КАФЕ ПАУЗА

Tag: оброк

  • Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Кратката прошетка после јадење од околу само две минути може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и со тоа да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.rnrnЗошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Лимерик во Ирска исто така покажало дека најдобро време е да се отиде на прошетка во рок од 60 до 90 минути по јадење. Во овој период, нивото на гликоза во крвта е на максимално ниво. Дополнително, ова истражување покажало и дека прошетката после оброк дава дополнителни придобивки, особено ако е подолга.rnrnИмено, после оброк, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на нејзиното ниво во крвта. Иако малите скокови не се абнормални, одржувањето на нормалното ниво на гликоза е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот, а мускулите се оние кои го апсорбираат вишокот на гликоза од крвотокот. Прошетката после вечерата исто така ослободува серотонин, кој придонесува за подобро спиење, го регулира апетитот, го поттикнува позитивното размислување и ја подобрува меморијата.rnrnПрошетката после јадење има многу придобивки. Без разлика дали имате висок крвен притисок или дијабетес, кратката прошетка по оброкот ќе го подобри вашето целокупно здравје преку:rn

      rn 011

    • регулирање на функцијата на цревата
    • rn 011

    • оптимизација на лимфниот систем
    • rn 011

    • подобрување на циркулацијата
    • rn 011

    • ослободување на „хормонот на среќата“.
    • rn

    rnВажно е пешачењето да ви биде удобно и да стане вашата омилена активност, па дури и забава.rnrnОткако прочитавте за придобивките од пешачењето по секој оброк, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот?

    Како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот?

    Ако некогаш сте прескокнале некој оброк, а тоа им се случува дури и на оние кои се грижат секогаш да појадуваат, ручаат и вечераат, сигурно сте се запрашале што би се случило со вашето тело доколку тоа ви стане навика.rnrnКако прескокнувањето оброци може му да влијае на организмот?rnrnШто се однесува до редовното прескокнување оброци, научниците сè уште собираат докази за потенцијалните долгорочни ефекти врз телесната тежина и здравствените состојби како што се срцевите заболувања и дијабетесот. Но, кои се краткорочните ефекти врз вашето тело кога прескокнувате оброци?rn

    Се намалува нивото на шеќер во крвта и енергијата во организмот

    rnРедовните оброци во текот на денот спречуваат пад на енергијата и ве одржуваат будни и фокусирани. Ако ги прескокнувате оброците, вашето тело ќе има недостиг од гликоза, главното гориво на мозокот. Нискиот шеќер во крвта може да ви ја намали енергијата, правејќи да се чувствувате слабо и исцрпено. Недостатокот на гликоза исто така може да го отежне концентрирањето. Други симптоми на низок шеќер во крвта може да вклучуваат треперење, потење и раздразливост.rn

    Чувство на голема глад и прејадување

    rnКога не јадете доволно често, може да се чувствувате целосно обземени од потребата да јадете нешто. Тешко е да размислувате за нешто друго освен за храна кога вашето тело нема доволно енергија. Ако останете без храна подолго време, вашите преференции за храна се менуваат и кога ќе станете многу гладни.rnrnГладните луѓе често имаат тенденција да јадат јаглехидрати и слатки бидејќи тоа им го зголемува шеќерот во крвта и брзо им го подобрува расположението. Проблемот е што ова трае само кратко, освен ако не додадат масти, протеини или влакна во исхраната покрај јаглехидратите за да го ублажат скокот на гликозата. Тоа значи дека наскоро повторно ќе бидат гладни. Ако се премногу гладни, од друга страна, поголема е веројатноста дека ќе се прејадат за да го надоместат недостатокот на храна што ја пропуштиле во текот на денот. Прејадувањето може да предизвика и гадење, запек, надуеност и исцрпеност.rn

    Отежната концентрација и послаби физички перформанси

    rnНедостигот на храна се одразува и на физичката активност и вежбањето. Кога вежбате, тешко ви е да се концентрирате на оваа активност доколку сте гладни. Дополнително, ако не се храните правилно пред тренингот, ќе имате помала корист од тренингот. Истото важи и ако не добиете соодветен оброк после тренингот бидејќи вашето тело не може да го надополни нивото на гликоген (за што се потребни јагленихидрати) и мускулите (за кои се потребни протеини). Накратко, ако сте активни физички, никогаш не е паметно да прескокнувате оброци.rnrnОткако прочитавте како организмот реагира на прескокнувањето оброци, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

    Едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк

    Празниците се период кога дури и најупорните прават отстапки кога станува збор за здравата исхрана. Но, без разлика дали си дозволувате залак повеќе само за време на празниците, еднаш неделно или еднаш месечно, добро е да знаете на кој начин може да се вари целата таа храна побрзо, подобро и полесно. Постои една јога поза што може да ви помогне во тоа. Имено, по оброкот, добро е да помогнете во варењето на храната со лесни вежби и истегнување. Сè што треба да направите по обилен оброк е да седнете на подот и да земете перница во рацете.rnrnЕдноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброкrn

    Вежба за забрзување на циркулацијата и на метаболизмот

    rn

      rn 011

    • Земете помека перница што ќе можете да ја завиткате и направете ја како валјак.
    • rn 011

    • Колку е поцврста перницата, толку е подобра за масажа на стомакот.
    • rn 011

    • Истегнете ги нозете и свиткајте ги стапалата кон остатокот од телото колку што можете повеќе.
    • rn 011

    • Свиткајте се нанапред, односно свиткајте го торзото над перницата и вдишете абдоминално и длабоко.
    • rn 011

    • Останете во таа положба онолку колку што ви е потребно за да се чувствувате полесно.
    • rn

    rnПогледнете го овој 20-минутен тренинг за почетници.

  • Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

    Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

    За многу млади готвачи, пржените јајца се првото јадење што ќе го совладаат. Но, откако ќе ги скршите првите неколку јајца, тоа е веројатно техника за која не размислувате често. Всушност, за повеќето луѓе, пржењето јајца е автоматска работа, но токму тука лежи најголемата грешка. Постојат неколку работи што може да го направат ова едноставно јадење многу повкусно или да го уништат. Во продолжение прочитајте ги правилата за пржење јајца.rnrnНајдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитетrn

    1. Користете нелеплива тава

    rnКолку и да ги сакате вашите тави од леано железо, јајцата ќе залепат на нив. Тоа значи помалку јајца за вас и повеќе чистење и остатоци во мијалникот. Исто така, големината е важна – помалите тави ќе послужат за најмногу 4 јајца, а за повеќе, користете поголема тава.rn

    2. Прескокнете ги млекото и павлаката

    rnКолку што се поквалитетни јајцата, толку ќе бидат повкусни. Што се однесува до мрснотиите, користете маслиново масло и парче путер за да добиете одличниот вкус. Сепак, не користете само путер бидејќи може да изгори.rn

    3. Не кршете ги јајцата во тавата

    rnНе кршете ги јајцата во тавата затоа што белките ќе протечат по страните и некои делови ќе се испржат порано, а тоа не е добро. Скршете ги јајцата во сад и потоа турете ги во тавата.rn

    4. Силиконскиот кујнски прибор е најдобар за мешање

    rnДрвениот прибор не ги вади јајцата од тавата толку добро, а металниот прибор ќе го оштети нелепливиот слој на тавата.rn

    5. Пржете ги јајцата на тивок оган и бавно

    rnПред да ги ставите јајцата во тавата, таа може да биде на максимална температура, но откако ќе ги ставите јајцата, намалете ја температурата. Ако ги пржите на висока температура, јајцата ќе се испржат премногу брзо и ќе станат суви.rn

    6. Не пржете ги до крајот

    rnЈајцата се протеини и, како и сите други протеини, тие ќе продолжат да се готват уште некое време откако ќе ги тргнете од шпоретот.rn

    7. Не заборавајте ги додатоците

    rnКој не сака пржени јајца со сирење или со зачини? Но, што и да додадете, особено ако е сирење, треба да го промешате по пржењето. Од зачините, најдобро е да додадете зачин со благ вкус како магдонос или власец. Исто така, додајте сол и бибер на самиот крај на пржењето, инаку солта ќе ја извлече влагата од јајцата.rnrnПогледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.

  • Кулинарски трикови: 4 здрави оброци кои можете да ги понесете на работа

    Кулинарски трикови: 4 здрави оброци кои можете да ги понесете на работа

    Поради бурниот начин на живот и преголемиот број обврски, многупати немаме време за да се храниме здраво, па најчесто купуваме нешто од пекара или пак се одлучуваме за брза храна. Таквата исхрана воглавно нѐ здебелува и ни ја црпи енергијата, па затоа после оброкот сме толку уморни што радо би дремнале. Дали ова ви звучи познато?rnrnКулинарски трикови: 4 здрави оброци кои можете да ги понесете на работаrnrnВи претставуваме 4 одлични предлози со кои нездравите оброци ќе ги замените со вкусни и здрави, а нив можете да ги подготвите дома за потоа да ги јадете на вашето работно место:rn

    1. Пилешки стек

    rnПилешкиот стек е идеален оброк по кој нема да бидете гладни, а ни уморни неколку часа по консумирањето. Испечете пилешко и сервирајте го со зеленчук, како на пример домат, краставица, пиперка, зелена салата и слично. Сето тоа заедно измешајте го и зачинете го со маслиново масло, сол, и по избор можете да додадете и малку сирење.rn

    2. Салата

    rnСвежиот зеленчук е најдобар избор. За летните денови ви препорачуваме салата со сирење, домат и многу марула. Салатата зачинете ја со малку маслиново масло и сол.rnrnСалатата од јајца е исто така одличен оброк. Сварете 2 јајца, исечкајте ги и измешајте ги со свеж спанаќ. По желба можете да додадете и малку пршута или сланина.rn

    3. Печен карфиол со јајца

    rnСварете ги карфиолот (или брокули) и јајцата. Потоа во тава ставајте ред карфиол, па ред јајца, сѐ додека не ги потрошите подготвените состојки. На крајот ставете лажица путер (распоредете го рамномерно) и тенки парчиња сирење. На крај, ставете го тавчето во рерна и потпечете го јадењето. Иако овој оброк можете да го јадете и ладен, идеално би било пред консумирање малку да го подгреете.rn

    4. Полнета пиперка

    rnНаполнете една или две пиперки со смеса од посно сирење, црвена пиперка, малку сол и бибер. По желба, можете да додадете и друг зеленчук, на пример краставица, парчиња јајце или јаткасти плодови.rnrnПрочитајте ги и овие 10 навики во исхраната со кои ќе го зачувате здравјето и без држење диети.

  • Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Нема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудница

    Вкусната храна, прави сè да биде магично подобро, па дури и мачниот чин, како што е пораѓањето. Неодамна, корисничката на Imgur, jenkinsinjapan го родила Мито во Јапонија, а оброците коишто ѝ ги послужиле таму биле толку неверојатно вкусни, што таа морала да ги сподели на интернет со остатокот од светот. За многу кратко време, нејзината објава станала толку вирална, што луѓето ширум светот не можат да престанат да „лижат прсти“ и да ѝ се восхитуваат на оваа болница.rn

    Мојот царски рез не беше планиран, па храната којашто ја добив, не беше наменета да се јаде пред операција. Поголемиот дел од неа, секако не смеев да го изедам! Оброците не беа баш наменети за жени пред пораѓај. Но, не сум сигурна дали рестрикциите во храната коишто важат во текот на бременоста, се уште важат кога бебето ќе биде на пат да излезе?!“, објаснува Џенкинс. „Станува збор за приватна клиника за акушерство и гинекологија, но поголемиот дел од трошоците беа покриени од стандардното здравствено осигурување. Платив малку екстра, но тоа беа стандардни трошоци, како и во секоја друга болница во областа“, додава Џенкинс.

    rnПо сè изгледа, на оваа трудница ѝ била послужена храна којашто секојдневно им ја даваат на останатите пациенти во болницата. Продолжете надолу за да ги погледнете фотографиите од овие совршени оброци во јапонската болница.rn

    Палачинки за појадок (ми ги послужија пред породувањето, па маж ми ги изеде)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Ручекот што ми беше послужен пред пораѓањето

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Храна за закрепнување од царски рез (имав 3-4 оброци од овој тип, но само овој успеав да го фотографирам)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Првиот адекватен оброк после операцијата

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Француски тост за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Тестенини со морска храна за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Појадок во јапонски стил

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Рижото за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: предјадење (со безалкохолно пенливо вино)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: главно јадење (стек)

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Оброк за прослава на раѓањето на бебето: десерт

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Супа за појадок

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Свинско за ручек

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Попладневна ужина

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Печени тестенини за вечерен оброк

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrn

    Последниот појадок!

    rnНема да верувате какви јадења една јапонска болница ѝ послужила на оваа трудницаrnrnГледајќи ги овие слики, луѓето на интернет не можеа да престанат да „лижат прсти“ и да даваат само позитивни критики за храната во оваа болница. Погледнете дел од нивните коментари, во продолжение.rn

    После фотографииве што ги видов, ќе планирам моето идно дете да се роди во Јапонија. Планирано ви беше однапред породувањето во оваа болница? Живете таму?

    rn

    Ќе морам да резервирам маса во оваа болница. Ова изгледа превкусно!

    rn

    Јапонците дефинитивно ги бидува за врвно презентирање на храната. Плус, е неверојатно вкусна!

    rn

    Сето ова изгледа како да е припремено со многу љубов.

    rn

    Јапонските болници: Нашите пациенти треба да бидат среќни. Американските болници: Што да им послужиме, а да ги намалиме трошоците и да избегнеме тужби?

    rn

    Ова изгледа неверојатно и не само што е вкусно, туку луѓе, ова дефинитивно ќе го забрза процесот на закрепнување.

    rn

    Неверојатно. Во меѓувреме, тука во Канада, ми беше послужена каша, од којашто помислив дека ми го извадиле туморот, го исечкале на парчиња и ми го послужиле во чинија.

    rnПрочитајте ги и најпопуларните јапонски оброци за „зачинување“ на вашата исхрана.

  • Здрава салата со краставица и ананас што може да ви замени цел оброк

    Здрава салата со краставица и ананас што може да ви замени цел оброк

    Салатите во форма на оброк наоѓаат голема примена во многу режими за здрава исхрана. Покрај тоа што не бараат многу време за подготовка, здрави се и полни со боја и вкусови. Погледнете го овој едноставен рецепт за салата која е полна со комбинации од слатко-кисели вкусови и која навистина освежува.rnrnОброк салата со краставица и ананасrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 50 грама шеќер
    • rn011

    • 50 милилитри вински оцет
    • rn011

    • 2 супени лажици вода
    • rn011

    • 225 грама исецкан ананас
    • rn011

    • 1 исечена краставица
    • rn011

    • 1 изрендан морков
    • rn011

    • 50 грама исечен лук
    • rn011

    • 1 марула
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сусам
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги шеќерот, оцетот и водата во тава. Гответе додека не зоврие, а потоа на намален оган гответе уште 5 минути. Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. Во длабока чинија измешајте го целиот исечкан зеленчук, прелијте со сосот и добро промешајте.rnrnПослужете со парче фета сирење и уживајте.rnrnПогледнете го и овој одличен рецепт за пуканки од карфиол.

  • Науката докажа: Уморот е поврзан со прескокнување на оброците!

    Науката докажа: Уморот е поврзан со прескокнување на оброците!

    Во детската и адолесцентната доба редовните оброци се од пресудна важност. Тоа е период кога телото интензивно расте, а мозокот мора да впие многу информации. Со тие пет оброци дневно, односно три главни и две закуски, добиваме енергија за денот кој е преполн со предизвици. Освен тоа, редовната исхрана овозможува доволно калциум кој е важен за растот на коските кај децата, како и за одржувањето на нормалната коскена маса кај возрасните, но и доволно железо и витамин Б кои допринесуваат за подобро помнење и концентрација. Од друга страна, прескокнувањето на оброците во средната и зрелата доба доведува до зголемен умор, неуредно варење на храната и општи слабости на организмот, што можат да го нарушат животниот квалитет.rnrn2-dali-znaevte-zamorot-e-povrzan-so-preskoknuvanje-na-obrocite-www.kafepauza.mk_rn

    Последици од прескокнувањето на оброците

    rnШеќерот, поточно гликозата, е основната храна за мозокот. Со самото тоа кога ги прескокнуваме оброците нивото на гликоза во крвта опаѓа и стануваме уморни, деконцентриран и нервозни, а тоа потоа влијае на извршувањето на активностите во училиштето, на работното место или во слободното време. Освен уморот и намаленото ниво на концентрација, истражувањата покажуваат дека личностите кои ги прескокнуваат оброците имаат навика да се прејадуваат веднаш штом стигнат дома, што резултира со насобирање непотребни килограми, а се закануваат и потешки болести како што се дијабетесот и срцеви заболувања. Затоа за губење на непотребните килограми најважно е да не се прескокнуваат оброците. rnrnПрескокнувањето на оброците, всушност, го забавува метаболизмот, може да предизвика болки во стомакот и главоболки, и води до тоа почесто да консумираме слатки и газирани напивки кои брзо ќе го подигнат нивото на шеќер во крвта и подеднакво брзо ќе го намалат, што повторно резултира со исцрпеност на организмот. Редовните оброци го одржуваат константно нивото на гликоза во крвта и не чувствуваме глад, варењето работи добро, а мозокот е буден и спремен за учење, размислување и извршување на активностите.rnrn1-dali-znaevte-zamorot-e-povrzan-so-preskoknuvanje-na-obrocite-www.kafepauza.mk_rn

    Започнете редовно да јадете!

    rnНе е лесно да ги промените навиките, па се препорачува во тој процес да се вклучи целото семејство – добрите навики кои ќе се стекнат во најраната доба остануваат тука за целиот живот. Затоа, многу е важно да ги вклучите и вашите деца во планирањето на здравите прехранбени навики, а пред да отидете во маркетот или на пазарот, запомнете ги овие пет совети:rn

      rn011

    • Однапред смислите што би можеле да готвите секој ден, а за недостатокот на идеи послужете се со забавните апликации кои ви помагаат во секојдневното планирање на оброците. Само напишете ги намирниците кои веќе ги имате дома и ќе добиете безброј едноставни и разновидни рецепти.
    • rn011

    • Појадувајте секој ден, бидејќи за подготвување на квалитетен појадок ви се потребни само 5 минути – пробиотскиот јогурт измешајте го со житарки од цело зрно, ставете малку лешници и свежо овошје и ќе добиете одличен оброк за почетокот на денот.
    • rn011

    • Секогаш е добро во фрижидерот да имате намирници како што се свежиот зеленчук и млечните производи кои лесно можете да ги комбинирате со квалитетно месо или риба.
    • rn011

    • Ручекот или ужината подгответе ја дома – подготовката на квалитетен сендвич со сирење и зеленчук или интегрални тестенини со туна, тиквички и маслиново масло нема да ви одземат многу време, а можете да ги направите за целото семејство.
    • rn011

    • Пијте доволно количество на вода секој ден, а овошните сокови и газираните пијалаци заменете ги со лимонада во која ќе додадете свежо нане, неколку кругови свежа краставица и лажичка мед.
    • rn

  • Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

    Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

    Бидејќи децата честопати знаат да бидат многу пребирливи кога станува збор за храната, особено овошјето и зеленчукот, ова може да биде многу тешка задача за родителите. Но, уметницата за храна, Лале Мохмеди, ова го претвора во нешто креативно.rnrnМајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмовиrnrnТаа создава оброци за својот син, инспирирана од неговите омилени анимирани ликови. По фотографирањето на секое уметничко дело, Мохмеди го споделува истото на својот Инстаграм профил. Нејзиниот креативен занает ги воодушевува луѓето на Интернет и таа веќе има над 65.000 следбеници. Не е изненадувачко тоа што за подготовка на секој оброк е потребно повеќе време и трпение.rn

    „Овој процес трае околу 25-30 минути, во зависност од ликот“, вели Мохмеди. „Ноќта претходно, Јакоб ми кажува каков лик сака. Кога ќе ми го каже ликот од книга или нешто што има видено, барам слика на Гугл и гледам какви бои се користени.“

    rnПонекогаш, Мохмеди има среќа и создава креација без да ги промени природните нијанси на состојките. Друг пат пак, таа мора да импровизира, додавајќи бои од цвекло, некој сок и слично.rnrnМајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмовиrnrnОд нејзината прва креација, палачинка во форма на лав, Мохмеди на овој процес гледа со љубов и останува мотивирана од ентузијазмот на нејзиниот син.rn

    „Возбудата на Јакоб од првата креација што ја создадов па сѐ до овие денес, е иста.“

    rnПогледнете како изгледаат нејзините креации.rnrn

  • Погледнете како изгледале оброците во авионите помеѓу 50-тите и 80-тите години

    Погледнете како изгледале оброците во авионите помеѓу 50-тите и 80-тите години

    Секогаш е фасцинантно да се погледне назад кон минатото. На пример, сигурно би се изненадиле колку многу се промениле оброците во авионите во последниве неколку декади. Изгледа дека порано, оние кои можеле да си го дозволат тој луксуз да патуваат со авион, уживале во храната од највисоко рангираните ресторани ширум светот за разлика од денес, кога добиваме готова и однапред подготвена храна која најчесто нема вкус на ништо. Да ве предупредиме, овие фотографии не треба да се гледаат на празен стомак!rnrnПогледнете како изгледале оброците во авионите помеѓу 50-тите и 80-тите годиниrnrn