…rnrn(3) ТВ серија: Доказ (Proof)rnrnДејствата веднаш нè впуштаат во приказната и сите настани брзо се развиваат, па токму затоа и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно додека ја гледате оваа ТВ серија. Со секој нов случај тие налетуваат на нови прашања кои на некој начин истовремено и ги оддалечуваат и ги доближуваат до одговорот на едно од најстарите прашања: „Дали постои живот по смртта?“ Останува само на времето да дознаеме дали тие ќе најдат вистински доказ…rnrn(4) ТВ серија: Доказ (Proof)

  • Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

    Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

    Младо момче, заедно со неговите пријатели, тргнува во потрага по исчезнатата девојка од соседството

    rn(1) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)Режија: Џејк ШраерrnrnУлоги: Нет Вулф, Кара Делавињ, Остин ЕјбрамсrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 јули 2015rnrnЖанр: драма, мистерија, романсаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте ја читале книгата „Paper Towns“ од Џон Грин, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и нејзината филмска адаптација. Но, дури и да ја немате прочитано, ако ви се допаѓаат приказни со оваа тематика дефинитивно би требало да му дадете шанса на овој филм. Дејствата се детално изработени, постепено внесувајќи ве во приказната, овозможувајќи ви да се соживеете со секој од ликовите. Но, она што е најинтересно од сè е непредвидливоста на самиот филм. Вие можеби мислите дека сте свесни за сè што се случува, но сепак на крајот ќе останете изненадени.rnrn(2) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)rnrnДејството започнува со запознавањето на Кју (Нет Вулф) и Марго (Кара Делавињ). Откако таа се преселила во неговото соседство, тие многу брзо станале неразделни пријатели. Но, како што растеле, така нивниот живот почнал да се движи во различни насоки, оддалечувајќи ги дури и покрај тоа што живеат еден наспроти друг. Секако, тоа не го спречило добриот Кју да има силни чувства за нескротливата Марго и постојано да копнее по нејзиното присуство.rnrn(3) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)rnrnМарго не е обична девојка од соседството. Таа е личност која едноставно не може да седи на едно место, правејќи здодевни и монотони секојдневни нешта. Токму затоа и нејзиниот живот е составен од низа авантури, секоја полуда и поинтересна од претходната. Но, откако ќе открие дека нејзиното момче ја изневерувало со една од нејзините најблиски пријателки, таа ќе тргне во мисија за одмазда, барајќи помош од нејзиниот стар пријател – Кју. Оваа авантура повторно ќе ги зближи, давајќи му надеж на Кју дека тој сепак има шанса да го освои нејзиното срце. Но, по таа вечер Марго ќе исчезне, претворајќи се во една од мистериите кои таа толку многу ги сакаше…rnrn(4) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)rnrnНо, тоа е само почетокот. Таа ќе остави низа траги зад себе кои Кју ќе реши да ги следи и токму затоа заедно со неговите пријатели ќе тргнат на патување кое целосно ќе го промени нивниот живот.

  • ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

    ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

    Невидлива сила манипулира со најневините од општеството – малите деца

    rn(1) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)Главни улоги: Вило Ментимилиа, Бери Слоан, Лили РејбrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnКреатор: Соо ХјуrnrnПремиера: 1 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со серија несреќи во кои се вмешани мали деца. На почетокот никој нема да ги поврзе нивните случаи, но како што ќе поминува времето така ќе се открие и дека овие деца имаат исто имагинарно пријателче, наречено Дрил. Агентката Клер Бениган (Лили Рејб), која е специјалист за деца, ќе сфати дека Дрил всушност воопшто не е имагинарен, баш напротив, тој е реално суштество кое има способност да комуницира само со најмалите.rnrn(2) ТВ серија: Шепотења (The Whispers) (3) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)rnrnПоради непознати причини, Дрил не може да стапи во контакт со возрасните, па токму затоа и ги користи малите деца, кои преку игри ги извршуваат неговите наредби. Тој им ветува дека доколку победат во играта, односно доколку ја исполнат потребната цел, ќе го добијат она кое го посакуваат. Без разлика за што станува збор. И бидејќи тој си стои на зборот, децата неизмерно му веруваат и постојано си играат со него. Но, кој е всушност Дрил и најважно од сè, што тој сака од оваа планета и луѓето?rnrn(4) ТВ серија: Шепотења (The Whispers) (5) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)rnrnСтанува збор за мистериозна приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Иако на прв поглед така делува, приказната не вклучува духови или натприродни сили, туку нешто сосема друго. Доколку решите да ѝ дадете шанса, ви ветуваме дека нема да бидете разочарани, баш напротив, постепеното развивање на настаните и погледот кон интимниот живот на секој од главните ликови ќе ве натера да се внесете целосно во приказната. Вие без да забележите ќе почнете да носите претпоставки за она што се случува, исто како да сте покрај ликовите во центарот на настаните.

  • Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL)

    Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL)

    3 години по откажувањето од стриптизот, Магичниот Мајк со преостанатите Кралеви од Тампа за последен пат се враќаат на сцената

    rnРежија: (1) Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL)Грегори ЏејкобсrnrnУлоги: Ченинг Тејтум, Џои Манганиело, Мет БоумерrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 јули 2015rnrnЖанр: комедија, драма, музикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnРетко кога може да се каже дека вториот дел од некој филм е подобар од првиот, но овој пат без двоумење можеме да го тврдиме тоа. Приказната дефинитивно е подобра и побрза, кореографиите се одлични, па дури и на некој начин незаменливи, додека пак овој тим од актери многу подобро функционира од претходниот. Доколку сте го гледале првиот дел, сигурно помните дека дејството најмногу се насочуваше кон Далас (Метју Меконахи) и Адам (Алекс Петифер), но овој пат тие се надвор од игра и приказната е целосно насочена кон Мајк (Ченинг Тејтум) и неговите пријатели – Кралевите од Тампа.rnrn(2) Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL) (3) Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL)rnrnПриказната продолжува 3 години откако Мајк ја напушти стриптиз сцената. Тој го започнал својот бизнис со мебел по нарачка, исто како што претходно сонуваше, но изгледа работите не се одвиваат онака како што тој планирал. Токму затоа и ќе одлучи да им се придружи на неговите пријатели за еден последен настап на конвенцијата на стриптизери. И бидејќи овој настап е нивното збогување со оваа работа, тие решаваат целосно да ги променат своите точки и да се покажат во најдоброто светло досега.rnrn(4) Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL) (5) Филм: Магичниот Мајк XXL (Magic Mike XXL)rnrnИ покрај тоа што приказната е подобра од претходната, покажувајќи ни поголем увид во животот на ликовите, таа сепак е побавна отколку што би се очекувало за филм со ваква тематика. Дејството е малку развлечено, на моменти дури и здодевно, но дефинитивно вреди да се гледа за финалните сцени со танцување. Па, ако сте расположени за малку забава со вашите пријателки, тогаш дефинитивно ви го препорачуваме второто продолжение на Магичниот Мајк…

  • ТВ серија: Компликации (Complications)

    ТВ серија: Компликации (Complications)

    Кога спасувате животи, понекогаш има и компликации…

    rn(1) ТВ серија: Компликации (Complications)Главни улоги: Џејсон Омара, Џесика Сор, Бет Рисграф,rnrnЖанр: драмаrnrnКреатори: Мет НиксrnrnПремиера: 18 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЏон Елисон (Џејсон Омара), доктор кој работи во итна медицинска помош, ќе биде сведок на пукање каде што ќе го спаси животот на едно мало дете така што ќе убие еден од напаѓачите. Откако живот на Антоан ќе биде стабилизиран, Џон ќе добие повик неговиот татко, Изи, кој е во затвор. Изи ќе побара од него да се погрижи син му да преживее бидејќи во спротивно тој ќе го одземе неговиот живот.rnrn(2) ТВ серија: Компликации (Complications) (3) ТВ серија: Компликации (Complications)rnrnЏон мора да работи надвор од границите на законот со цел да го извлече младиот Антоан безбедно од болницата и за да успее во тоа ќе побара помош од младата медицинска сестра Гречен (Џесика Сор). Сè што потоа ќе се случи ќе доведе до сомнежи во полицијата дека Џон е на некој начин вмешан во војната која се води помеѓу двете банди кои се ривали. Токму затоа тој мора да најде баланс помеѓу својата работа да спасува животи и наметната мисија да го одржи Антоан во живот сè додека неговата состојба не се подобри.rnrn(4) ТВ серија: Компликации (Complications) (5) ТВ серија: Компликации (Complications)rnrnОваа ТВ серија е исполнета со многу акција, но и со многу силни емоции. Навраќањето на настаните пред пукањето ни покажува како секој од ликовите стигнал до она што во моментов е, додека сегашните настани ни откриваат како секој од нив се справува со моменталната ситуација. Исто така оваа е и една од оние приказни кои ни покажуваат дека надворешната маска на луѓето најчесто воопшто не соодветствува со она што го чувствуваат внатре, па токму затоа и многу лесно може да се дојде до погрешен заклучок…

  • Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ – Е. Локхарт

    Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ – Е. Локхарт

    „Добредојдовте во прекрасното семејство Синклер.“

    rnrn

    Наша оцена: 9/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnrn(1) Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ - Е. ЛокхартrnrnОва е една од оние рецензии кога сум убедена дека е подобро да не напишам ништо отколку да ви откријам премногу. И да, од изминативе неколку часа кои ги поминав пред лаптопот, ова е најдобрата воведна реченица која успеав да ја смислам. Истиот проблем го имав и со „Во потрага по Алјаска“, избегнувајќи каков било знак за тоа каков пресврт ве очекува а сепак, некако да прикажам зошто книгата вреди да се прочита. Па, да расчистиме од сега, сè што ќе прочитате тука не е ни приближно толку важно како она што ве очекува кога ќе стигнете до крајот на книгата. А предупредувањето стои на корицата, доколку некој ве праша што се случува на крајот – излажете. Затоа апсолутно ништо не откривам, бидејќи не сакам да ви го украдам важниот момент. Ќе ви кажам само дека има совршен, среќен крај. Исто како и семејството Синклер.rnrnКаденс секое лето го поминува на приватен остров заедно со своето семејство, привилегираните Синклер – богати, убави, совршени. Таа е најстарата од седум внуци, кои живеат во трите куќи изградени од нејзините баба и дедо, со намена нивните три ќерки да живеат убав и комфорен живот со своите семејства. „Лажговците“ како што се нарекуваат самите, се одличен тим – Каденс, која е наратор на приказната, нејзината братучетка Мирен која ја опишува како „шеќер, љубопитност и дожд“, Џони кој е „елан, живост и неспокојство“ и секако Гет, аутсајдерот кој е „ентузијазам, амбиција и силно кафе“. Гет не е во роднинска врска со Каденс, тој е внук на новиот маж на една од нејзините тетки, но набрзо станува дел од семејството и го поминува секое лето со нив на островот. Сите четворица се многу поврзани, но поврзаноста е најсилна за време на летото пред секој од нив да се врати во својот град и училиште, за потоа, наредното лето повторно да дојдат на магичниот остров и да уживаат заедно. Каденс и Гет креираат посебна врска, која со текот на годините преминува во вистинска љубов.rnrnСемејството Синклер немаат проблеми. Немаат тогаш кога татко ѝ на Каденс решава да си замине, да ги остави и да започне нов живот со друга жена. Уште помалку кога и другите две тетки ќе се разведат и ќе почнат да се соочуваат со финансиски проблеми. Сите го игнорираат фактот дека трите сестри се борат за наследството на нездрав начин и дека постојано пијат. Во семејството Синклер не се разговара за изгубени луѓе, за болка, за осаменост… не се разговара дури ни за мртвите. „Биди нормална. Немој да правиш сцена“ – тоа е решението за секоја горчлива ситуација и проблем кој се игнорира додека не се убедат сите дека е заборавен.rnrnТокму поради ова не е изненадувачки фактот што после несреќата на Каденс, никој скоро две години не ѝ открива што се случило таа трагична ноќ. Каденс не може да разбере зошто била сама на малата плажа, зошто немала облека со неа, како ја удрила главата во карпите и зошто е толку проколната па мора да живее со амнезија и мигрена поради која некогаш не може да стане од кревет со денови. Топлите летни денови се завршени, а Каденс е далеку од островот на среќата прашувајќи се зошто, дури две години никој од „лажговците“ не ја побара. Особено не Гет. После две години се враќа на островот, каде времето изгледа дека застанало и парче по парче ја склопува приказната која ќе ѝ го измени животот.rnrnКнигата е одлична драма, која слој по слој ги открива проблемите на нефункционалните семејства, сите горчливи моменти кои го трујат секојдневието, без разлика дали станува збор за живот во колиба или палата. Истовремено претставува топла приказна за младешка љубов, романса сместена на прекрасен остров која ќе ве потсети на возбудливи моменти кои може да ги донесе само првата љубов. Но најважно, ова е мистерија која ве вовлекува во темни случки без да бидете воопшто спремни што ве очекува, за на крајот да ве остави со незаборавна завршница – дека никогаш, ништо нема да биде исто.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 19 јули 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • ТВ серија: Луѓе (Humans)

    ТВ серија: Луѓе (Humans)

    Што навистина значи да се биде човек?

    rnТВ серија: Луѓе (Humans)Главни улоги: Ив-Џејн Вилис, Џема Чен, Том Гудман-ХилrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Сем Винсент, Џонатан БреклиrnrnПремиера: 14 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСо оглед на тоа колку брзо се развива технологијата, воопшто не е тешко да се замисли дека во иднина би можеле да имаме роботи кои наликуваат многу на своите креатори, луѓето, и кои би ни помагале во сите аспекти од нашиот живот. Токму тоа е и темата на оваа ТВ серија, која всушност е британска адаптација од популарната шведска серија „Real Humans“. Па, ако ви се допаднала таа, без сомнение ќе ви се допадне и оваа која се движи по истата основа.rnrn(1) ТВ серија: Луѓе (Humans) (2) ТВ серија: Луѓе (Humans)rnrnНастаните се одвиваат во паралелна реалност, каде што Синтовите, чие име потекнува од „Synths“, односно „Synthetics“, што во буквален превод значи вештачки, се еден вид софистицирани роботи кои изгледаат, се однесуваат и зборуваат како луѓето. Нивната цел е да им го олеснат секојдневието на луѓето, така што ќе им помагаат со секојдневните домашни и работни обврски. И покрај тоа што мал број се против овие роботи слуги, поголемиот дел од нив ги прифаќаат во целост, па дури и ги сметаат за блиски пријатели.rnrn(3) ТВ серија: Луѓе (Humans) (4) ТВ серија: Луѓе (Humans)rnrnНо, помеѓу овие роботи чие однесување е однапред програмирано, постои и мала група со свесност. Овие Синтови поради некоја причина можат да размислуваат сами за себе, но исто така можат и да чувствуваат. Всушност, единственото нешто по кое се разликуваат од вистинските луѓе се елементите од кои се составени. Токму поради својата уникатност, тие се секојдневно мета на група истражувачи кои сакаат да го прекинат нивното постоење. Оваа ТВ серија е една од оние кои ќе ве натераат да се запрашате и замислите што точно да значи да се биде човек, па токму тоа е и една од причините зошто нема да можете да престанете да ја гледате.rnrn(5) ТВ серија: Луѓе (Humans) (6) ТВ серија: Луѓе (Humans)

  • ТВ серија: Господин Робот (Mr. Robot)

    ТВ серија: Господин Робот (Mr. Robot)

    ТВ серија за брилијантен хакер кој страда од антисоцијално нарушување

    rn(1) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Рами МалекrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатори: Сем ЕсмаилrnrnПремиера: 24 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што нè води во секојдневниот живот на младиот и брилијантен хакер, Елиот (Рами Малек). Тој страда од антисоцијално нарушување, но истовремено се бори и со илузии. Без разлика каде е, тој има чувство како луѓе во одела да го следат. Претерано е параноичен и нема многу пријатели. Елиот не ги запознава луѓето како што тоа го прават сите. Доколку сака да открие нешто повеќе за одредена личност, тој им го пробива компјутерот и ја следи нивната комуникацијата со другите преку социјалните мрежи, мејлови и пораки. Токму затоа и знае за нив многу повеќе одошто тие се свесни.rnrn(2) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkrnrnТој преку ден работи како инженер за сајбер заштита, а во текот на ноќта преку хакирање се обидува да го направи светот подобро место за живеење. Токму затоа и ќе го привлече вниманието на еден анархист, кој има големи планови за луѓето во Америка. Всушност неговата идеја е толку голема и брилијанта, што младиот Елиот едноставно нема да може да ѝ одолее. Но, поради своите психолошки проблеми ќе се бори со себе, не знаејќи дали овие настани се вистинити или само дел од неговата фантазија.rnrn(4) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkrnrnСтанува збор за детално изработена приказна, опколена со мистерија и заговори кои се поголеми од сите нас. Елиот ќе ве натера почнете да се сомневате во сè што гледате пред вас, откривајќи ви еден сосема нов свет, скриен свет, од кој тајно владеат моќни луѓе кои се невидливи за останатите. Рами Малек исклучително го игра ликот на Елиот, што само дополнително придонесува за успешноста на оваа ТВ серија. Па, ако сте расположени за теории на заговор, рушење на општеството какво што го знаеме и многу мистериозност, тогаш оваа приказна без сомнение брзо ќе ви стане омилена.

  • Филм: Резервни делови (Spare Parts)

    Филм: Резервни делови (Spare Parts)

    Филм базиран според вистинската приказна за 4 млади нелегални имигранти во Америка

    rn(2) Филм: Резервни делови (Spare Parts)Режија: Шон МекнамараrnrnУлоги: Џорџ Лопез, Џејми Ли Кертис, Карлос ПенавегаrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јануари 2015rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИ покрај тоа што се само тинејџери, на овие млади деца цел живот им велеле дека нема да можат да успеат во Америка. Без документи за државјанство, тие можат многу малку нешта да работат и мора постојано да внимаваат да не ги откријат и депортираат. Но, тоа нема да го спречи младиот Оскар Васкез да се обиде да ѝ се придружи на американската војска. За жал и покрај неверојатните резултати, тие ќе го одбијат бидејќи нема да може да им донесе извод од матичната книга на родените.rnrn(3) Филм: Резервни делови (Spare Parts) (4) Филм: Резервни делови (Spare Parts)rnrnНо, поради неговата упорност да направи нешто повеќе за својот живот, тој ќе налета на натпревар организиран од НАСА и американската војска, каде што се бара од учесниците да изградат подводен робот кој ќе им помогне во истражувањето. Натпреварот ги вклучува средните училишта и колеџите. Токму затоа и покрај тоа што живеат покрај пустина, Оскар ќе убеди еден нов професор кој е дојден како замена да му помогне во оваа цел и ќе собере уште 3-ца ученици, секој со свој уникатен вид способности.rnrn(5) Филм: Резервни делови (Spare Parts) (6) Филм: Резервни делови (Spare Parts)rnrnСтанува збор за интересен и лесен филм со моќна порака. Бидејќи е базиран според вистинска приказна, пораката која тој ја носи има уште поголемо значење. Додека го гледате овој филм вие едноставно нема да можете да не помислите дека навистина сè е можно, доколку вистински го посакувате тоа. Без разлика на ситуацијата во која се наоѓате. Тоа е и една од најголемите причини зошто ви препорачуваме овој викенд да го гледате токму овој филм…