Познавате некој кој за многу кратко време ја намалил телесната тежина? Честопати ги избегнува оброците? Прочитајте ги основните знаци за нарушување во исхраната и спречете ги на време.
1. Преокупација да изгледа перфектно и да има идеална тежина и облик на телотоrn2. Чувства на тага, фрустрација и гнев за надворешниот изгледrn3. Често споредување со другитеrn4. Прекумерна загриженост за делови од телото кои не изгледаат перфектноrn5. Зголемена самосвесностrn6. Тајни навики поврзани со исхраната и вежбањетоrn7. Драматично губење на телесната тежина (со големи подеми и падови)rn8. Сериозно ограничување во внесувањето на хранатаrn9. Лумпувањеrn10. Одбивање да се јадат одредени продуктиrn11. Опсесија со информации за телесна тежина, исхрана, диети, калории..rn12. Невообичаени ритуали во исхраната (забрзано џвакање, преуредување на храната во чинијата, јадење продукти по определен редослед)rn13. Одбегнување на главните оброциrn14. Често жалење за прекумерната телесна тежинаrn15. Прекумерно вежбањеrn16. Користење лаксативи, повраќање, земање апчиња за слабеењеrn17. Често мерење на телесната тежинаrn18. Одбивање да јаде во присуство на други луѓеrn19. Негирање дека настапува гладrn20. Обид за сокривање на фигурата со широка облекаrn21. Депресија и често менување на расположениетоrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: оброк
-

Како да препознаете нарушување во исхраната?
-

Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело
Зошто да се измачувате со разни тешки диети кои ќе ве истоштат, кога можете да бидете здрави и витки со едноставна реорганизација на вашите оброци и внесување многу витамини преку овошје, кои ќе ви дадат елан и свежина?! Испробајте ги овие четири детоксикациски диети, препорачани од професионални нутриционисти, кои истовремено ќе ви помогнат брзо да ги изгубите килограмите, но и да го прочистите вашето тело од отровните материи.rnrn
rnДводневна диета со јаболка
rnДоколку сакате да симнете неколку килограми и истовремено да ги отстраните отровите од вашето тело и да се чувствувате поздраво, сè што треба да направите е да јадете само јаболка. Звучи страшно, но диетата трае само два дена и плус секогаш кога ќе почувствувате глад можете да каснете јаболко, бидејќи нема ограничување на количината. Покрај тоа што јаболката располагаат со многу витамини, тие создаваат и чувство на ситост. За да не ви досади од едноличната исхрана уште после првите три јаболка, купете од различни сорти за да ви биде диетата поразнообразна.rnrn
rnПетдневна диета со лубеници
rnДоколку сте љубители на лубеница, тогаш токму таа е одговорот на сите ваши молитви за добро обликувано тело. Во оваа диета треба да почитувате едно едноставно правило: консумирајте најмалку половина килограм лубеница дневно. Исто така, пожелно е во текот на диетава да јадете по пет помали оброци дневно. Додека ја држите оваа диета е многу препорачливо да избегнувате пиење пијалаци во кои има шеќер и осигурете се дека немате висок крвен притисок. Оние кои имаат проблеми со бубрезите или со црниот дроб, исто така треба да го избегнуваат овој алтернативен план со оброците. За да не ви се смачи од јадење лубеница, во текот на овие денови можете понекогаш да си направите свежо исцеден сок од овошје или да си направите овошна салата.rnrn
rnСедумдневна диета со ананас
rnДетоксирајте го вашиот организам со еден здрав и едноставен режим на исхрана. Со оваа диета нема потреба да се лишувате од храна за да ги намалите вишокот килограми. Напротив, сè што треба да сторите е да јадете по три нормални оброци и да консумирате само две парченца ананас дневно. Нутриционистите кои ја креирале оваа диета исто така препорачуваат дводневна сесија на комплетно чистење на организмот од отрови, за кое време ќе јадете само ананас. Доколку се решите на овој чекор, детоксикацијата на организмот направете ја во два последователни дена од седмицата додека ја држите диетава. И покрај тоа што ова не е режим на исхрана кој треба да се следи на долг рок, сепак оваа диета може да биде многу корисна за оние кои сакаат брзо да ги намалат килограмите.rnrn
rnСедумдневна диета со црвени боровинки
rnЦрвените боровинки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси. Поради тоа, тие се одлични за „исчезнување“ на вашите килограми и за ослободување на вашиот организам од штетните токсини. Исцедете сок од половина килограм боровинки. Потоа, помешајте две супени лажици од сокот во 200 грама свежа изворска вода и пијте ја таквата течност секое утро на гладно. Резултатите ќе бидат неверојатни. Исто така е препорачливо да консумирате „полесни“ оброци во текот на овие седум дена, за да не биде вашиот дигестивен систем под голем притисок во текот на детоксикациската диета.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Нутриционистичка чинија
Дали се храните правилно? Оваа едноставна нутриционистичка чинија е потсетник на фундаменталните вредности на здравата исхрана. Чинијата може да се најде во три вида и тоа диетална, нормална и обилна.rn
Сите овие видови чинии имаат различни пропорции, според потребите на луѓето. На опачината на чинијата се наоѓа легенда, која ги објаснува боите и полињата на кои таа е поделена. Како на пример, зеленото поле означува зеленчук, а розовото, протеините кои треба да го сочинуваат оброкот. Овој продукт е создаден од Хафштајн Јулиусон во соработка со Жоана Паис, за потребите на неговата фирмата „HAF“.






-

6 начини да јадете како спортист
Храната, после вежбањето е многу важна за спортистите. Прочитајте ги тајните во нивната исхрана и почнете да ги практикувате.rn
1. Појадувајте. Секој ден!
rn
rnrnСпортистите не се вртат во кревет по неколку минути наутро. Тие стануваат и веднаш почнуваат со интензивно вежбање од 2 часа. По вежбањето, појадуваат оброк кој е богат со протеини. Ако немате време наутро, не грижете се – не сте единствени, но не заборавајте дека појадокот е задолжителен.rn2. Јадете повеќе оброци во текот на денот
rn
rnrnСпортистите јадат во текот на целиот ден, како би можеле да го одржат енергетското ниво. Нив никогаш нема да ги видите како јадат од чинија полна со многу храна.rn3. Чувајте ги ужинките при рака
rn
rnrnШто има во чантата на спортистите? Изобилство од енергетски грицки и ужинки за да го задоволат нивниот глад. Тие своите ужинки ги планираат однапред и секогаш ги имаат при рака.rn4. Протеините се задолжителни (и тоа не само од месо)
rn
rnrnСекој оброк на спортистите треба да содржи протеини. Тоа е така затоа што протеините ја оформуваат мускулната маса.rn5. Земете по една банана
rn
rnrnСпортистите знаат дека овошјето е клучен и најважен извор на шеќери во нивната исхрана. Бананата е број еден овошје на кое спортистите „му се поклонуваат“.rn6. Збогувајте се со газираните пијалаци
rn
rnrnГазираните пијалаци се прецртани на листата на неопходни продукти кои треба да ги внесуваат. Кога станува збор за внесување течности, спортистите знаат дека водата е клучна и есенцијална. Дури и кога пијат спортски пијалаци, тие знаат дека потоа треба да ги согорат внесените калории.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

30 трикови за подобар ден
Бенџамин Френклин рекол:rnrn
„Едно денес, вреди колку две утре“.
rnВчера е минато, а утре е безмалку плод на вашата имагинација. Па така, денешниот ден е единствениот ден што вистински го живеете. Еве како можете да го направите подобар.
rnrn1. Започнете го денот неколку минути порано.rnrn2. Работете на нешто што вам ви значи.rnrn3. Завршете некоја важна или недовршена работа.rnrn4. Поминете некое време со позитивни, пријателски настроени луѓе.rnrn5. Направете нешто добро за некого.rnrn6. Бидете присутни. Фокусирајте се на она што го правите во одреден момент, на одредено место, со одредени луѓе.rnrn7. Завршувајте ги работите една по една.rnrn8. Слушајте си ги гласовите во својата глава. Кога размислувате за негативни работи, пробајте да ја свртите работата од другата страна.rnrn9. Смејте се, дури и кога нема посебна причина за тоа.rnrn10. Исклучете се и забавувајте се додека ги доживувате секојдневните искуства во животот.rnrn11. Појдете на некое ново место, видете нешто ново или запознајте нова личност.rnrn12. Направете нешто што ќе ве насмее.rnrn13. Предизвикајте си го умот – научете некоја нова вештина.rnrn14. Предизвикајте си го телото – вежбајте 30 минути.rnrn15. Дозволете му на некој да ви помогне.rnrn16. Расчистете го нередот, ослободувајќи се од непотребните работи.rnrn17. Бидете искрени со самите себе и со оние околу вас.rnrn18. Не споредувајте се со други. Наместо тоа, дозволете тие да бидат инспирација за вас.rnrn19. Поминете неколку минути во тишина, сосема сами и размислувајте.rnrn20. Фокусирајте се на решенијата.rnrn21. Бидете отворени за нови идеи и информации.rnrn22. Прифатете важна две-минутна задача веднаш кога ќе ви биде доделена.rnrn23. Држете се настрана од драмите на другите луѓе и не создавајте своја непотребно.rnrn24. Кажете „Те молам“, „Извини“ и „Те сакам“ кога можете.rnrn25. Не обидувајте се да ги направите сите задоволни. Правете го само она што знаете дека е правилно.rnrn26. Јадете здраво, запазувајќи ги трите оброци: доручек, ручек и вечера.rnrn27. Уживајте во едноставните нешта.rnrn28. Забележете го она што е добро во светот и во вашата непосредна околина.rnrn29. Размислете на сите нешта кои ги имате и почнете да го цените тоа.rnrn30. Легнете си малку порано вечер за да бидете поодморени за утре. И запомнете: „насмевката е најубавата кривина на човечкото тело“.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Последниот оброк на неколку осудени убијци
Jonathon Kambouris е роден во 1981 година во Детроит, Мичиген. Во 2001 година, се сели во Њујорк каде почнува да студира фотографија на Parson The New School for Design. Од тогаш, па сѐ до денес Џонатон фотографира за многу списанија и реклами.rnrnЕден од неговите проекти е насловен „Last meal“ (Последниот оброк) кој се состои од фотографии од затвореници осудени за убиство и листа на продукти од нивните последни оброци кој го изеле пред да бидат егзекутирани. Авторот за овој проект вели:rnrn
„Го направив овој проект за да ја истражам интересната и уникатна врска која ја имаат луѓето со храната. Во овој случај, храната ја употребувам како метафора за да го покренам прашањето за смртната казна.“
rnПогледнете дел од проектот:rnrn
rn- rn011
- Име: Daniel Harold Rolling
- Последен оброк: опашка од јастог, ракче и пита од јагоди
- Егзекутиран на: 25 октомври 2006 година во Флорида
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Gerald Lee Mitchell
- Последен оброк: едно ќесе американски бомбони
- Егзекутиран на: 22 октомври 2001 година во Тексас
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Reginald Lenard Reeves
- Последен оброк: четири парчиња пржено пилешко и две лименки Кока кола
- Егзекутиран на: 9 мај 2002 година во Тексас
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Aileen Carol Wuornos
- Последен оброк: една чаша кафе
- Егзекутирана на: 9 октомври 2002 година во Флорида
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Victor Feguer
- Последен оброк: маслинка со семка
- Егзекутиран на: 15 март 1963 година во Ајова
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Timothy McVeigh
- Последен оброк: две чашки сладолед од нане со чоколадни трошки
- Егзекутиран на: 11 јуни 2001 година во Индијана
- Смртна казна: смрт со бесење
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Gary Leon Brown
- Последен оброк: сладолед-сендвич
- Егзекутиран на: 24 април 2003 во Алабама
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Ted Bundy
- Последен оброк: стек, јајца, пржени компири и кафе
- Егзекутиран на: 24 јануари 1989 година во Флорида
- Смртна казна: електрична столица
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Име: Jonathan Wayne Nobles
- Последен оброк: црвено вино и парче леб
- Егзекутиран на: 7 октомври 1998 година во Тексас
- Смртна казна: смртоносна инјекција
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Победете го гладот помеѓу оброците
Држите диета според која смеете да внесувате мало количество калории во организмот и одлично ви оди, но сепак имате проблем… гладувате. Цело време размислувате за храна и за тоа што би можеле во тие моменти да каснете. Пробајте да се придржувате до овие совети, кои можат да ви помогнат да го победите гладот и да останете задоволни помеѓу оброците.rnrn
Направете избор на енергетска храна
rnПрвото правило за да не се чувствувате гладни помеѓу оброците е да одбирате храна која нуди голем број хранливи материи. Една лименка Кока-кола има исто калории колку тост со кашкавал, но сепак ефектот е сосема различен. Кока-колата ќе предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта, кое потоа брзо ќе се спушти, правејќи да се чувствувате слаби и нервозни во следниот час. Тостот со кашкавал содржи хранливи влакна и протеини, кои ќе му помогнат на телото да издржи до следниот оброк.rnrn
rnrnНајдобро е да јадете три балансирани оброка и една закуска секој ден. Правете избор од овошје, зеленчук, мешункасти плодови, зрнести плодови, млечни производи со ниска масленост и малку месо. Храната полна со хранливи влакна е најдобра за да се остане сит, бидејќи тие бавно се варат оставајќи ве подолго задоволни од чувството во стомакот. Останете настрана од преработена храна која изгледа вкусно, но е преполна со непотребни калории. Гледајте да пиете многу вода, бидејќи дехидрирањето може да го успори вашиот метаболизам.rnrnДали обожавате да јадете житарици за појадок? Можеби палачинки или ѓеврек? Кој и да е вашиот избор, обидете се секогаш да го искомбинирате со свежо овошје. Исто така, можете да најдете безброј рецепти за печење овошен леб. Во него можете да додадете свежо или сушено овошје, а маслото за готвење да го замените со сок од јаболко, тиква или сладок компир.rnrn
rnПијте сокови од цедено овошје
rnМногу е важно да ја внесувате дневната доза на овошје во организмот. Во повеќето денешни џусови се исфрла пулпата од сокот, со што се намалува количината на хранливи влакна. Тие се тешко варливи елементи на секое растение кое помага дигестивниот систем да функционира правилно. rnrn
rnrnИстражувањата покажуваат дека јадењето големо количество хранливи влакна помага при борбата со срцеви заболувања, шеќерна болест, дигестивни нарушувања, дебелината и некои видови рак. Многу е важно, доколку решите да си правите свој џус од свежо овошје, да ја оставите пулпата и да го извлечете максимумот од овошјето.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кафе Јамајка (Jamaica Coffee)
Совршена кафе напивка после вашиот оброк – брзо се подготвува, има силен вкус „зачинет“ со малку алкохол и изгледа фантастично. Декорацијата ќе ви ја оставиме вам, а еве го рецептот…
Потребно време за подготовка: 5 минутиrnПотребни состојки:rn
- rn011
- 20 мл црн рум
- 20 мл ликер од кафе
- 200 мл варено црно кафе
- шлаг
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Сипете ги румот и ликерот од кафе во декоративна чаша за кафе, а потоа наполнете ја со штотуку сварено кафе. На крајот додадете шлаг и украсете ја со неколку зрна кафе.rnrn
-

Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?
Дали ви се случило со недели да консумирате само зеленчук и овошје и да сфатите дека сте ослабеле само 1 килограм? Не сте единствени. Всушност, има голем број грешки кои жените ги прават додека држат диети, а не се свесни за истите, па на крајот од режимот се депримирани и без ронка надеж дека некогаш ќе ја намалат телесната тежина.rnrnЕве кои се најчестите грешки во вашата диета според врвните диететичари:rn.rnrn
Размислување на краток рок
rn„Единствениот начин да се придржувате до вашиот здрав режим на исхрана е да гледате кон него како кон нов начин на живот“ – вели д-р Венди Дојл од Британското Диететско Здружение. Според неа, луѓето кои јадат многу помалку од вообичаено во краток временски период со цел набрзина да ослабат неколку килограми, најверојатно ќе се откажат од таа идеја после неколку дена, бидејќи ќе увидат колку е тешко да се гладува. Единствен спас на вашата фигура, Венди гледа во диетите базирани на здрава храна кои е возможно да се поднесат.rnrn
Повеќето диететичари на жените им препорачуваат да внесуваат 1 300 до 1 500 калории дневно, доколку сакаат да ја намалат телесната тежина.rn.rnХрана која „заборавате“ дека сте ја изеле
rnМожеби мислите дека се придржувате до секоја буква од вашата диета. Но, ако забележувате дека не ги губите килограмите, тогаш некаде мора да грешите. Многу жени „забораваат“ дека се почестиле некоја бисквита, чоколатце или дека биле на роденден и јаделе торта. Како и да е, ако имате телесен проблем кој ви е навистина битно да го решите, тогаш водете дневник за вашата диета, во кој ќе запишувате сé што сте јаделе и пиеле. На крајот од првата недела ќе можете да увидите од каде доаѓаат тие „мистериозни“ калории во вашата исхрана.rn

rn
Диета без физичка активност
rnАко мислите дека со постојано намалување на калориите во исхраната и лежење по дома ќе постигнете голема промена во вашата тежина – навистина се лажете. Исклучувањето на каква било спортска активност од вашата диета е голема грешка, бидејќи вежбањето го забрзува метаболизмот и вашето тело ги согорува калориите многу побрзо. Одењето на аеробик или фитнес еднаш во неделата исто така не е доволно за да ослабете. Најдобра солуција за одржување на вашата линија е да вежбате по 20-30 минути секој ден.rn

rn
Пропуштање оброци
rnДоколку понекогаш ви се случува да сте „премногу зафатени“ за да јадете, најверојатно мислите дека пропуштањето на еден оброк ви е само бонус во вашата крајна цел – намалување калории. Но, диететичарите велат дека на овој начин само се залажувате себеси. Кога прескокнуваме оброци нивото на шеќерот во крвта се намалува, што за возврат ја зголемува нашата потреба и желба за јадење благо. Тоа значи дека во подоцните часови ќе изедете нешто благо, кое најчесто дебелее многу повеќе во однос на оброкот кој не сте го изеле. Истражувањата покажале дека жените кои не појадуваат, всушност внесуваат многу повеќе калории во текот на денот, отколку оние кои јадат наутро.rn

rn
Здрава храна не е исто што и нискокалорична храна
rnПовеќето диети препорачуваат во салатата да се користи маслиново масло наместо сончогледово бидејќи е помалку калорично, а за ужина наместо мрсен чипс да јадете јаткасти плодови. И покрај тоа што тие се здрави за вас, многу е важно да јадете ограничена количина од нив. На пример, една супена лажица маслиново масло содржи цели 100 калории, а дланка полна со јаткасти плодови – 150 калории и 13 грама масти.rn
Друга класична грешка е јадењето пилешко месо заедно со кожата, каде што има најмногу масти и истата ја зголемува калоричноста на вашиот оброк за цели 3 пати. Салата во комбинација со мајонез, павлака, месо, кашкавал и сл. исто така се опасни за вашата диета.rn
rn
И пијалаците содржат калории
rnМожеби се храните здраво за појадок, ручек и вечера и избегнувате да грицкате калорични ствари во останатите часови од денот, но ако пиете благи сокови, кафе со додатоци и особено алкохолни пијалаци – ете зошто не можете да ослабете. Стандардно капучино со шлаг и чоколаден прелив содржи 120 калории и 8 грама масти, а оние луѓе кои пијат алкохол додека јадат внесуваат 350 калории плус. Затоа избегнувајте калорични преливи во вашето кафе, пијте природно цедени сокови со малку шеќер и немојте да консумирате алкохол повеќе од 1-2 пати во неделата. Друг совет е да пиете нискокалорични коктели, да мешате алкохолен со безалкохолен пијалак или шприцер, бидејќи чистиот алкохол дебелее повеќе и го зголемува апетитот.rn
rnПречесто мерење на вага не е добро
rnНема ништо што повеќе ќе ве мотивира и охрабрува да продолжите да ја држите вашата диета од секојдневното гледање како се намалува бројката која ја покажува вагата. Но, диететичарите предупредуваат дека премногу честото мерење може да донесе негативни резултати. Голем број жени забележуваат дека нивната тежина варира во текот на месецот, што ги доведува до разочарување, мислејќи дека повторно качиле некој килограм. Но, варијацијата во килограмите е од друга причина – задржување на вода во организмот во текот на менструалниот циклус, поради што вагата може да покажува повеќе.rn
Здравото слабеење е доста долг процес кој не можете секојдневно да го „мерите“, а воедно не смеете да заборавате дека мускулите тежат повеќе од салото. Качувајте се на вага еднаш неделно, веднаш откако ќе станете од спиење. 500 грама е еднакво на 3 500 калории што значи дека дури и ако вагата покаже дека сте ослабеле само половина килограм, значи дека во текот на изминатата недела сте консумирале 500 калории помалку од вообичаено, на дневно ниво. -

Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?
Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.rnrn
rnrnСо овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.rn1. Немојте да сте изгладнети
rn
Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.
rnrn
2. Не посегајте по лебот
rnМногу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.rnrn
rn3. Внимателно разгледајте го менито
rnКога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.rn
4. Прашувајте
rnНе се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.rn
5. Изберете помали порции
rnРечиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.rnrn
rn6. Бидете отворени за различни кујни
rnНе знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:rn
- rn011
- Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
- Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
- Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
- Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
- Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn

rn
7. Не нарачувајте мезе
rnАко нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.rn
8. Не нарачувајте десерт веднаш
rnПрво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.