КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Секој посакува да има нежни, убави и негувани раце. Рацете и вратот се првите места на кои се откриваат староста и годините бидејќи на тие делови од кожата се појавуваат и првите старосни брчки и траги. За што подолго да ја задржите нежноста и убавината на рацете, експертите за нега на кожа препорачуваат еднаш неделно да се прави пилинг. Во продолжение прочитајте го најдобриот рецепт за пилинг на кожата на рацете, кој гарантира поеластична, поздрава и поубава кожа.rnrnАроматичен пилинг за рацеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 кафени лажички шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка маслиново или кокосово масло
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и користење:

    rnСмешајте ги сите состојки додека не добиете една хомогена смеса. Со нежни движења полека нанесете ја смесата на кожата, тријте ги рацете една од друга неколку минути, а потоа добро измијте ги. Веднаш ќе забележите промена. За уште поголем ефект, веднаш по пилингот, нанесете хидратантен крем за раце.

  • 5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

    5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

    Најчестата причина поради која имаме зголемена желба за внесување благи работи е тоа што нашиот инсулин се навикнал на висока концентрација шеќер во крвта, при што и тој е висок, па кога не внесуваме благо тој паѓа ниско и нашиот организам бара шеќер. Тогаш се чувствуваме уморно, ни се врти во главата, немаме сила и енергија.rnrnrnrnЕве неколку совети коишто ќе ви помогнат да ја совладате преголемата желба за слатки работи, а притоа да се чувствувате добро, здраво и полни со енергија.rnrn1. Зголемете го консумирањето протеини. Често, на нашиот организам му фалат протеини, а ние тоа го чувствуваме како да ни фали шеќер, па на тој начин не го решаваме проблемот. Потрудете се во секојдневните оброци да внесувате повеќе протеини (јајца, туна и слично).rnrn2. Тргнете ги сите слатки од куќата. Многу е важно да ги тргнете сите слатки работи и да не ги држите во секоја фиока во вашата куќа. На овој начин ќе го спречете јадењето од досада, што се случува многу често. Така, кога ќе се случи да имате јака желба за внесување благо, слатките нема да ви бидат при рака и ќе мора да внесете нешто здраво, како на пример овошје.rnrn3. Јадете често и по мали оброци. Избегнувајте да прегладнувате, затоа што на тој начин инсулинот ви паѓа и го создава она опасно чувство коешто може да ве доведе до прејадување со слатки работи.rnrn4. Отстранете ги вештачките засладувачи. Сахаринот само ни создава поголема желба за благо.rnrn5. Одвикнете се од слатки. Одеднаш прекинете го консумирањето слатки на неколку денови. Инсулинот се навикнал на многу шеќер и затоа реагира кога нема да внесеме нешто благо, правејќи нè зависни од шеќер. Ќе биде тешко три до четири дена додека инсулинот не се навикне на ниската доза шеќер, а потоа ќе ви биде многу полесно.

  • Вкусни крофни со чоколаден прелив и шеќер во прав

    Вкусни крофни со чоколаден прелив и шеќер во прав

    Најдобриот начин да се заокружи еден оброк, се разбира, претставува десертот. Па, еве една интересна и вкусна идеја како да го засладите вашиот денешен ручек.

    rnКрофни со чоколаден преливrn

    Потребни состојки:

    rn1. За тестото:rn

      rn011

    • 500 грама брашно
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сол
    • rn011

    • 1 кафена лажичка шеќер
    • rn011

    • 3 кафени лажички сув квасец
    • rn011

    • 2 кафени лажички топено чоколадо
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 4 кафени лажички масло
    • rn011

    • 250 милилитри чоколадно млеко
    • rn

    rn2. За преливот:rn

      rn011

    • 500 милилитри млеко
    • rn011

    • 3 кафени лажички рендана лимонова кора
    • rn011

    • 80 грама чоколадо
    • rn

    rn3. За декорација:rn

      rn011

    • Шеќер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо длабок сад насејте го брашното и додајте ги сувите состојки. Стоплете го чоколадното млеко, додајте ги стопеното чоколадо, маслото и јајцето, па соединете ги со сувиот дел и направете мазно тесто. Тестото покријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне, развлечете го нежно со сукало и со кружен калап или чаша поделете го на кругови.rnrnПремачкајте го плехот и наредете ги крофните. Оставете ги да одморат уште 10 минути. За тоа време згответе го млекото, шеќерот, лимоновата кора и чоколадото. Рерната загрејте ја на 180 или 200°C и со врелиот прелив полијте ги крофните. Печете додека крофните не поруменат и не го впијат целиот прелив. Готовите крофни посејте ги со шеќер во прав и послужете.

  • Вкусен десерт за благ почеток на неделата: Лесен чоколаден мус

    Вкусен десерт за благ почеток на неделата: Лесен чоколаден мус

    Вкусен и лесен за правење, овој чоколаден десерт совршено ќе го дополни секој оброк

    rnЛесен чоколаден мусrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 170 грама чоколадо
    • rn011

    • 80 грама млеко
    • rn011

    • 1 жолчка
    • rn011

    • 4 белки
    • rn011

    • 80 грама шеќер
    • rn011

    • 200 милилитри слатка павлака
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад за готвење ставете ги искршеното чоколадо и млекото, па поставете ги над пареа и загревајте на умерена температура. Непрекинато мешајте додека состојките не се соединат во една хомогена смеса. Тргнете ја смесата од пареата да се излади и потоа додадете ги жолчките. Посебно сматете ги белките во цврст шлаг, постепено додавајќи го шеќерот. Во смесата од чоколадо, полека, со лажица мешајте го шлагот. Припремете 6 мали стаклени чаши и во нив ставете го мусот од чоколадо. Декорирајте со шлаг и слатка павлака.

  • По рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуња

    По рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуња

    Подгответе го овој вкусен десерт и збогатете ја празничната трпеза!

    rnПо рецептот на нашите баби: Ванилици со џем од дуњаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама свинска маст
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 500 грама брашно
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 2 кафени лажички кисела павлака
    • rn011

    • 1/2 прашок за печиво
    • rn011

    • 200 грама џем од дуња
    • rn011

    • 50 грама чоколадо за готвење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден длабок сад изматете ја свинската маст со шеќерот, јајцето и киселата павлака. Постепено додавајте го брашното и прашокот за печиво и месете додека не добиете меко тесто. Тестото истанчете го со сукало на дебелина од 5 милиметри. Со кружен калап извадете кругови од тестото, а потоа на половината од полните кругови, како што одговара на калапот, направете мали дупки, за да добиете изглед на прстен. Тепсијата обложете ја со хартија за печење и наредете го во неа обликуваното тесто. Рерната загрејте ја на 200 степени и печете сè додека ванилиците не поцрвенат. Печеното тесто оставете го да се излади. На полните кругови ставете малку џем од дуња и преклопете ги со шупливи кругови. Чоколадото стопете го на пареа и со тоа испрскајте ги ванилиците.

  • Зошто ни е потребен шеќерот?

    Зошто ни е потребен шеќерот?

    Шеќерот има голема улога во организмот, но често слушаме дека е штетен по здравјето. Дали е тоа навистина така, или пак тоа се должи на нашето претерано внесување шеќер во организмот?rnrnЗошто ни е потребен шеќерот?rnrnПроф. д-р Будимка Новаковиќ, нутриционист на медицинскиот факултет во Нови Сад, ги дава одговорите на сите прашања кои нè мачат околу консумацијата на шеќерот, како и неговите соодветни замени.rnrnКога се зборува за шеќер се мисли на белиот шеќер, на сахарозата. Сите останати форми на шеќерот треба да ги нарекуваме по нивното име. Постојат луѓе на кои шеќерот им е неопходен, бидејќи тој е најбрзиот извор на енергија за организмот. Многу побрз дури и од мастите и протеините. За да можеме да функционираме, мора да имаме некаков шеќер во организмот. Но, дали ни е неопходен?rnrnТој може да се создаде и од други извори на јаглехидрати. Ако јадеме други јаглехидрати потребни за правилно функционирање на организмот, тогаш шеќерот не е неопходен. Дали е лош по здравјето ако го внесуваме во мали количини? Не, не е, но ако претеруваме со секојдневната консумација на кој било производ, не само на шеќерот, тогаш тоа е штетно по здравјето. Постојат официјални светски препораки за задоволување на нашите дневни енергетски потреби кои велат дека вкупните шеќери, се мисли на простите шеќери, кои ги внесуваме во организмот, не треба да бидат повеќе од 10% од дневните енергетски потреби, а додатните шеќери, не повеќе од 5%.rn

    „Ако некој човек е добро хранет, здрав и има умерена физичка активност, треба дневно да внесува 2.000 килокалории, каде 5% од таа бројка е еднаква на 100 калории, додека во 100 грама шеќер има 380 калории. Значи, 1 до 2 лажички шеќер“, вели д-р Новаковиќ.

    rnПостојат нискокалорични и некалорични вештачки засладувачи, кои имаат или многу малку калории или воопшто ги немаат. Оние кои ги немаат не се разградуваат во нашиот цревен тракт, па затоа се полесни за варење и исфрлање. Но, дали тие се штетни за нашиот организам? Не. Луѓето велат дека сѐ што е означено со „Е“ не е добро за нив. Реалноста е дека тоа не е вистина.rn

    „Знакот ‘Е’ ми дава голема сигурност. Јас ви препорачувам да ги користите вака означените производи, бидејќи овој знак го означува адитивот и засладувачот кој е целосно проверен од Европската агенција за безбедност на храната“, дополнува таа.

    rnАко сме здрави, ние можеме да јадеме што сакаме, но не колку што сакаме. Мал е бројот на луѓето кои го имаат тоа задоволство да јадат што сакаат, а притоа да немаат никакви здравствени проблеми. Но сепак, имајте на ум дека колку што е вашата физичка активност поголема, толку ќе бидете послободни во изборот на храната.

  • Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

    Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

    Постојат неколку нешта што предизвикуваат акни и за да се ослободите од нив не ви се потребни нити скапи креми, нити лекови или долги диети. Сѐ што ви е потребно е да се храните поздраво. Така ќе добиете поздрава, поубава, поблескава и почиста кожа.rnrn0-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mkrn

    1. Одморете од храна која го воспалува стомакот

    rnНаправете пауза од шеќер, млечни производи, пченка и соја. Барем за кратко. Добра идеја е и да намалите со кофеинот и алкохолот. Ова е типична анти-акни диета, но ако се придржувате до неа ќе почувствувате разни бенефиции, меѓу кои и подобрување на општото здравје. Откако ќе се чувствувате подобро можете повторно да ја јадете ваквата храна, но умерено.rn

    2. Пробајте елиминациска диета

    rnАко мислите дека имате проблем со чувствителност на некоја храна, тогаш елиминациската диета е одличен начин да го откриете тоа. За да направите елиминациска диета треба во период од една недела да се ослободите од сѐ што мислите дека би можело да ви предизвикува акни, проблеми со варењето или чувство на умор после јадење и потоа да ги враќате назад во исхраната, по една група или едно јадење на ден и да забележите дали таа храна или тоа јадење ви предизвикувало проблеми.rnrn1-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mkrnrnАко откриете дека имате проблем со одредена храна или група производи тогаш можеби подобро е да не го внесувате тоа подолго време (или засекогаш). Вашата кожа и вашиот стомак ќе ви бидат благодарни.rn

    3. Јадете храна која лекува

    rnЗа време на паузата од храна која го воспалува стомакот или за време на елиминациската диета, исто така би било добро да вметнете храна која лекува. Тука спаѓа ферментираната храна како кефир и расол. Кокосовата вода е исто така добра идеја, а и супата од коски која содржи Л-глутамин – состојка која помага во дигестијата. Исто така можете да вметнете и пробиотици како додатоци во исхраната.rn

    4. Одморете се

    rnМногу е важно да бидете одморени и со ниски нивоа на стрес за да бидете здрави. Не само тоа, стресот може да влијае врз дигестивниот систем и тој да ги предизвикува сите проблеми. Затоа, фокусирајте се на релаксација, дишете длабоко пред да почнете да јадете и џвакајте ја храната. Најдете време за малечки паузи во вашиот распоред и редовно одморајте се.

  • Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

    Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лице

    Можеби веќе сте чуле дека премногу коктели водат кон блед изглед на лицето, но дали сте знаеле дека млекото може да биде виновно за темните кругови под вашите очи и белите точки на брадата? Или пак, дека брчките на вашето чело или тенките веѓи можат да се појавуваат поради чоколадо?rnrn(0) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лицеrnrnДокторката и специјалист за грижа на кожата, Нигма Талиб, е убедена дека храната и пијалаците имаат директна врска со изгледот на нашата кожа на лицето, резултирајќи со лесно видливи симптоми кои можат да укажуваат на посериозни проблеми. Погледнете го вашето лице и откријте дали на него постојат знаци за несоодветна исхрана за вашето тело.rn

    Винско лице

    rn(1) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лицеrnrnТипични симптоми: Изразени линии или црвенило под очите, опаднати очни капаци, зголемени пори, дехидрирана кожа со линии раширени низ образите, розови образи и нос.rnrnОвој изглед се нарекува „винско лице“ бидејќи овие карактеристики се многу истакнати кај оние жени кои често пијат 1 или 2 чаши вино навечер, но вистината е дека тие можат да се појават од кој било вид алкохол. Алкохолот ја дехидрира кожата, а со тоа и ги влошуваа брчките и знаците на стареење. Овие знаци целосно ќе исчезнат доколку престанете да пиете алкохол. Тој има високо количество шеќер, кој го оштетува протеинот колаген – виталната состојка за еластичноста на кожата, предизвикувајќи зголемени пори и опаднати очни капаци. Според мапата на лицето, просторот помеѓу очите се поврзува со црниот дроб, па токму затоа и оние жени кои пијат поголемо количество алкохол имаат тенденција да имаат подлабоки линии или црвенило помеѓу веѓите.rnrnАлкохолот исто така е познат и по инхибиција на ензимите кои телото ги користи за да се бори против процесот на воспаление кој ја уништува кожата, па неколку чаши вино можат да бидат доволна причина за овој процес да ги преземе нештата во свои раце, резултирајќи со розови образи и црвен нос. Добро е познато дека алкохолот може да предизвика деликатните капилари кај образите и носот да се прошират, на тој начин привлекувајќи крв под површината на кожата. Ако ова се случува често, тие остануваат проширени, давајќи ви траен црвеникав изглед. Најдобро би било доколку направите кратка пауза од алкохолот (барем 3 недели, за вашите црева да ја вратат рамнотежата) и потоа да почнете да го применувате правилото 80/20, односно 80% од времето да апстинирате, а 20% да си дозволите по една чаша вино, по можност од оние со помалку шеќер во нив.rn

    Шеќерно лице

    rn2-nekolku-nachini-na-koj-nesoodvetnata-ishrana-mozhe-celosno-da-go-unishti-vasheto-lice-www.kafepauza.mk_rnrnТипични симптоми: Линии и брчки на челото, кеси под очите, коскесто лице, болни пустуларни точки ширум лицето, ослабување на кожата, сив или тесто бел сјај на кожата.rnrnАко вашата диета се содржи од многу шеќер и високо рафинирани јаглехидрати, како торти, колачи и бел ориз, кои брзо го претвораат шеќерот во телото, вашата кожа се бори да остане младолика. Проблемот е дека шеќерот го покренува процесот наречен гликација, каде што вишокот гликозни молекули се прицврстуваат на колагенот и ги трансформираат неговите природно еластични карактеристики во ригидни и нефлексибилни. Ова предизвикува кожата да се опушта и тенчи, додека линии и брчките водат кон предвремено стареење – особено под очите, каде што кожата е најделикатна и губењето еластичност највидливо.rnrnСпоред мапата на лицето, челото се поврзува со процесот на варење на храната, па токму затоа и „шеќерното лице“ може да се манифестира преку брчки во таа област. Преголемото количество шеќер влијае врз распространувањето на маснотиите, па љубителите на шеќерот добиваат коскест изглед на лицето бидејќи ги губат маснотиите. Но, токму во цревата шеќерот е најопасен. Тој има огромно влијание на деликатната рамнотежа на бактерии во нив, кој потоа предизвикува пустуларни акни на лицето, рамената и градите. Дури и оние кои немаат акни, а сакаат да внесуваат големо количество шеќер, имаат бледа кожа. Ова настанува поради зголеменото ниво на инсулинот во крвта, кое го стимулира производството на хормонот кортизол.rnrnНо, еден од најчудните знаци за зависност од шеќер може да се забележи покрај вашите веѓи. Нерамнотежата на инсулинот предизвикана од наглите промени на високо и ниско количество шеќер во крвта предизвикува стрес врз надбубрежната жлезда, која меѓу другите нешта, го контролира и растењето на веѓите. Доколку сметате дека вашите веѓи станале потенки, тоа може да биде знак за исцрпеност на надбубрежната жлезда. Намалувањето на шеќерот може да има инстантно и долготрајно влијание на вашето лице. За најдобри резултати, целосно отфрлете го шеќерот, но дури и бавно да го намалувате вие веднаш ќе забележите разлика.rn

    Млечно лице

    rn(3) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лицеrnrnТипични симптоми: Потечени очни капаци, кеси и темни кругови под очите, мали бели точки или мозолчиња на брадата.rnrnКој било од овие симптоми може да биде знак дека вашето тело се бори при обработката на млекото и млечните производи. Лактозата во млекото е една од најчестите интолеранции на храна. Проблемите можат да настанат во подоцнежните години од животот, кога ги губиме ензимите кои ни овозможуваат ефикасно да ја обработиме лактозата. Ако забележувате благо лошење по пиењето млеко, тогаш тоа е знак дека сте интолерантни на млеко. Но, понекогаш вашето тело може да се бори со протеините во млекото без да ви покажува симптоми. Ова може да предизвика вашиот имунитет да испушти хемикалии кои предизвикуваат воспаление, чие присуство може да биде забележано на секој дел од вашето тело, вклучувајќи ја и кожата.rnrnИстите процеси на воспаление кои можат да предизвикаат црвенило, отекување и топлина околу истегнати глужд или спица, можат да предизвикаат и натечени очи, кеси под очите и темни кругови на вашето лице. И тоа не е сè. Една чаша млеко содржи коктел од над 20 хормони и хемикалии, од кои некои постојат природно, додека другите ѝ биле дадени на кравата преку исхраната. Овие нешта можат да ја нарушат рамнотежата на вашите хормони, особено на „секс хормоните“ како естрогенот или прогестеронот, предизвикувајќи ви претерано растење на клетките кожа кои ги блокираат порите и ги заробуваат бактериите. Овие „млечни“ мозолчиња се појавуваат околу брадата и тоа има смисла ако ја погледнете мапата на лицето, бидејќи се верува дека брадата е поврзана со репродуктивните органи. Ако се сомневате дека проблемите на вашето лице се поврзани со млекото и млечните производи, ви препорачуваме 3-неделна пауза од сите видови продукти со лактоза со цел да откриете дали ќе има подобрување.rn

    Глутенско лице

    rn(4) Неколку начини на кој несоодветната исхрана може целосно да го уништи вашето лицеrnrnТипични симптоми: Потечени црвени образи, темна пигментација на кожата околу брадата.rnrnМногумина од нас се чувствителни на глутен – протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта. И покрај тоа што релативно малку луѓе страдаат од целијакија (автоимуна состојба каде глутенот го тера телото да се напаѓа само), протеинот кај голем дел од луѓето создава реакција на воспаление. Ова може да предизвика лицето да изгледа надуено, воспалено или потечено. Како резултат, клетките кои се одговорни за создавање пигментација на кожата, водат кон формирање темни кругови на брадата. Реакцијата на глутенот може да направи огромна штета врз вашиот имунитет, како и да ја наруши деликатната рамнотежа на репродуктивните хормони.rnrnОние кои страдаат од ефектите на глутенот со години се жалат на розцеа – состојба на кожата која се карактеризира со црвен осип на образите кој целосно исчезнува откако ќе се отстрани внесувањето глутен. Без разлика каква е вашата исхрана и колку внимавате на вашето здравје, доколку ги имате симптомите за „глутенско лице“, тогаш ништо не може да ја направи вашата кожа да изгледа добро освен исфрлањето глутен од вашата исхрана. Откако ќе го исфрлите, пијте повеќе вода и внесувајте многу хранливи влакна со цел бојата на вашата кожа да се нормализира.

  • 7 типови храна кои влијаат лошо на вашиот дигестивен систем

    7 типови храна кои влијаат лошо на вашиот дигестивен систем

    Ние Македонците сме гурмани. Сакаме да јадеме и едноставно обожаваме храна. И тоа во секаков облик и вкус. Јадеме сѐ од зеленчук до брза храна и целосно уживаме во неа. Но колку и да ни е вкусна храната во моментот кога ја јадеме, веќе во следниот момент нашиот стомак ни кажува поинаква приказна. Грчеви, болки, подуеност и што ли уште не се само мал дел од последиците на нашата страст. А ако не знаете која храна најмногу треба да се избегнува, тогаш следниве неколку работи ќе ви дадат доста добра идеја.rnrn(1)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mkrn

    1. Пржена храна

    rnКога нешто содржи толку многу маснотии, тогаш дефинитивно треба да го отпишете од секојдневната исхрана. Тешките сосови, прженото месо и кремастите десерти се меѓу најлошите кога станува збор за дигестивниот систем. Тие тешко се варат во организмот и можат да предизвикаат дијареја. Наместо тоа, јадете варено или печено месо во комбинација со зеленчук.rn

    2. Цитрони

    rnВисокото ниво на влакна во цитроните и овошјата кои спаѓаат во оваа група можат да предизвикаат болки во стомакот кај некои луѓе. И додека една овошка не би направила проблеми, јадењето повеќе од една би можело. Доколку чувствувате киселини и мачнина, обидете се да јадете максимум по еден цитрон или портокал на ден.rnrnGirl playing with gumrn

    3. Вештачки шеќер

    rnРетки се луѓето кои не џвакаат мастики, нели? Убави се и вкусни, но вештачкиот шеќер кој го содржат во големи количини не само што е многу нездрав, туку и може да ви направи големи проблеми со варењето на храната. Грчевите и дијарејата се многу чести појави кога внесувате вештачки шеќер во организмот.rn

    4. Премногу влакна

    rnСѐ што е претерано не чини, па така е и за оние типови храна кои спаѓаат во здрава исхрана. Иако се добри за јадење, житариците и зеленчукот не се препорачуваат во големи количини. Постои голема веројатност дека ќе се чувствувате подуено и ќе имате гасови. Не претерувајте.rnrn(3)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mkrn

    5. Грав

    rnАко јадете грав, тогаш веднаш знаете за што станува збор. Иако зрната грав се полни со влакна и протеини кои се здрави за организмот, тие содржат и шеќери кои тешко се варат. Како последица на тоа, телото се соочува со грчеви и гасови. За намалување на овие последици може да помогне доколку ги оставите зрната да отстојат во вода неколку часа пред приготвувањето.rn

    6. Зелка и брокула

    rnСтанува збор за навистина здрава храна која се препорачува да се јаде, но таа исто како и гравот содржи шеќери кои тешко се варат. Честа појава се и гасовите кои се последица на влакната кои ги има во голема количина. Совет: зелката и брокулата јадете ги сварени наместо свежи.rnrn(4)-7-tipovi-hrana-koi-losho-vlijaat-na-vashiot-digestiven-sistem-kafepauza.mkrn

    7. Зачинета и лута храна

    rnКолку и да е повкусна храната откако убаво ќе ја зачините со разни зачини, лути или благи, факт е дека тие и не се баш здрави за организмот. Покрај тоа, зачинетата и лута храна тешко се вари и може да доведе до пецкање на срцето.

  • Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Сигурно многупати сте прочитале дека консумирањето шеќер е штетно за здравјето, дека од него страдаат забите и се појавуваат акни и мозолчиња. Но, постојат многу митови и невистини дека консумирањето шеќер предизвикува одредени последици и дека влијае на здравјето воопшто.rnrn2-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnПрвиот таков мит е дека шеќерот е одговорен за хиперактивноста. Овој мит е толку популарен и всаден во мозокот на луѓето ширум светот, па многу родители веруваат дека ако им дадат парче кекс или чоколадо на своите деца тие ќе „полудат“, ќе добијат енергија и ќе започнат да дивеат по куќата. Ова верување настанало поради тоа што слатките најчесто се консумираат на прославите како што се: родендени, забави, слави, венчавки или крштевки. Па затоа, логично е тогаш луѓето, но и децата малку да „полудат“, повеќе да се расположат и да подиват. Доброто расположение нема врска со шеќерот или слатките, а секако шеќерот не е одговорен за доброто или лошо расположение.rnrnУште едно погрешно верување е дека шеќерот предизвикува дијабетес. Дијабетесот најчесто е наследен, а го предизвикуваат и нездравите навики, начинот на живот и лошиот избор на производи. Имајте на ум дека ако јадете многу чоколади тоа не ве прави кандидат за дијабетичар.rnrn1-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnВо желба да ослабете, сигурно најпрво ќе се определите во чајот или кафето да ставате кафеав наместо бел шеќер, бидејќи некаде сте прочитале дека е поздрав и помалку калоричен од белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи многу адитиви, вештачки бои и многу е понездрав од белиот. Лага е дека белиот шеќер е високо калоричен и дека се дебелеете од него.rnrnУште едно верување кое не само што е обичен мит, туку и ќе влијае штетно врз вашето здравје е дека треба да го избегнувате овошјето, бидејќи е преполно со сахароза. Овошјето е полно со влакна и да, содржи шеќер, но тој шеќер е природен и не е исполнет со адитиви и нездрави состојки од кои се направени некои слатки, џемови, кремови и слично. Овошјето содржи влакна кои ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и да го изедначите шеќерот во крвта. И затоа треба да консумирате овошје секогаш кога ќе имате прилика.