КАФЕ ПАУЗА

Tag: оброк

  • Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

    Девојка која цела година се хранела само во „Starbucks“

    Американската блогерка Бјутифул Егзистенс (Beautiful Existence), кон крајот на 2012 година си поставила пред себе еден необичен предизвик. Таа решила секој оброк во 2013 година да ѝ биде купен од познатиот синџир кафетерии „Starbucks“.rnrnДевојка која цела година се хранела само во „Starbucks“rnrnОвој предизвик подразбирал дека и за Божиќ, Денот на благодарноста, нејзиниот роденден и на многу други важни денови, таа морала да јаде од „Starbucks“.Уште една околност која ѝ го отежнувала предизвикот, бил лимитот од 20 долари дневно. Таа месечно трошела по 500-600 долари, а секој ден го започнувала со кафе со млеко, каша од боровинки, овошје и чаша сок. За ручек јадела топли сендвичи, а за вечера салати.rnrnТаа изјавила дека првите неколку месеци биле лесни, но откако менито почнало да се врти во круг и откако јадела еднолично, станувало сè потешко и потешко.rnrnЗа оваа година таа си поставила нов предизвик, ветувајќи си дека во наредниве 365 дена ќе проба 80 различни спортови.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Иако следуваат многу празници и секој ужива во заедничките оброци со семејството и пријателите, можеби сепак најдобро ќе ви биде доколку ја прескокнувате вечерата.rnrnОваа диета е многу едноставна за спроведување и не бара посебни намирници или готвење на специјални јадења. Сè што треба да правите е да ја прескокнувате вечерата, што значи дека после 16 часот не треба да јадете до наредното утро. Доколку останувате до покасно, можете да го поместите последниот оброк понапред, но важно е разликата помеѓу последниот и првиот оброк да ви биде 14 часа.rnrnХит диета: Четири причини да ја прескокнете вечератаrnrnАмериканскиот истражувачки центар за диететика докажа дека доколку го практикувате ова, позитивно му влијаете на организмот и тоа повеќекратно.rn

    Слабеење

    rnДоколку не внесувате храна во организмот по 16 часот, телото почнува пополека да ги согорува мастите. Не треба да очекувате инстант резултати, туку да бидете трпеливи.rnrnТелото ќе согорува по неколку грама дневно, што воедно е и предност на оваа диета, бидејќи на тој начин нема да се појави вишок на кожа, поради загубата на преголема тежина, туку кожата полека ќе се прилагодува на смалената тежина.rn

    Третман против стареење

    rnИзворот на внатрешна младост е хормоналниот баланс и додека телото произведува доволно хормони, ние сме здрави и изгледаме младо. Гладот го стимулира производството на хормоните за раст и мелатонин. rnrnТелото лачи доволна количина хормон за раст до 21-та година од животот, а потоа почнува да се намалува, додека во староста воопшто не се лачи. Намалувањето на хормонот за раст резултира со слабост во мускулите, замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.rnrnНашите предци, оделе на спиење гладни, за нивното тело да биде спремно за подолг период на условно постење. Кога сме принудени да одиме на спиење гладни, нашата енергија, која телото инаку би ја користело за варење, се троши за елиминација на штетните супстанци, зголемување на нивото на хормоните и за регенерација на клетките.rn

    Топење маснотии

    rnАко редовно го следите ова правило, зголеменото ниво на хормони ќе влијае на намалување на маснотиите во телото, зајакнување на коските, зголемување на еластичноста на кожата, намалување на холестеролот во крвта, зајакнување на имунитетот, намалување на уморот и подобрување на функцијата на срцето.rn

    Подобар сон

    rnКако што знаете, додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, односно хормон за спиење. Во таа состојба, температурата на телото се намалува, а нашето спиење е подлабоко и се регенерираат клетките во телото. Сите луѓе по добро преспиена ноќ изгледаат помладо и обратно, по непреспиена ноќ изгледаат ужасно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 предности на оние кои редовно појадуваат

    7 предности на оние кои редовно појадуваат

    Секој од нас знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој има улога на гориво кое ни помага да го издржиме темпото во напорниот ден и затоа е многу важно овој оброк да биде здрав и богат. Но, многумина и понатаму го прескокнуваат. Прочитајте ги следниве 7 причини поради кои би требало да започнете да појадувате уште денес. Еве кои придобивки ги имаат луѓето коишто редовно појадуваат.rnrn7 предности на оние кои редовно појадуваатrn

    1. Повитки се

    rnЕдна студија од 2003 година проценила дека оние кои го прескокнуваат појадокот се за четири и пол пати посклони на дебелеење, отколку оние кои редовно појадуваат. Во истата студија, во која е следена исхраната на 499 луѓе, е откриено дека оние кои се прејадуваат за вечера и за појадок, се посклони на дебелеење.rn

    2. Поздрави се

    rnЕдна американска студија од 2003 година открила дека оние кои редовно појадуваат најчесто имаат нормално ниво на шеќер во крвта и чувствуваат помалку глад подоцна, во текот на денот. Произлегло дека оние кои редовно појадуваат имаат помал ризик од заболување од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rn

    3. Имаат повеќе енергија

    rnДоколку изедете појадок богат со умерена количина влакна и јаглени хидрати, ќе се чувствувате помалку уморно во текот на денот. Обратно, масниот појадок доведува до поголем замор.rn

    4. Имаат подобар холестерол

    rnОние кои го прескокнуваат појадокот имаат поголемо ниво на холестерол и послаба чувствителност на инсулин од оние кои појадуваат, открила една американска студија. Истото истражување покажало дека оние кои појадуваат внесуваат 100 калории помалку на дневно ниво, од оние кои го прескокнуваат.rn

    5. Имаат подобро помнење

    rnДобриот појадок може да ја подобри краткорочната меморија, тврди една студија извршена на 319 тинејџери на возраст 13-20 години. Истражувачите откриле дека висококалоричниот појадок ја ослабува концентрацијата.rn

    6. Внесуваат повеќе хранливи материи

    rnЛуѓето кои ретко појадуваат внесуваат повеќе масти, а помалку хранливи материи како што се калциумот, калиумот и влакната, во споредба со оние кои редовно појадуваат.rn

    7. Имаат изговор да изедат нешто здраво за појадок

    rnОние кои појадуваат обично јадат здрава храна – овесна каша, јајца, грејпфрут и пијат кафе. Овесната каша е добра за нормализирање на нивото на холестерол и ја подобрува меморијата и вниманието кај децата кои редовно појадуваат. Грејпфрутот содржи многу витамини Ц и А и го подобрува дејството на лековите кои се борат против ракот. Доколку за појадок изедеме јајца, ќе бидеме сити и ќе јадеме помалку во подоцнежниот дел од денот. Кафето го смалува ризикот од депресија, некои врсти на рак и дијабетес тип 2.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајка се прослави со нејзината уметност од храна

    Мајка се прослави со нејзината уметност од храна

    Пред 4 години, малезиската мајка Саманта Ли не ни помислуваше дека нејзината шармантна уметност од храна која ја создава за нејзините две ќерки, ќе ја направи популарна на социјалните мрежи и на светски познатите сајтови како Today, Daily Mail и Huffington Post. Денес, таа е инспирација за многу мајки ширум светот, давајќи им пример дека можат да бидат креативни, без да купуваат скапи алатки. Во суштина, Ли сечка леб, зеленчук и овошје и гарнира со ориз, макарони… Цртежите од храна ги прави само со помош на обичен кујнски прибор, како ножеви и ножици.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од хранаНејзината пасија за ова хоби започнала уште во декември 2008 година, кога Ли била во доцна фаза од бременоста со нејзината втора ќерка.rn
    rn

    Целта ми беше мојата прва ќерка да се научи да јаде сама, после доаѓањето на нејзината помала сестра. Имав среќа што моите креации од храна никогаш не престанаа да ја импресионираат и заради тоа таа секогаш со задоволство го очекуваше нејзиниот следен оброк. Сега, таа се расправа со нејзината помала сестра за тоа кој лик треба да им се падне на следниот оброк. Поради тоа, времето поминато на маса ни е екстремно забавно.“

    rnМајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од хранаЛи нема посетувано професионален кулинарски курс и е многу скромна во однос на нејзиниот талент. Таа себеси се смета за многу секојдневна мајка и домаќинка.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна
    rn

    „Никогаш не очекував мојата работа да стане толку популарна. Благодарна сум за она што ми се случува во моментов.“

    rnМајка се прослави со нејзината уметност од хранаПогледнете го останатиот дел од нејзините најдобри креации од храна, инспирирани од поп културата.Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна Мајка се прослави со нејзината уметност од храна
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Оваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеСекој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

    10 здрави и вкусни идеи за овесна каша

    Овесната каша е еден од најздравите оброци кои постојат. Тоа е нискокалоричен, а истовремено многу хранлив оброк, кој не може да ви здодее затоа што постојат безброј варијанти во кои може да се приготви. Ако ви недостасуваат идеи, потопете го овесот во млеко или јогурт, а потоа применете некоја од овие кои ние ви ги предлагаме.rn

    Две мали или едно големо јаболко и мала лажица цимет

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Две лажици путер од кикирики со една голема или две помали банани

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Неколку јагоди, една рака исечкани бадеми и малку цимет

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Капини, малини, боровинки или некое слично овошје, сок од половина лимон и неколку ливчиња нане

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

     Ситно исечкани парчиња ананас и неколку ливчиња нане

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Две лажици путер од кикирики и неколку зрна грозје

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Две лажици какао, мали парчиња чоколадо со најмалку 70% какао, една банана и малку ванила

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Една рака јаткасти плодови, една рака сушено овошје, една лажица какао

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Ситно исечкани парчиња ананас и две лажици кокос

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrn

    Неколку кајсии, една рака јаткасти плодови, лажица мед и малку цимет

    rn10 здрави и вкусни идеи за овесна кашаrnrnВо приготвувањето на овесната каша можете да употребите какво било свежо овошје, сушено овошје, какви било јаткасти плодови и да додадете семки по ваш избор. Сè што ќе ви падне на ум можете да го претворите во овој здрав и вкусен оброк. Ако веќе имате некоја вкусна идеја споделете ја со нас во коментарите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите здрава пица?

    Како да направите здрава пица?

    Оние кои се трудат да се хранат здраво максимално ја избегнуваат пицата. Тоа е оправдано, имајќи ја предвид количината на калории, масти и хемиски додатоци кои можат да се најдат во неа. Сепак, со мали промени во приготвувањето на традиционалниот рецепт на пицата, таа може да се претвори истовремено и во здрав и во многу вкусен оброк.rnrnКако да направите здрава пица?rnrnТесто – Избегнувајте да приготвувате тесто со бело брашно, исто како и замрзнатото тесто за пица. Наместо тоа замесете тесто со интегрално брашно, кое има многу поголема хранлива вредност од белото, вкусно е и подолго ќе ве држи сити.rnrnСос – Разните видови кечап кои се наоѓаат на полиците во супермаркетите се полни со најразлични хемиски додатоци. Наместо со нив, тестото премачкајте го со домашно приготвен сос од домати, маслиново масло и зачини. Не само што е поздрав, туку е и многу повкусен од кечапот.rnrnМесо – Повеќето сувомесни производи едвај содржат месо во нив за да можат да го носат тој назив, а освен тоа се полни со хемиски додатоци кои штетно влијаат на метаболизмот. Следниот пат кога ќе приготвувате пица заменете ги со пилешко или мисиркино месо, малку сланина или пршута.rnrnЗеленчук – Домати, пиперки, кромид, лук, тиквички, печурки, маслинки… Само имагинацијата е граница за тоа каков сè зеленчук може да ставите во вашата пица. Битно е само да го има во што поголема количина.rnrnСирење – На крај ставете какво било сирење, но најдобро е да биде со ниска масленост.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да јадете пред и после вежбање?

    Што да јадете пред и после вежбање?

    Освен што треба да јадете свежи продукти, а да ја избегнувате преработената храна, постојат уште неколку трикови кои можат да ви помогнат ефектите од вежбањето да се поголеми и побргу да се забележат, а сепак на телото да му дадете сè што му е потребно.rnrnШто да јадете пред и после вежбање?rn

    Пред вежбање

    rnУжината треба да биде еден час до час и половина пред вежбањето. Големината на оброкот е исто така важна, така што не би требало да изедете повеќе од 115 грама од некоја храна, бидејќи во спротивно вежбањето ќе го попречи вашето варење.rnrnДоколку правите вежби за кондиција, пред вежбањето изедете бадеми или авокадо или само напијте се кафе. Овие три продукти ќе го поттикнат излачувањето на хормонот допамин кој е важен за мотивираност, енергија и мускулна функција.rnrnДобар избор на храна е лососот, говедското месо, сардините, како и зрнестото овошје.rnrnАко сакате да ја зголемите мускулната маса, потребно е да го зголемите нивото на инсулинот непосредно пред вежбањето. Ова ќе го постигнете доколку изедете порција од чисти протеини, како што е рибата, мисиркиното месо, или белка од јајце и на тоа додадете малку јаглени хидрати со помош интегрален ориз.rn

    После вежбање

    rnЗа да ја зголемите и силата и мускулната маса, вашиот оброк после вежбањето неопходно е да содржи и протеини и јаглени хидрати.rnrnНа ова треба да му додадете напивка од пасиран спанаќ, кељ, краставица, целер и друг зеленчук со зелена боја за да ја намалите киселоста во организмот и да ја намалите можноста за воспаление на мускулите предизвикана од складирање на млечните киселини.rnrnЕден час после течниот оброк изедете белка и овесна каша, или мисиркино месо и сладок компир или пилешко со интегрален ориз.rn

    Сакате да ја намалите телесната тежина

    rnДоколку вашата цел е губење на масните наслаги, најдобро би било да вежбате на празен стомак, или поточно веднаш штом ќе станете наутро. Тоа ќе го принуди телото да ги користи резервите на енергија и воедно да ги разложува масните наслаги.rnrnЕден час после тренингот изедете комплетен оброк, а не само ужина. Големината на оброкот е исто така важна, но важно е и да се потрудите да ги почитувате препораките за внесување калории во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да не се здебелите за велигденските празници?

    Како да не се здебелите за велигденските празници?

    Велигден е прекрасен христијански празник и е одлична прилика да се одморите, да уживате со семејството и пријателите, но и за да нафрлите некој килограм. Доколку се плашите дека ќе се здебелите од богатата велигденска трпеза, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да не дојде до тоа.Како да не се здебелите за велигденските празници?Не прескокнувајте го појадокот. Деновите започнете ги со незасладен зелен чај, а потоа каснете некоја овошка, како на пример грејпфрут, кој е одличен за забрзување на метаболизмот. Доколку обожавате јагоди, каснете не повеќе од една до две шаки за појадок, но секако без шеќер и шлаг.rnrnПосле четириесетина минути од појадокот изедете една шака сирови бадеми. Вака наранети веројатно ќе бидете доволно сити за да можете да издржите да не грицкате ништо до ручекот.rnrnПред да седнете на празничната трпеза, испијте една чаша вода со неколку капки исцеден лимонов сок. Може да се напиете и минерална вода, но секако подобра е обичната без меурчиња.rnrnЗа време не ручекот, ставете си во чинијата од сѐ што ви се допаѓа, но по малку. По малку! Тоа значи на пример половина шницла, два ќебапа и едно крилце, но затоа на салатата, варениот или печениот зеленчук, велигденските јајца и салатите можете слободно да се нафрлите.rnrnВажно е во чинијата да ставите сѐ што сте планирале да јадете, за да имате увид во количината. Исипувањето едно по едно е опасно за вашата тежина, бидејќи на тој начин не знаете колкава количина всушност сте изеле.rnrnНе морате да се откажете од примамливиот вкусен десерт на крајот од оброкот. Откако ќе се напиете една чаша алкохол, при што најдобро е тоа да е црвено вино, бидејќи има најмалку калории во однос на останатите алкохолни пијалаци, можете да каснете и половина парче торта или еден мал колач.rnrnКафето ќе го забрза варењето на храната, а доколку после јадење ги измиете забите со паста која има вкус на мента, ќе ја ублажите потребата да продолжите да јадете.rnrnДо вечерата уживајте во лимонада, цеден овошен сок, зелен чај или чај од мента, а потоа бидете многу дисциплинирани. Во вашата чинија ставете само еден вид јадење, она коешто најмногу го сакате, и тоа во количина којашто е доволна за една детска порција.rnrnДоколку имате услови за тоа, прошетајте после вечерата.rnrnОние коишто ќе се прејадат во некој од празничните денови, наредниот треба да пијат што е можно повеќе течности, како на пример зелен чај, вода или јогурт за забрзување на работата на метаболизмот, како и да се држат најмногу до овошјето во претпладневните часови и до зеленчукот во вечерните.rnrnНавремено снабдете ја вашата кујна со зелка, ротквици, цитрусни овошја, марули, краставички, бидејќи тоа е храна којашто можете да ја грицкате секогаш кога ќе почувствувате глад.rnrnСепак, доколку овие работи ви се комплицирани за следење, немојте премногу да се тревожите околу вашата фигура, бидејќи празниците не траат вечно, а секако најважно е во нив да се чувствувате опуштено и да уживате.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Со правилна исхрана до полесно заспивање

    Со правилна исхрана до полесно заспивање

    Сонот влијае на исхраната и исхраната влијае на сонот. Недостатокот на сон може да ве натера да јадете повеќе отколку што навистина ви е потребно, но тоа ќе го избегнете со добро избалансирана исхрана. Таа ќе го поттикне излачувањето на серотонинот и на тој начин позитивно ќе влијае на сонот, а ќе помогне и во одржувањето на здрави навики во спиењето.Со правилна исхрана до полесно заспивањеНутриционистот Ејми Џејмисон – Петоник тврди дека храната која се консумира пред спиење треба внимателно да се избира. Таа одговара на некои од најчестите прашања поврзани со оваа тема.rn
    rn

    Дали е сеедно какви јаглехидрати се консумираат пред спиење?

    rnЗа добар и мирен сон пожелно е да изберете храна која ќе ве снабди со комплексни јаглехидрати, кои во големи количини се наоѓаат во целите зрна жито, интегралниот ориз, грашокот, интегралниот леб, интегралните тестенини итн. Ако се снабдите со „гориво“ од извори на прости јаглехидрати, како на пример, слатки, газирани сокови или бел леб, тогаш доаѓа до значајни промени во нивото на шеќер во крвта, а тоа ќе ве оддалечи од мирниот сон.rn
    rn

    Што може да се касне пред спиење?

    rnАко веќе мора да се касне, тоа треба да биде мала ужинка, а не оброк. Се препорачува комбинација од протеини со комплексни јаглехидрати. На пример, мало парче пилешко со мало парче интегрален леб, или парче младо сирење со интегрален леб.rn
    rn

    Дали е важно колкава количина храна се јаде пред спиење?

    rnТешко ќе заспиете ако му дадете работа на вашиот желудник. Најдобро е последниот оброк во денот да го изедете барем три часа пред легнување.rn
    rn

    Дали млекото, чајот и алкохолот помагаат при тешкотии со заспивање?

    rnМлекото содржи протеини кои можат да помогнат, а постојат и некои докази дека чајот од камилица исто така може да биде од корист. За разлика од нив, алкохолот нанесува само штета на сонот. Тој може да ви помогне да заспиете на почетокот, но постои ризик да се разбудите ненаспани на сред ноќ, без можност повторно бргу да заспиете токму како последица од алкохолот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn