ТВ серија која го следи животот на две медицински страни од спротивната страна на цивилната војна во Америка
rn
Главни улоги: Мери Елизабет Винстин, Хана Џејмс, Џош Раднор, МекКинли Белчер IIIrnrnЖанр: драма, историјаrnrnКреатори: Лиза Волфингер, Дејвид ЗабелrnrnПремиера: 17 јануари 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСметате дека сте долгогодишен фан на приказните кои изобилуваат со историја? Опседнати сте со драмите кои се одвиваат во тешки периоди од минатото? Или пак, можеби сте едни од оние луѓе кои не ги пропуштаат премиерите и дури потоа одлучуваат дали ќе ја гледаат ТВ серијата или не? Без разлика на ситуацијата, кога станува збор за „Mercy Street“, воена медицинска драма која изобилува со многу емоции и богати ликови, тогаш без сомнение нема да згрешите. Дури и самиот факт што било потребно мало чудо за да се направи ТВ серија со оваа тематика која резултирала со прекрасна приказна и голем тим одлични актери, треба да ви даде до знаење дека и да не сте љубители на овој жанр, доколку ѝ дадете шанса, таа нема да ве изневери.rnrn
rnrnПриказната се врти околу две медицински сестри без претходно искуство чиј живот ќе се испреплети во болница наменета за војници кои се борат во цивилната војна во Америка. Тие се наоѓаат на две спротивставени страни од оваа војна, Мери Фини (на северот) и Ема Грин (на југот). Тука не станува збор за розова приказна за изгубена љубов и искривени кринолини – тоа е јасно уште во првата сцена, кога ја запознаваме госпоѓата Доротеа Дикс. Целта на оваа ТВ серија е да ни покаже дека луѓето се луѓе, без разлика на нивните уверувања, и дека дури и најголемите и најстудените убијци, во болничките соби не се ништо повеќе од очајни индивидуи чие судбина е во рацете на докторите и медицинските сестри.rnrn



Главни улоги:
rnrnНашиот прозорец кон светот на Магионичарите е Квентин Колдвотер (Џејсон Ралф), млад човек кој се подготвува да аплицира на факултет. Тој е на медикаменти поради својата депресија и очајно бара барем некакво значење во својот живот, па затоа и добивате чувство како тој да оди на факултет само поради тоа што смета дека е нешто што треба да го направи, а не нешто што сака. Од друга страна пак, ни изгледа како тој да ужива во своето време читајќи новели од своето детство. Најдобрата пријателка на Квентин, Џулија (Стела Мејв), го придружува на своето интервју за Јејл, каде што нештата одеднаш стануваат многу интересни. И двајцата преминуваат во сосема друг свет, во кампусот на Универзитетот Брејкбилс – училиште за магија слично на Хогвартс, кој имавме можност да го видиме во светот на Хари Потер.rnrn
rnrnНе ви откриваме ништо повеќе за оваа приказна, со цел самите да ја доживеете во целост. Исто така, имајте на ум дека доколку сте ги читале книгите, треба да очекувате големи промени со текот на времето, бидејќи уште во првата епизода ќе „прелетате“ низ целата прва книга, оставајќи простор за приказната да се развива на сосема нови начини. Па, ако сте расположени за малку магија во вашето секојдневие, тогаш без сомнение треба да издвоите 1 час во неделата за оваа одлична магична приказна.
Главни улоги:
rnrnЏими Причард е поранешен шериф кој често сакал да ги крши правилата. Но, тоа не го правел за себе, како што тој објаснува, туку за да добие правда – исто како и секој друг добар полицаец. Оваа серија е една од оние кои укажуваат дека одредени индивидуи треба да ги преземат нештата во свои раце и да го направат тоа што за нив е правилно, дури и ако станува збор за одење против законот. Тоа ѝ дава бесконечна моќ и сила на полицијата. Но, дали тоа е правилната лекција која треба да се пренесува? Ова е еден од најголемите проблеми кои останатите критичари сметаат дека би можело негативно да влијае врз успехот на самата серија.rnrn
rnrnШто се однесува до приказната, таа започнува со смртта на старецот Џими Причард и неговото повторно враќање во живот од страна на брилијантни брат и сестра кои решиле да го пренесат своето истражување на повисоко ниво – со вклучување вистински луѓе. Откако Џими ќе биде оживеан, тој е помлад, екстремно силен и физички отпорен. Можеби дури и интелектуално понадарен. Со неколку зборови, станува збор за криминалистичка драма, со научно фантастични моменти кои би можеле добро да го пополнат вашето слободно време.
rnrnНапуштени уште кога биле мали, сестрите Натали и Брук се разделени и принудени да живеат во различни домови. Натали Кларк живее во добро семејство, додека Брук Вокер е одгледана во дом за сираци, ослонувајќи се на себеси за да преживее. 35 години подоцна, двете сестри повторно се сретнуваат, но дали ќе успеат да изградат добар однос и покрај нивното различно воспитување? Ејми Хатвани им претставува на читателите една контроверзна приказна за тоа како влијаат и како нè дефинираат искуствата кои ги поминуваме како деца, врз нашиот живот кога сме возрасни.rn
rnrnТаткото на Беки Брендон заминал на мистериозна потрага со сопругот на нејзината најдобра пријателка и исчезнал, оставајќи ги мајка ѝ на Беки и пријателката Сузи во очај. Одлучна да ги пронајде исчезнатите мажи и да им помогне на двете најважни жени во нејзиниот живот, Беки мора да се соочи со нејзиниот најголем непријател и да го соедини целото семејство. Резултатот: Најлудата и највозбудливата авантура на Беки досега.rn
rnrnКога неочекувано ќе се сретне со еден човек од нејзиното минато, 30-годушнта Брук Томпсон се враќа во времето кога го поминала летото во Франција, лето кое се обидувала со години да го заборави. Тоа било време кога Брук била добра пријателка со Софи, убава девојка која ја криела својата емоционална нестабилност, и кога тоа пријателство се променило засекогаш во оној момент кога двете се заплеткале со Вероника и Алекс. Станува збор за приказна за уметноста, парите и декаденцијата, во која на крајот само еден ќе си оди дома.rnrn
Режија:
rnrnФантастичната четворка составена од искрениот и помалку неморален Мајкл Бури (Кристијан Бел), ранливиот верник во системот Марк Баум (Стив Карел), упорниот и одлучен Џаред Вернет (Рајан Гослинг) и генијалниот Бен Рикерт (Бред Пит) се протагонистите кои ја игнорираат конвенционалната мудрост и ризикуваат сѐ за да го остварат она во коешто веруваат. Природно, ние како публика која отсекогаш се идентификувала со бунтовниците кои се двојат од стадото, несвесно навиваме за нивниот успех, не разбирајќи дека вака всушност навиваме за сопственото финансиско пропаѓање. Токму овој парадокс е она што ја дефинира брилијатноста на филмот кој ни служи како прозорец кон пеколната капиталистичка машина на 21-от век.rnrn
rnrnСценариото во адаптација и преработка на Чарлс Рандолф е дрско, саркастично и исполнето со цинизам, кое и покрај исцрпувачкото и каскадно бомбардирање со информации, со својот амбициозен и иновативен формат успева да ја долови сржта и драматичноста на оригиналната материја. Музиката, иако на моменти збунува, соодветствува со сите важни и помалку важни моменти и позадини. Кинематографијата не се истакнува толку многу како што се истакнува во преостанатите номинирани филмови за Оскар, но ова е сосема оправдано ако се земе предвид фактот дека станува збор за филм кој ја анализира „темната и досадна“ страна на Вол Стрит.rnrn
rnrnЗаклучно, „Обложување на столетието“ е еден смешен, провокативен портрет на неодговорноста, измамата и ексцесот коj по основна дефиниција може да се смета за комедија. Но, комедија која во ниеден момент не заборава да нè потсети дека овој пат шегата е на наша сметка.
Главни улоги:
rnrnВо новата сезона, животните патишта на Молдер, кој сè е уште е бунтовник и Скали, која се вратила во светот на медицината, повторно се преплетуваат, водејќи нè до можеби најголемото и најзастрашувачкото откритие досега. Тие, како и секогаш порано, имаат уникатна топла хемија која едноставно ве тера да извикате „Бакни ја, будало!“ Но, светот околу нив е целосно променет. Во денешно време многу лесно можеме да најдеме карактери како Молдер, кој постојано зборуваат за теории на заговор, додека пак, оние скептичните, како Скали, скоро и да не постојат.rnrn
rnrnКако што се движи приказната, така откриваме и нов заговор кој изгледа целосно ќе го освои Молдер. Тој како да се врати во живот откако ќе открие дека сите тие години додека работел на досиејата икс нешто сосема друго се случувало во позадина. Нивната истраги биле само една голема лага за да се одвлече вниманието на луѓето од она што навистина се случува – а тоа е дека имаме поголем непријател од вонземјаните, непријател кој имал долго време да ги постави основите за освојување на светот. Што мислите, за кој станува збор?

rnrnА. Г. Ињариту повторно го покажува својот иновативен, смел и сингуларен дух со кој нè запозна минатата година. Рамнотежата на неговиот талент, ексцентричната амбиција со која располага и далекосежниот размер на способност и дејствување ја носат оваа исконска проза до работ на границите на екстремите. Снимен во природна светлина, филмот детално го покажува она кое човекот го искусува кога ќе се соочи со самиот себеси, претставувајќи ги дефинициите за бруталното, фундаменталното, примарното и животинското. Она што најмногу го привлекува вниманието е фантастичната кинематографија на Емануел Лубецки, кој вешто манипулира со сетилата преку долгите секвенци и блиските и далечните контекстуални кадри кои ја ловат пространоста на немилосрдните пејсажи со сите природни погоди и непогоди.rnrn
rnrnШто се однесува до актерската екипа, Леонардо ди Каприо и Том Харди се неспоредливи. Леонардо го гради ликот на легендарниот преживувач Хју Глас онака како што ги градел сите свои улоги досега: темелно, структурно, методично, аналитично и повеќе од достојно за пофалба. Том Харди ги игра и разработува карактерните особини кои често ги игра на филмските платна: арогантен, агресивен, горд и убедлив негативец, овој пат претставен во ликот Фицџералд, а сепак наоѓа еден целосно нов и свеж начин на карактерно портретирање, со што нè прави сведоци на уште една, конечно откриена страна на неговата уметност, вештина, трансформација и природност.rnrn
rnrnИ додека ликот на Леонардо е носителот на дејството, ликот на Том Харди е двигателот и ја претставува совршената и парадоксална поларна спротивност на бесниот мотивациски дух на Глас. Заедно, сепак се едни сурови, себични и брутални бели капиталисти кои ја раскажуваат трагичната приказна на сопствената судбина и судбината на оние кои ги трпат последиците од нивните заблуди.rnrnНа кратко, станува збор за филм кој ја предефинира седмата уметност и ги разместува параметрите на аудио-визуелното.
Главни улоги:
rnrnВо случај да не ви е позната оваа приказна, на кратко, се работи за мистериозен свет скриен од очите на луѓето. Свет во кој едноставно ништо не е невозможно. Сè што сте мислеле дека е дел од бајките за деца, како магиите, мистичните суштества и натприродните моќи, во оваа приказна постои – а ловците на сенки имаат за задача да ги одржат овие тајни скриени од јавноста, со цел луѓето, смртниците, да можат мирно да го живеат својот живот.rnrn
rnrnАко сте расположени за свет во кој сè е можно, од вештерки до вампири и демони, тогаш оваа ТВ серија е како измислена за вас. Моментално се достапни само неколку епизоди, но со оглед на тоа што излегуваат неделно на Нетфликс, можете лесно редовно да ги следите. Што се однесува до тимот актери, тие се одлично избрани така што соодветно одговараат на своите улоги, но останува да видиме дали приказната ќе ја задржи првичната моќ и во понатамошните епизоди.
Режија:
rnrnОвој пат станува збор за мистерија во затворен простор, која е делумно вестерн, делумно расистичка приказна за одмаздата. Повторно ќе кажеме, бидејќи станува збор за Квентин Тарантино, очекувајте најразлични начини на убивање, проследени со многу крв и сцени кои не се за оние со слабо срце, додека истовремено ќе се смеете поради соодветната доза хумор внимателно вметната во најтрагичните моменти.rnrn
rnrnШто се однесува до самата приказна, таа се одвива премногу бавно, па на моменти можеби ќе губите фокус и ќе заборавате на оние нешта кои веќе се случиле, а кои влијаат на следните. Целата идеја е да размислувате што се случува во позадина, но поради фактот што станува збор за 187 минути, треба да имате многу трпение за да издржите до крајот. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да го отфрлите овој филм. Моќниот избор на актери е една од оние нешта поради кои дефинитивно не треба да го пропуштите.
rnrnОвој лесен трилер се врти околу Стен Ли, легенда од светот на Марвел, како и за славата на Спајдермен, Икс-мен и Одмаздниците. Ќе имаме можност да го гледаме Џејмс Незбит како Клејтон, детектив кој наидува на една магична бразлетна која му носи добра среќа, но и го носи до негативецот кој си ја бара назад. Серијата премиерно ќе ја емитува својата прва епизода на 22 Јануари, во 21:00 часот (според американското централно стандардно време), на каналот Sky1.rn
rnrnДејството на една од најочекуваните нови драми на HBO, „Винил“, се одвива на музичката сцена во Њујорк, во 1970-тите години. Серијата има фантастично педигре на плејада познати и талентирани филмски и музички работници: Создадена е од Теренс Винтер и е во продукција на ѕвездата на Rolling Stones, Мик Џегер и оскаровецот Мартин Скорсесе, кој исто така ја режираше првата епизода. Главните актери се Боби Канавејл, Оливија Вајлд и Реј Романо, како и синот на Мик Џегер – Џејмс. Серијата премиерно ќе се емитува на 15-ти февруари на каналот Sky Atlantic.rn
rnrnТом Хидлстон ја толкува главната улога во истоимената адаптација во шест дела на шпионската новела од познатиот писател Џон ле Кар. Станува збор за поранешен војник кој работи како ноќен менаџер во еден европски хотел, кој е повторно регрутиран од страна на агентот Оливија Колман со цел да ја уништат мрежата на еден трговец со оружје, чиј лик, пак, го толкува ѕвездата на серијата Д-р. Хаус – Хју Лори. Премиерата на првата епизода е закажана за 1-ви април, на каналот BBC1.rn
rnrnДејството на оваа ТВ серија која е инспирирана од Доктор Ху и е наменета за адолесценти, се одвива во измисленото Коал Хил училиште во Лондон, каде постојано избувнуваат нови опасности и предизвици низ временската и просторна компонента и кои го оставаат градот во пустош. Сценариото е на критички прифатениот автор Патрик Нес и е пишувано во духот на ТВ серијата „Бафи, убиец на вампири“ и „Игрите на гладните“, па како такво ги истражува времето, просторот и темните сили кои можат да обземат еден тинејџерски живот. Премиерно ќе се емитува на пролет, на каналот BBC3, а точниот датум сѐ уште не е познат.rn
rnrnРоуан Аткинсон, на народот познат како Господинот Бин, ја игра насловната улога на лукавиот француски детектив Жул Маигрет во новата адаптација на истоимените детективски приказни од Џорџ Сименон. Дејството ќе биде поделено на две долгометражни и наративно неповрзани епизоди со наслов „Маигрет поставува стапица“ и „Мртвиот човек на Маигрет“, чие дејство се одвива во 50-тите години, во Париз. Ќе се прикажува на каналот ITV, а точниот период и датум на емитување допрва треба да се најават.