Раѓањето е пресвртен момент во животот на жената од повеќе аспекти. Мајката добива нови обврски околу бебето, а домот и семејството почнуваат да функционираат и изгледаат сосема поинаку од претходно. Меѓутоа, покрај грижата и вниманието за најмалиот член на семејството, тој за родителите може да биде и инспирација за почеток на креативен бизнис. Токму вака настанал еден препознатлив и успешен македонски бренд, чија приказна ни се виде интересна за споделување со вас. Којзнае, можеби токму во овој текст ќе ја пронајдете вашата инспирација да започнете со нешто креативно и уникатно, а истовремено и профитабилно!rnrn
rnrnМалото бебе го менува и начинот на кој мајката го гледа животот, секој нов ден носи различни искуства, а анегдотите и секојдневните случки се мотив за нови идеи. Дека мајчинската улога може да биде инспирација за започнување на нешто лично и успешно, дури и кога мајката одлучува да остане дома, доказ се многубројните приказни во кои дознаваме дека постојат и мајки кои ризикувале и започнале сопствен бизнис. За такви примери сме читале многу на Интернет, но за среќа, ги имаме и блиску околу нас.rnrn
rnrnЕлена Петковска е мајка која по раѓањето на ќерка ѝ Теодора, добила идеја да создаде нешто за најмалите – уникатни подароци со оригинални натписи на кирилица.rn
„Првата идеја ја добив кога татко ѝ ѝ рече дека првпат ќе излезе во град кога ќе наполни 30 години. Исто така, луѓето околу тебе те претрупуваат со совети, па оваа ситуација со која се соочуваат сите мајки исто така беше инспирација за еден од најбараните дизајни со натпис ‘Мама не го бараше твојот совет.’“
rn
rnrnВо тој момент кај Елена се појавува замисла времето поминато со Теодора да го преточи во уникатен производ и да го создаде брендот „Ариза“. Користејќи ја моќта на социјалните мрежи, започнува со објавување на дизајнирани бебешки бодиња со однапред креирани дизајни и натписи, но и по желба на самите клиенти. Почнува да добива сè повеќе и повеќе идеи за дизајни, а по кратко време воведува и нови производи во понудата.rnrnВеднаш по бодињата, најбаран производ се радосниците во рамка со испечатени податоци за бебето, како што се датум на раѓање, родилна тежина, хороскопски знак и значење на самото име – идеален подарок за на мекици или повојница.rnrn
rnrnОчекувано, интересот на купувачите расте, а со тоа се множат и идеите и инспирациите. Секој производ на „Ариза“, купувачот го добива украсно спакуван, подготвен за подарување, што е всушност и значењето на името на брендот.rnrnИако сега веќе има многу слични на неа, сепак „Ариза“ успева да се издвои од останатите, а дизајнот и начинот на работа остануваат препознатливи.rn
„Меѓу сто други, веднаш ќе успеам да препознаам кој дизајн е на ‘Ариза’, едноставно, се издвојуваат“, е еден од најчестите коментари на потрошувачите.
rnКонкуренцијата за Елена е само поттик за да се надоградува палетата на производи и секако да се остане меѓу најдобрите, па и на самиот врв.rnrnПо бодињата, асортиманот се проширува и на маички, бебешки лигавчиња, хартиени топери за торти и колачи, букети и торти од пелени, брендирање на материјали, чоколатца со порака, но и целосни дизајни и изработки на украси од хартија наменети за украсување на детски роденденски маси и секаков вид настани.rnrn
rnrnДенеска Теодора има три години и помал брат, Михаил, а Елена не престанува да добива нови идеи со кои уште повеќе придонесува нејзиниот бизнис да остане препознатлив по уникатноста. Она што инсистира да остане како дел од целосниот концепт е користењето на кирилицата (освен ако купувачот не побара поинаку).rn
„Мајчинството за мене беше голем предизвик. Имало и тешки и стресни моменти, но секако, преовладуваат оние убавите. Моите деца за мене се најголема инспирација, мотив да бидам најдобрата мајка на светот, но и да не ги ограничувам идеите кои ги добивам. Секој момент поминат со нив за мене е нов предизвик и за да бидам успешна во сопствениот бизнис, но и за да бидам мајка која е секогаш тука за нив.“
rn
rnrnСо тек на времето, освен најмалите, „Ариза“ доби и клиенти од повеќе општествени области. Елена изработува и дизајни за брендирање на подароци за вработени во компании, за момински забави, покани за свадби или подароци за Денот на вљубените.rnrnЗа крај, ја прашавме Елена дали некогаш се нашла во непријатна ситуација да не прифати барање на потенцијален потрошувач, но и дали се случува барањата да се граничат со лудото и невозможното.rn
„Има ексцентрични барања. Многу од нив сум изработила, но не се објавени. Таков е случајот со долната облека, особено за новогодишните празници и Денот на вљубените. Клиентите имаат навистина штосни идеи и секогаш кога нема да го најдат тоа во локалните продавници, знаат дека ‘Ариза’ може да им изработи сè што замислиле. rnМајките пак, поголемиот дел барем, ги чуваат сите нешта поврзани со новиот член. Особено оние од првите денови. Па така, ми барале да врамам тест од бременост или штипка со папочната врвка од бебето.rnЗа мене, како мајка и како претприемач, нема луда нарачка, ама некогаш е невозможно да се реализира одредена идеја од причина што нашиот пазар е со ограничени ресурси за некои од потребните материјали. Она што можам, успевам да го остварам со вистинските соработници, но за жал, сè уште сме далеку од западните земји кои имаат буквално сѐ кога станува збор за рачна изработка.“
rn
rnrnПогледнете фотографии од креативните изработки на следната страница…rn