КАФЕ ПАУЗА

Tag: изолација

  • Како да бидете средени додека сте во карантин: 6 фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса

    Како да бидете средени додека сте во карантин: 6 фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса

    Бидејќи поминувате сè повеќе време дома, деновите полека почнуваат да личат еден на друг, дури и ако имате список на обврски што треба да ги завршите. Поради вонредната состојба, страдаат многу од нашите секојдневни рутини, дури и оние што обично ги правиме дома. Некои од нив се поврзани со убавината, особено со косата. Дали и вие го прескокнувате денот за миење на косата и не размислувате за фризура која инаку е задолжителна во нормални околности? Средувањето на мрсната коса може да биде предизвик, а сега, кога имате онлајн-состаноци и видеоповици, брзите фризури се добредојдени. Сè што ви треба се неколку производи за убавина што веќе ги имате дома, додатоци за коса и неколку слободни минути.rn

    1. Префрлете ја косата настрана

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by LACY REDWAY HAIR ARTIST (@lacyredway) on

    rnrn

    rnrn

    2. Ниска пунџа

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by KRISTIN ESS (AND LOTS OF DOGS) (@kristin_ess) on

    rnrn

    rnrn

    3. Истакнете ги природните кадрици со лента за коса

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by LACY REDWAY HAIR ARTIST (@lacyredway) on

    rnrn

    rnrn

    4. Плетенка

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Andrew Fitzsimons 🇮🇪 (@andrewfitzsimons) on

    rnrn

    rnrn

    5. Топчиња

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by LACY REDWAY HAIR ARTIST (@lacyredway) on

    rnrn

    rnrn

    6. Едноставно коњско опавче со додатоци

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by justine marjan (@justinemarjan) on

    rnrn

    rnrnrnПогледнете ги овие фризури што ќе ви помогнат да го скриете израстокот на косата.

  • Психолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувства

    Психолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувства

    Важно е да знаете дека ништо не морате, а сè можете, но мора да почекате да дојде вистинското време.rnrnПсихолозите советуваат: Не се присилувајте на ништо, вонредната ситуација доведува и до појава на вонредни чувстваrnrnВонредната ситуација и како да се носите со неа?rnrnВонредната состојба, како што кажува и самото име, носи со себе многу работи кои отстапуваат од секојдневниот живот, рутината и она што го правите вообичаено. Во моментов сме во ваква состојба заради појавата на коронавирусот поради што, за да се спречи ширењето на истиот, сите сме затворени во своите домови. Ова не е никому пријатно, дури и на оние луѓе кои се навикнати и сакаат да поминуваат долго време меѓу 4 ѕида. Зошто? Затоа што сега немаат друг избор.rnrnСепак, далеку од тоа дека ова е нешто со што секој не може да се справи. Најважно е само да се слушате себеси.rnrnНекои ќе направат список на активности кои мораат или сакаат да ги направат во текот на денот, други ќе „пловат во својот свет“, трети ќе го поминат целиот ден со омиленото хоби.rnrnПсихологот со кој разговаравме вели дека додека ги разгледувал социјалните мрежи деновиве, прочитал многу совети за тоа што може да се направи во изолација за брзо да минува времето, со цел да се задржи дневната рутина и чувството на продуктивност. Читајќи ги текстовите, нашиот стручњак се прашувал: „Но, што ако некој нема желба да се занимава со средување на ормари или следење онлајн курсеви? Какви чувства може да се појават кај луѓето кои спијат подолго овие денови или гледаат серии во текот на целиот ден или едноставно прават работи за кои немале време, иако силно посакувале да ги прават, но ним им се препорачува да читаат?rnrnВонредната состојба,  сама по себе носи и некои вонредни чувства. Никој не доживеал слична ситуација и не може да го каже „вистинскиот рецепт“ за тоа како да се искористи времето најдобро што може. Многу е важно да се слушат телото и емоциите и однесувањето да е усогласено со нив.rnrnГолема е веројатноста расположението да се менува во текот на денот и во некои денови многу брзо да се менуваат здравите и нездравите емоции, но важно е да се нагласи дека ваквата промена е реакција на оваа ситуација и нема потреба од обид да се контролира, туку важно е да се препознае и да се остави да се случува, бидејќи ќе помине, објаснува психологот.rnrnВажно е да се фокусирате на работи што се под ваша контрола, а тоа е избегнување на блиски контакти со луѓето вон домот и одржување на лична и просторна хигиена, советува стручњакот и дава заклучок дека е важно да размислиме за нашите вредности и да ги препознаеме ресурсите кои можеби ги поседуваме, но не сме свесни за тоа.rnrnНајважно од сè е да останете дома и на тој начин секој да придонесе во борбата против вирусот.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат.

  • Роденден дома: 5 чекори до прослава што вашето дете засекогаш ќе ја памети

    Роденден дома: 5 чекори до прослава што вашето дете засекогаш ќе ја памети

    Роденденот е еден од омилените денови во годината за скоро секое дете. Тоа е денот кога тоа е во центарот на вниманието, кога неговите желби се исполнуваат и кога добива барем некои од подароците што долго ги посакувало. Но, повеќе од сè, тоа значи заедништво и забава со другите луѓе, пријателите и роднините.rnrnСепак, многу деца ќе ги пропуштаат ваквите прослави овој период, но тоа не значи дека не можете да му овозможите на вашето дете роденден кој ќе го запамети, вложувајќи малку труд и креативност.rnrnРоденден дома: 5 чекори до прослава што вашето дете засекогаш ќе ја паметиrnrnДозволете овие неколку идеи да ви помогнат да креирате прослава што нема да биде досадна.rn

    1. Направете или нарачајте специјална торта

    rnТортата е секогаш ѕвезда на роденденската прослава, а особено е важна во овој период од годината бидејќи ќе им даде на децата одредено чувство за нормална средина.rnrnПостојат бројни слаткарници кои сè уште ги испорачуваат своите производи на домашна адреса, така што лесно можете да нарачате торта каква што детето посакува.rnrnЗа среќа, има и многу рецепти на Интернет, па препуштете ѝ се на вашата имагинација. Пронајдете рецепт за торта за која знаете дека ќе ги најдете потребните состојки без поголеми проблеми, а во подготовката можете да го вклучите и вашето дете. Дозволете му да биде до вас и да ви ги додава потребните состојки. Да, тоа ќе предизвика голем неред во кујната, но сепак имаме време да исчистите, нели?rn

    2. Што е со подароците? Нарачајте ги преку Интернет или создадете сами

    rnИако претстојат економски неизвесни времиња, купете му на вашето дете барем 1 подарок.rnrnСепак, имајте на ум дека поради зголемената побарувачка на испораките до дома, на многу продавници им е потребно малку подолго време од вообичаеното, затоа навреме нарачајте го вашиот подарок.rnrnВо прославата, вклучете и домашните миленици и имајте „гости“ со роденденски капи на главите. Ако одлучите сами да ги направите, вклучете ги и децата.rn

    3. Вклучете ги миленичињата и играчките во прославата

    rnБидејќи на луѓето кои не се дел од непосредното семејство не им е дозволено да се собираат во домовите, големата прослава не е ниту опција, но може да дојдете до погодно решение кое ќе го израдува вашето дете.rnrnАко имате домашно милениче, не го запоставувајте, туку вклучете го во прослава. Ставете му и нему роденденска капа. Истото може да го сторите и со играчките, особено кадифените мечиња и куклите. Можете да ги ставите сите на креветот или на масата и да ги третирате како гости, а тоа ќе го расположи вашето мало детенце.rn

    4. Побарајте од семејството и пријателите да испратат снимени честитки за роденденот на вашето дете

    rnНеколку дена пред роденденот, замолете ги другарчињата на вашето дете (или нивните родители) да снимаат кратка порака во која ќе му го честитаат роденденот. Соберете ги сите снимки и креирајте роденденско видео.rnrnАко времето и обврските на другите го дозволуваат тоа, можете да се слушнете во живо преку некои платформи за дигитална комуникација на роденденот.rn

    5. Смислете забавни активности што ќе го направат денот посебен

    rnИако често забораваме кој ден е и поради ситуацијата сите ни се чинат исти, роденденот на вашето малечко нека биде малку поинаков. Осмислете барем неколку активности што ќе го направат овој ден специјален.rnrnУкрасете со светилки за посебна атмосфера, ставете шарени украси, направете вистинска мала тврдина во дневната соба.rnrnИ прославата може да започне! Среќен роденден!rnrnМожеби сакате да прочитате и за улогата на жената никогаш не била потешка и дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

  • Што нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот

    Што нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот

    Една лекција доминира над сите: време е за нов начин на живот. Заспавме во еден свет и се разбудивме во друг. Светот се промени. Местата за аџилак се празни. Изгледа Бог веќе не е таму или на некое друго место, тој е горе. Можеме да го најдеме Бог внатре: во домот, во самите нас.rnrnШто нè научи коронавирусот: Не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме живототrnrnПандемијата покажа дека 90% од професиите и активностите не се задолжителни, дури се и бескорисни. Време е да го откриеме нашиот потенцијал, нешто што навистина има смисла, а не нешто впечатливо и насилно.rnrnДојде време вистински да ги откриеме задачите на нашата душа. Не е време за опстанок, време е за почеток на животот.rnrnДизниленд веќе не е магија, Париз веќе не е романтичен, рестораните и трговските центри веќе не се толку значајни, Кинескиот Ѕид веќе не е толку привлечен.rnrnСега е очигледно дека овие работи не нè забавуваа, туку ни го одвлекуваа вниманието бидејќи ги има премногу. Тие ни го одвлекоа внимание од нас самите. Но, сега имаме многу време за вистинските работи. Сега сите разбраа што е најважно – душата!rnrnСега ги разбираме миленичињата. Сфативме како се чувствуваат затворени во 4 ѕида по цел ден. Малку е веројатно дека човештвото по карантинот ќе продолжи да ги чува кучињата и мачките дома затоа што сега сите знаат како е да се живее таков живот.rnrnПриродата нè стави на вистинското место!rnrnЛичната и жива комуникација стана луксузен и забранет плод. Сега знаеме колку е таа вредна. За да ја почитувате природата, не менувајте ја комуникација во живо за онаа преку Интернет.rnrnТоа што не ги посетуваме родителите и роднините се претвори во манифестирање на грижата и на љубовта. Сега сфаќаме колку ни се важни и колку навистина нè сакаат. По карантинот, ќе го цениме времето поминато со нив и тоа ќе го правиме почесто.rnrnОдземено ни е она што не го ценевме, така што конечно ќе ја цениме среќата. За неколку дена сфативме дека луксузот, убавината и парите не вредат ништо, затоа што кога немате кислород, ништо друго не е важно.rnrnСите се еднакви. Она што е навистина вредно, не е она по што сите трчаа. И додека сме затворени, природата се лекува.rnrnПриродата станува поубава, почиста, похармонична. Со заклучување на луѓето, Бог ни даде до знаење дека ние не ѝ сме потребни на природата, туку дека таа ни е потребна нам.rnrnКога ќе излеземе надвор не треба да заборавиме дека ние сме гости на оваа планета, а не нејзини господари.rnrnПрочитајте како да се поврзете со природата додека сте во изолација.

  • Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

    Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

    Пред само 1 месец, безгрижно водевме нормален живот. Сега, мајките се наоѓаат во ситуација кога треба да балансираат меѓу семејството, домот, емоциите, но и работата – сите во исто време.rnrnУлогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?rnrnПандемијата на коронавирусот ги смени буквално сите аспекти на нормалниот живот за многу кратко време. Пред само 1 месец, децата одеа на училиште, луѓето одеа редовно на работа, имаше рутина која беше сосема нормална за сите нас. Се будиме, се подготвуваме и ги извршуваме нашите редовни обврски. Сега кога сите сме дома и се обидуваме да се справиме и да издржиме во овој нов „нормален“ свет.rnrnЗа некои ‘среќници’ кои работат од дома, оваа нова нормала вклучува балансирање со работните обврски и емоциите поради социјалната дистанца. Сепак, мајките имаат уште многу други обврски и оптоварувања.rnrnСо години се тврди дека жените се, всушност, оние кои го одржуваат целото семејство и дефинитивно се емотивно презаситени.rnrnСепак, промените предизвикани од пандемијата го зголемуваат товарот.rnrnГувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го сфатил ова и решил да им се заблагодари на сите жени, особено на мајките и наставниците, што носат таков товар на грбот. Тој искажал длабока почит кон сите мајки и наставници, кон сите оние жени кои се грижат за децата, сфаќајќи колку е тоа стресно.rnrnСпоред него мајките веќе имаат огромен товар да го задржат семејството заедно. Покрај тоа, тие работат, а многу од нив се наставници, па затоа треба да организираат добро образование од далечина, истовремено справувајќи се со стресот и вознемиреноста додека се грижат за децата што ги обожуваат и на кои сакаат да им обезбедат сè што им треба.rnrnИ тој навистина не греши. Тоа е неверојатно тешко. Многу е потешко отколку во нормални услови, особено кога не го гледаме крајот на сето тоа. Мајките прават огромна работа – подучуваат, готват, чистат, ги забавуваат децата, се грижат за здравјето на најблиските, а притоа настојуваат да ги завршат своите работни задачи на најдобар можен начин.rnrnСе разбира, татковците учествуваат во сето тоа. Сепак, сме во општество во кое е јасно дека многу поголемо емотивно оптоварување носат мајките отколку татковците, во најголемиот број случаи. Меѓутоа, во моментите како овој, се чини дека татковците се фокусирани на нивната работа, додека мајките балансираат со сите домашни обврски, постојаната грижа за своите деца, работа која бара посветеност.rnrnОва е навистина стресно и фрустрирачко. Прашање е до кога сето ова ќе трае, но стравот дека може да дојде до влошување на ситуацијата прави да се чувствуваме уште полошо. На ова ја додаваме и потребата од продуктивност на работа, но и среќа и благосостојба на семејството, а сето тоа навистина ги преоптоварува емоциите.rnrnЕден факт, кој барем може да го олесни сето ова, е дека не сте сами, не само вие, не е така само во вашето семејство. Сите се чувствуваме исто, сите сме заедно во сето ова и веруваме дека ваквата ситуација набрзо ќе заврши.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени?rn

  • Астрологијата и седењето дома: Како најлесно да ја поднесете изолацијата според вашиот хороскопски знак?

    Астрологијата и седењето дома: Како најлесно да ја поднесете изолацијата според вашиот хороскопски знак?

    Како да се преживее изолацијата? Ѕвездите го имаат одговорот на тоа прашање. Откријте што му е потребно на секој хороскопски знаци додека е во изолација и како да се навикне на новонастанатата ситуација.rnrnАстрологијата и седењето дома: Како најлесно да ја поднесете изолацијата според вашиот хороскопски знак?rn

    1. Овен

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак се секогаш подготвени за акција и не сакаат да губат време. Поради тоа, ќе им биде важно да останат продуктивни и во оваа ситуација. Очигледна, но корисна активност што можат да ја прават редовно е да го чистат својот дом. Тоа ќе ја згасне нивната желба да имаат сè под контрола, а истовремено ќе им овозможи физичка активност.rnrnОвните се лидери и нема подобри од нив во поставувањето на распоредот на активности и обврски за чистење на домот. Овните што живеат сами можат да бидат главните двигатели на виртуелното дружење со пријателите.rn

    2. Бик

    rnЗа Биковите, ова е совршена можност да забават малку. Мултитаскингот не е проблем за нив, но порано или подоцна тоа ќе ги исцрпи и затоа е важно да создадат нов распоред што ќе вклучува многу работи што ги прават среќни.rnrnОтворете ги сите книги за готвење што ги купивте со желба да ги усовршите вашите кулинарски вештини, но никогаш не им се посветивте. Истражете рецепти и нови техники за готвење затоа што сега имате време да го направите тоа. Биковите сакаат тивка околина и сега можат да се посветат на украсување на еден тивок агол во домот каде што ќе создадат своја мала оаза за релаксација.rn

    3. Близнаци

    rnЗа еден од најдруштвените хороскопски знаци, изолацијата е голем предизвик. Мозокот на Близнаците едноставно работи побрзо и бара повеќе, па затоа им треба многу стимулација. Ним им „гори“ мобилниот телефон од повици, пораки и мејлови. Одржувањето контакт нема да им биде проблем на овие личности. Ако имаат „неред“ во главата поради изолацијата, уредувањето на домот ќе биде најдобрата активност за да го надминат тоа.rnrnОрганизирајте сè што претходно не сте успеале затоа што ќе се чувствувате многу полошо ако живеете во неорганизиран простор. Потоа, посветете се на некоја активност што ќе ве окупира долгорочно. Истражете бесплатни апликации за учење странски јазици и изберете еден јазик што можеби сакате да го знаете. Погледнете ги разните онлајн-курсеви што ќе ви помогнат да стекнете нови вештини. Инвестирањето во себе ќе ве направи да се чувствувате позадоволно.rn

    4. Рак

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак лесно ќе се приспособат на изолацијата. Ракот е семејно ориентиран знак, па не му е проблем да биде дома затоа што и во нормални околности овие личности сакаат да го поминуваат времето со своите најблиски, изолирани од остатокот на светот. Во овој момент, Ракот ќе чувствува уште поголема потреба за блискост со семејството. Оние личности што не можат да ги прегрнат, можат да ги поканат на виртуелна вечера.rnrnДоговорете термини за заедничка вечера неколку пати неделно, поставете го вашиот мобилен телефон или лаптоп на масата и разговарајте со оние што ви недостасуваат. Раковите се исто така и многу креативни личности. Погледнете низ вашиот дом за да видите што можете да реконструирате или да преуредите за да ви биде забавно додека сте во изолација.rn

    5. Лав

    rnИсто како Близнаците, Лавовите уживаат во друштвото и во комуникацијата. Сега е вистинското време да ги искористат своите профили на социјалните мрежи и да станат извор на забава и релаксација за семејството, за пријателите и за следбениците. Покажете им на пријателите што готвите и како ги поминувате деновите, препуштете им се на забавните предизвици на „ТикТок“ и едноставно внесете позитивност на социјалните мрежи.rnrnДел од вашето слободно време посветете му и на вашиот изглед. Пронајдете упатства на Интернет и конечно испробајте ги сите фризури што ги избегнувавте досега. Можеби ќе сфатите дека по изолацијата ќе бидете подготвени за голема промена, но и ќе научите како сами да направите интересни фризури.rn

    6. Девица

    rnИ Девицата добро ќе се снајде додека е во изолација. Овие личности се подготвени за криза во секое време, па затоа и за оваа се подготвија навреме. Тие можат рамномерно да им се посветат на сите активности што им се важни, а никој нема да го исчисти домот како педантната Девица. Нема агол што нема да биде дезинфициран. Повеќе од кога било, овие личности ќе се грижат и за својата исхрана. Нема веќе гладување – појадокот, ручекот и вечерата ќе се јадат навреме.rnrnОдвојте време за вежбање за да го надоместите недостатокот на физичка активност. Сега имате можност да научите некоја нова корисна вештина. Нарачајте опрема за плетење и користете ги упатствата за да научите како да плетете. Тоа ќе ве опушти, а наесен ќе имате и залиха на фантастични шалови и капи на кои сите ќе ви завидуваат. Многумина во моментот не се смирени и приземјени како што сте вие, па затоа помогнете им на другите со корисни совети и намалете ја нивната паника.rn

    7. Вага

    rnДали знаевте дека Вагата е еден од најромантичните знаци? Ако припадниците на овој хороскопски знак се во изолација без саканата личност, многу тешко ќе го поднесат тоа. Сепак, ова е можност за нив да научат да се сакаат себеси онолку колку што ги сакаат другите. Грижете се за себе колку што се грижите за најблиските. Честопати останувате во сенка поради другите погласни луѓе само за да го зачувате мирот и за сите да бидат задоволни, но сега е време за максимално да си удоволите себеси. Вагите се секогаш средени и изгледаат прекрасно.rnrnСега имате можност да сфатите дека не мора секогаш да бидете совршени од глава до пети. Препуштете им се на џемперите, на обичните маици и на неуредните пунџи и на тој начин ќе излезе на виделина скриениот, поопуштен дел од вашата личност што многумина немаат можност да го видат.rn

    8. Скорпија

    rnНема сомнение дека Скорпиите ќе најдат начин да го искористат максимумот од изолацијата и да уживаат во тоа. Тие се мистериозни индивидуи кои сакаат да поминуваат време сами. Сега можат да се посветат на себе без никаков прекин. Скорпиите се воден знак и уживаат во водата, па сега е идеално време да им се препуштите на релаксирачките бањи. Пронајдете на Интернет најразлични третмани за убавина што можат да се направат дома. Посветете се на пишување дневник и секој ден запишувајте по една ваша мисла.rn

    9. Стрелец

    rnДодека другите хороскопски знаци не знаат како да го пополнат своето слободно време во изолација, Стрелците имаат друг проблем. Ним не им се доволни 24 часа на ден за сè што сакаат да направат. Здодевноста е нивниот најголем непријател, па кога сакаат да го исполнат денот со активности, може малку и да претераат. Направете дневен и неделен распоред на активности за да успеете да направите сè. Изберете време резервирано за готвење, читање, слушање музика, чистење, уредување на домот и за креативни активности како што се пишување, сликање, играње или пеење.rnrnПравете промени во вашиот распоред секоја недела за да ја избегнете рутината. Единствената цел е да го завршите тоа што го започнавте. Стрелците ја сакаат слободата и се вистински авантуристи. Ако веќе не можете физички да патувате, гледајте документарци за дестинациите што сакате да ги посетите во иднина.rn

    10. Јарец

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак стојат цврсто на земја со двете нозе. Тие се свесни дека сега треба да се откажат од дел од секојдневните луксузи во коишто уживале порано, но сето тоа е во корист на општеството и тие ќе го издржат тоа. Овие личности се многу практични, па лесно може да се навикнат на работата од дома, бидејќи размислуваат за тоа колку ќе заштедат на бензин или на билети за јавен превоз и за што ќе ги потрошат тие пари подоцна.rnrnЗа Јарците, ова е добра можност да се посветат на некое креативно хоби што го избегнувале. Тие се секогаш фокусирани на работата, но сега имаат можност да се релаксираат и да откријат што друго ги интересира. Вие сте цврста карпа на која се потпираат другите, но не срамете се да побарате помош од другите доколку ви затреба. На луѓето им требаат луѓе и ако ви стане тешко, слободни срушете ги ѕидовите и обратете им се на пријателите.rn

    11. Водолија

    rnВодолиите се најголемите авантуристи меѓу хороскопските знаци. Ним ќе им биде потешко да ја издржат изолацијата затоа што се навикнати на движење. Па, сега може да бараат спас на Интернет. Благодарение на технологијата, виртуелно можете да патувате низ светот. Пронајдете интересни авантурустички профили на социјалните мрежи што ќе ви ја згаснат желбата за патување.rnrnГледајте документарци за интересни и неоткриени дестинации. Сега можеби ќе размислите да имате свој блог или профил на Инстаграм каде што конечно ќе можете да ги објавите сите одлични приказни и фотографии од вашите патувања.rn

    12. Риби

    rnПрипадниците на овој хорокопски знак им се посветуваат толку многу на другите, што изолацијата ќе им дојде добро за да ги наполнат батериите. Рибите лесно паѓаат под влијание на енергијата и на расположението на другите луѓе, така што ова оддалечување е добра можност за малку да се „исчистат“ од другите. Тешкиот дел кај изолацијата е недостатокот на контакт со најблиските.rnrnНа Рибите ќе им недостасуваат прегратките на своите најдобри пријатели, но ќе издржат сè за доброто на своите најблиски. Сега е време да ја искористите вашата имагинација. Работете на еден од вашите таленти и не трошете го времето залудно. Наместо тоа, изберете еден талент што сте го запоставиле или талент на кој сакате да му се посветите колку што е можно повеќе.rnrnПрочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.

  • Мали работи што ќе ве прават среќни додека сте во изолација

    Мали работи што ќе ве прават среќни додека сте во изолација

    Овие неколку совети ќе ви откријат како да се забавувате и што да правите додека сте во карантин, така што деновите ќе ви поминат многу побрзо.rnrnМали работи што ќе ве прават среќни додека сте во изолацијаrn

    1. Слушајте грамофонски плочи, тоа ќе ве натера да станете

    rnДодека работите од дома, слушајте музика на грамофонски плочи наместо на вашиот компјутер. На тој начин, ќе треба да станувате на секои 20-30 минути за да ја смените плочата. Тоа ќе ве потсетува дека треба да станете и да прошетате.rn

    2. Испратете писмо

    rnКога ќе заврши овој бурен период, писмата ќе останат мали, слатки спомени.rn

    3. Направете список со обврски на хартија

    rnЗапишете ги секојдневните задачи на списокот, но и некои други задачи, како што се вежбање, готвење и сл. Потоа, залепете го списокот пред вас на работниот ѕид.rn

    4. Организирајте виртуелна вечера

    rnЗа време на карантинот, разговарајте со вашите пријателки за рецепти и за креативни начини како да го искористите максимумот од намирниците што веќе ги имате дома.rn

    5. Започнете амбициозен проект со лего коцки

    rnСоставувањето на коцките ќе има смирувачки ефект на вас.rn

    6. Јавете им се на луѓето со кои не разговарате често

    rnДајте им на знаење на луѓето дека се грижите за нив и ќе се чувствувате подобро откако ќе го направите тоа.rn

    7. Вежбајте

    rnНа Интернет и на социјалните мрежи можете да најдете многу видеа со вежби што можете да ги правите во својот дом.rn

    8. Придружете се на забавите со познатите личности

    rnМногу познати диџеи организираат забави во живо, па ако ви е здодевно, следете ги познатите диџеи на Инстаграм и уживајте во нивните забави.rn

    9. Бојте

    rnАко сте под стрес или ви е здодевно, боенките за возрасни може да ви помогнат. Ако немате таква боенка, можете да најдете бесплатно на Интернет и да ја испечатите.rnrnПрочитајте како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација.

  • 11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времиња

    11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времиња

    Овие денови, на сите им треба малку пауза од вестите, па овие забавни илустрации ќе ве насмеат додека сте во изолација. Некои луѓе веќе не знаат ни кој ден е денес, па погледнете ги овие илустрации на Алисон Вонг што ви предизвикаат малку позитивно расположение и ќе ви помогнат да сфатите дека сите луѓе се наоѓаат во истата ситуација.rn

    1. Дезинфицирање

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    2. Тензијата е голема затоа што никој не се осмелува да го лижне прстот

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    3. Едно трепнување

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    4. Графиконот на Ковид-19 за кој сите се согласуваат

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    5. Социјална дистанцираност

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    6. Две седмици се претворија во месеци

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    7. Различни фази на користење на тоалетната хартија

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    8. Како изгледа работата од дома

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    9. Остануваат само оние продукти што навистина никој не ги сака

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    10. Одржување доволно растојание помеѓу луѓето

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrn

    11. „Не, со часови чекав за тоа.“

    rn11 илустрации што ќе ве насмеат во овие тешки времињаrnrnПогледнете ги овие 30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин.

  • Каде секој хороскопски знак тајно посакува да биде во моментов?

    Каде секој хороскопски знак тајно посакува да биде во моментов?

    Изолацијата не е наш избор и секој посакува оваа ситуација што побрзо да заврши за животот повторно да ни се врати во нормала. Но, за доброто на сите, сме дома, а не онаму каде што посакуваме да бидеме. Еве каде посакува да биде во моментов секој од хороскопските знаци.rnrnКаде секој хороскопски знак тајно посакува да биде во моментов?rn

    Овен

    rnПосакувате да бидете на плажа и да се релаксирате со книга.rn

    Бик

    rnПосакувате да сте на концерт, пеејќи ги вашите омилени песни.rn

    Близнаци

    rnПосакувате да сте во бар, дружејќи се со вашите најблиски пријатели.rn

    Рак

    rnПосакувате да сте во киносала со огромно пакување пуканки.rn

    Лав

    rnПосакувате да сте во вашиот омилен ресторан и да си мезите со вашите пријатели.rn

    Девица

    rnПосакувате да сте во паркот, уживајќи во пролетната глетка.rn

    Вага

    rnПосакувате да сте во трговскиот центар и да си купувате нова облека.rn

    Скорпија

    rnПосакувате да сте во теретана, подготвувајќи го вашето тело за на плажа.rn

    Стрелец

    rnПосакувате да сте на одмор без да се грижите за светот.rn

    Јарец

    rnПосакувате да сте во продавница и да правите набавка за забава со пријателите.rn

    Водолија

    rnПосакувате да сте во ноќен клуб и да танцувате цела вечер.rn

    Риби

    rnПосакувате да сте на гости кај вашиот пријател/ка, на дружење и релаксација.rnrnМожеби сакате да прочитате и како ќе го промените светот, според вашиот хороскопски знак?

  • 6 начини на кои можете да се поврзете со природата додека сте во изолација

    6 начини на кои можете да се поврзете со природата додека сте во изолација

    Поминувањето време во природа ви помага да се фокусирате, да го одржувате менталното здравје, да ги ослободите умот и телото од хаосот на секојдневниот живот, подобро да ги разберете вашите приоритети во животот и да ги цените моментите поминати со најблиските. Без разлика дали повеќе ги сакате морето, шумите, ноќните прошетки под ѕвездите или ливадите полни со цвеќиња, јасно е дека се чувствувате толку мали во споредба со нешто толку големо, неверојатно и моќно како што е природата.rnrn6 начини на кои можете да се поврзете со природата додека сте во изолацијаrnrnБидејќи е многу важно да не го изгубите чувството за поврзаност со природата, во продолжение прочитајте како да ѝ се приближите на природата додека сте во самоизолација.rn

    1. Донесете ја природата во вашиот дом

    rnАко за уредување на ентериерот користете детали како што се бои, зеленило и некој вид водени површини, докажано е дека тие го намалуваат стресот, ја зајакнуваат креативноста и го подобруваат квалитетот на животот. Соберете цвеќиња и ставете ги во вазна. Ако е можно, ставете мала фонтана чиј звук ќе ве потсетува на река или на водопад.rn

    2. Измамете го вашиот ум

    rnОдделете еден ѕид во вашиот дом и обојте го во зелена боја, нацртајте природа или залепете тапет што ќе ве потсетува на тропски шуми или што ќе ве пресели во еден сосема поинаков свет од оној во кој живеете. Одредени истражувања докажаа дека ваквиот удобен амбиент може да ги намали стресот и физичката болка и да обезбеди многубројни придобивки за телото и за умот.rn

    3. Опкружете се со звуците од природата

    rnЗвуците од природата имаат неверојатно влијание врз вашиот мозок. Звукот на бранови и мирно море влиjае исклучително смирувачки, намалувајќи ја на минимум активноста на мозокот или на амигдалата (центарот за страв). Затоа, отворете го прозорецот и слушајте ги птиците или едноставно пуштете го звукот на океанот, на дождовните шуми или на птиците. Звуците на природата ги подобруваат спиењето и фокусот додека работите.rn

    4. Гледајте ги ѕвездите

    rnИстражувањата покажуваат дека гледањето на ноќното небо може да има смирувачки ефект, целосно да ве опушти и да го промени вашето расположение. Кога ги гледате ѕвездите на небото, месечината што сјае како улична светилка ве хипнотизира и преминувате во медитативна состојба. Исто така, гледајќи во небото, се потсетувате на фактот дека сте само индивидуа која е дел од многу поголем универзум.rn

    5. Одгледувајте растенија

    rnОткако ќе додадете боја и текстура во вашето опкружување, добро е да знаете дека луѓето кои работат во своите домови се многу попродуктивни ако се опкружени со растенија. Можете да засадите мала градина во терариум, на балконот или едноставно да се одлучите за растенија во тегли што ќе бидат погодни за вашиот простор.rn

    6. Создадете оаза

    rnЧувајте книга со фотографии од природата при рака за да можете да ја прелистувате секогаш кога ќе ви недостасуваат инспирација и мир. Поставете гранчиња лаванда потопени во есенцијално масло на вашата работна маса, поставете позадина со вашите омилени моменти од природата и создадете атмосфера во која ќе се чувствувате како да сте надвор.rnrnПогледнете како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација.