Еден текст објавен во Британскиот весник за спортска медицина, напишан од тројца експерти, јасно го изнесува фактот дека вежбањето не е главното нешто за коешто треба да бидете загрижени кога сакате да ослабите. Науката одново и одново докажува дека она што го јадеме има поголемо влијание на нашата тежина и нашето здравје за разлика од вежбањето.rnrn
rnrnВсушност, можете да вежбате секој ден од неделата, и пак да не ги изгубите непосакуваните килограми поради начинот на исхрана. Дури и ако не сте со прекумерна тежина, можно е да имате проблеми со здравјето поради исхраната. Потребна е голема трансформација во начинот на којшто ги гледаме здравјето и слабеењето.rnrnИако вежбањето навистина помага, самото по себе не може да направи ништо за да ослабите. Очигледно го подобрува вашето здравје, но ако не внимавате на исхраната нема да се ослободите од килограмите. Но, ќе ви се намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и некои видови рак. Покрај тоа, изминативе три децении вежбањето се нема променето, а сè повеќе и повеќе луѓе стануваат дебели, или се доближуваат до границата. Ова е под директно влијание на достапноста на преработена храна којашто е полна со шеќер, како и засладените, газирани пијалаци. Пиењето, пушењето и недоволната физичка активност предизвикуваат помалку болести за разлика од нездравиот начин на исхрана.rnrnНајголемиот проблем овде е тоа што оние кои не се дебели и кои вежбаат, ќе имаат поголем ризик од хронична болест или прерана смрт поради нездравата исхрана. Ќе имаат проблеми со метаболизмот кои обично се гледаат кај дебелите луѓе – проблеми со срцето и црниот дроб, како и хипертензија.rnrnМногу често слушаме дека повеќе луѓе се здебелуваат поради постојаното седење. Наместо да ги прифатат советите за здрава исхрана, луѓето продолжуваат да веруваат во митот дека само вежбањето може да им ги реши проблемите.rnrnОна што луѓето треба да го разберат е дека калориите во шеќерот овозможуваат складирање на повеќе сало и брзо прават да чувствувате глад. Количеството шеќер во само една лименка газиран пијалак може да ви ги зголеми шансите да добиете дијабетес, без разлика колку вежбате. Најважниот дел од секоја рутина за слабеење треба да биде ограничување на бројот на калории, особено на јаглехидратите.rnrnПогледнете и што ќе се случи со вашето тело кога ќе престанете да консумирате шеќер.
Tag: шеќер
-

Шеќерот е вистински убиец, а вежбањето не е доволно за да се справите со него
-

Што ќе се случи со вашето тело ако пиете вода со шеќер?
Докажано е дека јаглехидратите го подобруваат атлетскиот перформанс и издржливоста. Токму поради ова можете да најдете разни енергетски пијалаци, ужини и шејкови во теретаните и спортските продавници. Но што ако сите нив ги замените со вода со шеќер? Обично ја примаме дневната доза шеќер преку безалкохолни пијалаци. Сепак, тие не се секогаш најдобриот избор за нашето тело.rn
Водата со шеќер ви дава енергија
rn
rnrnПовеќето луѓе знаат дека премногу шеќер е лошо за здравјето. Иако е вистина дека нутриционистите препорачуваат само 10% од калориите да бидат од шеќери, понекогаш телото има потреба од повеќе енергија.rn- rn 011
- Кога консумирате вода со шеќер, телото ги апсорбира молекулите на шеќерот во крвта и ги носи до клетките каде што се претвораат во енергија.
- Сахарозата, молекулот кој се наоѓа во шеќерот купен од продавница, се апсорбира многу побрзо од другите видови шеќер.
- Истражувањата покажале дека релативно едноставните состојки на водата со шеќер можат да бидат подобар извор на енергија од засладените пијалаци.
rn 011
rn 011
rn
rn
Од што е направена водата со шеќер?
rn
rnrnЗа подготовка доволно е само да ставите една лажица шеќер во чаша вода. Сепак, шеќерот што го користиме дома се разликува од оној во засладените пијалаци.rn- rn 011
- Водата со шеќер содржи сахароза, додека засладените пијалаци содржат гликоза во комбинација со други шеќери – фруктоза, сируп од пченка и слично.
- Сахароза е дисахарид составен од 2 молекули на шеќер – гликоза и фруктоза.
rn 011
rn
rnНеодамнешно истражување покажало дека начинот на кој телото ја користи сахарозата е подобар и поефикасен од другите молекули на шеќер.rn
Зошто водата со шеќер е подобра од другите засладени пијалаци?
rn
rnrnИако изгледа дека овошните сокови, енергетските пијалаци и витаминската вода ги имаат истите основни состојки, ова не е вистина. Постои значајна разлика помеѓу овие продукти.rn- rn 011
- Купечките засладени пијалаци содржат и други состојки како кофеин, подобрувачи на вкус и бои.
- Засладените пијалаци, особено енергетските, се скапи додека водата со шеќер е евтина и лесна за правење.
- Енергетските и овошни пијалаци со гликоза можат да предизвикаат непријатност во стомакот, додека водата со шеќер лесно се дигестира.
rn 011
rn 011
rn
rn
Зошто атлетичарите одбираат вода со шеќер?
rn
rnrnВодата со шеќер има уште повеќе придобивки за луѓето кои тренираат редовно или професионално.rn- rn 011
- Додека сите јаглехидрати помагаат во обновувањето на енергијата за време на вежбање, разликата е брзината со која се обновува енергијата.
- Многу спортски пијалаци содржат комбинации со гликоза кои предизвикуваат мачнина.
- Научниците откриле дека атлетичарите кои консумираат вода со шеќер искусиле побрзо закрепнување за разлика од оние кои консумирале енергетски пијалаци.
rn 011
rn 011
rn
rnПа, ако трчате маратон или сакате да се чувствувате подобро, најдобро е да ги замените купечките пијалаци со домашно направена вода со шеќер.rn
Кога е најдобро да се консумира вода со шеќер?
rn
rnrnПостојат ситуации во кои не само што е здраво, туку и неопходно да го зголемите внесот на јаглехидрати:rn- rn 011
- Пред, за време на и по вежбање.
- За време на интензивна физичка активност како планинарење, возење велосипед и слично.
- Кога поминал долг период помеѓу 2 оброка.
- Кога ви е потребно брзо подигање на енергијата без храна.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Препорачан внес на вода со шеќер
rn
rnrnВодата со шеќер, како и сите слатки нешта, треба да се консумира умерено.rn- rn 011
- За вежби со издржливост, како возење велосипед, најдобро е да консумирате 7 лажици шеќер на час. Се препорачува да измешате околу 1,5 лажица шеќер со 1 чаша вода.
- За помалку интензивен тренинг, намалете го количеството за половина.
- Ако не вежбате и само сакате зголемување на нивото на енергија, не консумирајте повеќе од 2 лажици шеќер во чаша вода.
rn 011
rn 011
rn
rnПогледнете ги и митовите за шеќерот во кои треба да престанете да верувате.
-

Шеќерот е ужасен за вашето здравје, но во овие 10 случаи прави вистински чуда
Добро е познато дека шеќерот не е најздравиот избор кога е во прашање исхраната, но тоа не значи дека во домот не треба да имате едно пакување. Во следните 10 случаи, оваа бела состојка може да направи чуда!rnrn
rn1. Рани
rnИстражувањата покажуваат дека кристалниот шеќер го подобрува заздравувањето на раните, дури и кога антибиотиците и другите познати методи не делуваат.rn
2. Усни
rnСтавете го прстот во вода, а потоа во кристален шеќер. Лесно измасирајте ги усните со кружни движења. Овој метод ќе биде вашиот спас доколку имате суви и испукани усни.rn
3. Лице
rnИзмешајте една лажичка шеќер, една лажичка оризово брашно и една лажичка млеко. Нанесете на чисто лице и лесно масирајте со кружни движења околу 5 минути. Оставете да се исуши, а потоа измијте со ладна вода. Лицето ќе ви биде целосно исчистено и мазно.rnrn
rn4. Тело
rnАко барем еднаш неделно применувате пилинг со 3 лажички маслиново масло и 4 лажички шеќер, кожата на телото ќе ви биде преубава, подмладена и мазна.rn
5. Рок на траење
rnЗа вашите омилени колачиња да останат подолго време свежи, ставете со нив и неколку коцки шеќер. Ќе бидат вкусни и до 7 дена по подготовката!rn
6. Меки стапала
rnМешавината од шеќер и масло од нане е добитна комбинација за меки табани. Шеќерот ги отстранува мртвите клетки, додека маслото ги омекнува петите.rn
7. Валкана кожа
rnКога ќе се измачкате со разни бои или други средства кои обичниот сапун не може да ги измие, обратете се за помош кај шеќерот. Само измешајте го со кое било масло и истријте ги рацете – за кратко, тие ќе бидат совршено чисти!rnrn
rn8. Тврдокорни дамки
rnШеќерот ја отстранува една од најупорните дамки – дамките од трева. Само посипете шеќер врз дамката и оставете да делува од 40 до 60 минути. Ќе се воодушевите!rn
9. Продолжете го животот на цвеќето
rnОва најверојатно веќе сите го знаете – ако во водата со свежо цвеќе додадете малку шеќер, тоа ќе трае подолго.rn
10. Убод од оса
rnСтавете малку шеќер на местото на кое ве боцнала оса. Тој ќе помогне отровот да излезе, а отокот да се намали.rnrnПогледнете митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате.
-

Постојат 4 видови зависници од шеќер: Во која група спаѓате вие?
Многу луѓе денес се зависни од шеќер. Тоа можете да го проверите така што нема да консумирате шеќер две до три недели и ќе видите како ќе се чувствувате. Некои хронични здравствени проблеми поврзани со вишокот шеќер во крвта се висок холестерол, дебелина, висок крвен притисок и срцеви заболувања. Секако, ова е само краток список, а доколку почнат да се анализираат повеќе работи, овој список може да биде составен од неколку страници. Според истражувањата, шеќерот придонесува за над 180.000 смртни случаи годишно.rnrn
rnrnКако што имаат откриено повеќето луѓе, едноставното обидување да се намали консумацијата на шеќер не носи задоволителни резултати. Всушност, кој сака да се откаже од работите кои нудат големо задоволство? Во ред е да уживате во шеќерот и чоколадата, но сепак, треба да ги консумирате во мали количини. Може да се издвојат четири главни видови зависности од шеќер, а најважно е да се открие изворот на желбата. Откако ќе се направи ова, желбата за шеќер ќе исчезне и ќе се чувствувате многу подобро. Во продолжение погледнете кои четири типови зависности постојат, па обидете се да идентификувате во која група спаѓате вие.rn1. Заморот ве тера да посегнете по слатки работи
rnШеќерот ви дава брза енергија, но потоа предизвикува ослободување адреналин кој ја согорува енергијата и ве прави нервозни.rn
2. Доживувате тешка раздразливост кога сте гладни
rnОва се одразува на надбубрежната функција. Работата на надбубрежниот хормон кортизол е да го спречи шеќерот да не падне премногу ниско за време на стресот. Кога некои луѓе имаат „надбубрежен замор“ предизвикан од стресот на модерниот живот, кортизолот, хормонот на стрес, одговара несоодветно и шеќерот во крвта брзо опаѓа. За среќа, тука може да се помогне со нутритивна поддршка, вклучувајќи витамин Б6, витамин Ц и друго.rnrn
rn3. Имате желба за шеќер, но при одредени проблеми
rnНекои луѓе имаат зголемена потреба од шеќер само доколку се соочуваат со некои проблеми, како на пример кандида, назална конгестија, синдром на нервозно дебело црево и слично. Овие желби исчезнуваат откако проблемот ќе биде третиран соодветно.rn
4. Имате анксиозност и депресија поврзани со перименопаузата
rnЛуѓето посегнуваат по шеќер и поради тоа што тој го зголемува движењето на триптофанот во мозокот, кој го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Но, со текот на времето овој шеќер предизвикува прекумерна анксиозност и депресија.
-

Исчистете го вашето тело од токсините и шеќерите за само 10 дена!
Зошто луѓето не можат да се откажат од употребата на шеќерот, иако знаат дека тоа е лошо за нивното здравје? Повеќето од нив не можат да го направат тоа, бидејќи шеќерот предизвикува зависност, како што истражувањата покажуваат, подеднакво како зависноста од кокаин. Меѓутоа, доколку навистина сакате да го ослободите организмот од дејството на шеќерот, можете да го сторите тоа за само 10 дена, но потребно е темелно да се почитуваат неколку правила.rnrn
rn1. Одлучете се за детоксикација
rnНајнапред, поставете си себеси неколку прашања, како на пример: Дали сум зависник од шеќер? Дали се чувствувам добро кога јадам шеќер? Дали копнеам по шеќер и јаглехидрати? Овие прашања ќе ви помогнат да го утврдите вашето ниво на зависност и добро ќе ве подготват за борба за ослободување од шеќерот.rn
2. Избегнувајте ги сите напивки кои содржат калории
rnКалориите од течностите се полоши од калориите од цврстата храна, бидејќи побрзо се апсорбираат во телото и предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта. Пијалаците полни со шеќери како што се газираните сокови и овошните сокови се поврзани со дебелеењето и дијабетесот тип 2.rn
3. Целосна апстиненција
rnЗависноста од шеќерите не е возможно да ја надминете со умерена консумација, потребна е целосна апстиненција. Консумацијата на мали количини шеќер ќе направат збрка во целиот процес на детоксикација. Согласно со ова, треба да се чувате од триковите кои ги користат некои произведувачи, бидејќи на своите декларации делумно избегнуваат да ги наведат адитивите кои ги користат.rn
4. Јадете повеќе протеини
rnПротеините ќе помогнат да се одржува нивото на шеќерот во крвта, а воедно и ќе ја намалат желбата за слатко. Потребно е да внесувате протеини преку производите кои во најголемо количество ги содржат и тоа во рамките на секој оброк.rnrn
rn5. Користете ги мастите во борбата против слатките
rnКако што покажуваат новите истражувања, мастите не предизвикуваат дебелеење. Под ова се подразбираат „здравите“ масти, како што се маслиновото и лененото масло, оревите, авокадото, рибата… Тие, исто како и протеините, ќе направат да се избалансира нивото на шеќер во крвта.rn
6. Јадете вистински јаглехидрати
rnПожелно е слободно и во неограничени количини да јадете разни видови зеленчук, а да ги избегнувате сите скробни јаглехидрати, житарките и мешунките во рок од 10 дена.rn
7. Имајте план за „вонредните ситуации“
rnКога некогаш ќе почувствувате огромен глад, поради зафатеноста во тој момент, можеби е невозможно да си обезбедите здрав оброк. Најдобар план во текот на десетдневната детоксикација е да носите здрава ужина со себе.rn
8. Избегнувајте глутен и млечни производи
rnПотребно е 10 дена да апстинирате од глутенот и производите кои го содржат, како и од сите производи кои се произведени со млеко. Овој вид храна може да предизвика воспаление и желба за внесување калории.rnrnНедостатокот на сон доведува до хормонален дисбаланс и зголемен апетит, додека истовремено ја намалува и волјата. Потребно е секоја ноќ да си обезбедите 7 часа квалитетен, непрекинат сон.
-

Диеталниот шеќер создава „фантомско“ чувство на глад
Многу луѓе кои се грижат за своето здравје и за својот изглед, консумираат диетални пијалаци или користат вештачки засладувачи за да го избегнат регуларниот бел шеќер. Но, едно ново истражување покажува дека таквата навика е штетна затоа што диеталните шеќери всушност предизвикуваат поголемо чувство на глад. Според новата студија спроведена во Австралија, научниците откриле дека лажните шеќери предизвикуваат хаос во мозокот при регулацијата на чувството на глад и на тоа како вашите сетила ги препознаваат вкусовите. Овие резултати можат да се приклучат кон останатите научни тврдења кои застануваат против употребата на вештачките засладувачи. Како научниците дошле до ваквите сознанија?rnrn
rnrnТие во своето истражување најпрвин ги искористиле винските мушички. На мушичките им била дадена храна премачкана со вештачки засладувачи, резултирајќи со консумирање 30 проценти повеќе калории во споредба со нивната нормална исхрана. Но, тоа не било последица на нивната супер активност тој период, туку на нешто сосема друго. Второто тестирање било изведено на глувчиња. И тие добиле храна покриена со вештачки засладувачи, што довело да внесат многу повеќе калории во своите организми – поточно 50 проценти повеќе од нивната редовна исхрана.rnrnНаучниците веруваат дека тоа е така затоа што во центрите за наградување во мозокот, нивото на енергија во организмот и сензорите за слатко се поврзани. Па, така, кога одреден период не се синхронизирани, мозокот треба да се прилагоди. Тој му дава знаци на вашето тело дека е гладно, иако претходно сте изеле доволно храна. Затоа, пред да купите диетален пијалак или кутија со вештачки засладувач, имајте на ум дека по нивната консумација, многу брзо кај вас може да се јави „фантомско чувство на глад“, иако не сте гладни. Колку повеќе користите од тие производи, толку е поголема шансата да добиете прекумерна тежина, затоа што едноставно губите контрола над чувствата за глад и ситост. -

Научете го телото да го намалува шеќерот во крвта и да се ослободи од вишокот килограми
Хранливите состојки што во вид на храна ги внесуваме во нашиот организам, со помош на метаболизмот се претвораат во енергија за работа на мускулите. Во човечкиот дигестивен систем, храната се разградува во 3 основни компоненти: Протеини, маснотии и јаглени хидрати или шеќери. Секој човек различно реагира на хранливите состојки кои преку храната ги внесува во организмот. Различната реакција е делумно наследна, но главно е последица на она со што се храниме. Брзината на метаболизмот е променлива. Со промената на продуктите во исхраната и начинот на нивното комбинирање, организмот може да се програмира побрзо да ги согорува калориите. Всушност, кога храната се разградува на протеини, масти и јаглехидрати, овие последните се двигател на инсулинот.rnrn
rnrnИнсулинот е хормон што го произведува панкреасот и се лачи секогаш кога се внесува храна во организмот. Консумацијата на поголемо количество јаглехидрати во исхраната во форма на слатки и колачи создава повеќе гликоза во крвта, што од друга страна предизвикува лачење на повеќе инсулин за да ја транспортира гликозата таму каде што се чува енергијата во телото.rnrnПостојат две големи складишта на енергија во организмот:rn- rn011
- Гликоген, кој се чува во црниот дроб и во мускулите
- Масти, кои се складираат околу внатрешните органи и под кожата
rn011
rn
rnКога вносот на калории и изборот на храната е исправен, а дневната активност е ефикасна, сè функционира како што треба: Инсулинот се произведува во умерени количини, складиштата на гликогенот постојано се празнат и се полнат, а поради контролираната консумација на јаглехидрати, наслагите на масно ткиво се минимални. Премногу јаглехидрати, заситени масти и алкохол, може да доведат до создавање вишок телесна маса.rnrn
rnrnПотребно е репрограмирање на организмот за да ја преземе контролата над намалувањето на шеќерот во крвта, а тој процес за последица води кон губење на вишокот килограми без напор и гладување. Редовната физичка активност и правилната комбинација на продуктите ќе помогнат метаболизмот да се забрза и да ги потроши вишокот маснотии во организмот. За време на физичката активност, во телото ќе се лачи ендорфин (хормонот на среќата), па истовремено се намалува и стресот. Утринските вежби се многу важни за добар старт на денот и тоа најдобро ќе ја разбуди секоја ќелија во организмот. Утринските вежби го забрзуваат метаболизмот, а со тоа се зголемува и енергетската потрошувачка. -

Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото
Започна сезоната на вишните, а ова неверојатно овошје со кисело-сладок вкус може да се користи за подготовка на слатки, компот, сирупи, но и на вкусен ликер – сладок аперитив, којшто сите го сакаме. Доколку досега не сте подготвувале ликер од вишни или пак, ако сакате да испробате некоја нова техника, овој наједноставен рецепт, е создаден како за вас!rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- Вишни
- Ракија
- Шеќер
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзмијте ги вишните и извадете ги рачките и листовите. На дното од поголема тегла ставете ред вишни, a потоа врз нив посипете подебел слој шеќер. Над шеќерот наредете втор ред вишни, а потоа уште еден слој шеќер. Повторувајте ја оваа постапка сè додека теглата не се наполни речиси до врвот. Теглата со ова прекрасно овошје, ставете ја на место каде што има многу сончеви зраци и затворете ја со мала чинија (никако со капак за тегла). Кога шеќерот целосно ќе се стопи, теглата до самиот врв наполнете ја со ракија, нежно измешајте и затворете ја со капакот. Оставете го ликерот да отстои на темно место барем еден месец. Потоа, тој е подготвен за дегустација.
-

Не живејте во заблуда: Оваа храна нема да ви помогне со вишокот килограми
Прекрасен е фактот што сè повеќе луѓе се определуваат за здрава храна. Но, колку таа храна е навистина здрава? За жал, постојат одредени производи коишто повеќето ги сметаат за здрави, но вистината е дека тие не се! Погледнете за што станува збор.rnrn
rn1. Енергетски чоколада
rnПоголемиот дел од енергетските закуски се преполни со шеќер. Наместо ова, изедете една јаболка или морков.rn
2. Овошен нискомасен јогурт
rnЛуѓето коишто сакаат да изгубат тежина често ги користат овошните јогурти, но вистината е дека и тие се преполни со шеќер. Тие се добри за луѓето коишто имаат висок холестерол, но далеку се од здрави намирници.rn
3. Смрзнат јогурт
rnЗамрзнатиот јогурт е прав деликатес. Иако содржи јогурт, има иста количина калории како и сите други видови сладолед.rnrn
rn4. Смуди
rnКога мешате неколку видови овошја и си приготвувате смуди, можете да завршите со консумирање значително повеќе шеќер отколку со просечната дневна доза овошје.rn
5. Житарици
rnЖитариците се омилен појадок на многумина, но вистината е дека тие и не се толку здрави. Не мислите дека вашите килограми магично ќе исчезнат ако секојдневно јадете житарици.rn
6. Замрзната храна
rnЛуѓето коишто немаат време да готват, честопати купуваат замрзнати, здрави намирници коишто лесно се приготвуваат во микробранова печка. Но време е да престанете да ги купувате, затоа што тие се преполни со адитиви.rn
7. Суво овошје
rnНе сите сушени овошја содржат шеќер. Слободно можете да јадете сливи, грозје и сушени кајсии, затоа што тие не содржат никакви дополнителни шеќери. За останатите, најдобро да ги избегнувате.rnrn

-

Домашен рецепт: Како да направите органски јаболков оцет?
Јаболковиот оцет наоѓа голема примена во одржувањето на здравјето на организмот и негата на кожата. Тој најмногу се користи во кујната, при подготовката на бројни јадењата и рецепти, но може да се користи и како лек за најразлични болести и инфекции. Затоа е добро да го имате на дофат во секое време. Во тој контекст, погледнете како самите да направите домашен, органски јаболков оцет со само неколку свежи јаболка.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- Свежи и измиени јаболка
- Вода
- Шеќер
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсечете ги јаболката, нарендајте ги во една стаклена или пластична тегла и ставете малку шеќер. Доколку користите кисели јаболка, тогаш додадете 1% шеќер на целокупната количина. Шеќерот е потребен за ферментација и него воопшто нема да го има во финалниот производ. Прелијте со вода, покријте ја теглата со газа и оставете да делува на собна температура од околу 20°C. rnrnПо 7-10 дена, ќе почнете да чувствувате мирис на киселина во просторијата во која ја чувате теглата. Бидејќи мирисот е јак, најдобро е да не ја чувате смесата во кујната или некое друго место каде често престојувате. По месец дена можете да пробате дали ви одговара киселоста на оцетот. Доколку сте задоволни и оцетот ви е доволно јак, тогаш можете да ја процедите течноста низ газата и да ја ставите во чисти и стерилизирани шишиња. Доколку не сте задоволни со киселоста, тогаш оставете да отстои уште неколку дена.