КАФЕ ПАУЗА

Tag: пудра

  • Совети за одржување на шминката во летните месеци

    Совети за одржување на шминката во летните месеци

    Автор: Софија СионоваrnrnНема ништо поиритирачко од глетката на размачкана шминка, а денот сѐ уште не завршил. Сте вложиле голем труд во шминкањето, а горештината и влажниот воздух, уметничкото дело го претвориле во растопен сладолед. Добра вест е што постојат неколку трикови со кои вашето ремек-дело ќе остане недопрено. Со овие беспрекорни совети не постои сомнеж дека шминката ќе ги издржи високите температури.rnrn1-soveti-za-odrzhuvanje-na-shminkata-vo-letnite-meseci-kafepauza.mkrn

    1. Чисто „платно“

    rnПознато е дека водата и маслото не се мешаат. Тоа важи и за лицето. Мрсното лице ќе ја стопи шминката додека трепнете.rnrnЗа да издржи шминката, започнете со чисто лице така што ќе го поминете со нежен тоник. Потоа нанесете лесен навлажнувач со СПФ фактор кој не содржи масло. Потребни се неколку минути да се впие пред да продолжите со нанесување на други продукти.rn

    2. Совршен прајмер

    rnИсто како што маникирот изгледа најдобро кога се употребува лак за основа, истото важи и за шминката. Користењето на подлога за шминка ги пополнува порите, ги сокрива недостатоците, а шминката изгледа подобро и трае подолго.rn

    3. Избирање соодветни продукти

    rnЦелете кон пудра која има заштитен фактор и нема масло во неа. При нанесување на продукти за лице најдобро е да се започне со тенки слоеви и полека да се покрива лицето. Ако слоевите се премногу густи, тортестиот изглед е неизбежен, а шминката ќе се стопи (истото важи и за кармините). Наместо крем или руменило во прав, користете течно или гел руменило базирано на вода, кое може да се користи и како кармин. Обичниот туш, сенката за очи и маскарата заменете ги со водоотпорни верзии за да спречите размачкување во текот на денот.rn

    4. Фиксација

    rnКористете камена пудра, која ќе ви го изедначи тенот и ќе ги отстрани непотребните маснотии. За уште поголема долготрајност, користете фиксатор. Тој ќе ја зацврсти вашата шминка и таа ќе трае со саати.rn

    5. Забрането допирање на кожата

    rnОдолејте на допирање на лицето во текот на денот. Маснотиите на вашите раце ќе се префрлат на кожата на лицето при што може да се размачка шминката. Причина плус се бактериите од прстите кои можат да доведат до разни инфекции при контактот.rn

    6. Спакувајте ги есенцијалните работи

    rnБидете спремни за итни случаи така што ќе имате мал несесер со неопходни работи. Најпотребни се: влажни марамчиња, камена пудра и 2 во 1 (руменило и кармин) стикче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажица

    13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажица

    Практичните личности знаат дека ни еден предмет нема само една употреба. Па така и лажиците не служат само за оброци. Ова се 13 супер трикови за убавина кои ќе ги направите со помош на лажиците во вашата кујна. Едно е сигурно, по читањето на овој текст вашата обична супена лажица ќе ја гледате од сосем поинаква перспектива.rn

    1. Трик за ослободување од темните подочници

    rnСтавете две лажици во фрижидер за длабоко, и оставете нека отстојат во текот на ноќта. Наутро извадете ги лажиците од замрзнувачот и со мало притискање поминете неколку пати по пределот под очите, со движења од внатрешниот агол нанадвор. Овој супер трик ќе ви помогне лесно да се изборите против темните подочници. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    2. За прецизно исцртана линија околу очите

    rnСо вашата лажица до попрецизна шминка! Лажицата може да ви помогне во нанесувањето туш или моливче за очи. Поставете ја рачката на лажицата во надворешниот агол на окото и исцртајте линија, потоа наместете ја лажицата така што ќе го покрива очниот капак и исцртајте полукружна линија следејќи ги краевите на лажицата (како што е прикажано на сликата). За крај избојте го празниот простор и слободно може да заведувате со поглед. 2-13-trikovi-za-ubavina-koi-mozhe-da-gi-napravite-so-pomosh-na-lazhica-www.kafepauza.mk_rn

    3. За совршено нанесена маскара

    rnПоставете ја лажицата точно под окото и слободно нанесете маскара на долните трепки. Со помош на овој трик ќе избегнете траги од маскарата на вашето лице. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    4. Помош при обновување на шминката

    rnДоколку вашата сенка за очи се скрши и изгледа како да не е веќе употреблива, не губете надеж. Нанесете неколку капки алкохол и измазнете ја површината со помош на чиста лажица. Вашата шминка ќе биде како нова и повторно употреблива. Овој трик може да го направите со вашата сенка за очи, компактна камена пудра или руменило. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    5. Лажицата во функција на виткач на трепки

    rnДоколку немате соодветна алатка при рака, употребете лажица за да ги извиткате трепките. Поставете ја лажицата точно над трепките. Со прстот внимателно притиснете ги трепките врз лажицата (како што е прикажано на сликата), и продолжете да ја движите лажицата кон надворешниот агол на окото повторувајќи ја постапката. За подраматичен изглед најпрво загрејте ја лажицата со фен. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    6. За исцртување совршен лак на веѓите

    rnЛажицата има совршена форма која ќе ви помогне да им дадете форма на веѓите. Поставете ја лажицата точно под веѓата и внимателно следете ја линијата исцртувајќи со моливче соодветно со бојата ва вашите веѓи. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    7. Лажицата како подлога за смеси од шминка

    rnБуквално за која било смеса или комбинација од вашата шминка може да ја искористите лажицата како подлога. На пример, вашата омилена нијанса на сенка за очи во прав, измешајте ја со сјај за усни за да добиете нова нијанса на кармин. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    8. Помош при нанесување руменило

    rnПоставете ја лажицата точно на јаболчниците и лесно нанесете руменило. Лажицата е совршена за оваа намена бидејќи ќе ви помогне да нанесете руменило точно онаму каде што треба за правилно да ги истакнете контурите на вашето лице. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    9. Лажицата како палета за бои

    rnНанесете две нијанси на лак за нокти и измешајте ги за да добиете нова нијанса. Исто, лажицата може да ви послужи за дизајн на ноктите така што ви помага полесно да земете само онолку колку ви е потребно од лакот за нокти. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    10. За совршен дизајн на вашите нокти

    rnВи треба идеја за маникир? Измешајте две бои на лак за нокти на лажицата со помош на чепкалка. „Извалкајте го“ секој нокт посебно во добиената смеса и за крај со ацетон внимателно избришете ги рабовите околу ноктите за совршен маникир. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    11. Помош при лакирање на ноктите

    rnКога сме веќе кај маникирот, земете пластична лажица и поставете ја точно под ноктот за да избегнете размачкување додека се лакирате. 11-13-trikovi-za-ubavina-koi-mozhe-da-gi-napravite-so-pomosh-na-lazhica-www.kafepauza.mk_rn

    12. За намалување на модринката

    rnСтавете ја лажицата во замрзнувач а потоа со нежно притискање поставете ја на местото каде имате модринка. Ова ќе ви помогне доколку имате модринка или „шливка“ за побрзо да се повлече и да се намали. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажицаrn

    13. Со топла лажица до побрзо намалување на мозолчињата

    rnСтавете ја лажицата во филџан со жешка вода и со вдлабнатата страна поставете ја врз мозолчето, претходно проверувајќи да не е премногу жешка. Држете ја така додека не се олади и ќе видите дека за брзо ќе има ефект во намалувањето и исчезнувањето на мозолчињата. 13 трикови за убавина кои може да ги направите со помош на лажица
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

    Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

    Да се биде мајка е тешка задача. Најчесто мајките немаат доволно време за себе, особено оние кои имаат бебиња, па кога треба да излезат некаде, едвај наоѓаат време да фрлат некое фино парче облека на себе. Во таква ситуација, за шминка многупати не може ни да стане збор, но со овие едноставни чекори, за само 5 минути можете да направите неутрален мејкап и да му дадете свежина на вашето изморено лице.rnrnМејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минутиrn

    1 чекор: Подлога

    rnНанесете подлога за пудра на целото лице и почекајте пола минута кожата да ја впие. Доколку не користите класична подлога, можете да ја замените со лесна дневна крема за лице.rn

    2 чекор: Коректор

    rnКоректорот за подочници претставува нешто што ѝ е потребно на секоја мајка, посебно на оние кои имаат бебиња. Кога одбирате боја, гледајте таа да биде најслична на вашиот тен. Нанесете по една линија под очите, потоа со домалиот прст полека натапкајте ја во пределот под очите.rn

    3 чекор: Течна пудра

    rnЗа пудрата важи истото правило, гледајте нијансата да биде најслична на бојата на вашата кожа. Ставете по малку на двете раце и размачкајте по цело лице. Водете сметка да не останат линии на рабовите на лицето, тоа делува многу неуредно.rn

    4 чекор: Руменило

    rnЗа да постигнете свеж изглед, изберете руменило со бледо розова боја. Со четка нанесете го на јаготките, но не превисоко. Нанесете иста боја кармин или балсам за усни. Ефектот ќе биде неверојатен.rn

    5 чекор: Маскара

    rnЗа да го комплетирате изгледот, последното што треба да го направите е да ги истакнете трепките со маскара. Купете изразито црна маскара за подобар ефект и во три потези подготвени сте за излегување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

    Како визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?

    Подбрадокот за жал не може сосема да се скрие, но со помош на некои мејкап-трикови може визуелно да се смали.rnrnКако визуелно да го смалите подбрадокот со шминка?rn

    Потемна пудра

    rnЗа да постигнете добар резултат, потребна ви е пудра за две нијанси потемна од онаа која ја користите. Најпрво нанесете подлога која совршено одговара на вашиот тен. Потоа, од потемната пудра нанесете на брадата и по целата линија на вилицата, притоа со помош на сунѓерче или со прстите размачкајте ја убаво за да се претопи со пудрата што ја имате на остатокот од лицето. Многу е важно да не се познаваат граници.rn

    Бронзер на деколтето

    rnДруг трик е да нанесете матиран бронзер на деколтето, односно на торзото веднаш под работ на вратот, со што ќе го одвлечете вниманието од вашиот подбрадок. За да изгледате природно, од истиот бронзер нанесете и на образите.rn

    Усни и очи

    rnЗа да го скриете подбрадокот колку што е можно, исто така треба да знаете дека не треба да ги шминкате усните во нападни и јаки бои, туку во неутрални нијанси. Кога станува збор за очните капаци пак, за дневен мејкап најдобро е да користите неутрални сенки и маскара, додека за вечерен изглед, изберете ефект на зачадени очи.rnrnНа крај, не заборавајте дека главата треба да ја држите исправено, да гледате право пред вас. Исто така кога се фотографирате, главата држете ја право, малку странично и подбрадокот на фотографиите или нема да се познава или пак ќе изгледа многу помал.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

    Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

    Викендите ги користиме за максимално релаксирање и по можност бегање од градските гужви. Но поради разни прилики понекогаш сме приморани да понесеме повеќе козметички препарати кои може да зафатат многу место. Еве како практично да се спакувате истовремено заштедувајќи простор, но и понесувајќи го со себе сето она што ви е потребно.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Започнете со прецизен список за пакување

    rnНајважно е да бидете организирани. Запишете ги најосновните работи кои ви се потребни со цел да не заборавите ништо и да не понесете со себе работи кои непотребно ќе ви зафаќаат место.rn

    Коректорот во стик е задолжителен

    rnЌе ви помогне да ги прикриете темните кругови околу очите. Патувањето е напорно, па затоа и коректорот е секогаш добредојден. Може да ве спаси од многу неочекувани ситуации како појава на акни или подочници, а може и да ја замени пудрата.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Трикот со четките за шминка

    rnОна што ќе ви биде потребно е една голема четка за нанесување пудра или руменило, една четка за сенки и четка со закосени врвови со помош на која ќе ја нанесете црната сенка како моливче или туш за очи.rn

    Компактна пудра

    rnДоколку имате потреба од пудра, мудро е да вложите во компактна пудра со огледалце. Зафаќа помалку простор и е многу практична. Одберете камена пудра доколку имате мрсна кожа или потечна доколку имате сува кожа.rnrnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Играта на сенките за очи

    rnИако се викаат сенки за очи, не се само за очи. Паметен начин за заштеда на простор е купувањето повеќе нијанси во едно пакување. Обрнете внимание да бидат застапени следните нијанси:rn

      rn011

    • Бела или шампањ боја за да ги нагласите веѓите и јаболчниците на образите.
    • rn011

    • Сенка која се совпаѓа со бојата на вашата коса со чија помош ќе ги нагласите и ќе им дадете форма на веѓите (сторете го ова со четката за сенка).
    • rn011

    • Сенката во крем боја може да ја искористите за нагласување на контурите на носот.
    • rn011

    • Розова или праска боја наместо руменило.
    • rn011

    • Одберете боја на сенка која ќе ви послужи како основа и нанесете ја на целата површина по очните капаци. Вака ќе им дадете сјај на очите и ќе постигнете природен изглед. За ваква примена искористете светло кафеава боја или боја на праска.
    • rn

    rnКако најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?rn

    Спакувајте мостри и мини примероци

    rnМострите на кармини се совршени за патување. Не ви зафаќаат многу простор, а ја вршат истата функција. Исто, доколку сте во можност снабдете се со мостри од вашиот омилен парфем наместо да понесете цело шишенце. Мини примероците на шампон, регенератор, гел за туширање и лосион за тело навистина ќе ви завршат работа за викенд-патување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што мора да знаеме за шминката?

    Што мора да знаеме за шминката?

    Со помош на шминката може да направиме чудо од себе. Секојдневно шминкерите и мејкап-артистите ги разубавуваат своите клиенти. Четките за нанесување сенки за очи или сјаеви за усни се како магични стапчиња, менуваат на вас сè што не ви се допаѓа. Шминката е во ред сè додека се користи во одредени количини и нејзината употреба се ограничи за одредени пригоди. Еве некои работи поврзани со шминкањето за кои мора да бидеме свесни:rnrnШто мора да знаеме за шминката?rn

    Шминката може да ни го промени расположението, но не и карактерот

    rnЗамислете си совршено нанесен кармин на вашите усни, или „зачадена“ шминка која на вашиот поглед му дава доза мистериозност. За половина час може да се претворите од домаќинка во светски позната ѕвезда. Да, тоа е задоволството кое го дава шминката, и воопшто не е лошо кога ќе го погледнете огледалото со широка насмевка и многу самодоверба. Но, она што е најважно е тоа дека шминката ја истакнува не само вашата надворешна туку и внатрешна убавина. За да шармирате некого не е пресудна само шминката, туку и енергијата со која зрачите.rn

    Вистинското чувство на самодоверба нема да го најдеме во нашиот мејкап несесер

    rnНема ништо лошо во тоа кога денот ви е лош да пронајдете мало задоволство во шминката. Но, доколку не излегувате нигде без шминка, доколку не ја ни отворате влезната врата без руменило и вештачки трепки, тогаш запрашајте се кој е вистинскиот проблем и дали недостатокот на самодоверба ќе го решите со пудрата и руменилото?rnrnШто мора да знаеме за шминката?rn

    Шминката не е решение за сè

    rnВо модерното време, она на што сме навикнати е едноставно да прикриваме. Суви ни се усните, нанесуваме кармин, имаме подочници, ставаме пудра или коректор, но шминката не смее да се претвори во секојдневно средство за камуфлажа. Освен за надворешната, мора да се грижиме и за внатрешната убавина. Грижете се за вашата кожа и разубавувајте ја, но не само преку шминка, туку и со правилна исхрана, добар сон, одбегнување стрес, внесување течности, ограничено консумирање на алкохол итн.rn

    Во никој случај нема да изгледаме како луѓето на рекламите

    rnТие совршени густи трепки на моделот од рекламата за маскара се вештачки, нејзината совршена кожа е фотошопирана, а за нејзиниот изглед се погрижил цел тим мејкап-артисти, па би било срамота да не изгледа така совршено! Кога гледате реклами или читате списанија не заборавајте што навистина е тоа – реклама за производ со цел да се земат пари, и плус, гледајте на тоа како уметност, бидејќи шминкањето на некој начин е уметност. И сето тоа не е воопшто страшно, сè додека и нам, обичните луѓе, не ни се заврти во глава дека не сме убави само затоа што не изгледаме како оние на рекламите.rnrnШто мора да знаеме за шминката?rn

    Вртоглавите цени не секогаш се вистински показател на квалитетот

    rnДа, треба многу да се внимава каква шминка се користи бидејќи станува збор за продукти кои мора да ги одбираме според еден најважен критериум – квалитет. Но, не секогаш она што е многу скапо значи дека е најквалитетно. Секогаш, што и да купуваме, мора да размислуваме свесно, а не да се понесеме од познати марки и шарени амбалажи. Распрашајте се за производот, пробајте го доколку ви е достапен тестер, но одлуката не смее да се базира единствено на цената.rn

    Луѓето формираат мислење врз основа на надворешниот изглед

    rnЗвучи плитко или незрело? Можеби, но така е. Може да сте супер паметна, неверојатно способна и на работно место кое носи и тоа каков авторитет, но доколку се појавувате на работа изгледајќи како да сте излезени од цртан филм, луѓето ќе добијат поинаква слика за вас. Изгледот не го прави човекот, но го претставува. Побарајте совет, не употребувајте премногу шминка, одберете го она што ви одговара, сеедно, само не дозволувајте шминката да ви го наруши имиџот.rn

    Шминката секогаш може да ја избришеме

    rnНе ограничувајте се себеси со користење само еден вид руменило или пудра, или купување на истата боја на кармин повторно и повторно. Внесувајте промени, пробувајте различни трендови, истражете нешто ново, можеби повеќе ќе ви се допаѓа, а доколку не е така, шминката секогаш може да ја избришете.rnrnШто мора да знаеме за шминката?rn

    Покрај шминката и многу други работи се важни за надворешниот изглед

    rnСекако, сочно црвените усни изгледаат така сензуално, но не кога се придружени со лош здив. Грижете се за она што е под вашата шминка, не спијте со шминка и редовно чистете ја, користете други продукти како маска за лице или природен третман, не гледајте само да покриете привремено, гледајте да сте убави секогаш.rn

    Во ред е да бидеме убави, но мора да бидеме и информирани

    rnНе е работата само да купите некој производ кој ќе ви ги сокрие мозолчињата. Штом сте пораснале доволно за да користите шминка, тогаш сигурно знаете да читате. Кога ја купувате шминката гледајте кои се состојките кои ги содржи, доколку имате проблематична кожа информирајте се кои се состојките кои би требало да ги одбегнувате. Постојат дерматолози, како и информации за продуктот кој го купувате на самото пшакување. Бидете не само убави, туку и информирани и паметни.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Професионални совети за шминкање

    Професионални совети за шминкање

    Интернетот е преплавен со талентирани и помалку талентирани девојки кои објавуваат разни туторијали за шминкање и некои од нив се навистина одлични. Но, колку и да се придржуваме до упатствата и советите, не ги добиваме секогаш истите резултати, а некогаш не сме ни приближно до изгледот што го посакуваме. Сигурно ви се случило еднаш да успеете совршено да нашминкате „зачадени очи“, а веќе наредниот пат да изгледате како да не сте спиеле со денови. Овие професионални совети ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини за шминкање и секогаш да изгледате совршено.rnrn

    1. Потрошете некој денар повеќе на потребните алатки

    rnГолем дел од професионалните шминкери нагласуваат дека алатките во комбинација со продуктите кои ги користиме се подеднакво важни како и способностите кои ги поседуваме. Па така, ако користиме просечни четки, просечна шминка и имаме просечни способности, само со подобрување на квалитетот на четките и шминката, без да ја надградиме техниката на шминкање, резултатите се веднаш драстично подобри.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

      rn011

    1. Четка за пудра во прав
    2. rn011

    3. Четка за руменило
    4. rn011

    5. Четка за изедначување и мешање на сенките за очи
    6. rn011

    7. Четка за нанесување сенка за очи
    8. rn011

    9. Четка за прецизен агол
    10. rn011

    11. Четка за нанесување кармин
    12. rn

    rnКога веќе ги имаме соодветните четки, треба да знаеме и правилно да ги држиме и користиме. Во суштина, начинот на кој ја држиме четката влијае врз јачината на шминката. Па така, ако ја држиме четката поблиску до самиот врв тогаш нанесуваме шминка со поголем притисок и изгледа појако со посилни бои, и обратно. За изедначен изглед најдобро е четката да се држи на средината на рачката.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    2. Ефектот на „маска“ може лесно да се избегне

    rnrnСите го знаеме основното правило дека пред да ја нанесеме течната пудра секогаш мора прво да ја нанесеме нашата крема за лице. Кремата ни овозможува заштита во текот на целиот ден и многу поизедначен тен отколку кога би нанеле само пудра. Но, доколку и покрај ова правило сè уште се борите со ефектот на маска, тогаш ова трикче ќе ви биде омилено. rnrnСлободно измешајте ги кремата за лице и пудрата на едно место пред да ги нанесете! Вашата пудра многу подолго ќе трае, а ефектот е далеку поприроден. Ова особено е корисно при секојдневното шминкање кога немаме потреба од тони шминка, а сепак сакаме доволна покриеност на нашите мали маани.rnrnСовет плус: девојките со мрсна кожа треба да ја нанесуваат течната пудра со помош на сунѓерче. На тој начин, потребната текстура од пудрата што ни треба за прекривање на недостатоците се задржува на сунѓерчето и се пренесува на нашата кожа, а непотребните масла од самата пудра се избегнуваат.rnrn

    3. Научете правилно да ги користите боите

    rnrnЗа секој недостаток постои решение! Иако мислиме дека не постои начин да ги покриеме огромните подочници или црвенилото на образите, всушност тука лежи магијата на професионалната шминка. За сите несакани бои кои ги има на нашето лице постои боја која ги неутрализира. Па така, коректорите со зелени пигменти помагаат да се скрие црвенилото на лицето, а портокаловите коректори помагаат да се отстранат сините нијанси од подочниците.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    4. Обликот и цртите на лицето можат визуелно да се променат

    rnПравилното исцртување на контурите на лицето заедно со играта на светлината низ потемни и посветли нијанси, навистина може драстично да ни го смени изгледот. Со помош на нијансирањето го нагласуваме она што ни се допаѓа, а го сокриваме она што смета. Правилото е: нијансите коишто се посветли од самата кожа истакнуваат, а потемните нијанси визуелно го намалуваат или стеснуваат местото.rnrnДоколку сакате малку да го издолжите обликот на вашето лице сè што треба да направите е да исцртате „3“ преку двете страни на вашето лице со помош на бронзер. И тоа, започнувате од едната слепоочница, преку вдлабнатиот дел на образите и до долната вилица. Ако мислите дека вашиот нос е премногу широк, повлечете две потемни, тенки линии од двете страни почнувајќи од местото каде што се спојуваат веѓите надолу, а во средината нанесете посветла нијанса.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    5. Нагласете ги очите со помош на вистинските нијанси

    rnrnДоколку спротивните бои ги ставиме една над друга, како на пример коректор со зелени пигменти над црвенило, тогаш тие меѓусебно се исклучуваат. Но, доколку се постават една до друга, тогаш меѓусебно се нагласуваат што е особено важно кога сакате да изберете најдобра нијанса на сенка за вашите очи.rnrnЗелените очи најдобро се истакнуваат со црвени нијанси, но бидејќи црвената не изгледа најдобро како сенка, одлична алтернатива се темните нијанси на вино. rnrnСините очи одлично се нагласуваат со сенки во златни нијанси или праска. rnrnКафените очи се неутрални и на нив одговараат сите нијанси, но најдобро ги истакнуваат сините и виолетовите нијанси.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на минералната шминка

    Моќта на минералната шминка

    Минералните шминки станаа омилени рудници на убавина во последно време. Тие умеат да ѝ дадат подобар интензитет на бојата што изгледа многу привлечно. Нејзини главни компоненти се природно настанатите минерални материјали од земјата, како титаниум диоксид (природна заштита од сонце), цинк оксид (природен антиинфламатор) и железо оксид. Овие минерали се секако, фино брусени и прочистени пред да влезат во производството со шминките.Моќта на минералната шминкаКорисниците на минерална козметика имаат повеќе причини поради кои ги користат и обожаваат овие шминки. За почеток, тие се негувачи на кожата, ја лечат и имаат антивоспалително дејство. Со нивната моќ за темелно покривање на кожата додека истовремено таа го задржува природниот изглед, тие се одлични маски на лузните, црвенилата и акните.rnrnМногу козметички хирурзи им дозволуваат на нивните пациенти да користат минерална шминка затоа што таа ја спречува појавата на потенцијални иритации. Всушност, оние кои страдаат од акни, тврдат дека нивната кожа се променила после користењето на минерална шминка бидејќи таа има неутрална рН и не поддржува бактерии.rnrnНе само што клучните состојки (титаниум диоксид и цинк оксид) ја лекуваат кожата – тие исто така овозможуваат заштита на лицето од сонце, водоотпорни се и ја рефлектираат светлината, што ја прави блескава особено постарата кожа.rnrnДруг важен ефект од користењето на минералната шминка е фактот дека таа не ги затнува порите туку ја остава кожата да дише. Кратката листа на состојки во секоја шминка, кои се главни виновници за инфекција на кожата, односно парфемот и конзервансите, во минералните шминки се отсутни. Љубителите на оваа шминка исто така ја обожаваат поради тоа што трае подолго, дава поголема покриеност и е полесна за отстранување.rnrnНанесувањето на минерална шминка е различно од нанесувањето на останатите шминки. Тоа особено важи за пудрата во прав чија суперфина текстура бара при нанесувањето да се распореди по целата површина на лицето со специјална четка за минерална шминка.rnrnВи предлагаме и едно видео за тоа како се нанесува пудрата во прав од минерално потекло.rn

    rnАвтор: Ивана Петковскаrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изгледате убаво и без шминка?

    Како да изгледате убаво и без шминка?

    Автор: Горана КоневскаrnrnГолема благодарност до оној кој ја измислил шминката, бидејќи со неа секоја девојка може да изгледа свежо и одморено, дури и кога тоа не е така. Но, понекогаш едноставно сакате да го одморите вашето лице и да не користите никаква козметика, барем еден ден. За да може да успеете во истото, треба секојдневно да се грижите за своето лице и за квалитетот на вашата кожа. Се разбира, постојат случаи кога едноставно мора да носите шминка, но доколку „маните“ не се толку големи, можете со мали трикови да ѝ овозможите малку одмор на кожата на лицето, а истовремено и да ја пуштите својата природна убавина на виделина.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Отспијте се убаво

    rnИако ова е премногу зборувано и за истото е навистина премногу пишувано, сепак една од најважните работи за вашето тело и вашиот дух, е да им овозможите доволен и добар сон и одмор. Од истото ќе видите ефекти веднаш. На пример, за време на викендите кога спиете повеќе од вообичаено нели веднаш забележувате дека немате подочници, тенот ви е порумен и едноставно немате уморен поглед во очите?rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Мијте го лицето со студена вода

    rnМиењето на лицето со студена вода, како и користењето студени облоги помагаат да се забрза циркулацијата, истовремено давајќи ѝ свежина на кожата и убава природна боја.rn

    Чистете и навлажнувајте ја кожата

    rnСледно, но не помалку важно е да ја чистите и навлажнувате кожата доволно често. Со помош на специјална вода во форма на спреј за освежување, која можете да ја носите во чантата и многу други разни тоници и слични продукти, можете да постигнете долгорочни ефекти на кожа без пори, црнки и дури да спречите појава на акни. Запомнете само да користите лосион или млеко за лице откако ќе ѝ направите пилинг на кожата, за сосема да ги остраните мртвите клетки, инаку може да се соочите со поголеми проблеми т.е. порите да ви се наполнат со нечистотија и слично.rn

    Пијте доволно течности

    rnСекојдневното пиење течности овозможува баланс на телото, го забрзува метаболизмот, чисти од нечистотии и секако влијае и врз еластичноста на кожата.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Заштитете ја својата кожа од сончевите зраци

    rnКористете производи кои содржат фактор за заштита од Сонце. Добри се и за летно и за зимско време.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Грижете се за веѓите

    rnЗа да можете слободно да се лишите од шминката на некое време, задолжително треба да се грижите за веѓите и тоа секојдневно. Исто така, обидете се да го користите виткачот за трепки самостојно без притоа да ставате маскара. Ова ќе ви помогне да добиете помоќен изглед на вашите очи и поиздолжен изглед на трепките.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Не заборавајте на косата

    rnКосата е исто така од големо значење. Мрсната и неизмиена коса веднаш се забележува и ќе придонесе за ваш неатрактивен изглед. Затоа, одвојте малку време и посветете ѝ внимание на косата.rn

    Користете многу малку сјај или балсам за усни

    rnМалку сјај за усни или балсам нема воопшто да ви штети. Напротив, ако е со заштитен фактор ќе биде добро да го нанесете.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Носете очила за сонце

    rnОчилата за Сонце ќе ги сокријат малите мани, како подочници или слично, а и ќе го оттргнат вниманието од другите мали недостатоци на вашето лице.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Што да прават оние кои не можат да излезат без шминка?

    rnДоколку не можете да излезете без да нанесете шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате природно, потребна ви е шминка во природни нијанси.rnrnЗемете коректор и покријте сѐ што ви пречи на вашата кожа, како што се црвените дамки, флеките, темните подочници, црвенилото и слично. Врз тоа нанесете посветла течна пудра (онаа нијанса која ќе делува природно на вашиот тен). Земете светла сенка (светла беж или светло розова), нанесете ја од внатрешниот аголот на окото и повлечете под веѓата по целата нејзина должина. Овие сенки се добра подлога за шминка. Потоа можете да додадете малку светкава сенка од средината до крајот т.е. до надворешниот агол на окото.rn

    Дополнително:

    rn

      rn011

    • Исчешлајте ги веѓите со специјална четка
    • rn011

    • Ставете кафена или црна маскара (можете и да ги подвиткате трепките)
    • rn011

    • Земете руменило со боја на праска или бледо розова боја и нанесете на образите
    • rn011

    • Врз руменилото нанесете пудра во прав
    • rn011

    • Нанесете балсам, кармин или сјај за усни
    • rn

    rn

    Најважното што треба да го запомните кога се шминкате

    rnКрајниот ефект не смее да биде маска на лицето, туку лесна шминка која ќе има ефект, но истовремено нема да се познава дека ја носите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како вашата шминка да трае подолго?

    Како вашата шминка да трае подолго?

    Автор: Ели РадескаrnrnНекои жени и девојки ја одржуваат својата убавина од изгрејсонце до зајдисонце, други пак, мора да ја обноват шминката барем еднаш во текот на денот. Со сигурност не треба да бидете робови на производите за убавина, но некои поводи и прослави бараат шминката да остане совршена во текот на целиот ден. Еве ги чекорите придружени со совети кои треба да ги следите за да успеете во тоа.Како вашата шминка да трае подолгоrn

    1. Чистење на лицето

    rnДобро исчистете ја кожата на вашето лице за да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата. Не правете пилинг непосредно пред шминкањето за да одбегнете црвенило и иритација. Доколку имате масна или комбинирана кожа, обрнете особено внимание на Т-зоната.rn
    rn

    2. Хидратација

    rnОдберете хидратантен крем и нанесете го на вашето лице за да обезбедите нежна и мазна површина за вашата шминка. Почекајте од 5 до 15 минути, во зависност од вашата кожа, за да се впие кремот пред да продолжите со следните чекори.rn
    rn

    3. Основа на шминката

    rnНанесете основа за шминка чии состојки ќе бидат базирани на пудра за лице. Ако сте подолго време на отворено побарајте водоотпорна основа за шминка. Доколку ја нанесувате со сунѓер, внимавајте претходно да биде добро исчистен. Нанесувајте во нагорна и надворешна насока и избегнете триење на кожата.rn
    rn

    4. Коректор

    rnОдберете соодветен коректор за вашата кожа. Користете коректор во стик доколку имате масна кожа или течен коректор доколку имате сува кожа. Нанесете околу очите и на местата каде тенот не ви е изедначен. Коректорите, како и пудрите направени од минерали траат подолго и се поздрави за вашата кожа.Како вашата шминка да трае подолгоrn

    5. Руменило

    rnДодадете боја на вашето лице со руменило или бронзер. Со цел да трае подолго можете да измешате нанесувајќи крем руменило, а над него руменило во прав, оваа мешавина мора да ја нанесете внимателно.rn
    rn

    6. Пудра за лице

    rnНанесете пудра за лице, повторувајќи ја постапката на масните делови од лицето, нанесете и на очните капаци. Квалитетната пудра е клучен фактор во долготрајноста на вашиот мејкап изглед.rn
    rn

    7. Пудра во прав

    rnНанесете пудра во прав или камена пудра. Дувнете врз четката или сунѓерчето пред да нанесете. Прескокнете го овој чекор доколку имате сува кожа, зашто ќе добиете сув, неприроден изглед, а порите ќе ги направите видливи. Додадете уште еден слој руменило или бронзер и завршете го овој чекор така што внимателно ќе прснете лак за коса врз вашето лице, на раздалеченост од две дланки поставени во ширина.rn
    rn

    8. Долготраен кармин

    rnСигурно не сакате прославата да ја минете со огледалце и кармин во рака. Направете вашиот кармин да трае подолго. Прво нанесете моливче за усни по краевите на усните, а потоа и на целата површина. Моливчето не смее да биде потемно од нијансата на карминот. Секој кармин може да го направите да трае долго и тоа со нанесување на повеќе слоеви. Прво нанесете кармин, земете марамче, доближете ги усните и тапнете неколку пати врз марамчето. Потоа нанесете повторно од карминот, повторувајќи ја истата постапка. За крај нанесете уште еден слој. Врз карминот по желба, може да додадете и сјај за усни, сето тоа внимателно искомбинирано.Како вашата шминка да трае подолгоrn

    9. Моливче за очи

    rnОва е критична зона, бидејќи очите природно лачат течност. Со памук внимателно поминете по внатрешните краеви на очите, пред да нанесете моливче за очи. Врз моливчето, со тенко сунѓерче тапкајќи нанесете црна сенка за очи. Ова можеби наликува на изгледот „зачадени очи“, но постапката е многу практична бидејќи ќе спречи размачкување на моливчето.rn
    rn

    10. Долготрајна шминка за очите

    rnУживајте во долготрајна шминка на очите со нанесување на лесни слоеви сенки за очи. Сунѓерчето со кое ќе ја нанесувате, претходно „извалкајте го“ во пудра во прав. Маскарата ќе трае подолго, ако претходно внимателно сте нанеле пудра во прав врз вашите трепки.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.