КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Поглед во иднината (FlashForward)

    Поглед во иднината (FlashForward)

    Дали доколку дознаете дел од вашата иднина, ќе продолжите да живеете нормално или ќе промените нешто?

    rn

    Поглед во иднината (FlashForward) Главни улоги: Џозеф Фајнс, Џон Чо, Џек Девенпорт, Захари Најтон, Пејтон Лист и Кристина Вудс

    rn

    Жанр: драма, фантазија, научна фантастика

    rn

    Креатор: Бренон Брага и Дејвид С. Гојер

    rn

    Времетраење: 42 минути

    rn

    Број на сезони: 1

    rn

    Премиера: 24 септември 2009

    rn

    Официјален веб-сајт

    rn

    Наша оценка: 7

    rn

    Ваша оценка: [ratings]rn

    rn

    —————————————————————————————————————————————————rnОваа серија е снимена според истоимената новела, напишана во 1999 година од канадскиот автор Роберт Џ. Соер. Уште од првата епизода напнатоста и возбудата ќе ви го покренат адреналинот, а со секое наредно случување ќе станувате сè позависни од неа. Иако е решено серијата да застане после само една сезона и да се прекине нејзиното снимање, со сигурност заслужува да биде погледната. Целата идеја која струи низ нејзината приказна е како луѓето го живеат својот живот откако ќе видат дел од својата иднина. Актерската екипа и нивната одлична координираност на сцена, е надополнета со одлични ефекти и бројни изненадувања во самото сценарио, од епизода во епизода.rn—————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rnrnПриказна: Главното дејство се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија, а во фокусот на вниманието се неколку ликови помеѓу кои се ФБИ агентот Марк Бенфорд и неговото семејство. Почетна точка на целата серија е „затемнувањето“ кое ќе му се случи на целото светско население на 6 октомври 2009 година. Во тоа „затемнување“ секој човек на планетата Земја ја губи свеста за 2 минути и 17 секунди, притоа имајќи визија што би правел во својот живот на 29 април 2010 година.Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)По „будењето“, катастрофите од овој феномен се огромни, бидејќи многу луѓе ја изгубиле свеста возејќи, паднале многу авиони, многу се удавени, уништени се згради, улици, а најголемиот проблем е стравот кај сите од тоа што го виделе во својата визија. Заплетот на целата серија започнува уште во првата епизода кога ФБИ агентите ќе најдат докази дека сепак некој останал буден во тие 137 секунди и дека натприродниот момент добива размер на човеков свесен деликт. Истрагата продолжува со многу интересни откритија, спојување на визиите и нивна анализа, следење на трагите и остварување на многу нешта од кои сите стравуваат.rn

    Поглед во иднината (FlashForward)Поглед во иднината (FlashForward)Кога и како да ја гледате: Серијата е доста ефектна и моќна, а приказната е испреплетена и со многу детали, кои треба да ги паметите за да го следите нејзиното течение. Доколку сакате да изгледате многу епизоди наеднаш, како што е вообичаено со сериите, овој пат тоа може да не биде случај, па затоа препорачливо е да ја гледате постепено и умерено, а најдобро би било тоа да го правите во слободните денови.rnПоглед во иднината (FlashForward)Слична серија: „Изгубени“ (Lost)

    rnrn

  • Превртено (Flipped)

    Превртено (Flipped)

    Филм за тоа како работите можат да бидат сјајни на површина, а скапани во сржта (и обратно), за семејството и за детската невина љубов, која не е ни за грам помалку вредна од “возрасната”rnrnПревртено (Flipped)Режија: Роб РајнерrnrnИграат: Меделин Керол, Келан МеколифrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 септември 2010rnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrn—————————————————————————————————————————————————-rnПонекогаш, за еден филм атрибутите „добар“ или „лош“ како да не важат и едноставно можеш да кажеш „сладок“. Од онаа слаткост што несвесно ти прави насмевка на лицето и малку ти ги разводенува очите. Не дека гледаш нешто тажно, не дека има патетика или трогателни „Титаник“-сцени, туку успеале да ти ги притиснат вистинските емотивни копчиња и по малку да те направат разнежнет глупак, кој се ѕвери во екранот. Кога би прочитале за содржината на „Превртено“ на IMDB, филмот ќе ви заличи на серија од каналот Дизни, но режисерот Роб Рајнер (The Bucket List, The Story of Us) креира филм, во кој своја длабочина и приказна би пронашол секој, без разлика на возраста. —————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џули Бејкер е креативно девојче кое живее во мало преградие, со часови се губи уживајќи во погледот додека седи на големото јаворово дрво во соседството, а за викендите сака да го гледа татко ѝ додека црта. Нејзиното тивко секојдневие комплетно се превртува откако спроти нивната куќа ќе се досели, како што таа вели – момчето со најубавите очи, Брајс Лоски. Тој е човекот на нејзиниот живот. Ќе биде нејзин и тоа е тоа. Но, нарацијата во овој филм не ја води само Џули, туку и Брајс така што секоја случка ја гледаме „дупло“, и низ очите на едниот и низ очите на другиот, што на секоја случка и дава сосема поинаква перспектива. Брајс нормално не е заинтересиран и на Џули гледа како на чудно опседнато девојче, поради кое му се смее целото училиште.Превртено (Flipped)Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.Превртено (Flipped)Кинематографија: Приказна сместена во американско преградие во 50-тите години и веќе знаете дека се пие Kока-кола во шишенца, фармерките се носат со подвиткани ногавици и се возат оние убави велосипеди со големи рачки. Атмосферата е светла, а времето пролет или евентуално лето. Некако како „Превртено“ да е сместено во истото маало каде што живееше Веда Салтенфус во „Мојата девојка“ (My girl).Превртено (Flipped) Кога и како да го гледате: Ова е филм за кој било дел од денот, кога сте малку поразжештени, па барате нешто за да ве омекне. Еве го! Се чини дека на повеќето машки, особено мачо-момци, кои бараат мистерии и брзи случувања, нема воопшто да им се допадне, но за останатите е одлично бајадерче. Инаку, не гледајте го сами, повеќе ќе уживате во друштво, со пријатели или пак со момчето/девојката, не ви се мешаме во изборот. Превртено (Flipped)

  • Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Снимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnСмешни грешки при снимањето на ТВ сериитеrnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rnrn

    Пријатели

    rnrnrnrn

    Два и пол мажи

    rnrnrnrn

    Теоријата за Биг Бенг

    rnrnrnrn

    Како ја запознав мајка ви

    rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказна за играчките 3 (Toy story 3)

    Приказна за играчките 3 (Toy story 3)

    Возбудлива, комична авантура за единството и пријателството

    rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Режија: Ли УнкричrnrnГласови: Том Хенкс, Тим Ален, Џоан Кјузак, Нед Бити, Дон Риклс, Мајкл КитонrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 јуни 2010rnrnЖанр: анимиран филм, комедија, авантура, фантазијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    ————————————————————————————————————————————————rnПо повеќе од една деценија од прикажувањето на „Приказна за играчките 2“ (1999), студиото  Pixar повторно не почести со уште едно продолжение од феноменалната приказна за авантурите на играчките на момчето Енди. И овој пат, приказната изобилува со моменти исполнети со драма, возбуда и пред сè, комични ситуации, а феноменално смисленото сценарио е реализирано со извонредна анимација. Важноста на пријателството и единството е главната порака што се пренесува преку овој анимиран филм, а за тоа кој уживал повеќе во него, можеби ќе се случи и расправија помеѓу децата и возрасните. Филмот заслужено ги доби и Oскарите за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна за оваа година, а неговата заработка и пофалните зборови од светските критичари, го ставаат ова продолжение на пиедесталот од трилогијата.rn————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна: Каубојот Вуди, заедно со неговиот пријател, вселенскиот ренџер Баз и дружината, повторно се во фокусот на приказната. Овој пат, тие посакуваат нивниот најдраг сопственик Енди за последен пат, пред да замине на колеџ, да си поигра со нив како во старите добри времиња. Енди, кој е веќе 17 годишно момче, пакувајќи се за да замине од куќата на неговите родители, решава да ги собере неговите пријатели од детството и да ги чува на таванот.rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди. Во овој дел се запознаваат и многу нови ликови, меѓу кои се Барби и Кен.rn.rn

    Кен: Абе не сум јас женска играчка… Не сум!

    rn

    Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Анимација и музика: Самиот факт што филмот ги доби токму овие два Oскари, говори за беспрекорноста во неговата изработка. Незаборавната песна „You’ve got a friend in me“ е дел и од ова продолжение на „Приказна за играчките“, но овој пат филмот го доби Oскарот за песната „We Belong Together“. Во 1995 година, кога Пиксар го прикажа првиот дел, целиот свет беше воодушевен од неговата анимација. Но „Приказна за играчките 3“ ги турна границите на анимацијата и ги достигна недопрените височини, а студиото, со перфектно нацртаниот и реално анимираниот производ, го извади својот најдобар филм досега. Филмот е достапен и во 3Д технологија.Приказна за играчките 3 (Toy story 3).

    rnrn

    г. Компир: Никој не смее да и ја вади устата на мојата жена, освен јас!

    rnКога и како да го гледате: Анимацијата, музиката и приказната се толку моќни и ефектни, така што без разлика кога и каде ќе го гледате овој филм, нема да направите грешка. Доколку можете да го начекате во кино салите низ земјава, таа опција е одлична, но сепак и во домашни услови, заедно со вашите најблиски ќе биде совршено, особено доколку имате мали деца или внучиња. Без никакво двоумење, гледајте го филмот, кој навистина го заслужува вашето внимание. За загревање, претходно пуштете си го краткиот филм „Ден и ноќ“ кој излезе на премиерата на „Приказна за играчките 3“.Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Слични филмови:Како да издресираш змеј“, „Кунг-фу Панда“ „Автомобили“

  • Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

    Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

    Филм за судбината и за љубовта, за тоа колку сме подготвени за да излеземе од патот кој ни е зацртан и да се избориме за работите што навистина ги сакаме во животот.rnrnАгенти на судбината (The Adjustment Bureau)Режија: Џорџ НолфиrnrnУлоги: Мет Дејмон, Емили Блант, Ентони МекиrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2011rnrnЖанр: фантастика, трилер, романсаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrn—————————————————————————————————————————————————rnОткако со минатите рецензии на маса ставивме неколку горчливи кафиња, за доброто на гостите пожелно е да донесеме и по една лимонада за освежување и разблажување. Таа лимонада е филмот „Агенти на судбината”. Речиси невозможен микс на жанрови – фантастично-романтичен трилер, ова е режисерското деби на сценаристот на „Борновиот ултиматум”, Џорџ Нолфи. Малку од Борн, малку од „Матрикс”, малку од „Градот на ангелите” и ете ти го новиот филм со Мет Дејмон. Сепак, од позитивната страна, „Агенти на судбината” ќе ве релаксира и веќе следниот ден… нема ни да го паметите. Перфектен избор за напорните денови.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Дејвид Норис (Мет Дејмон) е млад политичар со светла иднина и големи амбиции сè додека не ја сретне младата балерина Елиса (Емили Блант) во која веднаш се вљубува. Сè изгледа перфектно сè додека мистериозни луѓе од „божјата корпорација“ не им застанат на патот затоа што тоа не е дел од нивната судбина, на нивната замислена и трасирана патека. Запишано е таа да биде позната танчарка, а тој претседател, но да трчаат по кариерата, а не да бидат една вљубена двојка. Додека во повеќето филмови, делот од приказната, според кој, имаме вечни „демначи“ над секој наш чекор би бил доминантен, во „Агенти на судбината” сето тоа е во втор план пред љубовната сторија, односно борбата на Дејвид и Елиса и покрај сите пречки да останат заедно. Токму тоа го прави овој филм лимонадест, но може да се очекува таков потег на сценаристот поради еден едноставен факт – гледачите моментално се малку заситени од теориите на завери и од нивното отплеткување.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Синтезата на фантастика, трилер и романтика во филмот е сосема функционална, но не го прави исклучителен во ниту еден поглед. На моменти реакциите на ликовите се премногу слаби во однос на настаните во филмот, кои во реалниот живот би го преплашиле секој човек. Актерските остварувања на кратки секвенци изгледаат лажно, но сè на сè може да се карактеризираат како коректни.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Кога и како да го гледате: Дефинитивно дома со пуканки и со кока-кола со оглед на тоа што ќе можете да изберете дали да го исклучите или да продолжите да го гледате во зависност од вкусот. Одлично филмче за напорните денови во кои само сакате да седнете и да го одморите мозокот. Дефинитивно романтичните души повеќе ќе уживаат.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

  • Интересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)

    Интересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)

    Серијата „Озборувачка“ започна да се прикажува на 19 септември 2007 година, а зад неа стојат создавачот на „Округот Оринџ“ (The O.C.) Џош Шварц и Сефани Севиџ. Моментално е една од најгледаните и најпопуларните тинејџерски серии, најмногу поради гламурот и модата, како и поради специфичноста и комплексноста на секој лик поединечно. Главните улоги ги толкуваат Блејк Лајвли, Лејтон Мистер, Пен Беџли, Чејс Крафорд, Тејлор Момсен, Ед Вествик, Џесика Зор, Кели Ратерфорд и Метју Сетл. Еве неколку занимливости поврзани со серијата.Интересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)rn

      rn011

    • ТВ серијата е базирана на новелите кои го носат истото име, напишани од Сесили фон Зигисер.
    • rn011

    • Пилот епизодата од ова шоу, можеше да се преземе од iTunes, четири дена пред нејзината премиера на телевизија.
    • rn011

    • Низ сите сезони на серијата се слуша гласот на наратор. Гласот е на Кристен Бел иако таа никогаш досега се нема појавено во серијата.
    • rn

    rnИнтересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)rn

      rn011

    • Секоја епизода носи наслов на некој филм, преработен со игра на зборови.
    • rn011

    • Во текот на сите сезони, ликовите и испраќаат пораки на „озборувачката“. Еве ја нејзината имејл адреса tips@gossipgirl.net .
    • rn011

    • Улогата за Џорџина Спаркс и била понудена на Миша Бартон, но таа ја одбила.
    • rn

    rnИнтересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)rn

      rn011

    • Лејтон Мистер морала да ја офарба својата руса коса во кафена, само за да учествува на аудицијата за улогата на Блер Волдорф.
    • rn011

    • Пилот епизодата е единствената во која Чак Бес и Нејт Арчибалд, на училиште одат со автобус, а не со лимузини како вообичаено.
    • rn011

    • Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф) покрај глумата, се занимаваат и со музика.
    • rn

    rnИнтересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)rn

      rn011

    • Лили ван дер Вудсен на почетокот требало да се вика Дарла, но сценаристите го промениле името во последен момент.
    • rn011

    • Ерик Даман, дизајнерот на костимите во „Озборувачка“, претходно бил асистент дизајнер во серијата „Сексот и градот“.
    • rn011

    • „Lincoln Hawk“ е името на бендот во кој свири Руфус. Тоа исто така е името на Силвестер Сталоне во филмот „Over the Top“ снимен во 1987 година. Овој филм неколкупати е споменат како култна класика во „Округот Оринџ“, претходното успешно шоу на Џош Шварц.
    • rn

    rnИнтересни факти за „Озборувачка“ (Gossip Girl)rn

      rn011

    • Серијата е толку популарна, што за неа е креирана тура низ Њујорк, со која се посетуваат местата каде што е снимана серијата. Ова е направено од луѓе кои истото го имаат направено и за „Сексот и градот“.
    • rn

  • Песјак (Dogtooth)

    Песјак (Dogtooth)

    Филм за изолацијата и за извртениот поглед кон светот, за тоа што се случува кога твоите родители поради сопствени психози, од тебе ќе направат лабораториско глувче, а од твојот живот експеримент кој тргнал на лошоrnrnПесјак (Dogtooth)Режија: Јоргос ЛантимосrnrnИграат: Христос Пасалис, Агелика Папулија, Мари ЦониrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: грчкиrnrnПремиера: 11 ноември 2009rnrnЖанр: драмаrnrnНагради: номиниран за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивалrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnИсликај во главата модерна морбидна приказна. Толку надвор од реалноста што ти ја смрзнува крвта во вените, но сепак толку блиска што може да се случува на некој километар од тебе. Од оние за кои читаш во црна хроника и кои ги коментираш со одвратност. Приказни со инцест, со луѓе (најчесто деца) уништени од своите родители или најблиски, од оние „а ла Јозеф Фрицл“ приказни од кои ти се повраќа. Е тоа е „Песјак“. Толку далеку од чоколадно бонбонче, засладено и нежно, а сепак нешто не те остава да не го „голтнеш“ до крај. Добро, некој можеби ќе го поврати, на некој ќе му биде сеедно, друг пак ќе го чувствува лошиот вкус уште долго време, но… секој од нас гледа со различни нерви и ниво на толеранција.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Две сестри и брат се тргнати од целиот свет и затворени на имот надвор од градот под константна контрола од своите родители. Така било отсекогаш. Овие „деца“ (во реалноста се нешто постари тинејџери) се социјално ретардирани личности кои кога не можат да спијат влегуваат во креветот на мама и тато, кои послушно стојат зад ѕидините на својот двор, па не се ни обидуваат да побегнат. Зошто? Затоа што мама и тато ја кажуваат вистината и надвор е злото, а тука се сигурни. „Децата“ зборуваат на јазик прочистен од термини кои се сметаат за валкани како зомби или пак ку*ва. Дури родителите им креираат и јазик сосема надвор од реалноста, така што за нив море значи столче, а автопат е силен ветер.Песјак (Dogtooth)Целата оваа морбидна семејна идила ја нарушува Кристина, чуварка во фирмата каде што работи таткото. Тој повремено ја носи девојката во куќата со цел да има секс со синот, за да го прочисти од неговите машки нагони. Но, сето тоа се менува кога Кристина решава сексуално да си поигра со една од ќерките. Тука ланците почнуваат да се кинат. „Песјак” е снимен за да биде извртена рефлексија во огледалото на сето она што на овој свет е сметано за нормално. Она што те тера да повратиш во овој филм е направено без помпа, додека најприродната работа како водењето љубов помеѓу маж и жена, во „Песјак” е морничава.rnrnЕдна од главните причини за горчливиот вкус по филмот е и феноменалното портретирање на инфантилните сестри. Агелика Папулија ја игра постарата сестра кај која веќе почнува по малку да се појавува бунт којшто е повеќе пасивен, но во таа мирна и болна атмосфера секако е забележлив. Таа повеќе се бунтува против себеси отколку кон оние вистински виновници и сé уште немо ги прифаќа шлаканиците. Но, до кога? Покрај неа е Мари Цони, помладата сестра, која пак е дете заробено во тело на возрасен човек, таа го бара тато кога и е потребен и послушно ги исполнува сите наредби. Песјак (Dogtooth)Кинематографија: Атмосферата во „Песјак” е како во психијатриска клиника – светла, бела, но се чини како секој гледач на очите да има тенка глазура предизвикана од некој силен седатив. Во голем број од сцените, трите „деца“ се во бела облека како и ментално болните пациенти. Најголем дел од филмот се одвива зад ѕидовите на нивниот двор, односно во нивното морбидно мало семејно јадро. Сепак, доминантна страна на „Песјак” воопшто не се кадрите, иако одлично се вклопени, и тоа нема да ви остави толкав впечаток откако ќе го видите она што се случува пред камерата.Песјак (Dogtooth)Кога и како да го гледате: Секако овој филм пожелно е да го гледаат лица над 18 години. Покрај сé кажано, самите проценете дали вие сте погодна публика за овој филм. Бидете подготвени дека нема секогаш да биде пријатно. Запаметете – сепак ова е извртената страна на реалноста. За останатото одлучете по слободен избор. И без тоа, не знам дали ќе ви текне да пробате од пуканките и кока-колата.Песјак (Dogtooth)rnrn

  • Perfect Couples (Совршени парови)

    Perfect Couples (Совршени парови)

    ТВ серија за 3 сосема различни љубовни двојки кои се обидуваат да опстанат во совршени врскиrnrnPerfect Couples (Совршени парови)Главни улоги: Кајл Борнхајмер, Кристин Вудс, Мери Елизабет Елис, Дејвид Валтон, Хејс Мекартур, Оливија МанrnrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Џон Полак, Скот СилвериrnrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnПремиера: 20 декември 2010rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnВо врските, сите сме поинакви одошто сме надвор од нив. Исто така, љубовните парови и различно изгледаат за околината, од она што само тие меѓусебно го делат и знаат. Кавги, сплетки, љубомора, неизвесност, среќа, смеа, забава… сето тоа е дел од секоја врска. Во овие три „совршени“ врски, пак, сето тоа ни е одблизу прикажано, па не потсетува дека она што го имаме е всушност сосема нормално.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn

    Создадена од креаторите на „30 Rock“ (Џон Полак) и „Friends“ (Скот Силвери), кога пилот-епизодата се прикажа на телевизиските екрани кон крајот на минатата година, беше разочарување за публиката и основа за остра критика од страна на ТВ-рецензентите. Прости шеги, дејство заостанато во времето, губење половина час од вашето драгоцено слободно време, се само дел од критиките. Сепак, тие станаа малку подобри по емитувањето на втората епизода и се ублажија уште повеќе со констатацијата дека серијата оди кон подобро од епизода во епизода.

    rn

    Нашата препорака за „Совршени парови“ доаѓа од потребата за релаксација после работниот ден, копнежот по фотелјата кон крајот на денот и желбата да се пронајдеме во едноставното. Хуморот не е премногу застапен, но е далеку од прост. Доколку не очекувате ништо посебно, а не треба, „Совршени парови“, може и да ви го направи денот. Серијата е нова, па засега имате можност да го изведете вашиот „ритуал“ само 7 пати, но, препорачуваме, сепак, да и дадете шанса.

    rn

    Приказна: Дејството на серијата се одвива околу три двојки кои поминуваат премногу време заедно, и како парови, но и во заедничко друштво. Сите се стремат кон идеални врски, на хумористичен начин надминувајќи ги незгодите кои се дел од нивните живот. „Совршени парови“ ни ги раскажува храбрите животни подвизи на секој од карактерите во потрага по совршенство во врската, без притоа да се уништат меѓусебно во процесот.Perfect Couples (Совршени парови)Венс и Ејми се на прв поглед несекојдневна двојка и ја претставуваат првата екстремна страна на „ненормалното“. Тој е детинест и кул, зависен од својот најдобар пријател, а таа е невротична и зависна од шопинг. Сепак, заедно сочинуваат совршена љубовна двојка, која или прави драми, вадејќи го најлошото еден од друг или е во голема страст, водејќи љубов во спалната соба.  За нив, врската се темели на секс, па веројатно и опстојува поради тоа. Сепак, изгледа дека има и нешто повеќе.Perfect Couples (Совршени парови)Дејв и Џулија се нормална двојка која, на некој начин, претставува баланс и е на средина помеѓу останатите два пара. Тие се луѓе на кои човек може да се потпре. Џулија е зафатена жена, посветена на работата, која се обидува да најде време за Дејв и за нивната врска, притоа обидувајќи се да остане кул и да не бара премногу од својот сопруг. Но, Дејв, често го предизвикува нејзиното трпение, во обидот да балансира во дружењето со неговиот најдобар пријател и бизнис партнер Венс.Perfect Couples (Совршени парови)Третото дуо го сочинуваат Рекс, брат на Џулија, кој во младоста лудо се забавувал, а сега е преобратен во посветен, трпелив и грижлив сопруг и неговата жена Ли, која се поставува како безгрешна и „мајка“ на сите во друштвото. Тие себеси се сметаат за совршена двојка, па затоа често им ги нудат своите експертски знаења за врските на останатите два пара. Тие го живеат својот живот, буквално „според книга“, но изгледа дека и за ваквиот рецепт постои идеален сооднос на вистинските состојки.Perfect Couples (Совршени парови)Покрај врските, серијата ги обработува и родовите прашања. На една страна се мажите, претставени сосема типично: мрзливи, непромислени, сакаат да се глупираат, неорганизирани, со лош вкус, често фантазирајќи за бејзбол. Жените, пак, се способни, итри, некакви модели на успехот. Бракот е прикажан прилично во „old school“ стил, како ништо да не се променило од „The Honeymooners“ (1955).rnPerfect Couples (Совршени парови)Perfect Couples (Совршени парови)Кога и како да ја гледате: Комедија може да се гледа секогаш, а оваа е толку лесна што не мора нешто особено да се мислите пред вашата домашна „проекција“ дали да ја пуштите или не. Пред спиење, додека јадете, за викенд, сами, со пријатели, додека другите галамат во дневната соба… можете дури и да пеглате пред телевизорот и сепак да ги фатите сите шеги. Сепак, очигледно е дека најдобро друштво би бил партнерот со кој ќе можете да си разменувате мислења  додека тече дејството. Нешто од типот:rn.

    rnrn

    – Ете, исто како ти што ми правиш.rn- Ееее, како не, кога сум направил нешто вакво?rn- ….

    rnPerfect Couples (Совршени парови)Слични серии: Модерна фамилија, Пријатели, Како ја запознав мајка ви, Секогаш е сончево во Филаделфија

  • Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против насrnrnЖивотинско кралство (Animal Kingdom)Режија: Дејвид МишоrnrnИграат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки ВиверrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јуни 2010rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.

    rn

    На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.Животинско кралство (Animal Kingdom)„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. Животинско кралство (Animal Kingdom) Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.Животинско кралство (Animal Kingdom)Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и  да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.Животинско кралство (Animal Kingdom)

  • Градот на „пумите“ (Cougar Town)

    Градот на „пумите“ (Cougar Town)

    ТВ серија за искреноста, реалноста, вистинските пријателства и комичната страна на живототrnrnГрадот на пумите (Cougar Town)Главни улоги: Кортни Кокс, Криста Милер, Бизи Филипс, Џош Хопкинс, Ден Брд, Ијан Гомез, Брајан Ван ХолтrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Бил ЛоренсrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: втората е во текrnrnНаша оценка: 10rnrnПремиера: 23 септември 2009rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    „Градот на ‘пумите’“ е една од оние „заразни“ хумористични ТВ серии во кои се заљубувате уште по гледањето на првите две епизоди. Во овој случај не игра улога вашиот „вкус“ или жанрот на серии кој го преферирате, бидејќи „шмекот“ на оваа серија не може, а да не ви се допадне. Совршенството е создадено благодарение на фантастичното сценарио и внимателно одбраните актери, чии карактери се прикажани од многу смешен, но истовремено и од многу искрен, човечен аспект.rnrnТаман кога сте помислиле дека серијата е „водлеста“, со лесно предвидливи ситуации, ќе останете изненадени од „длабочината“ која таа ја има. Таман кога ќе ви здодее од карактерните особини на некој од ликовите, тие почнуваат да ги коригираат своите мани и лоши навики. Безгрижниот живот кој го живеат седумте пријатели во „Градот на пумите“ е можеби нереален, бидејќи во вистинскиот живот не е сè толку смешно и интересно, но ако почнете да размислувате како нив, ќе сфатите дека животот всушност е полн со комични ситуации секој ден, а сè што треба вие да направите, е да се насмевнете и да продолжите понатаму.rnrnrn


    rn
    rnГрадот на пумите (Cougar Town)„Cougar women“ е англиска фраза која се однесува на жени над 35 години, што „бркаат“ помлади момци, кои согласно возраста би можеле да им бидат синови. Оттука „Cougar Town“ е измислено гратче во Флорида, каде постои таков тренд кај повозрасните сингл жени. Меѓу нив е и трудољубивата и осамена Џулс, разведена 40 годишна жена, со син средношколец кој го обожава и сопствена агенција за недвижнини. Taa никогаш немала прилика да ги живее „лудите, млади години“, па сега решава дека е крајно време да започне да го живее сето она што го пропуштила во средношколските денови. Таа ги исмева жените кои излегуваат со помлади мажи, бидејќи смета дека тоа е очајно и патетично, но набрзо и „светнува“ дека и неа и е потребно малку „лудување“ и без разлика на ризикот дека ќе и биде ставена етикетата „cougar“, решава да тргне во потрага по добар „плен“.rn

    rn

    rn

    Џулс: Види Тревис, твојата професорка по математика има нови „фарови“.

    rn

    rn

    Приказна: Серијата започнува со Џулс како го гледа своето тело во огледалото во бањата. Стомачето и виснало, лакотот и се збрчкал и лицето не и е толку оптегнато како кога била млада девојка. Исфрустрирана од она што го гледа пред себе, сфаќа дека и е смачено од живеењето во „светот на возрасните“, па решава да почне активно да се дружи со нејзината млада и откачена асистентка Лори и да додаде малку возбуда во нејзиниот љубовен живот.Градот на пумите (Cougar Town)Најдобрата другарка на Џулс – Ели, со која живеат врата до врата и кога не се една кај друга на гости, си муабетат преку прозор, се обидува да ја спречи од правење глупости, во период кога нејзиниот син се срами од двајцата негови родители.Градот на пумите (Cougar Town)

    rn
    rn

    rn

    Ели (ù се обраќа на Лори): Изгледаш како да си ја ставила шминката на подот и да си се „препелкала“  во неа.

    rn

    rn

    Ели е мажена за миличкиот ќелав Енди, со кој имаат бебе.Градот на пумите (Cougar Town)Карши Џулс живее нејзиниот шармантен, симпатично дрзок сосед Грејсон, кој е исто така тазе разведен, а осаменоста ја прикрива спиејќи со многу млади девојки.

    rn
    rn

    rn

    Грејсон: Џулс, што сакав да кажам пред да почнеш да ме „труеш“ за тоа колку сум бил среќен што сум те запознал?.

    rn

    rnГрадот на пумите (Cougar Town)

    Џулс останува во супер односи со нејзиниот бивш маж Боби Коб, кој има „old school“ стил на живот, а после разводот живее на неговиот брод. Синот на Џулс, Тревис е исто толку откачен како и сите ликови во серијава. Секој има различен, јасно дефиниран карактер, со многу мани и доблести, но заедничка страна на сите им е искреноста и желбата за искрена дружба со чаша вино, придружена со безброј „шеги на сечија сметка“.

    Градот на пумите (Cougar Town)rn
    rn

    rn

    Џулс: Ели ова е тест за нашето пријателство.rnЕли: Ок, ќе дојдам.rnБоби: Тест за пријателство?rnЏулс: Да. Тоа ти е кога го ставаш целото пријателство со некој во прашање и го принудуваш да направи нешто за да го докаже. Јас го измислив.rnБоби: Личи на тебе.

    rn

    rn

    Градот на пумите (Cougar Town)Кога и како да ја гледате: Оваа серија можете да ја гледате додека го пиете вашето утринско кафе, додека ручате со вашето семејство, додека се зезате со вашето друштво или пред спиење за да имате убави сништа. Кога и да се одлучите да ја гледате, бидете сигурни дека планирале или не, ќе морате да одвоите време за гледање повеќе епизоди одеднаш, што и не претставува некаков проблем бидејќи тие се кратки и слатки и што е најбитно, ќе ви ја одморат душата и ќе ви „украдат“ искрена насмевка.

    rn

    Слични серии:Пријатели“, „Модерна фамилија“, „Како ја запознав мајка ви“, „Џои“.

    rn
    rn


    rn

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rnrn