Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, па затоа и оние што редовно го консумираат се посмирени и подобри ги користат сите свои капацитети. Од друга страна пак, ако често пиете чај, постојат големи шанси дека имате бујна фантазија што ве прави значително покреативни од оние што го избегнуваат овој топол пијалак.rnrn
rnrnТим психолози од Универзитетот во Пекинг објавиле истражување во кое биле вклучени 50 студенти во раните 20-ти години. Половина од студентите редовно пиеле црн чај, додека останатите пиеле обична вода во истите количини. Психолозите ги следеле нивните когнитивни и креативни вештини преку разни тестови.rnrnЗа првиот тест, студентите требало да креираат зграда од блокови со различни облици и големини, а за другиот тест тие требало да смислат име за ресторан. Нивните резултати потоа биле анализирани од експерти што не учествувале во тестирањето. Резултатите покаже дека студентите што секојдневно консумирале чај имале повисоки оценки за креативност на двата теста.rnrnПсихолозите предложуваат пиење чаша чај пред која било сложена задача со цел да ги зголемите вашите когнитивни вештини и креативни способности. Сепак, тоа не значи дека луѓето кои долго пијат чај ќе станат покреативни. Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, дозволувајќи ѝ на веќе постоечката креативност да излезе на површина. Тоа значи дека веќе треба да бидете малку креативни за таа да може да дојде до израз.rnrnПрочитајте ги и овие корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега.
Tag: креативност
-

Обожавате чај? Психолозите велат дека овие особини се заеднички кај сите љубители на овој топол пијалак
-

Сите се раѓаме како креативни генијалци, но образовниот систем нè прави некреативни и глупави
„Вие сте многу помоќни отколку што мислите и се плашат од денот кога ќе го откриете тоа.“
rnВо својот говор, сер Кен Робинсон изјавува дека образовниот систем не е воопшто како што треба и дека е важно да се направат големи промени. Иако неговата презентација е неверојатна, она што е интересно е истражувањето што го спомнува тоа. Истражување за разновидно размислување.rnrn
rnrnОд НАСА, која е дом на најголемата вселенска програма и на некои од најпаметните луѓе на Земјата, ги контактирале докторите Џорџ Ленд и Бет Џарман. Од нив побарале да изработат високо специјализиран тест кој ќе им помогне ефикасно да го измерат креативниот потенцијал на нивните научници и инженери. Како резултат на ова, дуото смислило навистина необичен тест. Тестот бил основан на процесот на разновидно размислување, односно способноста да се предложат неколку решенија за еден проблем.rnrnОд НАСА биле многу задоволни од резултатите на тестот, па го прогласиле за успешен. Но, Ленд и Џарман кои детално ја истражувале креативноста додека го подготвувале тестот сфатиле дека сакаат да научат повеќе за изворот на креативноста. Дали е генетски? Дали е резултат на искуство? Или е нешто друго?rnrnБидејќи тестот бил премногу едноставен, можел да се користи за секоја возрасна група. Па тие нашле 1.600 деца на возраст од 4 и 5 години и решиле да ги тестираат. Резултатите ги шокирале. Од 1.600 деца кои го направиле тестот, 98% добиле резултати на генијалци. Возбудени од овој резултат, тимот одлучил да направи пообемно истражување и да го зададе истиот тест на истите деца по 5 години. И овој пат резултатите биле шокирачки. Од истите деца, кои сега оделе во основно училиште, само 30% го постигнале истиот резултат. Кога тестот бил направен уште еднаш после 5 години, кога децата биле во средно училиште, резултатот се намалил на само 12%.rnrnВознемирен, но истовремено фасциниран од овие резултат, Ленд решил да го направи тестот со возрасни над 25 години. По бројни истражувања, тој открил дека помалку од 2% од возрасните добиле резултати на генијалци.rnСистематски нè прават поглупави
rnОвие истражувања покажуваат дека ние се раѓаме со потенцијалот на креативен генијалец, но штом ќе влеземе во образовниот систем стануваме поглупави. Причината за ова не е тешко да се сфати. Училиштето како институција ѝ служи на владејачката класа, а не на секој човек. Децата се најголема закана за овој систем. Нивната „дива имагинација“ е толку интензивна и неверојатна, што ако не се проверува ќе резултира во креативна револуција и може да ѝ стави крај на оваа игра монопол.rn
Од каде доаѓа креативноста и може ли да се врати?
rnКреативноста се раѓа во умот, особено во имагинацијата. Добрите вести се што и покрај сè, креативноста може само да се потисне, но не и да се уништи. Секоја вечер кога си легнуваме нашата имагинација е стимулирана. Па, вашиот внатрешен креативен генијалец е само заспан и чека да го разбудите.rn
Како да ја вратите вашата креативност?
rnСпоред Џорџ Ленд и сите истражувања кои ги направил, мора да научиме како да судиме помалку, а повеќе да се обидуваме да разбереме. Треба помалку да критикуваме, а да бидеме пољубопитни. Тој исто така споменал дека стравот и анксиозноста може да бидат многу контрапродуктивни.rnrnНекои од најдобрите начини да се справите со овие ментални состојби е да се вклучите во активности како јога, медитација и вежбање, бидејќи ќе ви помогнат да се ослободите од стресот. Исто така овие активности поттикнуваат и процес наречен неврогенеза, односно создавање нови мозочни клетки. И нашата исхрана има голема улога во менталната сила и целокупното здравје.rnrnДруго нешто што треба да го направите е да го предизвикате вашиот систем на верување. Важно е да разберете дека сè што гледаме моментално е само дел, резултат од некоја културна или социјална индоктринација. Иако мислиме дека знаеме многу, секогаш ќе постојат животни проблеми за решавање, и многу нешта за истражување. Учењето е пат без крај, па бидете скромни и љубопитни.rnrnИсто така треба да развиете чувствителност кон надворешното опкружување. Немојте да се дружите со луѓе со затворен ум. Немојте да гледате лоши вести и озборувања за познатите. Престанете да гледате серии и музички видеа кои ви наметнуваат стереотипи. Вашата имагинација е најважното нешто што можете да го култивирате, па не смеете да ѝ дозволите да биде оформувана од надворешни сили. Не заборавајте дека системот е изграден врз нашата имагинација. Парите имаат имагинарна вредност. Власта има имагинарен авторитет. Ние имаме имагинарни граници. Ако сакаме да промениме нешто, мора да почнеме со имагинацијата.rnrnПогледнете ги и навиките кои ќе ја поттикнат вашата креативност.
-

Уличен уметник црта лажни сенки за да ги збуни луѓето
Ако се прошетате во Редвуд, Калифорнија, можеби ќе помислите дека нешто не е во ред. Обрнете внимание на сенките. Забележете како чудно се однесуваат. Сандачињата за пошта се претвораат во чудовишта, а од местата за велосипеди излегуваат цветови.rnrn
rnrnОвие чудни сенки се дело на Дејмон Беланџер, графички артист кој живее и работи во Сан Франциско. Тој бил замолен да направи 20 вакви сенки за да ја донесе креативноста во градот. И навистина успеал во тоа.rn„Сенките им даваат жив дух на обичните секојдневни предмети, а луѓето може малку да се забавуваат“, изјавил артистот.
rn
rnrnТој користи креда за илустрацијата, а потоа ја бои сенката со сива боја. Погледнете го неверојатниот резултат.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете и дел од најубавата улична уметност. -

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност
Дали отсекогаш сте сонувале да напишете фантастична книга која ќе ви донесе огромна популарност? Дали сакате да го импресионирате шефот со креативни решенија на работните проблеми? Или пак едноставно сакате да внесете малку имагинација во вашите секојдневни рутини? Разбудете ја вашата креативност со следниве научно докажани трикови за кои сигурно не сте чуле досега…rnrn
rn1. Пригушете ги светлата
rnГрупа германски истражувачи дознале дека затемнувањето на светлата ги намалува ограничувањата и на тој начин поттикнува покреативен и послободен начин на размислување. Нареден пат кога ќе сакате да го зголемите вашето креативно размислување, пригушете ги светлата. Одлична идеја, се согласувате?rnrn
rn2. Хаосот на работната маса е добредојден
rnОва особено важи за педантериите. Во едно истражување, објавено во „Писхолошка наука“ (Psychological Science), испитаниците биле сместени или во несредена или во средена соба и од нив било побарано да смислат идеја за роман за пинг-понг топче. Иако и двете групи дошле до приближно ист број на идеи, оние кои биле сместени во несредените соби имале значително покреативни идеи. Само внимавајте да не го пренесете хаосот надвор од вашиот дом, бидејќи на работа, неуредното биро не остава добар впечаток.rnrn
rn3. Гледајте во нешто сино
rnДали сметате дека сте најкреативни кога сте на плажа и гледате во морето? Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Британска Колумбија, сината боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за креативни задачи. Истражувачите мислат дека ова се должи на тоа што сината боја потсетува на небо, море и вода што, пак, асоцира на „отвореност, мир и смиреност“. Благодарение на тоа, фантазијата и љубопитноста на луѓето се зголемуваат. Интересно е тоа што истражувањето исто така открило дека црвената боја ја зголемува продуктивноста кога станува збор за задачи што бараат да се обрне внимание на детали.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите трикови…rnrn -

Талентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци
Креативноста е многу важен дел од човечкиот живот, па затоа таа се поттикнува уште во детството преку училишните предмети како што се ликовно и музичко. Децата уште во градинка добиваат задачи да цртаат, бојат и да прават рачни изработки. Постојат многу начини на кои може да се развива креативноста: Сликање, свирење музички инструмент, пеење, пишување поезија или раскази, измислување нови работи и слично. Да не постоеја креативните поединци, животот на луѓето ќе беше многу поедноличен и посиромашен.rnrn
rnrnКреативните луѓе се слободоумни, постојано ги прошируваат своите хоризонти и добиваат нови идеи. Замислете си свет каде што никогаш ништо не се менува и секој ден е ист како претходниот. Здодевно, се согласувате?rnrnПа, сега кога ви докажавме дека креативноста е од големо значење во животот на луѓето, време е да дознаете кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци. Секако дека сите луѓе се креативни на свој начин, но следниве знаци едноставно зрачат со креативна енергија! Во продолжение прочитајте кои се тие…rnБик
rnИмате многу енергија и најдобриот издувен вентил за вас е создавањето нешто креативно. Ви постојано создавате нешто: Уметничко дело, приказна, дизајн за ентериер… Најважно е тоа што верувате во себе и секогаш ги завршувате работите што сте ги започнале. Некои од најпознатите креативци родени во знакот Бик се Одри Хепберн и Шекспир.rnrn
rnЛав
rnПостојано сакате да пробувате нови работи и да бидете зафатени. Тоа значи дека ја покажувате креативноста на милион различни начини. Секогаш смислувате нови, подобри стратегии за да стигнете до крајната цел и знаете како да си го организирате времето. Деми Ловато е една од славните Лавици и таа ја покажува својата креативност преку пеењето, пишувањето текстови, глумењето и залагањето за разни цели.rnrn
rnДевица
rnВие уживате во читањето добри книги и затоа не е воопшто чудно тоа што вашата креативноста се јавува во различни форми. Обрнувате внимание на најситните детали и можете да ги забележите дури и најмалите разлики. Вие навистина знаете како да им вдахнете живот на работите, па затоа вашата креативност најдобро се отсликува преку пишаниот збор. Вие би можеле да им помогнете на читателите да го доживеат она што го читаат. Некои од најпознатите класични писатели родени во знакот Девица се Роалд Дал, кој ја напишал „Чарли и фабриката за чоколадо“ и Стивен Кинг, авторот на хорор романите „Кери“ и „Сјаење“.rnrn
rnЈарец
rnВие вложувате многу труд за да успеете и никогаш не ги оставате работите недовршени. Но, во која област можете најмногу да блеснете? Музиката. Можеби се работи за пишување текстови, свирење инструмент или пеење, но сигурно веќе сте ги пробале сите овие работи и сте покажале успех во сите нив. Музиката ви помага да ги изразите вашите емоции и постојано барате нови можности за да создавате музички дела и сакате да ја користите музиката на нови и интересни начини. Елвис Присли, Дејвид Боуви и Џон Леџенд се само дел од Јарците кои се успешни музичари.rnrn
rnРиби
rnРибите се многу креативни и поседуваат уникатен уметнички талент. Тие исто така се длабоко поврзани со музиката, но не потфрлуваат и во другите креативни вештини како што се цртањето, пеењето и танцувањето. Стив Џобс и Ријана се само дел од многуте успешни и креативни припадници на знакот Риби.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте кои се 7-те најдобри карактеристики на секој хороскопски знак. -

Дали е себично да бидете среќни и да посветите време на креативно изразување?
Луѓето честопати не издвојуваат време за да се занимаваат со креативните работи што ги прават среќни и задоволни. Најчестиот изговор за тоа е дека постојат толку многу нешта на кои треба да им посветат внимание, што не би можеле да си дозволат да бидат себични и да мислат само на сопственото уживање. Токму поради тоа, тие не ги прават работите што ги сакаат како што се сликање, свирење некој музички инструмент, танцување и слично.rnrn
rnrnСпоред многумина, себично е да одвојувате време за развивање на вашата креативност, бидејќи на тој начин може да оставите впечаток на лоша личност која воопшто не се грижи за нејзините блиски.rnrnПроблемот е во тоа што вие навистина сте креативни. Креативноста е дел од вас самите и од сето она што го правите. Креативноста е начин на постоење, гледање, размислување и дејствување. Не се работи само за привремено хоби на кое му се посветувате за време на дождливите викенди или откако ќе ги исперете алиштата, ќе ги измиете садовите, ќе го исчистите домот, ќе ги завршите сите домашни обврски и нема да имате што друго да правите.rnrnАко не посветувате време на креативноста, ќе запоставите еден голем дел од вас и тој ќе остане празен. Тоа може да доведе до чувство на незадоволство и тага, што е нормална појава кога постојано правите сѐ за другите, а не ги истражувате сопствените интереси. По некое време ќе почнете да се чувствувате виновни и уште посебични и несреќни, но и понатаму нема да ја развивате креативноста. Што мислите, како влијаете на околината кога емоциите што преовладуваат со вас се фрустрација, тага и чувство на вина? Сигурно не ширите позитивна енергија, каде и да одите.rnrnВистината е дека ако одвоите време за да создадете нешто, дури и да се работи за 15-30 минути дневно, ќе забележите огромна промена во вашето расположение. Нема да бидете фрустрирани и незадоволни. Целата енергија што сте ја потиснувале сите овие месеци, конечно ќе избие на површина.rnrn
rnrnАко секој ден одвојувате по малку време за развој на вашата креативност, ќе почнете да чувствувате позитивни промени во сите аспекти од вашиот живот. Ќе бидете посреќни, пофокусирани, ќе го намалите стресот а ќе ја зголемите способноста да се справите со другите проблеми во вашиот живот. Ќе најдете поинаква смисла во вашето постоење и причина за насмевка.rnrnКакво влијание мислите дека ќе имаат сите овие новооткриени позитивни емоции на вашите блиски? Како ќе реагираат тие на вашата зголемена толеранција, нежност, љубов и разбирање? Одвојувањето време за креативно изразување е сѐ само не себично. Посветувањето време за себе ќе ви донесе многу придобивки не само вам туку и на сите луѓе од вашиот живот кои несомнено ќе ги почувствуваат вашите позитивни вибрации.rnrnОслободете се од помислата дека сте себични, ставете им крај на чувствата на фрустрација и незадоволство и развивајте ја вашата креативност секој ден. Кога ќе ги видите крајните резултати, ќе сфатите дека би било себично да не го направите тоа.rnrnДоколку не сте сигурни дали поседувате креативна жичка, обидете се да ги практикувате овие 12 навики кои загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност. -

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест
На Џанеса Рајд од Јута ѝ била дијагностицирана алопеција, односно опаѓање на косата. Но и покрај болеста, ова 7-годишно девојче не дозволило да го пропушти денот на лудите фризури во училиште!rnrn
rn„Нема лек или терапии што би можела да ги прима. Може да зема стероиди, но веднаш штом престане, косата повторно ќе ѝ падне“, изјавила Даниела, мајка ѝ на Џанеса.
rn
rnrnПа така, на денот на лудите фризури, Даниела смислила оригинално решение за ќерка ѝ да не ја пропушти забавата.rnrn
rnrnТаа залепила светкави стикери на главата на Џанеса.rn„За нас денес е ден на лудите глави! Мора да кажам дека изгледа неверојатно!“, напишала Даниела на социјалните мрежи.
rn
rnrnНие се согласуваме комплетно! Џанеса не само што одлично изгледа, туку и докажа дека прекрасно е да се биде различен.rnrn
rnrnОва мало девојче е голема инспирација за сите луѓе кои имаат некаков физички недостаток. Џанеса е вистински доказ дека не треба да се плашите да бидете уникатни и дека треба да ја задржите насмевката на лицето и покрај сите животни потешкотии.rnrn
rnrnДоколку сте расположени за уште вакви инспиративни приказни, погледнете како овој татко со помош на Фотошоп ја сместува ќерка си во опасни ситуации за да ја зголеми свеста за рак. -

3 начини да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови
Се чувствувате како крајните рокови да ја газат вашата креативност? За некои луѓе, како 28-годишниот композитор Лео Биренберг, да се биде креативен е работа со полно работно време. Откако ја добил својата диплома за музика при Универзитетот во Њујорк, тој успеал да се вработи во „Comedy Central“ и од тогаш, работел на големи хитови како „Заледено“ (Frozen), Мапети: Најбарани (The Muppets: Most Wanted) и Мамурлак: Трет дел (The Hangover: Part III). Па, како овој млад талентиран човек се справува со крајните рокови и ја задржува својата креативност во текот на целиот работен ден? Еве ги неговите совети…rnrn
rnrn1. Не се држете до рутина – Менувајте ја содржината што ја консумирате, започнувајќи од музиката, вестите и книгите така што постојано ќе се изложувате на мисли и идеи што се различни од вашите. Зарем има подобар начин да го проширите вашиот видик и да погледнете од очите на другите луѓе од постојаното изложување на нешта што не ги знаете или кои никогаш не ве интересирале? Не дозволувајте да паднете во рутина, бидејќи нема полош убиец на вашата креативност од рутината.rnrn2. Наполнете го вашиот креативен бунар – Користете го слободното време на начинот на кој е наменето да се користи, за одмор. Не дозволувајте вашата работа да премине и во слободните часови. Што и да се вашите работни обврски, правете нешто сосема различно по завршувањето на работните часови. Без разлика дали е некое ново хоби, како вежбање или учење странски јазик, или пак едноставна прошетка во парк, вашата задача е да се тргнете што подалеку од работата.rnrn3. Организирајте го денот околу највисоките точки на вашата креативност – Некои луѓе се попродуктивни наутро, додека пак, другите навечер. Вие најдобро знаете кои сте и кога завршувате најмногу работа, за најкраток временски рок. Кога се чувствувате инспирирано, фрлете се на најтешкиот дел од вашата работа за да не мора да се терате себеси да бидете креативни, а кога сте помрзливи, завршувајте ги полесните задачи, оние за кои не треба многу размислување. -

Тајната на среќата: Секој ден наоѓајте време за да ја изразите вашата креативност
„Доколку се занимавате со уметност, без оглед дали сте талентирани или не, ќе доживеете личен развој.“ – Курт Вонегат
rnПсихолозите дошле до сличен заклучок. Според неодамнешното истражување спроведено во Нов Зеланд, учеството во креативни активности придонесува за развој на позитивните емоции, психичкото здравје и животниот напредок.rnrn
rnrnОва не важи само за луѓето кои имаат работа што бара креативно изразување. Сите што наоѓаат време за креативни хобија и проекти како што се пишување дневник, цртање, рачна изработка на предмети или свирење некој инструмент можат да го доживеат истиот ефект.rnrnВо истражувањето учествувале 658 волонтери од кои било побарано 13 дена да водат дневник во кој ќе бележат колку биле креативни во текот на денот и ќе го опишуваат нивното расположение во целост. Под креативност се подразбирало смислување нови идеи, изразување на оригинален начин и поминување време во уметнички подвизи.rnrnИсто така, секој ден учесниците бележеле колку мислат дека напредувале, што истражувачите го дефинираат како позитивен личен развој. Тие оценувале колку биле посветени на секојдневните активности и колкаво задоволство им донеле социјалните интеракции. Нивните дневници довеле до јасен заклуок. Веднаш по деновите кога испитаниците биле покреативни, тие изјавиле дека чувствуваат поголем ентузијазам и дека се поенергични. Со други зборови, тие напредувале.rn„Ова откритие покажува дека постои посебна позитивна врска помеѓу креативноста и доброто расположение. Креативното изразување го подобрува расположението наредниот ден, а ова подобрено расположение повторно ја поттикнува креативноста уште истиот ден“, изјавил доктор Тамлин Конер, психолог на Универзитетот во Нов Зеланд.
rnКреативното изразување му дава смисла на нашето постоење. Освен тоа, креативноста помага при намалување на стресот и анксиозноста, ја зголемува отпорноста на надворешните влијанија и дава чувство на разиграност и љубопитност. Учеството во креативни активности и терапии базирани на уметност исто така придонесува за подобрување на физичкото и психичкото здравје.rnrnНе грижете се ако не се сметате себеси за уметник. Не мора да поседувате никаков талент за да извлечете корист од креативните активности. Можете да експериментирате со нов рецепт во кујната или пак да си ја средите собата на оригинален начин. Сето тоа ќе ви ја даде потребната мотивација и инспирација.rn
„Не мора да усовршите некоја уметност, туку едноставно најдете начин секој ден да се вклучувате во креативни активности и ќе забележите значително подобрување во вашето расположение и општа благосостојба“, заклучува авторот на истражувањето.
rnНајдете го начинот на креативно изразување што најмногу ви одговара и веднаш ќе забележите неверојатна промена во вашиот живот и личен напредок.
-

Се плашите од темнина? Вие не сте незрели, туку сте многу креативни!
Секој има страв од нешто. Страв од височина, од непознати луѓе, од болести и многу други работи, помеѓу кои се крие и стравот од темнината. Имено, овој страв уште е познат и како никтофобија (или аклуофобија) и тој е прилично често застапен, дури и кај возрасните луѓе.rnrn
rnrnВсушност, една анкета спроведена во Велика Британија во 2012 година покажала дека речиси 40% од испитаниците се плашат да се движат низ куќата кога се исклучени светлата, а 10% пак признале дека имале толку многу страв од темнината, што тие дури не би ја напуштиле безбедноста на нивниот кревет навечер за да одат во тоалет.rnrnЕден од анкетираните признал дека стравот од темнината му се појавил уште од рана возраст, при што и ден денес сѐ уште ги остава вклучени светлата во ходникот кога оди да спие, бидејќи се плаши од целосната темнина. Исто така друга личност признала дека бара од нејзиниот дечко да го провери плакарот дали има чудовишта или сериски убијци пред спиење.rnСпоред науката, плашењето од темнината значи дека вашата фантазија е неверојатна
rnОчигледно, причината поради која некои луѓе се плашат од темнината не лежи во недостатокот на светлина, туку можноста за она што може да го крие темнината. Значи, во основа креативните луѓе со бујна фантазија ја сметаат темнината за особено застрашувачка затоа што тие замислуваат најразлични работи што можат да се кријат во непознатото.rnrnТомас Олендик, психолог и директор на Детскиот центар за проучување при Универзитетот Вирџинија, ја открива причината за овој страв од детството:rn
„Она што секогаш нѐ воодушевува се мислите или верувањата кои ги имаат децата. Тие веруваат во нешто имагинарно, дека во темнината може да дојдат разбојници, дека може да бидат киднапирани или дека некој може да дојде и да им ги земе играчките. Во суштина, нивните стравови произлегуваат од ‘неочекуваното.’“
rnТака, накратко кажано, вашиот ум ја поврзува темнината со бесконечни страшни можности.rnrn
rnПостои и предност доколку се плашите од темнината
rnЛуѓето се генетски програмирани да ја асоцираат темнината со опасност. Многу одамна, нашите предци откриле дека разбојниците сакале да ги нападнат кога е темно. Па, со текот на времето луѓето развиле природен инстинкт потсвесно да се плашат дека опасноста доаѓа со темнината. Откако ќе се изгаснат светлата, стравот предизвикува нервоза, што во суштина делува како механизам за спречување да направите глупави и невнимателни работи кога сте заслепени во вашата околина. Иако загриженоста дека постојат чудовишта под креветот остана во вашето детство, сепак, поради некоја одредена причина стравот од темнината сѐ уште постои кај многу возрасни луѓе. Исто така во хорор филмовите страшните сцени секогаш се случуваат во темнина.rnrnНо, погледнете на светлата страна. Сега знаете која е придобивката од овој ваш страв. Па, бидејќи сте така креативни, наредниот пат кога ќе бидете во темнина, наместо да замислувате страшни чудовишта кои може да ве изедат, помислете на некои интересни и симпатични животни.