КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

    Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

    Што би правеле доколку сте мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, но живеете во свет без ѕвезди? Веројатно би имале голема надеж и редовно би ја следеле ситуацијата во неуморно очекување на некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во симпатичниот краток анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небоВо животот често треба да бидеме упорни, да не се откажуваме и да веруваме во она што сакаме да ни се случи, дури и кога постојат сосема бледи знаци за тоа да се оствари. Но, ако се оствари, може да ни го промени животот засекогаш.rnrnФилмот е креиран од двајца студенти од Белгија.rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Свиркачот (The Whistleblower)

    Свиркачот (The Whistleblower)

    Филм за свиркачите, за луѓето кои кога ќе видат нешто што не смее да се случува, не премолчуваат туку ќе ги вклучат сите сирени… но и за предавниците кои некогаш се спакувани во „ангелски“ пакетrnrnSvirkachot (The Whistleblower)Режија: Лариса КондрацкиrnrnУлоги: Рејчел Вајс, Моника Белучи, Ванеса Редгрејв, Сергеј ТрифуновиќrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, босански, украинскиrnrnПремиера: 13 септември 2010rnrnЖанр: драма, биографијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnСтарата изрека „Вистината е во окото на набљудувачот“, што во превод би значело дека секој има своја верзија и свое гледиште на приказната, е комплетно вистинита кога се работи за филмот „Свиркачот“. Дејството, сместено во Сараево, е толку несмасно изведено и со толку дупки што е апсолутно недозволиво за една холивудска продукција. Но од друга страна, кога го гледаш филмот не можеш, а да не запрашаш дали тие пропусти ги забележуваме само ние, Балканците, додека на пример за „странците“ ова е сосема добар филм. rnrnИако сторијата е крајно инспиративна, особено затоа што е направена според вистинит случај, нас екс-Југословените, одредени моменти особено не иритираат. Прво, тука е повремениот лош босански (или повремено некој вид џибриш) јазик и второ, големите спасители – Американците, што ние, обичните луѓе од овие простори сме го виделе на политички план, па не сакаме да го гледаме и на филмското платно.rn———————————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Кети (Рејчел Вајс) е посветена американска полицајка која за да заработи повеќе пари прифаќа да работи како миротворец во поствоена Босна. Нејзините планови се менуваат откако ќе открие цел ланец на трговија со бели робови во кој се вклучени и огромен број членови на Обединетите нации како и локални моќници. Таа одлучува да не премолчи и тргнува да ги промени работите што се покажува дека е (речиси) невозможно. Момците во ОН до максимум го користат дипломатскиот имунитет што значи дека без разлика што ќе направат, тие се недостижни. Паралелно со големата приказна за корумпираните злосторници во големите организации, се расплеткува и помала, интимна сторија за една девојка Раја (Роксана Кондураче) која е дел од тој ланец и како и сите останати е третирана како парче месо.Свиркачот (The Whistleblower)Иако филмовите за трговија со бело робје се можеби веќе кажана работа, свежината на „Свиркачот“ е во тоа што прво е правен според вистинита приказна, а второ открива да кажеме една „викиликс“ сторија. Знаете, кога во медиумите ќе дојде информација од типот дека затворениците во Абу Граиб се садистички тортурирани од американски војници, многу ретко слушаме кој ја протуркал таа информација до виделина. Е за тие луѓе е овој филм. За вечните борци како Кети.Свиркачот (The Whistleblower)Глума: Рејчел Вајс во „Свиркачот“ актерски е еден чекор понапред од останатите, но нејасно е дали затоа што е брилијантна или затоа што повеќето нејзини партнери не се на ниво на задачата. ОК, Ванеса Редгрејв е одлична, но на пример Моника Белучи не само што не е добра туку и на моменти ù пречи. Тргнувајќи од лошиот акцент до неубедливата глума, таа повеќе му штети отколку што му помага на филмот. Сергеј Трифуновиќ се појавува во епизодна улога на локален газда и садиста што можете само да претпоставите дека ја игра со максимална леснотија.Свиркачот (The Whistleblower)Кинематографија: Пустош, сиромаштија, јад и беда. Во американските очи таква е Босна. Студена, сурова и таму женскиот живот не значи ништо.Свиркачот (The Whistleblower)Кога и како да го гледате: Во „Свиркачот“ има неколку силни, потресително сурови сцени, па токму затоа не го препорачуваме за оние почувствителните, ниту пак за помладите. А сите кои ќе се одлучат да го гледаат, подобар е ноќно време.Свиркачот (The Whistleblower)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ранго (Rango)

    Ранго (Rango)

    Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата… rnrnРанго (Rango)Режија: Гор ВербинскиrnrnГласови: Џони Дeп, Исла Фишер, Алфред МолинаrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2011rnrnЖанр: анимација, комедија, авантураrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnАко можеше да се направи опера за деца, тогаш нема ништо чудно во тоа што гледаме и цртан филм за возрасни. Не зборувам за анимирано парче кое можете да го гледате заедно со некој помлад член на семејството, туку филмче кое е резервирано за повозрасните. Во „Ранго“, хуморот може да го преработи само зрел неврон, јазикот не е за ушите на помладите и прикажана е една сериозна вестерн сторија која отскокнува од „нормалното“ само по тоа што актерите се компјутерски направени.rnrn Миксот на еден жанр кој е речиси заборавен како што е вестернот со надоградениот и модерен анимиран филм, дава една свежина и убавина во целиот пакет. Сепак, сведоци сме дека тие експериментални „да се обидеме нешто ново“ пристапи многу често завршуваат со вртоглав пад, па сепак успехот на „Ранго“ генерално е резултат на одличното сценарио, живите дијалози, одлично дизајнираните ликови и нормално, анимациски добро завршената работа.rn——————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Гуштерчето Ранго (Џони Дeп) е домашно милениче кое живее во терариум и фантазира за живот преполн со авантура каде што тој е главната ѕвезда… сè до моментот кога насилно е втурнат во вистинско доживување. Неговиот терариум паѓа сред пустина и Ранго е приморан да се снајде. Водата е неговиот најголем проблем. Во место каде и кактусите умираат од жед, а постојаните жители се колку-толку приспособени да опстојуваат со капка неделно, малиот гуштер навикнат на изобилство е осуден на сигурна смрт.rnrnВо целото тоа сивило, добрата вест е што налетува на гратче сред таа пустина, но лошата е што и тука резервите на вода се дојдени на минимум. Жителите изведуваат ритуали молејќи се за некоја капка, а за да не умрат од жед мора да го решат проблемот што е можно поскоро. Ранго е мистериозниот странец кој е предмет на интерес на секого, а тој го користи тоа комплетно за да се реизмисли себеси, од плашливо домашно милениче до опасен шериф со кој никој не сака да се зафркава. Наивните граѓани во потрага по чудо, во него гледаат спас и му доверуваат речиси сè. Од таму почнува авантурата за да се најде и врати животната течност проследена со толку вистинитата и толку точната и заборавена реченица: „Тој што ја контролира водата, контролира СÈ“.Ранго (Rango)„Ранго“ е извонредно интелигентна приказна која се одвива на повеќе нивоа. Покрај основната линија која јасно ни го прикажува нашиот расипнички однос кон она што ни е дадено (прскалките на зелените тревници се вртат 24-7, додека некој таму плаче за чаша питка вода) имаме и уште неколку убаво осмислени потприказни. Тука е сторијата дека секој може да се реоткрие себеси, да направи да стане подобар човек и тоа само ако сака и ако го има тоа во себе.rnrnОд друга страна, имаме и суптилни љубовни случки меѓу Ранго и борбената девојка Бинс (Исла Фишер), но тие воопшто не се потенцирани туку доаѓаат некако ненаметливо и пополека, и така си заминуваат, што е доволно. Ранго (Rango)Компјутерска визуелизација: Пустина, сива, голема и жештина пред која и камењата пукаат. Па дури и нејзините жители изгледа како да се претопиле во неа. Со испукана кожа, со сиви бои, во нив нема никаква егзотика. Но од целата толпа отскокнува само Ранго. Зелена боја, хавајка со силни бои… Странец во вистинска смисла на зборот. Ранго (Rango)Музика: Низ целото дејствие во филмот не следи миниоркестар на бувови кои наликуваат на маријачи и секоја случка ја надополнуваат со соодветна песна. Така што музичкиот дел е актер плус во „Ранго“. Саундракот е направен од Ханс Зимер (The Dark Night, Inception, Pirates of the Caribbean), како и оригинални песни од бендот Los Lobos. Ранго (Rango) Кога и како да го гледате: Па, директивите се јасни – иако е анимиран филм, не е за деца. И покрај тоа што јас го гледав дома, изгледа дека е многу подобро во кино. Ако ја имате таа можност, купете билетче. Ранго (Rango) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

    ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

    Септемврискиот маратон на ТВ сериите само што не започнал. Како и секоја година во овој период, на малите екрани се враќаат поголемиот дел од популарните ТВ серии со нова сезона. За сите љубители и фанатици, следниот месец ќе претставува рај, не само поради тоа што продолжуваат старите, туку и поради фактот што во овој период се појавуваат и нови серии кои можат да бидат следниот светски хит. Затоа вие само гледајте и уживајте, а Кафе пауза ќе ве изненадува со нови рецензии и занимливости поврзани со сериите и оваа сезона.Тв серии кои ќе ги гледате од септемвриrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    14 септември 90210 4 сезона/1 епизода
    16 септември Вампирски дневнициrn(The Vampire Diaries) 3 сезона/1 епизода
    16 септември Секогаш е сончево во Филаделфијаrn(It’s Always Sunny in Philadelphia) 7 сезона/1 епизода
    20 септември Како ја запознав мајка виrn(How I Met Your Mother) 7 сезона/1 и 2 епизода
    20 септември Два и пол мажиrn(Two and a Half Men) 9 сезона/1 епизода
    21 септември Нејвиrn(NCIS) 9 сезона/1 епизода
    21 септември Глиrn(Glee) 3 сезона/1 епизода
    22 септември Криминални умовиrn(Criminal Minds) 7 сезона/1 епизода
    22 септември Модерна фамилијаrn(Modern Family) 3 сезона/1 епизода
    23 септември Теоријата за Биг Бенгrn(The Big Bang Theory) 5 сезона/1 епизода
    23 септември Заедницаrn(Community) 3 сезона/1 епизода
    23 септември Вовед во анатомијаrn(Greys Anatomy) 8 сезона/1 епизода
    23 септември Канцеларијаrn(The Office) 8 сезона/1 епизода
    24 септември ИМЗ: Њујоркrn(CSI: New York) 8 сезона/1 епизода
    24 септември Натприродноrn(Supernatural) 7 сезона/1 епизода
    24 септември На работrn(Fringe) 4 сезона/1 епизода
    26 септември Симпсоновиrn(The Simpsons) 23 сезона/1 епизода
    26 септември Очајни домаќинкиrn(Desperate Housewives) 8 сезона/1 епизода
    26 септември Фамилијарен човекrn(Family Guy) 10 сезона/1 епизода
    26 септември Апсолутна властrn(Boardwalk Empire) 2 сезона/1 епизода
    26 септември ИМЗ: Мајамиrn(CSI: Miami) 10 сезона/1 епизода
    27 септември Озборувачкаrn(Gossip Girl) 5 сезона/1 епизода
    30 септември Приватна праксаrn(Private Practice) 5 сезона/1 епизода
    3 октомври Декстерrn(Dexter) 6 сезона/1 епизода
    4 октомври Доктор Хаусrn(House) 8 сезона/1 епизода

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Искривен опаш

    Искривен опаш

    Twisted“ е интересен краток анимиран филм, направен од 24 студенти, кои волонтирале во најголемата индиска институција за мултимедија и анимација „DNA“.Искривен опашКратка приказна: Дев е горд сопственик на слатко куче, но има еден мал проблем – неговото совршено милениче има крива опашка, а тоа ужасно му пречи. Потребата на Дев да му ја исправи опашката на неговото убаво кученце, постепено се претвора во една хумористична опсесија. :)rn

  • Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчимеrnrnrnУжасни шефови (Horrible Bosses)Режија: Сет ГордонrnrnИграат: Џејсон Бејтман, Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џенифер Анистон, Кевин Спејси, Колин Фарел, Џејми ФоксrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јули 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rn„Анистон е зависничка од секс“, „Кој сака да го убие Кевин Спејси?“, „Анистон конечно во долна облека“… Со месеци пред воопшто филмот „Ужасни шефови“ да се појави во кино салите, холивудската маркетинг локомотива почна да ги врти тркалата, па „од Вардара до Триглава“ весниците се полнеа со вакви наслови за нешто што требаше да биде хит комедија. Ѕвезден кастинг одбран очигледно тактички и со длабока финансиска предумисла. rnrnТака, филмскиот ветеран Спејси ги носи филмаџиите во салите, згодните момци (и сосема добри актери) како Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џејсон Бејтман и Колин Фарел ги носат девојките, а најверојатно ПР одделот забрзано работеше на тоа Џенифер да ја направи следната секс бомба, па и момците да го купат толку скапоценото кино билетче. rnrnНо, ако ги земеме предвид очекувањата, набилданата филмска тензија која требаше да кулминира во тек на (тие час и половина) „Ужасни шефови“, финалето за жал е благото чувство дека и не сте гледале нешто посебно. Комедијата која почна со висок старт, ќе заврши помеѓу многуте медиокритетни филмски остварувања.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Ник (Џејсон Бејтман), Курт (Џејсон Судеикис) и Дејл (Чарли Деј) се тројца најдобри пријатели кои најголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија, а она малку слободно време што го имаат пак, го користат да се жалат за своите психотични шефови. Ник е вработен кај вистинскиот робовладетел, Дејв (Кевин Спејси) кој од него очекува да биде на своето место од изгревање до заоѓање на Сонцето и притоа ако задоцни само една минута добива лекција.rnrnКурт е сметководител во фирма која ја води Боби (Колин Фарел), човек кој смета дека не треба да вработува дебели луѓе и кој… да не откривам сè, но накратко е вистинска карикатура од личност. Додека Дејл ù е помошник на забарката Џулија која сексуално го злоставува (најверојатно за едно машко и не изгледа толку страшно да е малтретиран од Џенифер Анистон, но во „Ужасни шефови“ е извор на проблеми).rnrnТројцата другари стигнуваат до одредена точка на вриење во својата професионална приказна и решаваат да ги убијат своите шефови. Наместо платен убиец налетуваат на свој консултант, Деан М.Е. Џонс (треба да го гледате филмот за да ви станат јасни иницијалите М.Е.) кој ги советува како да ги ликвидираат своите жртви. Советникот го игра уште една ѕвезда, Џејми Фокс и сцените со него, иако не се многу, се најхумористични во целиот филм. Ужасни шефови (Horrible bosses)Тројцата комичари, Бејтман, Судеикис и Деј, иако се релативно нови за нас, моментално се вистински хит за американската публика. Со нив минуваме низ пропаднатите и невообичаени обиди прво да најдат платен убиец, а потоа да ги ликвидираат шефовите. Нивниот хумор е резервиран и дозиран. Тие не се „Ејс Вентура личности“, туку обични луѓе како секој од нас, кои тргнуваат да ги решаваат своите проблеми на малку невообичаен начин. Сепак, тој момент на „реален човек во нереална ситуација“  во повеќето денешни комедии како да не ни нуди смеење до солзи како порано, ниту пак реплики кои ќе ги зборуваме со месеци.жасни шефови (Horrible bosses)И наспроти тројцата тапчовци се нивните шефови кои се најпознатите актери во кастингот. Иако не се појавуваат во премногу сцени и дефинитивно не ви се задоволува жедта за кој било од нив, го исполнуваат очекуваното. Сепак, тие за тоа време презентираат едвај неколку мали слоја од нивните ликови, така што не се прави особена детална анализа околу тоа кои се и зошто се такви.Ужасни шефови (Horrible bosses)Кога и како да го гледате: Филм за дома, за во друштво и за ноќно време. Сигурно ќе ве релаксира и (се надеваме) нема да ви даде некои идеи како да ги решите проблемите во професионалниот живот.Ужасни шефови (Horrible bosses)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пријатели за секс (Friends with Benefits)

    Пријатели за секс (Friends with Benefits)

    ТВ серија за поддршката што меѓусебно си ја даваат пријателите, која понекогаш продолжува и во спалната собаrnrnПријатели за секс (Friends with Benefits)Главни улоги: Данил Еклс, Рајан Хенсен, Зак Крегер, Андре Холанд, Џесика ЛукасrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 5 август 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 21 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    Тие се пријатели кои се секогаш тука еден за друг. Секој од нив е опседнат да ја најде својата сродна душа, но секој од нив има и различна дефиниција за тоа. Трагајќи по совршениот партнер, барајќи психолошки и сексуални совети, некои од нив, на крајот од денот сепак завршуваат во истиот кревет. Во нивното друштво, изгледа како внатрешните интимни врски воопшто да не влијаат на дружбата, која секогаш е на прво место.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на NBC да ја продолжат работата.

    rnrn

    rnТрејлерот е направен со актерската екипа од пилот епизодата.rnrnДел од продуцентската екипа која работи на серијата учествувала во работата на серијата „Пријатели“ и на филмот „Непоканети гости“, додека како автори и извршни продуценти на пилотот се јавуваат имињата Scott Neustadter и Michael H. Weber („500 денови со Самер“).rnrnВакви серии, кои ги третираат љубовните ситуации во друштвото на неколку млади луѓе, се појавија доста во последно време. Доколку ви се допаѓаа „Пријатели“, „Совршени парови“ и „Модерна фамилија“, можно е да ви се допадне и „Пријатели за секс“. Оваа серија, е некаков спој од основната на приказната во првата, односите и врските во втората и хуморот во третата серија.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Различен филм за секој ден од неделата

    Различен филм за секој ден од неделата

    Доколку сте голем љубител на филмот и не преферирате да гледате филмови само од еден жанр, тогаш ви препорачуваме да ја погледнете оваа листа. Листата е составена од 7 филмови, по еден за секој ден од неделата, притоа сите од различен жанр. Разновидноста на филмовите и нивните приказни ќе ви претставуваат одлична забава оваа седмица, без разлика дали ќе се решите да ги гледате сами, со партнерот или пак со пријателите.Различен филм за секој ден од неделата

    rnrn

      rn011

    • Петок (хорор)
    • rn

    rn

    Подмолен (Insidious)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Возбудлива приказна за семејство кое е во потрага по помош за нивниот син Далтон, кој едно вообичаено утро мистериозна паѓа во кома. Три месеци покасно тие не се свесни дека се случува нешто многу поголемо од бескраен сон. Паранормалните случувања и откривањето на минатото се клучот за враќањето на нивниот син, а напнатоста и стравот го следат филмот до последната секунда.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Патрик Вилсон, Роуз Брн, Тaj Симпкинс
    • rn011

    • Премиера: 29 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 103 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Сабота (трилер)
    • rn

    rn

    Без граници (Limitless)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Акционен трилер за писател по име Еди, кој се наоѓа во писателска криза и има недостаток на креативност. Неговиот поранешен шура му понудува експериментална дрога, со ветување дека  ќе му овозможи да користи 100% од својот ум. За некое чудо дрогата успешно делува, а Еди за кратко време успева да ја заврши книгата. Во потрага по ново количество, тој го наоѓа дилерот убиен и го зема остатокот од дрогата, која тотално му го менува својот живот.

    rn

    .rn

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Бредли Купер, Роберт Де Ниро, Ана Фрил
    • rn011

    • Премиера: 18 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Недела (научна фантастика)
    • rn

    rn

    Капетан Америка: првиот одмаздник (Captain America: The First Avenger)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Дејствието се одвива во 1942 година кога САД влегува во Втората Светска војна. Болниот Стивен Роџерс е разочаран бидејќи повторно е одбиен за приклучување кон воената служба. Но, сè се менува кога д-р Ерксин го повикува за тајниот проект. Докажувајќи ја неговата силна волја и извонредна храброст, тој го прифаќа експериментот и неговото слабо тело наеднаш постанува неверојатно моќно.

    rn

    Откако д-р Ерксин ќе биде убиен од шефот на тајниот истражувачки оддел на нацистичка Германија, таканаречениот „Црвениот Череп“, Роџерс останува како уникатен човек кој првично е злоупотребуван како пропагандна маскота. Но, сепак тој подоцна се впушта во возбудлива авантура против „Црвениот Череп“. Бидејќи филмот е прилично нов, не очекувајте дека ќе најдете снимка со добар квалитет.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Крис Еванс, Томи Ли Џонс, Хејли Атвел
    • rn011

    • Премиера: 22 јули 2011
    • rn011

    • Времетраење: 124 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Понеделник (документарец)
    • rn

    rn

    Измамата наречена Обама: маските паѓаат (The Obama Deception: The Mask Comes Off)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Во овој документарен филм се претставува една поинаква слика за американското политичко општество. Режисерот Алекс Џоунс дава слика според која, уште од 60-тите години на минатиот век американските претседатели се само марионети на светската владата во сенка составена од членовите на Советот за надворешни односи, Федералниот систем за резерви на САД, Билдербершката група, Трилатералната Комисија и банкарите од Вол Стрит.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Алекс Џоунс, Даниел Естулин
    • rn011

    • Премиера: 12 март 2009
    • rn011

    • Времетраење: 111 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Вторник (анимиран/фамилијарен)
    • rn

    rn

    Автомобили 2 (Cars 2)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Интересен анимиран филм во продукција на „Pixar“… Спортскиот автомобил Лајтнинг МекКвин и неговиот најдобар пријател, камиончето од шлеп-служба по име Матер, се упатуваат кон Јапонија и Европа за да ја завршат Светската Гран При трка. Но нивниот пат кон шампионатот станува трнлив откако Матер ќе се впушти во интригантна мисија, односно во интернационална шпионажа. Интересен филм особено возбудлив за помладите генерации.rn.rn

      rn011

    • Гласови: Даниел Лоренс, Овен Вилсон, Мајкл Кејн
    • rn011

    • Премиера: 24 јуни 2011
    • rn011

    • Времетраење: 106 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Среда (акција)
    • rn

    rn

    Брзата петорка (Fast Five)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Поранешниот полицаец Брајан О’Конор станува партнер со поранешниот затвореник Дум Торето. Бидејќи Миа Торето и Брајан успеваат да го изнесат Дум од затвор, поминуваат многу граници за да им избегаат на властите. Повлечени во Рио Де Женеиро, тие мораат да извршат уште една работа за да си ја обезбедат својата слобода. Тие го составуваат нивниот тим од најдобрите тркачи бидејќи знаат дека единствениот начин да се извлечат е да му се спротивстават на корумпираниот бизнисмен, кој сака да ги уништи. Но, тој не е единствениот нивни противник. Зад нив секогаш е федералниот агент Лук Хобс. Интересна адреналинска акција, која ќе ве држи возбудени до самиот крај.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон
    • rn011

    • Премиера: 29 април 2011
    • rn011

    • Времетраење: 130 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Четврток (драма/комедија)
    • rn

    rn

    Почетници (Beginners)

    rn

    rnrnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина:Дејството се обвива во 2003 година, каде што 38-годишниот Оливер Филдс, по професија графички дизајнер, го губи татко му, пет години откако починала и неговата мајка. Оливер кој е природно намуртен тип, низ текот на филмот се потсетува на неговиот однос со татко му по смртта на неговата мајка. Набрзо по нејзината смрт, неговиот татко му признал дека всушност е геј и тука приказната станува интересна, а нивниот однос сосема поинаков.rnrnВо обид да воспостави контрола врз своите емоции за загубата, Оливер ја запознава Ана, девојка со која свесно се впушта во врска, притоа знаејќи дека и таа има нерешливи емоции и проблеми со својот татко. Забавна приказна во која ќе уживате и ќе се насмеете.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ијан Мекгрегор, Кристофер Пламер, Мелани Лорен
    • rn011

    • Премиера: 11 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хана (Hanna)

    Хана (Hanna)

    Филм за тоа дека не можеш да побегнеш од својот генетски код дури и ако тој те прави ладнокрвен убиецrnrnХана (Hanna)Режија: Џо ВрајтrnrnУлоги: Сојрс Ронан, Кејт Бланшет и Ерик БанаrnrnВреметраење: 111 минутиrnrnЈазик: англиски, германски, италијански, шпански, арапскиrnrnПремиера: 8 април 2011rnrnЖанр: акција, мистеријаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnФилмовите за супервојниците никогаш не стануваат демоде. Пред 15-ина години ги имавме со Шварценегер или Сталоне, а сега целата филмска индустрија ги прави со малку повеќе мозок и со многу повеќе пари. Во „Хана“ тој супер убиец е девојче на само 16 години кое оперира без чувства, без совест. rnrnКога „Леон“ и „Убиј го Бил“ (првиот дел само затоа што е подобар од вториот) ќе се сретнат на половина пат, би излегло ова кинематографско парче. Сепак, за жал не оди „рамо до рамо“ ниту со едниот ниту со другиот. На приказната ù недостасуваат оние луди остри свиоци кои ќе те остават слепен за седиштето. Но, да напоменеме дека во „Хана“ сторијата е сосема гледлива, има и добро кореографирани тепачки, иако не е филм што засекогаш ќе ви остане во сеќавањата.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Хана (Сојрс Ронан) живее во дивина заедно со татко ù Ерик (Ерик Бана) и нејзиното секојдневие се состои во тренинзите да биде совршен убиец. Таа го нема искусено светот, туку има само читано за него, но затоа течно зборува повеќе јазици и може да убие со само еден потег.rnrnПрвите 20-ина минути гледаме нетипична татко-ќерка релација повеќе исполнета со mortal kombat моменти отколку со вистински семеен однос. Но доаѓа момент кога секое дете мора го побара својот пат, а тоа ù се случува и на Хана. Ерик ù дава опција, кога ќе биде подготвена, да го притисне прекинувачот со кој ќе влезе во светот, но притоа ќе им даде сигнал на надлежните во ЦИА каде се. Сè уште е нејасно кој ги брка и зошто, но главното име кое ги чека да згрешат и да се појават на виделина е Мариса (Кејт Бланшет). Така почнува динамичната трка – Хана и татко ù против сите.Хана (Hanna)Кастингот во „Хана“ може да се каже дека е хитовски. Девојчето, Сојрс Ронан досега играла во блокбастери како „Патот назад“, „Убави коски“, и „Искупување“, иако овој пат е целосно поразлична и посурова. Нејзиниот физички изглед е феноменално доловен, проѕирна речиси албино девојка која дава смисол на клише фразата „не суди ги луѓето според изгледот“. Тука се и Ерик Бана кој е суровиот Мистер Мијаги за својата ќерка и Кејт Бланшет која, да беше ова „Убиј го Бил“, ќе беше Бил. Сепак, тие тука се коректни, но не и ѕвездени какви што најверојатно се очекува дека треба да бидат, во секое свое појавување.Хана (Hanna)Кинематографија и музика: Камерата не прошета низ целиот свет. Од некои снежни дивини до мароканските топли предели до некои берлински бетонски предградија. Сепак, филмот нема желба да ни продава пејсажи, туку од местото повеќе ни доловува атмосфера. Како визуелно, така и музички, во „Хана“ се слушаат звуци од различни страни на светот, иако кога има брза тепачка задолжително оди техно.Хана (Hanna)Кога и како да го гледате: Ова е ноќен филм и за возрасно друштво. Суровоста на „Хана“ може да ја растресе публиката, би рекла под 15, но за останатите е сосема безбедно кинематографско парче.Хана (Hanna)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Листа на летни романтични филмови

    Листа на летни романтични филмови

    Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.Листа на летни романтични филмовиrn

    1. Повторно ти (You Again)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Марни е тинејџерка која со својот изглед не им го привлекува вниманието на момчињата, а девојките од училиштето ù се најголем кошмар. Неколку години подоцна станува успешна убава девојка која одамна не живее во своето родно место. Но, еден ден мора да се врати за свадбата на нејзиниот брат, кој се жени со најзлобната „другарка“ од минатото, која пак згора на сè, наводно не се сеќава на неа.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Одет Анабел, Сигурни Вивер
    • rn011

    • Премиера: 24 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    2. Од таа ноќ во Рим (When in Rome)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, после што е опсипана со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Џош Духамел, Анџелика Хјустон
    • rn011

    • Премиера: 29 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 91 минута
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    3. Што се случува во Вегас (What Happens in Vegas)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Една случајно настаната млада брачна двојка, во текот на една луда ноќ во Вегас, станува добитник на џек пот, поради што е принудена на заеднички живот. Судијката сака да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека треба да се стремат нивниот брак да успее, но тие едвај успеваат да се поднесат еден со друг, додека истовремено постојано коваат планови како да го „лизнат“ својот партнер за да ги земат сите пари за себе.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Камерон Дијаз, Ештон Кучер, Роб Кордри
    • rn011

    • Премиера: 9 мај 2008
    • rn011

    • Времетраење: 99 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    4. Само пријатели (Just Friends)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Враќајќи се во својот роден град за божиќните празници, Крис ја среќава Џејми, девојката која отсекогаш била негов сон и поради која од смешен дебелко кој сите го задеваат, станува згоден фраер и срцекршач. Ова е малку постара романтична комедија, чие дејство се одвива во зимно време, но одлично доаѓа како предизвикувач на вашите стомачни мускули, кои треба да се што постегнати за време на летото.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Рајан Рејнолдс, Ејми Смарт, Ана Фарис
    • rn011

    • Премиера: 23 ноември 2005
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    5. Престапна година (Leap Year)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Ана заминува во Даблин за да го изненади своето момче, кое таму е на службено патување, а со цел да му предложи брак на 29 февруари. Според ирската традиција, мажот на кој девојката ќе му предложи брак на овој ден, мора да ја прифати понудата. Но, нејзиното патешествие е неверојатно, од жалосно до смешно. Сепак, таа има друштво по пат, сè додека да стигне до нејзиниот иден сопруг.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ејми Адамс, Метју Гуд, Адам Скот
    • rn011

    • Премиера: 8 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 100 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    6. Животот, онаков каков што го знаеме (Life as we know it)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.rn.rnrn rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Џош Духамел, Џош Лукас
    • rn011

    • Премиера: 8 октомври 2010
    • rn011

    • Времетраење: 114 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    7. Мали деца (Little Children)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Приказна во стилот на „Мадам Бовари“, но на американски начин. Дејството се одвива околу две брачни двојки и нивните деца. Сара е во брак во кој нема љубов и постојано размислува за нешто повеќе во животот додека нејзината ќерка си игра во паркот. Овде го среќава Бред кој е во брак со прекрасна жена, која додека снима документарци, тој мора да се грижи за домот и за нивниот син. Сара и Бред силно се поврзуваат, што на патот полн со гревови, ги води онаму каде што припаѓаат.rn.rn rn

      rn011

    • Улоги: Кејт Винслет, Џенифер Конели, Патрик Вилсон
    • rn011

    • Премиера: 3 ноември 2006
    • rn011

    • Времетраење: 137 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    8. Врска на далечина (Going the Distance)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Герем само што излезе од долга врска, а на Ерин ù преостануваат уште 6 недели како стажист во Њујорк Сентинел пред да се врати во Сан Франциско. Случајно се среќаваат една вечер во бар и започнуваат лабава врска, која прераснува во нешто поголемо, па тие мораат да се мачат да ја одржат на далечина.rn.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Дру Баримур, Џастин Лонг, Рон Ливингстон
    • rn011

    • Премиера: 3 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 102 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    9. Гола вистина (The Ugly Truth)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да ù даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Жерард Батлер, Бри Тарнер
    • rn011

    • Премиера: 24 јули 2009
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    10. Писма за Џулиета (Letters to Juliet)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот исполепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно, кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Аманда Сајфред, Гел Гарсија Бернал, Ванеса Редгрејв
    • rn011

    • Премиера: 14 мај 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rnПредлози за понови филмови од различни жанрови ќе најдете во нашата категорија Филм.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn