КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Со бебешка пудра и џамлии до неверојатни вселенски фотографии

    Со бебешка пудра и џамлии до неверојатни вселенски фотографии

    Изгледа дека на човечката креативност ѝ нема крај! Тоа лесно се потврдува и со овие неверојатни вселенски фотографии кои биле направени со бебешка пудра просеана на стаклена масичка за кафе, сијалици во боја и џамлии. Тие биле составени од страна на дуото познато како Адапталукс, кои пак се страсни љубители на макро-фотогрфијата. Ако сакате да дознаете повеќе за процесот на создавање на овие фотографии, погледнете го и видеото на крајот!rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=PkYKGoU4_e0

  • Хороскопот ги открива 4-те знаци кои се обдарени со најголема креативна енергија и уметнички дух

    Хороскопот ги открива 4-те знаци кои се обдарени со најголема креативна енергија и уметнички дух

    На припадниците на овие знаци во Зодијакот, ѕвездите им подариле неверојатна креативна енергија и имагинација, па за нив целиот живот претставува една мала уметничка игра.rnrnХороскопот ги открива 4-те знаци кои се обдарени со најголема креативна енергија и уметнички духrn

    Бик

    rnБиковите се неверојатни естети со истенчено чувство за убаво. Тие посебен труд вложуваат во својот изглед, во декорирање на својот простор, како и на целокупниот животен стил. Сѐ мора да биде убаво и прилагодено за уживање. Својата креативност посебно знаат да ја истакнат при комбинирањето модни парчиња и градењето на својот стил.rn

    Лав

    rnЛавовите копнеат по некоја уметничка кариера, бидејќи знаат дека тоа е директниот пат до центарот на вниманието. Не постои вештина која не им оди од рака, па работа која подразбира примена на некаква уметност, за нив е многу возможна опција.rn

    Рак

    rnРаковите своите таленти и креативност ги користат за да ги изразат своите најдлабоки емоции. За нив, уметноста е поврзана со моментите кои сакаат засекогаш да ги зачуваат за себе. Затоа, најмногу уживаат во фотографија и сликарство.rn

    Водолија

    rnВодолиите се неверојатно иновативни и креативни, па нивната уметност е секогаш нешто посебно. Со својата голема интелигенција и креативен дух, склони се да направат одлични проекти кои можат да им донесат голем успех.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте и кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци.

  • Надреални фото-манипулации што ја предизвикуваат логиката

    Надреални фото-манипулации што ја предизвикуваат логиката

    Во денешно време Фотошоп не се користи само за професионални цели туку многумина го користат и за сопствени потреби. Луѓето при уредување на фотографиите прават да изгледаат подобро за истите да бидат речиси совршени кога ќе ги прикачат на Инстаграм. Повеќето ќе се согласат дека овој софтвер е добра алатка која им овозможува на луѓето да ја покажат нивната креативност и да направат извонредни фотографии. Со други зборови, магичните фотографии не би можеле да се направат само со обично фотографирање.rnrnКога станува збор за создавање магични фотографии, една од работите што ни паѓа на памет е фото-манипулацијата. Таа овозможува да се променат многу работи користејќи најразлични алатки и техники за да се добијат посакуваните резултати. Погледнете ги овие креативни исходи кога човекот по име Бен Робинс, 29-годишен дигитален артист, се заиграл со алатките во Фотошоп и ја подигнал креативноста на повисоко ниво!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на втората страница…rn

  • Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

    Шеширите за на плажа никогаш не излегуваат од мода. Тие се практични и корисни, а истовремено се и впечатлив моден детаљ. Во комбинација со едноделен костим за капење и очила за сонце со мачкест облик ќе добиете шик моден аутфит. Ваквите шешири можете да го носите кога не сте на плажа – убаво одговараат со летни панталони и со лесни фустани. Во богатата понуда сигурно ќе најдете некој шешир којшто ви се допаѓа. Во последните неколку години многу се популарни шеширите со натписи, кои обично се со летни мотиви. Доколку сакате уникатен шешир, а притоа да останете во текот со модните трендови, вие можете и самите да го дизајнирате. Како? Дознајте во продолжение.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    За овој проект ќе ви бидат потребни:

    rn

      rn 011

    • Шешир
    • rn 011

    • Леплива трака
    • rn 011

    • Лепило за ткаенина
    • rn 011

    • Ножици
    • rn 011

    • Декоративна машна по избор
    • rn

    rnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrn

    Начин на подготовка:

    rnШеширот ставете го на рамна површина. Земете ја машната и пробувајте разни комбинации – натписот можете да го искреирате од целосната машна или да ја исечете на неколку пократки дела. Инспирација за фонтот можете да најдете на Интернет.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnКога ќе го најдете вистинското место кое одговара за натписот, наместете ја декоративната машна според натписот, а на одредени места залепете ја со леплива трака за да не ви се измести. Потоа почнете да ја лепите машната на шеширот со лепилото за ткаенина. Откако ќе завршите со лепењето, извадете ја лепливата трака бидејќи повеќе не ви е потребно дополнително фиксирање.rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажаrnrnНа овој начин вие ќе го освежите својот стар сламен шешир, а со малку пари и труд ќе добиете модно парче кое е целосен тренд ова лето. Зарем не изгледа прекрасно?rnrnНаправете сами: Персонализиран шешир за на плажа

  • Разиграно лето: 10 детски активности кои ја развиваат фантазијата

    Разиграно лето: 10 детски активности кои ја развиваат фантазијата

    Кога за некој се вели дека е креативен, тоа значи дека согледува врска помеѓу неповрзани искуства, идеи и производи, а она што е најдобро е тоа што секоја личност со своето раѓање има шанса да стане креативна. За да се оствари тој потенција потребно е ангажирање на родителите и остатокот од семејството уште од најраното детство, а подоцна и од воспитувачите и учителите. Креативноста е вештина која може да се развива, а за да почне да сјае во целост, потребно е да ѝ се овозможат прилики.rnrnrnrnНа детето треба да му се овозможи да истражува, да поправа, да испробува, да проверува, да размислува…rnrnПоттикнувањето на креативноста ќе се исплати долгорочно затоа што креативните луѓе според сознанијата од психологијата, се поотворени кон својата околина, се посамоуверени и похрабри, покажуваат иницијатива, имаат чувство за хумор, истрајно работат на задачите додека не ги завршат и се многу понезависни од другите.rnrnЛетото е период кога децата имаат многу повеќе време, идеално за практикување креативни активности. Излегувањето во природа, но и целосно новите задачи во самиот дом, им ја зголемува желбата за истражување, па затоа во продолжение ќе ги изнесеме идеите кои можете да ги испробате со вашите деца.rn

    1. Каменчиња кои кажуваат приказна

    rnБез оглед дали сте на море или дома, во природа секогаш можете да пронајдете каменчиња кои можете да ги претворите во една посебна приказна. Потребно е добро да се исчистат и да се измијат, а потоа заедно со вашето дете, да нацртате на нив различни облици со темперни боички како на пример, сонце, риби, мече, поток.rnrnОткако ќе се исушат, можете да почнете со раскажување приказна. Детето нека одбере пет каменчиња, а потоа на база на клучните поими кои се прикажани на нив нека проба да смисли сопствена приказна која може или да ја запише или да ви ја каже усно.rn

    2. „Стаклен“ концерт на отворено

    rnАко забележувате дека вашето дете ги сака звуците или едноставно сакате да му пружите ново искуство, направете сами „инструменти“ за концерт на отворено. Набавете неколку стаклени шишиња со различен облик и димензии, а потоа во секоја од нив ставете одредена количина вода. Ќе ви биде потребно и дрвено стапче со кое детето ќе треба да удира и создавањето на сопствена музика може да започне. Секако, ова се препорачува за малку постари деца.rn

    3. Самовилска градина

    rnАко вашето девојче ги сака самовилите и природата односно верува дека некаде длабоко во шумата живеат вистински самовили, зошто со неа да не направите мала самовилска градина во тегла? Потребна ќе ви биде само една тегла, малку земја, мов, некоја фигура од чоколадни јајца и многу фантазија.rn

    4. Започнување со хербариум

    rnЕдна од активностите која може да се прави во текот на целото лето, без оглед на која локација и да се наоѓате, е правењето хербариум, односно мапи со исушени билки. На тој начин детето ќе почне да обрнува посебно внимание на природата и да учи за неа, а како што ќе се полни мапата ќе се чувствува како вистински мал научник.rn

    5. Морски споменар

    rnАко се наоѓате на море и собирате морски школки, искористете ги за да направите споменар. Тоа можете да го направите така што на едната страна на школката ќе залепите слика и потоа ќе барате парови, а на крајот, од сите тие сликички, детето може да смисли и морска приказна.rn

    6. Театар со сенки

    rnТеатарот со сенки е најстар во човечката култура, а неговата разиграност ги воодушевува децата. Можете да го направите многу лесно и дома со помош на едно бело платно и светилки, а детето ќе биде воодушевено од сознанието што можат да направат неговите раце.rn

    7. Сликање на платно

    rnОткако еднаш ќе го искористите споменатото платно, можете да го претворите во мало уметничко дело. На пазарот можат да се најдат бои кои се перат наменети за деца, а ако им дадете можност, тие и надвор во природата ќе можат да ги покажат своите ликовни способности. Големи се шансите дека ќе се изненадите од резултатите и од нивното воодушевување.rn

    8. Изработување на лепеза

    rnДецата можат да ја покажат својата уметничка страна и со изработката на некои реквизити без кои во текот на овие денови не можеме да живееме – лепези. Доволна е само малку поцврста хартија која сепак ќе може да се превиткува и ликовен прибор, кој сигурно веќе го имате дома. На детето покажете му еден пример за изработка на лепеза, а потоа дозволете му само да направи своја верзија и да ја нацрта онака како што тоа сака.rn

    9. Оригами

    rnДревната јапонска уметност на превиткување на хартија ги вежба мозочните ќелии, а полесните облици децата можат и сами да ги направат. Освен тоа, на нашиот пазар постојат и пакети кои веќе ја содржат потребната хартија и упатствата наменети баш за децата, но доколку не сакате да се трошите за тоа, интернетот е преполн со видеа со одлични примери за оригами.rn

    10. Семејно стебло со прсти

    rnИзработката на семејното стебло е најчестиот облик на визуелна документацијата на некое семејство, а многу е едноставно да го направите со децата. Доволно ви е само малку добра волја и хартија, а во овој случај и водени боички или темперни.rnrnНаместо детето со боички да ги црта гранките и листовите на дрвото нека го прави тоа со прстите на кои претходно ќе нанесете бои. Оваа активност може да се примени и со помали деца, а со себе ви носи барем два часа забава.rnrnПрочитајте ги и овие 7 совети и идеи за негување на креативноста на вашето дете.

  • 3-те хороскопски знаци чија креативност ќе се разбуди овој месец

    3-те хороскопски знаци чија креативност ќе се разбуди овој месец

    За овие хороскопски знаци, јуни ќе ги сруши сите граници и ќе им ги отвори срцата за креативност што тие воопшто не ни знаеле дека ја имаат. Некои ќе ја искористат за да напредуваат во животот, други за да се откријат себеси, а трети пак, за да ја зачинат својата врска. Ако се пронајдете на оваа листа, искористете ја магијата на јуни и дозволете ѝ на неверојатната креативност да ве вивне високо кон ѕвездите!rnrnrn

    1. Близнаци

    rnБлизнаци, ова е време на вашата соларна револуција, и затоа сте во полн сјај! Со Сонцето, Меркур и Венера над вашиот знак овој месец, вие ќе копнеете по ментално стимулирачки искуства и многу разновидност. Зарем има нешто ново во ова? Венера ги карамелизира вашите размени, и вие ќе бидете пошармантни од кога било порано.rn

    2. Вага

    rnЌе се осмелите да одите онаму каде што никој не бил порано? Со Сонцето, Венера и Меркур над вашата експанзивна деветта куќа на авантурата, едукацијата и личната филозофија, вие копнеете по артистка слобода, и вашите желби се поегзотични од кога било порано. Промените се пред вас, и вие знаете точно како да го искористите вашиот шарм за да го добиете тоа што го посакувате.rn

    3. Водолија

    rnВоодушевете ги сите со вашите идеи! Сонцето, Меркур и Венера танцуваат околу вашата петта куќа, која се смета за најартистичка од сите останати, па затоа и сте преполни со креативност. Има толку многу нешта што сакате да ги направите, но премалку време? Не се плашете да излезете на сцената, бидејќи ова е вашиот момент да станете вистински ѕвезди. Исто така не заборавајте дека оваа креативна енергија може да ви послужи и како муза во романтичните врски и сексуалниот живот!rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци за кои јуни ќе биде најдобриот месец!

  • Креативните луѓе навистина го гледаат светот поразлично

    Креативните луѓе навистина го гледаат светот поразлично

    Што е тоа во креативните дела, како некоја слика или песна, што нè воодушевува? Дали возбудата е поради тоа што гледаме нешто ново, нешто различно, нешто што го видел само уметникот?rnrnКреативните луѓе навистина го гледаат светот поразличноrnrnИдејата дека некои луѓе гледаат повеќе можности од други е основата на концептот за креативност. Психолозите често ја мерат креативноста користејќи задачи кои бараат различно размислување. Овие задачи бараат од вас да искористите што е можно повеќе секојдневни предмети, како на пример тула. Луѓето кои можат да најдат повеќе примени на тулата се сметаат за покреативни за разлика од луѓето кои можат да се сетат само на нејзината вообичаена примена.rnrnАспектот од нашиот карактер којшто е одговорен за нашата креативност е наречен отвореност кон искуства, или само отвореност. Помеѓу петте главни карактерни особини, отвореноста најдобро го предвидува перформансот на задачите со различно размислување. Отвореноста исто така може да ги предвиди креативните достигнувања во реалниот свет.rnrnЉубопитноста да се истражуваат нештата од сите страни може да им помогне на отворените луѓе да забележат повеќе нешта од просечната личност, односно да откријат комплексни можности во познато опкружување.rn

    Креативна визија

    rnВо едно истражување се открило дека отворените луѓе не само што им даваат нова перспектива на нештата, туку тие ги гледаат работите поразлично од просечниот човек.rnrnИстражувачите сакале да откријат дали отвореноста е поврзана со феномен кај визуелната перцепција наречен бинокуларно ривалство. Ова се случува кога на секое око му се покажани две разни слики, како на пример зелена боја на едното и црвена боја на другото око (како на сликата).rnrnКреативните луѓе навистина го гледаат светот поразличноrnrnНаводно, испитаниците во овие истражувања одвреме-навреме гледале комбинација од двете слики (сликата во средина). Овие моменти кога и двете слики истовремено ѝ се достапни на свеста, речиси изгледаат како „креативно“ решение на проблем претставен од два некомпатибилни стимули.rnrnВо три експерименти се открило дека отворените луѓе подолго ги гледале споените слики за разлика од просечниот човек. Покрај тоа доколку биле во добро расположение, сликата ја гледале уште подолго.rnrnОвие резултати покажале дека креативноста на отворените луѓе се протега сè до основната визуелна перцепција. Отворените луѓе најверојатно имаат фундаментално разни визуелни искуства за разлика од обичните луѓе.rn

    Гледање на нешта што другите не ги забележуваат

    rnДруг познат феномен поврзан со перцепцијата е наречен ненамерно слепило. Луѓето го искусуваат ова кога се премногу фокусирани на едно нешто, па не ги гледаат работите што се пред нив.rnrnВо едно истражување испитаниците биле замолени да изгледаат кратко видео од луѓе кои си подаваат топка и да избројат колку пати е фрлена топката од страна на луѓето со бела блуза. Можете да се обидете и самите. Изгледајте го видеото и избројте колку пати е фрлена топката од играчите со бела блуза.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vJG698U2MvornrnВо текот на видеото сред сцената се појавува човек во костим на горила, неколку пати се удира во гради и потоа си заминува. Ако не сте го забележале, не сте единствени. Речиси половина од 192 испитаници во оригиналното истражување воопшто не го забележале човекот со костимот.rnrnНо зошто некои луѓе искусиле ненамерно слепило, а некои не? Одговорот се открил во друго истражување кое покажало дека ненамерното слепило зависи од вашиот карактер – отворените луѓе имаат поголеми шанси да го забележат човекот во костимот. Уште еднаш се покажало дека отворените луѓе гледаат работи што другите ги игнорираат.rn

    Отворање на нашиот ум: Дали повеќе е подобро?

    rnИзгледа дека отворените луѓе навистина имаат дарба. Но дали некреативните луѓе можат да го прошират нивниот ограничен видик и дали тоа би било добро?rnrnПостојат цврсти докази дека можно е да ја зголемите вашата креативност со когнитивно тренирање, а сличен ефект имал и псилоцибинот, психоактивната состојка во магичните печурки. Отвореноста се зголемила и кај студентите кои заминале да студираат во странство, со тоа потврдувајќи ја теоријата дека патувањето го проширува умот.rnrnНо, оваа отвореност има и мрачна страна. Отвореноста била поврзана со неколку ментални нарушувања, како на пример, склоност кон халуцинации. Границата помеѓу тоа да гледате повеќе и да гледате работи што не се таму е навистина тенка.rnrnЗначи, од разни карактери доаѓаат разни искуства, но не значи дека нечија гледна точка е подобра од нечија туѓа.rnrnПогледнете и кои навики ќе ја поттикнат вашата креативност.

  • 7 совети и идеи за негување на креативноста на вашето дете

    7 совети и идеи за негување на креативноста на вашето дете

    Во денешниот натпреварувачки свет, колку повеќе вештини имаат луѓето, толку се поуспешни. Како родител, ваша обврска е да му овозможите целосен развој на детето и да не го ограничите само на знаење од книги. Развивањето на креативноста и самодовербата е исто толку важно колку и учењето. Па, погледнете како да ја поттикнете и негувате креативноста на вашето дете.rnrn7 совети и идеи за негување на креативноста на вашето детеrn

    1. Играчки

    rnОд детска перспектива, играњето е една од најважните активности. Играњето ги мотивира и ги поттикнува да поставуваат повеќе прашања. Според експертите за детска психологија, повеќето играчки го тераат детето да следи одреден пат наместо само да истражува. Но играчките како коцки, топчиња, глина и боички му даваат на детето можност за истражување.rnrnЕлектронските направи и играчки им кажуваат на децата кој е следниот чекор и веќе го знаат резултатот. Колку лесно и модерно да изгледаат, овие направи го „убиваат“ мисловниот процес на детето. Па, наместо да трошите пари за скапи електронски направи, дозволете му на детето да си игра во природа и самото да се вклучува во нешто.rn

    2. Направете го опкружувањето креативно

    rnКреативната атмосфера е клучна за детската креативност. Иновацијата и креативноста се нешта што не можат да бидат присилени. Можете да ги покриете ѕидовите од детската соба со разни уметнички дела и симболи.rn

    3. Разни стимули

    rnМногу родители имаат навика да ги наградуваат нивните деца откако ќе постигнат нешто. Иако ова можеби ќе го мотивира детето, овие материјални стимули го попречуваат креативното размислување и ги намалуваат квалитетот на нивните одговори и флексибилноста на нивните мисли. Наместо да се обидувате да ги мотивирате децата со награди, дозволете им да се вклучат во активности за кои самите ќе се мотивираат. Доволно е да им кажете неколку охрабрувачки зборови.rn

    4. Дајте им слобода за истражување

    rnПостојаното проверување на децата може да биде фатално за нивната креативност. Потребно е да им дадете одредена слобода за нивниот мозок да може да се развие. Постојаната грижа за детето нема да му помогне да порасне во одговорна возрасна личност. Надворешните забрани можат да ја намалат флексибилноста во размислувањето и моќта за рационални одлуки.rn

    5. Ограничете им го времето поминато со екран

    rnИ животниот стил на семејството одредува колку ќе се развие креативноста на детето. Кога на детето ќе му го ограничите времето што го минува пред екран, ќе направите простор за покреативни активности како слушање музика, танцување, играње надвор, цртање и слично.rn

    6. Одговарајте на нивните прашања

    rnДетскиот ум е како сунѓер и впива сè. Често децата одново и одново поставуваат исти прашања. Ова однесување може да ги иритира возрасните, но не само што треба да им одговарате на сите прашања, туку треба и да ги мотивирате повеќе да ве прашуваат. На овој начин детето ќе научи да го набљудува неговото опкружување и да ја развие неговата моќ за размислување.rn

    7. Активности на отворено

    rnКога станува збор за развивање на креативната страна, природата може да понуди многу. Таа е динамична променлива и нуди цел спектар можности за креативно размислување. Природата ги инспирира децата да размислуваат, претпоставуваат, истражуваат и да развијат иновативен мозок. Децата можат да цртаат во песок, да собираат камчиња, да градат тврдини со гранки…rnrnПробајте ги и овие интересни и креативни игри за вашето дете.

  • Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

    Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии

    Самоуката артистка за шминка, позната како Ар Џеј (односно @cakefacerj) го користи нејзиното лице како платно за креирање невообичаени оптички илузии. Користејќи ги четките за шминка како алат за работа, а светлите, разнобојни сенки за очи и пигменти како нејзина палета, импресивното портфолио на Ар Џеј ги илустрира нејзините супериорни вештини и неограничена креативност.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnСо пасија за шминка и уметност, Ар Џеј научила како да ги комбинира овие две вештини, гледајќи безброј туторијали на Јутјуб, направени од други артисти за шминка. Од тогаш, таа се усовршила во креирање голем број креативни ефекти, кои со сигурност ќе ви го привлечат вниманието и ќе ве натераат да погледнете уште еднаш. Уште поимпресивно, е тоа што Ар Џеј до сега ги има вежбано нејзините креативни мејкап илузии помалку од две години, а веќе име изградено име за себе во индустријата за убавина.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnВо едно нејзино мејкап дело, инспирирано од апстрактните портрети на Пикасо, Ар Џеј го трансформирала нејзиното лице во збунувачка множина од повеќе очи, носови и усни. Во друг, артистката креира зашеметувачка илузија која открива машински, метален лавиринт внатре во нејзината глава. И наместо да размислува која боја на сенка за очи да ја користи, Ар Џеј оди малку понапред и решава да создаде надреален изглед со шест очи и три пара вештачки трепки.rnrnСамоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузии Самоука мејкап артистка го трансформира нејзиното лице во извонредни оптички илузииrnrnПогледнете го и ова видео за да дознаете како се одвива целиот процес за создавање на нејзините мејкап уметнички дела:rnrnhttps://youtu.be/J2GpFISWQd0rnrnМоже да ве интересира и оваа мејкап артистка којашто ги претвора своите усни во карактери од поп културата.

  • 4-те хороскопски знаци кои најверојатно ќе имаат креативно работно место

    4-те хороскопски знаци кои најверојатно ќе имаат креативно работно место

    Очигледно е дека ни се потребни доктори, адвокати и бизнисмени за општеството да функционира. Веројатно вашите родители сонувале да станете успешна личност која заработува многу пари и има кариера што ги инспирира другите. Но, иако овие професии можеби се столбот на општеството, уметниците се оние кои му даваат живот.rnrn4-те хороскопски знаци кои најверојатно ќе имаат креативно работно местоrnrnПоради стереотипите за „сиромашните“ уметници, многу родители не ги охрабруваат своите деца да живеат од уметност. Често ги советуваат тоа да им остане хоби бидејќи малкумина имале среќа. Сепак, овие 4 хороскопски знаци не се грижат за тоа. Според нив во животот има поважни нешта од стабилноста. Ако не можат да живеат, дишат и да сонуваат за создавање уметност, тогаш која е нивната цел?rn

    1. Близнаци: Самоизразувањето им е причина за живеење

    rnБлизнаците имаат огромна потреба да искажат сè што се случува во нив. Користејќи ја уметноста како медиум можат да ги прикажат нивните мисли, желби и чувства. Познати по својата двојност, тие се секогаш отворени кон многу перспективи и можат да се сочувствуваат со сите страни. Ако ја немаат можноста или медиумот за правилно да искажат што чувствуваат, на Близнаците им е здодевно, стануваат фрустрирани, па дури и депресивни. Овој знак е познат по многуте неверојатни писатели, поети, режисери и актери.rn

    2. Лав: Го искусуваат животот со романса на ум

    rnЛавовите обожуваат гламур и да бидат во центарот на вниманието. Потребни им се убавина, задоволство и уметност како кислород. Лавовите би направиле се за да додадат уште малку магија во нивниот свет. Креативноста им е природна и кариерата во оваа област ќе им помогне да бидат искрени кон себе. Ако се помират со повторлива и здодевна работа, нивната душа ќе остане гладна. Лавовите би биле најсреќни како изведувачи, актери, музичари, танчари или што било што ќе ги стави пред публика.rn

    3. Стрелец: Тие се авантуристи во срцето

    rnСтрелците се луѓе кои сакаат да го сознаат светот, а нивната уметност е живеењето. Тие прават сè со страст да научат повеќе, да искусат повеќе и да вкусат повеќе. Стрелецот умее да го направи секој момент возбудлив, дури и оние најздодевните. Тие живеат во моментот и секогаш имаат креативна интеракција со нивното опкружување. Најверојатно ќе ги најдете Стрелците како истражувачи, патници, изведувачи, режисери, танчари или што било што им дозволува да ја разбијат монотонијата на денот.rn

    4. Риби: Нивната фантазија е бескрајно игралиште

    rnНа фантазијата на Рибите навистина ѝ нема крај. Нивната потсвест е полна со иновативност и уметност. Преку нивните визии, Рибите добиваат навистина неверојатни уметнички идеи. Едноставно, нема подобра кариера за Рибите од оние кои им дозволуваат целосно да навлезат во нивниот свет од соништата. Тие постојано наоѓаат нов начин на гледање на светот и би било штета ако не ја споделат нивната креативност со сите. Овие луѓе се неверојатни сликари, скулптори, писатели, поети, актери и режисери. Сè што им е потребно е медиум преку кој ќе ги раскажат своите приказни.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци со изострено 6-то сетило.