Многу од луѓето додаваат шеќер во кафето или јадат торта и се чувствуваат супер. Но има луѓе кои не го толерираат шеќерот и се чувствуваат лошо веднаш откако го консумираат.rnrn
rnrnИако можеби звучи драматично, ова не е ретка појава. Кога консумираме шеќер, нивото на шеќер во крвта се зголемува, што води до лачење на инсулин од панкреасот. Тогаш добиваме енергија и се чувствуваме добро моментално, меѓутоа наскоро шеќерот во крвта опаѓа драстично. Поради тоа може да чувствуваме гадење па дури и повраќање. Освен тоа, шеќерот може да предизвика и пореметување на хормоните.rnrnДоколку сметате дека шеќерот делува негативно на вас, тогаш треба да размислите колку шеќер внесувате или да консултирате лекар. Прочитајте за некои лоши симптоми кои шеќерот може да ги предизвика.rn
1. Имате мозолчиња
rnИако постојат многу фактори кои влијаат врз појавата на акни, внесувањето шеќер е еден од нив. Кожата е многу чувствителна на шеќер. Глукозата во крвта делува директно врз акните. Ова е поради воспалението на хормоните кои ја иритираат кожата. Секако, ова не значи дека треба целосно да престанете да внесувате шеќер. Но доколку забележите дека кожата станува премногу чувствителна тогаш преземете мерки.rn
2. Не можете да спиете навечер
rnПовторно, тука постојат повеќе фактори, како стресот, колку кафе пиете и слично. Но шеќерот може да предизвика да бидете будни во текот на ноќта. Истражувањата велат дека соковите, посебно газираните, имаат ист ефект како да се испиле кафе пред да легнете да спиете.rn
3. Се чувствувате пречувствителни
rnХраната што ја внесуваме може да има голема улога во тоа како се чувствуваме, ментално и емоционално. Доколку внесувате многу шеќер, и потоа почнете да ги балансирате оброците веднаш ќе почувствувате разлика.rn
4. Се чувствувате изморени после оброкот
rnРазмислете како се чувствувате по оброк. Ако ви е потребна шолја кафе за да не заспиете, тогаш тоа е поврзано со нивото на шеќерот. Луѓето кои го процесираат шеќерот нормално, по оброкот се чувствуваат енергично и будно.rn
5. Се чувствувате изнемоштено
rnДоколку имате ниско ниво на шеќер, тогаш тоа е хипогликемија, а таа прави да се чувствувате уморно, гладно, слабо, изнемоштено и анксиозно. Телото ви бара шеќер. Меѓутоа тоа е круг кој не запира. Тогаш е најдобро да се консултирате со лекар.rn
6. Имате проблеми со синусите
rnЖивотниот стил исполнет со шеќер може да предизвика хронични проблеми со синусите. Доколку се двоумите, пробајте сами. Намалете го шеќерот и видете дали ќе има некои промени.rn
7. Се чувствувате надуено
rnДоколку имате гасови или проблеми со столицата, тоа може да биде резултат на прекумерното консумирање шеќер. Посебно доколку пиете многу газирани сокови. Во ред е понекогаш да се напиете, но внимавајте колку шеќер внесувате бидејќи тоа делува на целиот абдоменален дел.rn
8. Губите концентрација
rnМожеби сте слушнале за мозочна магла, тоа е кога се исклучувате целосно и мозокот како да престанува да работи. Шеќерот е најголем причинител за оваа состојба, и предизвикува губење на фокусот. Шеќерот предизвикува лачење на екстра инсулин и кортизол, кој потоа прави да се чувствувате изморени.rn
9. Имате напади на глад
rnАко постојано ви се јаде благо, или не се заситувате од храната, тогаш нивото на шеќер во крвта ви опаѓа. Затоа често секое попладне ви се грицка нешто или имате потреба од кафе или чоколадо.rn
10. Ве болат колената
rnБолките се предизвикани од воспаленија во телото, а тоа е негативната страна на шеќерот. Шеќерот може да предизвика предвремено стареење и проблеми со варењето.rn
11. Постојано губите мотивација
rnДоколку се чувствувате уморно откако ќе изедете чоколатце, тогаш вашето тело не ја согорува глукозата иако ја консумирате. Доколку постојано ви се спие, тогаш можеби треба да јадете помалку шеќер.rnrnВашето тело ќе помине низ огромни промени доколку го исфрлите шеќерот од исхраната на еден месец.