КАФЕ ПАУЗА

Tag: стрес

  • Што треба да направите за вашата врска да ги „преживее“ празниците?

    Што треба да направите за вашата врска да ги „преживее“ празниците?

    Празниците може да бидат многу стресен период затоа што сакаме сè да биде точно онака како што сме си замислиле. Си ветивте себеси дека оваа година празниците ќе бидат прекрасни. Ќе пронајдете совршен подарок за вашиот партнер, ќе одвоите повеќе време за вашата посилна половина и ќе создадете убави спомени кои долго ќе ги паметите…rnrnШто треба да направите за вашата врска да ги „преживее“ празниците?rnrnНо, празниците сè уште не се започнати, а вие веќе се скаравте околу украсувањето на елката?rnrnИако кавгата околу украсите нема да ја расипе врската, може да го уништи убавото расположение за време на празниците. Немојте да правите големи промени што не се функционални за вас, само затоа што така прават другите парови. Тие се уникатни и сакаат да бидат такви какви што се.rn

    Не заборавајте да разговарате

    rnТоа е навидум смешен, но многу важен совет. Во целиот стрес, потсетете се дека вашиот партнер (сè уште) нема способност за телепатија, па не може да предвиди што се случува во вашата глава. Затоа гласно кажете му што сакате, а што не. Избегнувајте проблеми и не си замерувајте меѓусебно за ситници, бидејќи од тоа може да произлезе голем проблем што ќе започне кога партнерот ќе заборави да отиде во продавница.rn

    Вежбајте трпеливост и прилагодување

    rnКолку побрзо ќе сфатите дека нема сè да оди според вашите планови, толку е полесно ќе ви биде. Искористете го периодот како можност за вежбање трпеливост. Се разбира, свекрвата (повторно) ќе има свои предлози за божиќна вечера, а украсувањето на дневната соба ќе трае подолго отколку што очекувавте. Но сепак, не дозволувајте тоа да ви го расипе расположението. Исто така, бидете подготвени да ги прилагодите вашите планови, што не значи дека нема да имате убаво поминато време. Дури и ненајавените гости, подготвувањето поинаков десерт и доцната вечера се работи кои навистина може да ве изненадат.rn

    Одвојте време за себе

    rnВо целата празнична бркотница, одвојте малку време и за вас. Договорете се да излезете во вашето омилено кафуле или одредете ден во неделата кога ќе ги исклучите телефоните и заедно со партнерот ќе гледате божиќни филмови. Не мора да повторуваме дека сите имаме прилично збиен распоред, но знаете како велат: Имаме време само за тоа што самите ќе избереме да го направиме.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа што открива заедничкото позирање пред објективот за вас и вашиот партнер?

  • Зошто најблиските често се „жртви“ на нашиот стрес?

    Зошто најблиските често се „жртви“ на нашиот стрес?

    Дури и кога сакаме да имаме совршен викенд со семејството се случува за нешто да се изнервираме и да им викаме на најблиските, без да го сакаме тоа. За илустрација, во продолжение прочитајте една „сцена“ од нашите животи.rnrnНашите најблиски често на дофат на нашиот стресrnrnВикендот е време за чистење. Ќе ја средите куќата, ќе ги наместите сите нешта како „под конец“ и ќе сварите кафе. Ќе го повикате и сопругот да ви се придружи. Тој ќе посегне по кафето и… Ќе го истури! Тоа ќе ви го „крене“ притисокот и ќе почнете да му викате. Тој ќе ја подигне шолјата и уредно ќе исчисти зад себе, не велејќи ништо.rnrnДа му се случеше ова на некој гостин, кој ништо не ви значи во животот, сигурно ќе му кажевте да не се вознемирува и ќе исчистевте.rnrnТоа се тие апсурди.rnrnМногу често нашите лични стресови ги „лечиме“ викајќи им на најблиските, кои ги сакаме најмногу. А, се трудиме да бидеме пристојни кон некои не толку значајни луѓе, дури и кон оние што нè нервираат.rnrnА не треба и не смееме да правиме така. Нашите најблиски не го заслужуваат тоа. Затоа следниот пат кога ќе се случи некој вообичаен „испад“, избројте до 10 и сетете се дека ништо не е поважно од вашите сакани!rnrnДоколку сакате може да ги дознаете и 7-те суптилни знаци дека можеби сте зависни од стрес.rn

  • На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

    На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

    Сите понекогаш имаме лоши денови кога ништо не ни оди „од рака“ и едвај чекаме да завршат. Но, никој не сака лошиот ден да се претвори во лоша недела, месец или година. Затоа „стегнете заби“ и соочете се со предизвиците на лошиот ден.rnrnНа кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?rnrnАко сметате дека астрологијата влијае на вас, тогаш начинот на кој секој хороскопски знак се справува со лошиот ден, зависи од ѕвездите.rnrnНемојте да дозволите лошиот ден да влијае лошо на вас и вашиот живот. Лошите денови нека ви бидат мотив за уште похрабро да продолжите понатаму.rn

    Овен

    rnОвните имаат позитивен дух, затоа е потребно многу повеќе од еден лош ден за да се изместат од својот колосек. Тие се посветуваат на качување по карпи, велосипедизам или трчање за да го надминат лошиот ден.rnrnВежбањето е природен начин за подобрување на расположението, тоа може да ви помогне да спиете подобро и да се ослободите од стресот. А, што друго ви треба после еден ден поминат во „пеколот“? Овните секогаш наоѓаат начин да го зачувуваат оптимистичкото во себе.rn

    Бик

    rnЗа Бикот да преживее лош ден, треба да ги предизвика своите сетила. Ароматерапијата, масажата, бањата со мирисливи масла или јадењето на некое од омилените јадења ќе направи чуда за неговото расположение.rnrnТој не мора да стори многу за да го надмине лошиот ден, така што лесните работи во кои Бикот не мора да вложи многу напор се најдобри. Ако на ваквиот ден тој сака само да се спружи на каучот и да гледа филмови или серии и тоа е добро решение за него.rn

    Близнаци

    rnАко Близнаците имаат ужасен ден, најдоброто нешто што може да направат е да поминат време со своите пријатели, партнерот или семејството – секој кому му веруваат и од кого добиваат поддршка.rnrnИако Близнаците имаат многу познаници, постојат многу малку луѓе на кои навистина им веруваат, но тие луѓе ним им значат сè и имаат моќ да ги лекуваат со своето присуство.rn

    Рак

    rnАко Ракот има ужасен ден, нивниот прв инстинкт може да биде да полудат уште додека се во кревет и да спијат долго време, а тоа не е лоша идеја. Сепак, повеќе би им користело ако излезат од дома и направат нешто во што навистина уживаат, како одењето на концерт или на театар.rnrnНајдоброто нешто за Ракот не е да се фокусира на тоа што сè тргнало наопаку туку да се насочи на работите што го прават среќен – музиката, природата и нештата што ја инспирираат неговата креативност.rn

    Лав

    rnКога Лавот има ужасен ден, најдобро е да стори нешто за некој друг, како на пример да посети пензионерски дом или да организира некоја добротворна акција.rnrnИако волонтерската работа може да звучи како последното нешто што Лавот би сакал да го направи, помагањето на другите прави тој да се чувствува добро и да пронајде нова перспектива. Покрај тоа, средбите со нови луѓе Лавот го полнат со позитивна енергија.rn

    Девица

    rnКога Девиците имаат лош ден, треба да ги искористат своите аналитички вештини. Ако Девицата го согледа овој ден на практичен начин, без да се обвинува, ќе може да ги види работите јасно.rnrnДевиците најпрво ќе се обидат да поправат сè, но треба да сфатат дека некои работи се недостижни и дека е најдобро само да се откажат од нив. На тој начин тие ќе можат да продолжат понатаму.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

    „За намалување на стресот се доволни десетина минути во кои нема да правите ништо. Но, исто така може да отидете на кафе со пријателката, или на бокс за да ја исфрлите негативната енергија“, вели психологот Љубица Уводиќ Враниќ.

    rnВежба за елиминирање на стресот и опуштањеrnrnСтресот е состојба во која организмот реагира на надворешните и внатрешни надразнувања, и притоа ја пренасочува енергијата кон соочување со опасни ситуации. Иако краткотрајниот стрес е неизбежен во секојдневниот живот, долготрајниот го зголемува ризикот од депресија, агресија, дијабетес итн.rnrnСпоред психологот Уводиќ Враниќ, додека сме под стрес, сите нови потенцијално непријатни ситуации може да се претворат во дополнителна вознемиреност. Притоа, често не е потребно да се случи нешто лошо. Затоа е многу важно да мислиме на превенцијата и да најдеме начин секој ден да се опуштиме.rnrnНачинот на кој се работи на стресот зависи од типот на личноста. На некои им одговара да ја исфрлат негативната енергија на фудбал, бокс или кошарка, додека на некои повеќе им одговараат медитации, односно јога, читање книги и слично.rnrnПонекогаш сме во ситуација да имаме премногу обврски и немаме време или волја за такви активности. Сепак доволно е да се издвои време колку што можеме да уживаме во омиленото хоби или едноставно, да не правиме ништо.rnrnВо тоа време не треба да се јавувате на телефон, да слушате вести или да бидете достапни за најблиските. Тоа може да биде прошетка или слушање музика.rnrnПсихологот Уводиќ Враниќ препорачува едноставни техники кои може да ви помогнат. Една од нив е визуализацијата. Вежбата започнете ја седејќи, најдобро додека сте сами во просторијата.rn

      rn 011

    • Затворете ги очите и вдишете броејќи во себе: 1, 2, 3, 4, така што на 1, 2 задржете го здивот. Издишете броејќи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8.
    • rn 011

    • Повторете го вдишувањето и издишувањето со броењето 16 пати. Рацете може да ги ставите на стомакот, да чувствувате како мрда. Секое издишување треба да трае двапати подолго од вдишувањето.
    • rn 011

    • Замислете ситуација за која сте загрижени и за која мора да се подготвите.
    • rn 011

    • Обидете се да останете мирни и бидете сигурни во себе.
    • rn 011

    • Визуализацијата може да ја повторите повеќе пати, а потоа сите реални случувања веќе нема да ви бидат извор на стрес.
    • rn 011

    • Вежбата може да ја правите секојпат кога пред вас стои некоја нова ситуација за која сте загрижени. Така ќе ги намалите и тремата и стравот од непознатото.
    • rn

    rn

    Ситни работи кои ќе ви ја ублажат напнатоста и ќе ви внесат радост во животот

    rn

      rn 011

    • Разговор и кафе со пријателите, по можност проследено со многу смеа.
    • rn 011

    • Повеќе сон, односно подобра организација на денот, како би заспале порано.
    • rn 011

    • Десетина минути на ден одвоени за опуштање (на пример, за молитва или медитација).
    • rn 011

    • Слушање музика или танцување.
    • rn 011

    • Гледање смешни филмови или програма за животни, готвење (она што го сакате).
    • rn 011

    • Прошетка во природа или низ градот, но без брзање.
    • rn 011

    • Читање интересни книги.
    • rn 011

    • Пишување дневник или писмо на некого, во кое објаснувате како се чувствувате (не мора да го праќате).
    • rn 011

    • Сликање или цртање.
    • rn 011

    • Барајте можност да запознаете нови луѓе, тоа ќе ви донесе нови искуства.
    • rn 011

    • Бидете отворени кон луѓето.
    • rn 011

    • Изразувајте ги чувствата, разговарајте за нив со партнерот или најблиските.
    • rn 011

    • Бидете околу позитивни луѓе, односно избегнувајте ги оние кои постојано се жалат за нешто или се постојано лути.
    • rn 011

    • Потрудете се да се храните здраво и стекнете здрави навики.
    • rn 011

    • Секој ден набројте 5 убави работи кои ви се случиле тој ден.
    • rn

    rnДоколку не знаете дали добро или лошо се справувате со стресот, решете го овој брз психолошки тест и дознајте.

  • Решете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот

    Решете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот

    Овој кус тест ќе ви открие како успевате да се носите со стресот. Сè што треба да направите е да одговорите со „да“ или „не“ на прашањата и потоа да си дадете по еден бод за секој позитивен одговор. Резултатите можете да ги најдете под прашањата. Бидете брутално искрени за да ја добиете најреалната слика!rnrnrnrn1. Често ја занемарувате својата исхрана?rnrn2. Често се обидувате да ги направите нештата сами?rnrn3. Се лутите лесно и често?rnrn4. Често тежнеете кон нереални цели?rnrn5. Често не успевате да го препознаете хуморот во ситуациите коишто им се смешни на другите?rnrn6. Често и лесно се нервирате?rnrn7. Ви се чини дека од сè правите голем проблем, поголем одошто навистина е?rnrn8. Често се жалите дека сте неорганизирани?rnrn9. Имате тенденција да се лутите и да ги чувате емоциите во себе?rnrn10. Често го запоставувате вежбањето?rnrn11. Имате премалку квалитетни односи со членовите од семејството и пријателите?rnrn12. Често премалку се одморате?rnrn13. Често се лутите кога другите ве оставаат да чекате?rnrn14. Често ги игнорирате симптомите на стрес?rnrn15. Често ги одложувате нештата за подоцна?rnrn16. Често мислите дека има само еден, правилен начин на правење на нештата?rnrn17. Често не успевате да издвоите време за опуштање во текот на денот?rnrn18. Сметате ли дека поминувате премногу време жалејќи се на минатото?rnrn19. Имате чувство дека претрчувате преку денот?rnrn20. Се чувствувате ли често дека сте неспособни за сè што морате да направите?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да ги откриете резултатите!” active=”false”]rnrnОд 1 до 6 бодови – Вие најчесто немате проблеми со стресот.rnrnОд 7 до 12 бодови – Прилично лесно го контролирате стресот.rnrnОд 13 до 17 бодови – Вие сте во близина на зоната на опасност, бидете внимателни!rnrnНад 18 бодови – Вие сте под хроничен стрес, време е за промени!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn 

  • Дали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?

    Дали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?

    Дали сте на мисија да ги елиминирате стресот и анксиозноста од вашиот живот? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш не сте единствени. Луѓето ширум светот моментално се опседнати со оптимизирање на менталното здравје, со цел да се чувствуваат постојано добро.rnrnДали е време да ја смениме нашата перспектива во врска со стресот и анксиозноста?rnrnНо, дали оваа желба за ослободување од стресот и анксиозноста води кон намалување на менталното здравје? Според неодамнешната презентација на годишната конвекција на Американското здружение на психолози, одговорот е ДА. Всушност, психологот Лиса Дармур, која ја водела презентацијата, мисли дека е време да се смени нашата перспектива за стресот и анксиозноста и улогата што тие ја играат во нашиот живот.rnrnЗошто? Кој не би сакал да живее живот без стрес? Според Дармур, стремењето кон живот ослободен од грижи е рецепт за неуспех, бидејќи некои стресови и анксиозност се неизбежни.rn

    „Сакаме да ја поддржиме благосостојбата, но не се стремете кон живот во кој сакате постојано да сте среќни. Ова е опасна идеја, бидејќи е непотребна и недостижна“, објаснила таа. “Кога правиме грешки, нашето ментално здравје се развива. Многу луѓе во денешно време чувствуваат стрес поради чувствувањето стрес и имаат анксиозност поради имањето анксиозност“, вели Дармур.

    rnСпоред Дармур, одредена доза стрес всушност може да биде добро за нашето здравје.rn

    „Важно е да се разбере дека стресот може да резултира како од лошите, така и од добрите настани“, додава Дармур.

    rnВсушност, стресот често е од нашите најдобри времиња, како на пример, кога ќе го донесеме бебето за прв пат во домот. Дармур ги охрабрува психолозите да разговараат со своите пациенти дека умереното ниво на стрес може да има позитивна функција која води до подобра од просечната отпорност кога се соочуваме со нови тешкотии. Со други зборови, малото потурнување на самите нас може да нè направи поотпорни, само не сакаме да се турнеме многу далеку, бидејќи тоа може негативно да се одрази на нашата среќа и менталното здравје.rnrnПа, како да си дозволиме умерен стрес и анксиозност во нашите животи, без да изгубиме контрола? Според Дармур, секогаш е добра идеја да се работи со терапевт кој може да помогне при воспоставување на целта за контролирањето на стресот, наместо негово избегнување.rnrnДруг метод за контрола на стресот и анксиозноста е самосвесноста.rn

    „Во последните години, техниките за самосвесност се покажаа како ефективен пристап во ослободувањето на стресот и анксиозноста“, вели Дурмур.

    rnПраксата на самосвесност вклучува медитација, водење дневник, јога или вежби за длабоко дишење.rnrnПрочитајте и како да станете отпорни на стресот и да ги зачувате вашите мир и здравје?

  • Како да го намалите прекумерното потење на природен начин?

    Како да го намалите прекумерното потење на природен начин?

    Дебелина. Акни. Првут. Настинка. Сите овие вообичаени проблеми имаат нешто заедничко – тие се видливи и срамни. Но, што е уште посрамно од ова? Неочекуваниот одговор е дамки од пот на облеката. Иако сите не се согласуваат дека прекумерното потење е најлошото нешто од горенаведените работи, многу луѓе кои го искусиле ова, знаат колку може да биде вознемирувачко чувството.rnrnКако да го намалете прекумерното потење на природен начин?rnrnНутриционистот Рик Хеј открива дека прекумерното потење настанато од високите температури или стрес, можете да го намалите со употреба на природни лекови.rnrnТој советува да се консумира витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот кој предизвикува зголемено потење, но исто така препорачува и да се намали консумирањето алкохол и кофеин. Покрај овие работи, Хеј препорачува да се консумира лесна храна и овошје, како грозје и лубеница, кои организмот може побрзо да ги свари.rn

    „Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често, кога се потиме, стануваме нервозни поради дамките од пот кои се создаваат на облеката. Тогаш уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и сме изложени на стрес. Сето ова води до прекумерно потење“, вели Хеј.

    rnВитаминот Б има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат важна улога во реакциите на стрес. Кога сме под стрес, овој хормон работи интензивно. Неколку студии покажале дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат во регулирање на стрес.rnrnМагнезиумот исто така е „борец“ против прекумерното потење, бидејќи доколку немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола врз отворањето и затворањето на порите од кои произлегува потта. Магнезиумот помага да се навикне организмот на секојдневниот стрес.rn

    „Кога се потиме, губиме многу магнезиум од телото. Тоа води до зголемено потење, па затоа потребно е да се надополни. Јадете зелен зеленчук, ореви и семки за да ја обновите залихата со магнезиум, а јајцата на око и пивскиот квасец за витаминот Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат да се регулира потењето“, додава тој.

    rnХеј жените во менопауза ги советува да го користат растението шисандра, кое го регулира ноќното потење.rn

    „Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеницата, грозјето, дињата, но и во краставицата, целерот и ротквиците“, препорачува Хеј.

    rnИсто така, не ја потценувајте моќта на жалфијата, која го решава овој проблем со години наназад. Таа е природен извор на флавоноиди и полифеноли, што ја прават големо антиоксидантно и антибактериско средство.rnrnДознајте повеќе и што всушност можат да значат вашите проблеми со потењето?

  • 4 знаци на предупредување дека го запоставувате вашето здравје

    4 знаци на предупредување дека го запоставувате вашето здравје

    Благодарение на наметнатото темпо и забрзаниот начин на живот, често ние и нашето здравје се последната работа за која се грижиме, а тоа во комбинација со секојдневниот стрес посебно се одразува на нашиот организам и тело. Здравјето е скапоцено и многу е подобро кога би знаеле да го сочуваме. Ако тоа се запоставува ќе се соочиме со низа последици што не се најпосакувани. Постојат некои показатели кои даваат јасен знак дека е време нешто да се промени – ако ги забележите, јасно ставаат до знаење дека неправедно сте го запоставиле сопственото здравје.rnrnrnrn

    1. Постојано чувствувате исцрпеност

    rnАко секојдневно се чувствувате исцрпени иако доволно спиете, вашето тело ви испраќа јасни знаци дека нешто негативно влијае на вашиот баланс. Кога ќе го забележите овој симптом на нерамнотежа во вашиот организам, преиспитајте го начинот на живот и потрудете се да воведете здрави навики што ќе ја подобрат вашата рутина.rn

    2. Нездраво се храните

    rnВо последно време посегнувате по брза храна и речиси и да не се сеќавате кога последен пат јадевте нешто свежо и здраво што ќе ве закрепи? За да го промените ова, да го освежите организмот и да се наполните витамини, пробајте да ја смените вашата исхрана и да јадете барем еден оброк кој во себе содржи свежо овошје и зеленчук. Здравата исхрана позитивно ќе влијае на вашето расположение, на вашата исцрпеност и симптомите на замор.rn

    3. Постојано сте напнати

    rnСекојдневно се борите со големо количество стрес и недефинирани чувства додека напнатоста расте од ден во ден. Запрете и преиспитајте се, обидете се да ја пронајдете причината за вашата напнатост. Потоа постепено заштитете се од негативното влијание и пронајдете начин да се опуштите и да ги олесните вашите мисли за во вашиот живот да има место за дневна доза позитивизам.rn

    4. Ви недостига физичка активност

    rnФизичката активност е многу важна за вашето ментално и физичко здравје бидејќи покрај нејзиното позитивно влијание на состојбата на организмот дополнително помага и при ослободувањето од стрес. За да се чувствувате здраво, полетно и енергично, потребно е секојдневно да издвојувате барем малку време за омилената физичка активност.rnrnДознајте и кои се 6-те нови трендови кои му штетат на вашето здравје.

  • Бои во домот со кои ќе се ослободите од негативната енергија

    Бои во домот со кои ќе се ослободите од негативната енергија

    Бојата може да биде прекрасна алатка за претворање на вашиот дом во помалку стресна и помирна околина. Сепак, домот е нашата оаза на мирот, место каде што можеме да се опуштиме и да се одмориме. Енергијата во нашиот дом влијае врз нашата енергија, па затоа мора да се ослободиме од сета негативност и да креираме место во коешто ќе можеме да се релаксираме.rnrn(1) boi-vo-domot-koi-ja-osloboduvaat-negativnata-energija- www.kafepauza.mkrnrnМногу истражувања ја потврдиле теоријата дека боите влијаат на нашето расположение. Експертите препорачуваат неколку нијанси на бои кои треба да ги внесеме во нашиот дом за да се чувствуваме убаво и релаксирано. Во продолжение погледнете кои бои се одлични за во домот, и какво влијание имаат на нас:rn

    Сина

    rnСината боја е нежна, пријатна и помага за смирување на умот, ублажување на анксиозноста, намалување на притисокот, па дури и во забавување на срцебиењето. За да постигнете ваков смирувачки ефект, одберете мека и светла нијанса на сина боја за во спалната или дневната. Доколку не сте дома, а се чувствувате вознемирено, гледајте во небото и ќе се опуштите. Можеби ќе добиете некоја инспирација од природата за уредување на домот!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

    rnrn

    rnrn

    Зелена

    rnСпоред истражувањата, луѓето кои се наоѓаат во зелена просторија се посмирени од оние коишто се наоѓаат во црвена. Добро познато е дека црвената боја предизвикува стрес, додека зелената релаксира. Експертите велат дека зелената боја со светложолти или крем нијанси, релаксираат најмногу од сите бои. Инспирација за прекрасни зелени нијанси исто така можете да пронајдете во природата и да ги вметнете во вашиот дом за да се ослободите од стресот и негативната енергија.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

    rnrn

    rnrn

    Розова

    rnСо оваа боја треба да бидете внимателни. Живописните и силни нијанси на розовата можат да го зголемат стресот, исто како и црвената боја. Додека пак пастелните нијанси кои одат накај бела боја имаат смирувачки ефект. Со овие нијанси вашиот дом ќе изгледа нежно и женствено, па доколку ова е ваш стил, опкружете се со розови нијанси и уживајте!rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

    rnrn

    rnrn

    Бела

    rnНема никакво изненадување што белата боја се наоѓа на листата на смирувачки бои. Како и горенаведените бои, белата го намалува стресот, па затоа ви е неопходна во вашиот ентериер. Одберете чиста бела боја без да ја комбинирате со темни нијанси и темен мебел. Можете да ја внесете и во бањата за целосна релаксација додека уживате во топла, миризлива купка. Вакво освежување ќе ви годи во секоја смисла.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on

    rnrn

    rnrnrnДознајте дали Го имате ова во вашиот дом? Внимавајте бидејќи може да ослободува негативна енергија!

  • 6 хороскопски знаци кои се родени постојано да се грижат

    6 хороскопски знаци кои се родени постојано да се грижат

    Повеќе не нè изненадува тоа што нашиот хороскопски знак влијае на секој аспект од нашиот живот, како и на проблемите и грижите. Астролозите велат дека личностите кои се родени во овие 6 хороскопски знаци, од моментот на отворање очи па до крајот на денот, тие се загрижени и не можат да си замислат ниту еден ден без грижи и стрес.rnrn(1) 6-znaci-vo-astrologijata-koi-se-rodeni-so-nagolema-zagrizhenostrnrnРазбирливо е кога некој сака да биде добар во сè, но многу често желбата за перфекција носи исцрпеност, особено кога нашиот мозок станува уморен од претерана грижа. Токму тоа и им се случува на овие знаци. Дознајте дали и вие сте едни од нив.rn

    1. Водолија

    rnВодолиите се познати по остриот ум кој е способен брзо да размислува и интелигентниот поглед кон светот. Но, токму поради „брзиот ум“, често и непотребно создаваат најразлични теории во главата. Секако овие теории за многу брзо време прераснуваат во грижи, при што Водолиите се соочуваат со имагинарни проблеми.rn

    2. Девица

    rnОсновниот извор на грижи кај Девиците е нивниот перфекционизам. Тие се навикнати да ги држат конците во свои раце, па кога нешто ќе им се провлече од контрола, тие често влегуваат во проблеми. Сепак, Девиците се специфични по тоа што можат да се соочат со секој проблем и успешно да продолжат понатаму.rn

    3. Близнаци

    rnСо оглед на тоа дека нивните мисли летаат од една на друга тема и немаат фиксиран фокус, за Близнаците секој проблем е нерешлив. Бидејќи многу тешко можат да ги согледаат работите јасно, тие се чувствуваат како да се наоѓаат во маѓепсан лавиринт.rn

    4. Стрелец

    rnПоради големиот број опции и лоши избори, Стрелците живеат во страв од донесување конечни одлуки. Тие постојано се преиспитуваат за да не направат грешка. Но, тоа премислување дополнително ги исцрпува.rn

    5. Скорпија

    rnСкорпиите се затворени и емотивно чувствителни личности, па својата ментална енергија најмногу ја трошат на анализирање на луѓето и нивните односи, сè со цел да не случајно бидат повредени.rn

    6. Јарец

    rnЈарците постојано ги преиспитуваат сите чекори кон посакуваната цел, а секоја потенцијална грешка, особено во планот на кариерата, ги чини многу нерви.rnrnПрочитајте повеќе и за овие 3 хороскопски знаци што не поднесуваат да бидат сами.