КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Рио (Rio)

    Рио (Rio)

    Анимиран филм за менталитетот, за оној „северниот“, кој е стегнат, ригиден и на кој му се потребни решетките на кафезот, наспроти оној „јужниот“ исполнет со звуците на самба и сето тоа раскажано низ авантурите на две птици

    rn

     Рио (Rio)

    rnРежија: Карлос СалдаjаrnrnГласови: Џеси Ајзенберг, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Вил Ај ЕмrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 април 2011rnrnЖанр: анимација, авантура, комедијаrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnАнимиранните филмови уште одамна не се детска играчка туку сериозен продукт, кој веќе на големо ни се продава и нам, возрасните. Искрено, повеќето анимирани филмови не знам како изгледаат во очите на малечките, но за мене се повеќе од феноменални и релаксирачки. Стегнати приказни, сериозно динамични и сосема смешни, па нема зошто и на моите 28 години да не ги изгледам. По „Мегаум”, „Приказна за играчките”, на филмското платно ни доаѓа и „Рио”. И да, доколку претпоставувавте, името доаѓа од Рио де Жанеиро. Живи бои, силни звуци на самба, луди движења… и тоа е бразилскиот дух.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rn

    Приказна: Блу е редок вид птица во Бразил кој како малечок бил жртва на криумчари со ретки животни, но судбината го носи кај прекрасно мало девојче кое во него гледа најдобар другар. Години минуваат и, иако Блу е тропска птица, се навикнува на животот во снежната Минесота. Но, наспроти својата природа, тој живее постојано затворен зад топлите ѕидови на домот под постојана грижа на својата најдобра пријателка и газдарица, Линда. Сé до моментот кога ќе дојде орнитолог од Бразил кој ќе им открие дека Блу е последниот мажјак од неговиот вид и дека потребно е да се спари со женката Џул, која се чува во нивниот центар во Рио. Тие решаваат да појдат во Рио, но приказната тргнува наопаку кога Блу заедно со Џул повторно ги киднапираат криумчари.Рио (Rio).

    rnrn

    rn

    Дали си тука за карневалот?rnНе, треба да запознаам девојка.rnАааа, девојка. Мал совет – ти направи го првиот чекор. Бразилките реагираат на самоувереност.rn

    rn

    rn

    Анимираната авантура за да се ослободат од канџите на злосторниците, воедно станува и суптилна паралела меѓу северниот и јужниот начин на живот. Блу премногу се плаши да преземе ризик во животот, па дури не знае ниту да лета. Сака да живее сигурно, мирно и секое попладне да ужива во какаото со шест манчмелоуа, кое му го прави газдарицата. Џул, пак, е импулсивна, брза и во постојана потрага по слобода… исто како стереотипните „северњаци“ наспроти „јужњаци“. А дали е тоа така и чиј живот е прав, а чиј е крив, секој гледач си одлучува за себе.Рио (Rio).rn

    rnrn

    rn

    Мразам самба!rnТоа е малку предалеку.rnАаааа, натерај ја злобната птица да го повлече тоа!

    rn

    rnМузика: Во анимиран филм каде што гласовите ги позајмуваат Вил Ај Ем и Џејми Фокс, едноставно е непростливо да има лоша музика. Покрај тоа што поголемиот дел од саундтракот се песни кои ги изведуваат главните позајмувачи на гласови, се слушаат и песни од Бебел Жилберто, Серџио Мендез… Накратко музиката е одлична.Рио (Rio)Кога и како да ја гледате: Сепак, да не ја игнорираме светата и главна намена на анимираните филмови, а тоа е да ги развеселат децата. Па затоа, ако имате деца, нормално, гледајте го со нив. Но, ако сакате да си го проследите сами или во возрасно друштво, одберете некој екстранапнат ден кога никако не можете да се релаксирате. Иако и во друга ситуација ќе го почуствувате неговиот ефект, вака е само уште посилен.Рио (Rio)rn rnrn rnrn

  • Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)

    Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)

    ТВ серија за двојниот живот на една легална проституткаrnrnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Главни улоги: Били Пајпер, Идо Голдберг, Шери Лунги и Ешли МедекrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Луси ПреблrnrnПремиера: 27 септември 2007rnrnБрој на сезони: 4rnrnСтатус: завршенаrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrn————————————————————————————————————————————————–rn„Тајниот дневник на една колгерла“ е британска ТВ серија, која е различна од сето она што досега сте го виделе. Приказната е базирана на реални дневници на една легална проститутка чиј идентитет бил непознат. Но, на 15 ноември 2009 година, авторката на дневниците „Интимните авантури на лондонската колгерла“, потпишана како Бел ду Жур, чии спомени се искористени како основа за сценариото на оваа ТВ серија, открила дека нејзиното вистинско име е Брук Магнанти, истражувачки научник и бивша проститутка од Бристол. Во серијата очекувано има многу секс: нежен, груб, чуден, перверзен, емотивен, а ќе видите и многу голи мажи и жени, тројки, четворки и ред други ситуации кои никогаш не би ви паднале на ум.rn————————————————————————————————————————————————–rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Приказна: Пред нејзиното семејство и пред пријателите, таа е Хана, обична девојка со завршени политички студии, која наводно работи како легална секретарка во трета смена, а во текот на денот ужива живеејќи го нејзиниот „нормален“ живот. Но, пред нејзините клиенти, таа е Бел ду Жур (фран. Убавицата на денот), легална проститутка која ќе им ги исполни сите нивни фантазии за големо купче пари.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Првата работа која што треба да ја знаете за мене е дека сум ку*ва. Јас сум од многу висока класа, што значи дека наплаќам по час. А наплаќам многу.

    rnНејзин најголем предизвик во животот ù е да ги одвои двата паралелни животи кои ги живее. Таа работи како колгерла бидејќи многу ги сака сексот, парите и сака да си биде сама своја газдарица. Најголемиот дел од нејзиното слободно време, Хана го поминува со нејзиниот најдобар другар Бен, со кој порано била во врска.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Придружничка, ку*ва, проститутка… Не ми е битно како ќе ме нарекувате. Тоа е само семантика.

    rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)И покрај тоа што сексот е застапен во секоја епизода, централниот фокус на серијата е поставен во психологијата на личноста на Хана, нејзината борба сама со себе, да успее да води паралелен живот, притоа не откажувајќи се од работата која ја исполнува, ниту од нормалниот живот на една девојка.rn.rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Се трудам да бидам како сите други. Јас едноставно не сум од оној тип девојки кои работат нормална работа.

    rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Правило број 4: хигиена, мојата и неговата. Секогаш користам машки деодоранс, никогаш не ставам парфем. Еден професионалец никогаш не би дозволил неговиот клиент да си замине мирисајќи на жена.

    rn

    .rn

    rnМожеби голем дел од гледачите не можат да се пронајдат во ликот на Бел, проститутката на која никогаш не и е доста од секс, но дефинитивно можат да се поистоветат со другиот дел од нејзината личност – Хана, интелигентна и емотивна, со длабок, комплексен карактер, која како и секоја друга млада девојка има потреба од дружење и љубов.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Лоцирајте ги лифтовите, тивко поминете покрај рецепцијата. Изгледајте како да знаете што правите таму. Одете брзо. Не привлекувајте премногу внимание. Изгледајте волшебно, но бидете лесни за заборавање. Исто така, треба да знаете дека ова, не сум вистинската јас.

    rnКога и како да ја гледате: поради специфичното сценарио на „Тајниот дневник на една колгерла “, серијата ќе има најголем ефект врз вас доколку ја гледате навечер и тоа неколку епизоди одеднаш, што и не претставува некој проблем бидејќи една епизода трае 22 минути, а серијата е многу „заразна“.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Интересен податок: Британската глумица Били Пајпер, која го портретира ликот на Бел ду Жур во серијата, вели дека ужива во улогата на најпознатата колгерла, но и пречи што луѓето честопати мислат дека таа е проститутка и во реалниот живот. „На улица добивам разни чудни погледи од постарите. Некои од нив мислат дека сум вистинска проститутка. Јас им велам: не, јас сум актерка која игра проститутка“ – вели Пајпер. Пајпер, која е мажена со актерот Лоренс Фокс и со кого има син, вели дека не е сигурна оти играњето на улогата во контроверзната серија и се исплатело. Нема потреба да коментираме дека актерката одлично си ја завршила нејзината работа во серијата, нели?!rnrnСлични серии: „Буквата Л“, „Која Саманта?“, „Да се биде Ерика“

  • Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите… и за моментот кога ќе запреш и ќе се завртиш околу себе. Некој тука можеби се бори за „малку од малку“ нормален живот.rnrnТоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Режија: Ана Боден, Рајан ФлекrnrnУлоги: Кеир Гилкрист, Зак Галифианакис и Ема РобертсrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn————————————————————————————————————————————————rnСредношколец си и твоите родители не ти купуваат патики какви што сакаш па мислиш дека секој пат кога се шеташ со старите чевли целото училиште ти се смее. Ти се допаѓа девојка или момче, но си добил „корпа“ и ти се чини како да си ја загубил љубовта на твојот живот додека повторно сите наоколу ти се смеат и те покажуваат со прст поради неуспехот. Кога си тинејџер во натпреварувачка атмосфера секој добиен „кец“ те вади од памет и те прави да мислиш дека нема да се запишеш на факултетот што го сакаш. Ако после пет-десет години се „свртиш“ на ситуациите од ваков тип, едноставно не можеш, а да не се изнасмееш. Сепак, во моментот кога ги преживуваш тие тинејџерски болки, никој не смее да ти каже дека си нерационален, дека претеруваш, дека мора да научиш да се избориш со притисокот. Вистината е дека тоа треба да го сфатиш сам. До сознанието дека не вреди да се кинат нерви за такви работи, најчесто доаѓаш заедно со годините. Но, понекогаш патот може да биде, благо кажано, необичен како оној во „Тоа е еден вид смешна приказна“.rn————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Крег (Кеир Гилкрист) е тинејџер кој има сосема нормално семејство – во ред можеби една нерегуларност е што татко му е „воркохолик“, но во животот и не може сé да е совршено. Тој учи во елитно училиште, треба да аплицира на престижно летно училиште и е вљубен во девојката на својот најдобар пријател. Сиот тој притисок и страв од иднината почнува да го подбутнува Крег кон работ, па тој почнува да се соочува со суицидни мисли. Затоа решава да се пријави самиот себеси во ментална болница. Уште истиот момент кога влегува гледа дека тоа не е местото за него, но сега е доцна. Тука треба да биде минимум пет дена пред  да се направи првичната проценка дали може да си оди. Така започнува патешествието.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кинематографија: Речиси целиот „Тоа е еден вид смешна приказна“ се одвива во „лудницата“ освен повремените флешови со кои Крег ни ја објаснува својата приказна и своите стресови. Во филмот се вметнуваат и повремени анимации кои воопшто не доминираат ниту пак ја преоптоваруваат приказната туку напротив само го надополнуваат она што камерата не може. Ниту е претерано, ниту е преусилено. Напротив речиси и како да не ги забележуваш, а сепак си ја имаат својата функција.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кога и како да го гледате: За тинејџерите, „Тоа е еден вид смешна приказна“ треба да има катарзично односно терапевтско дејство, а посебно тоа што приказната ја раскажува нивни врсник. Сепак, тоа не значи дека останатите возрасни групи нема да уживаат. Може да го гледаат луѓе на секоја возраст. Ми се чини дека е подобар во друштво, така што откако ќе заврши ќе можете да поразговарате, за сопствените стресови и бубачки во главата.
  • Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

    Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

    Шоуто кое започна да се прикажува на 16 ноември 2004 година, уште во текот на емитувањето на првата сезона постигна вртоглава популарност. Гледаноста, само во САД, се движи во просек околу 15 милиони гледачи по епизода, а серијата се прикажува во повеќе од 60 земји, што во 2008 година ја направи најгледана во светот со околу 82 милиони гледачи. Успешноста на серијата според сите критики се базира на феноменалната глума на Хју Лори, која го направи легенда, но мора да се признае дека целата екипа одлично си ја врши работата. Ова се неколку интересни занимливости поврзани со серијата.Факти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • За време на аудицијата на Хју Лори, за улогата на Грегори Хаус, продуцентот Дејвид Шор рекол „Ова е тоа што ми треба, прав Американец“. Во тоа време тој не знаел дека Хју е Британец.
    • rn011

    • Оваа серија е инспирирана од колумна во весникот „New York Times“, која прикажувала невообичаени медицински случаи.
    • rn011

    • Тројца од шесте членови на актерската екипа се леваци. Тоа се Кади, Формен и Вилсон.
    • rn011

    • За време на гостувањето во „The Tonight Show“ на 16 ноември во 2005 година, Лори признал дека пиел апчиња „Викодин“ кои создаваат зависност, за да го долови ликот на д-р Хаус.
    • rn

    rnФакти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • Во 2009 година Хју Лори изјавил дека започнал да чувствува болка во ногата, поради долгогодишното доловување на хендикепот на неговиот лик.
    • rn011

    • Во секоја епизода, како можна дијагноза за болеста на пациентот се појавуваат саркоидоза или лупус. Сепак, досега во ниту една епизода не се случило да биде точна дијагнозата за една од тие две болести.
    • rn011

    • Таткото на Хју Лори бил доктор, па тој има изјавено дека чувствува малку вина што заработувал многу повеќе од вистинскиот доктор во фамилијата.
    • rn011

    • Џеси Спенсер (д-р Чејс) и Џенифер Морисон (д-р Камерон) во реалниот живот се во врска.
    • rn

    rnФакти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • Сите надворешни сцени на болницата се снимки од универзитетите Јужна Каролина и Принстон, а всушност ниту една епизода не е снимена таму.
    • rn011

    • Продуцентот Дејвид Шор отсекогаш бил голем обожавател на популарниот карактер Шерлок Холмс и признал дека неколку аспекти на серијата се базирани на него. Зависноста на д-р Хаус од апчињата „Викодин“ се споредува со онаа на Холмс од кокаинот, рамнодушниот однос кон пациентите со односот на Холмс кон своите клиенти и неговиот однос со д-р Џејмс Вилсон се споредува со односот на Шерлок со д-р Џон Ватсон.
    • rn

  • „Јаки“ ТВ серии откажани во последниве години

    „Јаки“ ТВ серии откажани во последниве години

    Популарните ТВ серии, кои се емитуваат на најдобрите телевизии во светот, живеат од недела за недела. Не само што сценариото се прилагодува на неделно ниво и новата епизода се снима неколку дена пред нејзиното деби на ТВ екраните, туку нејзиниот понатамошен тек зависи од тоа каков ефект (не)постигнала. Гледаноста, сценариото, откажување на глумец или член од екипата, скратување на буџетот и што ли уште не може да биде причина да се прекине некое шоу. Ова се само неколку ултрапопулатни серии кои беа прекинати во последниве години.Тв серии откажани во последниве годиниrn

    The O.C.

    rnНа 3 јануари 2007 година, „Fox“ официјално одлучи да ја прекине серијата. И покрај тоа, сè уште не беше јасно дали серијата ќе прекине, бидејќи нејзиниот креатор Џош Шварц, праќаше нејасни извештаи во кои се предомислуваше дали ќе има или ќе нема петта сезона. Сепак по 3 јануари серијата не продолжи.Тв серии откажани во последниве годиниrn

    Joey

    rnНа средина на втората сезона, серијата беше прекината од страна на „NBC“, но сепак се врати на етерот на 7 март 2006, преместена да се емитува секој вторник од 20:30 часот. Сепак, во мај 2006 година, „NBC“ реши дефинитивно да ја прекине серијата, бидејќи „Американскиот идол“ ја помина во гледаност.Тв серии откажани во последниве годиниrn

    Heroes

    rnНа 15 мај 2010 година беше соопштено дека серијата е откажана и дека нема да продолжи да се снима. Главната причина поради која серијата се откажа е опаѓањето на рејтингот и гледаноста, како резултат на неповрзаноста и конфузноста на деталите во приказната.Тв серии откажани во последниве годиниrn

    FlashForward

    rnНа 13 мај 2010 година, беше потврдено дека серијата нема да се врати на малите екрани со втора сезона, поради намален интерес од страна на гледачите. Кога се прикажувала пилот-епизодата од серијата, само во САД пред телевизорите се наоѓале околу 12,5 милиони гледачи. Но, сепак, како одминувале епизодите гледаноста се спуштила на околу 4,5 милиони, што е многу повеќе од рејтингот на моментално популарните тинејџерски серии.Тв серии откажани во последниве годиниrn

    Arrested Development

    rnИако серијата имаше добар рејтинг, сепак заврши неславно. Откажана беше на 10 февруари 2006 година, бидејќи еден од главните продуценти реши да си замине од својата позиција, оставајќи ја серијата на цедило. Во тој период шоуто се наоѓаше во транзиција од една телевизиска куќа во друга.Тв серии откажани во последниве годиниКоја ТВ серија не можете да ја прежалите?

  • „Возрасните“ (Grown ups)

    „Возрасните“ (Grown ups)

    Пет семејства, еден куп проблеми и разлики, а најмногу комични ситуации…rnrn„Возрасните“ (Grown ups)Режија: Денис ДуганrnrnИграат: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Крис Рок, Роб Шнајдер, Дејвид Спеид и Селма ХаекrnrnВреметраење: 102 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 јуни 2010rnrnЖанр: комедијаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn___________________________________________________________________________________________rn Иако овој филм, со оглед на актерската екипа која е собрана за неговото снимање, не ги задоволи вкусовите на сите критичари, сепак токму поради глумците и нивните индивидуални кариери вреди да се погледне. Приказната изобилува со комични ситуации, некои од нив очигледни и веќе видени, други пак тотално ќе ве изненадат. Критичарите беа незадоволни поради тоа што ваква екипа, од можеби моментално петте најуспешни комичари на филмското платно, добилa просечна комедија во која на моменти шегите се „излитени“. Едно можеме да кажеме со сигурност, актерите добро се познаваат и нивната хемија на сцена е извонредна и природна, па токму затоа филмот има еден голем плус.rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Во 1978 година, пет 12-годишни момчиња, победуваат во кошаркарски турнир. Триесет години подоцна, откако тие веќе се пораснати, со фамилии, бизниси и слично, се собираат заедно за погребот на нивниот тренер кој го постигнал најголемиот успех во кариерата токму со нивниот тим.rn„Возрасните“ (Grown ups)Викендот решаваат да го поминат заедно во куќата на езеро, каде што како млади се забавувале, но овој пат доаѓаат со голем „багаж“, деца, жени и секој со своите проблеми, маки и предизвици. Маркус е сингл и пие премногу, Роб има три ќерки кои ретко ги гледа и има мерак често да се жени, Ерик е огромен и плус не работи, Курт е домазет и живее со неговите две деца, жена му и нејзината мајка, а Лени е успешен Холивудски агент оженет со модна дизајнерка (Селма Хаек), но парите кои ги има ги размазиле неговите деца.rn„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)Викендот на езерото и прославувањето на големиот американски празник 4-ти јули, е можност за промени, подобрување и излез од некои непријатности во бракот на сите поединечно.rn„Возрасните“ (Grown ups)Кога и како да го гледате: Комедија како комедија, најубаво е да се гледа со друштво. Соберете се кај некого дома, набавете сè што би треба, сместете се на најудобното место и уживајте во овој филм. Какви и да се критиките, филмот има и те како смешни моменти, а актерите и те како знаат да ви ги доловат.„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)Слични филмови: „Смешни луѓе“ (Funny People), „Камп за денот на татковците“ (Daddy Day Camp)

  • Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Понекогаш дури и совршените серии имаат карактери кои го нарушуваат беспрекорниот тек на една епизода. Чудно, но причините не се оние кои први би ви паднале на памет, дека актерите не ги носат како што треба нивните улоги пред малите екрани. Напротив, некои од овие глумци се познати ТВ ветерани кои имаат многу искуство и награди зад себе.rn

    Овие карактери сме ги сакале на почетокот, но сценаристите некаде погрешиле и почнале да ги носат во погрешна насока.

    rnrnrn

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Сју Силвестер – „Гли“ (Glee)
    rnrnСју беше носител на сцените во кои се појавуваше, за да постепено премине во нивни уништувач. Нејзиниот лик сè повеќе станува апсурден, како да е извадена од цртан филм. Обидувајќи се секогаш да ги надмине своите претходни подвизи, нејзината улога стана тешка за одржување и пренападна за серијата. Ова не значи дека секоја сцена во која таа се појавува е катастрофа, туку дека балансот е нарушен и тоа се одразува на целокупниот впечаток од серијата Гли.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Пирс Хаторн – „Заедница“ (Community)
    rnrnОстанатите карактери од „Заедница“ совршено се вклопуваат помеѓу себе, но Пирс понекогаш дури може и да заборавиме дека е дел од групата за учење. Се чини како овој лик веќе воопшто да не и е потребен на серијата. Другите карактери во серијата не го сакаат, па зошто би го сакале гледачите. Сцените со Пирс често не се смешни, па дури и одат на нерви.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Грејс и Зек Флорик – „Добрата сопруга“ (The Good Wife)
    rnrnНишто не го упропастува дејството во серијата како што тоа го предизвикуваат децата на Алиша и Питер. Навистина, нејзината улога како мајка е многу важна и е причина зошто гледачите ја сакаат. Но, кога децата се сами и се соочуваат со разни тинејџерски ситуации, тоа сериозно го нарушува текот на епизодата.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Латс, Пит, Туфер, Френк – „Рокфелер Плаза 30“ (30 Rock)
    rnrnПерсоналот кој е задолжен за пишување на серијата (Латс, Пит, Туфер, Френк и други) си доделува улоги за себе почесто одошто е потребно. Многу иритира кога уживајќи во некоја сцена со Лиз Лемон наеднаш ќе ве нападнат со некоја бесмислена сплетка. Тие се ОК како ликови во позадина, но нивните самостојни сцени целосно го попречуваат текот на епизодите.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Ен Перкинс – „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation)
    rnrnСирота Ен. Кога овој лик се дружи со Лесли и двете заедно уживаат во нивното дружење, таа е супер. Но, кога гледачот е присилен да ја поднесува Ен во однос на Енди или Крис, тогаш работите не се баш супер. Нејзиниот карактер сосема добро се вклопува додека е во близина на Лесли или додека Ејприл и го згорчува животот, но кога сценаристите ја поттикнуваат на романтични подвизи, тогаш работите стануваат здодевни.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Џоел и Џулија – „Родители“ (Parenthood)
    rnrnНадвор од целиот „клан“ Брејверманови, Џоел и Џулија се веројатно најздодевната двојка. Гледачите немаат што да извлечат од нив, а треба да имаат со оглед на тоа дека тие се чуден спој. Нивните проблеми не е интересни во однос на сочните драми кои ги приредува остатокот од семејството.rnrnШто велите вие? Дали се согласувате со листава и би додале ли вие некој лик од ТВ сериите во неа?

  • Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    Почнале со скромен буџет, а заработиле милиони. Погледнете ја листата на најпрофитабилните филмови до сега.rn.rn

    10. Ghost (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 22.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 507.600.000 долари
    • rn

    rn

    .rn9. Home alone (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 533.800.000 долари
    • rn

    rn

    .rn8. The Passion of the Christ (2004)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 30.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 370.782.930 долари (САД, 31 март 2005)
    • rn

    rn

    .rn7. American Beauty (1999)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 356.296.601 долари
    • rn

    rn

    .rn6. Star Wars (1977)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 13.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 775.398.807 долари (1997)
    • rn

    rn

    .rn5. Grease (1978)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 6.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 394.589.888 долари
    • rn

    rn

    .rn4. Pretty Woman (1990)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 14 милиони долари
    • rn011

    • Заработка: 463.406.268 долари
    • rn

    rn

    .rn3. Slumdog Millionaire (2008)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 15.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 141.319.195 долари (САД, 24 мај 2009)
    • rn

    rn

    .rn2. E.T. the Extra-Terrestrial (1982)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 10.500.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 792.910.554 долари (31 декември 2002)
    • rn

    rn

    .rn1. My Big Fat Greek Wedding (2002)Најпрофитабилни филмови на сите времиња

    rn

      rn011

    • Буџет: 5.000.000 долари
    • rn011

    • Заработка: 368.744.044 долари
    • rn

    rnЗабелешка: при креирање на редоследот на филмовите во листата, земени се предвид и промените во стапката на инфлација.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Community (Заедница)

    Community (Заедница)

    ТВ серија за пријателството, различностите и хуморот во секојдневниот студентски животrnrnrnCommunity (Заедница)Главни улоги: Џоел Мекејл, Џилијан Џејкобс, Дени Пуди, Ивет Никол Браун, Алисон Бри, Доналд Гловер, Чеви Чејс, Кен ЈонгrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Ден ХармонrnrnВреметраење: 22 минrnrnБрој на сезони: 2rnrnПремиера: 17 септември 2009rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn——————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си група во која дружењето делува невозможно, а истовремено многу забавно. Тие ни самите не знаат како функционираат, но знаат дека сакаат да го задржат и одржат тоа што го имаат и тешко би пуштиле нов член внатре. Тие се студенти на колеџот Комјунити, место каде и најголемите лузери добиваат втора шанса. Групата е спој од секакви, меѓусебно многу различни луѓе, кои првенствено имаат желба полесно да си поминат на часовите по шпански јазик. Но, набрзо стануваат цврсто поврзани луѓе, кои желбата за дружење и забава, се чини, вечно ќе ја бараат во изговорот дека треба да се состанат за учење.rn——————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џеф Вингер е млад, згоден адвокат, кој секогаш има што да каже, без разлика дали е тоа решение на проблем или иронична шега, најчесто успешно комбинирајќи ги двете. За жал, неговата диплома за завршен факултет испаднала неважечка, па тој мора да помине низ целиот процес повторно од почеток. Стигнува на едно необично место, на колеџот Гриндејл комјунити, каде доаѓаат сите кои не успеале да завршат факултет во вистинското време и на вистинскиот начин.Community (Заедница)Community (Заедница)Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

    rn

    Некаде на страна од сите, а сепак сосема сплотен во групата е ликот на Абед, брзозборесто момче кое делува како да не разбира ништо за животот, а всушност покажува способност за анализирање на животите на другите, така како што тие ни самите не можат да се анализираат себеси. Тој ги гледа сите низ филмската камера, а често режира сцени од познати филмови во салата во која се состанува групата. Тој во серијата настапува спонтано и скоро незабележително, но многу е веројатно дека по неколку изгледани епизоди ќе ви стане омилениот лик и со нетрпение ќе ги очекувате следните негови непредвидливи потези.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.Community (Заедница)Глума: Ликовите се толку различни, а сепак, толку сплотени во приказната и меѓу себе, што дури е чудно како е воопшто возможно да функционираат во целина. Еден религиозен, друг атеист, еден црн, друг расист, еден самоуверен, друг повлечен… ваквата споредба нема крај. Ликовите не само што се прецизно донесени од страна на фантастичната актерска екипа, туку нив скоро и да не можете да ги одвоите од самите актери. Ако се загледате повеќе епизоди од „Заедница“ едно по друго, веројатно е дека набрзо ќе се почувствувате како дел од групата или барем ќе сакате да добиете билет за членство.Community (Заедница)Кога и како да ја гледате: Заедница е забавна комедија од типот ситком, па како и другите серии од овој тип, не е за секој. Ранг-листите за ТВ серии ја поставуваат многу високо, но тоа не значи дека секој ќе ужива да ја гледа. Епизодите се кратки, па кога ќе почнете, брзо ќе станете зависни од свежите шеги, кои се разликуваат од оние кои сме навикнати да ги гледаме во серии како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Градот на пумите“, па дури и „Теоријата за Биг Бенг“. Совет: не претерувајте, до 3 епизоди на ден се сосема доволни за да ви остане серијата што подолго интересна и секогаш со иста возбуда, едвај да чекате да ја пуштите.Community (Заедница)Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.

  • 127 часа (127 hours)

    127 часа (127 hours)

    Нема ништо помоќно на Земјата, од волјата за живот. Приказна за човековата издржливост, инстинктот и преживувањето…rnrn127 часа (127 hours)Режија: Дени БојлrnrnИграат: Џејмс Франко, Кејт Мара, Амбер ТамблинrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 5 септември 2010rnrnЖанр: драма, биографијаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrn________________________________________________________________________________________rnФилмот кој на овие Оскари беше номиниран во 6 категории, меѓу кои за најдобар филм и за најдобра машка улога е нашиот избор за оваа недела. Иако не се закити со ниедна од статуетките, автобиографскиот филм е еден од оние кои се задолжителни за гледање. Адаптиран е според биографијата на Арон Ралстон „Between a Rock and a Hard Place“, а режисерот Дени Бојл може да добие само пофални зборови за моќното доловување на филмското платно. Филм одигран безмалку од еден актер, на едно место, но преполн со драма, пресврти и емоции. Доколку не сте го гледале до сега, неговото име веднаш мора да се појави на вашата листа и тоа со црвени букви.rn________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Арон Ралстон, е млад 27 годишен инженер, зависен од адреналин. Дејството се одвива во САД во 2003 година, каде што тој решава да помине целодневна маршрута низ кањоните на Националниот парк во Јута. Тргнува со моторно возило, кое другото утро го остава за да продолжи со велосипед, а на крајот завршува пеш уживајќи низ дивината и убавината на кањоните. Патем им помага на двете изгубени планинарки Кристи и Меган, да се вратат на правиот пат, но моментот го користи и за малку забава.127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)Неговата авантура продолжува, сè додека не му се случи мала незгода. Спуштајќи се по карпите, тој се лизнува и паѓа во тесниот кањон, и притоа огромна карпа целосно му ја приклештува раката за едниот ѕид. Тука работите стануваат интересни и непредвидливи. Со многу малку храна и вода, фото-апарат, камера, џебно ноже, батерија и неколку јажиња тој прави чуда за да преживее физички, но пред сè и психички, борејќи се со сопствените чувства и халуцинации.rn127 часа (127 hours)Камера и глума: Глумецот Џејмс Франко дефинитивно ја одигра улогата на животот, но можеби во лоша година. Глумата дефинитивно заслужува Oскар, меѓутоа конкуренцијата за најдобра машка улога на годинешнето доделување на овие награди беше „страшна“. Со оглед на фактот што филмот е сниман претежно во многу мал и тесен простор, неизбежно е сите камери од кој било кадар, крупно да го фаќаат Франко кој со своите фацијални експресии совршено ги пренесува своите чувства на публиката. Кадрите се опфатени многу точно, па иако филмот ви делува клаустрофобичен, воопшто не треба да се секирате, туку да се препуштите на возбудата и напнатоста.127 часа (127 hours)Кога и како да го гледате: Филмот со сигурност нема да му се допадне на секого, со оглед на тоа што има неколку гадни сцени, но сепак, бидејќи е снимен според вистинска приказна, додатно си добива на тежина. Ќе ви го привлече целото внимание, така што воопшто нема да ви направи разлика во кој дел од денот ќе го гледате или пак каде ќе го правите тоа.127 часа (127 hours)Слични филмови: Закопан (Buried)rnrn rn

    целосното