КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Неверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативност

    Неверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативност

    Уметницата Yulija Brodskaya креира фантастични 3D портрети, а притоа како материјали користи само хартија и лепак. Таа има искуство во областа на графичкиот дизајн, но во 2006 година решила да се посвети на уметноста.rn

    „Хартијата отсекогаш ме фасцинирала. Пробав различни техники и конечно го најдов вистинскиот метод: сега цртам со хартија, наместо на неа“, вели уметницата.

    rnПогледнете ги во продолжение нејзините креативни дела.rnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnНеверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативностrnrnОткако ги погледнавте овие преубави изработки, можеби ќе сакате да погледнете и на кој начин можете да го претворите сувото цвеќе во уметност.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Сонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?

    Сонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?

    На 12 март Сонцето ќе биде во конјункција со Нептун. Тоа ќе биде ден на креативност и духовен раст. Овој астролошки настан ќе ни помогне да сфатиме дека сите сме поврзани, дека во нашата суштина сме само Едно. Од друга страна, ќе ни помогне и да се поврземе со нашата интуиција.rnrnСонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?rnrnСонцето секоја година стапува во конјункција со Нептун, а кога тоа ќе се случи, ќе ни овозможи полесно да ги користиме неговите планетарни енергии. Енергијата на Нептун е креативна и ни помага да го напуштиме рационалниот ум и да влеземе во соништата. Ќе нè наведе да размислуваме подалеку од она што можеме да го видиме со нашите пет сетила и ќе нè потсети дека животот не се сведува само на видливото.rnrnНептун, покрај другото, е планета поврзана со повисоката свест и сферата на безусловна љубов. Неговата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека времето е само илузија, а животот се сведува на моменти без почеток и крај. Ќе ни послужи за креативна работа, за истражување подлабоки состојби на свеста, но нема да биде многу поволна при донесување логични, практични одлуки.rnrnНептун може да го оневозможи нашето рационално расудување што значи дека неговата енергија не е погодна за носење конкретни одлуки. Покрај тоа, воздржете се и да донесете некаков суд со оглед на тоа дека не сите информации ви се достапни во присуство на Нептун.rnrnИскористете ја енергијата за да ја подобрите интуицијата, работете на креативни задачи и искористете ја љубовта во обликот во кој ви се нуди. Поминете повеќе време во медитација за да се поврзете со вашето духовно тело. Дајте ѝ можност на вашата душа да зборува и прашајте ја што ѝ треба.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе конјункцијата на Сонцето и Нептун, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за април.rnrnИзвор: atma.hr

  • Хороскопските знаци рангирани според степенот на креативност

    Хороскопските знаци рангирани според степенот на креативност

    Една од најважните особини што може да ја има секој поединец е способноста за креативно размислување. Без разлика дали сте роден Пикасо или сте тип на личност која никогаш во животот не фатила четка во раце, начинот на кој ја користите креативноста во секојдневието е одраз не само на вашата уметничка душа туку и на тоа колку сте подготвени да одговорите на проблемите и да изнајдете решенија.rnrnХороскопските знаци рангирани според степенот на креативностrnrnВо продолжение прочитајте како хороскопските знаци се рангирани според степенот на нивната креативност.rn

    1. Риби

    rnВие сте роден уметник. Комбинацијата од чувства, способност за перцепција и својствената интровертност ве прави најкреативен знак од целиот Зодијак. Како последен знак од Зодијакот, за вас се смета дека имате по малку од секој знак па затоа уметноста ви е силна страна. Имате силна интуиција, па така преку уметноста можете да влијаете речиси на секого.rn

    2. Водолија

    rnВо најголем дел од случаите, вие имате големи, револуционерни идеи дури и ако не секогаш знаете како да ги спроведете во реалноста. Вие доминирате кога станува збор за сложени иновации и уредување простори, сето тоа на начин на кој другите не би можеле ни да замислат. Можеби не сте најуметничките души, но не може да се занемари вашиот вроден талент за уметност и креативност.rn

    3. Близнаци

    rnВие сте креативни особено во моментите кога сте самоуверени во она што го правите. Вас ве води идејата дека она што можете да го создадете е подобро од сето она што било направено досега. Иако не сте многу суптилни кога станува збор за прикажување на вашиот талент пред другите, сепак, мора да признаеме дека сте генијалци во вашата област.rn

    4. Вага

    rnВие сте продуктивни и креативни, но на дисциплиниран начин. Вас ве водат убавината, љубовта и рамнотежата што е причина зошто ја вложувате сета енергија за да ги направите работите естетски привлечни. Многумина ја оценуваат вашата креативност како здодевна. Но, иако не сакате да експериментирате, не значи дека не сте склони кон уметност.rn

    5. Скорпија

    rnВие сте особено креативни кога станува збор за избирање свој личен стил. Имате голема самодоверба, а таа некогаш се манифестира преку тетоважите, смелите парчиња облека, предметите во домот. Можеби и не сте толку креативни претприемачи (не сте толку интуитивни како другите знаци), но сте навистина естетски наклонети.rn

    6. Бик

    rnКако Вагите, така и вие сте креативни, особено бидејќи обраќате внимание на тоа како нештата изгледаат. За вас животот има смисла само доколку изгледа убав. Сепак, понекогаш имате тешкотии да ја покажете вашата креативност затоа што не ви е вродена, туку морате да поработите на неа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

    Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

    Како и сè друго што го сочинува животот на човекот, така и ѕвездите влијаат врз креативноста што кај некого резултира во помала, а кај некого во поголема мера. Така, ѕвездите се меѓу главните „виновници“ за тоа дали некој е надарен со креативност или пак е склон кон нешто. Проверете колку сте креативни – можеби астрологијата ќе ви открие нешто што не сте го знаеле порано…rnrnАстрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле до сега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnДоминантната планета Марс влијае врз уметничките и духовните активности на Овенот кој по природа е импулсивен, нетрпелив, агресивен и раздразлив. Кога станува збор за поезија, на Овенот му недостига проникливост, но во сликарството брзо може да го осмисли она што го сака. Доколку е писател, Овенот може да се докаже со својата смисла за сатира, а би бил и многу добар карикатурист. Се на сè, Овенот е типичен знак за лидер, иако има и исклучителни уметници кои се родени во овој знак.rn

    Бик

    rnВенера е вашата доминантна планета која е тесно поврзана со убавината, па оттаму и присуството на овие квалитети во вашиот знак. Му припаѓате на земјениот знак, но и меѓу вас има многу големи уметници. Приземјени сте по карактер и се сметате за еден од најдобрите чувари на Зодијакот. Како уметници, Биковите секогаш се приврзуваат за позитивната страна на животот, отфрлајќи ја деструктивноста. Тие брзо наоѓаат решение за своите проблеми, без разлика дали се од љубовна или социјална природа. Писателите кои се родени во овој знак се побавни во творењето, но пишуваат долги романи. Ако припадниците на овој знак се пејачи, тогаш тие имаат моќен глас.rn

    Близнаци

    rnБидејќи сте родени во знакот на Меркур, вие сте надарени со смисла за хумор и ве интересира сè што е во тек – политиката, светот, социјалниот аспект. Родени сте да работите во медиумите, а имате и талент за пишување. Карактеристичен за вас е астралниот дуалитет, како на пример во сликарството: на платното можат да се забележат две теми, а тоа се должи на двојноста на вашиот знак. Вашата омилена тема е внатрешната борба помеѓу потребата за компромис и донесувањето одлука.rn

    Рак

    rnВашиот знак е полн со чувствителност, романтика и талент за уметност бидејќи е под влијание на Месечината што дополнително ја зголемува вашата фантазија. Ракот им припаѓа на водените знаци, па според тоа, тој е приврзан за семејството и децата, со оглед на нивната плашливост и несигурност. Ако сте писател, ќе пишувате за важноста на бракот и семејството во романите, а и ако сте сликар, темите нема многу да се разликуваат од претходните. Поетите во овој знак пишуваат носталгични и меланхолични стихови поради влијанието на Месечината. Писателите родени во овој знак лесно можат да напишат бестселер бидејќи нивната интуиција им помага да го почувствуваат моментот кога нивното дело треба да биде објавено, како и потребите и желбите на читателите.rn

    Лав

    rnСо вашата планета владее Сонцето, давајќи ви авторитет, сигурност и моќ. Често ги пропуштате своите можности и сте премногу свесни за вашите желби, но не сте многу креативни. Како писатели, сериозно ќе му се посветите на пишувањето, а вашите главни ликови ќе бидат, да речеме, некој цар или крал, претседател или некоја друга личност со што би ги заинтригирале сите околу себе. Сметате дека конфликтите играат голема улога во драмското дејство. Имате талент за пишување, а меѓу вас има и актери. Вие сте типичен огнен знак, а тоа дополнително ја нагласува и вашата креативност.rn

    Девица

    rnСите Девици се одликуваат со остра и длабокоумна критичка мисла, како и префинетост во чувствата, а тоа се суштинските одлики на Меркур. Тие ништо не сакаат да му препуштат на случајот затоа што нивните планови се однапред направени, а времето го искористуваат правилно до крај. Ова не ги спречува да создаваат современи уметнички дела, дури и апстрактни, што на прв поглед можат да бидат погрешно разбрани. Нивната почит кон личноста им помага во креирањето уметнички дела, иако се можеби понаклонети кон техничките науки. Тие се перфекционисти, а тоа се манифестира преку различни начини.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дали чувствувате недостатокот на креативност и непродуктивност? Науката има едноставно решение за овој проблем

    Дали чувствувате недостатокот на креативност и непродуктивност? Науката има едноставно решение за овој проблем

    Никој не е продуктивен секој ден и секој понекогаш има недостаток на креативност и денови кога едноставно не му оди добро на работа или во приватниот живот.rnrnДали чувствувате недостатокот на креативност и непродуктивност? Науката има едноставно решение за овој проблемrnrnИако проблемите со продуктивноста и мотивацијата не се ништо засрамувачко, вистинското мачење се јавува кога овие проблеми траат подолго и кога имате впечаток дека ниту еден метод што го пробувате не помага. Ако и самите сте се нашле во таков проблем, неодамнешната епизода на „MBG“ подкастот може да ви помогне. Стивен Котлер, писател, новинар, претприемач и експерт за продуктивност, откри за „MBG“ едноставен трик што треба да го користат сите оние кои се борат со непродуктивноста и недостатокот на инспирација. Имено, Котлер вели дека проблемот е во тоа што луѓето се спротивставуваат на тоа чувство и се обидуваат да го пробијат, а сè што треба да направат е еден чекор наназад.rn

    „Наједноставниот трик за враќање на креативноста е повлекување и гледање на работите од поширока перспектива“, забележува тој.

    rnКога гледаме во небото, без да ги стеснуваме очите, се активира парасимпатичкиот нерв, чија функција е да обезбеди витални функции за време на одмор, закрепнување на организмот на дневна основа, за време на болести и напор и за заздравување на телото по опасни ситуации и справување со проблеми. Од друга страна, таканаречениот тунелен вид е поврзан со проширување на зениците кои реагираат на адреналинот во телото, со стеснување на видот и со фиксирање на опасноста.rnrnИстражувањето покажа дека за време на длабока рефлексија, луѓето речиси се одвојуваат од надворешниот свет, прицврстувајќи го погледот кон пошироко видно поле, како што е гледање во празен ѕид или гледање во природа низ прозорец. Затоа, како што сугерира Котлер, многу канцеларии денес се наоѓаат надвор од градовите или имаат пријатен ентериер, со многу растенија и позадини кои имитираат природа.rnrnИако понекогаш е едноставно невозможно да одвоите време на работа за да се оттргнете од сето тоа и да се опуштите и да добиете инспирација, Котлер забележува дека затоа е важно редовно да поминувате време во природа. Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате блокади, непродуктивност, натрупан стрес и неможност да размислувате креативно, прошетајте се во природа и изгубете се гледајќи во небото.rnrnПрочитајте како да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови.

  • Хобија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, да ја подигнете самодовербата и да ја поттикнете креативноста!

    Хобија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, да ја подигнете самодовербата и да ја поттикнете креативноста!

    Неодамна се зборуваше многу на оваа тема, бидејќи овој месец се одбележува Светскиот ден на менталното здравје. Знаеме дека разните техники на дишење и дневната рутина не се доволни за да се смириме, па затоа денес ќе ви претставиме хобија кои навистина ќе ви помогнат.rnrnХобија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, да ја подигнете самодовербата и да ја поттикнете креативноста!rnrn rn

    1. Слагалки и нега на цвеќињата: За повеќе трпеливост

    rnВеројатно имате барем една слагалка во вашиот дом. Тие се погодни за луѓе од различна возраст, се користат за забава, но и за подобра просторна ориентација. Тоа им помага на многумина да ја подобрата трпеливоста трпеливост и ги изострува сетилата за набљудување. Од друга страна, грижата за растенијата и цвеќињата во станот или на терасата ни помага да станеме понежни и пољубезни и помалку загрижени за секојдневниот живот. Одгледувањето цвеќиља е добар начин за ублажување на тагата и досадата.rn

    2. Направи сам проекти: За да се ослободите од стресот и да ја подигнете самодовербата

    rnКога создаваме нешто се чувствуваме исполнето и гордо на себеси. Затоа, наместо да се потпирате на другите во ситуации за кои е потребно креативно решение или поправка, обидете се да се потпрете на себе. Се разбира, не треба да се бега од помош, бидејќи станува сè поинтересно во друштво!rn

    3. Чистење на домот: За да постигнете внатрешен мир

    rnОтстранувањето на нештата од просторот за живеење кои не ни требаат, преку рециклирање или подарување, е одличен начин да постигнеме внатрешен мир. Одеднаш, се ослободува просторијата од целиот вишок, и тоа носи чувство на леснотија и поголема удобност.rn

    4. Шиење и готвење: За да се поттикне креативноста

    rnШиењето е одлична идеја во време кога не можеме да се фокусираме, а поголемиот дел од денот го поминуваме дома. Тоа е добро познато сценарио, кое не прави нервозни и создава проблеми и главоболки. Меѓутоа, кога ја користиме имагинацијата, уметникот се буди во нас. Готвењето е исто така вештина што се усовршува, но упорните луѓе се наградени.rnrnПрочитајте и кои 10 хобија кои ќе ве направат посреќни.

  • 13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнери

    13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнери

    Понекогаш, можете да создадете нешто неверојатно и модерно дури и од едноставна облека. На пример, можете да ја обоите омилената јакна, да ја навезете кошулата или да направите шорцеви од старите фармерки. Погледнете ги овие фотографии што ќе ви дадат идеи како да ги трансформирате вашите парчиња облека.rnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrn13 луѓе кои создале ремек-дела исто како и модните дизајнериrnrnПогледнете кои 10 трендови ќе доминираат на модната сцена во текот на есента.

  • Авантури за деца создадени од креди

    Авантури за деца создадени од креди

    Речиси е невозможно да најдете покреативни луѓе во светот од родителите кои поминуваат поголем дел од денот дома со своите деца. Со новонастанатата ситуација, не ви останува ништо друго освен да размислите за поинтересна реалност.rnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnЕдно семејство во Атланта најде убав начин да создаде интересни форми на бетон за деца, со помош на креди во боја. Абеј Такер е името на мајката која најде начин да ги забавува своите деца и да им даде инспирација на другите родители.rnrnТаа е мајка на 4 девојчиња, а идејата за овој „проект“ се случила сосема случајно, кога нејзината најголема ќерка нацртала балон во дворот со креда, а Абеј ја фотографирала најмалата ќерка внатре во цртежот. Тогаш сфатила дека таму се кријат многубројни авантури. Погледнете ги фотографиите во продолжение за и вие да добиете инспирација за креативни авантури за вашите деца.rnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnАвантури за деца создадени од кредиrnrnПрочитајте какво влијание има играњето со камчиња врз развојот на детето.

  • Со плетење против здодевност: Еден бод право, еден обратно и изолацијата ќе помине

    Со плетење против здодевност: Еден бод право, еден обратно и изолацијата ќе помине

    Ако сте ги изиграле сите друштвени игри, па не знаете што да правите повеќе, еве еден предлог: започнете да плетите. Одамна заборавената техника, во која се умешни нашите баби може да ви помогне да се опуштите, да научите нешто корисно и да си подарите нешто што самите сте го создале.rnrnСо плетење против здодевност: Еден бод право, една обратно и изолацијата ќе поминеrnrnБод право, бод обратно, додека трепнете веќе плетете шал, капа, џемпер и што е најважно, деновите во изолација полесно ќе поминат. Постојат неколку начини на плетење, па ако никогаш не сте земале игли и волна во рацете, сега е можноста да научите.rn

    Основни информации

    rnПлетењето и хеклањето се засноваат на само 2 основни плетки: прав и обратен бод. Сепак, пресекот на овие две плетки и различните начини на нивно комбинирање создаваат скоро неисцрпен извор на различни плетки.rn

    „Права“ плетка

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=hM5M2Fu0RtYrnrnДесната игла се вметнува во јамка лоцирана на левата игла, а потоа конецот се префрла на десната игла од дното нагоре и се влече низ основната јамка, која истовремено се наметнува на левата игла. Кога ја плетете „правата“ плетка, конецот секогаш останува зад плетивото.rn

    Плетење „обратна“ плетка

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZIo-m6vfd-UrnrnДесната игла се вметнува во котелецот на левата игла, а потоа конецот се вметнува на десната игла од горе до дното и се влече низ основнниот котелец што се трга од левата игла. Нишката конец останува пред плетивото.rn

    Четири преплетени бодови

    rnКомбинирајќи ги овие 2 класични плетки на наједноставен начин, добивате четири испреплетени бодови, односно многу корисни основни потези што ја формираат основата на секоја плетенка.rn

    Ребреста плетка и плетка со преплет

    rnЗатегнете го бројот на котелци што се делат од 4 и уште 3 котелци за завршеток. Прв ред: 3 котелци право, 1 котелец обратно. Редот завршува со 3 котелци право. Втор ред: 1 котелец право за почеток, потоа 1 котелец обратно, па уште 3 котелци право. Постапката се повторува.rnrnПрв ред: 2 котелци право, 2 котелци обратно. Вториот ред како првиот: редете ги котелците како што доаѓаат. Трет ред и сите наредни редови завршуваат со 11: поместете го плетивото ослободувајќи 1 котелец. Тринаесеттиот ред и сите „криви“ редови завршуваат со 21 ред: преместете го ребрастиот мотив за еден котелец десно. Повторете сè, почнувајќи од третиот ред.rnrnЕве еден начин да се направи вкрстена плетка. Прв ред: 2 котелци право, 2 котелци обратно. Втор ред: 2 котелци право над 2-та котелци што се прави (2 котелци се префрлени на претходната игла), 2 котелци вкрстени обратно на 2 котелци што се појавуваат на обратен начин. Продолжете да ја повторувате постапката.rnrnСо плетење против здодевност: Еден бод право, една обратно и изолацијата ќе поминеrnrnПродолжете со плетење како на 1 ред и сите обратни редови (кои го претставуваат лицето на плетката) па 5 котелци обратна плетка и 3 котелци право. Втор ред и сите други парни редови: право превртете ја средината на трите обратни котелци враќајќи ги (како на фотографијата).rnrnМожеби сакате да прочитате и како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

  • Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?

    Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?

    Дали сакате вашата креативност да ја подигнете на највисокото можно ниво? Не само да имате „луди“ идеи, туку и да ги реализирате и да создавате извонредни нешта?rnrnПостојат четири различни улоги во кои треба да се „влезе“ за вашиот креативен процес да биде што е можно поефективен. Секоја од нив бара да играте различни карактери, со различен начин на размислување и вештини.rnrnТие улоги се: истражувач, уметник, судија и воин.rnrnНаучете како полесно да ја ослободувате вашата креативност и како да ги совладате вештините што секој од овие карактери ги бара.rn

    1. Истражувачот

    rnrnrnИдеите не „паѓаат од ведро небо“. За да ги добиете, прво треба да ги соберете потребните материјали: факти, концепти, искуства, знаење, чувства – од тоа се составени идеите. За да го добиете сето тоа, потребно е постојано да бидете љубопитни и да истражувате.rnrnИстражувачот е секогаш во потрага по нови работи. Тој е релативно љубопитен и никогаш не се ограничува на одредена област. Имајте идеја како да ги поврзете точките. Но, прво и најважно, ви требаат многу точки кои треба да ги поврзете – потребно ви е „гориво“ за создавање нови идеи.rn

    Како да го развиете истражувачот во вас?

    rnБидете љубопитни и будни. Ѕиркајте во непознатите области. Бидете како дете така што ќе му обратите внимание на светот и ќе бидете приемчиви кон него. Повторно откријте ја забавата при дознавањето на нештата.rnrnПробувајте што повеќе начини. Не ограничувајте се на веќе испробаното и на познатото. Прочитајте поразлични книги и изгледајте поразлични филмови од оние што ви се допаѓаат. Исто така, дознајте ги и информациите што „никогаш не би ги користеле“. Барајте различни области на знаење.rnrnРазговарајте со многу различни луѓе. Запознајте се со многуте различни перспективи. Разговарајте со странци. Не ограничувајте се само на стручните совети.rn

    2. Уметникот

    rnrnrnУметникот има идеи. Тој ги зема „суровините“ од истражувачот и ги комбинира на нови начини.rnrnКога луѓето велат дека некој е креативен, тоа обично се однесува на нечија уметничка страна. Уметникот ги стекнува идеите претежно преку испробување на нови нешта. Тој ја користи својата фантазија преку преуредување, вртење на работите наопаку, мешање на нештата. Тој применува различни пристапи и наоѓа неочекувани врски меѓу нештата. Разигран е и не се грижи за тоа што луѓето очекуваат од него.rn

    Како да го развиете уметникот во вас?

    rnПоставете ги „мускулите“ на вашата идеја. Запишувајте ги новите идеи додека ви надоаѓаат, тоа го стимулира вашиот мозок да генерира сè повеќе идеи. Исто така, користете методи за намерно создавање идеи: направете список со 100 нешта кои можат да прераснат во конкретна идеја, задајте си задача секој ден да „произведувате“ одреден број идеи или пак пробајте ја техниката „SCAMPER“.rnrnИграјте! Сите знаеме дека најефективниот начин да создавате нови идеи е доколку притоа се забавувате. Никогаш не сфаќајте ги проблемите премногу сериозно. Забавувајте се и одржувајте го вашиот мозок свеж и подготвен.rnrnКористете ја вашата имагинација. Оставете ја практичноста настрана, дозволете ѝ на вашата имагинација да „беснее“ и да визуелизира нови можности. Не плашете се да прашате „А, што ако…?“ бидејќи така ќе се расплетат новите реалности.rn

    3. Судијата

    rnrnrnСудијата прави сè за да „остане реален“. Неговата работа е да ги анализира лудите идеи на уметникот и да процени дали тие се практични во реалниот свет.rnrnСудијата ги доведува во прашање претпоставките; тој споредува и решава. Проверува колку се изводливи идеите. Без разлика колку уметникот ги сака, судијата бара противаргументи, ја проверува евиденцијата и донесува одлуки. Комбинирајќи го чувството во стомакот и аналитичките алатки, судијата мора да ги одобри само изводливите идеи.rnrnСудијата добива лоша репутација, но само заради тоа што луѓето обично го повикуваат премногу рано. „Убивањето“ на идеја со која уметникот уште не си поиграл е вистинска штета. Нејзиното уништување подоцна пак, честопати е неопходност.rn

    Како да го развиете судијата во вас?

    rnРазвијте критичко размислување. Проверете ги вашите претпоставки, експериментирајте со хипотези, анализирајте ги резултатите и извлекувајте заклучоци. Бидете господар при донесувањето одлуки.rnrnБидете свесни за „стапиците“ при размислувањето. Вашиот ум може да ве измами. Бидете секогаш свесни за вашата пристрасност. Постојат повеќе начини на кои вашето размислување може да тргне наопаку.rnrnБидете реалистични. Дали идејата ќе ви возврати на посакуваниот начин? Дали имате доволно ресурси да се случи тоа? Дали сте подготвени да вложите доволно напор да се случи тоа? Бидете практични и приземјени.rn

    4. Воинот

    rnrnrnШтом имате идеја подготвена да биде реализирана, сфатете дека светот ќе се постави на тој начин за да ви помогне да добиете нова. Непријателите може да бидат надворешни: конкуренцијата може да биде жестока или луѓето можеби едноставно да не ги разбираат вашите добри идеи. Пострашни од надворешните се непријателите во вас: размислете за вашиот отпор, изговорите и стравот од неуспех.rnrnЗадачата на воинот е да се вложи во тоа идеите да се случат. За тоа не ви треба само стратегија и план за акција, туку и време да се изборите за нив.rnrnТоа значи да останете продуктивни, да развиете флексибилност и храброст да ги надминете пречките и се разбира, да бидете во можност да ги „продадете“ вашите идеи за да го материјализирате трудот.rn

    Како да го развиете воинот во вас?

    rnНадминете го отпорот. Кога создавате нешто ново, отпорот неминовно постои. Треба да пронајдете начини за надминување на одлагањето и да останете продуктивни секојдневно.rnrnБидете храбри. За да направите работите да се случат, треба да се ослободите од сомнежот и да го победите стравот од неуспех.rnrnПробајте да ја продадете вашата идеја. Дали вие сте единствените кои мислат дека таа идеја може да успее? Можете ли да ги убедите и другите дека се работи за добра идеја? Доколку не наоѓате истомисленици помеѓу луѓето кои би можеле да инвестираат во вас, веројатно и да заживее, таа идеја нема да трае долго.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 10-те трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста.