КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • 5 намирници кои ќе ја „убијат“ желбата за слатки

    5 намирници кои ќе ја „убијат“ желбата за слатки

    Овие здрави намирници ќе ја задоволат вашата дневна потреба за шеќер, а притоа нема да му наштетат на вашето здравје. Шеќерот во прехранбената храна предизвикува побрз раст, но и брз пад на гликозата во крвта, а тоа создава поголема потреба за слатки и така се запаѓа во магичниот круг. Намалете ја потребата за шеќер така што ќе ги јадете овие намирници.rnrn1-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јаболко

    rnОва можеби е најдоброто овошје за задоволување на желбата за слатки. Нема потреба да го лупите, бидејќи во неговата лушпа се кријат голем број витамини. Дури и киселите јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со прехранбени влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.rnrn2-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

    2. Домат

    rnДоматот е делотворен против желбата за шеќер, бидејќи содржи големо ниво на триптофан – материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на холестерол и гликоза во крвта.rnrn3-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

    3. Пченка

    rnПченката е уште една намирница која може да ви помогне во „одвикнувањето од шеќерот“. Посебно добро ја потиснува желбата з слатко кога е зготвена. Богата е со антиоксиданси, витамини, минерали и прехранбени влакна. Освен желбата за шеќер ја намалува и желбата за глад.rnrn4-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

    4. Сладок компир

    rnУште еден зеленчук кој може да ви помогне е слаткиот компир. Оваа намирница нема само да ја задоволи вашата потреба за слатки, туку и додатно ќе му обезбеди на организмот витамини Ц, Д и Б6. Хранливите материи во слаткиот компир може да ги спречат болестите на срцето, ракот и други дигестивни проблеми.rnrn5-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_rn

    5. Цимет

    rnЦиметот е фантастичен зачин кој има извонреден мирис и вкус, па може да го додадете во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за слатки. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликоза кои придонесуваат за желбата за слатки и со тоа ја одложува потребата за внесување нова порција шеќер.rnrn6-5-namirnici-koi-kje-ja-ubijat-zhelbata-za-slatki-www.kafepauza.mk_

  • Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Ретки се среќниците кои немаат стрии. Овие грди линии на телото најчесто се појавуваат во пубертетот поради брзото растење, но многу често се и несакана последица од големото варирање на тежината, особено во периодот за време на бременоста. Па, доколку и вие имате стрии, тогаш ви препорачуваме да го пробате овој ефикасен домашен метод на отстранување.rnrnЕдноставен домашен рецепт против стрии со магично дејствоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица шеќер
    • rn011

    • 1 лажица рицинусово или маслиново масло
    • rn011

    • ½ лимон, исцеден
    • rn011

    • 1 капсула витамин Е
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги сите состојки сè додека не се соединат и потоа со кружни движења нанесете ги на местото каде што имате стрии. Најдобро е да ги триете со четка, бидејќи на тој начин ќе ја подобрите циркулациите на оние места од телото каде што стриите најчесто се појавуваат.rnrnПовторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели. За подетални упатства погледнете го следново видео…rnrn

  • Рецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детството

    Рецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детството

    Доколку почнете веднаш, во следните 45 минути ќе имате цела тава крем банани

    rnРецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детствотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 милилитри вода
    • rn011

    • 750 грама шеќер
    • rn011

    • 2 кесички желатин
    • rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • Eкстракт од банана (количината зависи од вкусот)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnТурете ја водата во тенџере, додадете ѝ го шеќерот и оставете да зовријат. Откако ќе зоврие, оставете ја да се олади и потоа додадете го желатинот кој претходно треба да се измеша со малку вода. Вратете го тенџерето на тивок оган и мешајте 5 минути. Сипете ја смесата во сад и матете со миксер околу 5 минути, а потоа додајте го екстрактот од банана и продолжете уште малку со матење. Намачкајте ја тавата со масло и брзо сипете ја смесата, а веднаш потоа и ставете врз неа глазура од растопено чоколадо и разнесете ја рамноправно по целата површина. Оставете во фрижидер да се олади.rnrnИмајте на ум дека според овој рецепт крем бананите се прават во тава и ќе добиете еден вид торта, но доколку успеете да најдете калапи со нивниот оригинален облик можете да ги направите и така. Или пак, бидете креативни и направете ги во различни облици по ваша желба.

  • 5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот дом

    5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот дом

    Оваа слатка кујнска состојка обично се користи за засладување на храната или пијалаците со цел тие да бидат повкусни. Но, дали сте знаеле дека шеќерот може да се користи и како средство за чистење? Погледнете ги следниве начини на кои можете да го „заблажите“ вашето чистење на домот…rnrn5 начини на кои можете да го искористите шеќерот во чистењето на вашиот домrnrnШеќер и прашок за печиво – Во еден сад ставете 3 лажици шеќер и една лажица прашок за печиво, а потоа додадете малку вода со цел да направите мазна смеса. Оваа смеса може да биде одлична и природна замена за сјајот со кој ги миете садовите.rnrnШеќер и розова вода – Ставете 3 лажици шеќер во еден сад, па потоа врз него додајте една лажица розова вода и мешајте сè додека шеќерот не се стопи. Подготвената смеса можете да ја користите за чистење сребро.rnrnШеќер и лимонов сок – Направете сок од еден лимон и додајте му 3 лажици шеќер. Оваа комбинација е одлична за лесно отстранување на ‘рѓата.rnrnШеќер и сирење – За отстранување на флеките од подот, обидете се со комбинација од шеќер и сирење. Во еден сад помешајте ги, а потоа со памучна крпа нанесете ги на свежите флеки.rnrnШеќер и сок од домат – Сокот од домат е силно белило. Доколку имате која било облека која има трајна флека, во еден сад измешајте шеќер со сок или пире од домат и потоа со нивна помош едноставно отстранете ја од вашите алишта.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

    Без кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?

    Секој има свои утрински кафе ритуали и токму според нив можете многу да дознаете за нечиј карактер. Дури и покрај тоа што сè уште не постојат научни експерименти кои ја докажале поврзаноста на карактерот на љубителите на кафето со нивниот избор на кафе, сепак оваа врска може многу лесно да се забележи доколку подобро ги анализирате вашите пријатели или пак, седнете во кафуле и ги набљудувате луѓето кои доаѓаат.rnrnБез кофеин, црно, со млеко или со многу шеќер: Што вели вашето омилено кафе за вас?rn

    1. Црно кафе

    rnДоколку го започнувате вашето утро со црно кафе, вие најверојатно сакате колку што е можно повеќе кофеин со цел да го издржите денот. Вие не сакате шеќерот и другите видови дополнителни калории да влезат во вашето тело покрај кафето. Не се грижите многу за вкусот, ниту пак за начинот на кој тоа изгледа бидејќи вам едноставно ви е потребно само кафе.rnrnВие сте личност која лесно може да биде задоволена и сте на мисија да ги постигнете сите оние нешта кои сте ги замислиле. Вие се грижите за вашето здравје и цените квалитетно кафе. Секогаш одите по својот пат, без да скршнувате од него и токму затоа другите ви се восхитуваат.rn

    2. Еспресо

    rnДоколку пиете дупло еспресо, вие сигурно барате да добиете што е можно повеќе кофеин за помалку пари или пак, се надевате дека тоа ќе ви даде повеќе енергија од обичното црно кафе. Од друга страна пак, секогаш постои веројатноста дека вие пиете двојно еспресо само затоа што ви е многу вкусно, па во тој случај можете слободно да продолжите.rnrnБез разлика на ситуацијата, вие сигурно сте личност која постојано ја гази времето и имате тенденција да се исцрпувате работејќи бидејќи никогаш не успевате да ги завршите вашите обврски на време. Токму затоа го цените тоа малку слободно време кое го имате и порачувате силно еспресо со цел побрзо да можете да продолжите со вашиот ден. Вие секогаш сте во движење, но сепак се обидувате да ги цените едноставните нешта во животот. Не се фокусирате многу на гламурот кој ве опкружува и лесно ве мотивираат дури и најмалите победи кои ќе ги доживеете. Секоја мала шолја еспресо која ќе ја испиете во текот на денот се смета за мала победа, се согласувате?rn

    3. Лате со различни вкусови

    rnДоколку сте љубители на кафињата лате, тогаш вие сте личност која ужива во различни вкусови и не се грижите доколку внесете во вашето тело поголемо количество шеќер или шлаг. Исто така, вие повеќе сте навлечени на вкусовите, отколку на кофеинот, па често се случува да побарате дополнително шлаг пена со цел вашето кафе да добие поблаг вкус. И покрај тоа што се обидувате да се предадете на светот на кафето, сепак секое утро порачувате кафе за носење со интензивен вкус, бидејќи слаткиот вкус на шеќерот ве расонува многу повеќе дури и дупло еспресо.rnrnИмајќи го сè ова на ум, вие сте ентузијасти кои сакаат да ги впијат сите слатки детали во животот. Вие сакате да експериментирате со различна храна и пијалаци, па токму затоа никогаш не се чувствувате ограничени од можностите на менито. Вие имате слободен дух и креативни очи со чија помош лесно се движите во светот. Можеби сте поуморни од оние кои пијат црно кафе или еспресо, но тоа не значи дека не сте задоволни од животот.rn

    4. Кафе со млеко и шеќер

    rnВам секое кафе ви е вкусно доколку му додадете млеко и шеќер. Исто така оваа комбинација ве буди многу полесно од останатите. Веднаш по црното кафе, тоа е брзо за подготвување и е одличен избор за кафе за носење. Тоа е едноставен, но сепак индивидуализиран пијалак кој ви нуди доволна доза кофеин за да можете да го издржите денот.rnrnДоколку го пиете кафето на овој начин, вие сигурно сте стабилна личност која сака да има контрола врз својот живот, исто како што сакате да имате контрола врз кафето кое го внесувате. Вие сте фокусирани, детерминирани и подготвени да го започнете вашето утро според вашите однапред поставени стандарди.rn

    5. Без кофеин

    rnЗошто некој би сакал да пие кафе кое реално не е кафе? За тоа можат да постојат неколку различни причини…rnrnВие можеби имате некаков здравствен проблем кој не ви дозволува да внесувате кофеин во своето тело, но толку многу го сакате вкусот на кафето што едноставно не можете да си дозволите да го поминете денот без него.rnrn„Кафето“ е вашата удобна зона и вие сте создале навика која вклучува негово пиење во секое време од денот. Вие го обожавате вкусот, околината и друштвото кое тоа го носи, дури и откако ќе го достигнете вашиот кофеински лимит, па затоа во овие моменти посегнувате по она без кофеин.rnrnБез разлика на причината поради која пиете безкофеинско кафе, вие сте личност која е изградена од навики и без разлика на препреките кои ви ги носи животот, сепак се придржувате до планот кој сте си го направиле. Вие лесно наоѓате начини да ги надминете сите оние несакани ситуации и ретко правите драстични или спонтани чекори, па затоа играте на сигурно и чекате да дојде вистинскиот момент за да излезете од вашата удобна зона.

  • Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

    Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

    Сигурно шеќерот и благите работи ви се омилениот дел од исхраната, но знаете какви штети на здравјето тоа може да донесе. Зголемено чувство на глад, дебелеење, отпор на инсулин, дијабетес и слични нешта ве очекуваат кога редовно јадете шеќер. Неговото исфрлање од исхраната е тешко затоа што предизвикува зависност, но ако се случи ќе имате повеќе енергија, помалку ќе ви се јаде и ќе ја стабилизирате телесната тежина. За полесно да го елиминирате белиот рафиниран шеќер од вашата исхрана можете да користите некоја од овие замени. Треба да внимавате со нив затоа што и тие се многу калорични, но барем не прават да ви треба уште благо и се многу подобри за организмот. Секогаш кога во некој рецепт ќе видите дека треба да ставите шеќер, вие обидете се да го замените со некоја од овие алтернативи.rnrnШто може да се користи како замена за шеќер во исхраната?rn

    Мед

    rnМедот е одличен додаток за слатките кога сакате да го изоставите белиот шеќер. Тој се метаболизира многу побавно и затоа не предизвикува потреба од повеќе. Причина за тоа е и фактот дека е многу поблаг од шеќерот. Следниот пат кога ќе правите десерт, наместо 100 грама шеќер ставете 50 грама мед за тој да биде поздрав и повкусен.rn

    Стевија

    rnСтевијата по изгледот е многу слична на шеќерот, но има многу поразлични карактеристики. Еден грам стевија заменува дури 5 грама бел шеќер, а покрај тоа содржи нула калории. Го засладува оброкот, но не му додава калории и не ве тера да јадете уште благо. На почетокот проблем може да ви биде нејзиниот малку блуткав вкус. Овој засладувач веќе може да се најде и во нашите подобро снабдени супермаркети и во продавниците за здрава храна.rn

    Јаворов сируп

    rnЈаворовиот сируп содржи доста шеќери како и медот, но и покрај тоа е далеку подобра алтернатива од белиот шеќер. Содржи малку јаглехидрати и доста калциум и калиум, но сепак треба да се зема во умерени количини.rn

    Агаве нектар

    rnИ овој засладувач има доста понизок гликемиски индекс од белиот шеќер и затоа е одличен како негова замена. Истовремено засладува исто толку со многу помала употребена количина.rn

    Маџун

    rnМаџунот е засладувач од македонската традиционална кујна. Се добива од гроздовиот сок и многу е благ. Изобилува со многу хранливи состојки, витамини и минерали и од вашиот десерт ќе направи ем благ, ем хранлив оброк.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

    14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

    Белиот рафиниран шеќер е сосема непотребен во вашата исхрана, но и покрај тоа го внесувате во телото затоа што е дел од некои многу вкусни слатки и други видови храна. За жал, штом тој влезе во вашиот организам започнува да прави хаос и само да му наштетува. Не прави ништо добро за нас, туку само зло. Светската здравствена организација препорачува дневен внес на не повеќе од шест лажички шеќер и сака таа бројка да ја намали на три. Тоа е многу малку, со оглед на тоа што една чаша газиран сок во себе содржи десет лажички, но оправдано имајќи предвид какви ефекти тој има на здравјето. Ако продолжите да го консумирате во големи количини, тогаш неизбежно е да се соочите со некоја од овие болести.rnrn14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето телоrn

    1. Кариес

    rnШеќерот е вечниот непријател на забите. Според американските стоматолози на нив има бактерија која се храни со шеќер, а кога е нахранета започнува со создавање на киселина која го нагризува забот.rn

    2. Глад

    rnХормонот кој му кажува на мозокот дека сте сити се вика лептин. Јадењето премногу шеќер ве прави отпорни на него и затоа мозокот не ја разбира пораката дека не ви треба повеќе храна, а вие и понатаму чувствувате глад.rn

    3. Дебелеење

    rnПрекумерното консумирање шеќер е причина поради која додавате килограми или не успевате да ги намалите и покрај тоа што напорно вежбате. Не постои ништо друго кое може толку брзо да ве здебели или да ве спречи да ослабете како што тоа го може белиот шеќер.rn

    4. Отпор на инсулин

    rnИнсулинот е хормонот кој што е задолжен шеќерот да го претвори во енергија за телото. Кога постојано јадете шеќери, нивото на инсулин постојано е високо и организмот станува отпорен на него и поради тоа шеќерот оди директно во крвта. Тоа на почетокот предизвикува замор, глад и висок крвен притисок, но многумина не знаат дека се отпорни на инсулинот пред да дознаат дека имаат проблем со дијабетес.rn

    5. Дијабетес

    rnМодерниот начин на исхрана е полн со шеќери, па затоа и бројот на луѓе кои страдаат од дијабетес е сè поголем. Исто како што предизвикува отпор кон инсулинот, така шеќерите предизвикуваат и дијабетес.rnrn14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето телоrn

    6. Проблеми со црниот дроб

    rnГолемите количини на шеќер го тераат црниот дроб да работи прекумерно поради што се собираат масти околу него. Тие понатаму водат до многубројни проблеми.rn

    7. Рак на панкреасот

    rnРакот на панкреасот е еден од оние со највисок процент на смртност. Како и секој друг вид рак не се знае точниот причинител, но истражувањата покажуваат дека заболените секогаш биле такви што претерувале со шеќерот.rn

    8. Болести на бубрегот

    rnОва сè уште е само претпоставка, но постојат студии чии резултати многу загрижуваат. Научниците откриле дека газираните сокови имаат моќ да ги оштетуваат бубрезите само со тоа што тие мора да се справуваат со шеќерот и другите состојки кои тие ги содржат.rn

    9. Висок крвен притисок

    rnИако солената храна се поврзува со високиот крвен притисок, а не благата, постојат студии кои потврдуваат дека и прекумерната консумација на шеќер предизвикува создавање на некои киселини во телото кои го покачуваат крвниот притисок.rn

    10. Срцеви болести

    rnСлично како и со високиот крвен притисок, така постојат силни показатели дека шеќерот неколкукратно го зголемува ризикот и од срцеви болести.rnrn14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето телоrn

    11. Зависност

    rnДа, можно е да бидете зависни од шеќер. Исто како што некои други супстанци можат да го натераат мозокот да бара повеќе и повеќе, таа моќ ја има и белиот рафиниран шеќер.rn

    12. Намалување на когнитивните способности

    rnПрекумерната телесна тежина и дијабетесот се поврзуваат со намалувањето на когнитивните способности со Алцхајмеровата болест, па оттука и потребата да се внимава со шеќерот поради овие причини. Покрај тоа, постојат студии кои укажуваат на директна врска помеѓу Алцхајмеровата болест и начинот на исхрана богата со бел шеќер.rn

    13. Недостаток на важни нутритиенти

    rnТоа што јадете премногу шеќери ќе направи да не ви треба друга храна. На тој начин нема ни да се сетите дека ви се потребни некои хранливи материи кои се содржани во храната која не ви ни текнува да ја консумирате.rn

    14. Ризик од болка во зглобовите

    rnИ повторно, хаосот кој шеќерот го прави во телото предизвикува излачување на киселини кои меѓу другото се поврзуваат и со ризик за болки во коските.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7-дневна детоксикација од шеќер

    7-дневна детоксикација од шеќер

    Да бидеме реални, време е вие и шеќерот да направите мала пауза. Сите ги знаеме опасните ефекти врз здравјето кои тој може да ги предизвика, па токму затоа одвреме-навреме е добро малку да го одморите вашето тело од него.rnrn7-дневна детоксикација од шеќерrnrnБидејќи не секој може да го издржи постепеното одвикнување, понекогаш многу поуспешно е доколку го направите тоа одеднаш. Неколку истражувања покажале дека доколку нагло се откажете од внесувањето шеќер, најголемите последици, како главоболката, лошото расположение и потребата за шеќерот, се повлекуваат во период од 7 дена. Токму затоа погледнете го овој 7-дневен план за детоксикација кој ќе ви помогне полесно да го исфрлите шеќерот од вашиот живот.rn

    Ден 1

    rnПојадок: 3 јајца + спанаќrnrnУжина: Боровинки + сирови бадемиrnrnРучек: Рукола + туна + маслиново масло + оцетrnrnВечера: Зеленчук пржен во малку масло + стекrn

    Ден 2

    rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: МакадамииrnrnРучек: Авокадо +ситно сецкано пилешкоrnrnВечера: Лосос + грашокrn

    Ден 3

    rnПојадок: Вегетаријански омлетrnrnУжина: Црно кафе со млеко и путерrnrnРучек: Хумус + краставициrnrnВечера: Сендвич со пилешко и марулаrn

    Ден 4

    rnПојадок: Варени јајцаrnrnУжина: Јаболка + путер од бадемиrnrnРучек: Огромна вегетаријанска салатаrnrnВечера: Стек + 1/2 печен сладок компирrn

    Ден 5

    rnПојадок: Зелено смудиrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Туна + краставициrnrnВечера: Спанаќ и киноа подготвени во пилешка супаrn

    Ден 6

    rnПојадок: Кајгана со сланинаrnrnУжина: Житни плочкиrnrnРучек: Авокадо + киноа + домати + сол и биберrnrnВечера: Сендвич со стек и марулаrn

    Ден 7

    rnПојадок: Комбуха + сирови бадемиrnrnУжина: 1/2 авокадоrnrnРучек: Хумус + морковиrnrnВечера: Пилешко + салата со рукола и боровинкиrnrnДоколку го следите овој план за детоксикација, тогаш потребни ви се и следниве неколку совети со цел да имате подобар успех…rnrn1. Одмарајте се. Веднаш по вечерата подгответе се за спиење. На тој начин потребите за благо кои се јавуваат во текот на ноќта ќе бидат намалени до минимум. Исто така доколку му дозволите на вашето тело да се одмори подобро, тоа нема да бара други начини на зголемување на својата енергија.rnrn2. Имајте постојано ужина покрај вас. Сировите лешници и бадеми се одлични борци против потребата за благо во текот на денот.rnrn3. Пијте вода. Одржувајте го вашето тело хидрирано, особено оваа недела додека сте на овој план за детоксикација. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај.

  • Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Успешно се справуваат со болката во грлото за неколку дена, а покрај возрасните, ќе ги обожаваат и децата

    rnSONY DSCrnrnНастинките со силна кашлица се доста исцрпувачки, но и конзумирањето на многу лекарства може да си има последици. Доколку сакате на природен начин да се справите со кашлицата, направете ги овие бонбони од пржен шеќер, кои многу полесно ќе им ги „протнете“ и на децата, кои често знаат да одбиваат сирупи и други лекови во класичен облик.rnrnПрегорениот шеќер уште одамна се користел за смирување на кашлицата, прелиен со млеко или други додатоци. Но, оваа варијанта е уште подобра – направете ги еднаш и лижете ги постојано додека да помине болката во грлото.rn

    Потребни состојки и материјали:

    rn

      rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка ѓумбир во прав
    • rn011

    • 1 лажичка лимонов сок
    • rn011

    • Силиконски калап за мраз
    • rn011

    • Чепкалки за заби (за лижавчиња)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Калапот премачкајте го со масло.
    2. rn011

    3. Шеќерот ставете го во сад и загревајте го на тивок оган со константно мешање за да не загори. Кога ќе се растопи, додајте ги ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете да варите уште неколку минути со константно мешање. Смесата е готова кога ќе забележите дека добила златно-кафена боја, потемна од почетната.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата во подготвениот калап и оставете ја во замрзнувачот околу половина час. Ако наместо бонбони сакате да направите лижавчиња, претходно во смесата забодете чепкалки.
    6. rn

    rnДецата можат да лижат по 2-3 вакви бонбони на ден. Многумина тврдат дека овие бонбони им помогнале да се ослободат од кашлицата и болката во грлото за неколку дена. Но, ако после 2-3 дена не чувствувате подобрување, не си играјте, одете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни стапчиња од портокал

    Чоколадни стапчиња од портокал

    Автор: Маја ЛинковаrnrnДали знаете како да ја искористите кората од портокалот? Направете супер вкусни слатки од само две состојки!rnrnchokoladni-stapchinja-od-portokal-kafepauza.mkrnrnКората од портокалот не мора да ја фрлате, бидејќи од неа можете да направите хранлив десерт: стапчиња од портокал и чоколадо. Можеби ви звучи комплицирано, но рецептот е сосема лесен.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Шолја вода
    • rn011

    • Шолја шеќер
    • rn011

    • Кора од еден портокал
    • rn011

    • Чоколадо за готвење
    • rn

    rn

    Упатство за подготовка:

    rn

      rn011

    1. Отсечете ги горниот и долниот дел од портокалот. Потоа отстранете го внимателно остатокот од кората, оставајќи го и белиот дел. Исечете ја кората на ленти. Варете ги лентите во вода, сè додека не омекнат. Потоа исцедете ги.
    2. rn011

    3. Помешајте шолја вода и шолја шеќер и загрејте ги на умерена температура, додека не се раствори шеќерот. Потоа додајте ги лентите од портокал и оставете ги да се варат 30 минути.
    4. rn011

    5. Извадете ги лентите и почекајте да се изладат. Потоа извалкајте ги во шеќер, па потопете ги во стопено чоколадо и оставете ги да се изладат. Кога стапчињата ќе бидат готови, може да ги додадете како украс на некој десерт, да ги комбинирате со овошен јогурт или да ги јадете како чоколадни мусли.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.