КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативност

  • Талентиран уметник со необична идеја: Изместена реалност која ќе ве насмее и остави без зборови

    Талентиран уметник со необична идеја: Изместена реалност која ќе ве насмее и остави без зборови

    Уметникот Лукас Левитан од Бразил има една интересна навика: Тој одбира фотографии од Инстаграм по случаен избор и ги комбинира со негови цртежи. Резултатот е слика со комплетно ново значење.rnrnТалентиран уметник со необична идеја: Изместена реалност која ќе ве насмее и остави без зборовиrnrnЛукас станал толку популарен што сега луѓето самите му ги нудат фотографиите за да ги преработи на својот уникатен начин. Во продолжение погледнете дел од најимпресивните примери на неговата неверојатна креативност…rnrn

  • Креативна мајка ја облекува својата заспана ќерка во забавни костими

    Креативна мајка ја облекува својата заспана ќерка во забавни костими

    Дури и најтивкиот звук би можел да ја уништи целата макотрпна работа за само една секунда. Токму затоа и без сомнение можеме да кажеме дека Лаура Изумикава Чои е една од најхрабрите мајки кои некогаш сме ги виделе! Таа ја облекува својата заспана ќерка во најслатките костими инспирирани од филмовите и ТВ сериите, а потоа ја фотографира. Што се однесува до резултатите – тие дефинитивно вредат за ризикот! Погледнете.rnrnrnrn

  • Што гледате на оваа фотографија?

    Што гледате на оваа фотографија?

    Ако вашиот одговор беше газирани пијалаци, тогаш погледнете повторно. Станува збор за детално изработени торти, од страна на Андрес Фатсо којa е познатa по своите интересни, но реалистични изработки. Најинтересно од сè е што овие газирани пијалаци имаат вкус на Нутела. Би сакале да пробате?rnrnrnrn

  • 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет

    5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет

    За еден човек да стане вистински самостоен и способен да порасне како стабилна личност, треба да работи многу повеќе на себе отколку само да присуствува на редовната училишна настава. Иако образованието воведува одредени подобрувања, сепак, тоа не е доволно. Животот нуди различни предизвици, а вие самите треба да се подготвите за справување со нив. Зачудувачки е како понекогаш дипломирани студенти не можат да се снајдат во најобични, секојдневни ситуации, како што е на пример плаќањето сметки, пазарување и слично. Погледнете ги овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не е најважното нешто во вашиот живот.rnrnrn

    1. Ви ја гуши љубопитноста

    rnНекои уште како мали имаат развиено склоности кон одредени области и потоа се усовршуваат во истите, но на оние коишто сѐ уште ги немаат откриено своите таленти, учебните години не им оставаат доволно простор за да истражуваат. Општиот проблем се согледува во материјалите коишто тие ги имаат за учење, приготвувајќи се за претстојните тестови, при што им е згушена нивната љубопитност. Со цел да го избегнете ова, трудете се никогаш да не го запрете развојот на своите вештини и да работите на вашите таленти, бидејќи тоа е она што ќе ви донесе успех во животот.rn

    2. Методите на учење не се прилагодливи на сечии интереси

    rnНачините на коишто се тестира знаењето на учениците не се секогаш корисни. На пример, оценувањето за пишување на есеј не е секогаш најдобриот начин да се прикажат нечии квалитети, пред сѐ поради тоа што не секој е вешт да го стори тоа. Всушност, некому пишувањето есеи понатаму во животот му е речиси бескорисно. Иако ова не можете да го смените, ваше е да ги истражувате опциите коишто ви се на располагање. Размислете добро за тоа каде ќе го продолжите своето образование.rn

    rn

    3. Недостаток од вештини за готвење

    rnПоследно, но не и помалку важно, е што училиштето не ве учи на вештини поврзани со вашиот дом, како што е вештината на готвењето. Секој има потреба од храна, но речиси повеќето се збунети кога влегуваат во кујната, а особено доколку треба да користат садови за готвење.rnrnrn

    4. Немате доволно познавања од домашните работи

    rnЗавршивте со школување и време е да станете независни. Но, понекогаш доаѓаат ситуации каде што се соочувате со недостаток од знаења и вештини во врска со домашните работи. Никогаш во животот не сте допреле шрафцигер, а треба да го поправите скршениот стол? Е тогаш е проблем. Затоа, настојувајте додека се школувате да не бидете насочени само на тоа. Обидете се да стекнете и нови вештини коишто понатаму во животот многу ќе ви користат.rn

    5. Не умеете многу да управувате со вашите финансии

    rnИако постојат и исклучоци, сепак, повеќето студенти кај нас се на финансиски товар на фамилијата. Па, ним не им е целосно познат начинот на управување со расположливите финансиски средства, секако, освен ако не избрале да студираат економија каде што учат како да управуваат со парите, заштедата и инвестициите. А ова може да биде сериозен проблем кога доаѓа зрелата фаза во животот.rnrnСекако дека училиштето не треба да се занемарува или пак да се потценува неговата вредност, но запаметете дека постојат уште многу вештини коишто треба да ги усовршите за да се снаоѓате понатаму во животот, а коишто не ви ги нуди училиштето. Преземете ја иднината во свои раце и создадете ја токму таква каква што сте ја замислувале. Имате доволно време за сѐ, се разбира, доколку го планирате правилно.

  • Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатури

    Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатури

    Екачаи Саелоу е тајландски свадбен фотограф кој создава оригинални и многу креативни свадбени фотографии од младенците. Тој не ги овековечува интересните детали од нивните свадби, туку, на крајно креативен начин ги претвора невестата и младоженецот во минијатури. Овој фотограф специјализирал во една сосема друга димензија, во која, среќните парови ги претвора во минијатурни жители на огромниот свет. Тој ги пресликува своите клиенти од нивните вообичаени свадбени фотосесии, и ги пренесува во минијатурни средини користејќи посебни ефекти. На крајот, неговите дела се слатки и неверојатно нереални, но истовремено зачудуваат со нивната едноставност.rnrn(()) Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатуриrnrn

  • 6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум

    6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум

    Дали понекогаш сте се почувствувале како да добивате некоја одлична идеја, но потоа одеднаш вашата креативност да ја снема? Ако сте го искусиле ова, тогаш најверојатно треба да работите на тоа да го подобрите креативното мислење. Креативноста е важна за секоја возраст. Дури и во светот на бизнисот најголем успех се постигнува преку иновација, за што е заслужна токму таа. Па, ако некогаш сте се почувствувале изневерени вашата креативност, тогаш можеби е време да испробате неколку од следниве трикови за да го освежите вашиот ум…rnrnrn

    1. Верувајте дека креативноста може да порасне

    rnИако ова може да изгледа очигледно, сепак, многу е важно да ја зголемите својата волја уште од почеток. Самиот чин на верувањето е најголемата мотивација. Мора да го отфрлите верувањето дека креативноста е вродена. Точно е дека природно секој човек има различно ниво на креативност, но од вас зависи колку ќе ја развивате.rn

    2. Изберете странично наместо вертикално учење

    rnГенерално, постојат два различни начини преку кои можете да стекнете знаење. Вертикалното учење значи специјализирање во одредена област, додека пак страничното учење значи стекнување знаење од повеќе области. Се разбира, ќе се пронајдете или во едната или во другата група. Ако сте логичари по природа, честопати ќе се најдете во вертикалната група. Но, доколку се потпирате на страничниот начин на учење, вие ќе ја поттикнете вашата креативност во голема мера. Колку повеќе различни знаења имате од различни области, толку повеќе ќе ја поттикнувате вашата креативност.rn

    3. Вежбајте ја креативноста како да ги вежбате мускулите

    rnБез сомнение, Стив Џобс е креативна инспирација за сите. Тој рекол:rn

    „Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи назад. Вие вие мора да верувате дека некако ќе ги поврзете во иднина.“

    rnЗа среќа, вие можете да ја тренирате вашата креативност исто како што ги вежбате мускулите. Со редовна стимулација и надградување, можете да ја подигнете на многу повисоко ниво. На пример, обидете се да ги запишувате сите идеи на лист хартија. Колку повеќе ќе станувате креативни, ќе забележувате и дека идеите полесно ќе ви доаѓаат.rnrnrn

    4. Посветете ѝ време на креативноста

    rnАко сте решиле да станете покреативни, потребно е да посветите време на тоа. Оставете си барем еден час дневно само за вашата креативност. Исто така е важно да му овозможите на вашиот ум слобода, без да ви се мешаат дневните активности и обврски. Не треба ова да го сметате како непродуктивно време. Треба да знаете дека ова е од суштинско значење за одржување на вашата креативна страна. Кога ќе му ја дадете оваа слобода на вашиот ум, ќе бидете изненадени од резултатите!rn

    5. Запишувајте ги вашите мисли

    rnДали некогаш сте се нашле во ситуација кога ќе ви дојде генијална идеја, а потоа веднаш да исчезне уште пред да дејствувате? Ова е честа појава. Всушност, идеите може да доаѓаат и да исчезнуваат, исто како и емоциите. Затоа, забележувајте ја секоја идеја, за кога ќе дојде време да можете да се навратите на нив и подлабоко да размислувате.rn

    6. Користете ги двете страни од вашиот мозок

    rnКреативноста не се наоѓа во левата или во десната хемисфера на мозокот. Креативноста е рамнотежа помеѓу двете и токму себепознавањето може да ви помогне да ја зголемите. Започнете со идентификување на вашите начини на размислување и трудете се да ги балансирате. На пример, доколку кај вас доминира логичното размислување, треба да ја стимулирате креативноста со сликање или цртање. Откако ќе научите како да ги балансирате овие работи, вие ќе бидете на вистинскиот пат да станете креативен гениј!

  • Пом-пом сандали: Весели модели кои можете да ги направите и сами

    Пом-пом сандали: Весели модели кои можете да ги направите и сами

    Летото е период од годината кога на себе носиме најмалку облека, а нозете вообичаено ни се во сандали кои имаат стандарден изглед и многу често, истиот модел ќе го видиме и на некоја друга нога. Доколку сакате да го избегнете секојдневното и да зрачите со своја креативност, можете да најдете инспирација да најдете во популарните пом-пом сандали. rn(16) Пом - пом сандали: весели модели кои можете да си ги напаравите самиrnОвие обувки, кои летово се вистински хит низ светот, изобилуваат со живописни и разнобојни мали топчиња, кои на едноставните сандали им даваат сосема друга димензија. Меките шарени топчиња кои се додаваат на вообичаените сандали, имаат посебен ефект и тешко дека ќе останете незабележани доколку излезете во нив. Овие модели ѝ даваат душа на секоја модна комбинација, а особено добро одговараат со мини здолништа и кратки фустанчиња, како и со фармерки во пократка должина. Погледнете ја следнава галерија со различни пом-пом сандали, па можеби и вие ќе добиете некоја инспирација да си создадете ваш весел модел.rnrn

  • Возете со стил: Направете сами цветна корпа за велосипед

    Возете со стил: Направете сами цветна корпа за велосипед

    Кога е лето, секогаш можете да најдете добра причина за декорирање со цветови. Без разлика дали ќе направете цветови од хартија, цветна круна, или пак ќе ги украсите предметите околу вас, може да заклучиме дека изборот е навистина голем. Но, дали сте размислувале да ја украсите со цветови и вашата корпа од велосипедот? Сигурно не, но затоа ние се досетивме. Овој проект ќе ви одземе 30 минути, неколку материјали и веднаш ќе го направи вашиот велосипед 10-тина пати посладок.rnrn1-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Плетена корпа за велосипед
    • rn011

    • Пиштол со силикон
    • rn011

    • Пластични цветови со различна големина
    • rn011

    • Ножици
    • rn

    rn2-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_rn

    Начин на изработка:

    rn1. Отстранете ги цветовите од стеблото. Исечете го долниот дел, со цел да добиете мазна површина за полесно лепење.rnrn3-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_rnrn2. Залепете ги поголемите цветови околу горниот дел на корпата, а помалите околу целата корпа.rnrn4-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_rnrn5-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_rnrnТоа е тоа! Сега вашата корпа за велосипед изгледа многу поубаво, креативно и оригинално. Плус, вашата корпа повеќе не е досадна и едноставна, туку полна со летен дух и разиграност.rnrn6-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

  • 5 „олд скул“ хобија за полесно справување со стресот

    5 „олд скул“ хобија за полесно справување со стресот

    Речиси секому му е познат бурниот начин на живот којшто постои денес. Сите се зафатени со многуте секојдневни „модерни“ обврски, било тоа да е на училиште, работа, семејни обврски и слично, при што многу малку време останува за релаксирање. Без разлика колку и да се обидувате, тешко е да престанете да мислите на обврските коишто ги имате. Но, изгледа дека практикувањето одредено хоби може да ви помогне во ова. Всушност, тогаш можете да се посветите на нешто забавно и да го одморите мозокот. Се разбира, не можете да одберете какво било хоби. Напротив, ако не ви се допаѓа, тогаш нема ниту да имате позитивен ефект. Суштината е да најдете нешто во што ќе уживате. Еве неколку наши предлози.rnrnrn

    1. Започнете со пишување

    rnЧестопати читањето книга и слушањето музика се споменуваат како интересни хобија коишто можете да ги практикувате за време на одморот. Но, доколку сакате да бидете малку повеќе креативни, тогаш започнете да пишувате. Не мора да бидете експерт, зашто сепак ова е само хоби. Најдоброто нешто во врска со ова е што е сосема бесплатно. Сѐ што ви треба се неколку листови хартија и пенкало (не практикувајте пишување на компјутер, зашто нема да го почувствувате истиот ефект на опуштање).rn

    2. Посветете се на вашата градина

    rnПоминувањето време во вашата градина може да биде многу релаксирачко. На пример, одберете и засадете цвеќиња, а потоа секојдневно посветувајте им внимание. Постојат многу активности поврзани со нив, додека пак и самите цвеќиња можат да ви дадат многу позитивни чувства. Нивното уредување бара креативно размислување, а исто така ќе имате и дополнителна физичка активност.rn

    3. Посветете се на „направи сам“ проекти

    rnДоколку не се пронајдовте во ниту една од претходните точки, а се сметате за креативна личност, тогаш ова е одличен предлог за вас. Посветете се на некои свои мали проекти преку коишто ќе ја изразите својата креативност. Почнете со помали чекори, а потоа ќе забележите како постојано ќе имате бура од идеи. На пример, најпрво можете да изработите кутија за накит или пак, да создадете ново парче облека. На овој начин ќе бидете фокусирани на задачата и ќе заборавите на другите проблеми, а на крај ќе бидете среќни што сте создале нешто ново и свое.rn

    4. Пешачење

    rnОдењето еден час дневно може да ви помогне да се ослободите од стресот. Оваа активност не одзема голем дел од денот, но одлично влијае на вашето здравје. Пешачењето може и да ве одведе на места на коишто никогаш досега не сте биле, подалеку од гужвите во вашиот град. Уште подобро би се чувствувале доколку во близина имате рид којшто можете да го посетите.rnrnrn

    5. Шиење и плетење

    rnДоколку сте од оние личности на коишто природата на работата им налага постојана физичка активност, тогаш вам ви е потребно хоби што бара помирна положба. Такви предлози се шиењето и плетењето. Овие работи не бараат големи инвестиции, но без сомнение бараат соодветни вештини. Доколку се сметате себеси за вешта личност, тогаш не двоумете се. Со овие активности ќе си создадете уникатни парчиња облека за вас и за вашите најмили, а дополнителна корист е што ќе заштедите голема сума пари потрошена на скапи парчиња облека.

  • 15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца

    15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца

    Мајките и татковците, за да си ја олеснат работата, многу често применуваат одредени трикови со кои ги прават своите деца среќни и постојано забавувани со интересни игри… Или барем ќе ги држат по настрана од неволји. Единствено што ви треба за да внесете свежина во вашето секојдневие е желба за креативност и многу малку потребни материјали. Ќе се зачудите колку е едноставно да создадете забава за целото семејство. Верувајте, децата ќе ви бидат многу благодарни.rn

    1. Печати од компири

    rn(2)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rnrnИсечете неколку компири и обликувајте различни форми, во вид на печат. Дајте му на вашето дете водени бои и голем лист хартија.rn

    2. Вода во кофичка и четка, за бојадисување на оградата

    rn(3)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rnrnНеверојатно интересен трик е доколку на децата им наполните една кофичка со вода и им дадете четка. Излезете надвор и нека ја бојадисуваат оградата. Оваа задача има две придобивки – децата ќе бидат на свеж воздух и ќе бидат „многу“ зафатени, така што ќе можете да се посветите на вашите обврски.rn

    3. Грицки во чинија со мал отвор

    rn(4)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rnrnСите знаеме дека децата знаат да бидат многу мирни доколку им дадеме нешто да грицкаат. Изберете некој вид здрави, поситни крекери кои ќе ги ставите во мала чинија со отвор (слично како на фотографијата). На тој начин децата ќе бидат мирни, а притоа нема да изедат многу од крекерите затоа што потешко се пристапува до нив.rn

    4. Хартиена чинија за капките од сладолед

    rn(5)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rnrnСтанува збор за неверојатен трик како да го избегнете здодевното капење на сладоледот што го јаде вашето дете. Земете една хартиена чинија (која што е вообичаена за детските родендени), во средината направете една мала дупка и низ неа протнете го стапчето на сладоледот или врвот од корнетот. Капките сладот нема да паѓаат на теписоните, туку ќе се собираат на чинијата.rn

    5. Ѓердан од мали сунѓерчиња за жешките летни денови

    rn15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите децаrnrnВо жешките летни денови, можете да земете еден сунѓер (обичен кој се користи при капење), да го исечете на мали парчиња и потоа да ги нанижете на врвка. На тој начин ќе направите ѓердан кој ќе го ставите околу вратот на вашите деца, а притоа редовно ќе можете да го мокрите со свежа вода, која што ќе ги разладува на топлото време.rn