КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • Карамел-пуканки

    Карамел-пуканки

    Колку е убаво кога нешто толку едноставно ќе го направите модерно и вкусно. За почеток, направете го тоа со пуканките. Обвиткани со карамел и неверојатна златеста боја, овие карамел-пуканки сигурно ќе ви бидат одлични придружнички на следниот филм или ТВ серија која ќе ја гледате.rnrnПотребно:rn

      rn011

    • 90 г путер
    • rn011

    • 180 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 50 мл сируп од пченка
    • rn011

    • сол на врв на лажиче
    • rn011

    • сода бикарбона на врв на лажиче
    • rn011

    • 90 г испукани пуканки
    • rn

    rnКарамел пуканкиПодготовка: Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути.Карамел пуканкиПо еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња.Карамел пуканки
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шпанско кафе

    Шпанско кафе

    Ова е кафето кое ви е потребно за да ве загрее во ладните зимски денови кои претстојат.rnrnШпанско кафеrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 30 ml ликер од кафе
    • rn011

    • 30 ml рум
    • rn011

    • матен шлаг
    • rn011

    • 60 ml еспресо кафе
    • rn011

    • морско оревче
    • rn011

    • шеќер во гранули
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во шејкер измешајте ги ликерот, румот и кафето. Чашата навлажнете ја со вода и обложете ја со шеќер по рабовите. Претурете го кафето. Врз него, ставете го шлагот и од горе изрендајте малку морско оревче.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #6

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #6

    Зрна кафе, коцки шеќер и темна позадина која ќе ви дозволи едноставно лоцирање на иконите – одличен контраст кој совршено ќе „легне“ на вашата десктоп позадина оваа недела.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #6

  • Мока кафе (Mocha Coffee)

    Мока кафе (Mocha Coffee)

    Едноставно и лесно за подготовкаМока кафе (Mocha Coffee)Потребно време за подготовка: 5 минути

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 dl топло сварено капучино
    • rn011

    • 1 кафена лажичка незасладено какао
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn011

    • 50 ml млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во поголема дебела стаклена чаша ставете го топлото капучино. Во него додадете ги какаото и шеќерот и мешајте. Потоа додадете го и ладното млеко. За крај, по вкус можете да декорирате со шлаг и чоколаден прелив или чоколадни трошки.

  • Мекдоналс, 10 недели подоцна…

    Мекдоналс, 10 недели подоцна…

    Светски познатиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналс“ ја базира својата успешност врз уникатноста и шмекот кои ги имаат нивните продукти, едноставно терајќи ве да се заљубите во нивниот вкус. Не е тајна дека скоро се што можете да купите во Мекдоналс содржи одредена количина на шеќер, па така иако на око оброкот е мал, сепак може да ве засити.rnМекдоналс, 10 недели подоцнаМорган Спарлок, режисерот и актерот во документарецот „Super Size Me“ кој е снимен за “придобивките“ од редовното конзумирање на производите на Мекдоналс, направил еден интересен експеримент. Тој во големи тегли поклопува неколку од најпопуларните и најпродаваните бургери во Мекдноналс и нормално незаменливиот помфрит. Погледнете што се случува со сите продукти, во рок од 10 недели ретроспективно и потоа размислете каде би јаделе денеска.rnrn