КАФЕ ПАУЗА

Tag: изолација

  • Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

    Нездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се дома

    Мислите дека сте безбедни од коронавирусот ако го поминувате времето во вашиот дом? Тоа би можело да биде точно, но само ако не ги практикувате овие нездрави навики.rnrnНездрави навики што луѓето ги практикуваат кога се домаrn

    1. Не се грижите за нередот околу вас

    rnСега кога вашиот дом стана истовремено и работно место, теретана и место за одмор и медитација, нередот на кој инаку не му обрнувавте внимание може негативно да влијае на вашето ментално здравје.rnrnПоради тоа, одвојте десет минути секоја вечер пред спиење за да ставите сè на своето место.rn

    2. Не чистите темелно

    rnМногу е важно да обрнете внимание на темелното чистење на површините бидејќи токму таму микробите и бактериите остануваат најдолго. Иако научниците сè уште го проучуваат Ковид-19, истражувањата откриле дека вирусот може да живее 72 часа на пластични површини и 4 часа на бакар.rnrnРаботните плочи во кујната, рачките на вратите, држачите на скалите и играчките се површини на кои вирусот може да живее со денови.rn

    3. Не ги менувате филтрите за воздух

    rnКвалитетот на воздухот е клучен за одржување на здравјето, особено сега кога поминувате поголем дел од времето во вашите домови. Ако често го користите клима-уредот без редовно да ги менувате филтрите, дозволувате воздухот исполнет со бактерии, микроорганизми, прашина и други загадувачи слободно да се движи низ вашиот дом. Тоа може да доведе до појава на симптоми како главоболка, замор, гадење, иритација на очите, носот и грлото.rn

    4. Не ги соблекувате чевлите кога влегувате во вашиот дом

    rnСоблекувањето на чевлите е корисна мерка на претпазливост за да избегнете ширење на микробите и на бактериите во вашиот дом.rnrnИстражувањето кое е спроведено од страна на Универзитетот во Аризона открило шокантни резултати. На чевлите што ги испитувале научниците, тие откриле дека во просек има 421.000 бактерии од надворешната страна на чевлите и 2.887 од внатрешната страна.rn

    5. Не ги кревате ролетните

    rnАко ролетните ви се постојано спуштени во текот на денот, време е да ја прекинете оваа нездрава навика. Сонцето е многу важно за вашата физичка и психичка благосостојба и го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Исто така, го намалува крвниот притисок и ви помага да имате поквалитетен сон.rn

    6. Не ги миете рацете откако ќе влезете во куќата

    rnНа овој начин го доведувате целото ваше семејство во опасност од ширење на вирусот или на други бактерии. Според центрите за контрола и спречување на болестите, миењето раце може да спречи околу 30% од заболувања поврзани со дијареја и околу 20% од респираторните инфекции. Затоа, миењето на рацете е важен фактор во борбата против ширењето на Ковид-19.rn

    7. Постојано користите мирисливи свеќи

    rnМирисливите свеќи се направени од парафински восок кој испушта токсини во воздухот.rnrnСвеќите што горат во затворен простор може да ослободат голем број токсични хемикалии, вклучително и ацеталдехид, формалдехид, акролеин и други штетни материи.rn

    8. Не се поместувате од каучот

    rnСамоизолацијата звучи како голем изговор за да ги изгледате сите пропуштени серии на Нетфликс и да ги прегледате сите репризи. Сепак, лежењето на каучот со часови може да влијае на вашето ментално здравје.rnrnТреба да знаете дека постои поголем ризик за развој на депресивни симптоми кај луѓето кои поминуваат повеќе од шест часа на ден гледајќи телевизија или користејќи компјутер.rnrnПогледнете кои 7 навики ја продолжуваат младоста.

  • Сигурно ќе се препознаете: 11 видови луѓе во карантин и нивните смешни описи

    Сигурно ќе се препознаете: 11 видови луѓе во карантин и нивните смешни описи

    Поминаа многу денови од затворањето на кафулињата, на рестораните и на другите места за дружење, а со моменталната состојба излегоа на површина некои нови особини кај луѓето. Луѓето за кои мислевте дека знаете сè или луѓето за кои мислевте дека се сосема различни, сега станаа нешто сосема ново. Сега, околу вас има луѓе кои знаат сè, паничари, мајстори, оние кои не престануваат да чистат, оние кои неуморно работат, оние кои го користат времето во карантин за да откријат некои сосема нови таленти итн. Во продолжение прочитајте кои се најчестите видови луѓе во карантин, па можеби ќе препознаете барем едно лице од вашето опкружување, а можеби ќе се препознаете и вие самите.rnrnСигурно ќе се препознаете: 11 видови луѓе во карантин и нивните смешни описиrn

    1. Доверливи информации

    rnСигурно познавате личност чиј кум на сестрата на тетката има пријател чиј пријател е на многу висока позиција. Таа прва ги дознава информациите и ги споделува само со вас затоа што ви посакува добро.rn

    2. Шири паника

    rnСè е теорија на заговор. Ситуацијата е секогаш полоша отколку што изгледа и таа е онаа личност што ќе ве освести. Можеби сето тоа е виртуелна реалност и вие веќе сте зомби на кое му ја избришале меморијата.rn

    3. Шири љубов

    rnИспраќа виртуелни прегратки. Вибрира на фреквенцијата на среќата. Оваа личности би го прегрнала и самиот вирус затоа што мора да му недостасува љубов, па затоа е лош. Не обвинувајте ја. Ако не шири љубов, фрла оган.rn

    4. Опседнат со забави

    rnОваа личност присилно ги поканува пријателите да пијат сами дома и да се забавуваат. Но, во живо. Викањето погласно од музиката, наздравувањето преку камера и дотерувањето се неизбежни.rn

    5. Шеф на кујна

    rnВистинско време да се фотографираат сите дневни оброци. Ако е добро расположена, оваа личност ќе ви го даде и рецептот бесплатно. Деновиве, „мајсторите“ споделуваат рецепт за леб. Измешајте брашно, вода и сол. Испечете во рерна. Фотографирате, додајте неколку ефекти и ете го најубавиот леб.rn

    6. „Хејтер“

    rnТој го користи своето слободно време, што и инаку го има во изобилство, за истражување што не чини кај другите. Најквалитетните примери можете да ги најдете на Твитер.rn

    7. Мрзливец

    rnТие се покажаа како херои. Додека другите се бунат дека се затворени, мрзливите луѓе уживаат. Можеби не се ни свесни што се случува затоа што не сакаат да гледаат вести.rn

    8. Чистопатна

    rnКваките се дезинфицираат веднаш штом ќе се допрат, прозорците се исчистени веќе петпати, сè е дезинфицирано. Проблемот е во тоа што работите не се валкаат и наскоро ќе нема што да се чисти. Но, можеби една бања со асепсол ќе го намали стресот. А, вие се грижите таму за некое брашно.rn

    9. Хобихоличар

    rnСето ова добро му дојде. Конечно има време за сите свои хобија. Не размислува да ги претвори во бизнис затоа што тоа не е хоби ако некој ве плати за тоа што сакате да го правите.rn

    10. Вежбач

    rnМоже да го извадите од теретана, но не можете да ја извадите теретаната од него. Очекувајте многу пот, совети и протеинска исхрана.rn

    11. Хипоходрик

    rnТој има корона трипати на ден. Другите заболувања чекаат трпеливо бидејќи ова се петте минути на короната.rnrnПрочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.

  • Секое дете мора да ги има овие 26 работи додека е во изолација

    Секое дете мора да ги има овие 26 работи додека е во изолација

    Ако сте загрижени дали вашите деца имаат сè што им е потребно во овој тежок период, проверете го овој список.rnrnСекое дете мора да ги има овие 26 работи додека е во изолацијаrn

    1. Поддршка

    rnПонекогаш само еден збор за поддршка во вистински момент може да му го промени животот на детето. Затоа, трудете се да му покажете на детето дека сте тука за него и честопати потсетувајте го на тоа.rn

    2. Прегратки и бакнежи

    rnДецата никогаш не се премногу големи за да им покажете дека ги сакате со прегратка и со бакнеж.rn

    3. Заеднички оброци

    rnЗаедничките оброци се идеална можност за семејно дружење, така што може да се каже дека ако семејството не јаде заедно, тогаш и не расте заедно.rn

    4. Чувство за хумор

    rnСмејте се со вашите деца секој ден. За ваше и за нивно добро.rn

    5. Способност да ја видат убавината

    rnПомогнете им на вашите деца да најдат нешто убаво во сè што ќе видат и во сите што ќе ги сретнат.rn

    6. Можност за грешка

    rnДецата се само деца и затоа се многу забавни, но понекогаш и напорни. Дозволете им да експериментираат, да истражуваат и да прават грешки.rn

    7. Стабилност

    rnСтабилен дом е темелот врз кој децата го градат целиот свој живот. Децата треба да го знаат своето место во семејството, кому може да веруваат и на кого може да се потпрат.rn

    8. Желба да постигнат големи работи во животот

    rnОхрабрете ги децата да имаат големи соништа. На тој начин, тие ќе постигнат повеќе отколку што мислеле дека можат.rn

    9. Време

    rnВремето е подарок што никогаш не можете да го вратите. Затоа, размислете внимателно кому ќе му го подарите своето време.rn

    10. Внимание

    rnМожеби мислите дека ова се подразбира, но размислете дали правите и нешто друго додека му посветувате внимание на вашето дете.rn

    11. Благодарност за сè што имаат

    rnЖелбата за повеќе работи е заразна. Затоа, еден од најдобрите подароци што можете да им го дадете на вашите деца е да ги научите да бидат задоволни со тоа што го имаат.rn

    12. Љубопитност

    rnНаучете ги вашите деца да прашуваат кој, што, каде, кога, како и зошто. Ниту еден родител не смее да им рече на децата да престанат да поставуваат толку многу прашања.rn

    13. Одлучност

    rnЕден од главните фактори за успех е волјата.rn

    14. Дисциплина

    rnДецата треба да научат како да се однесуваат, како да се сложуваат со другите, како да ги исполнат своите желби и да постигнат резултати. Дисциплината не треба да се избегнува, само треба да биде позитивна.rn

    15. Охрабрување

    rnЗборовите се моќни. Тие можат да создадат, но и да уништат. Зборовите што им ги кажувате на вашите деца може да ги поттикнат да имаат позитивен став. Но, вашите зборови може да ги направат тажни и очајни. Затоа, внимателно избирајте ги своите зборови.rn

    16. Дарежливост

    rnНаучете ги вашите деца да ги споделат своите работи со другите така што ќе видат како вие го правите тоа.rn

    17. Духовност

    rnБи било добро да ги научите децата дека се нешто повеќе од само крв и месо. Тие исто така имаат ум, срце, душа и волја, па затоа одлуките што ги носат во животот треба да се засноваат на нешто подлабоко.rn

    18. Чесност и интегритет

    rnДецата кои ја учат важноста на чесноста во детството подоцна стануваат чесни луѓе. Чесните луѓе се вреднуваат повеќе, уживаат во животот и спијат мирно.rn

    19. Надеж

    rnНадежта е верба дека работите ќе се подобрат. Тоа им дава на луѓето сила, издржливост и одлучност.rn

    20. Природа

    rnДецата кои учат да го ценат светот околу нив знаат и да се грижат за него. Веројатно често им кажувате на децата дека треба да ја исчистат својата соба, да бидат уредни и чисти. Но, треба да ги научите да го одржуваат убав и чист светот што е надвор од вашиот дом.rn

    21. Оптимизам

    rnПесимистите не го менуваат светот. Оптимистите го менуваат.rn

    22. Уникатност

    rnТоа што ве прави различни, ве прави посебни. Уникатноста не треба да се крие, туку гордо да му се покаже на светот.rn

    23. Вашето крило

    rnТоа е најдоброто место во светот за читање книга, приказна или разговор.rn

    24. Топол дом

    rnДа знае дека секогаш може да се врати во топол дом може да биде голема утеха за детето за време на тешките периоди во животот. Потрудете се да му го обезбедите тоа.rn

    25. Верност кон партнерот

    rnВерноста не е само физичка работа. Бидете покрај вашиот партнер со умот, со срцето и со душата. Немојте да мислите дека вашето дете не забележува такви работи.rn

    26. Љубов

    rnНајдобриот подарок што можете да му го дадете на детето.rnrnПогледнете ги овие 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст, а сè што ви треба имате дома.

  • 30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин

    30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин

    Фотографот Адас Василијаускас од Литванија одлучил да ви покаже како изгледа социјалната дистанцираност и како се забавуваат луѓето додека се во карантин. Целта на неговиот проект и на овие смешни фотографии направени со дрон е да да ви го разубават денот и да ви покажат дека и седењето дома во карантин може да биде забавно.rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrn30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • 4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

    4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

    Во сите врски, без разлика дали се романтични, професионални, семејни или финансиски, може да чувствувате огорченост, иритација или нетолеранција кон некого. Ако поминете години бегајќи од тоа, ќе забележите дека вашата лутина влијае врз вашето здравје. Лутината и огорченоста предизвикуваат проблеми како прејадување или алкохолизам, а вознемиреноста влијае на вашето размислување, создава дигестивни проблеми и предизвикува несоница. Порано или подоцна, ќе треба да разговарате за некој проблем што го имате со некого, па најдобро е да ги користите овие чекори за справување со напнатите односи и разговори на работа или дома.rnrn4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолацијаrn

    1. Кажете ги вашите намери

    rnСите луѓе имаат различни намери и гледаат различни можности во секоја ситуација. Разликите се добредојдени затоа што забележувањето на разликите помага да се избегнат понатамошните проблеми.rnrnКога ги споделувате вашите намери со некого, нагласувате што е навистина важно за вас.rn

    2. Споделете го тоа што ве загрижува

    rnОвој дел од разговорот служи за да ги искажете сите грижи и стравови и е најлесниот дел за многумина затоа што мозокот честопати бара проблеми и се фокусира на сè што може да тргне наопаку. Со искажување на вашите најголеми стравови, вие им ја одземате силата и полека ги отстранувате.rn

    3. Воспоставете граници

    rnГраниците се линија што не треба да ја преминете или линија што другата страна не смее да ја премине. Запомнете, не мора да добивате сè што ќе посакате, но на овој начин може јасно да ги решите старите несогласувања и да ги избегнете идните проблеми.rnrnАко сега сте во изолација со некого, границите може да бидат: „Сакам да вежбам на терасата секое утро“ или „Кога имам слушалки, тоа значи дека не сакам да ме вознемирувате“.rn

    4. Споделете ги вашите желби

    rnВо моментов можеби сонувате сите да излезете од оваа состојба здрави, среќни, па дури и уште повеќе поврзани, додека некој друг можеби има сосема различни желби и соништа и е повеќе загрижен за нешто друго. Сепак, кога сето ова ќе заврши, ќе се гордеете ако сте се поддржувале едни со други во овие стресни времиња. На крајот, ќе се чувствувате посилни, поотпорни и среќни што сите се добро.rnrnПрочитајте како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.

  • 3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

    3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолација

    Деновиве сите сме присилени да поминуваме повеќе време дома, а совршен начин за времето да помине побрзо е да читате книги, особено оние што може да ви помогнат да гледате на осаменоста на малку попозитивен начин. Благодарение на дигиталниот свет, сега ви се достапни многубројни изданија на наслови што се совршени за моменталната состојба, а овие три книги ќе ви помогнат ако сте во самоизолација.rn

    1. „Мали огнови насекаде“ (Little Fires Everywhere) – Селест Инг

    rn3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолацијаrnrnКнигата според која е снимена серијата со Рис Витерспун и Кери Вашингтон е уште едно достигнување на Селести Инг која си поигрува со нашите предрасуди за осаменоста. Интригантната приказна за Миа Ворен, која се преселила со својата ќерка во совршено уреден американски град, доведува до растечка тензија и недоверба од страна на нејзиниот сосед. Миа, која живее во самонаметната изолација со нејзината ќерка Перл, е олицетворение на жена која ја користи својата осаменост како одбранбен механизам.rn

    2. „Лутање – Историја на одењето“ (Wanderlust – History of walking) – Ребека Солнит

    rn3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолацијаrnrnПреку истражување на историјата на одењето како навика, терапија и протест, авторот одредува што е важно за нашата психа и што е неопходно за благосостојбата на општеството во 21-иот век. Размислувајќи за чинот на одење во различни периоди на човечкото постоење, Солнит ја гради тезата дека одењето е креативна активност со цел да се чувствувате слободни.rn

    3. „Самотија: Во потрага по единствен живот во пренатрупаниот свет“ (Solitude: In Pursuit of a Singular Life in a Crowded World) – Мајкл Харис

    rn3 книги за осаменоста што ќе ви помогнат ако сте во самоизолацијаrnrnВерувале или не, Мајкл Харис ќе ви докаже дека можете да преживеете без Интернет. Преку збирката есеи која е спој на анегдоти и на истражувачки трудови, авторот постепено го запознава читателот со парадоксот на нашето време – сите сме поврзани, а чувството на отуѓеност никогаш не било поголемо.rnrnОд приказната за појавата на Интернетот и технолошките достигнувања што допрва треба да дојдат, до самонаметнатата изолација за време на која авторот навистина се соочува со тоа што значи да се биде сам, оваа книга сериозно ќе ве заинтригира.rnrnПрочитајте некоја од 12-те најдобри книги на сите времиња.

  • 7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

    7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

    Поважно од кога било во овој момент е да пронајдете начин да го откриете значењето на релациите со другите луѓе. Оние кои се дома, може да се чувствуваат отуѓено, досадно, па дури и напнато. Ние сме социјални суштества по природа и сакаме да се поврземе со другите и да почувствуваме дека правиме нешто важно. Но, како да го сториме тоа за време на пандемија? Ние најдовме некои интересни идеи, па ајде да видиме дали можеме да го искористиме максимумот од оваа неповолна ситуација и да најдеме начин да бидеме креативни и да си овозможиме личен раст.rnrn7 начини да се извлече максимум од останувањето домаrn

    1. Започнете некаков проект

    rnБез разлика дали сте сами или со другите членови од семејството, започнувањето на проект може да биде одличен начин ефикасно да го искористите вашето време! Проектот може да биде уметнички, па да се зафатите со пишување на вашите мемоари. Доколку ова е ваша област, обидете се и со:rn

      rn 011

    • Боење
    • rn 011

    • Сликање
    • rn 011

    • Плетење/Везење
    • rn 011

    • Изработка на филиграни
    • rn 011

    • Работа на фото-албум преку Интернет
    • rn 011

    • Пишување роман
    • rn 011

    • Редење/Чистење
    • rn 011

    • Готвење
    • rn 011

    • Читање книгата која не сте ја дочитале
    • rn 011

    • Снимање домашни видеа и пеење
    • rn 011

    • Обидете се со DIY проект
    • rn 011

    • Испланирајте нешто за во иднина – можеби одмор, дневно патување, па дури и забавна вечера
    • rn 011

    • Направете книга „Тоа сум јас“ со вашето дете
    • rn

    rnЗапочнувањето и работата на проект може да биде одличен начин за да го пополните вашето време и да се чувствувате исполнето. Проверете дали можете да ги насочите вашите мисли кон нешто возбудливо. Ако имате деца, вклучете ги и нив и видете колку креативни можете да бидете!rn

    2. Поврзете се со другите

    rnТоа што не можете непосредно да комуницирате со другите луѓе во моментов, не значи дека не можете да се поврзете на друг начин со нив. Најпрво, напишете 10 луѓе со кои би сакале да се поврзете. Тоа може да бидат старите пријатели, семејство, или едноставно луѓето кои се важни за вас. Јавете им се! Напишете им порака! Направете видео повик! Вие изберете, само исконтактирајте ги.rnrnДоколку сакате, можете на пријателите да им напишете писмо или електорнска пошта и да споделите со нив како се чувствувате. Тоа е одличен начин да ја „нахраните“ својата душа и да внесете малку радост за себе и за другите.rn

    3. Научете нешто ново

    rnКога сте постојано дома тоа може да ви биде голема шанста да научите нешто ново! Дали имате било какво прашање кое сакате да го одговорите? Сакате да дознаете повеќе од областа на науката, историјата или како се изработуваат некои работи? Ова е вашата шанса да научите! Интернетот може да ве изненади и таму можете да најдете дури и бесплатни часови.rnrnМожеби сакате да нучите повеќе за луѓето во вашето семејство. Ова е одлично време да поставите прашања и да дознаете повеќе за нив. Постојат многу ресурси на Интернет кои ќе ви помагнат да го подобрите начинот на комуникација.rnrn7 начини да се извлече максимум од останувањето домаrn

    4. Работете на себе

    rnНавистина е важно да не заборавите на себе и своите потреби во вакво време. Многу е важно да имате доволно време за грижа за себе. Овие идеи ќе варираат од личност до личност, но споделуваме неколку начини како да го унапредите вашиот секојдневен живот. На пример, вие би можеле:rn

      rn 011

    • Да вдишете длабоко
    • rn 011

    • Да мислете на нешто забавно
    • rn 011

    • Да вежбајте јога
    • rn 011

    • Да имате долги бањи
    • rn 011

    • Да направете нешто добро за себе
    • rn 011

    • Да користете апликација за забава
    • rn 011

    • Да гледате фотографии од животни
    • rn 011

    • Да гледате смешни видеа
    • rn 011

    • Да се напиете кафе/чај
    • rn 011

    • Да си најдете милениче
    • rn 011

    • Да ги искажете чувствата кон некого
    • rn 011

    • Да ги запишувате вашите мисли
    • rn 011

    • Да свирите некој инструмент
    • rn 011

    • Да изброите до 100
    • rn 011

    • Да читате инспиративни цитати
    • rn 011

    • Да се насмевнете во огледалото
    • rn 011

    • Да напишете песна
    • rn 011

    • Да слушате музика
    • rn

    rn

    5. Направете распоред

    rnСамо затоа што сте постојано дома, не значи дека треба да престанете да живеете според веќе утврдениот распоред. Ова е особено важно доколку имате деца. Напредок се постигнува кога се знае што да се очекува. Затоа, подгответе си распоред за да имате чувство на конзистентност и нормалност.rn

    6. Ограничете ги социјалните медиуми

    rnОсвен за гледање на слатки кутриња или беби-животни, обидете се да ја ограничите употребата на социјалните медиуми. „Бомбардирањето“ со вести може да биде огромно и да предизвика вознемиреност. Ограничен внес на информации може значително да му помогне на вашето расположение.rn

    7. Најдете начин како да се смирите

    rnАко се чувствувате презаситени поради постојана вознемиреност, грижа и страв, ве молиме разберете дека вашите чувства се оправдани и нормални. Има многу непознати нешта што се случуваат во моментов, па природен одговор на вашето тело е да пронајде начин како да преживее. Сепак, ова нема многу да ви помогне. Ако се почувствувате анксиозно, обидете се да се смирите правејќи го следново:rn

      rn 011

    1. 1.Забележете какви чувства имате и забалежете ги различните одговори од вашето тело. На пример, забележувам дека сум нервозна и ме стегаат градите;
    2. rn 011

    3. Забележете 5 работи кои ги гледате и именувајте ги гласно;
    4. rn 011

    5. Изберете предмет и забележете какво чувство тој ви буди додека е во вашата рака. Дали е груб или мазен? Тежок или лесен? Каква боја е?;
    6. rn 011

    7. Забележете три работи кои можете да ги слушнете во моментот;
    8. rn 011

    9. Помирисајте нешто што е во ваша близина ( свеќа, коса, лосион…);
    10. rn 011

    11. Бидете присутни овде и сега.
    12. rn

    rnДоколку сте сè уште вознемирени, слободно направете го ова повторно. Побарајте некој да ве води низ процесот доколку ви е потребна дополнителна поддршка. Чувството на смиреност предизвикува и чувство на удобност и можност за донесување поефикасни одлуки.rnrnЗапомнете: Сите сме заедно во ова. Колку и да сме вознемирени, секогаш имаме избор како да одговориме на вознемиреноста. Не заборавајте да бидете љубезни кон себе и кон другите. Ова е тешко време.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?rn

  • Како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Додека експертите од сите страни апелираат да останете дома, прочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација?rn

    1. Овен

    rnОвенот ќе купи сè за себе, но не премногу, туку само колку да не се грижи дали има доволно. Најважно е да биде безбеден и да не мора да излегува надвор за сè што му недостасува. Затоа, тој прави посебен список за себе, иако живее со семејството.rnrnСепак, тој треба навистина да размисли колку работи му се потребни затоа што може да се случи да потроши сè што има прилично брзо. Но, ако некој е подготвен во оваа ситуација, тоа е дефинитивно Овенот. Ако го замолите да ви покаже што подготвил за карантинот, тој едвај чека да видите како се подготвил.rn

    2. Бик

    rnБикот не планира да ја напушти својата куќа непотребно, но тој може да остане во изолација само ако има храна.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак понекогаш избираат да одморат и да не се гледаат со другите луѓе затоа што тоа им е исцрпувачко. Ним им е доволно да имаат храна за еден месец, само да не бидат гладни.rnrnЗа време на изолацијата, овие личности може повторно да гледаат некоја серија од првата сезона, а тоа ќе ги направи многу среќни.rn

    3. Близнаци

    rnПостојат два вида Близнаци. Едните ги уредуваат книгите и весниците на различни начини: она што треба да се прочита, она што е прочитано, според боите и големината.rnrnДругите без престан разговараат по телефон со сите затоа што изолацијата мора да помине некако, а вака ќе помине најбрзо. Овие личности им се јавуваат на сите пријатели и роднини со кои не се слушнале долго време затоа што мислат дека сега е време за тоа.rn

    4. Рак

    rnВо домот на Ракот може да настане паника само ако нешто недостасува. Но, тоа нема да се случи затоа што тој е подготвен за секоја ситуација.rnrnТој ќе ги покани сите роднини во својот дом за да не му биде здодевно.rnrnСветот на Ракот сега е во кујната и во креветот и тој сака да ужива во сето она што го обезбедил. Удобноста на домот е негов приоритет во секоја ситуација и тој ќе ви ги даде најдобрите совети што да правите дома кога веќе немате идеи.rn

    5. Лав

    rnЛавот сака да се изолира иако тоа му е тешко, но тој навистина се грижи за себе затоа што најмногу се сака себеси. Секако, секогаш ќе има некој што ќе дојде во неговиот дом мислејќи дека е време за забава, а не за карантин.rnrnНа Лавот не му е лесно, но тој мора да се откаже од вниманието на другите луѓе. Меѓутоа, сигурно ќе објавува на социјалните мрежи сè што му се случува во текот на денот.rn

    6. Девица

    rnДевицата сигурно набавила асепсол, алкохол и маски. Таа не го набавила сето тоа сега, туку пред неколку месеци.rnrnДевицата е подготвена на сè, на секоја ситуација за која никој не е подготвен. Исто така, таа знае каде да најдете сè што ви недостасува.rn

    7. Вага

    rnНа Вагата и е важно да не е сама бидејќи таа не може да издржи да биде изолирана. Но, ако веќе мора да биде во изолација, таа многу лесно ќе најде што да прави.rnrnАко има партнер, тогаш тој ќе стори сè што може за неа затоа што таа веќе направила список. Сепак, Вагата не отстапува од своите правила, од грижата, од шминката и од дотерувањето, дури и кога никој не ја гледа.rn

    8. Скорпија

    rnСкорпијата е подготвена за сè, но психички. На припадниците на овој хороскопски знак не им треба ништо, бидејќи каде и да ги оставите, тие ќе се снајдат. Тие лесно ја прифаќаат изолацијата и се подготвени на тоа, а кога треба да дојдат непосакувани гости, овие личности нема да одговорат на повиците или нема да ја отворат вратата.rnrnСкорпијата знае што може да се случи во светот и знае дека е подобро да остане во својот дом. Тоа е причината зошто таа лесно ја поднесува изолацијата, а за тоа време ќе може да ја среди куќата како што замислувала без некој да ѝ пречи.rn

    9. Стрелец

    rnСтрелецот многу лесно го испланирал својот процес на изолација. Што се однесува до него, ова е заслужен одмор на кој ќе работи за подоцна да може да патува. Тој ќе ги испланира сите патувања.rnrnСтрелецот лесно ја поднесува изолацијата само ако има работи што ќе го забавуваат: Интернет, книги, домашен велосипед – тоа му е доволно за да ужива, без разлика дали е сам или со некој друг.rnrnПокрај него, никому не му е тешко затоа што тој ги расположува сите, па ако сте во изолација со него, времето ќе ви помине многу брзо.rn

    10. Јарец

    rnЈарецот сфаќа сè сериозно, дури и изолацијата. Тој ќе направи план за работа, како ништо да не се случува и ништо не смее да отстапува од распоредот.rnrnАко работи, Јарецот ќе ја поднесе изолацијата многу полесно затоа што така нема да му биде здодевно. Ако не работи, тогаш ќе среди некои работи во куќата што ги одложува со години, затоа што кога ќе го направи тоа ако не сега.rn

    11. Водолија

    rnВодолијата сака да биде сама, но во исто време сака и да се дружи ако има време. Бидејќи сега ќе има многу време, ќе ѝ недостасуваат пријателите, но таа може да организира кафе со некого преку Интернет.rnrnТаа сега ќе разработи некои идеи што ги има за работата и подоцна ќе ги спроведе на дело.rnrnСепак, повеќето Водолии работат од дома или можат да работат преку Интернет, така што нема да имаат многу промени како останатите. Овие личности не сакаат забрани, но откако ќе ги прифатат, времето ќе помине побрзо.rn

    12. Риби

    rnРибите сакаат да се дружат, но не постојано, туку само кога ним им одговара. Тие ќе се погрижат сите да имаат храна и лекови, па ако може да помогнат, ќе бидат дел од волонтерските тимови.rnrnРибите нема да покажуваат загриженост затоа што знаат дека тоа нема никому да му помогне. Тие лесно ќе ја поминат изолацијата ако пронајдат добри серии, филмови, ако слушаат музика или ако цртаат.rnrnПрочитајте како се однесуваат хороскопските знаци и кој паничи, а кој не се грижи кога ќе почувствува некакви симптоми.

  • Дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?

    Дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?

    Како што се шири пандемијата на коронавирусот, сè повеќе луѓе практикуваат социјална дистанца и остануваат изолирани дома колку што е можно повеќе за да спречат ширење на КОВИД-19. Според експертите, иако социјалната дистанца е неверојатно моќна алатка за заштита на јавното здравје и за намалување на бројот на луѓе заразени со коронавирус, во вакви случаи постои ризик од зголемување на бројот на случаи на семејно насилство.rnrnДали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?rnrnМногу луѓе имаат ниски примања и заработуваат само колку да си обезбедат пристоен живот. Но, сега се затвораат компании и училиштата и целиот свет ќе го почувствува економскиот удар, а сето тоа претставува закана за овие луѓе. Многу луѓе веќе се загрижени како ќе ја платат киријата или како ќе ги купат потребните намирници затоа што компаниите започнаа со отпуштања. Други, пак, се прашуваат што ќе прават ако се заразат со новиот вирус, затоа што тие и нивните деца ќе паднат во рацете на насилниот партнер.rn

    „Злоупотребата значи моќ и контрола“, вели раководителот за развој и маркетинг во Националната телефонска линија за семејно насилство. „Насилникот ќе ја искористи секоја ситуација за да добие поголема моќ – вклучувајќи ја и сегашната со КОВИД-19.“

    rnСветската здравствена организација (СЗО) забележува постојан пораст на бројот на случаи на интерперсонално насилство по секоја природна непогода. Откако ураганот Марија го погоди Порторико во 2017 година, една организација забележала зголемување на барањата за поддршка за 62%. Истото важеше и по ураганот Катрина во 2005 година во Њу Орлеанс и по ураганот Флојд во Северна Каролина во 1999 година. Без разлика каде и кога ќе се случи некоја голема катастрофа, потоа следува зголемување на бројот на пријавени случаи на семејно насилство.rn

    „Причината за порастот на семејното насилство е тоа што луѓето се поизолирани по секоја природна непогода, а изолацијата е една од најмоќните алатки што се користи за контрола на жртвите. Сето ова би можело да ги влоши работите бидејќи насилникот продолжува да ве контролира, да ве следи и да ве изолира од потребната поддршка“, вели Стар, нагласувајќи дека социјалната дистанца нема да направи насилник од некој што досега не се однесувал насилно.

    rnДодека се во карантин, луѓето се многу почесто во непосредна близина со насилникот. Вообичаените работи што луѓето ги прават за да се оддалечат од насилникот, како што се одењето на работа, посетувањето на семејството и средбите со пријателите, во вакви кризни ситуации е невозможно да се прават. Луѓето честопати остануваат со насилниот партнер затоа што не можат финансиски да се издржуваат себеси или децата, па намалувањето на платата или губењето на работното место поради настанатата ситуација со КОВИД-19 може само да ја влоши состојбата во која се наоѓаат овие личности.rn

    „Кога семејствата се заедно 24/7, вообичаените стратегии што луѓето ги користат за да стигнат до помош или да направат план за излез обично пропаѓаат во вода“, вели Крински.

    rnМногу насилни партнери може да се обидат да шират дезинформации, кажувајќи им на жртвите дека нивниот град е целосно под карантин и кога всушност не е така, сè со цел да се обидат да го спречат партнерот да има пристап до ресурсите што може да му помогнат.rn

    „Многу луѓе се трудат да им бидат поддршка на членовите на своето семејство и на своите пријатели, колеги или соседи. Тоа не мора да се менува кога луѓето се изолирани“, вели Стар. „Пријателите и членовите на семејството ќе бидат првите што ќе бидат покрај вас откако ќе помине оваа криза.“

    rnВо денешно време, пријавувањето на семејното насилство е полесно од кога и да е бидејќи со луѓето на кои им верувате може да разговарате преку телефон или преку Интернет. Јавете им се на вашите пријатели бидејќи вие можете да бидете потенцијалиот спас на жртвите на семејно насилство.rnrnПогледнете кој скриен знак ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство.

  • Прекрасни фотографии од луѓе кои ја напуштиле цивилизацијата

    Прекрасни фотографии од луѓе кои ја напуштиле цивилизацијата

    Некои луѓе „бегаат“ во природата за време на викенди, или ако имаат среќа дури и неколку пати неделно. Други одлучуваат да живеат во дивината во изолација. Настрана од населените места и од модерното општество, тие ја имаат слободата да мислат за себе и да го живеат животот онака како што сакаат.rnrn(1)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrnОва е фокусот на рускиот фотограф Данила Таченко која ја направил оваа серија фотографии наречена „Бегство“. Таченко одел низ руската и украинската дивина за да ги сретне овие луѓе и да го забележи нивниот уникатен стил на живеење. Невозможно е да ги гледате фотографиите и да не размислите за влијанието на општеството. Ако семејството, медиумите и религиските институции не ви кажале што да мислите, како да се однесувате и во што да верувате, каква личност ќе бевте денес?rnrn(2)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrnСамиот Таченко си го поставил истото прашање и рекол:rn

    „Училиште, работа, семејство – штом ќе влезете во овој циклус, вие сте затвореник на вашата позиција. Треба да бидете прагматични и силни, или да станете лудак. Како да останете вие сред сето ова?“

    rn(3)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrn(4)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrn(5)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrn(6)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrn(7)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrn(8)prekrasni-fotografii-od-lugje-koi-ja-napushtile-civilizacijata-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn