КАФЕ ПАУЗА

Tag: изолација

  • Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

    Не дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогаш

    Животот е низа од настани. Запаметете ја оваа реченица. Прочитајте ја уште еднаш: Животот е низа од настани. Кажете си ја во себе неколку пати. Сега кога таа е запечатена во вашата глава, одговорете на следново прашање: Зошто дозволувате еден настан да ве трауматизира толку многу?rnrnНе дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогашrnrnТолку многу луѓе се чувствуваат очајно и мислат дека никогаш нема да им заздрави раната предизвикана од болното раскинување. Некои живеат изолирани, сами, во депресија по неколку години само затоа што една работа во животот им тргнала наопаку. На пример, замислете си маж кој се обидел да ѝ пристапи на некоја жена. Од некоја причина таа не била заинтересирана и нормално е дека тој се почувствувал лошо. Сега тој тврди дека никогаш повеќе нема да се обиде да разговара со некоја жена затоа што тоа не функционира.rnrnИстото сценарио важи и за жените. Се обидела да флертува со некој маж, тој од некоја причина не бил заинтересиран и сега таа е убедена дека не е доволно привлечна и дека никогаш нема да најде љубов.rnrnЛуѓето се отвораат емоционално еднаш или два пати во животот, нешто тргнува наопаку и одеднаш тие решаваат да останат затворени и ладни до крајот на нивниот живот. Решаваат дека никогаш повеќе нема да си дозволат да бидат ранливи. Само поради еден единствен настан.rnrnНо, еден настан не значи ништо. Секој ден ни се случуваат еден куп настани. Секој ден се движиме напред на различни начини. Ако дозволувате да бидете трауматизирани поради еден настан, се затворате и му велите на универзумот дека не вредите за ништо. Преферирате да немате ништо бидејќи тоа значи дека не морате да се изложите на ризикот од уште еден неуспех и разочарување. Но, тоа е најлошиот начин на живот.rnrnНе дозволувајте едно кршење на срцето да ве уништи засекогашrnrnСтанува збор за само еден неуспех. Животот е низа од неуспеси и настани. Тој е низа од убави и лоши времиња. Продолжете понатаму. Ако животот ни даваше сѐ што ќе посакаме секој ден, сите на светот би биле богати, здрави и во врска со саканата личност. Не би постоеле сиромаштија, криминал и скршени срца. Но, животот не функционира на тој начин.rnrnСилните луѓе ги сметаат неуспесите за еден момент од целото време што го имаат. Слабите луѓе ги сметаат за најтрауматичниот момент од нивниот живот. Ако гледате така на животот, во вас ќе почне да се раѓа стравот кој и понатаму ќе расте сѐ повеќе и повеќе. Кога дозволувате еден настан да ве дефинира како личност, практично велите дека повеќе би сакале да живеете во страв, истрауматизирани и сами.rnrnКако се чувствувате кога сте сами? Како се чувствувате кога живеете на вашиот мал остров изолиран од човештвото? Како се чувствувате таму сами со никој друг освен вашите негативни мисли кои ви прават друштво? Емотивно се затворате од светот за никој да не ве повреди. Но, ако останете емотивно затворени, никој нема ни да ве сака.rnrnВреме е да се ослободите од стравот. Време е да заборавите на настанот кој ве враќа назад во минатото. Време е да ја прифатите вашата ранливост. Ранливоста прави да се чувствувате живи. Ранливоста ќе ви помогне да најдете љубов.

  • 5 проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓе

    5 проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓе

    Паметните луѓе кои се одликуваат со висока интелигенција обично се соочуваат со завист од околината. Тие секогаш имале највисоки оценки на училиште и на факултет, добро се снаоѓаат на работните места, се чини дека со леснотија доаѓаат до решение на секој проблем… Но, пред да почнете да се споредувате со некоја таква личност од вашата поблиска околина, затоа што мислите дека тој или таа секогаш имаат одредена предност пред вас, знајте дека и тие луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со својата интелигенција, кои некогаш знаат навистина да им бидат големи пречки во животот.rnrn(1) Пет проблеми со кои се соочуваат исклучително интелигентните луѓеrn

    1. Интелигенцијата создава притисок за успех

    rnПоради леснотијата на сфаќање на она што другите, просечни луѓе, не го гледаат, кај интелигентните личности се создава неверојатен внатрешен притисок. Интелигенцијата создава притисок за достигнување подобра кариера, повисоки примања и повисок општествен статус. Овие луѓе тешко прифаќаат неуспех и ситуации во кои работите не одат по нивниот строго зацртан план. Си поставуваат високи цели, а разочарувањата кај нив се големи, кога тие цели нема да ги остварат.rn

    2. Тешко создаваат пријателства

    rnНајголемиот дел од луѓето се свесни за потребата од социјални и интимни врски, но и дека колку бараат, толку треба и да дадат за одржување на еден однос и пријателство. Меѓутоа, луѓето со висока интелигенција ретко имаат мирни моменти во својата глава и поради тоа им недостасува социјална чувствителност, преку која се развиваат односите и пријателствата.rn

    3.Се карактеризираат со аналитичка преоптовареност

    rnКај високо интелигентните луѓе се случуваат толку многу мозочни активности, поради што е тешко која мисла да ја зграбат и да ја истакнат. За нив, донесувањето одлуки е тежок, макотрпен и стресен процес. Кога на тоа ќе додадеме дека, високо интелигентните луѓе имаат и тенденција кон физичка неактивност, се доаѓа до одговорот на прашањето зошто често патат од недостаток на сон и имаат совршена подлога за развој на депресија.rn

    4.Интелектуална изолација

    rnКога успехот е рано одреден од оценките на училиште, стравот од неуспех може да ја уништи вистинската љубов за учење и страста за пренесување на своето знаење. Со оглед на тоа дека се предодредени да го споделуваат своето големо и разнообразно знаење со луѓето од околината, на високо интелигентните луѓе многу често се гледа како на претенциозни, кои сакаат да се наметнуваат. Замислете си вашиот мозок да работи под полна пареа. Додека ефективно ги изнесувате фактите, се фрустрирате од неможноста на останатите да ги сфатат. Поради тоа многу често овие луѓе се етикетираат како „сезнајковци“, иако не можат да сфатат зошто не наоѓаат разбирање од околината.rn

    5. Вистинската среќа за нив е комплицирана

    rnВо 1926 година, психологот Луис Терман идентификувал 1.500 студенти во Калифорнија кои имале коефициент на интелигенција од 140 па нагоре, а 80 од нив имале коефициент 170. Тие биле набљудувани во текот на животот. Во извештајот за нивното животно задоволство се наведува дека високиот интелект може всушност да значи дека се помалку исполнети. Хроничното „претерано размислување“ води кон социјална анксиозност. Неможноста за барање помош ја зголемува изолацијата, а молчаливоста ја уништува самоувереноста.rnrnСите ние имаме свои „демони“ низ главата, а високо интелигентните луѓе не се исклучок. Психоаналитичарот Карл Јунг рекол „Толкувањето на интелектот е само дел од вистината“.

  • Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Доколку работите од дома изложени сте на многу нешта кои ве деконцентрираат и ви го пренасочуваат фокусот од главните обврски и задачи. Работната средина игра голема улога во продуктивноста. Кога последен пат ви се случило да сфатите дека поминал цел ден а вие одвај сте извршиле дел од планираните обврски? Многу ситни и неважни „обврски“ кои си ги задавате во меѓувреме може да ве направат крајно непродуктивни. Ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да бидете навремени, продуктивни и одговорни ако работите од дома.rnrnКако да бидете попродуктивни ако работите од дома?rn

    1. Подгответе се на целосна изолација

    rnПодгответе се на полно работно време од дома и изолирајте се целосно од надворешниот свет. Не, не сте слободни за кафе-муабет со пријател/ката бидејќи по правило вие сте на работа, иако технички сте дома. Одберете мирна и светла просторија во домот каде никој нема да ве вознемирува. Добро е тоа да не биде вашата спална соба за вашиот мозок автоматски да прави разлика меѓу приватниот простор за одмор и местото каде си ги извршувате обврските.rn

    2. Кафето ви е најголем пријател

    rnЛуѓето кои работат од дома постојано се пред компјутер, изложени на неговото зрачење кое дополнително ја цица енергијата. Кафето е најголем пријател на оние кои работат од дома, токму затоа секој компјутерски гик на филмовите е прикажан со шолја кафе. Мирисот на доброто кафе може да ве инспирира и да ви вдахне позитивна енергија, а доволно јако кафе ќе направи да работите како приклучени на струја. Не претерувајте со кафето, но сепак имајте го при рака.rn

    3. Имајте пишан план и не работете две работи истовремено

    rnВашиот мозок не може да се фокусира на повеќе работи истовремено. Работењето повеќе работи истовремено кои ментално ве исцрпуваат само ќе резултира со куп започнати, но недовршени работи и со нервоза и губење мотивација. Имајте пишан план кој е пожелно да го изготвите една вечер порано. Може да користите некоја кул апликација која ќе ви помогне да се фокусирате на вашите цели и да останете продуктивни.rn

    4. Затворете ги сите прозорци што не ви се потребни

    rnДа, тоа прозорче од Фејсбук на вашиот екран и тоа другото за дневен хороскоп. Не ви требаат и не можете да останете фокусирани на вашите обврски ако постојано ве „ѕиркаат“ разни примамливи содржини крадејќи ја вашата концентрација. Не отворајте 20 прозорци истовремено туку научете пред себе да го имате стриктно само она што ви е потребно. Исто, исклучете го звукот на телефонот. Тешко ќе биде да го искористите вашиот потенцијал максимално ако телефонот упорно ви ѕвони.rn

    5. Дефинирајте го вашето работно време

    rnДефинирајте кога започнува вашето време, кога имате пауза и кога завршува. Пробајте да се однесувате како до вас постојано да е вашиот невидлив шеф кој гледа дали работите или „забушавате“. За време на паузата може да јадете, да проверите мејл или да одговорите на приватните телефонски повици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да препознаете насилен маж?

    Како да препознаете насилен маж?

    Многумина се нашле во улога на сведоци на домашно насилство. Дали во својот дом, во своето соседство или во кругот на пријатели и познаници. Неретко ќе речете „Ако крене рака на мене, макар еднаш, излегувам низ врата и никогаш повторно не се враќам“. Но, дали е толку едноставно? Колку е лесно да му се стави крај на таквиот брак или врска? Често слушаме приказни за жени кои трпеле домашно насилство. Старите рекле дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, како да го препознаеме насилникот?Како да препознаете насилен маж?Ова е профилот на насилен маж склон кон злоупотребување и нанесување емоционална, како и физичка болка. Знаејќи го ова, би можеле да се спасите себеси или личност која ви е блиска, од врска или брак со човек кој е склон кон злоупотреба и насилство.rnrnПребрзо крои планови за заедничка иднина и настојува на следниот чекор, како на пример заедничко живеење, иако е премногу рано.rnrnЛошо се однесува и кон други жени, не ја почитува мајка си, ги потценува жените генерално.rnrnПостојано настојува да го има целото ваше внимание. Не му се допаѓа кога сте излезени сами со друштво, не ги сака вашите пријатели, неретко се жали дека не му посветувате доволно внимание.rnrnПрави љубоморни сцени. Не сака да се дружите или комуницирате со други мажи. Ќе ве оддалечи и од најдобриот другар. Насилникот најчесто е опсесивно љубоморен, а неретко и ќе ве обвини дека го изневерувате.rnrnСака да има контрола и моќ. Ја гледа својата партнерка како лична сопственост и верува дека има право да ја контролира и да ѝ кажува што да прави, каде да оди, како да се облече.rnrnЗа секоја негова нервоза или за што и да му се случи, лесно ќе најде начин да ве обвини вам. Прави да се чувствувате како од вас целосно да зависи неговата среќа и благосостојба.rnrnПроблемите од работа ги истура врз својата партнерка. Неретко нервозата ќе ја искаже со нагли движења, трескање врата или кршење предмети.rnrnГо изолира својот партнер. Ќе ве натера да се одделите од друштвото, да се оддалечите од семејството, да се скарате со своите браќа или сестри. Ве поттикнува на изолираност од луѓето кои ви се блиски со цел за брзо време да зависите од него.Како да препознаете насилен маж?Нема искрени врски со своите родители или пријатели. Нема цврсти пријателства и е неспособен да биде целосно искрен и отворен за своите чувства.rnrnПатријархално е воспитан и верува дека е посилен од жената на секој можен начин, што воедно му дава право да ја контролира и да ѝ нанесе физичко зло.rnrnСклон е кон консумирање алкохол или наркотици. Статистиката покажува дека 25% од насилниците ја тепаат својата жена само кога се пијани, 25% ја злоупотребуваат без разлика дали се пијани или трезни, 25% не пијат но се насилни, 25% се алкохоличари и најчесто не се пијани кога физички малтретираат.rnrnНаучен е дека агресијата и физичкото насилство се начини да се реши каков било проблем.rnrnНа насилниците им фали самодоверба. Не мора да значи дека секој човек кој има проблем со самодовербата е насилник. Поентата е во тоа што насилниците чувствуваат дека немаат доволно авторитет и дека не се доволно важни и успешни, колку и да не го покажуваат тоа, па затоа сакаат да владеат со партнерот.rnrnСебичен и егоист. Сака сè да се врти околу него.rnrnСвоето насилство кон вас го објаснува како длабока љубов и грижа.Како да препознаете насилен маж?Манипулатор. Знае да манипулира, да ве збуни, да ве наведе да му верувате. На почетокот ќе ви изгледа како грижлив и сосема нормален човек.rnrnДали ви се заканил дека ќе ви нанесе зло доколку го напуштите, или пак дека ќе повреди некој друг? Дали често ве турка, влече за рака, ве стега премногу силно, или ве оддалечува од јавни места по што почнува да ви вика?rnrnВе навредува? Можеби често употребува пцовки или ве нарекува со погрдни имиња?rnrnЧесто го менува расположението и е непредвидлив.rnrnВе става во негова сенка. Прави да се чувствувате дека не сте доволно добри.rnrnВе тера да правите работи кои не ги сакате. Можеби ќе ви рече дека е најдобро да дадете отказ од вашето работно место или да прекинете да комуницирате со некого под изговор дека тој некој не ви мисли добро.rnrnНајважно! Насилниците се луѓе кои одлично глумат. Колку и да се насилни, вербално или физички, знаат да одглумат неверојатна контрола и смиреност пред други луѓе, како што се членови на семејството, пријатели, социјални работници, полиција…rnrnСега останува да се запрашате дали доволно ја знаете личноста со која сте во врска?rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „El Nido Resorts“ – егзотично бегство од реалноста

    „El Nido Resorts“ – егзотично бегство од реалноста

    Првокласните летни одморалишта „El Nido Resorts“, ви нудат единствена можност да ја почувствувате недопрената природна убавина на Филипинските острови. Нивната изолација и ексклузивност, ги прават овие острови посебни и уникатни.“„ElОвие прекрасни острови се во составот на архипелагот „Palawan“, кој се наоѓа западно од Филипини. Познат по разновидниот биолошки свет, како и по неверојатните предели, „Palawan“ го нарекуваат „Последната еколошка граница на Филипини“.“„ElНајпознато место за летување е „El Nido“. Оваа општина е составена од 45 острови и мали островчиња, секој со уникатни карактеристики. Прекрасните плажи со кристално бел песок и скриените заливи се одлични за уживање далеку од многубројните туристи. Овој предел е познат и по неверојатните пештери, стари и по неколку милиони години.“„El“„ElПоради разновидниот биолошки свет, овие летувалишта привлекуваат нуркачи од целиот свет. А со својата егзотика и ексклузивност, се идеално место за сите оние кои се решени да го кажат судбоносното „ДА“.“„El“„El“„El“„El“„El“„El“„El“„El
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат

    Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат

    Серијата фотографии „Вахан, другата страна на Авганистан“ на француските фотографи Fabrice Nadjari и Cedric Houin на фасцинантен начин ги портретира жителите на изолираниот авганистански регион Вахан, во ситуација кога тие за првпат во животот се среќаваат со фотоапарат.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратВоодушевени од земјата, Фабрис и Седрик сакале на светот да му го прикажат овој ретко посетуван регион лоциран близу границата со Таџикистан, Пакистан и Кина. Портретите се направени така што ги сликале помалку срамежливите селани додека во рацете држеле сопствени фотографии кои претходно биле направени со Полароид.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратВахан е толку изолиран што на ниту еден начин не се чувствува дека во земјата владее војна. Фотографиите се направени токму со цел да го урнат стереотипот кој Авганистан го поврзува само со Талибанците, тероризмот и со убивањето.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google’s Street View“

    Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google’s Street View“

    Автомобилите кои на себе ги имаат прикачено камерите на „Google’s Street View“ прават навистина фантастични фотографии. Ова го открил фотографот Арон Хобсон, откако за неговиот проект почнал да го користи сервисот за да слика разни локации околу Лос Анџелес. После ова откритие, тој станал зависник од сервисот и започнал да истражува нови места насекаде низ светот.Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“После часови и часови „нуркање“ низ сликите со полиња, пустини и предели, почнал да ги категоризира според нивната естетска привлечност и според приказната која ја раскажуваат. Особено се посветил на изолацијата на некои предели и луѓе во светот, кои можел да ги забележи благодарение на технологијата на Гугл. Тој се труди да сподели прекрасни далечни локации и изолирани места каде што животот е тежок и бавен бидејќи тие се наоѓаат далеку од големи општества.Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“Прекрасни фотографии направени од камерите на „Google's Street View“rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и времето потрошено за себе

    Астрологијата и времето потрошено за себе

    Кога се заљубуваме, честопати забораваме кои се нашите потреби како поединци, бидејќи премногу мислиме на чувствата и желбите на нашиот партнер. Меѓутоа независноста не треба да се занемарува и игнорира бидејќи таа не е неважна. Напротив, негувањето на вашата внатрешна конекција со себеси, е клучот за градење позитивни и здрави врски со другите луѓе, вклучително и врската која ја градите со вашиот партнер. Бидејќи секој хороскопски знак има различни потреби, прочитајте што велат ѕвездите за тоа како вие треба да го потрошите времето кое сте си го резервирале за себеси.rnrnАстрологијата и времето потрошено за себеrn

    Овен

    rnВие тежнеете да се чувствувате комплетно слободни и ако немате доволно простор за да лутате низ животот, постанувате намуртени и нерасположени. Вашите индивидуални активности треба да вклучуваат елементи на ризик и авантура, бидејќи во спротивно ќе ви стане здодевно. Уживајте во вашата независност, додека си ги тестирате вашите способности во некој нов спорт или некој смел, авантуристички потег.rn

    Бик

    rnНегувањето на вашите сетила, може да ве подмлади и да ви помогне да уживате во времето поминато сами со себе. Поминувањето повеќе време во природа, исто така ќе ви помогне да се поврзете со сопственото „јас“. Потрошете пари на добра масажа, спа-третмани или искачете се на планина и ќе се потсетите себеси, што значи да се чувствувате прекрасно во сопствената кожа.rn

    Близнаци

    rnИ покрај тоа што вие сте многу социјализирана и комуникативна личност, понекогаш сакате да поминувате време и сами, но само доколку тоа време, вклучува некаква ментална активност. Вие уживате кога ќе се тргнете настрана од светот и ќе прочитате нова книга, ќе решите тежок крстозбор или ќе научите нешто ново.rn

    Рак

    rnДа бидете сами, не ви звучи воопшто страшно. Вам ви е секако потребно време подалеку од луѓето во вашиот живот, за да ѝ дадете доволно простор на вашата имагинација да работи. Особено уживате кога имате време да ја апсорбирате исцелителната моќ на водата. Направете си топла бања и капнете неколку капки етерично масло за релаксација или посетете некоја минерална бања и вклучете ја фантазијата да ви работи.rn

    Лав

    rnВам ви е тешко да бидете сами некаде каде што ќе немате публика која ќе го следи вашиот „перформанс“, но и тоа може да се случи. Вие уживате во креативно поминатото време. Без разлика дали преферирате уметност, музика, глума или пишување, вклучете ја вашата страст и изразете се себеси преку вашиот омилен медиум.rn

    Девица

    rnКако хороскопски знак кој се воздржува од многу нешта во животот, вие уживате да поминувате време насамо. Кога сте сами, вие ја цените приликата што ви се пружила да ги процесирате екстерните искуства кои сте ги искусиле во вашиот живот и да ги конектирате со вашето внатрешно „јас“. Повлечете се некаде во природа, на чист воздух, каде ќе можете да ги разрешите вашите дилеми.rn

    Вага

    rnПоради вашата фокусираност кон љубовните врски, може да ви биде тешко да се повлечете во сопствените мисли извесен период. Но, ако ја одберете вистинската активност за вас, веднаш ќе ги почувствувате бенефициите од независноста. Јогата или медитацијата можат да ви помогнат да си создадете внатрешен мир и да си ја пронајдете рамнотежата, по која толку многу копнеете.rn

    Скорпија

    rnРазвивањето на длабочината на вашата душа вам ви е битна задача во животот, така што немате никаков проблем да си свикувате редовни состаноци сами со себе. Ослободете ги чувствата и спомените кои прават да се чувствувате заглавени во времето. Водењето дневник или нешто слично, ќе ви помогне да се ослободите од багажот од минатото и ќе ви ја врати енергијата и еланот.rn

    Стрелец

    rnВие сакате соло авантури и потребно ви е само да одберете насока и да се упатите натаму. Доколку физичкото патување не ви е доволно, тога препуштете се на менталното. Прочитајте некоја книга, која ќе ви даде нова перспектива во животот и која ќе ги освежи вашите односи со другите луѓе.rn

    Јарец

    rnКако знак кој често се поврзува со осаменоста, вие можете да поминувате многу долго време сами со себе. Па затоа, додека размислувате планирајте ја иднината со вашиот идеален љубовен партнер.  Исто така, за вас е важно понекогаш да се ослободите од работните обврски и да се поврзете со вашето внатрешно„ јас“.rn

    Водолија

    rnВашиот знак е често поврзан со слободата, па токму затоа вие и немате некој проблем да поминувате малку повеќе време, посветено само за вас, кое е надвор од вашите планови. Времето потрошете го размислувајќи за иднината и оставете го вашиот креативен ум да талка.rn

    Риби

    rnБидејќи вие често се однесувате како да сте емоционален сунѓер за другите, за вас е многу важно да поминете некое време сами. Духовното повлекување или медитацијата ќе ви помогнат да ги наполните вашите батерии.

  • Песјак (Dogtooth)

    Песјак (Dogtooth)

    Филм за изолацијата и за извртениот поглед кон светот, за тоа што се случува кога твоите родители поради сопствени психози, од тебе ќе направат лабораториско глувче, а од твојот живот експеримент кој тргнал на лошоrnrnПесјак (Dogtooth)Режија: Јоргос ЛантимосrnrnИграат: Христос Пасалис, Агелика Папулија, Мари ЦониrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: грчкиrnrnПремиера: 11 ноември 2009rnrnЖанр: драмаrnrnНагради: номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивалrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnИсликај во главата модерна морбидна приказна. Толку надвор од реалноста што ти ја смрзнува крвта во вените, но сепак толку блиска што може да се случува на некој километар од тебе. Од оние за кои читаш во црна хроника и кои ги коментираш со одвратност. Приказни со инцест, со луѓе (најчесто деца) уништени од своите родители или најблиски, од оние „а ла Јозеф Фрицл“ приказни од кои ти се повраќа. Е тоа е „Песјак“. Толку далеку од чоколадно бонбонче, засладено и нежно, а сепак нешто не те остава да не го „голтнеш“ до крај. Добро, некој можеби ќе го поврати, на некој ќе му биде сеедно, друг пак ќе го чувствува лошиот вкус уште долго време, но… секој од нас гледа со различни нерви и ниво на толеранција.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Две сестри и брат се тргнати од целиот свет и затворени на имот надвор од градот под константна контрола од своите родители. Така било отсекогаш. Овие „деца“ (во реалноста се нешто постари тинејџери) се социјално ретардирани личности кои кога не можат да спијат влегуваат во креветот на мама и тато, кои послушно стојат зад ѕидините на својот двор, па не се ни обидуваат да побегнат. Зошто? Затоа што мама и тато ја кажуваат вистината и надвор е злото, а тука се сигурни. „Децата“ зборуваат на јазик прочистен од термини кои се сметаат за валкани како зомби или пак ку*ва. Дури родителите им креираат и јазик сосема надвор од реалноста, така што за нив море значи столче, а автопат е силен ветер.Песјак (Dogtooth)Целата оваа морбидна семејна идила ја нарушува Кристина, чуварка во фирмата каде што работи таткото. Тој повремено ја носи девојката во куќата со цел да има секс со синот, за да го прочисти од неговите машки нагони. Но, сето тоа се менува кога Кристина решава сексуално да си поигра со една од ќерките. Тука ланците почнуваат да се кинат. „Песјак” е снимен за да биде извртена рефлексија во огледалото на сето она што на овој свет е сметано за нормално. Она што те тера да повратиш во овој филм е направено без помпа, додека најприродната работа како водењето љубов помеѓу маж и жена, во „Песјак” е морничава.rnrnЕдна од главните причини за горчливиот вкус по филмот е и феноменалното портретирање на инфантилните сестри. Агелика Папулија ја игра постарата сестра кај која веќе почнува по малку да се појавува бунт којшто е повеќе пасивен, но во таа мирна и болна атмосфера секако е забележлив. Таа повеќе се бунтува против себеси отколку кон оние вистински виновници и сé уште немо ги прифаќа шлаканиците. Но, до кога? Покрај неа е Мари Цони, помладата сестра, која пак е дете заробено во тело на возрасен човек, таа го бара тато кога и е потребен и послушно ги исполнува сите наредби. Песјак (Dogtooth)Кинематографија: Атмосферата во „Песјак” е како во психијатриска клиника – светла, бела, но се чини како секој гледач на очите да има тенка глазура предизвикана од некој силен седатив. Во голем број од сцените, трите „деца“ се во бела облека како и ментално болните пациенти. Најголем дел од филмот се одвива зад ѕидовите на нивниот двор, односно во нивното морбидно мало семејно јадро. Сепак, доминантна страна на „Песјак” воопшто не се кадрите, иако одлично се вклопени, и тоа нема да ви остави толкав впечаток откако ќе го видите она што се случува пред камерата.Песјак (Dogtooth)Кога и како да го гледате: Секако овој филм пожелно е да го гледаат лица над 18 години. Покрај сé кажано, самите проценете дали вие сте погодна публика за овој филм. Бидете подготвени дека нема секогаш да биде пријатно. Запаметете – сепак ова е извртената страна на реалноста. За останатото одлучете по слободен избор. И без тоа, не знам дали ќе ви текне да пробате од пуканките и кока-колата.Песјак (Dogtooth)rnrn

  • Правила за секс во туѓа куќа

    Правила за секс во туѓа куќа

    Една од придобивките која ја имате кога одите во викендичката на вашите пријатели со партнерот е сексот.rnrnСексот во викендичка е супер. Надвор сте од стресот и секојдневните случувања. Не мислите на готвење, чистење или на работните обврски.rnrnПравила за секс во туѓа куќаrnrnНо што ако престојувате во куќата на вашите дедо и баба, блиски роднини и пријатели за време на одмор или некоја семејна прослава? Дали престојот таму може да се изедначи со хотелски престој?rn

    Проверете која соба се наоѓа веднаш до вашата спална

    rnДали е тоа спалната на вашите родители, детската соба или собата на роднините. Ако е тоа така, побарајте друга соба која е изолирана од останатите семејни соби. Така, нема да се чувствувате непријатно со партнерот знаејќи дека околу вашата соба нема други спални и фамилијарни соби. Непријатно е и некултурно да не внимавате на тоа кој може да ве слуша доцна во ноќта.rn

    Проверете дали во собата има воздушна изолација

    rnЗвукот патува низ ѕидовите, а вие тоа не сакате да ви се случи. Ако нема изолација во ниту една соба, обидете се да бидете потивки бидејќи ќе се чувствувате навистина посрамено кога следното утро роднините и пријателите ќе ве гледаат чудно и со потсмев.rn

    Проверете дали имате бања во собата

    rnАко има заедничка бања на спратот, бидете внимателни кога ќе одите натаму и како ќе бидете облечени. Не сакате да ве видат полу-голи. Не правете неред во бањата и бидете внимателни колку се задржувате во неа.rn

    Наместете го креветот, здиплете ги чаршафите и оставете ја собата чиста и уредна

    rnНекултурно е да го оставите креветот несреден и собата расфрлана и неуредна. Никој не сака неуредни и некултурни гости, а ако не го почитувате ова правило, верувајте дека нема да бидете пожелни на следната забава или фамилијарно дружење.