КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Квантико (Quantico)

    ТВ серија: Квантико (Quantico)

    ТВ серија за група млади ФБИ агенти меѓу кои се крие „заспан“ терорист

    rn(1) ТВ серија: Квантико (Quantico)Главни улоги: Пријанка Чопра, Џош Хопкинс, Унџан ЕлисrnrnЖанр: криминал, драма, мистеријаrnrnКреатор: Џошуа СафранrnrnПремиера: 27 септември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСекој носи тајна во себе. Тајна со која мора да живее до крајот на својот живот. Но, понекогаш таа и не е толку важна – тешкиот дел е справувањето со истата. Сите млади агенти кои сакаат да станат дел од ФБИ го прават тоа поради темна причина од нивното минато. Без разлика дали станува збор за загуба на родителите или напад на својата татковина, тие се подготвени да го дадат својот живот за доброто на нивната држава. Само на тој начин можат да се убедат дека прават некаква значајна разлика.rnrn(2) ТВ серија: Квантико (Quantico) (3) ТВ серија: Квантико (Quantico)rnrnАлекс Периш (Пријанка Чопра) е една од овие луѓе. Таа отсекогаш сакала да биде во првата линија на одбрана од големиот број закани со кои се соочува нејзината држава. Токму затоа и тајно, без да знае никој од нејзиниот живот, одбира да оди во Квантико. Таму запознава 49 други млади агенти кои поради свои лични мотиви, не толку различни од нејзините, ја донеле истата одлука. И сè делува во ред, додека не се случи застрашувачки терористички напад каде што Алекс ќе се најде во самата средина. Иако не е виновна, сепак таа е обвинета. За среќа, има помош и успева да избега со цел да може да го најде вистинскиот виновник кој се крие меѓу нејзините соученици.rnrn(4) ТВ серија: Квантико (Quantico) (5) ТВ серија: Квантико (Quantico)rnrnИако првата епизода делува малку избрзано и недоработено, сепак ни овозможува добра основа за приказна која има потенцијал. Сè започнува со застрашувачки терористичкиот напад, потоа постојано враќајќи нè назад во потрага по вистинскиот терорист кој се крие помеѓу новите млади агенти на ФБИ. Пријанка Чопра, која е Боливуд актерка, пејачка и победничка на Мис на светот во 2000 година, одлично се снаоѓа во новата средина, помеѓу нејзините колеги од Холивуд. Останатите актери се исто така добро избрани, формирајќи квалитетна група која нè води низ емоционален ролеркостер кој доаѓа со напорниот тренинг во Квантико.

  • Филм: Сикарио (Sicario)

    Филм: Сикарио (Sicario)

    Во војната со картелите, линијата помеѓу доброто и злото одамна е избришана

    rn(1) Филм: Сикарио (Sicario)Режија: Денис ВилневrnrnУлоги: Емили Блант, Џош Бролин, Бенисио Дел ТороrnrnВреметраење: 121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 септември 2015rnrnЖанр: акција, криминал, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОвој филм ни покажува застрашувачки и вознемирувачки портрет на злото и корупцијата која настанува во војната против дрогата. Приказната, која не е за оние со „слабо срце“, ни ја покажува реалноста на границите помеѓу Америка и Мексико во целост, без цензура. Самата тема е темна, исполнета со интензивни негативни емоции кои без сомнение ќе ве натераат да изгубите целосно верба во човештвото.rnrn(2) Филм: Сикарио (Sicario) (3) Филм: Сикарио (Sicario)rnrnВо главната улога се наоѓа Кејт (Емили Блант), ФБИ агентка која секогаш ги следи правилата и прописите. Откако ќе открие куќа полна со трупови која припаѓа на еден мексикански картел за дрога, таа ќе добие понуда да се приклучи на скриена операција организирана од повеќе агенции со цел да се разоткријат одговорните. На оваа тајна мисија, таа ќе ги запознае агентот Мет (Џош Бролин) и мистериозниот оперативец Алехандро (Бенисио дел Торо) кои свесно ги поместуваат границите на законот со цел да ги задоволат нивните цели.rnrn(4) Филм: Сикарио (Sicario) (5) Филм: Сикарио (Sicario)rnrnНајпрво тие ѝ велат дека ќе патуваат во Ел Пасо, Тексас, но без никакво предупредување Кејт ќе биде одведена во Хуарез, Мексико – место кое е облеано со крв од постојаните битки помеѓу картелите, каде што обезглавени тела висат од мостови и постојано во позадина се слушаат истрели од огнено оружје. Таа се надева дека ќе ги уапси оние кои се виновни за убиствата на луѓето во таа куќа, но Алехандро и Мет имаат поголеми планови. Тие сакаат да го пронајдат лидерот на картелот, но не со цел да го уапсат…

  • ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

    ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

    Непозната девојка со амнезија е прекриена со мистериозни тетоважи кои водат кон огромен криминален заговор

    rn(1) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)Главни улоги: Саливан Стејплтон, Џејми Александар, Роб БраунrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Мартин ГероrnrnПремиера: 21 септември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЗарем постои некој кој не сака добра мистерија? Оваа ТВ серија е една од оние кои веднаш нè фрлаат во центарот на приказната, без никаков вовед ниту предупредување. Станува збор за млада девојка (Џејми Александар), прекриена со тетоважи, која ќе биде најдена на Тајмс Сквер во Њујорк. Бидејќи таа има амнезија и не знае како се нашла таму, веднаш го добива името Џејн Доу и со својата ситуација го привлекува вниманието на ФБИ кои неуспешно се обидуваат да дознаат нешто повеќе за неа. Нештата ќе станат уште поинтересни кога тие ќе сфатат дека тетоважите на нејзиното тело се мапа кои водат кон огромен криминален заговор, но кои исто така ја носат и чекор поблизу до откривањето на вистината за нејзиниот идентитет.rnrn(2) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot) (3) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)rnrnИ покрај тоа што Џејн има амнезија, сепак изгледа целото моторно сеќавања ѝ е зачувано. Токму затоа и таа може да се потпре на еден вид внатрешни инстинкти со цел да реагира соодветно на ситуацијата. Исто така, таа одвреме-навреме гледа слики од нејзиното минато, кои ја навраќаат наназад, но не ѝ кажуваат ништо повеќе од тоа што треба да го знае. Некој би рекол дека секој нејзин чекор е веќе однапред испланиран. Поради нејзините тетоважи, кои биле неодамна ставени, таа ќе добие клучна улога во истражувањето на ФБИ, како и во откривањето на своето минато и личноста која некогаш била. Со неколку зборови, ако сте љубители на мистериите, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне оваа ТВ серија.rnrn(4) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot) (5) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

  • Филм: Еверест (Everest)

    Филм: Еверест (Everest)

    Филм според вистински случувања кои довеле до смрт на 8 луѓе кои се искачувале на Еверест во 1996 година

    rn(1) Филм: Еверест (Everest)Режија: Балтазар КормакарrnrnУлоги: Џејсон Кларк, Анг Фула Шерпа, Томас М. Врајт, Џејк Џиленхол, Кира Најтли, Џош БролинrnrnВреметраење: 121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 септември 2015rnrnЖанр: авантура, драма, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОвој филм е базиран според вистинската приказна за настани кои се случиле на 10 мај, 1996 година. Токму затоа и веднаш ќе ве предупредиме да не очекувате типичен холивудски филм со бурен заплет и среќен крај, исполнет со многу акција и нереално избегнување трагедија во последен момент. Баш напротив, филмот се држи блиску до вистинските настани и е целосно насочен кон главните ликови и нивната борба со една од најголемите бури кои досега ги зафатила планинарите при нивниот обид да го освојат Еверест. Токму затоа и тие се постојано во кадар, криејќи ги прекрасните пејзажи кои многу недостасуваат во филм со ваква тематика.rnrn(2) Филм: Еверест (Everest) (3) Филм: Еверест (Everest)rnrnПриказната започнува со мал вовед во животот на главните ликови. Ние имаме можност да ги запознаеме нивните семејства, како и нивниот карактер. Брзо потоа дознаваме и кои се мотивите кои ги натерале да се нафатат на овој застрашувачки подвиг, изложувајќи го своето тело на услови кои едноставно не се наменети за човекот. Додека гледате како тие се соочуваат со смртоносната околина на највисоката точка на планетата Земја, изложувајќи се себеси на невидена опасност едноставно не можете да не помислите зошто некој воопшто би сакал да го направи тоа. Но, тоа не го крие фактот дека тие ја добиваат својата енергија од страста и желбата да се оттргнат од секојдневието и да го поминат најголемиот предизвик кој природата му го задала на човекот.rnrn(4) Филм: Еверест (Everest) (5) Филм: Еверест (Everest)

  • ТВ серија: Без граници (Limitless)

    ТВ серија: Без граници (Limitless)

    Што би направиле ако имате пристап до сите можности кои ви ги нуди вашиот мозок?

    rn(1) ТВ серија: Без граници (Limitless)Главни улоги: Џејк Мекдорман, Џенифер Карпентер, Хил ХарперrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Крег СвиниrnrnПремиера: 22 септември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за телевизиска адаптација на добро познатиот филм „Limitless“ од 2011 година. Токму затоа и Бредли Купер накратко се појавува, укажувајќи ни на одличен почеток на оваа нова ТВ серија. Главната улога му припаѓа на Џејк Мекдорман, кој уште веднаш може да се забележи дека одлично се снаоѓа во чевлите на својот лик, Брајан Финч. Обично во ваквите ТВ серии на актерите им е потребно време за да се соживеат со својата улога, но овој пат таа фаза е целосно прескокната. Можеме слободно да кажеме дека актерот е како измислен за својата нова улога.rnrn(2) ТВ серија: Без граници (Limitless) (3) ТВ серија: Без граници (Limitless)rnrnПриказната започнува така што ни го покажува секојдневието на Брајан Финч, музичар чиј живот му поминува пред неговите очи. Тој верува дека сите околу него направиле нешто значајно со себе, за разлика од него кој изгледа како со години да тапка во едно место. Откако неговиот татко ќе се разболи, а докторите нема да можат да најдат што му се случува, Брајан уште повеќе ќе заглави, не знаејќи што попрво да направи за да помогне. Но, сè ќе се промени откако тој ќе налета на еден од неговите стари пријатели.rnrn(4) ТВ серија: Без граници (Limitless) (5) ТВ серија: Без граници (Limitless)rnrnИлај, пријателот на Брајан, сакајќи да му помогне ќе му даде апче чија цел е да направи тој да функционира подобро. Со ова апче, тој ќе работи побрзо, ќе размислува подобро и ќе може повторно да се врати на создавање негова музика. На некој начин ќе добие поттурнување за да се врати во својот живот. Брајан по мало двоумење ќе реши да проба и многу набрзо ќе сфати дека ова апче прави многу повеќе отколку што Илај му кажа. Тоа целосно го активира неговиот мозок, отворајќи пред него свет без граници…

  • 10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врската

    10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врската

    Доколку можете, издвојте еден збор кој во целост ја опишува вашата врска. Дали тој е некако поврзан со зборот драма? Драматичните љубовни врски се многу чести во денешниот свет, но тоа не ги прави здрави и добри за вас. Баш напротив, доколку избегаат од контрола, тие можат многу лошо да влијаат врз вас. Доколку сакате да дознаете дали сте зависници од драмата во љубовните врски, тогаш погледнете ги следниве 10 изјави и размислете со колку од нив се сложувате…rnrn10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врскатаrnrn1. Често ме привлекуваат „лоши момци“, „идиоти“ или „играчи“.rnrn2. Поминувам многу време обидувајќи се да го усреќам моето момче.rnrn3. Доколку сум вознемирена за нешто во мојата врска, често ги игнорирам моите чувства за да избегнам конфликт.rnrn4. Мажите со кои одам на состаноци сакаат да наредуваат и контролираат, па затоа и многу лесно се лутат ако не направам нешто што сакаат.rnrn5. Се извинувам дури и кога знам дека не сум виновна.rnrn6. Ако мојот партнер ми е лут, не можам да размислувам на ништо друго додека не го решиме проблемот.rnrn7. Го обожавам чувството кога ќе се смириме по караница. Тоа е како да почнуваме од почеток.rnrn8. Со момчето имаме врска која постојано се врти во круг: најпрво нештата одат добро, а потоа без предупредување тој ми се лути и јас се извинувам и правам сè што е во моја моќ за да му надоместам. Тоа води кон смирување и потоа циклусот од ново почнува.rnrn9. Моите чувства на самопочит изгледа варираат според начинот на кој тој се однесува кон мене.rnrn10. Знам дека треба да излегувам со „добро момче“, но се грижам дека ќе ми биде здодевно во врска каде што нема возбуда која доаѓа од драмата.rnrnАко одговоривте позитивно на едно или повеќе од овие тврдења, тогаш големи се шансите дека сте зависни од драма во љубовта. Според психолозите, драматичното однесување во врските е многу често. Но, добрите новости се дека оваа зависност може ефективно да биде срушена доколку работите повеќе на вашата самопочит.rnrnКога самопочитта и самодовербата се ниски, вам природно ќе ве привлекуваат момци кои се емоционални насилници. Вие мора прво да се почитувате себеси доколку сакате да изградите вистинска и здрава врска која е исполнета со многу љубов. Проблемот со зависниците од драма е дека тие дури и да го запознаат совршениот партнер, никогаш нема да можат целосно да уживаат во оваа врска.rnrnВо нездравите врски многу често зависниците од драма се фокусираат на среќата на нивниот партнер како и на тоа колку тој ги игнорира нивните потреби. Тие стануваат толку внесени во неговото однесување и емоции, што едноставно престануваат да имаат свои. Токму затоа и се врзуваат со појас и без размислување се впуштаат во возењето. Тоа може да има исто влијание врз вас како и дрогата.rnrnОд друга страна пак, во здравата љубовна врска постои безусловна љубов како и прифаќање во целост, онакви какви што навистина сте. Вие нема потреба да поминувате низ емоционален ролекостер за вашите потреби да бидат задоволени или пак, за едноставно да бидете слушнете. Вистинското партнерство помеѓу 2 еднакви личности вклучува меѓусебно предизвикување, инспирација и овозможување доволна слобода за да растете како индивидуи.rnrnРазмислете, која од овие 2 вида врски е навистина подобра за вас…

  • Драма или хумор: Што кажува вашиот омилен тип серии за вашиот карактер?

    Драма или хумор: Што кажува вашиот омилен тип серии за вашиот карактер?

    Со какви телевизиски содржини сакате да се релаксирате? Драмска серија, можеби некоја епизода од омилената сапуница или повеќе сакате некој добар документарец? Експертите кажуваат дека вашиот избор кажува многу за вашиот карактер. Проверете дали има вистина во тоа.rnrn0-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    1. Драмски серии

    rnВе бие глас дека сте одговорна личност која знае да разликува време за забава и време кога треба да се биде сериозен. Ве погодува туѓата несреќа, неизмерно сте осетливи на неправда и лесно ги впивате туѓите емоции.rn

    2. Криминалистички серии

    rnВие сте приземјени, реалистични и објективни. Организирана личност која знае што сака од животот. Сакате да го вклучите мозокот и да се посветите на длабоки анализи.rn

    3. Хумористични серии

    rnИмате смисла за хумор, полни сте со паметни досетки и честопати сте саркастични. Во допир сте со вашите емоции, отворени сте и дружељубиви. Интелектуалци со изразена уметничка црта.rnrn1-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    4. Сапуници

    rnВие сте романтичен оптимист кој постојано сонува. Ги цените традиционалните вредности и длабоко сте им посветени на вашето семејство и на вашите пријатели.rn

    5. Документарни серии

    rnСакате да го стимулирате вашиот мозок – жедни сте за ново знаење и сакате да учите. Вие сте мала фабрика со податоци и информации за сѐ и сешто.rn

    6. Научно-фантастични серии

    rnИнтелигентни сте и обожувате да читате. Страсни љубители на хобија и со часови можете да разговарате за нешта кои ве интересираат.rnrn2-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    7. Реални шоуа

    rnВие сте забавни и опуштени. Ве интересира психологијата и општествените науки. Сакате да ги анализирате луѓето – нивното однесување и нивните односи.rn

    8. Музички шоуа

    rnГи гледате другите во најдобро светло, обѕирни сте кон нив, верувате во искреност и добрина. Уметнички настроени, сакате да гледате вешти изведувачи како го унапредуваат својот занает.rn

    9. Ток шоуа

    rnСовесни, внимателни и претпазливи. Сакате навреме да си ги завршувате обврските и максимално да бидете ефективни.rn

    10. Кулинарски шоуа

    rnЈа обожувате храната и сѐ што е поврзано со кулинарството. Љубопитни и дружељубиви, често мајчински се однесувате кон другите и имате потреба да се грижите за луѓето околу вас.rnrn3-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

  • ТВ серија: Водолија (Aquarius)

    ТВ серија: Водолија (Aquarius)

    Полициска драма од 60-тите која го следи животот на озлогласениот Чарлс Менсон пред убиствата

    rnТВ серија: Водолија (Aquarius)Главни улоги: Дејвид Дуковни, Гетин Антони, Ема ДјумонтrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатор: Џон МекнемараrnrnПремиера: 28 мај 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува во 1967 година во Лос Анџелес. Оваа ТВ серија е инспирирана од вистински личности и настани, но тие не се вклучени во неа. Сите ликови и настани кои можеме да ги видиме на малите екрани се измислени, но со оглед на фактот дека станува збор за еден многу темен настан во историјата, таа брзо се вивна во популарноста. И секако, веднаш можете да претпоставите дека ќе станува збор за добра ТВ серија бидејќи главната улога му припаѓа токму на Дејвид Дуковни. Тој ни го претставува Сем Ходијак, фиктивен детектив од Лос Анџелес кој истражува случај на исчезната тинејџерка. Барајќи ја, ќе го открие Чарлс Менсон и неговата мала фамилија, група хипици кои го следат во секој чекор.rnrn(2) ТВ серија: Водолија (Aquarius) (3) ТВ серија: Водолија (Aquarius)rnrnЧарлс Менсон е харизматичен маж кој едноставно знае како да зборува со луѓето. Токму затоа и никој не се сомнева дека тој има големи планови за оваа мала фамилија, кои подоцна ќе доведат до едни од најозлогласените убиства на генерацијата. Тоа е и една од причините зошто тој собира ранливи млади момци и девојки кои му се придржуваат во неговата цел, притоа перејќи им ги мозоците и правејќи ги да сакаат да направат сè за него. Дури и ако тоа вклучува одземање нечиј живот. За да дознае што точно се случува во оваа фамилија, Ходијак ќе се здружи со млад детектив чија задача ќе биде да се инфилтрира во овој култ и да открие нешто повеќе за нивниот живот. Но, тие ќе мора да научат како да размислуваат како овие девојки и момци со цел да избегнат да бидат откриени, а тоа не е нешто што може лесно да биде изведено…rnrn(4) ТВ серија: Водолија (Aquarius) (5) ТВ серија: Водолија (Aquarius)

  • ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

    ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

    Како се распаднал светот каков што го знаеме денес по појавата на првите „мртви“?

    rn(1) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)Главни улоги: Мерцедес Мејсон, Рубен Блејдс, Ким ДикенсrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатор: Роберт Киркман, Дејв ЕриксонrnrnПремиера: 23 август 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте фанови на одличната драма „The Walking Dead“, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и оваа нова ТВ серија во која ќе имаме можност да ги видиме чекор по чекор, сите стадиуми на распаѓање на човештвото какво што го знаеме денес. Станува збор за светот пред оној кој ни е претставен во „The Walking Dead“, односно во првите моменти кога се појавуваат „мртвите“ кои полека се здобиваат со своето место на врвот на синџирот за исхрана. Ние сè уште немаме можност да откриеме како сè почнало, но барем ќе дознаеме како луѓето се трансформирале во она светло во кое веќе добро ги знаеме откако мртвите ќе завладеат.rnrn(2) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)rnrnПриказната се одвива во Лос Анџелес, каде што веднаш гледаме две споени семејства кои изгледа како да имаат многу потешкотии. Тие секојдневно се борат со нивните проблеми, сè уште несвесни за она што почнало да се случува ширум светот. И покрај тоа што насекаде има знаци за „инвазијата на мртвите“, луѓето се претерано окупирани со нивните секојдневни животи, па затоа и воопшто не обрнуваат внимание на знаците за опасност. Но, тоа брзо ќе почне да се менува откако лично ќе почнат да се соочуваат со овие суштества. Во овој момент тие сè уште веруваат дека нивните блиски се некаде длабоко скриени, потиснати од чудовиштата кои преземаат контрола врз нивното тело, па токму затоа и се враќа тешката тензија кон нив која можеше силно да се почувствува во првите сезони од „The Walking Dead“.rnrn(3) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead) (4) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)rnrnЕдинствената забелешка која ја имаме за оваа ТВ серија (иако досега има само 1 епизода излезено) е што изборот на актери делува многу послаб од оној во другата. Тие изгледаат малку хаотично, како да не се снаоѓаат добро во кожата на својот лик, па токму затоа и потешко може да се сочувствува со оние нешта кои им се случуваат. Можеби сè уште е рано да се критикува за нивната глума, па токму затоа и ќе почекаме до крајот на сезоната за овој заклучок. Што се однесува до самата приказна, таа се одвива на истиот начин како и кај „The Walking Dead“. Сцените се одвиваат бавно, но бидејќи се детално изработени во ниту еден момент нема да ви биде здодевно. Со други зборови, дефинитивно ви препорачуваме да ја гледате.rnrn(5) ТВ серија: Плашете се од живите мртовци (Fear the Walking Dead)

  • 5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

    5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

    Дали има нешто подобро од гледање добар филм со партнерот згреани под ќебенце? Бидејќи есента полека доаѓа, а со неа и ладното време и врнежливите денови и ноќи, подготвивме листа од 5 прекрасни филмови од европска продукција.rnrn0-5-te-najdobri-evropski-filmovi-vo-koi-sigurno-maksimalno-kje-uzhivate-kafepauza.mkrn

    1. Животот е убав (La vita e bella)

    rnОвој италијански филм иако започнува како комедија, подоцна се развива и се расплетува во вистинска драма. Гвидо и неговата фамилија се пратени во нацистички концентрационен логор, каде тој смислува сложена лага за да го заштити својот син од ужасниот логорски живот кој ги снашол. „Животот е убав“ е филм кој ќе ве допре и кој длабоко ја истакнува родителската љубов – на што е сѐ е подготвен еден татко за да го заштити својот син.rnrnrn

    2. Лов (Jagten)

    rnПсихолошка драма за која вреди да одвоите време. „Лов“ го следи животот на еден учител (Медс Микелсон) обвинет за злосторство што може да сосема да го уништи. Иако во еден момент животот му тргнува во добра насока, една мала „бела“ лага ќе успее да ја скрши неговата среќа. Овој филм е по малку тежок, но тој дава брутално искрени одговори на важните животни прашања.rnrnrn

    3. Амелиja (Amelie)

    rnБезгрижна романса која добро ќе ве освежи после „Лов“. Овој филм повеќе изобилува со духовити сцени, отколку со длабоки моменти. Филмот „Амелија“ е љубовна приказна која се одвива во срцето на Париз. Искреност, необичност и непосредност – особено во изразувањето на најдлабоките чувства е токму она што го издвојува од останатите.rnrnrn

    4. Недофатливите (The Intouchables)

    rnОвој филм ги следи животите на двајца мажи од целосно различни социјални средини. Едниот, богат аристократ кој по несреќа со параглајдерство останува парализиран, а другиот сиромашно момче кое се бори со предизвиците на младоста. „Недофатливите“ е топла драма за случајните пријателства и социјалните врски.rnrnrn

    5. Кафе во Берлин (A coffee in Berlin)

    rnОва филмско остварување е симпатичен филм кој ја освежува германската кинематографија. Филмот го прати животот на бивш студент по право (Том Шилинг) кој не може да најде кафе на ниедно место во цел Берлин. Со голема доза сув хумор и своевиден коментар за општеството, „Кафе во Берлин“ е брутално хуман и искрен филм кој ќе го зароби вашето внимание.rnrnrn

    Бонус филм: Градот на Господ (Cidade de Deus)

    rnОвој филм не е од европска продукција, но вреди да ја дополни листата на добри неамерикански филмови. „Градот на Господ“ не е за „слабокрвните“. Тој нуди длабоко, болно, но навистина важно нурнување во животот, во еден свет кој е многу поинаков од оној што ние го знаеме. Срцепарателна приказна за животот во бразилските гета каде безбројните убиства и бруталноста влијаат врз животите на малите деца кои растат во светот на криминалот и насилството.rnrn