Магичните својства на пудрата ги покриваат сите несовршености на вашето лице и ја извлекуваат вашата убавина во преден план. Но, понекогаш се случува пудрата на кожата да не изгледа привлечно, туку повеќе изгледа избраздено и испукано. Во што е проблемот? Клучот за постигнување беспрекорен изглед на пудрата за лице е во добрата основа. Ако лицето не е соодветно подготвено за нанесување пудра, нема да изгледа убаво. Мртвите клетки на кожата кои не се отстранети со пилинг и дехидрираната кожа ја апсорбираат пудрата како сунѓер, а кожата изгледа како сува земја што чека дожд. Во продолжение прочитајте како да го избегнете лошото нанесување пудра.rnrn
rn
Темелно чистење на лицето
rnСекојдневната рутина за чистење на лицето е клучна за убава и негувана кожа, без траги на мртва кожа. Експертите препорачуваат чистење на лицето двапати на ден, освен ако немате проблематична кожа склона кон акни. Чистење се препорачува со благи средства на дневна основа, додека еднаш неделно, пожелно е да правите пилинг на лицето.rn
Хидратација на лицето
rnЗа да избегнете сув изглед на лицето по нанесувањето на пудрата, погрижете се да биде соодветно хидрирано. Обрнете посебно внимание на регионот околу очите, усните и челото, кои се највидливи кога станува збор за сувоста. Хидратантните кремови и тоникот треба да бидат вашето тајно оружје за нега на лицето, особено во постудените денови.rn
Користете масло за лице
rnЗа дополнителна борба против проблемот со сува кожа, користете масло за лице. Неколку капки ќе бидат доволни за вашата кожа да биде доволно еластична, негувана и подготвена да нанесете пудра.rn
Нанесете ја пудрата добро
rnКога нанесувате пудра, погрижете се да ја нанесете на секој сантиметар од лицето со малку влажен сунѓер за шминка. Не нанесувајте повеќе слоеви кои несомнено ќе распукаат на вашата кожа порано или подоцна.rn
Отстранете го вишокот пудра
rnАко мислите дека на вашето лице има премногу пудра, нема потреба да се грижите. Едноставно користете сунѓер за шминкање и отстранете го вишокот со нежни потези. Сè што не му е потребно на лицето, не треба ни да биде таму, а особено вишокот пудра.rn
Не нанесувајте многу пудра на деловите на лицето каде што имате брчки
rnНаспроти мислењето на припадничките на понежниот пол дека е потребно да се покријат сите брчки и линии на лицето со пудра, експертите советуваат дека помалку е всушност повеќе. Сите региони на лицето каде што има линии треба да се третираат со нанесување малку пудра.rnrnПрочитајте зошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист.


rnrnОва правило има смисла, затоа што бањата можеби е најлошото место за чување на вашата шминка. Постојаната влага од тушот навлегува во козметиката и ја разорува нејзината формула. Исто така, таа е добра основа за развој на бактерии. Затоа, доколку ја чувате шминката во бањата, преместете ја на некое суво и темно место во вашата спална соба, во некој шкаф или фиока.rn
rnrnОва е една грешка што ја прават поголемиот дел од жените. Дланката не може да биде вистинската подлога при изборот на најсоодветната пудра за тенот на вашето лице, затоа што дланките се за една до две нијанси потемни од вашето лице. За да изберете најдобра нијанса, нанесете од течната пудра во делот на вашата брада. Така ќе ја пронајдете најидеалната нијанса за вашето лице и за вашиот врат.rn
rnrnПрофесионалните шминкери користат најмалку два коректори – еден за делот под очите и останатиот за другите делови по лицето. За делот под очите, потребен ви е коректор кој е за една до две нијанси посветол од вашата кожа, за да ги покрие и темните подочници. За останатиот дел, би требало да изберете коректор во речиси идентична нијанса како и кожата на лицето за да ги покрие дамките и несаканите акни, а притоа да не изгледа многу нападно.rn
rnrnДоколку пудрата во прав се користи на правилен начин, таа знае да внесе магија во шминката и вашето лице да го направи беспрекорно кристално и чисто. Оваа пудра ја фиксира шминката и таа трае подолго. Пудрата дава еден мат изглед на лицето и ги покрива мрсните делови, кои сјаат и не изгледаат баш уредно. Но, доколку се претера со нејзиното нанесување може да има сосема спротивен ефект. Премногу пудра може да ги нагласи вашите брчки и да ви даде многу постар изглед. Затоа, нанесувајте ја сосема умерено и тоа најчесто во делот на челото, носот и брадата.rn
rnrnПрофесионалните шминкери нанесуваат руменило само со еден до два потега во делот околу јаболкниците. Секое претерување со руменилото може да доведе до неприроден изглед и да ја уништи шминката и трудот што претходно сте го вложиле.rn
rnrnТие знаат дека дискретно нанесените туш или моливче за очи, кои следат една убава линија, можат да направат вашите очи да изгледаат поголеми и посјајни. Доколку ги комбинирате со вистинските нијанси на сенки за очи, тогаш ќе добиете прекрасен изглед.rn
rnrnСекојдневното користење на водоотпорна маскара може да ги оштети вашите трепки, да ги направи кршливи и оштетени. Затоа користете ваков вид маскара само во одредени прилики, кога знаете дека би биле во допир со вода, кога надвор е врнежливо или во ситуации кога повеќе би сте се потеле.
rn

rnrnПричините поради кој коректорот се брише од лицето после неколку часа може да бидат најразлични и зависат од неколку фактори: годишното време и временските услови, квалитетот на производот кој го нанесувате, но и начинот на кој го нанесувате коректорот. Понекогаш навистина не е доволно само да ја намачкате смесата под очите и да помислите дека тоа е тоа и дека ќе трае цел ден. Па, да започнеме по ред.rnrn
rnrnЗа почеток 
rn
rnrnОва се 4-те основни правила за нанесување шминка, според мислењата на експертите:rn
rnrnБазата никогаш не треба да се нанесува директно на кожата. Неа секогаш треба да ѝ претходи хранлив серум или хидратантна крема.rn
rnrnНијансата на пудра која одговара на вашиот тен не се бира на тој начин што ќе ја проверите на дланките, туку така што ќе нанесете мала количина под брадата и ќе размачкате малку на вратот. Совршената нијанса е онаа која се поклопува со природниот тен.rn
rnrnНесовршеностите не треба да се покриваат со огромни количини на пудри. За тоа служи коректорот. Само така вашето лице може да изгледа здраво и убаво, а тенот изедначен.rn
rnrnРуменилото секогаш се нанесува на највисокиот дел на јаболкниците, а после тоа со кружни движења со четка се разнесува од страната кон ушите.
rnrnДоколку вашата кожа е масна, треба да користите течна пудра со мат ефект, а пудрата во прав да ја нанесете за да го прекриете сјајот кој се појавува на носот и брадата, но во многу тенок слој. Исто така, поправањето на шминката на овој начин не се препорачува повеќе од два пати во текот на денот.
rn
rn
rn

rn
rn