КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

    ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)

    Ноќен менаџер од хотел во Каиро се инфилтрира во потесен круг на дилери со оружје

    rn(1) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)Главни улоги: Том Хидлстон, Оливија Колман, Хју ЛауриrnrnЖанр: драма, криминал, мистеријаrnrnКреатор: Џон ле КареrnrnПремиера: 5 јуни 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОсновите на оваа шпионска приказна ни се сосема познати: Скршен и мистериозен оперативец тргнува во тајна мисија покрај многу лоши луѓе кои живеат луксузни животи поради кои имаат доволно слободно време за нелегални активности. „Ноќен менаџер“ е адаптирана од книга со истото име, чиј автор е Џон ле Каре, кој пак е познат по своите шпионски драми. Со оглед на тоа што оваа мини ТВ серија има само 6 епизоди и целата приказна е раширена низ 6 часа, можете да ја доживеете многу подобро и појасно од стандардните филмови чие дејство е спакувано во не повеќе од 2 часа.rnrn(2) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager) (3) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)rnrnОд друга страна пак, нема да можете да одолеете на шармот на одбраните актери, предводени од Том Хидлстон, Оливија Колман и Хју Лаури. Овие таленти се толку разнолики и соодветно избрани за своите улоги, што целосно ќе се изгубите во нивниот перформанс. Хидлстон во моментов има најголема популарност, со својата улога како Локи, но тајната на успехот на оваа приказна е токму поради феноменалниот перформанс на Лаури. Одамна не сме имале можност да ја видиме поранешната ѕвезда на ТВ серијата „Д-р Хаус“ на малите екрани, но сега тој без сомнение се враќа во полн сјај.rnrn(4) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager) (5) ТВ серија: Ноќен менаџер (The Night Manager)rnrnДа се вратиме на самата приказна. Без да ви откриваме многу, со цел да не ви го нарушиме уживањето во оваа ТВ серија, ќе ви кажеме само дека станува збор за инфилтрирање на еден ноќен менаџер од хотел во Каиро во внатрешниот круг на дилери со оружја. Џонатан Пајн (Том Хидлстон) можеби ја започнува оваа приказна како ноќен менаџер, но многу брзо станува нешто повеќе. Благодарение на своето поранешно искуство со војската, како и способноста да остане мирен во стресни ситуации, тој ќе успее брзо да се адаптира на свет во кој не би можел секој да преживее…

  • ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)

    ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)

    Двајца пријатели отвораат заедно ресторан со цел одново да започнат со својот живот

    rn(1) ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)Главни улоги: Еван Леон, Демостенис Крисан, Вики Верхајм, Дејвид Швимер, Џим СтургисrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Клајд ФилипсrnrnПремиера: 5 јуни 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКако продолжуваме да живееме по трагедија? Како продолжуваме со животот по катастрофални грешки? Како почнуваме одново откако нештата ќе ни тргнат во сосема спротивна насока од онаа која сме си ја замислиле? Токму овие прашања се обработуваат во новата ТВ серија „Нахрани го ѕверот“, каде што приказната се врти околу искршени пријатели кои почнуваат одново да го изградат својот живот така што ќе ја оживеат идејата за започнување скап грчки ресторан. За разлика од останатите драми кои во моментов можете да ги начекате на малите екрани, оваа е исполнета со готвење вкусни оброци и различни дијалози кои ќе ве замислат, но и научат на важни лекции за загубата.rnrn(3) ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast) (5) ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)rnrnДејвид Швимер го толкува ликот Томи, искусен сомелиер кој едвај успева да заработи нешто ситно како продавач на вино. Тој исто така се бори и со алкохолизам, оправдувајќи се дека во неговата работа мора да го вкуси виното за да може подобро да го продаде. Тој сè уште се обидува да се исправи на нозе откако ненадејно ја загубил неговата сопруга. Неговиот син, кој бил сведок на сообраќајната несреќа во која таа загинала, оттогаш не изустил ниту еден збор, па тој цело време се обидува да допре до него и да му помогне повторно да зборува. Од друга страна пак, го имаме Дион (Џим Стургис), кој завршил во затвор поради пироманија. Тој има проблем со дрогата и многу долгови кон мафијата. Откако ќе излезе од затвор, неколку месеци порано, тој ќе се обиде да го убеди неговиот пријател да се преселат во Париз, каде што ќе почнат одново со својот живот и плановите за ресторан. Но, нештата повторно нема да се одвиваат како што тој би сакал…rnrn(2) ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast) (4) ТВ серија: Нахрани го ѕверот (Feed the Beast)

  • ТВ серија: Отпадник (Outcast)

    ТВ серија: Отпадник (Outcast)

    Хорор ТВ серија која е навистина застрашувачка

    rn(1) ТВ серија: Отпадник (Outcast)Главни улоги: Патрик Фјуџит, Меган Холтер, Филип ГленистерrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатор: Роберт КиркманrnrnПремиера: 23 мај 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко ги погледнете трејлерите за оваа ТВ серија, без сомнение веднаш ќе сфатите дека станува збор за уште едно дело на креаторот и продуцентот Роберт Киркман, во кое тој ги истражува сите окултни нешта. Ако ја следите ТВ серијата „Живи мртовци“, тогаш веќе сте запознаени со неговата работа, но овој пат наместо зомбиња, тој нè води во темниот свет на демоните.rnrn(2) ТВ серија: Отпадник (Outcast)rnrn„Отпадник“ започнува со познатото клише на хорор филмовите – опседнато дете. Ова навидум обично дете, набљудува една лебарка на ѕидот од неговата соба кога одеднаш насилно го размачкува суштеството со својата глава. Токму од тука и почнуваат морничавите нешта, кои уште веднаш ќе ви кажеме дека не се за оние со „слабо срце“.rnrn(3) ТВ серија: Отпадник (Outcast)rnrnДали станува збор за хорор приказна? Да, на почетокот. Но, „Отпадник“ многу брзо прераснува во психолошко анализирање на внатрешните сенки, кое изобилува со напнатост и неизвесност. Таа ги истражува сите оние темни делови од секој човек кој очајно се обидува да ги задржи скриени, при што секојдневно се бори со своите сопствени внатрешни демони.rnrn(4) ТВ серија: Отпадник (Outcast)rnrnМоќните суштества кои се центарот на оваа приказна се скоро целосно метафорични и во крајна линија таа не е за колењето. Баш напротив, моќта на оваа ТВ серија доаѓа од надежта на ликовите да се поврзат со други во нивната разрушена заедница, која живее во изолација. Вие едноставно нема да можете да не ги жалите овие кутри души пред пеколот целосно да ги обземе.

  • ТВ серија: Добар улов (The Catch)

    ТВ серија: Добар улов (The Catch)

    ТВ серија за приватна детективка чија кариера е насочена кон разоткривање измами

    rn(1) ТВ серија: Добар улов (The Catch)Главни улоги: Миреил Инос, Роуз Ролинс, Питер Крос, Алими БалардrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатори: Кејт Аткинсон, Хелен Грегори, Алан Хеинберг, Џенифер ШурrnrnПремиера: 24 март 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за уште една ТВ серија од Шонда Рајмс, со Миреил Енос во улога на бестрашната приватна детективка Алис Вон од Лос Анџелес. Заедно со нејзината партнерка, Валери Андерсон (Роуз Ролинс), таа води тим кој работи вон границите на законот со цел да разоткријат случаи кои полицијата не може. Тие најчесто се првите кои ги бараат кога станува збор за измамници и измами, бидејќи се најдобри во својата работа, најверојатно затоа што често го прекршуваат законот.rnrn(2) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (3) ТВ серија: Добар улов (The Catch)rnrnВо овој момент Алис и нејзиниот тим се многу блиску до откривањето на еден измамник кој ги напаѓа нивните клиенти, и кој постојано им праќа порака која гласи „Дали сте подготвени за играње?“ пред да го направи следниот чекор. Но, како и секогаш претходно, тој успева да им избега. По неуспехот на работа, Алис се враќа дома кај нејзиниот богат и згоден свршеник, Бенџамин Џоунс (Питер Краус), кој всушност е измамникот кој таа се обидува да го фати.rnrn(4) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (5) ТВ серија: Добар улов (The Catch)rnrnСо оглед на тоа што неговата мисија ќе заврши, тој ќе мора да го напушти овој живот зад себе, оставајќи ја и Алис. Но, изгледа тоа нема да му биде толку лесно, бидејќи според неговите двоумења можеме да заклучиме дека тој навистина развил чувства кон неа. Сепак работите брзо се развиваат, без тој да може да ги контролира, и таа ќе дознае сè – по што започнува најголемиот случај во нејзиниот живот. Првата епизода завршува така што таа вели: „Сакаш да играме? Ајде да играме!“, давајќи ни до знаење дека таа ќе направи сè за да открие кој се крие зад маската на личноста која таа беше толку убедена дека добро ја знае…

  • 5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекуваме

    5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекуваме

    Како што поминуваат годините, така се појавуваат сè повеќе и повеќе одлични ТВ серии, особено драми, за кои едноставно мора да најдеме време да ги гледаме. За некои од овие приказни знаеме дека ќе бидат одлични дури и пред да излезе првата епизода, бидејќи самата приказна, во комбинација со одличниот тим актери ни дава до знаење дека тие имаат голем потенцијал. Оваа година нè очекуваат малку потемни приказни од вообичаено, кои сме сигурни дека токму поради својата морничавост ќе постигнат и голем успех. Како такви, ги издвојуваме следниве 5 кои целиот свет со нетрпение ги очекува…rnrn5 летни ТВ драми кои со нетрпение ги очекувамеrn

    1. Проповедник (Preacher) – 22 мај 2016

    rnОваа ТВ серија е базирана на стрип кој е познат по сексот, насилството и уникатниот поглед кон религијата. Натприродната акција, драма и комедија го вклучува Доминик Купер како свештеник кој најверојатно содржи божји моќи… Но, и лекомислен став кон божеството кое му ги овозможило, како и интересен и необичен начин на толкување на божјиот збор.rnrnrn

    2. Паметни луѓе (Clerverman) – 1 јуни 2016

    rnВо едно дистописко општество, постои еден вид човечка раса, позната како „влакнестите“ кои се нефер прогонувани поради серија нерешени убиства. Па како поинаку би очекувале да реагираат, со ваков вид живот? Ова еден вид алегорична научна фантастика која влегува во жанрот фикција, но сепак може да биде културно поврзана и со настани во нашата реалност.rnrnrn

    3. Отпадник (Outcast) – 3 јуни 2016

    rnУште една морничава адаптација на стрип која доаѓа од продуцентот, креаторот и графичкиот новелист, Роберт Киркман, човекот зад одличната приказна „Живи мртовци“. Овој пат станува збор за млад човек кој цел живот бил опседнат од демони. Со помошта од страна на проблематичниот отец, Кајл Барнс, тој конечно ќе најде начин да си помогне себеси…rnrnrn

    4. Кралицата на југот (Queen of the South) – 21 јуни 2016

    rnАко ви се допаѓа ТВ серијата „Наркоси“, тогаш без сомнение ќе уживате и во оваа. Станува збор за приказна која изобилува со естроген и ни го покажува издигнувањето на една жена во светот на дрогата. Тереса Мендоза е еден од најмоќните женски ликови на малите екрани досега, која ќе ве одведе на турбулентно и темно патување во оваа драма.rnrnrn

    5. Тринаесет (Thirteen) – 23 јуни 2016

    rnШто се однесува до приказната, оваа ТВ серија многу потсетува на „Нескротливата Кими Шмит“, но без хумористичниот дел. Темната американска драма е насочена кон животот на млада девојка која учи како одново да го изгради својот живот откако 13 години била исчезната. Ајви конечно по толку години може да вдише свеж воздух и да се врати назад во светот.rnrn

  • 5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот свет

    5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот свет

    Лулката на западната филозофска мисла – Античка Грција, донела многу изуми без кои не би можеле да си го замислиме модерниот секојдневен живот. Античка Грција била дом на многу историски личности, првите големи мислители, иноватори, научници и пронаоѓачи кои го ковале цивилизацискиот тек на Европа и го обликувале начинот на кој го набљудуваме светот. Во тој контекст, погледнете ги 5-те нивни револуционерни изуми кои го оформиле денешниот свет.rnrn5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот светrn

    1. Спорт

    rnВо почетокот на 8-от век п.н.е. во Олимпија биле одржани првите Олимписки игри во историјата кои до ден денес традиционално се повторуваат на секои 4 години. Првобитно, Олимпијадата била едно едноставно спортско случување, но со текот на времето прераснало во спектакуларен петдневен фестивал. Трките со кочии, трчањето, борењето и другите дисциплини најпрвин се изведувале во чест на врховниот бог Зевс за кого ритуално се жртвувале по 100 овци.rn

    2. Физика

    rnПрвиот „Еурека“ момент се случил во 3-от век п.н.е., кога грчкиот математичар, филозоф и пронаоѓач Архимед влегол во бурето. Така сфатил дека постои сила која од кадата ја исфрла количината вода еднаква на масата на неговото тело. На овој начин настанал првиот принцип на физиката.rn

    3. Драма

    rnПрвите театри настанале од раните грчки религиски обреди, а најмногу се развивале во Атина во периодот од 530-тата до 220-тата година пред нашата ера. Постоеле 3 основни жанрови: Трагедија, комедија и сатирична игра. Просечниот грчки театар примал околу 17.000 луѓе. Грците имале дури и посебни ефекти како кранови со кои ги дигале актерите во воздух и ги позиционирале спрема потребите и композицијата.rn

    4. Суд

    rnСтарите Грци, како и Римјаните после нив, ја користеле судницата за голем број работи. Првата порота се состоела од 1.502 мажи, а се појавила во Атина во 590-тата година пред нашата ера.rn

    5. Аларм за будење

    rnФилозофот Платон е првиот човек кој направил „машина за будење“. Имено, на Платон му бил потребен аларм односно будилник кој навреме ќе го будел за неговите утрински предавања. Токму затоа и смислил справа која работела на принципот на движење на водата низ една чинија со што се произведувало пискав звук, доволно силен за да го разбуди.

  • 3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драми

    3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драми

    Пред точно 400 години згаснал животот на најблескавата ѕвезда на англиското книжевно небо – Вилијам Шекспир. Но, тој иако веќе 4 века не гази по Земјиното тло, неговите дела сè уште живеат и се повеќе од присутни во уметноста на современото општество. За тоа е заслужна неверојатната способност за метаморфоза што ја имаат делата на овој великан на англиската драма. Тоа значи дека размислувањата за љубовта, предавството, неправдата и одмаздата што Шекспир ги изложил на уникатен и неповторлив начин имаат валидно значење и примена и ден денес иако поминало толку многу време.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrnrnТоа најдобро може да се согледа од неговото влијание врз современата уметност било да се работи за театар, филм, литература или сликарство. Сигурно ќе се изненадите ако дознаете дека токму вашиот омилен филм се базира на некоја од Шекспировите драми. Ова се трите филмски хитови кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани токму од големиот Шекспир:rn

    1. Таа е момче (She’s The Man)

    rnИнспирирано од: „Дванаесеттата ноќ“rnrnПроменете го само бродоломот со тргнување во ново училиште и Шекспировата приказна за промена на полот, маскирање и љубовни триаголници станува соодветна за новата генерација.rnrnВо оригиналната комедија од Шекспир, младата Виола се разделува од нејзиниот брат близнак откако ќе доживеат бродолом и се маскира во младото момче Цезарио. Во текот на нејзината глума таа се заљубува во богатиот војвода, кај кого исто така почнуваат да се раѓаат чувства за Виола.rnrnАманда Бајнс ја презема улогата на Виола во оваа адаптирана средношколска верзија и се претставува како нејзиниот брат за да може да игра во машкиот фудбалски тим. Можеби филмот не го постигна предвидениот успех, но секако не можеме да го обвиниме Шекспир за тоа.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrn

    2. Кралот лав (The Lion King)

    rnИнспирирано од: „Хамлет“rnrnСуштината на приказната и неколкуте клучни моменти остануваат непроменети, само заменете ја Данска со африканска савана и луѓето со животни (претежно лавови). Нормално е да не се забележи врската помеѓу „Хамлет“ и „Кралот Лав“ бидејќи не може на Шекспир целосно да му се препише идејата за „лошиот чичко“.rnНо, секој љубител на театарот ќе може да ги направи следниве паралели: Гордиот крал (Муфаса) е „случајно“ убиен од неговиот злобен и алчен брат (Скар), и по некое време надвор од кралството, принцот кој е вистинскиот престолонаследник (Симба), се враќа назад за да ја обелодени вистината.rnrnВо филмот дури е прикажан и духот на Муфаса, како и зборлестите пријатели на Симба, Тимон и Пумба (односно Розенкранц и Гилденстерн според оригиналот).rnrnИако оваа адаптација е збогатена со музички елементи и среќен крај, сепак јасно е дека се работи за „Хамлет“.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrn

    3. 10 работи што ги мразам кај тебе (10 Things I Hate About You)

    rnИнспирирано од: „Скротувањето на фуријата“rnrnМладата Бјанка бара партнер за матурската вечер, но родителите не дозволуваат да оди без нејзината постара, посериозна и „поздодевна“ сестра Кет. И кое е решението? Да се најде партнер и за неа.rnrnИдејата на овој филм е многу едноставна: Направи средношколска романтична комедија со што повеќе убави луѓе и тинејџерите можеби и ќе успеат да изгледаат една драма на Шекспир. Планот се покажа како успешен најверојатно поради тоа што самиот филм беше добар и поткрепен од неоспорливите таленти на Хит Леџер и Џесика Стајлс.rnrn3 познати филмови кои не сте знаеле дека се базираат на Шекспировите драмиrnrnТука доаѓаме до еден неверојатен заклучок: Вилијам Шекспир е главниот виновник за создавањето на филмскиот жанр средношколска комедија.

  • Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter’s War)

    Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter’s War)

    Долго пред Снежана, лошата кралица имала друг ривал – нејзината сестра, Фреја, која по смртта на Равена станува уште поголема закана за светот!

    rn(1) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)Режија: Седрик Николас ТројанrnrnУлоги: Крис Хемсворт, Џесика Честеин, Шарлиз Терон, Емили БлантrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnПремиера: 21 април 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: авантура, драма, акцијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСе сеќавате на филмот „Снежана и ловецот“? Станува збор за еден вид продолжение на истиот, кој нè води назад во минатото (пред првиот дел), а потоа повторно во сегашноста (после првиот дел) и ни ја раскажува приказната за ловецот и неговото патување низ животот и љубовта. Овој пат, во центарот на настаните се наоѓа Фреја (Емили Блант), која е малку пофина сестра на злобната кралица Равена (Шарлиз Терон).rnrn(2) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (3) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)rnrnНејзиното срце било скршено, па овој трагичен настан во неа разбудил неверојатни ледени моќи кои ќе ја инспирираат да го напушти својот дом и да изгради ледено кралство на северот. Ако го тргнеме настрана фактот дека нема Снешко што зборува, ве потсетува оваа приказна на нешто? Да се вратиме назад на филмот. Со цел да освои повеќе земји, Фреја регрутира и тренира армија од ловци, вклучувајќи ги и заљубените Ерик (Крис Хемсворт) и Сара (Џесика Честеин). Но, бидејќи романсата не е дозволена во оваа ледена земја, Фреја решава да ги измами и раздели.rnrn(4) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (5) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)rnrn7 години подоцна, откако Ерик ќе ѝ помогне на Снежана при убивањето на Равена (за оваа приказна треба да го гледате првиот дел), тој и Сара повторно се сретнуваат, и со помошта од неколку будалести џуџиња, тие ќе се обидат да ја спречат Фреја да го земе магичното огледало и да дојде до уште поголема моќ од нејзината сестра. Па, дали овој филм вреди да се гледа? Секако дека да. Најмногу поради фактот што имаме неверојатен тим актери на едно место, кои брилијантно ги оживуваат своите ликови. Дали би кажале дека е најубавиот филм од сите? Дефинитивно не, но е доволно добар за да одвоите малку време со цел да се опуштите и да се изгубите во неверојатните специјални ефекти…rnrn(6) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (7) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)

  • ТВ серија: Задржување (Containment)

    ТВ серија: Задржување (Containment)

    Застрашувачки вирус се шири низ Атланта, убивајќи ги сите заболени за само неколку денови

    rn(1) ТВ серија: Задржување (Containment)Главни улоги: Дејвид Гееси, Крис Вуд, Кристен Гатауски, Клаудија БлекrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Џули ПлекrnrnПремиера: 19 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПрвата епизода започнува со неколку минути од 13-от ден по појавата на застрашувачкиот вирус во Атланта. На улиците владее комплетен хаос, луѓе трчаат на сите страни, обидувајќи се да се тргнат настрана од заболените, полицијата се обидува да воведе ред, неуспешно, можеме да видиме и како некои плачат за починатите, а други бараат помош за оние кои се едвај живи. Брзо потоа приказната нè враќа назад, за време на 1-от ден, покажувајќи ни како започнало сè, притоа запознавајќи нè и со главните ликови и нивната историја.rnrn(2) ТВ серија: Задржување (Containment) (3) ТВ серија: Задржување (Containment)rnrnПостои причина зошто оваа ТВ серија се вика „Задржување“. За разлика од другите приказни со епидемија, овој пат не се соочуваме со спречување на вирусот пред да биде доцна. Во оваа серија работите брзо бегаат од контрола и сè што останува да се направи е да се изолираат заболените и сите околу нив од останатите, осудувајќи ги оние кои ќе останат во епицентарот на сигурна смрт. Од друга страна пак, како што дејството се развива, така сфаќаме и дека можеби причината за појавата на овој вирус не е случајна. Со оглед на тоа што нултиот пациент доаѓа од Сирија, само еден ден пред вирусот да удри во полн ек, би рекле дека е преголема коинциденција ако не станува збор за биолошко оружје.rnrn(4) ТВ серија: Задржување (Containment) (5) ТВ серија: Задржување (Containment)rnrnПриказната почнува да се развива побавно одошто би очекувале за ваков вид серија, но без сомнение таа содржи голем потенцијал. Станува збор за драма со детално разработени ликови и приказна која става акцент на љубовта и блиските кои се разделени од електрична ограда. Па, доколку сте расположени за постапокалиптично сценарио со застрашувачки вирус кој разорува сè пред себе, тогаш без сомнение треба да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија.

  • Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)

    Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)

    Одлична верзија на добро познатата приказна за Могли – детето од џунглата

    rn(1) Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)Режија: Џон ФавроrnrnУлоги: Нил Сети, Бен Кинглси, Бил Муреј, Идрис Елба, Кристофер Вокен, Скарлет ЈохансенrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnПремиера: 14 април 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: авантура, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка:  [ratings]rnrnrnrnЗа многумина, идејата на Дизни да направи нова верзија од „Книга на џунглата“ беше неприфатлива. Сепак, по добро познатиот филм од 1967-ма година, кој е еден од најсаканите приказни во историјата на Дизни, никој не веруваше дека можеме да добиеме подобра приказна. За тоа воопшто не ни помагаа ни различните акциски филмови и алтернативни верзии кои беа пречекани со ладен одговор во текот на изминативе години. Но, изгледа овој пат тие се надминаа себеси во претставувањето на Могли на големото филмско платно, носејќи ни детално изработен 3Д филм со неверојатни специјални ефекти, надополнети со моќна приказна.rnrn(2) Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)rnrnНа почетокот имаме можност да го видиме Могли (Нил Сети) како шета низ шумата со црниот пантер Багира (Бен Кинглси) и потоа како си игра со малите волчиња, давајќи ни замисла дека филмот ќе биде сладок и сентиментален, исто како што се голем дел од останатите анимирани филмови. За среќа, со самото појавување на страшниот и со лузни Шир Кан (Идрис Елба), кој бара одмазда, расположението веднаш се менува. Сè што размислува овој тигар е како да го убие малото момче, бидејќи верува дека не постои друг начин да добие правда.rnrn(3) Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)rnrnЕден од најдобрите нешта кај овој филм е фактот што портретите на животните изгледаат толку реално, што на момент добиваме чувство како да станува збор за историски документарец. Во секое нивно движење, вие можете да ги забележите дури и најмалите поместувања на нивните мускули. Исто така, овој пат се соочуваме со потемен филм од оној во 1967-ма година. Патувањето на Могли кон разрушениот храм, кое е против неговата волја, ќе биде попречено од дебелиот орангутан Кинг Луи (Кристофер Вокен), кој изгледа како лик извлечен од хорор филмовите. Истото можеме да го кажеме и за сцената кога момчето ќе биде хипнотизирано од питонот Каа (Скарлет Јохансен). Не постои ништо удобно ни во околината, ниту пак во временските услови…rnrn(4) Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)rnrnНо, тоа што најмногу се издвојува е токму перформансот на Нил Сети. Младиот актер без сомнение има неверојатен талент, бидејќи ретко кој може да го оживее својот лик на начинот на кој тој успеа. Станува збор за филм кој не било лесно да се направи. За секој кадар биле потребни недели да се завршат, но можеби токму насоченоста кон деталите е тоа што доведе до успехот на овој филм. Па, доколку сте расположени да се дружите со Могли и неговите пријатели животни во шумата, тогаш без сомнение треба да го гледате овој филм. Не само што целосно ќе се внесете во приказната, туку на моменти ќе се вратите и назад во вашето безгрижно детство, кога сте ја гледале првата верзија од оваа приказна.rnrn(5) Филм: Книга на џунглата (The Jungle Book)