Колкумина од нас сонуваат да живеат во палата од бајките, или, пак, да патуваат низ светот? Едно семејство од Нов Зеланд, Џастин, Џола и нивниот син Пико, нашле начин да ги прават и двете работи со тоа што стариот камион го претвориле во подвижен замок.rnrn
rnrnЏастин и Џола многу патувале и отсекогаш сакале да се чувствуваат како дома каде и да одат. Токму поради тоа тие одново го изградиле стариот камион со сопствени раце.rnrn
rnrnНивниот замок-камион е снабден со сѐ што е потребно. Воглавно функционира на соларни батерии. Тие користат специјални корита кои се наоѓаат во посебни садови прицврстени за камионот за да ја собираат водата од дождот. Камионот го загреваат со помош на соларни батерии.rnrn
rnrnКога семејството е во движење, целиот нивен дом може да се собере: Покривот се вовлекува навнатре и кулите се собираат од страните на камионот. И тие се подготвени да тргнат!rnrn
rnrnКога седат на едно место, камионот се проширува доволно за да им обезбеди простор за удобно живеење внатре.rnrn
rnrnНеверојатната спална се подигнува на врвот од камионот, токму над возачкото и совозачкото седиште.rnrn
rnrnКако што патуваат низ Нов Зеланд, оваа двојка постојано го надградува замокот на тркала со цел да го направи вистински прекрасен дом кој ќе трае вечно.rnrn
rnrnНивната креативност навистина не познава граници и можеби ќе ве инспирира да ја разбудите вашата фантазија и да почнете да живеете живот како од бајките.
Tag: креативност
-

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа… На тркала!
-

Таа е најдоброто рамо за плачење: Кога ви е тешко, викнете ја жената во овој хороскопски знак
Изразено чувствителна, романтична, интелигентна, грижлива, креативна, страствена, смирена, имагинативна – сето тоа е жената Рак. Таа е вител од чувства и во еден момент може да биде многу тврдоглава, во друг попустлива, во трет лута, а веќе во следниот нежна. Има силна волја и е истрајна, а понекогаш знае да биде и многу повлечена, особено ако чувствува дека некој ја вознемирува или провоцира.rnrn
rnrnСвојата чувствителност не ја покажува само кон своите потреби, туку и кон туѓите што ја прави еден од најемотивните хороскопски знаци. И најмалата критика која ѝ е упатена ќе ја прими со сето срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција, поради што вреди да го послушате нејзиното мислење.rnЉубов
rnНикогаш не се чувствува подобро и посигурно отколку во својот дом, а семејството за неа е нешто свето. По природа е грижлив и семеен тип жена и во врската секогаш повеќе дарува отколку што зема за возврат. Сака мирен и стабилен семеен живот, а сигурноста и верноста ѝ се најважните квалитети во врската. Заведувањето и сензуалните фантазии се нешто во што жената Рак неизмерно ужива. За неа сексуалниот однос е танц со партнерот со кој сака да биде емотивно поврзана.rn
Пријателство
rnЖената Рак и претпазлива и верна пријателка. Таа е онаа личност која ќе се погрижи сите сигурно да стигнат дома по лудото вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да провери дали сте добро. Ако ви е потребен некој да ве утеши, пријателката во знакот на Рак ќе биде најдобра во тоа. Таа е добро рамо за плачење и секогаш ќе даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредното богатство, а и самата таа е пријателка која вреди да се чува.rn
Изглед
rnПривлечни црти на лицето, длабоки очи со сивкаста или сина боја, мал, кренат нос, полни усни, широка насмевка и силна, изразена вилица се карактеристиките на лицето по кои ќе ја препознаете жената Рак. Лицето обично ѝ е најшироко помеѓу ушите, бојата на тенот посветла, а косата руса. Просечно е висока и има долги и витки раце и нозе, а со тоа и силни дланки. Има мал струк со долга линија, како и раскошни колкови и бедра.rn
Стил
rnГо преферира традиционалниот и конвенционалниот стил на облекување кој ја нагласува женственоста, но и удобноста. Белата, светло сината и сребрената боја се најдобриот избор за неа. Секогаш подобро се чувствува кога е некаде на страна отколку во центарот на вниманието, па затоа никогаш нема да ја видите облечена во нападна дневна комбинација.rnrnСо оглед на тоа дека има привлечни црти на лицето, таа не сака секогаш да носи многу шминка. Парите попрво би ги потрошила на квалитетен шампон и регенератор затоа што убавата и бујна коса е еден од нејзините најдобри атрибути.rn
Стил на купување
rnЖената Рак е мајстор за пронаоѓање одлични парчиња облека и чевли по намалени цени. Ја краси способноста да се облекува феноменално со ограничен буџет. Ретко кога купува импулсивно бидејќи не сака да прави непотребни трошоци и попрво би ја прегледала старата гардероба и да пронајде некое парче на кое заборавила, отколку да оди на шопинг по нешто ново.rn
Стилска икона
rnАктерката Софија Вергара е една од најсексапилните жени на светот и како типична жена Рак има бујни гради и раскошни колкови. Фигурата на песочен часовник ја истакнува со тесни фустани, а често можеме да ја забележиме во бело – бојата која најдобро им стои на Раковите. Долгата, бујна коса и полните усни, кои се адути на многу жени Ракови, се заштитен знак на актерката која на 10-ти јули ќе наполни 44 години.rnrnОд славните дами родени во знакот на Рак се истакнуваат принцезата Дајана, Мерил Стрип, Хелен Келер, Фрида Кало и Жизел Бундхен.
-

Најубавите фризури на светот: Сестрите кои ги освоија социјалните мрежи со своите плетенки
Линда (24) и Миа (14) се две сестри кои доаѓаат од Норвешка и кои имаат една доста интересна и корисна вештина: Умеат да прават плетенки и фризури за кои девојките можат да сонуваат и кои можеме да ги сретнеме само во бајките. Тие веќе го освоија Инстаграм, каде фотографиите од прекрасните плетенки ги објавуваат на нивниот официјален профил – aurorabraids, а имаат огромен успех и на Јутјуб каде детално го објаснуваат начинот на стилизирање на косата.rnrn
rn„Како и повеќето девојки, научивме да плетеме плетенки кога бевме малечки. Меѓутоа, пред 5 години научивме како да правиме комплицирани фризури, експериментирајќи со различни стилови и станавме опседнати со плетенките“, велат сестрите.
rn
rnrnТие имаат издадено дури и книга со упатства и инструкции како да направите преку 70 видови плетенки. Дополнително ги разубавуваат своите интересни дизајни со разни модни додатоци како цвеќиња, траки и слични декорации. Миа и Линда велат дека за да ги подготват поедноставните плетенки им се потребни 20 минути, додека за покомплицираните – преку 1 час.rnrnrnrn -

Науката открива: Луѓето кои имаат кошмари се покреативни
Доколку често ви се случува да имате кошмари, сигурно самата помисла од заспивањето ве ужасува. Меѓутоа, лошите соништа можно е да се всушност корисни за вас и покрај тоа што ве препотуваат во кревет. Едно неодамнешно истражување открило дека луѓето кои имаат кошмари се покреативни и имаат побогата фантазија додека се будни за разлика од оние кои спијат мирно. Па така, наместо стресот и анксиозноста да ги припишувате на кошмарите, земете ја предвид идејата да почнете со некое креативно хоби како пишување или цртање.rnrn
rnrnИстражувањето било спроведено од страна на лабораторијата за соништа и кошмари во Монтреал. Имено, биле вклучени 28 волонтери на возраст помеѓу 18 и 35 години кои изјавиле дека страдаат од два или повеќе кошмари неделно. Рекламата за ова истражување која ги привлекла учесниците била многу досетлива и гласела „Заработете со тоа што ќе дремнете!“. Волонтерите воделе белешки за нивното сонување додека се будни, пополнувале прашалници и направиле тестови за одредување на креативноста. На крајот, тие требале да заспијат при што им биле закачени електроди кои ја следеле мозочната активност.rnrnРезултатите покажале дека оние коишто постојано имале кошмари размислувале многу покреативно кога станувало збор за асоцијации со зборови. Според истражувањето, тие исто така можат да имаат повеќе позитивни соништа од просечната личност, и сето тоа сонување се одразува во реалниот живот.rn„Доказите покажуваат дека кошмарите што се јавуваат кај луѓето не го попречуваат нивното нормално функционирање, туку напротив придонесуваат нивниот буден живот да биде во најмала рака креативен, позитивен и живописен. Ова имагинативно богатство не останува заробено само во сонот, туку ја исполнува и будната мисла“, изјавува еден од истражувачите.
rn
rnrnИсто така, оние кои имаат кошмари повеќе сочувствуваат со другите луѓе и честопати ги доживуваат туѓите искуства како да се нивни. Психијатарот Ернест Хартман во 1980 година дознал дека интензивните кошмари може да се поврзани со емоционалноста на човекот, а не со неговата анксиозност. Тој дошол до заклучок дека чувствителноста на личноста е движечката сила на интензивните кошмари. Зголемената чувствителност на застрашувачки работи и закани во текот на денот доведуваат до лоши соништа и кошмари, додека, пак, зголемената страст и возбуда можат да доведат до поинтензивни позитивни соништа.rnrnЛуѓето кои имаат кошмари доживуваат мисли кои наликуваат на соништа дури и кога се будни. Овој начин на размислување се чини дека ги прави покреативни. Истражувањето покажало дека овие луѓе имаат поголема креативност и уметнички начин на изразување. Двајца од учесниците всушност и биле уметници по професија.rnrnНаредниот пат кога ќе сонувате како бегате од зомби, паѓате од височина или држите говор сосема голи, запаметете дека тоа може да го поттикне вашето креативно размислување кога ќе се разбудите. -

Креативен уметник насликал портрет од својата жена, покажувајќи што значи вистинската љубов
Уметниците се секогаш во потрага по нивната следна муза и понекогаш, ако имаат среќа, тие ќе ја пронајдат својата инспирација во домот. Тоа бил случајот за девојката чиј сопруг е талентиран уметник и која на социјалните мрежи е позната под името „Indifferentpenguinisnotimpressed“. Неодамна таа сфатила дека тој сѐ уште не насликал заеднички портрет од нив двајцата како пар и одлучила да го промени тоа. По долго и внимателно размислување како да ја претстави нивната врска во најдобро и најавтентично светло, нејзиниот сопруг го насликал следниов портрет:rnrn
rnrnВо него совршено се отсликуваат домашниот живот, хармонијата и благосостојбата кои ги искусуваат сите брачни партнери – секој кој живее со својата најсакана или својот најсакан знае дека токму вака изгледа вистинската љубов. Со искрени намери, оваа хероина го добила своето вечно сведоштво кое ја одбележува нејзината брачна среќа на еден креативен и генијален начин.rnrnПа, доколку немате идеја како да ја покажете својата грижа, љубов, почит и посветеност на вашиот брак и вашата љубовна врска, тогаш сликањето заеднички портрет е сигурно еден од најинтересните начини. -

Што се случува кога графичките дизајнери ги користат своите вештини за да направат колачи?
Што би сакале да бидете повеќе, пекар или дизајнер? На ова прашање Холи Фокс би одговорила „двете“. За неа, вистинската професија е кога комбинирате и спојувате различни бои и дизајни и кога како резултат се случува нешто интересно, а во овој случај и вкусно.rnrn
rnrnГрафичката дизајнерка од Лос Анџелес, Холи Фокс, ја споила својата страст за колоритни дизајни на печивата и колачите со нејзините графички способности и ги направила овие преслатки шеќерни колачиња.rn„Започнав да печам и да правам колачи пред 5 години и тоа сосем случајно, за да видам дали можам да откријам како функционира филувањето на тортите. Оттогаш, мешам многу бои и многу накит и јас тоа го обожавам“, вели Холи.
rnПогледнете ја нејзината слатка галерија.rnrn
-

Талентирана уметница го претворила автомобилот на нејзиниот сопруг во вистинско ремек-дело со помош на перманентен маркер
Еден човек ја замолил својата сопруга, уметница, да покрие неколку гребаници на браникот од неговиот автомобил Nissan Skyline GT-R. Но, кога го видел нејзиниот неверојатен порив на креативност, решил да не ја запира сопругата и продолжил да гледа како нејзиниот уметнички ентузијазам си го прави своето. Освен тоа, среќниот сопственик на автомобилот тврдел дека и онака никогаш не му се допаѓала сивата боја на автомобилот.rnrn
rnrnОва ремек-дело кое ќе ве остави счудоневидени е резултат на 100 часа работа и 100 часа искажување креативност од страна на еден уметник. Сигурни сме дека автомобилот привлекува големо внимание по улиците. А ова е и одлична идеја за да се заштити од крадци, зар не?rnrnВо продолжение погледнете ги неверојатните шари со кои е украсен автомобилот, па којзнае, можеби ќе ве инспирира и вие да ја разбудите вашата креативна страна.rnrn -

Забавната страна на уметноста: Храна изработена од Лего коцки
Јапонскиот професионален артист кој користи Лего коцки за своите дела, по име Тари, ги примамува и привлекува погледите на многу корисници на популарните социјални мрежи како што се Твитер и Фликр со неговите интересни креации на храна. Тој исто така изработува и роботи и ликови од филмовите на „Војна на ѕвездите“, но храната е она што го прави Тари еден од ретките искусни професионални изработувачи на фигури со Лего коцки.rnrn
rnrnПостојат само 40 експерти во оваа професија во светот и секој од нив е рачно избран од компанијата Лего. Избраниците започнуваат како помошници и постепено се искачуваат на работната скала – процес кој обично трае со години.rn„Им велам на луѓето само да градат, градат и градат. Само продолжете да си играте со коцките. Немојте да правите куќа или вселенски брод. Направете го вашето домашно милениче. Семеен портрет. Одете чекор понатаму од она што луѓето обично го прават кога си играат со коцки. Бидејќи тоа е тоа што го правиме“ , вели Пол Чрзан, уште еден професионален изработувач на фигури со Лего коцки.
rn
-

20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе
Премногу креативните луѓе мислат и дејствуваат поинаку од просечниот човек. Ако околу себе имате ваква личност, сигурно сте искусиле моменти кога ви се чинело дека тие живеат во сосема поинаков свет од вас. Па, не сте се излажале. Вистината е дека тие го гледаат светот со поинакви очи, а во продолжение ви наведуваме 20 работи коишто треба да ги знаете за нив.rnrn
rn1. Нивниот ум никогаш не се изморува
rnКреативниот ум постојано е поткрепен со љубопитност, тука нема копче за пауза и иако понекогаш ова може да биде исцрпувачки, исто така може да биде извор на луди и забавни активности и разговори.rn
2. Ги предизвикуваат константните работи
rnДве прашања ги разликуваат креативните луѓе од другите: „Што ако?“ и „Зошто да не?“ Додека за другите околу нив ова може да биде непријатно, за креативните луѓе ова е прилика да откријат што се во можност тие да направат.rn
3. Ја прифаќаат својата генијалност, иако другите не го прават тоа
rnКреативните луѓе повеќе сакаат да бидат автентични, отколку популарни. Остануваат верни на себе, без компромиси, дури и ако бидат погрешно разбрани и маргинализирани од останатите.rn
4. Имаат проблеми со постојаното останување на една задача
rnПремногу креативните луѓе се полни со енергија и се подготвени да започнуваат нови работи. Постојаните проекти за нив претставуваат здодевност, пред сè поради тоа што нивното внимание повеќе е привлечено од нови и возбудливи работи.rnrn
rn5. Создаваат во циклуси
rnКреативноста има ритам којшто минува низ периоди од неколку активности, а секој период е потребен и не смее да се прескокнува, исто како и природните сезони коишто се меѓусебно зависни и неизбежни.rn
6. Ним им треба време да ги нахранат своите души
rnНа креативните луѓе честопати им е потребно да го обноват својот извор на инспирација, па затоа тие одвреме-навреме сакаат да остануваат сами.rn
7. Ним им треба простор за да создаваат
rnВистинската околина е од суштинско значење за да се достигне врвот на креативноста. За некого тоа може да биде одредено студио, кафуле или пак тивко место во куќата. Без разлика каде и да е тоа, потребно е да се почитуваат нивните барања и граници.rn
8. Се фокусираат интензивно
rnКреативните луѓе го игнорираат светот кога се фокусирани на работата. Тие не можат да се фокусираат на повеќе работи истовремено, а откако ќе бидат прекинати, ним им треба дваесет минути за повторно да се фокусираат на работата, дури и прекинот да траел само дваесет секунди.rnrn
rn9. Чувствуваат длабоко
rnКреативноста претставува начин на длабоко комуницирање и изразување. Еден писател мора да ѝ вика на една страница, ако сака да биде слушнат неговиот шепот. На ист начин, креативните луѓе мора да чувствуваат длабоко, ако сакаат да комуницираат длабоко.rn
10. Живеат на работ на радоста и депресијата
rnЗатоа што чувствуваат длабоко, креативните луѓе честопати може да се префрлат од радост во тага, па дури и во депресија. Нивното чувствително срце е извор на нивното страдање.rn
11. Мислат и зборуваат во приказни
rnКреативните луѓе, посебно уметниците, знаат дека приказните може да допрат до човечкото срце, па затоа сè што прават го претвораат во приказна. Ним им е потребно повеќе време за да објаснат нешто, но суштината не е во објаснувањето, туку во искуството.rn
12. Секојдневно се борат со отпорот
rnКреативните луѓе секое утро се будат со помислата дека треба да напредуваат. Но, секогаш постои стравот дека нема да успеат. Без разлика колку една личност е успешна, ваквиот страв никогаш не исчезнува.rnrn
rn13. Ја сфаќаат работата премногу лично
rnКреативната работа е одраз на личноста којашто ја создава. Затоа, честопати тие не се во можност да ја одвојат својата личност од работата.rn
14. Имаат потешкотии да веруваат во себеси
rnДури и навидум самоуверените креативни луѓе честопати се запрашуваат: „Дали сум доволно добар?“ Тие постојано ја споредуваат нивната работа со другите и не успеваат да го согледаат својот успех, иако тој може да е очигледен за останатите.rn
15. Тие се длабоко интуитивни
rnКреативните личности инстинктивно знаат како да реагираат во одредени ситуации. Тие ќе ви речат дека тоа не може да се разбере, туку само да се искуси.rn
16. Честопати одложуваат
rnТие честопати потсвесно, а понекогаш и намерно ја одложуваат својата работа до последниот момент, едноставно да им биде повозбудливо.rnrn
rn17. Тие се зависни од креативноста
rnКреативните луѓе се зависни од возбудата која доаѓа со создавањето нови нешта.rn
18. Имаат потешкотии со завршување на проектите
rnПочетната фаза на креативниот процес е брзото движење и искусувањето на возбудата. Честопати креативните луѓе ќе се откажат од проектите со коишто многу добро се запознаени, со цел да ја доживеат возбудата којашто ја носат новите почетоци.rn
19. Ги согледуваат работите подобро од другите
rnКреативните луѓе ги согледуваат работите уште пред да станат очигледни за другите.rn
20. Тие никогаш нема да пораснат
rnКреативните луѓе го спознаваат светот низ детски очи. За нив животот е вистинска мистерија и авантура.rnrn

-

10 хобија кои ќе ве направат посреќни
Повеќепати е научно докажано дека луѓето се посреќни доколку се занимаваат со некое хоби. Целта на избраното хоби е да ве направи поисполнети, покреативни, помотивирани и поинспирирани да ги извршувате секојдневните обврски од вашиот живот. Хобито на некој начин претставува бегство од макотрпниот реален свет и затоа од голема важност е да го изберете она во кое навистина ќе уживате. Ова се 10-те хобија кои важат за најголемите ослободувачи од стрес и депресија…rn
1. Свирење музички инструмент
rn
rnrnМузиката има драматичен ефект на нашето расположение и мисловните процеси кои се одвиваат во главата. Несомнено е дека на овој начин ќе го намалите стресот и анксиозноста, а деликатната координација потребна за да ги претворите нотите во прекрасна музика, ќе направи секојдневните борби во животот да ви доаѓаат природно.rn2. Читање книги
rn
rnrnНема ништо подобро од тоа да го поминете денот стуткани на вашето омилено место со добра книга. Книгите нудат одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања. Постои и име за среќата предизвикана од книгите – библиотерапија.rn3. Плетење
rn
rnrnПлетењето не е толку тешко како што изгледа откако ќе ги совладате почетните техники. Ритмичното тропкање на иглите е слично на музика и ќе се изненадите од тоа колку ги смирува нервите и опушта.rn4. Водење дневник
rn
rnrnВо денешно време луѓето попрво би споделиле кратка објава на Фејсбук за тоа што им се случило дента, отколку да го напишат тоа во дневник. На тој начин се губи од уметничката вредност на рефлексијата. Пишувањето рачно на хартија има терапевтско дејство и на тој начин многу е полесно грижите и проблемите да се претворат во можност за постигнување на целта.rn5. Грнчарство
rn
rnrnСигурно ви е позната романтичната сцена од филмот „Дух“ која одлично ја претставува моќта на грнчарството да ја разбуди вашата сензуална страна. Фактот дека од едно обично парче глина можете да направите прекрасни уметнички дела кои потоа ќе можете да ги искористите е неверојатен.rn6. Планинарење
rn
rnrnЗар има нешто поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа? Со секој чекор што ќе го направите, вашите мисли ќе се избиструваат и вие ќе бидете целосно релаксирани. Познато е дека секоја физичка активност ослободува ендорфини, а како последица на тоа вашето расположение значително ќе се подобри.rn7. Готвење
rn
rnrnБоите, мирисите, вкусот… Готвењето навистина ги активира сите ваши сетила. Освен тоа ви дава можност да бидете креативни и да создавате нови, вкусни задоволства со кои ќе можете да ги изненадите вашите најблиски.rn8. Гледање во ѕвездите
rn
rnrnОва хоби е лесно достапно, но е честопати потценето и ретко кој го практикува. Гледањето во ѕвездите ќе ви даде возвишено чувство на љубопитност и ќе ве поттикне да размислувате за суштината на нештата. Не ви треба никаква посебна опрема. Повеќето соѕвездија се видливи и со голо око.rn9. Градинарство
rn
rnrnБез разлика на тоа дали градината за која се грижите е голема и мала, физичките и емоционалните придобивки од ова хоби се многубројни. Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видите дека она што сте го негувале со сета ваша грижа и внимание, од обично семе ќе расцути во прекрасно растение.rn10. Уметност
rn
rnrnНема сомнеж дека постои нераскинлива врска помеѓу среќата и уметноста. Самото гледање во некое уметничко дело предизвикува чувство на еуфорија. Чинот на претворање апстрактна идеја во нешто конкретно предизвикува силно чувство на исполнетост и задоволство.rnrnИ покрај тоа што се чувствувате изморени од стресот и напорот предизвикани од брзиот начин на живот, не заборавајте да си посветите време на себе и личниот развој. Наместо да го поминете слободното време лежејќи пред телевизорот, направете нешто корисно, нешто што вистински ве исполнува и ќе видите како среќата ќе стане неминовен дел од вашето секојдневие.






























































