КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Младиот врколак (Тeen Wolf)

    Младиот врколак (Тeen Wolf)

    ТВ серија за животот на еден средношколец кој се менува преку ноќrnrnМладиот врколак (Тeen Wolf)Главни улоги: Тајлер Пози, Кристал Рид, Дилан Обрајан, Холанд РоденrnrnЖанр: драма, хорор, комедија, акција, романсаrnrnПремиера: 5 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 41 минутаrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСе сеќавате на „Дали се плашите од теминината?“ Тоа е хит-тинејџерската серија која го воведете хоророт како жанр за младата популација, серија која може да се гледа и преку ден. Од тогаш до денес, овој жанр многу еволуираше, но сепак, задржа нешто што ги прави ваквите ТВ серии интересни за гледање – млада, привлечна актерска екипа, лесни приказни, благо застрашување и многу сцени крај училишните шкафчиња. Младиот врколак е нова серија, направена како адаптација на истиоимениот филм од ’85, која внесува нова свежина во телевизиските продукти од овој тип. Ако ги изгледавте сите епизоди од „Вампирски дневници“, „Декстер“, „Убави, мали лажливки“… и ви треба нова возбуда за пополнување на слободното време ова лето, „Младиот врколак“ би бил одличен избор.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Скот и Стајлс се средношколци кои сакаат да влезат во друштвото на популарните, но сосема спротивно, тие се тотални аутсајдери. Возбуда во нивните животи внесуваат сведочењата на местата на злосторот каде изгледа дека сакаат да ù завршат работа на полицијата. Младиот врколак (Тeen Wolf)Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. Младиот врколак (Тeen Wolf)Младиот врколак (Тeen Wolf)Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Но, сè и не е така едноставно. Од една страна се трагите кои Скот ги остава зад себе и многуте прашања на кои не знае каде да им го побара одговорот. Од друга страна пак, како дел од спортскиот тим кој игра лакрос за училиштето, се соочува со неговиот опонент Џексон, кој едноставно чувствува дека има нешто чудно во врска со него.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Иако се работи за веќе видена приказна, тоа не ја прави серијата помалку интересна за гледање, барем со оглед на очекувањата.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Глума: И покрај тоа што се работи за деца на околу 16 годишна возраст, актерите одлично се снаоѓаат во своите улоги, па како што вели дел од критиката, во оваа серија глумците не само што добро изгледаат, туку и одлично глумат. Момците се згодни, девојките прекрасни, а дејството сосема солидно пренесено од оние чијашто работа е тоа. Мислењето на критичарите е генерално поделено и иако нема некои екстремно пофални зборови, нема ниту јаки негативни критики, што е добро.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Кинематографија: Сцените се токму онакви како што очекувате, светли и ведри преку ден, мрачни и по малку страшни навечер. Токму затоа, оваа серија е омилена за младата популација.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Кога и како да ја гледате: Секако дека дури и кога се работи за серија со меки хорор елементи, подобро и повозбудливо е да се гледа навечер, или сами или во друштво на други љубители на хорор филмови. Но, ако баш ви се гледа серија и сакате да се релаксирате без многу да го ангажирате мозокот, можете да ја пуштите и во сабота сабајле, после бурната ноќ во дискотеката.

    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————— rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
  • Цимерката (The Roommate)

    Цимерката (The Roommate)

    Филм за предаторите околу нас кои може да дојдат во различна форма и обликrnrnЦимерката (The Roommate)Режија: Кристијан Е. КристијансенrnrnУлоги: Минка Кели, Лејтон МистерrnrnВреметраење: 91 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 февруари 2011rnrnЖанр: трилерrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnНајчесто во новите односи влегуваме со целосна доверба. Делумно затоа што секогаш се надеваме на најдоброто, а делумно затоа што животот и не се живее во постојан сомнеж дека некој ќе ти забие нож во грбот. Сепак, понекогаш и тоа ни се случува, иако на повеќето од нас, во многу поблага варијанта од онаа во „Цимерката“.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Сара (Минка Кели) доаѓа во Лос Анџелес за да студира. Во интернатот мора да ја дели собата со друга девојка и се вселува со Ребека (Лејтон Мистер). И според името на филмот не е голема мистерија дека вистинскиот центар на приказната е цимерката во која уште на стартот бараш црни дамки и… многу од нив, скоро ги добиваш. Ребека е опсесивна девојка за која пријателството значи и комплетна зависност. Таа е подготвена да направи се за да ја тргне Сара од остатокот на светот и да биде само нејзина, засекогаш. Сето тоа излегува надвор од контрола, а на крајот некој завршува со фатални последици додека друг поминува само со гребнатинка, и физичка и емоционална.Цимерката (The Roommate)Кога ќе земеш филм што се вика „Цимерката“ и по жанр е трилер, веднаш претпоставуваш повеќе или помалку вакво сценарио. Иако има напнати моменти, доколку режисерот го зголемел волуменот на насилството и на комплетните опсесивни акции, ќе го направеше филмот потензичен и погледлив за љубителите на добриот хорор, трилер. Вака е само на половина пат помеѓу трилер и можеби некој женски колеџ филм.Цимерката (The Roommate)Дефинитивно за „Цимерката“, своја верна публика носи Лејтон Мистер која е позната од хит-серијата „Озборувачка“. Додека за Минка Кели ова е една од малкуте ударни улоги, но факт е дека таа само што почнува да се пробива на филмската сцена. И двете имаат коректни остварувања, но не излегуваат надвор од просечноста. Ја служат улогата за која што се платени, но не внесуваат никаква особена иновација.Цимерката (The Roommate)Кинематографија: Поголем дел од филмот се одвива на колеџ-кампусот или пак на улиците на Лос Анџелес во тек на ноќниот живот. Тука студентите воопшто не наликуваат на нашите, а студентските соби изгледаат како да се во хотелот „Хилтон“. Нивните ноќни излегувања, пак, се преполни со домашни забави, нашминкани клубови и нормално, со убави луѓе. Впрочем сте гледале американски филмови кои допираат ваква тематика и точно можете да си ја исцртате сликата во главата.Цимерката (The Roommate)Кога и како да го гледате? Пуштете го навечер, како и секој друг трилер. Инаку, поради кастингот и разработката само на женски опсесивен однос, се чини дека „Цимерката“ е наменет пред се за женската публика.Цимерката (The Roommate)rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непознат (Unknown)

    Непознат (Unknown)

    Динамичен трилер за потрагата по сопствениот загубен идентитет, во буквална смисла на зборотrnrnНепознат (Unknown)Режија: Џаума Колет-СераrnrnУлоги: Лијам Нисон, Дајан Кругер, Ејдан Квин, Џенуери ЏонсrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англиски, германскиrnrnПремиера: 18 февруари 2011rnrnЖанр: трилер, мистеријаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnДа ги немаше сите тие изненадувања, новиот трилер „Непознат” многу брзо ќе потонеше во заборав. Трилер како милиони пред него и како милиони по него. Но, единственото нешто што го прави овој филм поинаков од другите, се постојаните неочекувани случувања кои те држат „на штрек“. Искрено, можеби и на моменти не е претерано реалистичен, нормално доколку сакаш да гледаш во ситници и да чепкаш во детали. Сепак, ако едноставно сакаш да се изрелаксираш со приказна која ќе те „вози” и на чиј крај нема ни да се понадеваш, тогаш „Непознат” е сосема добар избор.rn ————————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Мартин и Елизабет Харис се брачен пар кои доаѓаат во Берлин поради конференција за биотехнологија. За да не ве заморувам со серијата на причинско-последични настани, скокам пет минути напред до моментот кога Мартин (Лијам Нисон) има сообраќајка и паѓа во кома од која се буди по четири дена. Оттогаш неговиот живот е свртен наопаку. Неговата жена не е крај него, а кога почнува да се обидува да се врати во нормала, сè е поинаку. Елизабет е со друг Мартин Харис крај себе и воопшто не го познава, додека тој не може да го докаже својот идентитет поради што влегува од една во друга ситуација во потрага по тоа кој е и што е. Филмот е преполн со изненадувања и ситуации поради кои и вие како гледач веќе не знаете што да мислите. Како долгогодишен следач на трилери, по дифолт, со секоја нова информација може да си поставите своја приказна, но таа најчесто се покажува како неточна. Токму во тоа е и убавина на овој филм, што се базира на неочекуваното.Непознат (Unknown)Актерските остварувања се сосема солидни, тргнувајќи, пред сè, од Лијам Нисон кој одлично портретира човек што ја бара вистината за себе и на кој сите сеќавања за сопствениот живот му се покажуваат како неточни. А рамо до рамо со него е и неговата филмска партнерка, Дајан Кругер („Неславни копилиња“ и „Национално богатство“), која ја игра улогата на партнер во злосторството, односно таа е таксистката која го вози Мартин кога се случува несреќата, а потоа станува негов соработник против лошите момци.Непознат (Unknown)Кинематографија: Комплетното дејство се случува во Берлин кој е студен, снежен, темен и некако мачен. Иако фотографијата е добра, останува чувството дека, сепак, не е доволно искористен градот за да го долови чувството дека дејството се случува токму таму. Сосема слободно можеше да биде во Париз, Лондон или некој друг европски град и да се добие сосема истиот ефект.Непознат (Unknown)Кога да го гледате? Погледнете го во трилер-периодот, навечер. Филмот сепак подобро си легнува во друштво за да можете и да си прокоментирате некоја од можните опции за развој на дејството, сè додека не ве изненади нешто ново.Непознат (Unkonwn)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Војна на „слатките“ машини

    Војна на „слатките“ машини

    Краток анимиран филм за прекрасен и релаксирачки старт на работната недела. Сигурно ги знаете оние слатки машини во кој ставате железни пари за една мастика или некоја интересна и мала играчка. Е баш тие машини влегуваат во една неодоливо смешна војна која ќе ја задржи насмевката на вашето лице во текот на целиот ден.rn(1) Војна на „слатките“ машиниАнимацијава е дело на Scott Thierauf којшто работи како креативен директор и 3Д аниматор во креативната агенција за маркетинг RED ECHO POST. Анимираниов филм го направил сосема случајно, затоа што немал никакво сценарио, туку сакал само да ја проба новата верзија од неговата алатка за 3Д анимација. Па, насмејте се… :)rn

    rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Филм за лагите и за тоа кога е вистинско време да престанеш со нив и да ја кажеш вистината… како едно „Пинокио“ патешествие може да ти разјасни некои работи и да ти донесе позитивна животна промена rnrnСамо продолжи со тоа (Just go with it) Режија: Денис ДуганrnrnУлоги: Адам Сендлер, Џенифер Анистон, Никол КидманrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 февруари 2011rnrnЖанр: романтична комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: : [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnАмериканските романтични комедии се прават по рецепт. Не треба да си филозоф или огромен креативец за да измешаш малку хумор со малку непризнаени и негирани љубовни чувства и на сето тоа да му додадеш среќен крај. Уште подобро ако се појавуваат популарни глумци како во случајот, Адам Сендлер, Џенифер Анистон и Никол Кидман – тогаш имаш сигурен хит на кино благајните. Овие филмови не се паметат засекогаш, не влегуваат во 100-те најдобри, но си ја играат својата јасна улога во кинематографскиот свет, односно нè забавуваат и притоа ни ги собираат парите. Сепак, во купот американски комедии се издвојува по некоја со подобар хумор и симпатична приказна. Таков тип е филмчето „Само продолжи со тоа”.rn———————————————————————————————————————————————————————–rnrn

    rnПриказна: Дени (Адам Сендлер) е пластичен хирург кој откако останува повреден од девојката со која требал да се земе, љубовниот живот му се состои од низа „едновечерни средби“ со убави жени. И тој е сосема среќен со тоа, сé додека не сретне девојка за која решава дека треба да се потруди и со која најверојатно сака да остане. Сепак, уште на стартот, една непромислена лага го втурнува сé  подлабоко и подлабоко во лажната приказна во која ги вклучува и неговата асистентка Кетрин (Џенифер Анистон) и нејзините две деца. Да, дејствието е клише, но сепак има забавни хумористични сцени, не само со Сендлер туку и со одличниот комичар Ник Свардон кој го глуми Еди, помалку чудниот и баксузен во љубовта братучед на Дени. Само продолжи со тоа (Just go with it)Кога станува збор за хуморот на Адам Сендлер изгледа дека нема средина – или го сакаш или го мразиш. Сепак, во овој филм дури и тој се појавува во малку посмирена варијанта, со шеги прифатливи за поголем број луѓе. Нема да наоѓате хумор како на пример во „Зохан“. Тука сè е посмирено и нежно со оглед дека станува збор за романтична комедија.rnrnЏенифер Анистон, пак, изгледа дека е родена за ваквите улоги, и не само тоа, туку и таа е свесна дека најмногу ја бива за тоа па не се ни обидува нешто претерано во другите жанрови. Така што нема утка за Анистон, таа е стара коска во ваков тип филмови.rnrnИзненадувачки е што тука ја наоѓаме Никол Кидман која ја игра вечната непријателка на Кетрин, Девелин. По нејзиниот последен проект, драмата „Зајачка дупка“ во кој маестрално портретира жена која го загубила детето, на големото платно се појавува со овој, за неа, претерано лесен проект. Дали станува збор за едноставно полнење на буџетот што најверојатно не ù е ни потребно или пак за лесно оддржување на актерската кондиција, не се знае. Сепак, Кидман, и тука професионално си ја завршува работата. Само продолжи со тоа (Just go with it)Музика: Музиката е како што ù доликува на една нова романтична комедија, од Umbrella на Rihanna до Chasing Cars на Snow Patrol или Beggin’ на Madcon. Сепак влегуваат и постари, но популарни песни и тоа најчесто од The Police. Така саундракот е брз и преполн со препознатливи нумери кои најчесто не ви дозволуваат да не потцупнете со ногата. Половина од дејствието во филмот се одвива на Хаваи, па ваквиот тип хитовска музика комплетно си се поклопува со амбиентот. Само продолжи со тоа (Just go with it) Кога и како да го гледате: во кое било време од денот и во која било комбинација. Нормално дека главен предуслов е да сте љубител на романтични комедии затоа што „Само продолжи со тоа“ е токму тоа. Сепак, со оглед дека момците (стереотипно гледано) не се секогаш на страната на овој филмски жанр, можеби е подобро да го прескокнат, а девојките да го погледнат во друштво со своите другарки.Само продолжи со тоа (Just go with it) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гулаб кој го уништува светот поради едно колаче

    Гулаб кој го уништува светот поради едно колаче

    Кратка содржина: Во краткиот анимиран 3Д филм „Pigeon Impossible“ (Невозможниот гулаб), станува збор за еден таен агент кој е почетник во својата работа и се соочува со редок проблем кој не се сретнува во почетните тренинзи: што да направи кога љубопитен гулаб ќе се заглави во внатрешноста на мултимилионска нуклеарна актовка, која му е дадена од владата на САД? :)rn

    rn

    rn

    За изработката на овој краток филм, на режисерот и сценарист Лукас Мартел, му биле потребни околу пет години за да го комплетира, а воедно претставува и негов прв обид за анимација.rn.

    rnrn

    rn

    „Започнувањето на овој проект, најпрво ми беше изговор да научам да работам 3Д анимација, но при крајот потрошив толку време преработувајќи го и „мазнејќи“ го сценариото, бидејќи сакав публиката да се смее додека го гледа.“

    rn

    rn

    Гулаб кој го уништува светот поради едно колачеКрајниот резултат е едно хумористично 6-минутно беснеење по улиците на Вашингтон, додека нашиот херој се бори да се спаси себеси и светот од хаосот предизвикан од еден гладен гулаб. Воодушевувачките визуелни ефекти и сеопфатниот саундтрак ја отсликуваат работата на стотина талентирани уметници и музичари, а филмот е тестамент за она што може да биде постигнато од тим сочинет од посветени волонтери, кои работеле од љубов кон нивниот занает. Добро завршената работа ја докажуваат и многуте добиени награди: Прва награда за најдобар краток филм на светскиот филмски фестивал во Монтреал, најдобра анимација прогласена на филмскиот фестивал во Савана и уште многу други.

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————-

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rnrn

  • Во подобар свет (In A Better World)

    Во подобар свет (In A Better World)

    Филм за неправдите и за насилството кои не пресретнуваат без разлика дали сме деца или возрасни луѓе и кој е вистинскиот однос кон нивrnrnВо подобар свет (In A Better World)Режија: Сузан БиерrnrnУлоги: Микаел Персбранд, Трина Дурхолм, Маркус РигардrnrnВреметраење: 119 минутиrnrnЈазик: дански, шведски, англискиrnrnПремиера: 29 август 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————-rnМожеби е бајато дури сега да се пишува за филм кој веќе добил Оскар за најдобар странски филм, но ми се чини дека е и премногу себично да се премолчи одлично кинематографско парче, дури и ако сум го изгледала предоцна. Без разлика што генерално европската кинематографија повеќе се труди да биде уметничка отколку комерцијална, под претпоставка дека не може да се натпреварува со ѕверот наречен Холивуд, понекогаш излегува филм кој во себе ги носи и двата сегмента… но, и многу повеќе од тоа.rnrn„Во подобар свет“ е една мудро обсмислена целина во која се прави анализа на нашиот однос кон неправдата и притоа го допира гледачот на многу човечко и лично ниво. Без разлика што можеби нема секој да се „види“ во презентираната приказна, ќе се препознае во чувството на беспомошност и гнев. Овој филм на крајот на краиштата и не ни мудрува како правилно да се однесуваме кон тие чувства, иако попатно можеби ќе добиете чувство дека го прави тоа. rnrnСепак, на крајот, како сума сумарум на сè што е кажано, е дека сите сме човечки суштвества со свои мани и грешки, но тоа не смее и не треба да не оправда во сите постапки, туку да не натера да бидеме малку подобри од тоа што реално сме.rn————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Главни двигатели на дејствието се две мали момчиња, Кристијан и Елијас. Кристијан заедно со татко му се вселува во мало место во Данска откако неговата мајка умира од рак. Таму се запознава со Елијас, кој пак е константно малтретиран на училиште. Така почнуваат пријателство, кое пополека од фрустрација и бес се развива до неочекувани размери. Покрај нив приказната се „шири“ и на нивните родители. Таткото на Кристијан, и покрај своите болки и обвинувања околу смртта на сопругата, се мачи и да допре до дистанцираниот син. Додека таткото на Елијас, Антон е доктор кој практично е поделен на две места, работата во бегалски камп во Африка и семејството и домот во Данска. Од друга страна, пак, Антон и неговата сопруга се разделени и минуваат низ сопствени дилеми и прашања во врска со понатамошниот заеднички живот.Во подобар свет (In A Better World)Низа различни прашања како загуба на родител или пак, дилемата на доктроската етика да лекуваш некој кој знаеш дека безмислосно убил илјданици луѓе, во овој филм се третираат од еден аспект, неправдата и човечкиот однос кон тие проблеми. Дека понекогаш е нормално, и покрај целиот труд, сепак, да се скршиш и да се претвориш во нешто што не го сакаш, но најважно е да станеш свесен за тоа и да ја продолжиш борбата за подобро јас понатаму.

    rn

    Иако актерски, во „Во подобар свет“ нема утки, најголемо изненадување се децата, Вилијам Нилсен (Кристијан) и Маркус Ригард (Елијас), кои и покрај годините, како комплетно да се свесни за тежината на проектот и самите актерски прашања и дилеми кои треба да ги решаваат при градењето на својата улога. Кристијан е е пасивно агресивно дете кое е тивко луто на светот, освен во некои кратки ситуации кога гневот почнува да извира од него како во бура. Елијас е момче кое пред сè, поради мирната семејна атмосфера потајно, мирно и нежно се носи низ работите.Во подобар свет (In A Better World)Кинематографија: Кадрите се поделени помеѓу студената Данска и тропската Африка. Сепак, и двете се прикажани веродостојно, онака како што ги замислуваме. Во Данска е ветровито, се возат велосипеди и морето е некако студено и мрачно. Додека Африка е сончева и правлива, а луѓето се убиваат додека да трепнеш со окото и без на никого да му гајле. Затоа таму човечкиот живот не вреди ниту денар.Во подобар свет (In A Better World)Кога и како да го гледате: Дефинитивно во возрасно друштво без деца во непосредната близина. Подобро е да бидете повеќе луѓе, особено ако сакате да дискутирате и да анализирате, и себеси и другите. Во подобар свет (In A Better World)

    rnrn

    —————————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флинтстонови повторно на малите екрани

    Флинтстонови повторно на малите екрани

    Генијалецот кој гордо стои зад создавањето на серијата „Family Guy“, Сет Мекфарлен, конечно успеа да си го оствари долгогодишниот сон. Во соработка со телевизиската куќа „Fox“, тој на малите екрани ќе ја врати анимираната класика „Флинтстонови“.Флинтстонови повторно на малите екрани.

    rnrn

    „Едно од првите нешта кои ги имав нацртано на возраст од 2 години, беше портрет од Фред Флинтстон“

    rnСо оваа реченица тој ја започна својата презентација во преполната сала со заинтересирани спонзори вчера, на официјалното претставување на проектот во Њујорк. Шоуто ќе започне да се прикажува есента 2013 година, а според неговите зборови, тоа ќе добие посовремена рамка, но ќе зачува добар дел од старите работи, за да остане препознатливо за старите обожаватели.rn.rn

    „Ликовите ќе останат сосема исти и единственото нешто што ќе се промени ќе бидат приказните“

    rn

    Флинтстонови повторно на малите екраниКако за потсетување, анимираната серија „Флинтстонови“ премиерно се прикажуваше на американската телевизија „ABC“ во периодот од 30 септември 1960 година до 1 април 1966 во продукција на „Hanna-Barbera Productions“. Според статистиките, првите три од шестте сезони, своевремено биле помеѓу 30-те најгледани емисии во САД.

  • Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)

    Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)

    Филм за политичките игри и за тоа како смртта на „обичните смртници“ не значи ништо за моќниците додека кешот оди во џебот, но и за промените кои малите луѓе можат да ги направат, за потоа… сè да се врати на старо. rnrnЕлитен оддел 2 (Elite Squad 2)Режија: Хозе ПадилхаrnrnУлоги: Вагнер Мура, Инрандхир Сантос, Андре РамироrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnЈазик: португалскиrnrnПремиера: 8 октомври 2010rnrnЖанр: акција, крими, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnКога ќе земеш да гледаш акција или драма чие дејство е сместено во Рио де Жанеиро, некако автоматски мозокот ти помислува на приказна за бандите со сиромашните квартови, фавелите. Но, во „Елитен оддел 2“ предмет на елаборација воопшто не се бандитите кои животот ги направил да бидат тоа што се, социјален отпад. Тука се говори за оној џган, за оние убијци, дилери, силувачи кои ни се смеат од предизборните плакати или, пак, уште пострашно, од зад политичкиот параван. Тие се бескрупулозни, безмислосни и пострашни дури и од оние личности во најозлогласените затвори од кои ти се смрзнува крвта во вените. Зошто? Затоа што додека нежно ти велат „влези, мил пријателе” најчесто зад грбот кријат нож.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: По крвав масакр во затвор во Рио де Жанеиро, командантот Насцименто и полицаецот Матијас, и двајцата членови на специјалниот полициски оперативен баталјон BOPE, стануваат жртвени јагниња за да се обели образот на полицијата. Причина за тоа се притисоците од борците за човекови прави на чие чело е Диого Фрага, кој воедно е оженет со поранешната жена на Насцименто. Но, Насцименто кој е и главниот наратор на оваа приказна, поради популарноста која ја ужива кај народот, станува дел од Секретаријатот за безбедност и од таа позиција почнува да се заложува за што е можно посилен и поопремен баталјон BOPE. Сè со чистата намера, Рио да го направи помирно место за живеење. Но, тука се вмешуваат големите политичари, валкани полицајци и генерално луѓе кои ќе ги искористат сите ресурси за да извлечат повеќе за свој бенифит.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)Текот на приказната нема да го разработуваме. Но, интересно е да се напомене дека и покрај нишката на оптимизам дека малиот човек може да промени многу, односно моментот дека Насцименто со своите сведочења става во затвор една цела група  корумпирани челници, ладната вистина е дека на крај сепак доаѓа нова гарнитура која ќе го прави истото. Тоа е неизбежен и непрекинлив процес. Дали воопшто некој може да направи нешто околу тоа? Иако генерално дејствието во „Елитен оддел 2“ се одвива на деловни состаноци и на крвави пресметки во фавелите, присутен е и силен личен момент. Пред сè, преку односот на Насцименто со неговиот син кој во периодот на пубертетот веќе не сака да има ништо со својот биолошки татко. Со тоа му се дава еден поемотивен, човечки момент на целиот тек без кој приказната би постоела, но ниту еден гледач не би можел да се поврзе со неа, би била како празен орев. Инаку овој филм е второ продолжение на филмот „Елитен оддел“ кој во 2007 година доби Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал.Елитен оддел (Elite squad 2)Кинематографија: Еден поинаков приказ на Рио кој и не е толку весел, разигран, безгрижен, а ниту пак е сиромашен. Ако не се сцените во кои се чистат фавелите или пак тука и таму по некој весел кадар на забава, нема ни да претпоставите дека дејствието се случува во градот на самбата.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)Кога и како да го гледате: Дефинитивно филмот не би требало да го гледаат деца поради сцените исполнети со насилство. А на останатите, кои се мераклии на ваков жанр, искрено и не им треба некое точно одредено време од денот. Филмчето сепак, подобро оди во друштво.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)rn

  • Најдобрите шпици на ТВ сериите

    Најдобрите шпици на ТВ сериите

    Ако за книгата се вели дека не треба да ù се суди според корицата, за ТВ сериите можеби може да се заклучи спротивното. Имено, овие шпици докажуваат дека сериите кои сакаат да остават силен впечаток кај гледачите уште во првата епизода, се трудат тие да изгледаат беспрекорно и моќно. Особено за истакнување се шпиците на криминалистичките и научно-фантастичните серии бидејќи во нив нивото на креативност е на највисоко ниво.rnНајдобрите шпици на Тв сериитеОваа листа е направена за серии од сите жанрови, со цел да се докаже инвентивноста без разлика на тематиката. Уживајте и дадете предлог кој друг го заслужува своето место тука.rn.rn

    Излажи ме (Lie To Me)

    rn

    rn

    rn

    Декстер (Dexter)

    rn

    rn

    rn

    Вистинска крв (True Blood)

    rn

    rn.

    rn

    Убави мали лажливки (Pretty Little Liars)

    rn

    rn

    rn

    Придружба (Entourage)

    rn

    rn

    rn

    Мртов како мене (Dead Like Me)

    rn

    rn.

    rn

    Сопранови (The Sopranos)

    rn

    rn.

    rn

    Симпсонови (The Simpsons)

    rn

    rn.

    rn

    Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy)

    rn

    rn.

    rn

    Два и пол мажи (Two And A Half Men)

    rn