КАФЕ ПАУЗА

Tag: пудра

  • Исфрлете ја употребата на пудра со помош на овие трикови!

    Исфрлете ја употребата на пудра со помош на овие трикови!

    Иако пудрата ги прекрива сите недостатоци на кожата, во текот на летниот период нејзината употреба би требало да се сведе на минимум. Сигурно не би сакале целата шминка да ви се истопи од топлото летно сонце. Без разлика дали станува збор за додавање на уште еден чекор кон вашата утринска рутина или за генијален продукт, овие трикови ќе ви помогнат да го добиете тенот за кој отсекогаш сте сонувале.rnrn0-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mkrn

    1. Ексфолијација

    rnРапавата и сува кожа честопати се собира на видливи места, па дури иако користите квалитетна пудра. И таа е најголем причинител за нееднаков тен. За да го спречите појавувањето на црвенило и за да ја одржите мазната текстура на кожата, ексфолирајте ја еднаш неделно. Забрзајте го процесот со ексфолијаторен сунѓер или крпа, во зависност од нежноста на кожата.rn

    2. Навлажнување

    rnКожата честопати може да се иритира од сонцето. Затоа постојано навлажнувајте ја со разни кремови. Во зависност од количината масло што ја произведувате, ставајте крема за навлажнување на кожата два пати дневно – навечер и наутро. Исто така користете продукти кои содржат масла од чајно дрво или алое вера за да го смирите црвенилото. Ако вашата кожа е добро хидратизирана, тогаш се спречува појавата на слободните радикали на површината, кои инаку навлегуваат длабоко во кожата и ја уништуваат работата на клетките.rn

    3. Ладење

    rnКористете спреј за лице богат со алое, ставете ладна крпа (по можност од муслин) врз целото лице или маска која го лади лицето. Вака ќе спречите создавање на црвенило и кожата ќе добие свеж изглед. Спрејовите за лице и маските треба да бидат направени од супстанции кои спречуваат црвенило, делуваат на инфламации и ѝ даваат природен изглед на кожата. Ако ви црвенеат образите, а морате да нанесете шминка, пробајте со ваквиот чекор за да добиете што е можно поеднаков тен.rnrn1-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mkrn

    4. Подлога за шминка

    rnНе плашете се од трендовите во убавината. Подлогата за шминка моментално ги доживува своите пет минути слава. Има и причина зошто. Таа служи за покривање на видливите пори како тие на носот и брадата. Подлогите за шминка создаваат изглед на платно на кое се прекриени апсолутно сите линии, лузни, несовршености и пори. Бидејќи овој продукт стана многу популарен, тој доби и понапредна верзија која вклучува заштитен фактор и навлажнувач.rn

    5. Обоен навлажнувач

    rnИако има големи сличности со пудрата, сепак неговата формула е многу полесна и поприфатлива во текот на летните месеци. На кожата ѝ дава совршен финиш, но без чувството на затнати пори. Може, но и не мора да содржи заштитен фактор, а може да се најде секаде, од познатите парфимерии, до аптеките и дрогериите.rn

    6. Коректор

    rnИако неговата цел е насочена кон кожата околу очите каде што се наоѓаат тие ужасни темни кругови, сепак коректорот може да има и поширока примена. Само многу е важно да ја погодите нијансата која одговара на вашата кожа. Кога таа е несоодветна, а вашето лице ќе дојде во контакт со рефлектор или друг вид вештачка светлина, неговиот ефект ќе спротивен – дамката која отскокнува од тенот на останатиот дел на кожата ќе дојде до израз. Исто така важно е да знаете каков вид коректор користите уште пред да го нанесете. На пример, на коректорот за целосно покривање му е потребно подолго време за да се изедначи со кожата. Затоа морате да одвоите малку повеќе време за негово нанесување.rn

    7. ББ и ЦЦ креми

    rnПосветли и полесни од пудрите, честопати збогатени со витамини, заштитен фактор и што уште не, овие чуда веднаш станаа миленици на жените. Бидејќи имаат многу лесна текстура и одлично се комбинираат со сите шминкерски рутини, тие се сон на секоја девојка.rnrn2-isfrlete-ja-upotrebata-na-pudra-so-pomos-na-ovie-trikovi-kafepauza.mk

  • Мејкап прирачник: Што е прајмер и за што служи?

    Мејкап прирачник: Што е прајмер и за што служи?

    Тајната за совршениот тен се крие во прајмерот, ова ќе ви го каже секој шминкер, а ако се прашувате што е всушност тоа, сега е време да дознаете. Бидејќи и по нанесувањето на пудрата понекогаш се познаваат траги и неправилности на кожата, време е во вашиот несесер да го додадете прајмерот или базата за шминка.rnrn1-mejkap-prirachnik-shto-e-prajmer-i-za-shto-sluzhi-www.kafepauza.mk_rn

    Што е прајмер?

    rnПрајмерот или базата за шминка всушност претставува производ чија основна цел е да ги прикрие видливите маани и недостатоци на вашата кожа. Прајмерот функционира на истиот начин како и кремот што се нанесува под течната пудра: го олеснува нанесувањето на течната пудра и прави бариера помеѓу кожата и пудрата. Прајмерот може да ги покрие проширените пори, ситните брчки, испуканите капилари, црвенилото и други слични неправилности на кожата. Исто така, ако нанесете прајмер пред да нанесете пудра, пудрата ќе трае подолго, ќе му даде поефикасен тонус на вашето лице и кожата нема да „свети“ што е чест случај при нанесувањето на пудра кога не се користи прајмер како подлога.rnrnПрајмерот исто така обезбедува вашата шминка да трае подолго. Постојат прајмери кои се нанесуваат на целото лице, но и такви што се нанесуваат само на определени делови каде што се застапени неправилностите. Може да го користите во пределот на вратот или пак деколтето.rn

    Која е функцијата на прајмерот?

    rnТој ќе направи вашата шминка да изгледа поубаво бидејќи ги прекрива порите и брчките. Исто така, шминката ќе трае подолго бидејќи прајмерот ја штити шминката од мастите на кожата, па затоа вашиот кармин и сенка ќе траат цел ден. Најлесен и најбрз начин за да го прекриете непосакуваниот сјај на лицето е да натапкате малку прајмер на проблематичните места. Прајмерот може да го користите и за да прекриете некои модринки на телото.rnrn2-mejkap-prirachnik-shto-e-prajmer-i-za-shto-sluzhi-www.kafepauza.mk_rn

    Како да го користите прајмерот или базата за шминка?

    rnНајнапред нанесете хидратантна крема. Одберете некоја лесна крема бидејќи потешките имаат тенденција да го „лизгаат“ прајмерот од вашето лице.rnrnТука исто така важи правилото: помалку е повеќе. За целото лице е потребно многу малку, па затоа земете малку прајмер на врвот од прстите и рамномерно нанесете го на целото лице. Почекајте 30 секунди за да се исуши па потоа нанесете ја пудрата и коректорот. Базата за шминка не мора да ја користите секојдневно, туку само кога ќе сакате да изгледате совршено. Користете ја секојдневно ако имате изразено нерамномерни подрачја на лицето.rn

    Кој не треба да користи прајмер?

    rnНајнапред ако имате сува кожа не треба да користите прајмер, бидејќи на овој тип кожа шминката секако трае подолго. Овој тип кожа има и малку видливи пори. Исто така, не ви е потребен прајмер ако имате помалку од 25 години бидејќи вашата кожа сè уште е мазна, но и порите не се толку изразени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Течна пудра наспроти пудра во прав: Кој е најдобриот избор за вас?

    Течна пудра наспроти пудра во прав: Кој е најдобриот избор за вас?

    Кои се најголемите разлики помеѓу овие два вида пудра? Дали едната е поефикасна од другата? Која е полесна за нанесување? Која од нив е подолготрајна? И најважно од сè, дали видот на вашата кожа треба да биде фактор во изборот на видот на пудрата?rnrnТечна пудра наспроти пудра во прав: Кој е најдобриот избор за вас?rn

    Позитивни страни на течната пудра:

    rn

      rn011

    • Лесно се впива во кожата и често пати не се забележува дека ја носите.
    • rn011

    • Немате потреба од четки за нанесување, можете брзо и едноставно да го направите тоа со вашите раце.
    • rn011

    • Многу често потребно ви е само мала количина од производот за да ги скриете несовршеностите на вашето лице.
    • rn011

    • Се препорачува за многу сува или постара кожа бидејќи таа нема тенденција да ги нагласува порите и брчките како пудрата во прав.
    • rn011

    • Предизвикува кожата на лицето да има сјај и да изгледа свежо.
    • rn

    rn

    Негативни страни на течната пудра:

    rn

      rn011

    • Не трае толку долго како пудрата во прав (особено врз очите) и може да стане сјајна и да се движи околу вашето лице.
    • rn011

    • Не е добар избор за мрсна кожа.
    • rn011

    • Функционира добро само ако ја нанесете врз хидратантна крема.
    • rn011

    • Не можете лесно да комбинирате неколку различни бои на пудра како што тоа можете да го правите со пудрата во прав.
    • rn

    rn

    Позитивни страни на пудрата во прав:

    rn

      rn011

    • Овозможува мат и кадифен изглед на вашата кожа.
    • rn011

    • Трае многу подолго, особено ако е нанесена врз основа.
    • rn011

    • Можете многу лесно да комбинирате различни бои и текстури, што е особено одлично за шминката врз очите.
    • rn011

    • Помага да се апсорбираат маснотиите од кожата, па не се набира лесно.
    • rn011

    • Најдобар избор за мрсна кожа.
    • rn011

    • Може да биде употребена врз различни видови продукти за кожата.
    • rn

    rn

    Негативни страни на пудрата во прав:

    rn

      rn011

    • Може да предизвика да изгледате постаро бидејќи може да се набере околу вашите брчки.
    • rn011

    • Доколку има премногу мат изглед, таа може да предизвика вашата кожа да изгледа монотоно.
    • rn011

    • Најчесто треба да биде нанесена со четка и бара одредена техника за нанесување.
    • rn011

    • Изгледа помалку природно врз вашата кожа.
    • rn011

    • Може да предизвика вашата кожа да изгледа суво или дехидрирано.
    • rn011

    • Може да настане „ронење“ на пудрата околу очите.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Внимавајте: Можеби ве разубавува, но шминката може да биде и извор на сериозни проблеми

    Внимавајте: Можеби ве разубавува, но шминката може да биде и извор на сериозни проблеми

    Шминката сама по себе не мора да биде лоша, ако правилно ја користите. Меѓутоа ако направите некоја од овие грешки, може да завршите со ниту малку пријатни проблеми на лицето. Дерматологот Горана Исаиловиќ открива кои козметички производи може да бидат извор на незгоди.rnrn1-Vnimavajte-Mozhebi-ve-razubavuva-no-shminkata-mozhe-da-bide-izvor-na-seriozni-problemi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Пудра

    rnПудрата нема многу да ви наштети доколку ја бришете пред спиење. Меѓутоа, многу девојки прават голема грешка бидејќи не го читаат составот кога ја купуваат. Тоа доведува до непријатни резултати, како што се мозолчиња и акни. Потоа врз тие акни повторно нанесуваат пудра, што ја влошува ситуацијата.rn

    „Ако имате проблеми со кожата, никако не смеете да користите пудра која содржи масло, бидејќи тоа може да доведе до таканаречените козметички акни. Тоа е голем проблем на многу девојки, а решението е премногу лесно. Едноставно, најдете пудра на која ќе пишува дека не содржи масло“ – истакнува Исаиловиќ, и додава дека изборот на вистинската пудра е полесен отколку лечењето на акните.

    rn

    2. Молив за очи

    rnАко сакате да ги исцртате очите со црна боја, особено внатрешната линија на долниот капак, тогаш правите голема грешка. Моливот за очи не треба да дојде во директен контакт со очите, бидејќи може да добиете инфекција или пак конјунктивитис. Ова посебно се однесува на евтините марки, за кои не е проверено дали се дерматолошки тестирани. Затоа, ако баш сакате црна линија на капакот направете го тоа веднаш до трепките, но на надворешната а не внатрешна страна, која е многу близу до окото.rn

    3. Четките

    rnЧетките се вистинско легло за бактериите и нечистотиите, па затоа за нив треба посебно да се грижите. Ова се однесува на четките кои се користат за нанесување на руменило, пудра или други производи на самата кожа на лицето, но не треба да ги заборавите и четките за очи.rnrnЧетките треба да се индивидуална работа и не треба со никој да ги делите. Затоа би било добро секогаш да имате своја четка покрај себе, па дури и кога одите на професионална шминка, бидејќи на тој начин може да се шират бактериите. Исто така неопходно е редовно да ги миете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знае

    3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знае

    Постојат неколку трикови за правилно нанесување течна пудра кои секоја жена треба да ги знае. На овој начин не само што ќе постигнете природен изглед, туку и ќе изгледате подобро од било кога претходно. Погледнете.rnrn3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знаеrnrnПравило #1 – Пред нанесување на пудрата темелно измијте го лицето. Дури и најмалите нечистотии можат да придонесат таа да изгледа нерамномерно.rnrnПравило #2 – Одлучете како ќе ја нанесете пудрата: со рака, со помош на сунѓерче или со четка.rn

      rn011

    • Нанесување со рака: Со врвот на прстите малку загрејте ја пудрата, а потоа нанесете ја на лицето почнувајќи од вилицата нагоре кон носот, па сè до челото. Откако ќе ја нанесете, нежно тапкајте по кожата со цел да ја зголемите циркулацијата и да постигнете розов сјај.
    • rn011

    • Нанесување со сунѓерче: Прво нанесете мала количина од пудрата на вашата дланка, а потоа на сунѓерчето. Со негова помош нанесете ја на лицето на истиот начин како да го правите тоа со рака, од брадата кон челото. Доколку сакате да постигнете поблаг и потранспарентен ефект, натопете го сунѓерчето со вода пред нанесување на подлогата.
    • rn011

    • Нанесување со четка за шминкање: Со заоблена четка нежно масирајте ја пудрата на вашето лице, повторно започнувајќи од вилицата, кон образите, носот, па челото.
    • rn

    rnПравило #3 – За постигнување природен ефект, потребно е да ја изберете соодветната нијанса на пудра. Токму затоа секогаш одбирајте на дневна светлина и внимавајте таа да не биде премногу темна или светла во однос на вашата кожа!

  • Избегнете ги овие грешки при нанесување на коректорот

    Избегнете ги овие грешки при нанесување на коректорот

    Автор: Сара ТурановиќrnrnГолем број жени кои имаат проблеми со подочници, акни или пак брчки, како ефективно решение користат коректор. Тој е помеѓу омилените козметички производи, дури и кај жените кај кои шминката не е секојдневен ритуал. Коректорот ја има моќта да ги покрие сите недостатоци на кожата, па затоа сите го обожаваат. Меѓутоа ако не сте задоволни со ефектот, можно е да правите некоја грешка при неговото нанесување. Погледнете ги најчестите грешки.rnrnizbegnete-gi-ovie-greshki-pri-nanesuvanje-na-korektorot-kafepauza.mkrn

    1. Изборот на коректор

    rnКоректорот доаѓа во различни облици, па затоа е многу важно да го пронајдете оној што најмногу ви одговара. Коректорот во цврст облик е најдобар за прикривање на недостатоците на лицето како што се црвенилото и флеките. Течниот коректор со четка или во молив е одличен за прикривање на подочниците.rn

    2. Пресветла нијанса

    rnАко се разбудите со темни подочници и пробате да ги прекриете со светла нијанса на коректор, само уште повеќе ќе ги нагласите. Подобро изберете коректор кој ќе биде само за нијанса посветол од вашата кожа.rn

    3. Погрешно нанесување

    rnЗа да ви остане коректорот цел ден на лицето не заборавајте да го фиксирате со пудра во прав. За ова може да ви помогне четката за нанесување сенка за очи.rn

    4. Правилно нанесување

    rnКога ќе нанесете коректор на проблематичното место, немојте да го размачкувате со прст. Секоја несовршеност подобро ќе ја прикриете ако го размачкате со четка или пак сунѓерче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

    Евтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудра

    Автор: Сара ТурановиќrnrnАко вашиот буџет за купување козметика е ограничен и би сакале да имате мултифункционален производ, тогаш дефинитивно мора да ѝ дадете шанса на бебешката пудра. Практична е бидејќи може да ја употребите на многу начини. Ќе ви помогне кога немате доволно време за да ја измиете косата, за вашиот кармин да трае подолго. Но тоа не е сè, таа може да ви послужи и за…rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    1. Го зголемува волуменот на трепките

    rn„Нанесете мал слој бебешка пудра на трепките помеѓу двата слоја маскара. Пудрата ќе им даде волумен и должина на вашите трепки. Освен ова, ако вашата маскара не е доволно густа, пудрата ќе спречи таа да се размачка“ – нѐ советува експертот за убавина Кристина Марал.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    2. Суво миење на косата

    rnЗа овој трик веројатно веќе сте слушнале. На врвот на прстите нанесете малку бебешка пудра, па потоа нанесете ја на коренот. На крај исчешлајте ја косата. Бебешката пудра ќе ги впие мастите од косата и ќе и го зголеми волуменот.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    3. Го отстранува сјајот од кожата

    rnСопственикот на онлајн-продавницата LesBijouteries.com, Гери Барнс тврди дека бебешката пудра има подобар ефект од многу пудри кои имаат мат финиш. „Го научив овој мал трик од фотограф. Не мора да користите голема количина на пудра туку доволно е мал слој за да го впие непотребниот сјај од лицето, а вие ќе блеснете пред камерите. Таа ја собира потта од лицето и го ублажува сјајот, особено кај лицата кои имаат темен тен бидејќи темната кожа одразува поголем сјај пред камерите“ – изјавува Гери.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    4. Карминот ќе ви трае подолго

    rn„Кога шминкам некого кого го чека долга ноќ, односно кога шминката треба да трае долго, помеѓу двата слоја кармин нанесувам бебешка пудра. После првиот слој, со хартиено марамче отстранете го вишокот на кармин, а потоа со четка нанесете бебешка пудра. Потоа повторно нанесете кармин и готови сте“ – вели Марал.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    5. За полесно да го отстранете песокот од кожата

    rn„Мојот омилен трик со бебешка пудра го практикувам на плажа. Ако нанесете тенок слој пудра, песокот нема да се лепи на вашата кожа и ќе го отстраните со лесен допир“ – советува Реган.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrn

    6. Го отстранува непријатниот мирис од патиките

    rnНемате време да се истуширате после враќањето од фитнес, а сакате да облечете чисти патики на испотени нозе? Ставете малку бебешка пудра во нив и таа ќе ја апсорбира потта и непријатните мириси.rnrnЕвтино и корисно: Необични употреби на бебешката пудраrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае

    20 трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае

    Шминката знае да биде најдобриот пријател на жената кога тоа ѝ е најпотребно. Токму затоа, малите трикови кои би помогнале таа да изгледа што е можно поблиску до совршеното се секогаш добредојдени.rn

    1. Прво користете основа, па потоа коректор

    rnДоколку ставите прво коректор, кога ќе ја нанесувате основата ќе избришете поголем дел од коректорот. Но ако прво ја нанесете основата, ќе ви биде потребно помалку коректор.rnrn1-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    2. Најдобар начин да нанесете коректор е да нацртате триаголник чија основа ќе биде линијата под вашето око, а врвот ќе се стреми кон вашиот образ

    rnНа овој начин не само што ќе ги сокриете подочниците, туку и ќе создадете илузија на многу затегнато лице.rnrn2-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    3. Нанесете коректор на очните капаци за да спречите бришење на сенката и трошење на вашите трепки

    rnКоректорот може дури и самостојно да послужи како сенка.rnrn(3)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    4. Доколку сакате да ги покриете акните, прво користете зелен коректор, а потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа

    rnЗелениот коректор нанесете го точно над акните со чиста четкичка, но не и околу. Потоа искористете го памукот од чепкалката за уши така што со него ќе го нанесете коректорот во боја на вашата кожа врз акните и околу. За крај нанесете ја и пудрата.rnrn4-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    5. Доколку имате акни на градите или на грбот, нанесете коректор кој совршено одговара на вашата кожа директно врз нив, а потоа нанесете соодветна нијанса на пудра

    rnКоректорот ќе го покрие црвенилото, а пудрата ќе спречи коректорот да се избрише.rnrn(5)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    6. Доколку во даден момент немате коректор со себе, нанесете мала количина од течната основа врз акните, почекајте да се исуши и потоа довршете со пудра

    rnТрикот е во тоа што доколку чекате доволно долго да се исуши основата, таа ќе го има истиот ефект како и коректорот. Во спротивно ќе покрие многу мала површина бидејќи ќе се размачка кога ќе почнете да нанесувате пудра.rnrn(6)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    7. Користете коректор кој е за нијанса посветол од вашата кожа за да покриете три мали области од очите: внатрешното V, средниот дел од вашиот очен капак и делот точно под вашите веѓи

    rnДоловува изглед на добро одморена личност и делува многу природно.rnrn(7)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    8. Со прстот до малиот прст нанесете портокалова или праска боја коректор на вашите подочници

    rnПрстот до малиот прст ќе го нанесе коректорот со доволен притисок за тој совршено да се вклопи во вашата кожа, а овие нијанси на коректор ќе ги покријат темните кругови под вашите очи. Над ова се нанесува пудра.rnrn(8)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    9. Запознајте се со тоа кои нијанси на коректор за што се користат

    rnРозевкаст или праска боја коректор е за подочници или модрици, зелениот е за криење на црвенило, а жолто нијансираните коректори се за да ја изедначат бојата на вашето лице.rnrn9-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    10. Покријте ги подуените очи со мала мешавина на крем за очи, коректор и течна сенка

    rnИзмешајте ги состојките на надворешниот дел од вашата дланка и потоа мешавината нанесете ја под вашите очи, над вашите веѓи и на страничниот надворешен дел од очите за да ја скриете подуеноста на очите.rnrn10-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    11. Откако ќе го нанесете коректорот, потапкајте ја областа со суво хартиено марамче за да спречите негово згуснување токму под вашите очи

    rnСо марамчето ќе успеете лесно и брзо да го избришете непотребниот слој на коректор кој само би се наталожил под вашите очи.rnrn(11)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    12. Изострете ја линијата нанесена со тушот за очи така што ќе користите тенка четка натопена во коректор

    rnОва е многу полесно отколку да го бришете тушот и одново да го нанесувате.rnrn(12)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    13. Истакнете го карминот и спречете тој да се размачка така што околу усните ќе нанесете тенка линија од коректор

    rnВашите усни после ова ќе изгледаат многу изострено, секако, во позитивна смисла.rnrn(13)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    14. Истакнете ги вашите усни со нанесување малку светол коректор и сјај за усни

    rnНанесете светла нијанса на коректор на средината на вашите усни, потоа лесно размачкајте го тоа околу и на крај нанесете скоро проѕирен сјај за усни кој совршено ќе го долови изгледот на полни усни.rnrn(14)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    15. Сменете ја формата на вашите усни така што прво ќе ги покриете со коректор и потоа ќе нанесете молив за усни малку понадвор од вашите природни уснени линии

    rnОткако ќе го нанесете коректорот користејќи чепкалка за уши, го нанесувате моливот за усни и финиширате со сјај за усни во истата нијанса како и моливот кој го користите.rnrn(15)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    16. Истакнете ги веѓите така што коректорот ќе го нанесете под и над веѓите

    rnКористите коректор кој е за една нијанса посветол од вашата кожа, а кој го изедначувате со кожата со прстот до малиот прст.rnrn(16)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    17. Исконтурирајте ги цртите на вашето лице користејќи коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа и коректор кој е за две нијанси посветол

    rnЗа ова е пожелно да користите молив-коректори така што потемниот го користите за да ги означите деловите од лицето кои се природно засенети, а посветлиот за оние кои се природно осветлени. Потоа користете четка за изедначување на нијансите.rnrn17-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    18. Истакнете ја клучната коска така што ќе ги исправите рамениците и ќе ги истакнете природните контури со коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа, а потоа ќе ги осветлите со коректор кој е за две нијанси посветол

    rnПотемниот коректор го користите за да ги означите деловите кои се засенети, а посветлиот за оние кои се поистакнати. Со четка или сунѓерче изедначете ги нијансите притоа елиминирајќи ја видливоста на какви било груби линии.rnrn(18)-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    19. Направете хидратантен крем за лице мешајќи ги вашиот дневен лосион за лице и коректорот

    rnОваа мешавина не само што ќе ја хидрира вашата кожа, туку и ќе ги изедначи нијансите на вашето лице.rnrn19-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_rn

    20. Чувајте повеќе нијанси на коректор во вашиот несесер со шминки

    rnБидејќи за секаков тип проблеми со кожата ви е потребна различна нијанса на коректор, убаво би било кога би го имале соодветниот коректор за соодветната прилика.rn

      rn011

    • Кремастиот коректор е за сокривање на црвенило и подочници и дава мат финиш.
    • rn011

    • Коректорот во вид на цилиндар е за сокривање на тетоважи, вени, лузни и задава мат финиш. Кармин коректорот е за сокривање на црвенило.
    • rn011

    • Коректорот како молив задава полумат финиш, а е погоден за исцртување на контури.
    • rn011

    • Течниот коректор е погоден за областа под очите и за изедначување на нијансата на кожата.
    • rn011

    • Течниот коректор со сунѓерче е погоден и за осветлување, а е лесно вклоплив.
    • rn011

    • Течниот кармин коректор е погоден за круговите под очите и ја намалува подуеноста на очите.
    • rn011

    • Течниот коректор во облик на пенкало е погоден поради веќе постоечката четкичка која покрива средно големи области околу очите.
    • rn

    rn20-20-trikovi-povrzani-so-korektorot-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk_

  • 6 четки кои мора да се најдат во вашиот несесер

    6 четки кои мора да се најдат во вашиот несесер

    Во денешно време има премногу продукти за разубавување кои ги преполнуваат нашите фиоки и несесери. Таму има сѐ: сенки за очи, руменила, бронзери и што уште не. Многу важен дел од рутината при шминкањето се и четките, а овие 6 мора да се најдат во вашиот козметички несесер.rn

    1. Четка за коректор

    rnОваа четка има многу намени. Можете да ја употребите целата четка за нанесување коректор под очите, или да го искористите нејзиниот врв за коригирање на пегите, акните и сл. Исто така е корисна како четка за усни. Кога станува збор за четките за коректор и усни, синтетичките се многу поубави. Влакненцата остануваат на нивното место и не се виткаат како кај оние од природни влакна.rnrn1-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrn

    2. Четка за крем-руменило

    rnОваа четка служи за изедначување на кремастото руменило. Исто така често се користи и за нанесување на продукти во прав како бронзер или руменило. Таа е одличен прибор во женскиот несесер бидејќи е составена од мешавина од синтетички и природни влакна.rnrn5-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrn

    3. Четка за руменило

    rnВаквата четка служи за нежно нанесување руменило. Ако таа е премногу голема ќе нанесете премногу руменило што ќе направи да изгледате како кловн. Започнете со мала четка, а потоа можете да земете и поголеми.rnrn2-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrn

    4. Четка за пудра во прав

    rnЧетките за пудра во прав се малку накосени за да можете лесно да нанесувате шминка под окото или на капакот, или за визуелно намалување на носот. Немојте да користите голема четка за пудра во прав бидејќи лесно може да изгубите контрола врз неа. Плус, ова е одлична четка за истакнување на контурите на лицето.rnrn3-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrn

    5. Четка за изедначување на шминката на капаците

    rnОвие четки се одлични бидејќи се мултифункционални. Се користат за нанесување на сенка, нежно нанесување на пудра под очите или капакот, за изедначување на коректорот или мали корекции на шминката (прекривање на мозолчиња или визуелно намалување на носот).rnrn5-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrn

    6. Четка за веѓи и контури

    rnОваа двострана комбинација е совршена за пополнување на празните простори во веѓите и создавање на мачкините очи. Обожавана е од голем број дами поради нејзината разновидна употреба како средување и обликување на веѓите и отстранување на вишокот маскара со апликаторот.rnrn6-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Справете се со мрсната кожа

    Справете се со мрсната кожа

    Автор: Софија СионоваrnrnМрсната кожа е многу чест проблем, а дури и познатите како Камерон Дијаз и Кети Пери се мачат со оваа појава. За среќа има многу начини како да го победите мрсниот отсјај и да добиете мат изглед кој го посакувате уште од тинејџерските години. Следниве неколку совети ќе ви помогнат да се справите со мрсната кожа.rnrnWashing facern

    1. Тргнете се од мијалникот

    rnКога имате мрсна кожа, многу лесно потпаѓате под влијание дека треба често да го миете лицето. Можеби ќе се чувствувате свежо и чисто, но тоа е краткотраен ефект. Пречестото миење на лицето е многу штетно за кожата. Во телото се лачи себум, супстанција која ја навлажнува и заштитува кожата. Постојаното миење ги отстранува тие природни масла, а мозокот мисли дека треба да создава уште масло.rnНо, ако двапати дневно ја миете кожата со гел за чистење кој не содржи масло, тогаш не само што ќе ја исчистите кожата туку и ќе ја потхраните со тие природни масла кои на телото му се потребни.rn

    2. Тргнете ги рацете

    rnДали кога легнуваме или слушаме некое досадно предавање, ние инстинктивно ја потпираме главата со рацете. Сепак, ако ја прескокнете оваа навидум безопасна навика, тогаш уште полесно ќе се справите со мрсната кожа. Во текот на денот вашите раце постојано се во контакт со разни нечистотии, масла и бактерии. Кога ќе го допрете вашето лице, вие само ги пренесувате во порите каде што се создаваат акни и други кожни проблеми.rn

    3. Внимателно одберете ја козметиката

    rnКога имате мрсна кожа многу е важно да обратите внимание што ставате на вашето лице. Ако моменталната пудра што ја користите е богата со масло, заменете ја со минерална пудра. Во принцип, најдобрата шминка за ваква кожа е онаа без масло. Затоа барајте продуктот да содржи диметикон, навлажнувач на кожата кој не содржи масло, пред да купите некој производ. Исто така, внимавајте на пудрите кои тврдат дека се некомедогени (фенси збор кој означува дека нема да ви ги затнат порите).rnrn2-Spravete-se-so-mrsnata-koza-kafepauza.mkrn

    4. Почестете се со домашна маска

    rnПостојат многу рецепти за разни маски, но најубавата е со банана, мед и лимон. Витаминот Ц во бананата го забавува создавањето на вишок масла, а киселината во лимонот ги уништува веќе постоечките. Малку мед како антибактериски додаток, кој дополнително ја држи смесата заедно.rn

    Потребно:

    rn

      rn011

    • 1 презреана банана
    • rn011

    • 1 лажиче мед
    • rn011

    • 2 лажичиња сок од лимон
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnИзмешајте ги сите супстанции заедно додека формираат полуцврста смеса и нанесете на вратот и лицето. Оставете да постои околу 15-тина минути или додека се исуши, а потоа измијте ја кожата. Веднаш после оваа маска, ќе почувствувате мека, мазна и чиста кожа.rn

    5. Не заборавајте на хидратантната крема

    rnШтетното дејство на хидратантната крема врз мрсна кожа е целосен мит. Ако постојано се миете и го чистите лицето со тоник ризикувате да го изгубите себумот во кожата. Не само што ќе произведувате уште повеќе масло, туку може да се создадат суви и пегести делови надвор од Т-зоната.rnrnИзбегнете го ова така што ќе ја хидрирате кожата со крема која е специјализирана за мрсна кожа. Одберете лесен продукт кој не содржи масло и е некомедогени. Ако сте загрижени за сјајот, барајте крема која има талк што ќе го впие вишокот масло од кожата.rn

    6. Ексфолијацијата е важна

    rnЕксфолијацијата е од витална важност за подобрување на мрсната кожа. Задолжително ексфолирајте ја кожата еднаш до два пати неделно за да ги исчистите порите од сите нечистотии, мртви клетки и бактерии. Така ќе се забави создавањето на себум и ќе се намали создавањето на акни.rnrnОдберете ексфолијатор кој е наменет за мрсна кожа затоа што таквите се формулирани со лесни текстури како чајно дрво што има антибактериски ефект и ја затегнува кожата. Продуктите кои создаваат салицилна киселина се исто прекрасни за ексфолијација.rn

    7. Модифицирајте ја исхраната

    rnПозната ви е фразата: „Вие сте тоа што го јадете?“ Вистина, неколку мали модификации во исхраната сигурно ќе го намалат нивото на масло во кожата. Започнете така што ќе додадете многу антиоксиданси како спанаќ и боровница бидејќи тие имаат клучна улога во заштита на кожата од стареење и оштетување од сонцето. Подеднакво важни се и омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во лососот и бадемите. Вака ќе имате мазна и еластична кожа која е спремна на сѐ.rnrnОдбегнувајте ја мрсната храна и едноставните јаглени хидрати, како шеќер и скроб бидејќи го зголемуваат нивото на инсулинот во крвта. А тоа води до воспалување на мрсната кожа.rnrn3-Spravete-se-so-mrsnata-koza-kafepauza.mkrn

    8. Одморете се

    rnВерувале или не, стресот многу придонесува за создавањето на акни и нечистотии во кожата. Зошто? Затоа што природниот одговор кон стресот е создавање на кортизол, а потоа од него се воспалува кожата. Ако минувате низ стресен период во животот, одвојте време и релаксирајте се. Во меѓувреме, негувајте ја кожата со производи кои содржат антивоспалувачки супстанции како камилица и зелен чај.rn

    9. Користете прајмер

    rnДодека ги чекате резултатите од долготрајната нега на мрсната кожа еве неколку работи кои ќе го намалат сјајот на Т-зоната. Лесен, но навистина ефективен метод е да нанесете прајмер пред пудрата. Добриот прајмер за мрсна кожа ќе ви ја зачува шминката на место и во исто време нема да светите. Барајте производи кои ветуваат мат финиш и имаат салицилна киселина.rn

    10. Верувајте во хартија која отстранува вишок маснотии од кожата

    rnОва треба да биде „must have“ во сечиј козметички несесер. Овие генијални ливчиња се одлични за тргање на вишокот маснотии од кожата, отстранување на негативните ефекти на влажните околини и потењето. Само нежно потапкајте ги на кожата, притоа концентрирајте се на Т-зоната. Вишокот масло ќе исчезне, а вашата кожа ќе остане со мат финиш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.