КАФЕ ПАУЗА

Tag: значење

  • Што може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?

    Што може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?

    Повеќето сопственици на кучиња ги знаат навиките на нивното милениче и лесно разбираат дали тоа е среќно, загрижено, изненадено или исплашено. Но што значат положбите на спиење на кучињата? Како луѓето, и кучињата имаат омилени позиции од кои можете да научите многу.rn

    1. Снежна топка

    rnШто може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?rnrnОваа е најпопуларната положба на спиење кај кучињата. Положбата му овозможува на животното брзо да стане доколку се појави некаква опасност. Исто така најчесто кучињата не се во длабок сон во оваа положба, туку дремат. Ова е положба за чување.rn

    2. Палачинка

    rnШто може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?rnrnВо оваа положба кучето е во длабок сон. Дури и ако немале напорен ден, многу животни сакаат да спијат во оваа положба. Исто така ако кучето спие на неговата страна значи дека се чувствува безбедно бидејќи не ги крие виталните органи. Кучињата спијат во оваа положба кога им е удобно и кога им веруваат на луѓето околу нив. Овие кучиња имаат многу силна поврзаност со нивните семејства.rn

    3. Супермен

    rnШто може да ви каже положбата на спиење на вашето куче?rnrnМногу кученца спијат на овој начин, но некои раси спијат вака и кога ќе пораснат. Кученцата ја сакаат оваа положба бидејќи се енергични и лесно можат да станат. Ако забележите дека вашето возрасно куче често спие во оваа положба, тоа значи дека е полно со енергија и секогаш подготвено да си игра.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Што претставува „бакнежот на третото око“?

    Што претставува „бакнежот на третото око“?

    Бакнежот во челото е навистина моќен. Можеби звучи како нешто навистина лесно и слатко, но тој може да предизвика чувства кои се многу посилни од љубовта. Причината е што токму на ова место се наоѓа нашето трето око.rnrnШто претставува „бакнежот на третото око“?rnrnСекогаш кога ќе бакнете некого во чело, вие го бакнувате неговото трето око. Ова има многу поголемо значење отколку што би помислиле.rnrnЗа разлика од бакнежот во усните или на образот, овој е многу поинтимен бидејќи го допирате јадрото на таа личност. Обично не правиме контакт со нашите чела. Ова не е нешто што го гледаме и правиме постојано, како држењето за раце и прегрнувањето.rnrnТретото око е како портал до најдлабоките места на нашето битие и тоа може да нѐ однесе до највисокото духовно ниво. Тоа го претставува будењето и е голем дел од нас. Третото око се наоѓа точно помеѓу веѓите и може да биде отворано и затворано по наша желба, но само ако сме ја совладале таа техника. Тоа е невидливо присуство коешто е со нас од денот кога сме родени и продолжува да постои дури и кога животот ќе го напушти физичкото тело.rnrnАко некој ве бакне на ова место, ќе почувствувате вистинско просветлување. Доколку не сте знаеле, третото око е всушност епифизната жлезда која е сместена помеѓу веѓите. Многу работи ни се непознати за овој дел од телото, но истовремено имаме и многу длабоки знаења за него. На која страна од овој спектар се наоѓате, зависи од тоа каде ги барате вашите одговори.rnrnБакнежот на третото око има влијание на епифизната жлезда, како и на хипофизата. Ова го стимулира лачењето на мелатонин, хормонот што помага за спиењето. Всушност, секогаш кога ќе ве бакнат за добра ноќ ви помагаат многу повеќе отколку што мислите. Овој бакнеж не само што помага да се одморите, туку прави да се чувствувате безбедно и среќно. Можеме само да замислиме какво знаење имале нашите предци штом го направиле овој бакнеж толку честа појава.rnrnСосема е во ред да не знаете што да мислите за оваа појава, но секогаш можете и самите да пробате. Бакнете го вашиот партнер или некој којшто го сакате на челото. Почувствувајте ја божественоста како минува низ вас кон таа личност. Ако често го правите ова ќе забележите дека вашиот и животите на другите се менуваат, суптилно, но сигурно.rnrnБакнежот на третото око од страна на личноста којашто ве бакнува може да ве подмлади и да ви даде нова жед за животот. Па, следниот пат кога ќе добиете ваков бакнеж, обидете се да размислите како притоа се чувствувате.rnrnПогледнете и кои видови бакнежи можат да ги откријат чувствата на вашиот партнер.

  • Кое е значењето на броевите што се повторуваат?

    Кое е значењето на броевите што се повторуваат?

    Дали сте забележале дека постојано ги гледате истите броеви што се повторуваат? Ова не е случајност. Важно е да разберете дека е мала веројатноста постојано да ги забележувате истите броеви, па затоа и нивното појавување во вашиот живот има некакво значење. Пронајдете го бројот што постојано ви се повторува и откријте го неговото значење.rnrnКое е значењето на броевите што се повторуваат?rn

    Броевите што се повторуваат се знак за духовно будење

    rnКога се случува ова, нашите астрални тела се синхронизираат со универзумот, па добиваме важни пораки за нас и за луѓето коишто ги сакаме. Ова се пораки што не можеме да ги добиеме на друг начин. Па, погледнете го значењето на секој од броевите што се повторуваат.rn

    11, 111, 11:11, 1111: Повик за будење

    rnАко постојано ги гледате овие броеви тогаш сте добиле важен повик за будење од универзумот. Ова значи дека вашата сила поради некоја причина се активирала и се обидува да ве предупреди. Причината можеби е тоа што конечно сте се одлучиле да ја добиете поддршката од минатите животи. Очекувајте голем настан во наредните 48 часа.rn

    22, 222, 22:22, 2222: Тајни и рамнотежа

    rnОвие броеви ве предупредуваат дека некои тајни можеби не ви се достапни сега. Ова може да значи и дека на вашиот партнер, сопруг или најдобар пријател му е потребно вашето внимание. Бројот 2 е симбол за вашата друга половина, личноста која прави да се чувствувате целосно. Можеби овој период ќе ја сретнете и вашата сродна душа.rn

    33, 333, 33:33, 3333: Завршување

    rnСо овие броеви универзумот ви дава знак за целосно завршување. Можеби треба да ги порамните вашите тело, ум и дух за да постигнете поголема рамнотежа. Медитацијата ќе ви биде од многу голема помош во овој момент. Овој број може да биде и знак за божествено лекување. Можеби сте благословени со богат и здрав живот.rn

    44, 444, 44:44, 4444: Поставете ги темелите

    rnАко постојано го гледате овој број, универзумот ви кажува дека е време да поставите темели за вашата иднина. Ова е знак дека треба да ги материјализирате вашите планови и да поставите нови цели. Веројатноста дека ќе успеете е многу голема во овој период. Бројот 4 ги симболизира елементите оган, вода, воздух и земја, па искористете ја нивната моќ.rn

    55, 555, 55:55, 5555: Пуштете ја магијата внатре

    rnСо бројот 5 универзумот се обидува да ви каже дека треба да му дозволите на вашиот дух да прави чуда во вашиот живот. 5 е бројот на чудата и бројот на петтиот елемент – духот. Овој број ви кажува дека е време да се прифатите себеси, да го прифатите вашиот живот, да ја прифатите вашата работа и да се обидете да внесете малку повеќе дух и магија во нив.rn

    66, 666, 6666: Следете ја светлината

    rnАко постојано го гледате овој број, универзумот ве предупредува за убавината и рамнотежата. 6 е бројот на Венера, планетата и божица што управува со убавината и хармонијата. Иако бројот 6 често е поврзуван и со ѓаволот, ова е навистина среќен знак. Ако го гледате, време е да почнете да ја следите светлината.rn

    77, 777, 7777: Мудроста доаѓа прва

    rnСо овој број универзумот ве потсетува дека мудроста секогаш треба да доаѓа прва. Ова е бројот на магијата, бројот на египетскиот бог Тот кој владее со магијата и мудроста. 7 е моќен знак дека е време да ги отворите очите и да ја видите вистината. Досега сте грешеле, а сега е вашата шанса да откриете кој е вистинскиот пат за вас.rn

    88, 888, 8888: Вистинската моќ доаѓа однатре

    rnАко постојано го гледате овој број, универзумот внимава на вас и знае низ што минувате. Сепак, ова е и потсетник дека вистинската моќ доаѓа однатре и ако вашето срце е чисто, успешно ќе ги надминете сите тешкотии. Потребно е да имате повеќе верба. Ако се чувствувате изолирано од универзумот, медитацијата навистина ќе ви помогне.rn

    99, 999, 9999: Крајот наближува

    rnАко постојано го гледате овој број, универзумот ви кажува дека крајот наближува. Ова може да биде добро, но и лошо. 9 е број на вечноста. Некој круг на искуства се затвора. Важно е крајот да излезе добар за вас. Обидете се да го затворите овој круг со што е можно попозитивна енергија. 9 ја носи најмоќната кармичка порака во однос на сите други броеви. Потребно е да бидете помудри и да откриете што недостасува во она што го правите. Завршете ја работата и направете место за нешто ново што ќе го промени вашиот живот.rn

    00, 000, 0000: Назад во празнината

    rnСо овој број универзумот ве потсетува дека е време да одморите. Време е да се „рестартирате“. Направете чекор наназад и вратете се во празнината каде што ништо не постои, но од каде што потекнува сè. Едноставно кажано, наспијте се, слушајте релаксирачка музика и одморете. Правете вежби со дишење за да создадете хармонија помеѓу телото и енергијата. Ова е навистина важна порака. Потребно е да ја побарате божествената моќ на креацијата. Иако треба да делувате веднаш, потребно е да си ја вратите силата и енергијата што сте ја загубиле по пат. Земете слободно време колку што ви е потребно. Најважно е да ја вратите вашата моќ.rnrnПогледнете и кои се најчестите синхроницитети кои не треба да ги игнорирате.

  • Во јули доаѓа најдолгата лунарна еклипса за 21-виот век

    Во јули доаѓа најдолгата лунарна еклипса за 21-виот век

    Еклипсата позната и како „крвава месечина“ ќе се појави на 27-ми јули оваа година. Целосното затемнување ќе трае околу 1 час и 43 минути. Само оние на источната хемисфера ќе бидат доволно среќни за да сведочат на овој настан.rnrnВо јули доаѓа најдолгата лунарна еклипса за 21-виот векrnrnКрвавата месечина ќе биде видлива вечерта на 27-ми јули и во утринските часови на 28-ми јули. Ова е најдолгата еклипса за овој век. Делумното затемнување, пред и по главниот настан, ќе трае 3 часа и 55 минути.rn

    Што е лунарна еклипса?

    rnЛунарната еклипса се случува кога сонцето, Земјата и месечината се порамнети. Орбитата на месечината минува директно во сенката од Земјата. Оваа еклипса е толку долга бидејќи месечината поминува директно во најтемниот дел од сенката на Земјата, познат и како умбра. Ова е причината и за крваво црвената боја на месечината.rnrnИнтересно е што полната месечина во јули ќе биде во ист период со апогејот. Ова е кога месечината се наоѓа на најголема оддалеченост од Земјата. Ова ќе биде и најоддалечената полна месечина оваа година. Како резултат на ова, на месечината ќе ѝ биде потребно повеќе време за да помине низ умбрата на Земјата. Целосната еклипса ќе започне во 7:30 попладне според координирано универзално време и ќе заврши во 9:13 часот навечер.rn

    Симболичното значење на јулската крвава месечина

    rnЗа да се протолкува значењето на овој настан, потребно е да се разгледа симболиката на месечината и на црвена боја. Месечината ги претставува нашите најдлабоки желби, нашите основни потреби, нашиот потсвесен ум и нашата способност да реагираме во ситуации. Во главно месечината е поврзана со начинот на којшто сме се програмирале да размислуваме и да се однесуваме.rnrnВо тарот картите месечината претставува илузија и интуиција. Оваа карта се појавува кога се лажете себеси или другите, или кога се сомневате дека некој крие нешто. Црвената боја е симбол за тврдоглавост, самодоверба, храброст, страст, агресија и истакнување. Црвената боја е поврзана и со свесноста за себе и за способноста за преживување.rnrnКога ќе се спојат сите симболи, се претпоставува дека полната крвава месечина означува време на промена. Ова во главно е резултат на длабоката желба за нешто повеќе. Оние кои обрнуваат внимание можеби го забележале ова и во реалноста. Секој ден се нагласуваат нови скандали, а одговорните за нив се истакнати преку медиумите. Гневот кој се појавува е несакан ефект од корупцијата која владее со глобалното општество стотици години.rnrnСо цел да настане промена, потребно е да се откријат сите тајни. Нормално е откритијата да предизвикаат страст, но многумина дозволуваат да бидат владеени од нивниот гнев наместо да се соочат со коренот на проблемот. Со оваа месечина се случува уште една промена на свеста. Ова се случува барем еднаш во секоја генерација. Додека работите на себе, особено околу оваа полна месечина, ќе откриете дека повеќе не ви се потребни лагите. Ќе сакате да му дозволите на вашето вистинско јас да заблеска. Овие промени нема да се случат преку ноќ, но со текот на времето ќе станат очигледни.rnrnПогледнете ги и останатите важни астрономски настани за 2018-та година.

  • Луѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважи

    Луѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважи

    Тетоважите како вид уметност стануваат сè попопуларни. Понекогаш тие се убави декорации без некое значење, но понекогаш тетоважите имаат навистина моќни приказни зад нив. Во продолжение погледнете ги овие прекрасни тетоважи и неверојатните приказни што ги кријат.rn

    „Звучен бран од мајка ми, татко ми и брат ми како кажуваат те сакам“

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    „Мојата втора тетоважа што ја покажува љубовта кон мојата држава“

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    „Хороскопските знаци на моите деца: Лав и Девица“

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    „Колибри, посветена на баба ми“

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    Почит кон пријателството

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    Кога саканите се држат еден до друг

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    Како се чувствуваат луѓето со анксиозност

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrn

    Тетоважи на мајка и ќерка

    rnЛуѓето ги споделуваат моќните приказни зад нивните тетоважиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значење

    7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значење

    Речиси на секој човек му се има случено барем едно нешто што не може да го објасни. Можеби станува збор за случајност која не изгледа како случајност, или пак момент кој нема реално, па дури и рационално објаснување. Она што им е заедничко на овие необјасниви нешта се силните емоции кои ги предизвикуваат.rnrn7 чудни паранормални искуства кои секој ги има искусено и нивното значењеrnrnПовеќето натприродни феномени можат да се опишат со нешто што е наречено антропоморфизам. На овој начин луѓето им ги припишуваат случајните, хаотични настани на нешто невидливо и натприродно. Ова помага да се добие смисла за нештата и да се преземе поголема контрола во непредвидлив свет. Следниве 7 паранормални искуства им се имаат случено на многумина. Ако и вие спаѓате во оваа група, прочитајте нешто повеќе за нивното вистинско значење.rn

    1. Зборување со видовита личност која детално предвидела животен настан

    rn

    Што навистина значи?

    rnГледањето и гатањето се доволно нејасни, па можат да важат за секого. Пророштвата навистина се исполнуваат, особено ако ни се допаѓаат. Често луѓето ги одбираат деловите од предвидувањето што им се допаѓаат и прават подлабок, потсвесен обид да ги манифестираат.rn

    Што би можело да значи?

    rnСè е енергија. Времето е илузија на свеста. Сосема возможно е некои многу интуитивни луѓе да можат да „гледаат“ настани кои ѝ се случуваат сега на некоја личност, или во некоја друга димензија. Некои луѓе веруваат во судбина или „душевен договор“, а интуитивните личности би можеле да ги чувствуваат овие работи.rn

    2. Гледање на тарот карти што открило нешто пред вие да го знаете

    rn

    Што навистина значи?

    rnГледањето на тарот карти може да биде навистина моќен процес. Она што го гледате на картите кажува сè за вашата ситуација, многу повеќе од она што го претставуваат тие.rn

    Што би можело да значи?

    rnНекои луѓе веруваат во божественото или во комуникација со небесни суштества кои со нас споделуваат мудрости. Картите можеби се некој медиум за споделување информации.rn

    3. Постојано гледање на предмет поврзан со почината личност

    rn

    Што навистина значи?

    rnМозокот постојано добива и филтрира информации преку надворешните стимули. Ова значи дека ако поврзете некоја почината личност со одреден предмет, како на пример цвет, потсвесно постојано ќе барате цветови. Затоа и ќе почнете да ги забележувате и ќе мислите дека почесто се појавуваат во вашиот живот.rn

    Што би можело да значи?

    rnНекаква енергија го привлекува вашето внимание кон нешто, како на пример цветот. Ова е безопасен начин на комуникација со починатиот кој веројатно сака да ви каже дека сè уште е со вас.rn

    4. Будење сред ноќ, неможност за мрдање и гледање разни фигури

    rn

    Што навистина значи?

    rnПарализата во текот на сонот е медицински феномен кој многу се истражува. Во овој случај, телото е заспано додека умот се буди. Често се појавуваат и халуцинации во форма на демони или темни фигури кои ве притискаат и ве држат во место. Најверојатно ова е проекцијата на чувството дека сте парализирани.rn

    Што би можело да значи?

    rnНа овој начин луѓето изјавиле дека имале искуства надвор од нивните тела. Во овие ситуации тие се среќаваат и комуницираат со битија кои имаат важни пораки за нив, или пак посетуваат други димензии.rn

    5. Ви се јавува личноста на којашто сте мислеле

    rn

    Што навистина значи?

    rnНајверојатно по грешка ги поврзувате мислите за личноста со тоа што ве контактирала. Сигурно безброј пати сте помислиле на таа личност без да се случи нешто. Голема е веројатноста да станува збор за случајност.rn

    Што би можело да значи?

    rnАко се земе предвид дека на некој начин сè е поврзано, не е невозможно да имаме потенцијал да комуницираме телепатски.rn

    6. Посета од „дух“, особено ако се случува повеќепати

    rn

    Што навистина значи?

    rnНајверојатно постои нешто друго што ве плаши, па тој страв го засилува сетилото за звук, мирис и слично. Почнувате да забележувате нешта кои за вас вообичаено се невидливи. Важно е да размислите што се случува во вашиот живот во такви ситуации и дали навистина има невидлива сила во вашиот дом.rn

    Што би можело да значи?

    rnМожеби гледате делчиња енергија, без разлика дали станува збор за дух или енергија што нема каде да оди.rn

    7. Добивање знаци дека треба да бидете со некоја личност

    rn

    Што навистина значи?

    rnКога не сте сигурни дали врската ќе функционира, почнувате да барате натприродни „знаци“ кои ќе ви помогнат да добиете чувство на контрола. Барате некоја сигурност која всушност не постои.rn

    Што би можело да значи?

    rnКога две личности се совршени еден за друг, почнуваат да се синхронизираат за многу нешта. Можеби имате ист вкус за музика, исти интереси, живеете на исто место… Лесно е да мислите дека некоја надворешна сила ви кажува дека треба да бидете заедно.rnrnМислите дека сте видовити? Овие 6 знаци покажуваат дека тоа е вистина.

  • Тајната порака којашто се крие зад овие 9 негативни емоции

    Тајната порака којашто се крие зад овие 9 негативни емоции

    Секој човек тежнее да биде здрав, среќен, успешен и исполнет на сите полиња од животот. Но, за жал, животот не е баш розов, туку е црно-бел, а тоа значи дека со подемите и падовите коишто ни се случуваат, сосема е нормално да чувствуваме и позитивни и негативни емоции. Впрочем, животот може единствено да биде комплетен и прекрасен, само доколку знаеме да ги препознаеме и цениме и убавите и лошите моменти, да учиме од нив и постојано да растеме и да одиме напред.rnrnТајната порака којашто се крие зад овие 9 негативни емоцииrnrnТокму негативните искуства и емоциите придружени од нив, нè учат подобро да се запознаеме себеси, да сфатиме кон што се стремиме во животот, како да ги надминеме бурите и да го очекуваме новото изгревање на Сонцето.rnrnПродолжете да читате и откријте ја тајната порака на овие 9 негативни емоции и што тие се обидуваат да ве научат за вашата моментална психолошка состојба. Наместо да ги мразите тие чувства и да им се спротивставувате, прифатете ги и дознајте на што сакаат да ви укажат.rn

    1. Горчина

    rnОваа емоција ви покажува дека морате да закрепнете од нешто и дека сè уште имате некакви предрасуди за другите луѓе и за себе.rn

    2. Лутина

    rnОваа емоција покажува дека сè уште живеете во минатото и не ѝ дозволувате на сегашноста да биде она што треба да биде.rn

    3. Неспокој

    rnОва чувство ви покажува дека треба да обрнете внимание на она што ви се случува во моментот, бидејќи дадена ви е шанса за промена, да направите нешто различно од она што вообичаено го правите.rn

    4. Гнев

    rnГневот ви кажува за што сте страсни, каде се вашите граници и што сметате дека е неопходно да се промени во овој свет.rn

    5. Разочарување

    rnЧувството на разочараност, ви покажува дека сте се обиделе да промените нешто без да постигнете успех. Сè уште не сте рамнодушни за тоа и многу ви е важно.rn

    6. Вина

    rnОваа емоција покажува дека сè уште живеете според очекувањата на другите и тоа што тие сметаат дека треба или не треба да го направите.rn

    7. Срам

    rnЧувството на срам ви покажува дека го присвојувате мислењето на другите луѓе, за тоа какви треба да бидете (или какви сте моментално). Воедно, оваа емоција се обидува да ви укаже дека одново треба да се поврзете со самите себе.rn

    8. Анксиозност

    rnОваа комплексна состојба, се обидува да ви укаже дека треба веднаш да се пробудите, да бидете присутни во сегашниот миг, да се „одглавите“ од минатото и да престанете да се плашите од она што го носи иднината.rn

    9. Тага

    rnТагата ја опишува длабочината на вашата емотивност и покажува дека многу се грижите за другите луѓе и за светот околу вас.rnrnПрочитајте и како да научите да ги сакате и вашите негативни емоции?

  • Што навистина значи утринската порака?

    Што навистина значи утринската порака?

    „Добро утро, убавице.“ Навистина е едноставно. Само неколку зборови. Но овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност со која некој сака да разговара во денот.rnrnШто навистина значи утринската порака?rnrnОвие зборови покажуваат дека некој сака да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе ги отворите очите. Овие зборови покажуваат дека вие сте првата личност на која помислил некој кога се разбудил.rnrnТаа личност иако не е до вас, сака да биде таму. Тоа е комплимент кој ќе измами насмевка на вашето лице.rnrnТоа е нештото кое таа го очекува кога легнува да спие, а вие сте биле во нејзините мисли. На овој начин му кажувате некого дека сакате денот да му почне добро, дури и ако не биде целиот таков.rnrnТоа е повеќе од порака за добро утро. Тоа е начин да покажете дека некој ви значи.rnrnЛесно е да се зафатиме со нашите животи. Лесно е да го започнеме денот и да ги тргнеме настрана дури и најсаканите личности.rnrnНо утринската порака покажува мал труд. Мал труд кој значи многу.rnrnУтринската порака едноставно е нечиј избор. Тоа е одлука. Утринската порака кажува „Јас те одбирам тебе“.rnrnПогледнете ги и овие прекрасни пораки што можете да ѝ ги испратите на саканата личност.

  • Што е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?

    Што е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?

    Флуидната интелигенција е способноста да размислувате апстрактно, да имате интуиција за информациите, да препознавате шеми и да решавате проблеми склопувајќи информации кои се замислени и генерирани од вашите искуства и разбирања. Оваа идеја прв пат била развиена од Рејмонд Кател и Џон Хорн во 1970-тите.rnrnШто е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?rnrnФлуидната интелигенција е спротивна на кристализираната интелигенција, која претставува формално собирање знаење и обично се однесува на стекнување конкретна информација, како на пример факти.rnrnФлуидната интелигенција е способноста за решавање проблеми без да му дозволите на знаењето од минатото да има влијание на вашето размислување. Ова ги прави интуитивните луѓе паметни и им овозможува на генијалците сами да се научат да свират некој инструмент или да зборуваат јазик без формално образование. Иако и двата типа интелигенција се важни и често работат заедно, флуидната интелигенција е најчеста помеѓу уметниците и креативните луѓе правејќи ги непредвидливи или неразбрани.rnrnСепак имањето на оваа состојба е неверојатен дар кој често е потценуван. Ги прави луѓето иновативни, креативни и посебни. Изобилството флуидна интелигенција дефинира личност којашто не сака да го усоврши она што постои, туку да создаде нешто што луѓето сè уште не ни знаат дека го сакаат.rnrnФлуидната интелигенција може да го промени целиот наш концепт за „паметна личност“ и ги укажува проблемите со стандардните тестирања според кои учениците веруваат дека не се паметни ако не знаат да повторуваат факти. Кристофер Бергланд ја објаснува оваа интелигенција на овој начин:rn

    „Во дигиталната ера која им дава предност на фактите и информациите, кристализираната интелигенција се цени многу повеќе од флуидната. Голем број нови истражувања покажуваат дека моторните способности, координацијата на дланките со очите, аеробната кондиција и дневната физикалност се важни за одржување на здравјето на меморијата и флуидната интелигенција. Флуидната интелигенција е директно поврзана со креативност и иновација. Кристализираната интелигенција е ограничена. Присилувањето на децата да седат во стол и да учат за стандардизирани тестови буквално предизвикува намалување на церебелумот и ја намалува флуидната интелигенција.“

    rnВсушност, флуидната интелигенција е онаа којашто ги прави иноваторите независни размислувачи и не само што не е ценета, туку многу често е и неразбрана. Кога ќе слушнеме идеја со која се согласуваме, ретко бараме квалификација на личноста. Кога ќе слушнеме идеја која ги предизвикува нашите верувања, бараме квалификација. Односно, инсистираме дека ќе му веруваме само оној што е високо образован во системи и идеи кои постоеле претходно.rnrnНикој не ги испрашувал големите мислители од минатите векови. Никој не прашувал на која основа Буда ја споделува својата мудрост. Претпоставиле дека е од помош и иновативна, па ја прифатиле како вистина. Ако не научиме да ја цениме туѓата флуидна интелигенција ќе останеме врзани на старите системи за размислување кои понекогаш само ни штетат. Замислете ако никогаш не сме ги прифатиле идеите на мислителите бидејќи немале формално образование во областа која сакале да ја обноват. Ќе сме биле во темната доба наместо во првиот ред на уметноста, психологијата, филозофијата, технологијата и сè што постои денес.rnrnНаместо да претпоставуваме дека умот на оној којшто не може да повторува и запомнува факти е бескорисен, можеме да препознаеме дека светот се движи преку оние кои можат да го измислат веќе постоечкото на сосема нов начин.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за другите видови интелигенција.

  • Дознајте го значењето на најчестите кошмари

    Дознајте го значењето на најчестите кошмари

    Сите луѓе имале кошмар барем еднаш во животот. Кошмарите знаат да бидат многу вознемирувачки и страшни, но и тие кријат свое значење кое може да ви помогне да ги дознаете тајните на вашата психа. Можеби не сте знаеле дека постојат соновни и научни толкувања на кошмарите. Во продолжение прочитајте ги толкувањата на најчестите кошмари…rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Пајаци

    rnСоновно толкување: Сонувањето пајаци обично значи дека некој ваш близок (најчесто родител или мајчинска фигура) е многу напорен и „плете мрежа“ околу вашиот живот. Можеби се чувствувате како отпадници во одредени ситуации или можеби се обидувате да се држите подалеку од некое примамливо искушение.rnrnНаучно толкување: Пајаците се најчестите типови хипнагогични халуцинации, а тоа се живописни сензации што личат на соништа кои се јавуваат кај луѓето кога ќе слушнат, видат, почувствуваат или помирисаат нешто што се случило кратко пред да заспијат. 10% од популацијата доживуваат халуцинации во текот на спиењето.rn

    Тонење и бранови

    rnСоновно толкување: Океаните претставуваат емоции, па ако сонувате како се давите во океан, тоа најчесто значи дека сте преплавени со емоциите што ги потиснувате. Се чувствувате исцрпено, имате премногу обврски и се мачите да издржите до крај.rnrnНаучно толкување: Ако сонувате дека се давите, тоа значи дека имате потешкотии со дишењето додека спиете, најверојатно ноќна апнеа или несвесен грч на мускулите кој се јавува кога луѓето заспиваат.rn

    Паѓање

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека паѓате, тоа значи дека чувствувате како да сте потфрлиле или дека одредена ситуација во вашиот живот почнува да се влошува. Исто така, чувствувате дека немате контрола врз работите и дека сте заглавени во дупка од која пробувате да излезете.rnrnНаучно толкување: Чувството на паѓате може да биде резултат на течноста што минува во вашето внатрешно уво. Ако доживеете чувство на паѓање заедно со грчење на мускулите, тоа значи дека доживувате хипнагогичен трепет кој обично се случува пред заспивање.rn

    Паѓање на заби

    rnСоновно толкување: Тешко ви е да кажете како се чувствувате или да се изразите. Ако сонувате како ви паѓаат заби, тоа е знак на несигурност или загриженост поврзана со изгледот. Овој сон може да значи и дека правите огромен компромис или дека не сакате да донесете важна одлука во животот. Чувствувате дека немате контрола врз ситуацијата.rnrnНаучно толкување: Според научниците, ако сонувате како ви паѓате заби, тоа значи дека имате проблем со анксиозноста.rn

    Некој ве брка

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека некој ве брка, тоа значи дека се чувствувате беспомошно во одредена ситуација или дека одбегнувате вистински животен проблем со кој треба да се соочите. Можеби одбегнувате нешто болно или страшно. Ако постојано сонувате како некој ве брка, тоа е знак дека време е да се соочите со проблемот од кој бегате.rnrnНаучно толкување: Вашиот инстинкт за преживување се активирал. Во едно истражување на 1.000 возрасни Германци, 26% од нив сонувале како некој ги брка.rnrnНајчестите кошмари и нивното значењеrn

    Доцнење

    rnСоновно толкување: Имате премногу обврски моментално и не можете да издржите повеќе. Можеби чувствувате дека сте пропуштиле важна шанса во животот. Се чувствувате неподготвено и најверојатно минувате низ големи промени во животот на кои не можете да се прилагодите.rnrnНаучно толкување: Во истото истражување што го спомнавме погоре, 24% од Германците сонувале дека доцнат.rn

    Замрзнување

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека сте замрзнати, тоа значи дека нешто во вашиот живот било одбиено или игнорирано. Тоа исто така може да значи дека вашите емоции се малку поладни од вообичаено.rnrnНаучно толкување: Парализата во спиење се спомнува уште во антички времиња, а науката објаснува дека кошмарите поврзани со замрзнување се токму тоа. Околу 5% од популацијата редовно доживува парализа во спиење.rn

    Правење тест

    rnСоновно толкување: Загрижени сте дека не ги извршувате вашите моментални обврски или сте анксиозни, бидејќи не сте сигурни дали ќе успеете.rnrnНаучно толкување: Некои научници веруваат дека сонувањето се случува додека мозокот ги средува информации, па затоа овој сон е почест кај луѓето кои навистина одат на училиште.rn

    Голи во јавност

    rnСоновно толкување: Ако сонувате дека сте голи во јавност, тоа значи дека сте многу анксиозни и самосвесни или дека не сте доследни на себе. Овој сон значи дека се чувствувате многу ранливо.rnrnНаучно толкување: Соништата поттикнати од анксиозноста се едни од најчестите примери на повторливи соништа и ги доживуваат 60%-75% од возрасните.rn

    Возило кое е надвор од контрола

    rnСоновно толкување: Немате контрола врз вашиот живот и се обидувате да контролирате ситуација во која се чувствувате беспомошно. Не сте подготвени да преземете некои одговорности. Ако сте патници, можеби чувствувате дека ја предавате контролата некому и тоа не ви се допаѓа. Не сте подготвени да ја препуштите контролата.rnrnНаучно толкување: Ако сте доживеале сообраќајна несреќа, овој сон потекнува од пост-трауматичното нарушување предизвикано од инцидентот и на овој начин мозокот се обидува да се справи со траумата.rn

    Умирање

    rnСоновно толкување: Ако ја сонувате сопствената смрт, тоа значи дека се случуваат големи промени во вашиот живот. Смртта е најчесто позитивен симбол на нови почетоци, себе-спознавање или внатрешни промени. Но, појавата на смрт во соништата може симболично да го претставува крајот на нешто во вашиот живот, како на пример врска или работа.rnrnНаучно толкување: Ако некој во вашиот живот починал, ваквите живописни и значајни соништа се клучен елемент од процесот на преболување. На овој начин, вашиот мозок се справува со тагата и траумата.rnrnНе сте имале ниту еден од овие кошмари? Можеби ќе ви помогне следнава листа од најчестите кошмари и нивното значење.