КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Пол (Paul)

    Пол (Paul)

    Филм за тоа како понекогаш се покажува дека вечните „чудаци“ всушност биле во право и за средбите од трет вид кои можат да бидат и пријатно животно искуствоrnrnПол (Paul)Режија: Грег МотолаrnrnУлоги: Ник Фрост, Симон Пег, Кристен ВигrnrnВреметраење: 109 минутиrnrnЈазик: англиски, клингонскиrnrnПремиера: 18 март 2011rnrnЖанр: авантура, комедија, научна фантастикаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnИмаме пријателски настроен вонземјанин и трка за тој да избега од лошите момци и да се врати дома, на некоја друга планета. Од само една прочитана реченица, сигурно ви наликува дека пишувам за легендарниот филм на Стивен Спилберг E.T., но всушност тука се работи за новото кинематографско парче „Пол“. Да, основата е идентична, но кога наместо деца гледаме двајца „гикови“ и кога сето тоа ќе се измикса со специфичен хумор, сочни пцовки и по некоја разнесена кола, јасно е дека приказните, освен истата стартна точка, немаат ништо заедничко. rnrnИако замислен како комедија, сепак, не станува збор за луда американска сторија преполна со неверојатни ситуации. Тука хуморот е мирен и повеќе наративен отколку физички. Искрено, можеби нема да ве заболат стомачните од смеење, но ќе минете релаксиран час и половина.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Греам (Симон Пег) и Клајв (Ник Фрост) се Англичани кои доаѓаат во Америка на конференција за научна фантастика и планираат да направат тура низ некои од најпознатите есеф места во земјата. Се чини дека се на повеќе од 30 години, сите мислат дека се геј пар и генерално нивните интереси за возраста на која се, се малку чудни. Тие се возбудуваат кога ќе видат некој писател на научна фантастика, пијат кафе од филџани во облик на вонземска глава и си го тераат својот филм.rnrnНо, овој пат наместо да се сликаат на празни пустини и во ресторани декорирани како големи вселенски бродови, тие се наоѓаат „лице в лице“ со Пол, вонземјанин кој е на Земјата со децении, несебично делејќи ги своите знаења со луѓето. Но, откако станал непотребен за „големиот човек“, неговата судбина е сецирање во истражувачката лабораторија. Тогаш Пол решава да побегне.Пол (Paul)Симон Пег и Ник Фрост веќе се имаат појавено како филмска двојка и во „Shaun of the death“ и „Hot fuzz“. Меѓу нив има убава и мирна енергија, преусилените комични скечови воопшто не се дел од нивниот стил. Уште поголем успех на овие двајца актери е што во најголем дел во сцените партнер им е Пол, кој пак е компјутерски изработен, поради што би можеле да претпоставиме дека играат на празно. А сепак, градат убаво заокружени ликови. Гласот на Пол го позајмува комичарот Сет Роген („Pineapple express“, „Knocked up“) кој е вистински избор за суштество од друга планета на кое секој втор збор му е пцовка.rnrnИнтересно е што можеби една од поголемите ѕвезди во филмот, Сигурни Вивер се јавува во последните пет минути од „Пол“, а претходно ја имаме на неколку наврати само како глас. Се чини дека таа во филмот повеќе има титуларна улога и е ангажирана само како своевиден трибјут заради нејзиниот придонес во научно-фантастичните филмови.Пол (Paul)Кинематографија: Вонземјанинот Пол е сосема очекувано компјутерски изработен, а тука се и вселенскиот брод, по некоја експлозија… Сепак, филмот не е правен така што ќе ве здоболи глава од вештачкиот, компјутерски изглед, туку напротив, работеле на реалноста која и е достигната до таму до каде што се можело.Пол (Paul)Кога и како да го гледате: Ако ги немаше сите тие пцовки, ова ќе беше семејно филмче. Сепак, откако го посочивме ова предупредување, имајте на ум дека се користи поостар јазик, па тргнете ги децата. За остатокот би рекле дека имате одврзани раце.Пол (Paul)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Деверуши (Bridesmaids)

    Деверуши (Bridesmaids)

    Филм за тоа како понекогаш ни е полесно да мислиме дека сме жртви и дека целиот свет е против нас иако најчесто самите сме си најголем непријателrnrnДеверуши (Bridesmaids)Режија: Пол ФеигrnrnУлоги: Кристен Виг, Маја Рудолф, Роуз БрнrnrnВреметраење: 125 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 мај 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЕте, некој се сети да направи и женска верзија на хит-комедијата „Мамурлак“. Не дека тој филм не е подобен за женските очи, но дишеше со машки здив, додека „Деверуши“ го има двојниот Х хромозом и е целосно женски. Но, не разочарувајте. Во приказната нема ниту еден ископиран кадар, едноставно енергијата ќе ве потсети на „Мамурлак“. Пред да почнам да ја ширам приказната, иако не мислам дека некое машко друштво би земало комедија што се вика „Деверуши“, сепак да посочам, мажи не гледајте филмот па дури ни со вашата девојка. Ова е женски филм до самата срж и така треба да се гледа.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Ени (Кристен Виг) е девојка чиј живот е, да кажеме, во фаза на доработка. Само што ја затворила својата продавница за колачиња, живее со луди цимери, работи како продавачка во продавница за накит и што е најлошо, сè уште спие со поранешното момче кое ја третира како ѓубре. Сепак, тука е нејзината вечна и најголема поддршка, најдобрата другарка Лилиан (Маја Рудолф). Но, така е се до моментот кога таа ќе се сврши и ќе почне да се подготвува за свадба. Иако Ени е старосватицата, во целата игра се вмешува и Хелен која е комуникативна, убава, дарежлива, односно да скратиме, таа е совршена и почнува да станува нова најдобра другарка со Лилиан. Чувствувајќи се неуспешна во секоја сфера од животот, Ени одлучува дека не смее да ја изгуби и оваа битка, па почнува да се бори за својата другарка. А тука се врти и мала екипа на деверуши, кои, благо кажано, се со специфичен карактер и приказни.Деверуши (Bridesmaids)Двете главни актерки во овој филм, Виг и Рудолф, се дел од екипата на популарното комично шоу „Saturday night life така што не ни треба да се сомневате околу хуморот. Но, тие тука не играат пародија и ликови-карикатури, туку портретираат реални луѓе кои реагираат под притисок и понекогаш се наоѓаат во смешни ситуации. Инаку во целата група на деверушите, отскокнува изведбата на Мелиса Мекарти. Ако веќе тргнуваме од паралелата со „Мамурлак”, тука таа е женскиот Зак Галифианакис. Игра малку мажествена сестра на свршеникот, која секогаш става одличен зачин на секој муабет и на секој настан.Деверуши (Bridesmaids)Кинематографија: Според начинот на кој е снимен, „Деверуши“ по ништо не отскокнува од вообичаените американски комедии. Тука и таму има секс, но без некои претерани сцени и нормално присутни се и комичните ситуации поврзани со телесни течности. Имаме изгледано мал милион такви и сè зависи од тоа како се осмислени, а во „Деверуши“ тоа е направено одлично.Деверуши (Bridesmaids)Кога и како да го гледате: Да не повторувам дека ова е женски филм. Момци оваа недела само ве потсетуваме на некои минати рецензии („Пуштени од ланец“, „Изворен код“, „Непознат“), а за седум дена ќе понудиме и нешто за ваш вкус.Деверуши (Bridesmaids)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • На лош пат (Breaking Bad)

    На лош пат (Breaking Bad)

    Приказна за еден приземен, нормален професор по хемија, кој соочен со крајот на својот живот, решава да помине „на другата страна“ за да ја обезбеди иднината на своето семејство rnrnНа лош пат (Breaking Bad)Главни улоги: Брајан Кренстон, Ана Ган, Арон Пол, Деан Норис, Бетси Брент, Ар Џеј МитиrnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnПремиера: 20 јануари 2008rnrnБрој на сезони: 4rnrnВреметраење: 47 минутиrnrnЈазик: англиски, шпанскиrnrnНаша оценка: 10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn


    rnЗнаете како, одвреме-навреме, се појавува некоја ТВ серија, која раскажува некоја сосема неочекувана приказна, ве вади од вашите чевли и ве става во обувките на главниот актер, ве возбудува и ве изненадува во секоја наредна епизода, со секоја наредна сцена… Ако ги обожавате Декстер, Калифорникација, Трева, Живите мртовци…, големи се шансите да уживате и во „На лош пат“, но не заради некаква сличност во приказните, напротив, заради уникатноста, заради откаченоста на сценариото, заради лудоста на главните ликови…



    rn

    rnПриказна: Волтер Вајт е семеен човек, професор по хемија во средно училиште, кој не успева особено да им го задржи вниманието на учениците за време на неговите часови. После оваа интелектуална работа, заминува на втора смена во сервис за миење возила, за да скрпи крај со крај за неговото тричлено семејство, неговата жена Скајлер и неговиот син Волтер Џуниор кој боледува од церебрална парализа (актерот Ар Џеј Мити навистина има блага форма на оваа болест). Неговиот живот сосема се менува, кога дознава дека е болен од рак на белите дробови и дека има уште кратко време од својот живот. Случајно го среќава „готвачот“ и дилер на дрога, Џеси Пинкман, кој го познава како свој поранешен ученик, со кого почнува да соработува во производство и продажба на метамфетамин.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Приказната е толку едноставно поставена, а толку сложено се развива. Нема епизода која ќе ве разочара (освен можеби една или две), нема момент кој ќе ви дозволи да одлутате, нема секунда во која ќе престанете да се запрашувате што ќе се случи потоа.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Глума: Фантастична! Брајан Кренстон е феноменален. Неговата трансформација, во однос на начинот на кој го живее својот двоен живот, но и во физичка смисла, неговата грижа и емотивност кон семејството, наспроти неговата ладнокрвност кон соработниците од „другиот свет“… како е изграден карактерот на овој лик и како ни е пренесен, тоа треба да го видите. Како споредна улога, ликот на Џеси Пинкман предизвикува воодушевување од друга природа. Разликата во нивните карактери, во нивните години, создава еден однос кој на моменти наликува на односот татко-син, но истиот за секунда се претвора во партнерски однос на двајца криминалци, кога се работи за бизнис.На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)На лош пат (Breaking Bad)Кога и како да ја гледате: Треба да сте одморени, да не дозволите да задремете на ниедна сцена. Препорачливо е навечер, возбудата е така поголема, но ако имате слободно време, веројатно нема да нè послушате. Ќе почнете со пилот епизодата денес, а утре веќе ќе ја гледате втората сезона. Да, толку е заразна. За среќа имате 34 епизоди кои траат доволно долго за да ве прават задоволни во секоја минутка од вашето време. Само што започна да се емитува четвртата сезона, па ќе имаме што да гледаме. Гледајте ја сами или во мало друштво.На лош пат (Breaking Bad)
    rnrn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пуштени од ланец (Hall Pass)

    Пуштени од ланец (Hall Pass)

    Филм за тоа како секојдневната животна рутина, особено додека сте во брак или во долга врска, може да направи да заборавите зошто сте воопшто заедноrnrnПуштени од ланец (Hall Pass)Режија: Боби Фарели, Питер ФарелиrnrnУлоги: Овен Вилсон, Џејсон Судеикис, Кристина АпелгејтrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 февруари 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 6/10rn rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnНајверојатно досега сте гледале некоја од комедиите „Глупав и поглупав“, „Има нешто во врска со Мери“ или пак „Плиткиот Хал“. Е па, најновото што ни доаѓа од режисерите и браќа Боби и Питер Фарели е филмот „Пуштени од ланец”. Не дека во овие пеколни денови сме подготвени да преработиме нешто посилно од едноставна комедија која се базира претежно на евтин колеџ хумор, но кој сепак функционира. И не секој ден е добар за на пример, монтипајтоновски политички и интелектулни шеги, но понекогаш мозокот сакаме да си го олабавиме со едноставна приказна. Не очекувајте дека ќе начекате филм како „Глупав и поглупав“ од кој ќе крадете реплики долго време потоа, но сепак филмот е сосема доволен за да го опуштиме мозокот од топлинскиот шок.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrn

    rnПриказна: Рик (Овен Вилсон) и Фред (Џејсон Судеикис) се во брак, како што на нив им се чини, од секогаш. Тие имаат романтична замисла за животот надвор од брачната заедница и што сè би направиле само да не се врзани за нивните сопруги, Меги (Џена Фишер) и Грејс (Кристина Апелгејт). После серија (несреќни) настани, нивните жени решаваат да им дадат една недела одмор од бракот. Нема никакви обврски, никакви прашања и можат да прават што сакаат и кога сакаат. Тука почнува патешествието и од машка и од женска страна.Пуштени од ланец (Hall Pass)Интересно и интелигентно за овој филм е што е поставен како оние К-15 скечови на кои сите се смееме, а всушност сите сме зафркавани. Иако целата приказна и сите шеги се базираат на комплетни стереотипи за жените и за мажите, сепак, сосема е јасно дека овој филм не бара дополнителни ментални сили. Така, мажите се комплетни кучиња кои се во постојана потрага по секс и никако не можат, а да не се свртат додека убава жена поминува крај нив. Додека пак, жените се слаба верзија на Гестапо генерали кои треба да дисциплинираат, да кажуваат како треба, а како не треба. Но, независно од тоа дали сте феминистка, мачо мен или пак едноставно ви е гајле за тие работи, сепак ќе си се смеете (добро, најверојатно на сосема различни шеги).Пуштени од ланец (Hall Pass)Актерската екипа во „Пуштени од ланец“ е со сериозна комична филмска позадина. Секој се има појавено во повеќе серии и филмови кои биле холивудски хит. Овен Вилсон тука прикажува помирен поморален семеен човек, додека Џејсон Судеикис го портретира поголемото ѓаволче во нивната другарска врска. Сличен е соодносот и во женската врска.Пуштени од ланец (Hall Pass)Кинематографија: Кога правиш филм за луѓе чија примарна преокупација се розовите претстави за самиот живот, јасно е дека тука никој не се соочува со егзистенцијални проблеми или пак сериозни животни прашања. Па и целата кинематографија е таква. Преполна со голф терени, ноќни журки, убави куќи, хотели… Иако не се прикажува некој американски живот на висока нога, сепак тој е сосема доволен за да изгледа убаво. Сè на сè, нема некои големи иновации или пак откачени идејни решенија. Пуштени од ланец (Hall Pass) Кога и како да го гледате: Без сомнежи која било од овие пеколни летни вечери кога ќе решите да останете дома. Ќе ви ги тргне мислите од топлината и ќе ве изрелаксира.Пуштени од ланец (Hall Pass)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Најспецифичните машки улоги во ТВ сериите

    Најспецифичните машки улоги во ТВ сериите

    Во изминативе две децении, сме имале прилика да изгледаме еден куп интересни серии, специфични и карактеристични, секоја на свој начин. Но во секоја серија, еден лик отскокнува и ја прави уште поинтересна, без разлика дали станува збор за главна или споредна улога. Сепак, честитки до режисерите за изборот на глумците, кои успеале успешно да ја пренесат нивната идеја, за ние гледачите да уживаме во нивните изведби. Ова се само дел кои ние ги издвоивме за вас.rn.rn

      rn011

    • Серија: ИМЗ: Мајами (CSI: Miami)
    • rn011

    • Лик: Хорацио Кејн
    • rn011

    • Глумец: Дејвид Карусо
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериите„Истрага на местото на злосторството: Мајами“, никогаш немаше да биде толку позната да не беше овој лик. Сите го знаат по неговите надалеку познати очила за сонце, а неговото специфично отворање на секоја епизода, со поставување енигма и заминување од кадарот, стана легендарно.rn.rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеСо својата дрскост и британскиот акцент, овој лик ќе ве привлече уште од првата епизода. Ќе уживате во неговата генијалност и прецизност, а приказната на серијата во која глуми ќе ве воодушеви.rn.rn

      rn011

    • Серија: Теоријата за Биг Бенг (Big Bang Theory)
    • rn011

    • Лик: Шелдон Купер
    • rn011

    • Глумец: Џим Парсонс
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеЗарем може да се опише ваков лик!? Неговата прецизност и планирањето на секоја секунда од неговото време во комбинација со неговото знаење и генијалност ќе ве насмее до солзи. Маичките од супер херои кои ги носи во зависност од расположението, точниот распоред за секој оброк во неделата, комплицираните договори за цимерскиот живот и што ли уште нема да видите од овој лик.rn.rn

      rn011

    • Серија: Третиот камен од сонцето (Third rock from the sun)
    • rn011

    • Лик: Дик Соломон
    • rn011

    • Глумец: Џон Литгоу
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеЈа паметите оваа серија, нели? Одличниот хумор кој ù го носи овој лик на серијата е многу важен дел од успехот кој таа го постигна. Вонземјанинот во човечко тело, како глава на лудото семејство секогаш знаеше да ги каже „најпаметните“ работи, а токму затоа публиката го обожаваше.rn.rn

      rn011

    • Серија: Фрејзер (Frasier)
    • rn011

    • Лик: Фрејзер Креин
    • rn011

    • Глумец: Келси Гремер
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеНеверојатно смешниот психијатар со свое радиско шоу е длабоко влезен во историјата на најдобрите комични ликови на сите времиња. Надополнет од својот брат Нилс Креин и татко му Мартин, скоро е невозможно да не го сакате.rn.rn

      rn011

    • Серија: Калифорникација (Californication)
    • rn011

    • Лик: Хенк Муди
    • rn011

    • Глумец: Дејвид Духовни
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеРазведениот татко, кој меѓу другото е познат писател, е главна ѕверка во Калифорнија по кого сите жени сечат вени. Нездравиот начин на живот и неговиот несериозен пристап кон работите, го прават овој лик многу интересен.rn.rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеДрскост, дрскост и само дрскост. Главниот лик на оваа серија е склоп од комплексност и професионалност, а неговиот изглед само ја надополнува сликата. Со слободна мисла, без влакна на јазикот и со извонредно проткаениот хумор на ниво, овој лик и тоа како ја прослави оваа серија.rn.rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеСекогаш перфектно костумосаниот Барни е еден од оние ликови кои се паметат вечно. Големиот „швалер“ прави одлична дигресија во мирното и забавно друштво во серијата, а неговите фрази и постапки пополека стануваат легендарни.rn.rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеЧовекот кој без влакна на јазикот и со крајна дрскост оди до крај за да обезбеди најдобар ангажман за своите клиенти. Безобразен, нападен и енергичен на работа, кроток и емотивен со семејството, него го сакате, додека истовремено и го мразите. Ари Голд се пика под кожа кај сите останати во серијата, но и кај публиката. Кратко кажано, човекот е цар!rn.rn

      rn011

    • Серија: Декстер (Dexter)
    • rn011

    • Лик: Декстер Морган
    • rn011

    • Глумец: Мајкл Хол
    • rn

    rnНајспецифичните машки улоги во Тв сериитеЛаднокрвен, сталожен, пристоен и мирен се додека не му згрешиш некако нему, на неговото семејство, пријателите, но и на човечкиот морал и достоинство. Според многумина, една од најдобрите серии некогаш снимена, токму поради одлично замислениот и реализиран лик на Декстер.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изворен код (Source Code)

    Изворен код (Source Code)

    Филм за потрагата по вистинската приказна, за потребата да се смени минатото, за втората шанса …rnrn Изворен код (Source Code)Режија: Данкан Џонс rnrnУлоги: Џејк Џиленхал, Вера Фермига, Бриџит МонаханrnrnВреметраење: 93 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 април 2011rnrnЖанр: научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn———————————————————————————————————————————————————————rnУште од кога знае за себе, човекот сонува и се стреми кон она што во моментот се чини недостижно, а сепак толку примамливо. Сакавме да летаме? Браќата Рајт не однесоа и на небото. Сега сакаме да патуваме низ времето. Е па, додека не го решиме тој проблем, жедта ќе ја задоволуваме со филмови за патување низ времето. Некои од нив се направени со сочна и слоевита приказна, додека други наликуваат на балон, шарени однадвор, но празни одвнатре. И да не ве држам во неизвесност, „Изворен код“ влегува во онаа прва група. Со себе носи креативна приказна и иако сценариската основа не е свежа, костурот изграден потоа е сосема нов.rn———————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Капетанот Колтер Стивенс е човек кој животот комплетно го има посветено на војската и на служењето на сопствената земја, сè до моментот кога го губи животот на мисија во Авганистан. Но со тоа не запира и неговата мисија туку преоѓа во рамки на „изворниот код“. Сигурно се прашувате „што е тоа?“, но мислам дека е рецензентски нефер потег да ви откривам. Како и да е, Колтер има само осум минути да го најде виновникот за бомбата поставена во воз полн со луѓе.rnrnГолем дел од филмот се различни сценарија во возот додека тој трага по злосторникот и иако се повторуваат работите, тоа е направено сосема поинаку од претходниот пат, така што филмот не станува досаден или преполн со „дежаву“ моменти. И мојата слободна претпоставка е дека после овие реченици, целата приказна ви е под комплетен прашалник и имате милион и една дилема, но во моја одбрана – сакав да креирам еден зборовен тизер кој ќе ве поттикне да го гледате, но нема да ви каже премногу. А верувајте, тоа е тешко да се направи.Изворен код (Source Code)„Изворен код“ е повеќеслојна приказна во која се разработуваат повеќе линии, а секоја од нив тргнува од капетанот Колтер. Дали е тоа неговата потрага по вистината за себе и за тоа кој е и што е, дали е тоа неговиот однос со една од патничките во возот, дали е тоа неговиот нерешен однос со татко му. Иако вака изгледа комплицирано и опсежно, приказната е поставена прилично лесно, брзо и без дупки на патот. Сепак, можеби еден минус за ова парче е малку исфорсираниот сладникав среќен крај како во романтична комедија. Да тргнеше одјавната шпица само пет минути порано (ако го гледате филмот ќе знаете на кој момент) сè ќе беше некако подобро.Изворен код (Source Code)Екипа: Главната улога во „Изворен код“ му е доверена на Џејк Џиленхал кој најголемите пресврти во кариерата не ги направил со улоги од овој калибар. Го паметиме од Brokeback Mountain и Donnie Darko кои влегуваат во сосема друг тип филмови. Сепак, Џиленхал тука прецизно си ја завршува задачата на војник кој трага по вистинските одговори, но притоа и со последните сили се обидува да го промени минатото и воопшто, она што мисли дека може да го промени.rnrnЖенскиот актерски товар го носат Вера Фермига (The Departed, Orphan, Up in the Air) и Бриџит Монахан (Kiss Kiss Bang Bang) кои одлично ги портретираат жената која му е единствен пријател на Колтер Стивенс во приказната и девојката во која тој се вљубува. Инаку како дополнување – режисерот Данкан Џонс е син на Дејвид Боуви и воедно млад креативец на кој му предвидуваат блескава иднина во филмската индустрија.Изворен код (Source Code)Кинематографија: Како што се очекува за еден научно-фантастичен трилер, специјалните ефекти во „Изворен код“ и не користат нешто повеќе од еден просечен холивудски акционен филм. Има експлозии, доработки, дошминкувања, но сепак сè е прифатливо и не е претерано.Изворен код (Source Code)Кога и како да го гледате: Дефинитивно навечер и кога сте во трилер расположение. Во друштво или сами, не е важно, но со голема чинија пуканки.Изворен код (Source Code) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Заменети при раѓање (Switched at Birth)

    Заменети при раѓање (Switched at Birth)

    Приказна за текот на животот кој се одредува уште од самото раѓање, за семејството и семејните драми, за животот во изобилие наспроти скромниот живот кој е судбина на две тинејџеркиrnrnЗаменети при раѓање (Switched at Birth)Главни улоги: Кејти Леклерк, Ванеса Марано, Констанс Мари, Д.В. Мофет, Леа Томпсон, Лукас ГрејбилrnrnЖанр: семејна драмаrnrnПремиера: 6 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnЗаменети при раѓање зборува за две различни семејства во кои живее по една тинејџерка на иста возраст. Едното живее во богатство и изобилие, тоа е семејство од високата класа, семејство кое вози скапи автомобили, приредува добротворни забави и ги праќа своите деца во скапи приватни училишта. Другото семејство е сосема нормално, типичен претставник на работничката класа, составено од мајка која заработува како фризерка и нејзината ќерка тинејџерка, кои одамна се напуштени од непознатиот татко. Сè изгледа навистина нормално, освен што не е баш…rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Ќерката на Џорџи, Дафни е глува од малечка, кога нејзиниот слух настрадал како резултат на менингитис. Оттогаш нивниот живот претставува тешка борба за нормален живот, да се биде нормално прифатен од средината, додека истовремено средината треба да има разбирање за потребите кои ги наметнува таквата состојба. Сепак, и покрај слабата финансиска состојба, животот во периферијата и отсуството на машка фигура во семејството, изгледа како Џорџи и Дафни да се снаоѓаат сосема добро, па дури постои и некоја ведрина во нивните животи.Заменети при раѓање (Switched at Birth)На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.Заменети при раѓање (Switched at Birth) Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Порака: Заменети при раѓање сака да го прикаже проблемот со слухот и користењето знаковен јазик, како нешто нормално, како дел од животот со кој многумина се соочуваат. Згора на тоа, Кејти Леклерк, која ја толкува улогата на Дафни, има проблем со слушањето и во вистинскиот живот, како и луѓето од нејзината средина во серијата, што на приказната ù дава автентичност, како резултат на одличната, природна глума.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Кога и како да ја гледате: Бидејќи е семејна драма, оди одлично по заедничкиот семеен ручек, во присуство на сите членови. Засега се прикажани 5 епизоди, па тек треба да чекаме да се развива дејството и да видиме што ќе понуди приказната. Во секој случај, замислата е интересна, оригинална и барем засега ветува добар развој во иднина.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Слични серии: Родители“, „Седмо небо“, „Неочекуван живот“, „Три Хил“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Супер 8 (Super 8)

    Супер 8 (Super 8)

    Филм за тоа дека некогаш животните настани може да те направат чудовиште иако длабоко во себе не сиrnrnСупер 8 (Super 8)Режија: Џеј Џеј Абрамсrn rnrnСценарио: Џеј Џеј АбрамсrnrnУлоги: Ел Фенинг, Џоел Кортни, Рајли ГрифитсrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 јуни 2011rnrnЖанр: мистерија, научна фантастика, трилерrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnАко ги прочитавте горе наведените референци за овој филм, тогаш налетавте на името на Џеј Џеј Абрамс кој (мало појаснување под арогантна претпоставка дека ви е непознат) стои зад серијата „Изгубени“, зад филмот „Ѕвездени патеки“ и зад мал милион мегахитови како сценарист, режисер или продуцент. Од друга страна, пак, продуцент на филмот „Супер 8“ е Стивен Спилберг за кој најверојатно и нема потреба од големо претставување. Сето тоа земено на едно купче е доволен предизвик за секој филмофил, а од друга страна и љубител на научната фантастика, да го пушти овој филм, но дефинитивно нема да налета на тоа што го очекува, нов мегахит. rnrnОткако ќе се избришат сите големи експлозии и специјални ефекти, голата суштина на „Супер 8“ е целосно површно и некреативно парче. Комплетниот заклучок е дека не секогаш големите имиња по правило носат и грандиозен производ. Некогаш се „штанца” и нов летен хит кој барем ако треба да ни ги земе парите, нека го направи тоа додека ние викаме „фала“.rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Главни протагонисти во овој филм се деца кои прават зомби филм во своето мирно гратче. Иако нивниот мал фантазерски свет е пореметен со претходната необјаснива смрт на мајката на малиот Џејк (Џоел Кортни), тие продолжуваат со својата невина фокусираност на кадри, добро сценарио, најверодостојна хорор шминка. Во екипата се вклучува и Алис (Ел Фенинг), девојчето во кое сите се вљубени, а таа гради специјално пријателство само со Џејк. Но, една вечер, додека малиот филмски тим е на својот имровизиран сет на железничката станица, тој сведочи спектакуларна несреќа помеѓу воз и автомобил. Од тој ден ден во гратчето почнуваат да се случуваат необјасниви настани кои водат кон невообичаена, научно-фантастична разврска.Супер 8 (Super 8)Иако најверојатно првичната идеја било да се направи микс помеѓу „Е.Т.“ и некоја верзија на „Војна на световите“, крајниот резултат е бледа приказна. Ниту се навлегува претерано во приказната со „суштеството од другиот свет“ ниту пак во личната приказна на Џек чија мајка е мртва, татко му – дистанциран од него, а тој – поврзан со малечката Алис на еден специфичен начин.  Гледачите ги добиваат суштинските информации, но останува жед за повеќе информации кои ги нема.Супер 8 (Super 8)Глума: Oд актерски аспект, „Супер 8“ е одлично склопен иако сизифовиот товар го носат пред сè децата. Младата Ел Фанинг досега се појавила во „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ додека другите повеќе или помалку се нови во работата. Дури и возрасните глумци се релативно нови за публиката, но сепак нема црни дамки. Супер 8 (Super 8)Кинематографија: Дејствието се одвива во малечко гратче во Америка на крајот на 70-тите. Период кога децата возат велосипеди, животот е мирен и сите се знаат по име. Но таа идила е нарушена од големите експлозии, од огромниот вселенски брод и од воени сили во паника. Сепак, кога се работи за специјални ефекти и нашминкани сцени, не треба да се има сомнеж во Холивуд. Па така, ниту во овој филм.Супер 8 (Super 8)Кога и како да го гледате? Гледајте го навечер затоа што е вистинско сквернавење со жанрот научна фантастика доколку одберете друг период од денот. Сепак, не очекувајте дека ќе бидете хипнотизирани од неверојатна приказна, уплашени до коска, едноставно воодушевени.Супер 8 (Super 8)————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смртно убава (Drop Dead Diva)

    Смртно убава (Drop Dead Diva)

    ТВ серија за светоста на внатрешната убавина на човекот, наспроти променливата физичка убавинаrnrn„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Главни улоги: Брук Елиот, Кејт Леверинг, Маргарет Чо, Ејприл Болби, Џексон Харст, Џош Стембрг, Бен ФелдманrnrnКреатор: Џош БерманrnrnЖанр: комедија, фантазија, драмаrnrnПремиера: 12 јули 2009rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: трета сезона во текrnrnВреметраење: 45-48 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    —————————————————————————————————————————————rnСте размислувале ли некогаш колку вашиот физички изглед влијае врз оформувањето на вашиот карактер? Колку сте вие позадоволни од себе кога ќе се погледнете во огледало, толку посамоуверени ќе бидете и тоа чувство ќе го пренесете и во умовите на другите луѓе, кои ќе ве доживуваат на истиот начин. Но, без разлика дали физички изгледаме добро или лошо, ние луѓето сме вечно незадоволни од нешто кое го поседуваме, па постојано се обидуваме да станеме подобри, физички или психички. Оние помалку привлечните, а поинтелигентни луѓе, се трудат колку е можно повеќе да се разубават со шминка и облека, а оние кои изгледаат како фотомодели, се обидуваат да ја пронајдат длабочината и смислата на нивниот живот. Ретко кој се родил под среќна ѕвезда да ги поседува двете најбитни работи кај луѓето: интелигенција и надворешна убавина, но верувајте и таквите имаат многу мани.rn—————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Младата Деб во ТВ серијата „Смртно убава“, ја има можноста да ги искуси двете човекови крајности. Таа е преубава, згодна девојка, која го има „момчето од соништата“ во нејзините прегратки. Нема постојана работа, но се труди да „заплива“ во манекенските води. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“? „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.

    rnПриказна: Во серијата станува збор за една преубава русокоса манекенка Деб, која прави сообраќајна несреќа во која погинува. Нејзината душа влегува низ портите на Рајот, каде што дознава од нејзиниот ангел-чувар Фред, дека таа спаѓа во категоријата луѓе „нула“, што значи дека во текот на нејзиниот буден живот таа направила нула добри и нула лоши дела, односно била личност со површен карактер. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrnПорака: Навидум изгледа дека станува збор за сапуница, која често ќе ве разнежнува, расплакува и расположува, но во суштина оваа серија има една фантастична длабочина, која нè учи да не сфаќаме сè, вклучително и телевизијата пресериозно. Има убавина во јадењето високо калорична крофна додека работите некоја напорна работа и во изгледот на човечкото лице кое нема совршени црти, моделирани со ботокс или премногу козметички препарати. Деб во Рајот не беше класифицирана како површна девојка поради нејзиниот изглед, туку поради плиткоста на нејзиниот карактер, а оваа серија ја истакнува токму човечката длабочина, на еден истовремено комичен и сентиментален начин. Карактерот на ликовите, а не физичката убавина на актерите, е магијата во оваа серија, со која таа успева да ја промени перспективата на гледачите за поимот телевизија, воопшто.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Кога и како да ја гледате: „Смртно убава“ е ТВ серија „лесна за консумирање“, сами или во друштво, поради што само од вас ќе зависи во кој дел од денот ќе сакате да ја гледате и со кого. Лесно прилагодлива на вашето моментално расположение, оваа серија е одлично потрошено време за одмор и психолошка гимнастика на вашето „внатрешно јас“.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Депонија (Waste Land)

    Депонија (Waste Land)

    Документарен филм за неправедноста во животот кој некогаш може да те фрли и на ѓубриште, за достоинството со тоа што си и тоа што го работиш (доколку е чесно), но и за човековата потреба да направиш нешто повеќе за себеrnrnДепонија (Waste Land)Режија: Луси ВолкерrnrnСе појавува: Вик МунизrnrnВреметраење: 99 минутиrnrnЈазик: англиски, португалскиrnrnПремиера: 22 октомври 2010rnrnЖанр: документарецrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnПонекогаш се случува да гледаш филм кој потоа не те остава да продолжиш по твојата вообичаена животна траекторија, туку те прави малку поинаков. Можеби малку поскромен кон она што го посакуваш, малку поморален во она што го правиш, малку подостоинствен околу професијата и животот кои ги имаш. rnrnДокументарниот филм „Депонија“ го отвори Фестивалот на документарен филм „MakeDox“ кој изминатава недела се случуваше во Скопје и сосема веројатно разбуди по некој заспан неврон во мозокот на сите што се најдоа во публика. Во емотивната и на моменти срцепарателна, но не и патетична приказна, гледавме како се менува животот на неколку луѓе од Рио де Жанеиро и притоа не бевме свесни дека и ние некако сме допрени од продолжената рака на овој документаристички проект. Тоа го увидовме откако по проекцијата молчеливо тргнавме да земеме пиво кое во таа топла ноќ повеќе горчеше отколку што освежуваше. А до кога ќе не држи „Депонија”, останува на секој од нас.



    rn

    rnПриказна: Вик Муниз е уметник кој е роден во Бразил, но работи во Њујорк. Неговиот следен проект треба да биде во Рио де Жанеиро, во најголемата депонија во светот каде ќе соработува со луѓе кои секој ден го минуваат таму. Целта е да се направат големи уметнички дела на кои ќе бидат прикажани неколку луѓе од ѓубриштето, а ќе бидат изработени од ѓубре. Но, покрај уметнички, ова е и социјален потфат затоа што тие избрани луѓе не се само немо тело за уметничкото дело, туку се и активен учесник во неговата изработка. Така тие „маргиналци“ почнуваат да гледаат некој живот целосно поинаков од оној што дотогаш го имале и тоа пополека ги менува, ги допира емотивно и интимно.Депонија (Waste Land)На самиот почеток на „Депонија“ се добива впечаток дека ќе имаме приказна за еден уметник со комплекс на Господ кој смета дека може да си игра со луѓето како со марионети само за свое задоволство и притоа ќе ни ја продава приказната дека прави големи општествени добра. Но, како што минуваат минутите таа перцепција на работите се распрскува на парчиња затоа што тие луѓе кои заработуваат во најголем дел како собирачи на отпаден материјал на депонијата, се и најголемите философи во филмот.rnrnСо секој нов кадар тие лупат по едно парче од својата животна приказна на која не можеш да останеш рамнодушен. Луѓе како секој од нас, ниту подобри ниту полоши, кои животните случувања ги ставиле таму каде што се. Тие не се отпадот, туку личности кои со сите сили се обидуваат да заработат за живот и не се препуштаат на она што е најлесно да се прави во Рио, да се продава дрога или пак сопственото тело. Сите се поинакви и носат можеби малку поинаков животен бекграунд и мисла. Но, од нив се гледа дека кренатата глава е најважното нешто во животот, дека никогаш не е доцна за промени, дека лесниот пат најчесто и не е вистинскиот, дека…rnrnВо очите на секој од гледачите на „Депонија“ можеби само една мисла ќе изгледа како најважна, во зависност од она што ви се случува во мозокот, но без исклучок овој филм секого ќе го направи подобар човек.Депонија (Waste Land)Депонија (Waste Land)Кинематографија: Прикажани се двете дијаметрално спротивни страни на животот, на судбината. Поголем дел од филмот се случува на депонијата, но тука е и она што е дел од животот на уметникот Вик, убаво опремен стан, скапи аукции, луѓе кои плаќаат десетици илјади долари за една слика. Воочлив е тој животен дуализам кој отсекогаш бил реалност.Депонија (Waste Land)Кога и како да го гледате? Ако ја прочитавте целата оваа рецензија јасно е дека има само еден совет – гледајте го кога ќе бидете подготвени да бидете стресени од корен!Депонија (Waste Land)
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn