КАФЕ ПАУЗА

Tag: изолација

  • 7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

    7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

    Научивме многу од изолацијата, а некои од тие работи би требало да останат во нашата нова рутина. Веруваме дека повеќето од вас едвај чекаат да се сретнат со пријателите и да излегуваат. Но, признајте дека промените што ги донесе пандемијата со себе, делумно ви одговараат. Можеби го исцрпувавте вашиот јога душек и бевте поорганизирани со купувањето намирници. Овие 7 работи на кои нè научи изолацијата би требало да ги одржуваме во нашата рутина.rnrn7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикувамеrn

    Време за себе

    rnШто навистина сакаме да правиме, што нè прави среќни, кои луѓе нè прават среќни, а кои ни го отежнуваат животот? Ова се само некои од прашањата на кои можеме самите да одговориме. Иако можеме да го сториме тоа, ни треба време за себе, медитација, релаксација и моменти во кои само седиме и не правиме ништо.rn

    Вежбање дома

    rnТеретани и тренери – сè отиде во заборав за време на изолацијата. Сепак, многумина конечно имаа време да ги искористат своите јога душеци, тегови и друга опрема за вежбање. Потребно е многу малку за да останете активни и да се чувствувате подобро. Мал простор, видеа за вежбање и желба за промена.rn

    Готвење и здрава исхрана

    rnАко имаше нешто што постојано се правеше во изолација, тоа беше готвењето. Додека некои додадоа неколку килограми, други почнаа да размислуваат за својата исхрана и подобра организација при купување на намирници. Зошто да не продолжите така и понатаму? Ќе фрлате помалку храна и ќе ја подготвувате попаметно.rnrn7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикувамеrn

    Терапевтската моќ на природата

    rnУбаво беше кога сите се соберени заедно на ливадите, шумите и парковите. Зеленилото има неверојатна моќ да го одмори мозокот, а во исто време и да го снабди со дополнителен кислород. Не можете да замислите ниту еден ден без природа? Ве разбираме.rn

    Важноста на пријателството

    rnОд соседи до пријатели од интернет – јасно е дека луѓето станаа поддршка едни на други по многу долго време. Пандемијата нè натера да научиме дека сите сме рамноправни дека се чувствуваме подобро кога си помагаме. Само една реченица за утеха од блиска личност е доволна за да направи да се чувствуваме подобро. Негувајте го пријателството и ценете го.rn

    Работа од дома

    rnМожеби светот ви се вртеше само околу работата, но веруваме дека изолацијата ги постави вашите приоритети. За многумина, работењето од дома отвори сосема нова димензија, така што многу од светските компании воведоа работа од дома како ново правило. Забележаа дека луѓето се покреативни и посреќни, а кој не би сакал такви вработени?rnrn7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикувамеrn

    Квалитетно поминато време со децата

    rnНајголемите предизвици со кои се соочуваат родителите е што мораат да најдат нови начини на кои ќе ги забавуваат своите деца. На децата им е тешко да разберат зошто не можат да се дружат со своите пријателчиња. Тие се навикнати на игри во природа и излети, па не ги отстранувајте овие навики дури и во изолација. Бидете креативни!rnrnМожеби ќе ве интересира и што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

  • Како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени?

    Како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени?

    Изолацијата, социјалното растојание, маските и дезинфекцијата станаа секојдневие. Луѓето со нетрпение го чекаат крајот на пандемијата, но сите се прашуваат што ги чека во иднина? Сите зборуваат за враќање на животот во нормала, но како ќе изгледа таа „нова нормала“?rnrnКако да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени?rnrn„Гардијан“ неодамна објави истражување направено од психолог Стивен Тајлер во кое учествувале 7.000 возрасни луѓе од САД и од Канада и според тоа истражување, дури 75% од нив добро се справиле со ситуацијата, а само 25% биле под стрес.rnrnНо, колку и да сте психички стабилни, изолацијата предизвикува одредено ниво на вознемиреност и фрустрација. Луѓето се желни за контакти, едвај чекаат да се поврзат. Има и такви кои се исплашени затоа што се изложени на ризик, а има и такви кои имаат став дека сето ова е заговор, дека никој не е во опасност и слично, што е исто така еден вид одбранбен механизам.rnrnВо последните два месеци, социјалните мрежи беа нашиот „прозорец“ кон светот, нашето игралиште, нашите кафулиња, нашите семејни собири. Колку ни помогнаа да го задржиме разумот, и колку ни одмогнаа?rn

    Можни проблеми во иднина

    rnНајверојатно во иднина ќе се свртиме уште повеќе кон дигиталните мрежи, но социјалната интеракција не може да ја замени ништо. Од една страна, дигиталната технологија ни помогна да останеме во контакт со најблиските, но, од друга страна, повеќе ни одмогна. Дигиталната технологија ги „турка“ луѓето кон отуѓување, особено оние кои имаат тенденција да се повлечат и што страдаат од социјална вознемиреност. Не секој има способност да се дистанцира. Кога животот ќе почне да се враќа во нормала, треба да се оддалечите од социјалните мрежи, да одите на прошетки и да излезете од тој виртуелен свет.rn

    Како да се справите со многуте информации што ги слушате секојдневно?

    rnДефинитивно треба да се обидете да се изолирате од информациите што ве преплавуваат. Секако, треба да бидете во тек со новите мерки и регулативи за да не правите грешки. Сепак, кога ќе се сретнете со луѓето што ви се драги, почнете да поставувате отворени и директни прашања: „Како го поминавте времето?“, „Што правевте?“, „Дали ви беше тешко?“. Многу е важно да се поврзете со личноста со којашто комуницирате. Поддршката е многу важна, а враќањето на човечкиот контакт ги поврзува сите и тоа е клучно.rn

    Како треба да се однесувате?

    rnЛогично е да постои вистински страв бидејќи факт е дека пандемијата не заврши. Постои и страв од економски загуби, губење на работните места, ниски плати. Всушност, ова се вистинските стравови и соочување со проблемите што ве чекаат и нешто на што ќе мора да се навикнете, па затоа треба да се фокусирате на позитивните аспекти.rnrnГолем број луѓе едвај чекаат да се вратат во кафулињата, кај фризерите итн., но треба да бидете одговорни и да бидете свесни за последиците од вашето однесување. Вие не сте одговорни само за себе, туку и за другите. Мора да се соочите со вистината дека некое време ќе живеете во еден сосема друг социјален контекст. Ќе посветувате повеќе внимание на хигиената, ќе се грижите за социјалната дистанца, а патувања ќе бидат комплицирани. Промените ќе продолжат и по вонредната состојба, од ден на ден, чекор по чекор.rnrnПогледнете како ќе живееме по коронавирусот – ништо веќе нема да биде исто.

  • Фотографии од прекрасни погледи кои секој би сакал да ги има за време на изолација

    Фотографии од прекрасни погледи кои секој би сакал да ги има за време на изолација

    Луѓе од целиот свет споделуваат фотографии на нивните профили на Инстаграм од прекрасните погледи што ги имаат за време на изолацијата. Инспиративните описи на социјалните мрежи докажуваат дека изолацијата не е толку лоша кога можете да го гледате зајдисонцето од вашиот париски балкон или да се разбудите со поглед кон пенливото море во Бермуда.rnrnКако и да е, додека ги гледаме тие убави слики, не треба да заборавиме на луѓето кои не се толку среќни додека се во изолација и да бидеме благодарни за малите работи што ни ги нуди животот.rn

    1. Франција

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Timothé Mazeau Wilquin (@timothemw) el

    rnrn

    rnrn

    2. Бермуда

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Carla Seely (@cseely75) el

    rnrn

    rnrn

    3. Швајцарија

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de AM Photographie (@_andrea_muller_) el

    rnrn

    rnrn

    4. Норвешка

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Anne Lise Brekkhus Konglevoll (@_alinwonderland_) el

    rnrn

    rnrn

    5. Перу

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Ante Gabriel PhotoArt (@ante_gabriel) el

    rnrn

    rnrn

    6. Францијаrn

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Emy (@ramble_on_streets) el

    rnrn

    rnrn

    7. Шкотскиот остров

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Ashlea Ann (@ashleaannt) el

    rnrn

    rnrnrnПогледнете ги и овие фотографии што покажуваат како изгледа пролетта низ целиот свет.

  • 10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијата

    10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијата

    Сместени под дрвјата, помеѓу цвеќиња и грмушки, скриените градини се создадени за да ја одморите душата додека престојувате во нив. Не станува збор за раскошни, големи градини што ќе ве остават без здив поради својата величественост, туку за мали места на отворено што се скриени од погледите и опкружени со зеленило. Сите фантазираат за еден ваков агол во дворот, за мал свет за себе, за скриена градина во којашто ќе сакате да останете дури и откако ќе помине изолацијата.rnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrnПогледнете ги овие 12 идеи како да го уредите дворот за дневен престој на отворено.

  • Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Изгледавте сè на Нетфликс, телевизиските програми не ви се допаѓаат и изгледавте многу култни наслови од списокот со серии и филмови што мора да ги гледате? А, што е со некои од долгите серии што сега можете да ги гледате без никакво каење? Ако овој период барате утеха во филмовите, во сериите и во забавните емисии, тоа е сосема во ред. Овие серии не само што ќе ви предизвикаат чувство на носталгија затоа што ќе ве потсетат на детството и на моментите кога животот беше нормален, туку во моментов може да имаат навистина позитивен ефект врз вашето расположение.rn

    1. „Симпсонови“ („The Simpsons“)

    rnhttps://youtu.be/SR8WWFzrZAgrn

    2. „Вовед во анатомија“ („Grey’s Anatomy“)

    rnhttps://youtu.be/q1pcpgREQ5crn

    3. „Девојките Гилмор“ („Gilmore Girls“)

    rnhttps://youtu.be/fr9NyhPJ2Pkrn

    4. „Паркови и рекреација“ („Parks and Recreation“)

    rnhttps://youtu.be/9djCOPHOvOwrn

    5. „Девојки“ („Girls“)

    rnhttps://youtu.be/k4tY-2PTFPgrn

    6. „Туѓинец“ („Outlander“)

    rnhttps://youtu.be/PFFKjptRr7Yrn

    7. „Два метри под земја“ („Six Feet Under“)

    rnhttps://youtu.be/VT6Fq1ENb8srn

    8. „Повикај го мојот агент“ („Call my Agent!“)

    rnhttps://youtu.be/zXu3gOi8HxIrnrnПогледнете ги и 5-те најдобри мини серии за кои нема да поверувате што всушност сте изгледале.

  • 7 совети како да не се здебелите додека сте во карантин

    7 совети како да не се здебелите додека сте во карантин

    Изолацијата преку ноќ го замени активниот начин на живот со пасивен, па многу луѓе работат од дома и сè почесто го отвораат фрижидерот, дури и кога не се гладни. Но, за да се заштитите од вирусот, мора да се храните здраво. Затоа, следете ги овие совети што ќе ви помогнат да го избегнете внесувањето непотребни калории и да воспоставите здрав начин на исхрана.rnrn7 совети како да не се здебелите додека сте во карантинrn

    1. Направете распоред и придржувајте се до него

    rnИспланирајте го распоредот за оброци исто како што правите кога одите на работа. Појадувајте, ручајте и вечерајте во исто време секој ден. Ако имате деца, планирајте ги оброците и во согласност со нивните активности. Не заборавајте и на здравите ужинки.rnrnКога ќе испланирате сè, значително ќе ја намалите можноста да јадете само затоа што ви е здодевно.rn

    2. Планирајте ги оброците

    rnЗа да го намалите одењето во продавница, направете неделен план за оброци и соодветно на тоа, направете и список на потребните намирници.rnrnКога ги планирате оброците, планирајте и како можете да го користите тоа за вашиот следен оброк. На пример, можете да направите крем супа од преостаното пире.rn

    3. Пакувајте ја храната

    rnАко на работа носите ручек спакуван во пластични садови, можете да го сторите истото додека работите од дома. Ставете ги ручекот и ужинките во садови или во ќесички и јадете по потреба.rnrnНа овој начин го контролирате внесот на храна и нема да јадете нездрави грицки.rn

    4. Снабдете се со здрави грицки

    rnКонсумирањето здрави грицки во вистинско време ќе ви го контролира гладот и ќе бидете полни со енергија и со хранливи материи. Изборот е голем: целер со путер од кикирики, парчиња јаболка со путер од бадеми, сечкани круши со парчиња сирење, овошно смуди, сладолед од банана, пита со маслинки, пуканки итн.rn

    5. Обидете се да им одолеете на нездравите грицки

    rnПред да посегнете по ќесичката чипс, запрашајте се дали навистина сте гладни. Можеби само сакате да ја ублажите вашата вознемиреност или да ја убиете здодевноста.rnrnАко не сте гладни, подобро е да правите вежби за истегнување или да медитирате десетина минути. Исто така, внимавајте да не работите близу до фрижидерот бидејќи така нема да можете да му одолеете.rn

    6. Најдете поздрава замена

    rnКога сте под стрес, обично барате утеха во храната која е нездрава, полна со маснотии и со калории. Сепак, питата со зеленчук или мини вегетаријанската пица може да бидат вкусна и здрава замена. Желбата за благо ќе ја намалите со консумирање овошје, овошно смуди, сладолед од банана или неколку коцки темно чоколадо.rn

    7. Внимавајте на алкохолот и на кафето

    rnЧаша вино или вашиот омилен коктел може да бидат добро решение за борбата против стресот. Сепак, само една или две чаши пијалак може да ви го нарушат сонот.rnrnКонсумирајте една до две шолји кафе до попладневните часови за да имате квалитетен сон.rnrnПогледнете кои се 6-те додатоци во исхраната што навистина може да го зајакнат имунитетот.

  • 6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантин

    6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантин

    Оваа пандемија влијае врз сите луѓе и физички и емотивно, па сега не е време да ги потиснете вашите чувства. Ако чувствувате потреба да излезете надвор и да викате, сторете го тоа. Ако напорното вежбање или плетењето ви помагаат да се справите со стресот, тогаш сторете го тоа. Што и да треба да направите, немојте да се чувствувате лошо откако ќе го направите тоа. За време на оваа пандемија, најважно е да се грижите за себе, особено затоа што не можете да го живеете типичниот начин на живот.rnrn6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантинrnrnОвие неколку совети ќе ви помогнат да се грижите за себе кога ќе почувствувате појава на вознемиреност или депресија.rn

    1. Обидете се да немате „ништо“ денови

    rnОбидете се да ги избегнувате деновите во кои нема да правите ништо, иако сега е неверојатно тешко да се прескокнат. Важно е да правите нешто секој ден за да се чувствувате среќно и продуктивно. Затоа, направете список со неколку работи што сакате да ги направите во текот на денот.rnrnСписокот не мора да содржи некои големи цели, но запомнете дека нешто е подобро од ништо. Една порција зеленчук е подобро од ниту една, а пет минути медитација е подобро од нула.rnrnПрецртувањето дури и на најмалите работи од вашиот список ќе ви предизвика радост.rn

    2. Разговарајте со себе

    rnМоже да се обидете да разговарате со пријател за тоа како поминал вашиот ден или да се снимате себеси додека зборувате за одредени работи ако не сакате да пишувате. Ова е особено корисно, затоа што секојдневно ќе водите евиденција за вашиот живот, што би можело да биде прилично интересно да го чувате откако ќе заврши оваа пандемија.rn

    3. Излезете надвор

    rnОдете на прошетка, трчајте, возете велосипед или седете во дворот. Во овие моменти, на сите им е потребен свеж воздух, па не ви треба куче или пријател, едноставно зграпчете ги слушалките и излезете, дури и само на десет минути.rnrnНа тој начин ќе ја разбистрите главата, а освен тоа, прошетката може да смета како нешто што сте го реализирале од списокот на обврски за тој ден.rn

    4. Контактирајте со вашите најблиски

    rnНемојте да мислите дека ги вознемирувате најблиските или дека тие повеќе сакаат да направат нешто друго отколку да разговараат со вас. Буквално сите се во карантин, па што може да прават друго?rnrnСигурно и тие се чувствуваат исто како вас, па зошто да не се жалите заедно? Буквално никој не знае што ќе се случи, па зошто да не шпекулирате? Или едноставно разговарајте за тоа што направивте во текот на денот.rn

    5. Посветете се на вашето хоби

    rnШто и да сакате да направите, сторете го тоа. Имате многу слободно време деновиве.rnrnСега е идеално време да пробате и нешто ново, особено затоа што многу луѓе работат од дома или се без работа. Отсекогаш сте посакувале да направите леб? Сега имате можност да научите како се прави. Или можеби отсекогаш сте сакале да пробате да пеете.rnrnИмате многу слободно време, па затоа обидете се да бидете зафатени колку што е можно повеќе. Тоа не значи тека треба да се критикувате ако не пробате сè што некогаш сте посакувале или ако не сте совладале некоја нова вештина.rn

    6. Вежбајте сочувство кон себе

    rnОва е тежок и ранлив период за секого, па затоа не отежнувајте си го уште повеќе. Не е крај на светот ако имате „ништо“ ден. Вие не сте пропаст затоа што не го користите времето како вашиот најдобар пријател што шие маски за лице за медицинскиот персонал што нема заштитна опрема.rnrnПравете го тоа што можете и не се споредувајте со никој друг. Тоа што нема да излезете од карантин со стомачни мускули не ве прави лоша личност.rnrnПравете го тоа што мислите дека ќе ве утеши во овој период и не срамете се од тоа како ќе изберете да се справите со стресот.rnrnПогледнете кои се 11-те видови луѓе во карантин и нивните смешни описи.

  • Ставете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Ставете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?

    Не знаете што да правите додека сте дома и ништо не ве исполнува? Погледнете ги овие предлози за идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација.rnrnСтавете ѝ крај на здодевноста: Кое е идеалното хоби за секој хороскопски знак додека е во изолација?rn

    Овен: Научете нов рецепт

    rnОвните се динамични и креативни, а покрај тоа, тие обично се и вистински гурмани. Готвењето звучи како идеално хоби за вас, а и време е да ги усовршите вашите кулинарски вештини така што ќе пробате нови рецепти. На тој начин, ќе го усреќите целото семејство.rn

    Бик: Вежбајте

    rnИако сакаат да бидат дома повеќе од останатите хороскопски знаци, Биковите сакаат да поминат еден дел од денот активно пред да се приберат дома. Ако изолацијата ви го наруши секојдневниот ритам, време е да се вратите на старите навики. Наместо да плачете за затворената теретана со ќесичка чипс во рацете, најдете видеа за вежбање на Интернет и започнете веднаш.rn

    Близнаци: Прочитајте книга

    rnНа љубопитните Близнаци им е многу здодевно дома, па за нив, добрата книга е идеално бегство од реалноста. Дури и ако не сте љубители на книги, дајте им шанса, па можеби ќе се изненадите кога ќе откриете колку може да ве усреќат.rn

    Рак: Преуредете ги просториите во домот

    rnИако се многу креативни по природа, Раковите обично немаат време да ги реализираат своите идеи за уредување на домот. Сега конечно имате доволно време за да ги реализирате тие идеи. Преуредете барем една просторија или еден агол во домот, а освен што ќе го скратите времето поминато во изолација, ќе бидете и горди на вашите дела.rn

    Лав: Започнете да водите свој блог

    rnВам ви е потребен издувен вентил преку кој ќе можете да им ги кажете своите ставови и мислења на другите, сега кога нема гужва околу вас. На овој начин можете да станете познати, а сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието.rn

    Девица: Научете нов јазик

    rnПрактичните и организирани Девици не сакаат да го трошат времето залудно. Затоа, идеалното хоби за вас додека сте во изолација е учењето нов странски јазик што сигурно ќе ви послужи во животот и ќе можете да го додадете во вашето CV.rn

    Вага: Научете да шиете

    rnВагата обожава убави работи, а особено убава гардероба. Проблемот е во тоа што тие често замислуваат нешто што не можат да го најдат во продавница или се вљубуваат во некое дизајнерско парче што не можат да си го дозволат. Затоа, идеалното хоби за вас е шиењето. Освен што ќе бидете многу добри во тоа, затоа што обично сте вешти со рацете, кога ќе научите да шиете, ќе можете самите да ги шиете креациите за коишто сте сонувале.rn

    Скорпија: Одгледувајте растенија

    rnНа Скорпиите им е многу тешко да бидат затворени во четири ѕида и постојано бараат изговор за да излезат од дома. Совршен и долготраен изговор е одгледувањето растенија во градината. Меѓутоа, ако немате доволно среќа да имате двор, можете да засадите цвеќиња или растенија на балконот (па дури и внатре во станот) за кои ќе треба да се грижите и така ќе бидете зафатени сè додека не заврши сето ова.rn

    Стрелец: Гледајте документарни филмови

    rnСтрелците се секогаш желни за нови авантури, а особено се љубители на патувањата во непознатото. Со оглед на тоа што во моментот тоа не е изводливо, ќе ве утешат документарците за интересни локации во светот, а сигурно ќе ве забавуваат и блоговите за патувања.rn

    Јарец: Водете дневник

    rnОтсекогаш сте сонувале да напишете книга? Сега сигурно имате инспирација, а за почеток, можете да водите дневник кој, дури и ако никогаш не го претворите во книга, ќе ви помогне барем да го ослободите мозокот од многуте мисли.rn

    Водолија: средете се

    rnВодолиите сакаат да изгледаат убаво, па ако досега немавте време за правење фризури и за експериментирање со шминката, сега е вистинското време да пробате сè што сакате. Покрај тоа, ќе ги усовршите вештините за шминкање и за средување на косата, така што во иднина ќе се подготвувате многу побрзо.rn

    Риби: Свирете

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак уживаат во музиката повеќе од другите и честопати се надарени, па знаат да свират барем на еден инструмент. Ако сè уште не сте го откриле тој скриен талент, време е да го пронајдете.rnrnПрочитајте како најлесно да ја поднесете изолацијата според вашиот хороскопски знак.

  • Освежете го домот за време на изолацијата: Како да го транформирате просторот со помош на растенија?

    Освежете го домот за време на изолацијата: Како да го транформирате просторот со помош на растенија?

    Деновиве, кога поминувате многу време затворени во четири ѕида, ќе почнете да им обрнувате многу повеќе внимание токму на тие четири ѕида, за кои никогаш не успеавте да најдете доволно време да им се посветите. За да го преуредите вашиот простор за живеење, воопшто не ви треба голем буџет или нов мебел. Сè што ви треба е волја и инспирација.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Apartment Therapy (@apartmenttherapy) on

    rnrn

    rnrnrnКуќните растенија веќе некое време се еден од најголемите трендови во уредувањето на ентериерот. Дизајнерите на ентериер објаснуваат зошто растенијата се важни во уредувањето на просторот: благодарение на нивната впечатлива, освежувачка боја и на изгледот како скулптура, тие даваат ефект на еден вид мало уметничко дело.rnrnЗатоа е важно какви растенија ќе изберете и како тие ќе одговараат во вашиот ентериер, а најмногу треба да внимавате на бојата, на формата и на големината на саксиите во кои се наоѓаат.rnrnАко сакате да го декорирате просторот за живеење со растенија, не ги оставајте растенијата онака како што сте ги купиле – во пластична саксија. Изберете керамички, плетени или метални саксии. Во продолжение погледнете ги овие фотографии од кои ќе добиете инспирација како да го преуредите домот.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Apartment Therapy (@apartmenttherapy) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Apartment Therapy (@apartmenttherapy) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Cozy Home Shots (@cozyhomeshots) on

    rnrn

    rnrnrnПогледнете како да го претворите малиот балкон во идилична пролетна оаза.

  • Истражување: Што најмногу „гуглаат“ жените за време на изолацијата?

    Истражување: Што најмногу „гуглаат“ жените за време на изолацијата?

    Колку и да ви се чини дека времето во изолација успеа да ви ги одземе омилените рутини, дружењето и секојдневните активности, тврдиме дека, исто така, ви донесе безброј нови можности и позитивни работи.rnrnИстражување: Што најмногу „гуглаат“ жените за време на изолацијата?rnrnБидејќи сега имаме повеќе време да ги завршиме работите што можеби само „висеа во воздухот“ како планови, ние решивме да откриеме што „гуглаат“ жените во поголемиот дел од слободното време.rnrnПосетите и средбите со пријателите станаа забранети, па следствено на тоа, социјалното вмрежување значително се зголеми. Логично, нели? Благодарение на Интернетот, можеме да комуницираме со луѓето со кои сакаме секој ден, а вишокот време ни овозможува да поминуваме време со пребарување на Google за темите што нè интересираат.rnrnКако и да е, бидејќи на жените им се оневозможени услугите од нивните фризери, козметичари и разните третмани за убавина, новите истражувања објавени од flawless.org покажале за што се најмногу заинтересирани жените за време на пандемијата. Најчестите пребарувања на Google се поврзани со негата на коса, шминкањето и активностите на славните.rnrnКога станува збор за косата, најмногу пребарувања потекнувале од темата: „Колку често треба да се миете косата?“, „Како да се навитка косата со пегла за коса?“, „Совети за побрз раст на косата“, но и „Како самите да се потстрижете?“. Поимот шминка забележал најголем раст. Пребарувано е 135.000 пати во еден месец, а истражувањето покажало дека жените се најмногу заинтересирани за тоа како да ги исчистат четките за шминка и како да направат лицето да им изгледа убаво без шминка.rnrnОва било проследено со пребарувања за ноктите, со најголем интерес за темата „Како да го отстранам гелот лак за нокти?“. Покрај тоа, животите на славните не се запоставени дури и за време на изолацијата. Жените биле најмногу заинтересирани за активностите на Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Ариана Гранде.rnrnКако и да е, карантинот дефинитивно ни овозможува пауза од производите за убавина и враќање на природниот изглед.rnrnМожеби сакате да ги прочитате наодите и од едно интересно истражување: Зошто жените се посреќни, но и понервозни од мажите?rn