Живееме во неверојатно брз свет. Најразличните аларми, потсетници и известувања не водат низ секојдневието со неверојатна прецизност. Спротивно на притисокот и стресот со коишто се соочуваме секојдневно, овој домино часовник, го зема едноставниот и иконски дизајн на доминото и го трансформира во нов начин на прикажување на времето.
Трите големи домина се опремени со јасни ротирачки точки коишто имаат само една оска на ротација (напред-назад) и со тоа ја менуваат бојата од црно во бело и обратно, притоа покажувајќи го точното време.
Можат да се закачат на ѕид или едноставно да се постават на каква било рамна површина. Меѓусебе комуницираат безжично и воедно создаваат неверојатно релаксирачко искуство. Часовникот е изработен од страна на Carbon Design Group, којшто планираат часовникот да го развиваат и во иднина.rnrn
Tag: креативност
-

Домино часовник
-

Неверојатни црно-бели фотографии
Црно-белата фотографија полека, но сигурно ја зазема водечката позиција во однос на останатите видови. Има некоја чудна моќ со која тивко ги привлекува луѓето. Во брзиов и динамичен начин на живот, секојдневно наидуваме на пречки од социјален и економски карактер. Црно-белата фотографија, со својата посебна магија, може барем за кратко, да ви помогне да заборавите на проблемите.
Секогаш кога ќе наидете на црно-бела фотографија, таа ќе ви остане во сеќавање малку подолго од сè друго што ќе видите тој ден, а притоа ќе ве внесе во некој чуден и мистериозен измислен свет. Црно-белата фотографија ви го претвора ликот во еден голем прашалник. За да го почуствувате ова, еве неколку неверојатни црно-бели фотографии, кои ќе ве однесат во некој ваш измислен и мистериозен свет.






















rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Реални ситуации во кои би рекле „WTF“?
Во секојдневниот живот, често можеме да се најдеме во необични, па дури и опасни ситуации, во кои не би можеле да речеме ништо друго освен „WTF“?. Следниве 11 креативни илустрации претставуваат токму такви ситуации.

Креирани од Аргентинското студио за дизајн Естудио Минга, овие илустрации претставуваат различни едноставни приказни, некои смешни, други привлекувајќи внимание кон посериозни проблеми како загадувањето, грабежите, екстремните спортови, па дури и вонземјаните.

Она што ги прави овие илустрации толку добри е нивната едноставност, креативност, различните бои со кои се одликува секоја од нив и јасната порака која му ја пренесуваат на светот.





-

Најмладите главни готвачи во Европа
Погледнете кои се најмладите главни готвачи во Европа, од чии ресторани излегуваат креативни, иновативни и уникатни јадења и комбинации од храна.rn
rnДанска
rn
.rn
rn- rn011
- Christian Puglisi, ресторан Relae
rn
rn
rn
Овој 28 годишен човек, по потекло Сицилијанец, во август го отвори својот прв ресторан, Relæ, откако работеше во најпознатиот, најпрефинетиот и најлуксузниот ресторан El Bulli и во ресторанот Noma во Копенхаген, како сос-шеф. Неговиот специјалитет е: скуша во расолница, со карфиол на пире од лупен лимон.rn.rn
Франција
rn
.rn
rn- rn011
- Alexandre Gauthier, ресторан La Grenouillère, Montreuil Pas-de-Calais
rn
rn
rn
Пред неколку години, 31 годишниот готвач Alexandre Gauthier ја обнови ѕвездичката „Мишелин“ за најдобар ресторан (фамилијарен) во северна Франција. Искуството и знаењето ги стекнал прво во фамилијарниот ресторан, потоа кај Alain Ducasse во Plaza Athénée во Париз и во La Pinède во Saint Tropez. Тој сака заносни вечери и најразлични комбинации, а негов специјалитет е јајце од препелица на кекс од никулци, со рендан лук и сецкано грозје.rn.. rn
rn- rn011
- Mathieu Rostaing Tayard, ресторан Le 126, Лион
rn
rn
rn
Со само двајца вработени, 27 годишниот Mathieu Rostaing Tayard е главен готвач во ресторанот Le 126. Претходно работел со Nicolas le Bec и Pierre Gagnaire. Негов специјалитет се њоки со зачини и лук и телешка глава на пире од целер.rn.rn
rn- rn011
- Greg Marchand, ресторан Frenchie, Париз
rn
rn
rn
За да уживате во прекрасните јадења од менито во овој ресторан, ќе ви требаат два месеца упорност за да закажете. 32 годишниот Greg Marchand работел во ресторани во Британија и Њујорк (Gramercy Tavern), а во неговиот ресторан креира иновативни јадења, како чадена пастрмка на пире од аспарагус.rn.rn
Италија
rn
.rn
rn- rn011
- Pier Giorgio Parini, ресторан Povero Diavolo, во близина на Римини
rn
rn
rn
30 годишниот Pier Giorgio Parini работел во ресторанот со три Мишелинови ѕвездички Le Calandre, а познат е по дневното менување на јадењата во менито. Познат е и по тоа што е „Крал на зачините“ и нивната инвентивна употреба.rn.rn
Шпанија
rn
.rn
rn- rn011
- Iñigo Pena, ресторан Narru, Сан Себастијан
rn
rn
rn
28 годишниот Iñigo Pena е можеби најинтересниот млад главен готвач. Неговата кујна е базирана стриктно на употреба на ориз и морски плодови. Негов специјалитет е Luma Gorri – пилешки крилца со лесно сварени компири и жолчка.rn.rn
Шведска
rn
.rn
rn- rn011
- Magnus Nilsson, ресторан Fäviken
rn
rn
rn
Овој ресторан се смета за еден од најизвонредните во цела Европа. Со локација во северна Шведска, ресторанот се простира на 8 500 хектари земјена површина. 27 годишниот главен готвач Magnus Nilsson занаетот го печел во рестораните со три Мишелинови ѕвездички L’Astrance и L’Arpège во Париз. Негов специјалитет е посолена пастрмка на топла кора од исушена свинска крв и црн тетреб печен со диви тревки.rn.rn
Велика Британија
rn
.rn
rn- rn011
- Brett Graham, ресторан The Ledbury, Лондон
rn
rn
rn
Овој ресторан се закити со две Мишелинови ѕвездички, а главниот готвач, 30 годишниот Bret Graham подготвува неверојатни специјалитети како чадена јагула, скуша на скара, јоркширски тетреб и многу други.rn
.rn
rn- rn011
- Stevie Parle, ресторан The Dock Kitchen, Лондон
rn
rn
rn
25 годишниот Stevie Parle го отвори својот прв ресторан кон крајот на 2009 година, после неколку години работење во ресторанот River Café во London. Овој млад главен готвач веќе освои награда како резултат на неговата едноставност во готвењето и неизбежната софистицираност во јадењата.rn
.rn
rn- rn011
- Tim Siadatan, ресторан Trullo, Лондон
rn
rn
rn
Ова е најдобриот италијански ресторан во Лондон. 28 годишниот готвач научил да готви преку ТВ емисии за готвење, а го подучувал лично и персонално, најдобриот и најпознатиот готвач Џејми Оливер. Препечена скуша и препелица, срце од вол на скара со чили и колбаси и телешки одрезок во сос од глуварче се неговите специјалитети. -

Факултет кој ќе ви ги направи студентските денови незаборавни
„Виновник“ за неверојатниот дизајн на факултетот за архитектура „Umeå School of Architecture“ е шведската компанија Henning Larsen Architects. Тој е лоциран во градот Умео во Шведска, на уникатно и совршено место – покрај реката Умео.rnrn
Фасадата на зградата има коцкест облик и на неа ритмично се распределени квадратни прозорци со различна големина. Уметничкиот шмек кој го создава ентериерот, пространиот дизајн и неформалните простории за состаноци, создаваат една поинаква, отворена лабораториска атмосфера, која е во согласност со идејата за развој, креативна работа и иновативност.rnrn

Како центар за развој на футуристичкиот стил во архитектурата, главната цел на оваа градба е да преставува инспирација и мотивација за студентите. Идејата била да се создаде светла и пријатна околина за учење, во која сите професори и студенти ќе бидат во една иста просторија, поделена на повеќе нивоа, а наместо ѕидови во просториите за предавање има стакла, кои даваат одличен визуелен ефект и овозможуваат фантастичен поглед кон реката.rnrn




Пет-годишната студиска програма започнала есента во 2009-та година, по чие завршување студентите се стекнуваат со звањето дипломирани архитекти. Од оваа есен 2010-та, тие имаат можност да запишат и мастер студии.rnrn


Факултетот за архитектура е дел од универзитетскиот комплекс, кој содржи и академија на уметности, музеј на уметноста, исто така дизајнирани од Henning Larsen Architects.rnrnЗа оние помладите, на кои сé уште им е рано за студирање, можеби ќе сакаат да го погледнат фантастичното училиште во Мелбурн. -

Совети за поттикнување на креативноста
Чувствувате како вашата креативност опаѓа? Не се грижете. Тоа ни се случува на сите нас понекогаш. Кога немаме никакви креативни идеи и чувствуваме дека мозокот ни е исклучен, ние најчесто легнуваме да спиеме или гледаме некој филм или телевизиска серија. Бидејќи тоа не придонесува за поттикнување на креативноста, еве неколку совети кои го имаат посакуваниот ефект.
rn

rnrn
Медитирајте
rnМедитацијата, ако ја правите правилно, придонесува да се чувствувате освежено. Таа му дава позитивен правец на мозокот да се фокусира кон креативни нешта.rnrn
rnЗаборавете ги проблемите
rnПроблемите и стресот кои ги имате, застануваат на патот на вашата креативност. На лист, напишете ги сите работи кои ве мачат и потоа, листот запалете го. На друг лист напишете ги вашите цели и планови, како и времето кога сакате да ги остварите. Ова ќе ви овозможи чист ум, а вие ќе бидете повеќе креативни и со намален стрес.rnrn
rnИграјте и креирајте
rnИграјте со креативни играчки, како лего коцки и танграм. Свирете некој инструмент. Ова ќе овозможи да размислувате апстрактно и којзнае, може ќе смислите нешто навистина големо.rnrn
rnПроменете го начинот на размислување
rnРазмислувајте како панкер или рокер. Ослободете се од секакви правила, но сепак, не правете ништо надвор од законот. Обидете се да размислувате надвор од границите и тоа дефинитивно ќе резултира со повеќе креативност.rn
Гледајте подлабоко во цртежите на малите деца
rnДа, така е. Кога дечињата цртаат на лист хартија, тие тоа го прават без никакви надворешни влијанија и правила. Тоа што тие го цртаат е само резултат на нивниот висок креативен набој и инспирација.rnrn
rnЗапрашајте се „што ако…“
rnСекогаш поставувајте си го ова прашање. Замислете како на луѓето пред 1000 години им кажувавте дека еден ден ќе постојат телевизори, компјутери, мобилни телефони, луѓе кои патуваат на месечината. Би помислиле дека сме лудаци. Имајте на ум дека во животот сѐ е возможно и дека во светот сѐ може да се случи.rn
Почувствувајте како крвта ви струи низ вените
rnНаправете си топла бања и миризлива купка. Штом ќе почне крвта да ви струи низ вените, истото ќе се случи и со креативноста.rn
Пробајте нови јадења
rnСигурно никогаш не сте пробале некое јадење од Корејската кујна. Пробајте да зготвите некој таков рецепт наредниот пат.rnrn
rnНаправете го секојдневното, несекојдневно
rnСте завршиле со обврските и си одите дома? Тргнете по друга уличка која исто така води кон вашиот дом. Тесни улички и широки булевари дефинитивно ја поттикнуваат креативноста.rn
Судниот час
rnСмртта е многу моќна мотивирачка алатка. Ако докторот му каже на неговиот пациент дека му преостануваат уште 10 години од неговиот живот, што мислите дека пациентот би направил? Тие 10 години ќе ги цени колку вредноста на дијамантите во светот. Па затоа, ако за миг би помислиле дека утре ќе ве нема, сигурно ќе направите и создадете многу креативни нешта.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.