Не дозволувајте животот да ве скрши, побарајте помош навреме…rnrn
rnrnФакт е дека нервниот слом не се случува одеднаш. Стресот и анксиозноста постепено се акумулираат со текот на времето, сѐ додека не дојде до некаков тригер, и тогаш сѐ се распаѓа. Нервниот слом не е медицинска дијагноза, но може да доведе до две состојби: мали кризи и големи проблеми, како што се депресијата и анксиозноста.rnrnОва се знаците кои му претходат на нервниот слом. Ако ги чувствувате мора да се смирите и да побарате помош!rn
1. Постојано мечтаете за нешто
rnСекој од нас има внатрешни механизми за толерирање на стресот кои ни помагаат да издржиме во ситуациите кога сме повредени и во периодите на депресија и анксиозност. Нашите фантазии се дел од тој механизам. Еден дел од нашиот мозок добива сигнал дека ситуацијата е опасна за нас и затоа ни помага да избегаме во светот на фантазиите.rn
2. Немате време за одмор
rnАнксиозноста се внесува во нас како вода во чаша. Ако не ја исфрлите понекогаш, таа ќе прелие. Поради оваа причина, треба да најдете време да се одморите и да се опуштите. Потребно е да одвојувате само по 20 минути на ден за да пешачите или да практикувате длабоко дишење. Вашиот мозок ќе го препознае одморот и тоа позитивно ќе влијае на вашето тело.rn
3. Не можете да донесувате одлуки
rnНе можете да донесете дури ни најмала можна одлука? Време е да се загрижите! Ова е знак дека се сомневате во себе и во вашите способности. Ако го почувствувате ова, време е да бидете грижливи кон себе. Доверете им се на вашите најблиските. Ќе бидете изненадени колку луѓето се подготвени да ви помогнат ако побарате помош.rnrn
rn
4. Оддалечени сте од луѓето
rnКога сме уморни и депресивни, природно ни доаѓа да се повлечеме во себе. Меѓутоа, ако на сите работи гледате црно, тоа е знак дека треба да се опкружите со попозитивни луѓе.rn
5. Не можете да спиете
rnОва е очигледна реакција на луѓето кои се под стрес. Телото се обидува да ги реши проблемите ноќе и поради тоа не може да се смири и да заспие. Проблемите не ви даваат мир. Решението е во практикувањето едноставни вежби, пешачењето или нешто друго што ќе го измори вашето тело. Сонот подоцна природно ќе ви дојде.rn
6. Имате панични напади
rnАко анксиозноста не се лекува доаѓа до панични напади. Кога човек еднаш ќе се соочи со напад на паника, тој добива огромен страв од други панични напади. Поентата е во слични ситуации да дишете длабоко, обидувајќи се да го стабилизирате пулсот.rn
7. Навлечени сте на алкохол и слатки
rnСтресот многу луѓе го „лечат“ со алкохол или слатки, кои привремено даваат олеснување, но имаат многу штетни последици.rn
8. Вашата самодоверба е нула
rnДепресијата нè тера да се гледаме во негативно светло. Ако се чувствувате помалку вредни, како некомпетентна личност, достојна за презир, време е да ги замолите луѓето блиску до вас да ви кажат како тие ве доживуваат. Се надеваме дека нивното охрабрување ќе има позитивен ефект врз вас.rnrnНе заборавајте: кризните ситуации нè тераат да го решиме проблемот. Ако почувствувате некој од овие симптоми, време е да направите нешто за себе. Побарајте помош на време!rn
Автор: Антонина Велјановска


rnrnНо, понекогаш, менталната состојба на личноста може да ја натера да се разбуди рано, дури и ако не сака. Доколку ова ви се случува и вам, можеби би требало добро да ја разгледате вашата ситуација со цел да ја разберете причината.rn

rn
rn

rn
rn
rnrnЛуѓето чувствуваат стрес поради многу нешта. Губењето на сакана личност, финансиските проблеми, губењето на работното и разводот се најчестите причини за стрес. Во овој момент вие сте раздразливи, разочарани и чувствувате закана. Сето ова предизвикува емоционални и физички промени, влијае на начинот на којшто се однесувате и може да има големо влијание на вашите врски. Сепак, постојат начини со кои можете да го намалите нивото на менталниот стрес.rn