КАФЕ ПАУЗА

Tag: пудра

  • Совети за беспрекорна новогодишна шминка

    Совети за беспрекорна новогодишна шминка

    Дочекот на новата година е на прагот. Веќе го имате на закачалка она што ќе го облечете, ги најдовте и совршените чевли, одлучивте како ќе ја носите косата. Останува уште да се потрудите вашата шминка да биде беспрекорна, и тоа во секоја смисла, трајна и со одличен изглед.rnrnСветкавите очи и црвените усни се секогаш прв избор на девојките кои сакаат празнично да ја дочекаат новата година. Но, тоа не е единствениот стил кој можете да го примените оваа ноќ. Можете да изберете еден дел од вашето лице и да се посветите комплетно на него за да го истакнете на вистинскиот начин. Понекогаш тајната на добрата шминка не е во она што ќе го нанесете, туку во она што нема да го нанесете.rnrnСовети за беспрекорна новогодишна шминкаrn

    1. Покорете им се на светките

    rnСветките се секако добар избор за новогодишната ноќ, но не треба да претерате со нанесувањето. Избегнувајте да ги ставате на изразените делови од очите. Ставете само на внатрешните ќошиња од очните капаци или на средината. Мислете како ќе изгледате од секој агол и под секакво светло.rnrn

    2. Трајни усни

    rnЗа време на оваа ноќ, вашите усни многу пати ќе ја допрат чашата, но и образите на другите луѓе со кои ќе си честитате откако ќе отчука 12 часот. Навистина убаво изгледаат сјајчињата со светки, но тоа веројатно не е добар избор баш за оваа ноќ. На никој нема да му биде пријатно да му залепите од вашиот сјај на лицето, ниту пак да носи остатоци од вашата шминка на себе. Згора на сè, често ќе треба да посегнувате по вашата чанта со цел да го обновите сјајот на вашите усни кој претходно сте го оставале насекаде. Изберете кармин со трајна формула, со мат кадифест ефект и доволна влажност.rnrn

    3. Добра основа

    rnВеројатно ќе носите повеќе шминка од вообичаено, но сигурно и ќе се потите многу повеќе. Затоа треба добро да се посветите при нанесувањето на пудрите за да обезбедите подолга трајност. Најпрво направете блага ексфолијација на кожата, а потоа почнете со нанесување на подлога, врз која ќе ја нанесете течната пудра и пудрата во прав. Задолжително носете си впивливи марамчиња во чантата за повремено да ги отстранувате избиените остатоци шминка на површината.rnrn

    4. Бидете модерни

    rnЛошата шминка може да ви го уништи целокупниот изглед. Затоа, додека се шминкате мора да го земете предвид она што ќе го носите. Доколку носите светкава облека, најдобро ќе биде да се држите до едноставен изглед на вашето лице, со исцртани очни капаци, без сенки во нападни бои. Можете да изберете секаква боја, но водете сметка и за местото каде ќе ја прославувате новата година. Ако носите црвен коктел-фустан, дефинитивно не шминкајте ги усните во иста боја. Истакнете ја структурата на вашето лице со неутрално руменило. На образите треба да има малку или скоро воопшто руменило.rnrnПогледнете и два предлога за новогодишна шминка:rn

    Мачкини очи со сребрени светки

    rnrn

    Светкави зачадени очи во сино-сива комбинација

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 правила без исклучок во шминкањето

    7 правила без исклучок во шминкањето

    Се разбира дека може да експериментирате со шминката. Но, постојат неколку правила од кои едноставно нема исклучок.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    1. Никогаш не нанесувајте премногу пудра

    rnОва е прво и основно правило кое многу жени свесно го прекршуваат, мислејќи дека пудрата не ги покрива до крај недостатоците на нивното лице. Запомнете, дури и најдобрите и најсоодветни пудри, не се со иста нијанса како бојата на вашата кожа. Кога нанесувате пудра гледајте таа да биде убаво и внимателно размачкана на целото лице сè до горниот дел од вратот. Пред да излезете од дома, погледнете се во огледало на природно светло за да бидете сигурни дека не сте оставиле неразмачкани делови или пак сте нанеле предебел слој кој ќе ги заплашува или уште полошо, ќе ги засмева луѓето во вашата околина како да е 1 април.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    2. Не истакнувајте ги премногу веѓите

    rnДа најдете боја која ќе одговара на вашите веѓи е навистина голем предизвик. Моливот за веѓи понекогаш може да биде прејак, па затоа пробајте со крем-сенка која ќе ја нанесете со четкичка закосена под агол. Ова ќе овозможи нанесување на соодветната количина за да постигнете природен изглед и здрав сјај.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    3. Не претерувајте со моливчето за усни

    rnЦртањето на усните надвор од нивната природна линија може да изгледа добро на познатите кои излегуваат на насловните страници во списанијата или позираат на црвениот тепих. Но, во секојдневието, оваа тактика едноставно не проаѓа незабележано, во негативна смисла. Ако претерате, ќе постигнете ефект на кловн, наместо оној посакуваниот. Доколку сакате да постигнете ефект на полни усни, нанесете светкав сјај по средината. За подобар ефект, изберете нијанса, која е блиска до природната боја на вашите усни. Темните бои повеќе го привлекуваат вниманието на обликот и дебелината на вашите усни. Затоа избегнувајте ги.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    4. Не истакнувајте ги премногу очите преку ден

    rnМоливот за очи е одличен за истакнување и „отворање“ на вашиот поглед. Но, постои разлика во неговото користење како дневна шминка за на работа и за навечер. Зачувајте ги силните нијанси за вечерните излегувања, а за преку ден можете да практикувате замачкан ефект од неутрални, кафени и сиви тонови на горниот капак од очите.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    5. Не третирајте го лицето како торта

    rn

    Во оваа категорија влегуваат оние со мрсно лице и лице со акни, кои доколку претераат со течната и камената пудра, може да бидат предмет на потсмев. Пред да побрзате да нанесете нов слој пудра за да направите корекција, извадете хартиено марамче и убаво впијте ги вишокот маснотии кои избиле од лицето во текот на денот. Можеби ќе видите дека подобро е воопшто да не нанесувате нов „фил на тортата“.7 правила без исклучок во шминкањето

    rnrn

    6. Избегнете ефект на дух на фотографиите

    rnМожеби сакате да се заштитите од јакото сонце, но вашата шминка на фотографиите создава блед изглед на вашето лице (дух ефект), кое значително се разликува од тенот на останатиот дел од кожата. Причината лежи во пудрите со титаниум диоксид, цинк оксид или заштитните креми без хемикалии. Секако дека треба да се заштитите од сонцето, но доколку сакате природен изглед на летните фотки, избегнувајте козметички средства со овие активни состојки или пак сосема прескокнете ја камената пудра и задржете се само на течната основа.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    7. Не купувајте шминки импулсивно

    rnПродавачката ќе направи сè за да ви го продаде производот. Не наседнувајте ако не сте сосема сигурни во изборот. Шминките брзо се расипуваат, а вие сигурно не сакате да имате куп козметика со поминат рок или закоравени маскари и тушеви. Купувајте квалитетно и одбирајте внимателно. Боите никогаш не изгледаат исто под неонското светло и на природна светлина. Излезете за момент надвор од продавницата со огледало. Повеќето продавачки ќе ви дозволат.7 правила без исклучок во шминкањето
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук..