КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • Пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го сокрива целулитот

    Пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го сокрива целулитот

    Подготовките за кратки пантолончиња и фустанчиња веќе започнаа, а доколку планирате да покажувате повеќе кожа, направете ја блескава. На сувата и испукана кожа ѝ е потребна соодветна нега, а таа се крие во само 4 состојки.rnrn1-piling-za-telo-koj-ja-zategnuva-kozhata-i-go-sokriva-celulitot-kafepauza.mkrnrnШеќерот го прави пилингот и ги отстранува мртвите клетки, маслиново масло ја негува и навлажнува кожата, а грејпфрутот и мајчината душичка делуваат антивоспалително и ја затегнуваат кожата, правејќи ја еластична и мазна. Ви го презентираме одличниот рецепт за пилинг за тело кој ќе ви ја затегне кожата и ќе ви го прикрие целулитот.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 шолја шеќер
    • rn011

    • 2-3 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 10-15 капки етерично масло од грејпфрут
    • rn011

    • 2 лажици свежи ливчиња мајчина душичка или лаванда
    • rn

    rn0-piling-za-telo-koj-ja-zategnuva-kozhata-i-go-sokriva-celulitot-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка и потреба:

    rn

      rn011

    1. Мајчината душичка или лавандата ситно исечкајте ја (како магдонос) и заедно со останатите состојки ставете ја во сад.
    2. rn011

    3. Сѐ добро измешајте додека состојките не се поврзат. Ако смесата е премногу сува, додајте уште малку маслиново масло.
    4. rn011

    5. Во текот на туширањето, на мокра кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро истријте го телото, а посебно бутовите и задникот.
    6. rn011

    7. Измијте се со млака вода.
    8. rn

  • Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

    Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

    Подготвивте вкусен десерт денес? Доколку ви треба идеја, овие колачиња со кафе и чоколадо мора да ги пробате. Тие се одличен начин да ја задоволите вашата потреба за кофеин и чоколадо истовремено.Вкусни колачиња со кафе и чоколадоПотребни состојки (за колачињата):rn

      rn011

    • 100 г гранулиран шеќер
    • rn011

    • 100 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 115 г путер или маргарин (мек, чуван на собна температура)
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 150 г брашно
    • rn011

    • 1 супена лажица инстант кафе (неподготвено)
    • rn011

    • 1 кафена лажица сода бикарбона
    • rn011

    • ¼ кафена лажичка сол
    • rn011

    • 60 г сечкани ореви
    • rn011

    • 3 полуслатки чоколади сечкани на парчиња
    • rn

    rnЗа преливот од кафе:rn

      rn011

    • ½ кафена лажичка инстант кафе (неподготвено)
    • rn011

    • 1 супена лажица вода
    • rn011

    • 65 г шеќер во прав
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180˚C. Во голем сад додадете го шеќерот во гранули, кафеавиот шеќер, путерот и јајцето. Изматете добро со миксер на средна брзина или мешајте со лажица додека смесата не стане кремаста. Потоа додадете брашно, кафе, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, па додадете ги и сечканите ореви и ситните парчиња чоколадо.rnrnСмесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и на хартија за готвење шприцајте по малку од смесата, само внимавајте да бидат оддалечени околу 4 центиметри за да не се спојат колачињата во текот на печењето.rnrnПечете 12-15 минути, додека не станат бронзени. Почекајте 4 минути, па преместете ги во сад погоден за ладење. Оставете целосно да се изладат околу 30 минути.rnrnЗа да го направите преливот, измешајте го кафето со водата, потоа додадете го и шеќерот, па мешајте за да добиете кремаста смеса. За крај декорирајте ги колачињата со помош на преливот од кафе.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сникерс палачинки

    Сникерс палачинки

    Десерт на кој никој нема да му одолее

    rnСникерс палачинкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 големи палачинки
    • rn011

    • 100 г чоколаден крем
    • rn011

    • 4 лажици толчени кикирики
    • rn011

    • 100 мл слатка павлака
    • rn011

    • 50 г шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава хомогена густа смеса.rnrn2. Палачинките намачкајте ги со крем и наросете ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот.

  • Коски и черепи за послатко утринско кафенце

    Коски и черепи за послатко утринско кафенце

    Овие шеќерчиња одлично се надополнуваат со турската поговорка:кафето треба да е црно како пекол, јако како смрт и слатко како љубов“. 🙂 Наместо стандардните коцки, тие се изработени во облик на коски и черепи. Замислете додека се расонувате со вашето утринско кафе, да ве изненади минијатурен човечки череп. Ќе се расоните со првата голтка. 😉(1) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (2) Коски и черепи за послатко утринско кафенцеИдејата и дизајнот се на „Snow Violent“, а прв ги изработил DR.HC. Покрај кул изгледот, овие шеќерчиња се и еден вид предупредување за прекумерното внесување на овој производ во организмот… За „финта“, можете да ги купите преку etsy. 😉(3) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (4) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (5) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (6) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (7) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (8) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (9) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (10) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (11) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (12) Коски и черепи за послатко утринско кафенце
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

    Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

    Иако дневната варијација во тежината е сосема нормално нешто, понекогаш подуениот стомак поради кој можете да изгледате подебели отколку што сте, не е настанат заради вашите килограми, туку од намирниците кои сте ги јаделе дента. Ова се четири главни предизвикувачи на подуеноста, кои секојдневно ви прават проблеми.rnrnХрана поради која може да изгледате подебели одошто стеrn

    Млеко

    rnПрекумерното пиење млеко не е добро за здравјето на човекот. Доколку млекото ви предизвикува подуеност и проблеми со варењето, тогаш најверојатно вашиот организам не поднесува лактоза, па затоа одбегнувајте често да го консумирате.rn

    Скроб

    rnДоколку намирниците кои се богати со скроб ви ја предизвикуваат подуеноста во стомакот, вие не треба целосно да ги исфрлите од исхраната, туку да ги најдете оние кои немаат таков ефект врз вас.rnrnПченицата, јачменот и ’ржот содржат големо количество фруктан, полимер на фруктозата кој ја предизвикува подуеноста. На вашата чинија почесто нека има компир, ориз, пченка и овес кои содржат значително помала количина на фруктани.rn

    Овошје

    rnИако овошјето изобилува со многу здрави состојки, како минералите и витамините, сепак може да предизвика подуеност. Причината се крие во количеството на фруктоза и гликоза кои ги содржи. Одберете зрнесто овошје, грејпфрут и цитрони, бидејќи тие за разлика од крушките и јаболката содржат многу помали количини на фрутоза и гликоза.rn

    Вештачки шеќер

    rnСорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во диететските пијалаци и во гумите за џвакање.  Доколку чувствувате подуеност после консумацијата на диеталните пијалаци и храна, почнете да ги избегнувате.

  • Силно кафе со вкус на цимет и ванила

    Силно кафе со вкус на цимет и ванила

    Прекрасен моќен вкус…Силно кафе со вкус на цимет и ванилаПотребни состојки:rn

      rn011

    • 1 лажица инстант кафе
    • rn011

    • 3 коцки кршен мраз
    • rn011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn011

    • 1 топка сладолед од ванила
    • rn011

    • шеќер (по вкус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Најпрво кафето растворете го со 150 милилитри топла вода. Потоа сипете го во блендер и додадете ги мразот, шеќерот и едно стапче цимет. Мешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Кафето сипете го во стаклена чаша и одозгора ставете една топка сладолед. Декорирајте со стапче цимет.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колачиња со турско кафе

    Колачиња со турско кафе

    Примамливи колачиња кои, не само што изгледаат убаво, туку се и многу вкусни. Аромата на зачини во комбинацијата со турско кафе привлекува и им дава единствен шмек. Лесен рецепт кој мора да го пробате. Овие слатки мали колачиња, кои воедно не се многу калорични, може да ги послужите како десерт после ручекот или како засладување на кафе муабетот со вашите пријатели.rnrnКолачиња со турско кафеrnrn

    Потребни состојки за 50 колачиња:

    rn

      rn011

    • Белки од 4 јајца (на собна температура)
    • rn011

    • 200 г шеќер
    • rn011

    • 4 кафени лажички турско кафе
    • rn011

    • 2–3 кафени лажички зачин кардамом
    • rn011

    • ½ кафена лажичка мелено каранфилче
    • rn011

    • Додатоци за декорација по ваш избор
    • rn

    rnrnКолачиња со турско кафеrnrn

    Начин на подготовка:

    rnrnЗагрејте ја рерната на 90⁰C. Добро изматете ги белките од јајцата на најсилна брзина на миксерот. Додека е сè уште вклучен, на помала брзина, полека додадете ги кафето, шеќерот и зачините. Матете сè додека смесата не стане пенеста. Во шприц за готвење ставете ја смесата, и на хартија за печење направете мали топчиња, како на сликата погоре. Може да ги декорирате по желба. Печете ги околу 75 минути, па извадете ги да се оладат на собна температура. Потоа направете мали сендвичиња со топено чоколадо за готвење или еурокрем.rnrnКолачиња со турско кафе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадно баварско кафе

    Чоколадно баварско кафе

    Вкусно чоколадно кафе, кое ќе ви ја згрее душата

    rnrnЧоколадно баварско кафеrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 мл свежо сварено црно кафе
    • rn011

    • 70 мл топло млеко
    • rn011

    • 30 г чокладо
    • rn011

    • шлаг
    • rn011

    • шеќер
    • rn011

    • 2 коцки чоколадо и чоколадни трошки (за декорација)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnСтопете го чоколадото заедно со мала количина од кафето. Откако чоколадото убаво ќе се растопи и соедини, додадете го остатокот од кафето и шеќер по вкус. Пополека почнете да го додавате млекото и мешајте. Откако сè убаво ќе се соедини, сипете го во широка шолја за кафе. Декорирајте со шлаг и чоколадни трошки, а послужете и две коцки чоколадо на страна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки зимски колачиња

    Слатки зимски колачиња

    Вкусни зимски колачиња кои ќе ви послужат како декорација за топлите напивкиrnrnПразничната еуфорија сè уште трае, зимска идила низ замаглените прозорци, среќа и радости, и мирис на жешко кафе… Оваа сезона е совршена за секакви топли напивки, топло чоколадо, кафе, какао, чајче, а уште подобро ако сето тоа го надополниме со мирисот на свежи колачиња.Слатки зимски колачињаПотребно ви е:rn

      rn011

    • 300 г бело брашно
    • rn011

    • 250 г путер на собна температура
    • rn011

    • 5 кафени лажички бело вино
    • rn011

    • Ванилин шеќер
    • rn011

    • Шеќер во прав
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnСè што треба да направите е да ги измешате состојките во еден сад, а потоа да ги замесите како тесто. Исукајте го тестото додека постигне дебелина од околу 3 мм и со помош на разни форми за печење колачи, отсечете делови од тестото.Слатки зимски колачиња Направените форми од тесто, исечете ги во долниот дел со цел да ги направите погодни за да ги поставите на вашата шолја. Печете ги колачињата 10 минути на температура од 180°C. Додека се сè уште жешки, наросете ги со шеќер во прав.Слатки зимски колачињаУживајте во топла зимска напивка и зимски колачиња. Добар апетит.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Две кафиња, три шеќерчиња и многу новогодишни желби

    Две кафиња, три шеќерчиња и многу новогодишни желби

    Некои кога раскажуваат милуваат точно да ја опишат ситуацијата во која се наоѓаат. Ако и јас би требало да го сторам тоа, тогаш сликата би била многу едноставна. Две пријателки, капучино и макијато, три шеќерчиња и поглед на езеро. Прекрасна зимска идила и топло пријателство, мислам дека и не би можела да имам поголема инспирација.Две кафиња, три шеќерчиња и многу новогодишни желбиТребаше да одиме на турски чај, во старата турска чаршија. Даваат шеќер во коцкички, е многу го обожувам тоа.rnrnЌути и уживај во погледот… всушност што ти е тебе со шеќеров во последно време, ти стана главна тема на муабет! И од кога кафето го пиеш со само едно шеќерче?rnrnОд кога шеќерот во крвта ми се накачи како луд. Сега си внимавам, а кафето пак ми е вкусно.rnrnИ демек проблемот ќе го средиш со кратење на едно шеќерче?rnrnНе, но добар почеток е. Експертите советуваат дека секогаш е добро да се започне со навидум мали и незначајни работи, кои во суштина носат големи промени.rnrnКако тогаш кога си направи фризура со шишки?rnrnНе, туку како тогаш кога посетив фризер и ми ги поправи шишките кои сама си ги скратив. Сеедно, да, ми требаше промена на имиџот.rnrnИ мене ми треба. А што велиш да ослабнам некое килце?rnrnА што велиш да престанеш да трескаш? Што ќе слабееш, ушите или…? Не ми кажувај дека стана дел од оние глупачки кои изгладнуваат мислејќи дека така ќе бидат поубави и попривлечни.rnrnНе, само велам…rnrnЈас ти велам, не ти треба. Крај на секаква дискусија поврзана со слабеењето. Да слабееш ако имаш здравствени проблеми, ок, ама да си супер девојка, паметна и на пат да имаш одлична кариера, значи дека си само дел од оние паметни девојки со екстремно глупави одлуки.rnrnШто значи…?rnrnШто значи дека кога ќе треба да мозгаат нешто за да решат проблем на работа или на факултет, нивото на интелигенција им е надпросечно. Кога станува збор за машки, тие се надпросечно глупи.rnrnМислиш дека мора да биде така? Глупави девојки кои се всушност многу паметни кога станува збор за мажи, и паметни девојки кои постапуваат глупаво во љубовните врски?rnrnНе, напротив. Таквите тврдења потекнуваат од филмовите. И плус таквите не се викаат паметни, туку се отракани, истренирани да бараат наивни и богати мажи. Инаку глупави девојки, тромави душички желни за заштита… тие не поминуваат полесно во љубовта, кога станува збор за реалниот живот. Вистината е дека можеш да си паметна на сите полиња во животот. Ама клучно е да бидеш по малку себична и ни малку лековерна.rnrnЈас мислам дека треба да внимаваме како ќе се поставиме со мажите. Сè се сведува на нашата поставеност од самиот почеток.rnrnТочно! Ја знаеш онаа, мажите се како плочки, штом еднаш ќе ги наредиш добро, цел живот ќе газиш по нив.rnrnОва беше феминистички, дури и премногу феминистички.rnrnНемаш друга опција во животот, или газиш или те газат.rnrnНеточно. Всушност, толку е погрешно тоа тврдење, што не знам од каде да почнам со негирање. За сè треба да постои баланс. Кога сака да се чувствува супериорен, дозволи му, но без да го повредува твоето его. Не мора секогаш да глумиш дека си супердевојка. Некогаш дај му до знаење дека ти е потребен. Не дека така по автоматизам стануваш зависна од него, ама не можеш постојано да газиш на неговото его. Ако се стремиме кон полова еднаквост, тогаш тоа навистина би значело полова еднаквост, а не наша доминантност.rnrnЗнаеш што е проблемот? Мажите се плашат од силни девојки! Ако тој е вработен, зема добра плата, вози добра кола, живее во добар стан, тоа го прави совршен маж. Ако јас сум вработена, земам добра плата, возам супер кола и живеам во сопствен стан, тоа ме прави одбивна и застрашувачка. Зошто? Па така нема да си го храни сопственото его, доживувајќи ме мене како накиснато маче на дожд кое копнее по покрив над глава.rnrnНапротив, вистинскиот маж нема да се плаши од твојата успешна кариера.rnrnЕте така, само најди ми макар десет такви во нашиов град, десет ако ништо друго!rnrnТогаш кој е твојот план, ќе се селиш?rnrnНе, туку ќе најдам некој од екстремно ретките исклучоци.rnrnУште ти се врти во глава згодниот банкар?rnrnСекако, па треба да имаш некакво попречување на функциите во мозокот за да не мислиш на онаков човек.rnrnЗнаеш што? Ми требаат штикли, за Нова година сакам штикли.rnrnЗа Нова година го сакам банкарот.rnrnИ некое убаво фустанче можеби…rnrnБанкарот!rnrnСакам да сум среќна, насмеана, сакам да патувам во новата 2013…rnrnЈас го сакам банкарот.rnrnДоста, и двете знаеме дека ќе ти здодее откако ќе го имаш. Како што ти здодева сè.rnrnПобарај сметка и одиме да ги купиш штиклите.rnrnАма…rnrnИли мислеше дека Дедо Мраз ќе ти ги донесе? Желбите се посакуваат со цел да се стремиме повеќе кон нивно остварување, тоа е целата поента. Инаку, самите си ги остваруваме.rnrnВо право си, одиме по штиклите…rnrnЗа малку ќе заборавев… За Нова година ви посакувам да ви се оствари сè што посакувате и многу работи кои ни малку не ги очекувате.rnrnДо следната година,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.