Не можеме да негираме дека стресот е нормален дел од животот, а периодот на бременоста не е исклучок. Научниците тврдат дека стресот во текот на бременоста влијае на интелигенцијата на детето и неговиот развој, а може да предизвика и други проблеми подоцна во животот. Дознајте дали навистина стресот е толку штетен за неродените бебиња.rn
1. Стресот може да предизвика предвремено раѓање и мала тежина
rn
rnrnЗдравјето на детето е најголемата грижа на секоја идна мајка, а ова предизвикува стрес. Иронично е што првото нешто што треба да го направите за доброто на вашето дете е да се смирите. Неспособноста да се справите со стресните ситуации може да предизвика предвремено раѓање и мала тежина. Стресот го зголемува производството на хормонот CRH. Кај идните мајки, овој хормон влијае на должината на бременоста и созревањето на фетусот. Колку е повисоко нивото на хормонот, толку порано ќе почне породувањето. Изненадувачки е што најважно е првото тримесечје. Предвременото раѓање е предизвикано од покачување на хормонот поради стрес во првите недели од бременоста.rn
2. Има влијание на коефициентот на интелигенција и развојот на мозокот
rn
rnrnНаучниците откриле дека високото ниво на кортизол може да го намали коефициентот на интелигенција кај детето. Нормално, плацентата произведува ензими што го разградуваат кортизолот, но таа не може да се справи со хормонот доколку стресот е интензивен или трае подолго.rnrnИсто така се покажало дека стресот во текот на бременоста може да влијае на мозочниот развој. Многу истражувања покажале дека центарот за стрес е еден од првите кои се развиваат кај детето. Ова значи дека фетусот е чувствителен на стресот на мајката уште на почетокот.rn
3. Може да предизвика проблеми со спиењето
rn
rnrnРасположението на мајката не влијае само на развојот на фетусот, туку и на спиењето. Едно истражување открило дека стресот влијае на времето за спиење кај бебињата. Научниците проучувале бебиња на возраст од 6, 18 и 30 месеци. Се покажало дека децата чии мајки имале анксиозност за време на бременоста, имале проблеми со спиењето на 18 и 30 месеци. Ова се случува поради кортизолот кој минува низ плацентата и влијае на делот од мозокот кај бебето којшто е одговорен за спиењето.rn
4. Стресот во бременоста може да предизвика проблеми со здравјето на бебето
rn
rnrnИстражување од 2011-та година потврдило дека стресот на мајката влијае на здравјето на детето. Децата кои страдале од стрес во матката биле изложени на поголем ризик од инфекција на увото и ментални нарушувања. Други проблеми кои се појавиле биле со очите, дигестивниот систем, респираторниот систем, кожата и слично. Исто така стресот може да предизвика и појава на алергии и астма. Стресот бил поврзан и со дефицит на внимание и се покажало дека неговото влијание е посилно од она на цигарите во текот на бременоста.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

rnrnНервниот слом може да настане поради стрес или анксиозност чија причина можат да бидат разни аспекти – работно место, врски или финансии. Ова се симптомите кои укажуваат на нервен слом и кои не смеете да ги игнорирате.rn
rnrnПоради тоа, важно е добро да се грижите за себе и да направите одмор кога тоа ви е потребно. Патувањето е секогаш одлична идеја, па погледнете како да организирате одмор без стресrn

rnrnМногу луѓе сметаат дека мајките со повеќе деца се изложени на повеќе стрес. Ако имате едно дете, немате многу грижи, зарем не? Со повеќе деца, мајките имаат повеќе обврски. Повеќе деца значат повеќе оброци, повеќе домашни, повеќе садови… Па, нормално е да сметате дека големиот број деца предизвикува повеќе стрес.rnrnНо, се открило дека ова е само мит. Стресот на мајките не функционира како што си замислуваме. Имањето повеќе деца не мора да значи дека нивото на стрес кај мајката е поголемо.rnrnВо 2013-та година било спроведено истражување со цел да е открие нешто повеќе за родителите и причините за нивниот стрес. Истражувањето се одвивало во САД, а во него учествувале 7.164 мајки.rnrnИстражувањето било фокусирано на стресот кај мајките, но резултатите покажале и други интересни информации. Овие информации не биле тоа што го очекувале истражувачите. Мајките биле прашани по колку деца имаат, а ова било клучно за нивото на стрес кај нив.rnrnИзлегло дека мајките кои имаат три деца се изложени на најмногу стрес. Овој резултат е во споредба со мајки го имаат едно, две, четири или повеќе деца.rnrnНормално, мајките со три деца имаат многу повеќе обврски, но навистина е чудно што се изложени на повеќе стрес за разлика од мајките кои имаат над четири деца.rnrnПсихијатарот Џенет Тејлор ги објаснила овие изненадувачки резултати од истражувањето. Проблемот е што мајките со три деца сè уште се надеваат на совршеност. Многу од нив сакаат да ги одгледаат децата на одреден начин. Штом мајката има четири или повеќе деца, брзо почнува да сфаќа дека совршеноста што ја сака можеби е нереална. Поради ова, мајките со повеќе деца се поопуштени.rnrnОва не значи дека тие не се добри родители. Овие жени веќе го имаат потребното искуство и знаат да се справат со речиси секоја ситуација. Се разбира, не сите мајки го доживуваат ова, но се случува многу често.rnrnИстражувањето открило и која е причината за стресот кај мајките. Ова е резултат во кој сигурно би се препознале доколку сте мајка. Од 7.164-те мајки кои биле интервјуирани, 72% од нив биле под стрес поради нивниот стрес. 60% од нив биле загрижени дека немаат доволно време во текот на денот за да ги завршат сите обврски.rnrnСамо затоа што мајките со три деца чувствуваат најмногу стрес, не значи дека вашиот стрес не е реален. Одгледувањето деца воопшто не е лесно. Па, обидете се да се опуштите секогаш кога имате време за тоа.rnrnДали знаевте дека 

rnrnИсхраната со едноставни јаглехидрати не се препорачува никому, особено не на луѓето со дијабетес. Најчесто ова се продукти што содржат шеќер и бело брашно, брзо се дигестираат и пружаат краткотрајно задоволство. Ограничете го внесот на едноставните јаглехидрати за да го намалите стресот и да се ослободите од вишокот килограми.rn
rnrnПортокалите се богати со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и го намалува лачењето на стрес хормоните. Истражувањата покажале дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок, го намалува лачењето на кортизол и го забрзува метаболизмот. Портокалите се одлични и во борбата против целулитот.rn
rnrnНедостатокот од магнезиум може да предизвика замор, честа одлика на стресот. Една порција спанаќ има доволно магнезиум за цел ден. Покрај тоа спанаќот има многу хранливи влакна кои го намалуваат чувството на глад.rn
rnrnЗа да го намалите стресот, потребно е да внесувате доволно омега 3 масни киселини кои ги има во рибата. Овие здрави масти го спречуваат лачењето на стрес хормоните и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и депресија. Покрај тоа, рибата е одлична во борбата против килограмите. Протеините и мастите ќе го намалат чувството на глад и желбата за ужина. Се препорачува да консумирате риба барем два пати неделно.rnrnПродолжува на 
rnrnОвој продукт ќе ви помогне да се ослободите од непривлечните темни кругови под очите и ќе го освежи вашето лице.rn
rnrnСекогаш со себе имајте термална вода. Кога ќе почувствувате замор, едноставно испрскајте го и освежете го вашето лице. Веднаш ќе се чувствувате побудно и одморено.rn
rnrnОвие маски се нанесуваат пред спиење и се оставаат на лицето во текот на целата вечер за да делуваат. Кога ќе се разбудите, кожата на вашето лице ќе биде здрава и блескава, а вие ќе изгледате наспано и одморено.rnrnДали знаете кои се 
rnrnСтресот во комбинација со заморот се акумулираат, па последно нешто што ви паѓа на ум се социјалните мрежи. Но, не грижете се, токму за таа цел денес споделуваме со вас сосема „чил“ натписи за вашата следна објава на Инстаграм, така што откако ќе ги прочитате, немате да имате ниедна грижа во глава. Верувале или не, животот ќе си носи сè повеќе обврски, па ваша е одлуката дали ќе решите да одвоите време за „полнење на батериите“. Резервирајте си спа-центар за некој викенд со другарките и погледнете ја омилената театарска претстава.rn
rn
rn
rn
rn