КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Среќни завршетоци (Happy Endings)

    Среќни завршетоци (Happy Endings)

    ТВ серија за нераскинливото пријателство на „бандата“, кое може да продолжи и по една непријатно раскината венчавка помеѓу двајца од нејзините членовиrnrnСреќни завршетоци (Happy Endings)Главни улоги: Закари Најтон, Елајза Куп, Елиша Катберт, Кејси Вилсон, Адам Пали, Дејмон Вајанс ЏуниорrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 13 април 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 2rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————rnДали друштво кое е оформено околу еден љубовен пар може да опстане откако тој пар ќе се раскине? Што ако раскинувањето се случи на денот на венчавката? Може ли по ваков непријатен настан да се остане во добри пријателски односи? Ако да, како, ако не, кој ќе го добие остатокот од друштвото, напуштениот или оној кој го иницирал немилиот чин? Околу овие прашања се врти приказната во ТВ серијата „Среќни завршетоци“.rn———————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во оваа хумористична ТВ серија се зборува за пријателството, за секојдневното дружење, за врските помеѓу еден брачен пар, помеѓу еден поранешен пар, раскинат на денот на венчавката и помеѓу еден сега пријателски пар, кој некогаш бил и повеќе, но ситуацијата се сменила откако се открила хомосексуалната ориентација на едниот од нив. Но, врските се испреплетуваат уште повеќе, тука има сестри, најдобри пријатели и најдобри пријателки. Сите се дружат со сите.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.Среќни завршетоци (Happy Endings)Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.Среќни завршетоци (Happy Endings)Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „Пријатели“ и иако не може да се оспори сличноста во поставеноста на меѓусебните врски, сепак „Среќни завршетоци“ е сосема поинаку обликувана. Дејството е подинамично, хуморот е вгнезден во него, а карактерите се изградени на свој начин.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Кога и како да ја гледате: Ова не е серија која ќе ве навлече да ја гледате, но ќе ве релаксира и ќе ве оттргне од секојдневието. Затоа, најдобро е да ја гледате по завршувањето на работниот ден, токму кога ќе сакате да се опуштите и да заборавите на актуелните грижи.Среќни завршетоци (Happy Endings)Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.rnrnСлични серии:Пријатели за секс“ (Friends with Benefits), „Заедница“ (Community), „Совршени парови“ (Perfect Couples), „Градот на пумите“ (Cougar Town), „Како ја запознав мајка ви“, „Пријатели“ (Friends)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зараза (Contagion)

    Зараза (Contagion)

    Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме… Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?rnrnЗараза (Contagion)Режија: Стивен СоденбергrnrnУлоги: Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу, Лоренс Фишбурн, Џуд Лоу, Маријон КотиарrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 септември 2011rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnОткако светот реално ја почувствува паниката поради САРС-от и свинскиот грип, а голем дел од луѓето сè уште се сеќаваат на тој страв, најдобро е да направиш трилер за нов вирус, за нова закана. Ако режисерот Стивен Соденберг го снимeше овој филм пред некоја година, во очите на јавноста ќе беше осуден како суров бескрупулозен филмаџија кој гази по трупови за да заработи. Но сега, поминато е доволно време за да може дистанцирано да гледаме на работите, а од друга страна, сепак, сè е доволно блиску за да почувствуваме емотивна поврзаност. rnrnА, иако во Македонија целата ситуација со вирусите мина помирно, низ целиот свет луѓето подлабоко ги преживеаја паниката и стравот за сопствениот живот. Можеби поради овие мали наговестувања за сценариото, ви наликува дека филмот е копија на „Епидемија“ со Дастин Хофман, но факт е дека Соденберг создава малку потемна и помачна приказна во која нема некои особени љубовни стории или пак слепо трчање по магичниот противотров кој за 24 часа ќе реши сè.rn————————————————————————————————————————————————- rn

    rnПриказна: Уште во првите 10 минути од филмот, Бет (Гвинет Палтроу) се враќа од бизнис патување во Хонг Конг, по што има напад и умира, а сличното му се случува и на нејзиниот малечок син, Кларк. Единствено сопругот Мич е имун. Како во епицентар на една огромна пајакова мрежа, филмски се регистрираат сите страни во кои тргнува заразата и колку таа излегува од контрола. Веднаш се алармираат надлежните органи и почнува истрага. На истражувачката страна се: Лоренс Фишбурн, Кејт Винслент и Марион Котијард и сметам дека поголемо навлегување во деталите е непотребно. Зараза (Contagion)Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „Ерин Брокович“ или „Секс, лаги и видеоленти”, работи (најверојатно) со огромен буџет, па е слободен да си прави што сака. Така што, ако вообичаено во филмовите знаете дека најголемата ѕвезда нема да умре или пак тоа ќе ù се случи на пет минути пред крајот, тука тоа воопшто не е случај. Палтроу ја има, сè на сè, 15 минути и… добро не откривам што сè понатаму се случува. Интересно е што и во споредните улоги се јавуваат оние актери на кои можеби не им го знаете името, но знаете дека сте ги виделе некаде.Зараза (Contagion)Режија: И покрај сите атрибути, чувството е дека Соденберг прави филм кој на крајот не те задоволува комплетно. Од една страна е приказната за трката по лек, но и бирократските шаховски игри кој ја кочат. Низ ликот на Ален (Џуд Лоу) се разгледува и граѓанското новинарство, односно сè поприсутните блогери, твитерџии, кои иако во одредени моменти може да придонесат многу за да излезат некои информации на виделина, се случува и во таа слепа потрага по нешто, да направат повеќе штета отколку корист.rnrnСе разгледува и прашањето кој ќе биде прв спасен – ти или јас, кој е поважен. Соденберг наметнува толку многу потприказни што е просто невозможно целосно да се разработат само во еден филм. Тој почнува да ги поставува, но некаде попатно во целата таа конфузија се губи и ги остава некако магливи, недоречени, без некој особено силен импакт врз гледачите.Зараза (Contagion)Кога и како да го гледате: На моменти има кратки сцени кои може да ги вознемират почувствителните гледачи, како сликите од аутопсија. Сепак, според мој вкус, генерално филмот и не е нешто трауматичен. Ако му текне на некого да го донесе во кино, тоа е вистинското место да се гледа „Зараза“ и дефинитивно подобро „легнува“ ноќно време.Зараза (Contagion) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

    Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

    Серијата „Oчајни домаќинки“ започна да се емитува на 3 октомври 2004 година, а пред некој ден започна да се прикажува и последната сезона, осма по ред, од ова шоу кое постигна неверојатен успех. Креатор на шоуто е Марк Шери, кој искористил сегменти од својот живот за да ги креира ликовите кои се појавуваат во серијата.rnrnОчајните домаќинки: Бри ван де Камп (Марша Крос), Габриел Солис (Ева Лонгорија), Сузан Маер (Тери Хачер), Линет Скаво (Фелисити Хафман), придружувани од Иди Брит (Николет Шеридан) и Кетрин Мејфеир (Дејна Делани), се прекрасно сплотена екипа, а нивната приказна нараторски ја раскажува нивната пријателка Мери Алис (Бренда Стронг).rnrnСеријата постојано беше во врвот на најгледаните, особено во текот на прикажувањето на првите 3 сезони. Ова се само дел од најинтересните факти поврзани со самата серија и нејзините глумци и ликови.Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“1. На почетокот, шоуто им било понудено на телевизиите како женска комедија, но сите ја одбиле. Откако сценариото било малку нашминкано, а шоуто претставено како вечерна сапуница, веднаш било продадено.rnrn2. Марша Крос првично се пријавила за улогата на Мери Алис, но потоа ù била дадена улогата на Бри.rnrn3. Репликата на Бри кога нејзиниот син ù соопштува дека е геј, „Би те сакала дури и да беше убиец“, е истата реченица која му ја кажала мајката на креаторот на шоуто Марк Шери, кога тој ù го соопштил истото.rnrn4. Продуцентите мислеле дека глумецот Рикардо Чавира, е премногу млад  и недоволно изграден за да ја долови улогата на Карлос Солис, па така за малку немало да го ангажираат.rnrn5. На една обожавателка на шоуто толку многу ù се допаднал фустанот кој го носеше Ева Лонгорија (Габи) во пилот-епизодата од шоуто, што им пишала на продуцентите писмо во кое ги замолила да ù го кажат името на дизајнерот, за да може тој да ù го направи истиот фустанот за матура. Наместо тоа, продуцентите решиле да ù го испратат вистинскиот фустан, кој таа потоа го носела на матурската забава.rnrn6. Секоја епизода се снима 8 дена. Најчесто три дена се снима на отворено, а пет во студио.rnrn7. Ликот на Бри е базиран на мајката на креаторот Марк Шери. Најпрво улогата ù била понудена на Дејна Делани (Кетрин), но таа ја одбила три пати.rnrn8. Ева Лонгорија (Габи) е само три години постара од Џеси Меткалф (градинарот Џон). Сепак, во првата сезона е претставено како таа да има афера со малолетник.rnrn9. Николет Шеридан, која во серијата ја игра улогата на Иди, првично се пријавила за улогата на Бри, но продуцентите ù  кажале дека подобро се вклопува токму во ликот кој го играше таа.rnrn10. Улогата на Сузан Маер првично ù била понудена на Кортни Кокс (Моника од серијата „Пријатели“), но таа не ја прифатила бидејќи во тој момент била бремена.rnrn11. Покрај името „Очајни Домаќинки“, во игра биле и уште две имиња „Тајните на Вистерија Лејн“ и „Тајните животи на домаќинките“.rnrn12. Пред да го пишува сценариото за „Очајни домаќинки“, Марк Шери разговарал со својата мајка за неговото детство. Таа му раскажала дека растејќи ги него и неговите браќа, во поголемиот дел од времето сама, без нивниот татко, често ù предизвикувало чувство на „очај“. Токму од тука тој ја добил идејата да ја напише пилот-епизодата за оваа драматична серија.rnrn13. Животот на Линет Скаво е базиран на детството на нејзиниот креатор Марк Шери.rn——————————————————————————————————————————————————————— Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непријатно засрамена (Awkward)

    Непријатно засрамена (Awkward)

    TВ серија за една 15-годишна девојка, која случајно се наоѓа во редица засрамувачки ситуации, кои ја водат до неочекувана популарност помеѓу нејзините врсници во училиштетоrnrnНепријатно засрамена (Awkward)Главни улоги: Ешли Рикардс, Бо Мирчоф, Џилијан Роуз Рид, Џесика Лу, Брет Даверн, Ники Делоа, Моли ТарловrnrnЖанр: комедија, тинејџ-драмаrnrnПремиера: 19 јули 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnШто може да се случи со вашиот живот откако ќе доживеете несреќа која сите погрешно ќе ја интерпретираат? Обидот за самоубиство сам по себе е лош потег, но последиците може да ви го променат животот, изненадувачки, но кон подобро.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Џена Хамилтон е млада девојка која често се чувствува невидливо во училиштето. Иако мудра за своите години, таа често делува како да не припаѓа во кругот на своето семејство и помеѓу нејзините врсници, но сè што сака е да се вклопи и да води нормален тинејџерски живот.Непријатно засрамена (Awkward)Дејството станува интересно откако добива едно анонимно злобно писмо кое е составено од неколку пораки кои го напаѓаат начинот на кој таа го живее животот, но истовремено на некој начин и ù помагаат да ги совладува секојдневните предизвици. Нејзиниот обид да одговори на писмото проследен со случаен пад, води до општата слика која изгледа како обид за самоубиство. Џена воопшто не е таков тип човек, но изгледа дека таа е единствената која верува во тоа. Како и да е, оваа лажна несреќа го насочува вниманието на целото училиште кон неа, па набрзо многуте вперени погледи во знак на сожалување стануваат мерка за нејзината голема популарност.Непријатно засрамена (Awkward)Напоредно со нејзината животна драма, таа води тајна врска со Мети Меккибен, кој е ултрапопуларен згоден дечко за кој никој не би поверувал дека има врска со девојка како Џена. Но, на Мети му се допаѓа Џена, само што не е сигурен дека сака јавноста тоа да го знае.rnНепријатно засрамена (Awkward)Мајка ù на Џена немала време да ги проживее своите младешки години онака како што е нормално бидејќи останала бремена како многу млада, па со својата лудост изгледа како да го живее тинејџерскиот живот наместо нејзината ќерка. За среќа, нејзиниот татко е малку поразумен, па постои некој хармоничен баланс во семејството.rnНепријатно засрамена (Awkward)Во животот на Џена има пријатели и непријатели, родители и други возрасни кои се однесуваат како деца… Фокусот е целосно на неа, на тој начин откривајќи ги и карактеристиките на другите ликови во серијата.rnНепријатно засрамена (Awkward)Глумата е одлична, сцените се ведри, а хуморот дозиран, онаков од кој нема да ви доаѓа премногу.Непријатно засрамена (Awkward)Кога и како да ја гледате: ТВ серијата „Непријатно засрамена“ во моментов ги прикажува првите 12 епизоди од првата сезона, но веќе е најавена втората за следната година. Одлична тинејџерска драма, која поттикнува и длабоки психолошки размислувања без оглед на годините. Лесно е да се соживеете со приказната, а можете да ја гледате во кое било време од денот. Серијата е баш кратка и слатка. Па, уживајте!Непријатно засрамена (Awkward)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живот во еден ден (Life in a Day)

    Живот во еден ден (Life in a Day)

    Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планетаrnrnЖивот во еден ден (Life in a Day)Режија: Кевин МекдоналдrnrnПродуцент: Тони Скот, Ридли СкотrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англиски, германски, руски, италијански, јапонски итн.rnrnПремиера: 27 јануари 2011rnrnЖанр: документарецrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЗнаете ли што правевте на 24 јули 2010 година? За повеќето од нас тоа беше само уште еден ден во низата наречена живот, додека за некој друг денот кога му се родило дете, кога се земал… кога снимил видео за новиот филм на режисерот Кевин Мекдоналд. На 24 јули, илјадници луѓе од цел свет ги кренаа камерите и евидентираа по нешто за тоа што им се случува во тој момент и потоа материјалите ги закачија на сервисот „Јутјуб“. А од селектираните видеа е направен „Живот во еден ден“, глобална ода за човековите различности, за обичните луѓе како и за убавината и посебноста на секој ден минат на оваа планета, дури и ако вие во моментот не сте го почувствувале тоа.rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    rnСодржина: Во овој филм нема главни јунаци туку се добива чувство дека тоа сме сите ние, обичните луѓе како јас и вие. Приказните не се одбрани по трогателност и срцепарателност иако има и такви. Сепак, влезени се и сосема обични материјали кои треба да ни ја пренесат убавината на еден ден. Час и половина минуваат веднаш низ видеата со човек како јаде големо парче лубеница, со девојче кое кажува од што се плаши, со мајка која доаѓа дома по операција, со трудна жена на која двете деца ù го гушкаат големиот стомак, за сопруга која преку „Скајп“ зборува со својот маж кој е во војска, за син кој доаѓа да се види со својот татко, за… Затоа што таквите слики се тие што го прават еден обичен 24 јули посебен, само тоа треба да го сфатиме и да го цениме.Живот во еден ден (Life in a Day)Дел од прикажаните приказни сосема разбирливо повеќе се запечатуваат во нашите сеќавања. Но освен неколку луѓе, поголем дел од ликовите се појавуваат само по еднаш што е сосема разбирливо. Ова не е воајерско навлегување во нечиј живот туку збир на секвенци. Интересно е што филмот не е направен за да ни крене некаков морал или да направи да се чувствуваме подобро за нашиот живот. Има и среќни и тажни и глупави и обични приказни. Но сепак, крајно интелигентно и ненаметливо, „Живот во еден ден“ го слави животот.Живот во еден ден (Life in a Day)Во ова филмско патување воопшто не се губи фокусот и не се добива конфузно чувство и покрај тоа што се користат видеа снимени од различни луѓе. И нормално, едно од прашањата кое сигурно ви се поставува е „Дали има видео од Македонец?” Искрено мислам дека не, освен една сомнителна секвенца во филмот каде едно момче набројува што има во џебовите и вели нешто како „клучеви, телефон, шприцеви“, но сепак тоа може да се должи на блискоста на словенските јазици.Живот во еден ден (Life in a Day)Кинематографија: Иако видеата се снимени на различен начин и доаѓаат од секаде во светот, запазен е одреден минимум на гледливост. Не заморуваат, дури на моменти се и вистински уметнички дела, како да не се снимени од аматери. А, за сликите кои се гледаат, не се ни осудувам да почнам да ги доловувам во еден пасус. Разновидноста на светот е еднаква со разновидноста на кадрите во овој филм.Живот во еден ден (Life in a Day) Кога и како да го гледате: Доколку го даваа во некое македонско кино, би ви препорачала да го гледате таму затоа што сликите така ќе останат подолго со вас. Но во недостаток на оваа опција, проследете го дома, навечер и по можност со друштво. Сепак, оние кои се чувствителни на сцени на суровост кон животни, ќе мора брзо да „премотуваат“ некои делови затоа што, да, има и такви крвави парчиња.Живот во еден ден (Life in a Day)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не е онака како што изгледа

    Не е онака како што изгледа

    Сте се запрашале ли некогаш како започнала да се создава митологијата? Пет неверојатно талентирани студенти од ESMA (уметничкото училиште во Монпелие, Франција) решиле да одговорат на тоа прашање во нивниот студентски проект.rnrnНе е онака како што изгледаrnrnКраткиот анимиран филм „Mytho Logique“ на хумористичен начин и со познати митолошки ликови, се обидува да испрати порака до луѓето кои се премногу искрени и отворени со другите. Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш им ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито покажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.rnrnНе е онака како што изгледаНе е онака како што изгледаrnrnОва фантастично анимирано филмче е работено во периодот од септември 2009 до септември 2010, а е режирано од странана на J. Ambron, A. Aramini, A. Belbari, G. Poitel and Y. Vincent.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

    ТВ серија за односите во едно семејство, професионалните кариери, менталните проблеми и решенијата…rnrnНеизбежна грубост (Necessary Roughness)Главни улоги: Кели Торн, Марк Блукас, Скот Коен, Хана Маркс, Патрик Џонсон…rnrn Жанр: драмаrnrnПремиера: 29 јуни 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатори: Елизабет Кругер, Крег ШапироrnrnСезона: 1 (во тек)rnrn Наша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rn Голем дел од непријатностите во животот можеме да ги победиме доколку успееме да ја решиме нивната енигма во нашиот ум. Оваа серија обработува една мошне интересна тематика, а тоа е барањето професионална помош за отворање на умот и ослободување од грижите. Психијатарката Дени е многу талентирана и надарена жена, која успева преку специјална техника и психоза да им помогне дури и на најчудните случаи. Напорниот и брз начин на живот наложува неподносливо темпо на функционирање, па токму затоа анализата за пронаоѓањето на коренот на проблемот е првиот чекор за пребродување на проблемите.rn————————————————————————————————————————————————————————————————————————–rnrn rn

    rn rnrn Кратка содржина: Дени е психотерапевт од Лонг Ајленд, чиј персонален живот започнува да станува хаос, откако ќе открие дека нејзиниот маж ја изневерува. Сепак, некои работи во животот се случуваат во периодите кога најмалку се очекува, па така и во нејзиниот случај.Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Иако има проблеми со нејзината палава ќерка и води војна со нејзиниот маж околу разводот, сепак ненадејно и се отвора шанса да работи со познати спортисти, политичари, новинари и слично кои моментално се во центарот на вниманието, а токму таквиот начин на живот ù создава нерешливи проблеми, кои само таа може да им ги реши. Нејзиниот начин на работа брзо ја прославува, а односот со колегите и семејството од епизода во епизода станува сè поинтересен.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Кога и како да ја гледате: Серијата е многу пријатна и интересна за гледање, па бидејќи низ нејзината приказна е проткаен и хумор, периодот на гледање е сосема неважен. Можете да ја гледате после работните обврски или пак да изгледате неколку епизоди пред спиење, откако тотално ќе се опуштите. Серијата е одлична за следење со партнерот, но со неа можете да се забавувате и доколку ја гледате сами.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    ——————————————————————————————–
  • Чевлите на еден страшен човек

    Чевлите на еден страшен човек

    Како би можел да се чувствува еден чевел доколку е одделен од својот животен сопатник – другиот чевел? Не помирувајќи се со ваквата судбина, синиот чевел храбро тргнува да го спаси својот другар, својата сродна душа, и да го ризикува својот живот во страшната куќа во која живее еден чуден човек. Ова е приказната во кратката анимирана драма „Чевлите на еден човек“ (One Man Shoes).Чевлите на еден страшен човекЗад овој краток филм стојат тројца студенти од Белгија, кои лично нè контактираа за да ни го препорачаат своето скорешно заедничко достигнување. Уживајте!rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лоша учителка (Bad Teacher)

    Лоша учителка (Bad Teacher)

    Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале… и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациитеrnrnРежиЛоша учителка (Bad teacher)ја: Џејк КасданrnrnУлоги: Камерон Дијаз, Џастин Тимберлејк, Џејсон Сегел, Луси ПанчrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 јуни 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn


    rnДа го немав гледано документарецот „Чекајќи го Супермен“ за трулоста на американскиот образовен систем, новата комедија „Лоша учителка“ ќе беше за нијанса посмешна. Учителите кои преспиваат на работното место, кои пушат марихуана во училишниот двор и на кои им е гајле за децата можеби е (малку) претерана слика, но сепак и не толку далеку од тоа какви се навистина работите. Сепак, комедијата мора да се признае, има смешни секвенци особено во сцените со Џејсон Сегел (популарен по серијата „Како ја запознав мајка ви?“) чиј хумор е интелигентен и циничен. Од друга страна, забавно е да се види Камерон Дијаз во улога, поинаква од нејзините досегашни ангелски, совршени и шеќерни ликови.rn


    rnrn

    rnПриказна: Елизабет (Камерон Дијаз) е учителка која е посветена на тоа да најде богат маж кој ќе ја издржува цел живот. Таа е површна, злобна и тотално егоцентрична. Но, сега за сега, нејзините планови не се реализираат, а според Елизабет, единствена причина за тоа е фактот дека нема големи гради. Следна мисија: да се соберат пари за да стави силикони. Додека измислува секакви варијанти за да дојде до долар повеќе, таа мора да се соочува со нејзината најголема непријателка која воедно е и учителка во истото училиште, Ејми (Луси Панч). Во меѓувреме почнува да го „лови“ новиот учител Скот (Џастин Тимберлејк) кој е згоден и има огромно семејно богатство, но е апсолутно здодевен. Истовремено, Елизабет се обидува да го игнорира човекот кој всушност е вистинскиот избор за неа, учителот по физичко Расел (Џејсон Сегел).Лоша учителка (Bad Teacher) Интересно е тоа што вообичаените американски комедии се обидуваат да имаат некаков образовен момент, ѓаволот да се престори во ангел, лажгото во искрен човек… Но тука, тој едукативен момент е толку слаб, речиси незабележлив што е вистинско освежување. Гледаме приказна заради приказна, а не за да извлечеме некоја мудрост и поука. Така, Елизабет на крај го одбира вистинскиот маж за неа, но останува повеќе или помалку истиот гад од човек, така што не е ни важно. Нејзе не можете да ја сакате затоа што е како ураганот Ајрин за детското образование, но на моменти добро ќе се забавувате со неа.Лоша учителка (Bad Teacher) Глума: Комплетниот каст од Камерон, Џејсон до Луси е со голем „бекграунд“ во комични улоги, така што за нивната реализација нема сомнежи. Единствено отскокнува Тимберлејк на кој во неколку сцени му се читаа неискуството, незнаењето и да кажеме немањето талент. Добро, не е Мадона. Но сепак, можеби најпаметно е да се држи до работите кои најмногу му лежат.Лоша учителка (Bad Teacher)Кога и како да го гледате: Со оглед на тоа дека моментално игра во кино, може да го погледнете таму. Но искрено, нема нешто претерано да добиете со големото платно, па слободно може да си го пуштите и дома.Лоша учителка (Bad Teacher)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Лажливата игра (The Lying Game)

    Лажливата игра (The Lying Game)

    ТВ серија за различните судбини на посвоените деца, неочекуваните животни пресврти, мистеријата и лагите од страна на децата и родителитеrnrnЛажливата игра (The Lying Game)Главни улоги: Александра Чендо, Али Гонино, Алис Грачин, Кристен Праут, Блер Редфорд, Енди Бакли, Шерон Пјер Луи, Хелен СлејтерrnrnЖанр: тинејџ-драма, мистерија, трилерrnrnПремиера: 15 август, 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатор: Сара ШепардrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rn Кога е вистинскиот момент да му кажете на вашето посвоено дете дека не сте негови биолошки родители? А дали некогаш би ù признале дека има сестра близначка, со која се одвоени уште како бебиња? Одговорот на ова прашање е многу тежок, бидејќи повеќето посвоени деца, без разлика кога ја дознале вистината за нивниот живот, инстантно се разочаруваат, фрустрираат и се чувствуваат отфрлено од нивните вистински родители, поради што тргнуваат во потрага по нив, за да ги добијат своите одговори. Токму тоа се случува и со младата девојка Сатон, која откако ќе слушне дека е посвоена, веднаш почнува да ги бара своите биолошки родители. Но, притоа останува шокирана – таа има сестра близначка, физички идентична на неа, за која никогаш не ни чула дека постои. ———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnЗошто родителите кои ја посвоиле Сатон криеле толку голема, мрачна тајна од неа? Зошто не ги посвоиле двете близначки? Тоа се прашања на кои најверојатно нема да им го дознаеме одговорот во брзо време. Ако ги обожавате ТВ сериите „Озборувачка“ и „Убави мали лажливки“, со сигурност ќе ви се допаѓа и „Лажливата игра“ бидејќи на неа работи Лесли Моргенстеин, извршниот продуцент на горенаведените серии, а автор на истоимената книга „The Lying Game“ е Сара Шепард која го напиша и романот „Убави мали лажливки“. Мистерија, тајни, лаги и манипулации повторно се провлекуваат и во оваа серија, во комбинација со убави тинејџерки и згодни момци, во едно ново, поинакво пакување. Серијата е многу нова, но најверојатно ќе стане уште еден светски хит.Лажливата игра (The Lying Game)Приказна: Ема е добродушно посвоено девојче, постојано задевано од страна на нејзиниот перверзен брат со кој не е во крвно сродство. Таа живее сиромашен и не баш среќен живот. Еден ден дознава дека има идентична сестра близначка, Сатон, која за разлика од неа, била посвоена од страна на богати родители и однадвор изгледа како да живее идеален живот.Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Кога и како да ја гледате: „Лажливата игра“ е интересна ТВ серија, со многу сплетки и случувања, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот, сами или во друштво. За да ви биде повозбудливо, можете да си резервирате филмска вечер со пријателите или партнерот, секој вторник во неделата, бидејќи тогаш новата епизода станува достапна за гледање на интернет.rnrnСлични серии: Убави мали лажливки, Заменети при раѓање, Неочекуван живот, Деветте животи на Клои Кинг.rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.