Само што завршивте со голем оброк, но наместо да се чувствувате полно и задоволено имате неодолива потреба за нешто повеќе. Но, не тежнеете кон месо или зеленчук, туку по нешто благо. Зошто луѓето често имаат потреба за блага храна, дури и по целосен оброк, кој по сите правила би требало да го задоволи нашиот апетит? И покрај тоа што постојат неколку идеи, сепак сè уште никој со сигурност не може да одговори на ова прашање.rnrn
rnrnНекои нутриционисти сметаат дека луѓето се „истренирани“ уште од детството да очекуваат благ десерт по оброкот. Во многу фамилии, тоа е долгогодишна традиција (и еден начин на поткупување на децата да ги изедат и броколите).rnrnДруги пак, тврдат дека хемијата во човековиот мозок е „виновникот“ за потребата од благо по ручекот. Некои докази укажуваат на тоа дека консумирањето шеќер (или други видови јаглехидрати) можат да го подобрат апсорбирањето на аминокиселинскиот триптофан кој се наоѓа во одредена храна. Триптофанот потоа овозможува зголемување на нивото на серотонинот, невротрансмитер кој се поврзува со позитивните чувства.rnrnЗа некои луѓе, тешкиот оброк може да резултира со состојба наречена „postprandial“ или реактивна хипогликемија, која го намалува шеќерот во крвта и се препознава преку глад, изнемоштеност, слабост, тресење, сонливост, анксиозност или збунетост, според Националниот институт за здравје. Консумирањето на благата храна е еден начин на справување со овие симптоми. Оваа состојба најчесто се појавува од 1 до 4 часа по оброците кои се полни со јаглехидрати. Реактивната хипогликемија најчесто се јавува и кај луѓе кои имале бајпас на желудникот.rnrnПричините за оваа состојба кои не се настанати како последица од операција се сè уште голема мистерија. Научниците проучувале неколку потенцијални причини, вклучувајќи ги и недостатоците на дигестивни ензими, ниско ниво на хормонот глукагон и сензитивност на хормонот епинефрин. За да се борите против реактивната хипогликемија, докторите препорачуваат јадење помали оброци, избегнување на тешка храна која изобилува со јаглехидрати, јадење храна која е балансирана, разновидна и полна со влакна. И најважно од сè, редовна физичка активност.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ќе изедете нешто, вашето тело го зголемува протокот на крв до вашите стомачни мускули за да помогне при варењето на храната. Колку поголем бил вашиот оброк, толку повеќе оксидирана крв му е потребна на вашиот желудник за варењето. Тоа значи дека многу помалку од крвта преостанува за вашите раце и нозе (за кои што исто така е потребно зголемување на протокот на крвта во ситуации како пливање или трчање). Недостатокот на витален кислород кај вашите мускули може да предизвика згрчување, притоа зголемувајќи го ризикот од давење.rnrnЗа рекреациски пливачи, ризикот од згрчување на мускулите по јадењето всушност е многу мал. Вашето тело има повеќе од доволно кислород за да биде распределен и кај стомакот и кај екстремитетите. Вистинската опасност се наоѓа кај оние кои јадат големи оброци пред строги вежби, како подготовки за триатлон. Вакви ситуации можат да доведат до грчење, како и до повраќање. Но дури и тогаш, медицината вели дека шансите за давење се многу мали доколку останете смирени при појавата на грч додека сте во вода.rnrn rnrn
rn
Одморалиштето со 6 ѕвезди, нуди триесетина фантастични вили, но ресторанот сместен 5 метри над земјата помеѓу листовите од бујните дрва со романтичен поглед кон прекрасните песочни плажи, дефинитивно ќе биде голем хит во светот. Додека вие седите и уживате во погледот, вашата храна „долетува“, а нејзе ја носи келнер прикачен на метална сајла.



rnrn

Ова место е дел ресторан, дел училиште за готвење и дел детска градинка. Родителите ги остават нивните деца попладне и се враќаат подоцна за да го изедат оброкот кој тие им го приготвиле. Додека се децата таму, возрасните вработени ги подучуваат како да готват, да сервираат и да им стојат на располагање на муштериите.
Со помош и надзор од страна на двајца возрасни, децата можат да учат како да подготват вечера во сабота, а да печат колачи и пита за ужина во недела. Доколку дечињата сакаат, тие можат да се приклучат во кујнската бригада, заедно со останатите деца кои си работат таму или да уживаат во послужен топол оброк, заедно со нивните родители.
Изработени се и сликовити менија за муштериите да си одберат што сакаат дечињата да им зготват: сендвичи, милкшејк, колачиња… Начинот на готвење, користењето на потребните состојки и инструкциите од страна на нивните учители по готвење е на нивно ниво, за да можат да сфатат и сработат сè што е потребно за услугата да биде како што треба. 

Децата тука можат да работат сè: од готвење, примање нарачки, сервирање храна, миење садови, служење безалкохолни пијалаци од зад шанкот, па сè до носење сметки за наплата. Основната идеја која стои зад интересниот начин на работа на холандскиот ресторан, е да се научат децата како да станат одговорни и корисни, во една забавна и пријателска детска атмосфера.


rnrn
Инспириран од ваквото однесување на луѓето, сопственикот на еден арапски ресторан почнал да им наплаќа повеќе пари на неговите муштерии, доколку тие нарачуваат повеќе храна отколку што можат да изедат. Fahad Al Anezi, сопственикот на ресторанот „Marmar“ лоциран во градот Дамам во Саудиска Арабија, вели дека тој се решил на ваков чекор, со обид да го спречи фрлањето на храната и да го намали прекумерното непотребно нарачување. Тој објаснува дека честопати бил сведок кога негови муштерии нарачуваат енормни количини храна, се цел да ги импресионираат луѓето околу нив.rnrnИдејата со казната за оставената храна по чиниите, наместо да го направи ресторанот непопуларен, е всушност поддржана од арапите. Неколку муштерии веќе му кажале дека си ја научиле лекцијата и дека отсега па натаму, ќе нарачуваат онолку храна колку што можат да изедат.rnrnИнаку идејата за ваквата необична казна, сопственикот ја добил откако ги чул вестите од Сомалија за луѓето таму, кои буквално гладуваат до смрт. Парите коишто се собираат од казните, тој ги донира таму, за да придонесе кон спасување на оваа гладна нација. Поради тоа, Al Anezi почнале да го нарекуваат Робин Худ во угостителството.rn

rn
rnrnКога чајот ќе почне да испушта боја во жешката вода, изгледа како ајкулата да нападнала човек и крвта се разлеала низ морето.rnrn
rnrnПоголем ефект се постигнува со некој црвен чај од шумски плодови или брусница. Дизајниран е од страна на
rnrnНаправете ја вашата следна домашна журка интересна со држачот за чепкалки за заби т.н. „Ауч“, кој има форма на вуду кукла. Со Ауч, боцкањето маслинки, колачиња и закуски, нема никогаш повеќе да биде досадно. 
rnrnОтворач за шише Ctrl+O, за сите љубители на овој шорткат. Дизајниран е од страна на „
rnrnКреативен феминистички дизајн за отворач на тапи и капачиња, чија порака е да им пренесе на мажите, дека не се потребни мустаќи и машка сила, за да може да се отвори еден пијалак.
rnrnПригответе нинџа-колачиња за вашето синче, внуче, комшиче со овие несекојдневни калапи. Најверојатно и вашиот партнер ќе обожава да ги грицка нинџиве. 
rnrnОваа шолја е практична според широчината, за оние кои сакаат да си топат кекс, додека пијат топло млеко или кафе. Дизајнирана е од страна на „
rnrnСо овие готварски ножици со пет остри сечила, можете да сечкате, дробите и ситните магдонос и други тревки, директно во тавчето или тенџерето, додека ви се готви манџата.
rnrnСо помош на овој гаџет, благодарение на високата температура од вашето врело кафе, можете да запеглате некое „парталче“ облека, додека го чекате да се олади. Совршено е практичен, за оние кои имаат „канцелариски романси“. Дизајнирани се од страна на „
rnrnОвој интелигентен дизајн на ножици плус шпатула, совршено ќе ви ја исече пицата и ќе ви овозможи да го пренесете парчето во чинија, без да ви падне топингот.
rnrnОвие чашки ќе го променат вашето гледиште кон процесот на пиење, чувствување и вкусување на пијалакот, како и начинот на кој се „ослободувате“ од валканиот сад откако ќе завршите. Чашките се комплетно направени од агар, кој го има во морската трева и црвените алги, а ги има во три различни вкусови: лимон и босилек, ѓумбир и нане, рузмарин и цвекло.rnrn
rnrnСекоја од нив е дизајнирана така за да можете да ја фрлите во тревата, откако ќе завршите со пиење, (се разбира доколку не сакате да ја изгрицкате) бидејќи агарот е екстракт од морска алга, кој всушност го поддржува растот на растенијата. Дизајнот е направен од страна на компанијата „
rnrnОвие дизајни на соларничиња, дефинитивно ќе внесат малку „магија“ во вашето секојдневно јадење. Дизајнирани се од страна на 
rnrnОваа паметна штица за сечкање, е дизајнирана специјално за подготовка на оброк, бидејќи има четири длабоки чиничиња вметнати во неа, во кои можете да ги сместите исечканите зеленчуци. Дизајнирана е од страна на
rnrnОткријте нов начин за уживање во вашите омилени шпагети. Оваа виљушка е специјално дизајнирана за да овозможува полесно завртување на шпагетите во неа, без да се мачите и да го губите трпението. Со неа, можете комотно да се фокусирате на вкусот, наместо на законите на физиката. Дизајнирана е од страна на 
rnrnЗемате јајце, го кршите во овој сад, па го навалувате суштеството насочено со ноздрите накај длабокото чиниче и мисијата е завршена: перфектно ја одвоивте белката од жолчката, а истовремено и му го исекнавте носот. Не се препорачува за луѓе осетливи на стомак. 🙂
rnrnОва „Дрво-тостер“ има фенси транспарентни листови, кои ви го држат парчето леб, додека не се испече. Со оваа технологија, која вклучува транспарентна нано-електрична мембрана, дизајнерот му дава нова димензија на крцкавото, добро потпечено парче леб. Креативниов тостер е дизајниран од страна на „
rnrnОвие држачи за кујнски крпи, навидум не се ништо поразлични од класичните, невини држачи од 50-тите години на минатиот век, сè додека не сфатите дека го пикате вашиот прст во задник на животно. Далматинецот привлекува повеќе внимание од останатите, но сите се добро дизајнирани за да ги сместите скришно во кујната или тоалетот. Тие со сигурност ќе ги насмеат вашите гости, а и вас после секое миење раце.
rnrnДржач за ножеви, дизајниран од страна на
rnrnКреативни соларничиња во облик на батерии кои повторно се полнат. 
rnrn rnrn