Идејата, или теоријата дека секој може да си „создаде“ болест повеќе не спаѓа во оние теории на кои лекарите ги превртуваат очите. Како размислувате, колку се плашите, колку верувате или не верувате, колку сте подготвени на борба или на предавање, што сакате да заборавите и од што да се заштитите, сето тоа е „запишано“ негде во умот и во вашето тело. Ова објаснување за болестите може да ви помогне подобро да си го разберете телото, мислите, како и нивната поврзаност. Се разбира, секој човек е различен и не може сè да се генерализира, но сепак самата идеја е навистина интересна. Погледнете што значи секоја болка или болест.rnrn
rn
Главоболка
rnГлавоболките се појавуваат кога се казнувате. Мигрена имаат луѓето кои сакаат да бидат совршени и кои си создаваат притисок. Во нив има и многу потиснат бес.rn
Синуси
rnАко имате проблеми со синусите, можно е да ве иритира некој што ви е близок. Можеби мислите дека ве напаѓа.rn
Очи
rnПроблемите со очите покажуваат дека има нешто во врска со вас, со вашето минато или со вашата иднина што не сакате да го видите.rn
Слух
rnОва значи дека има нешто што не сакате да го слушнете. Болката во увото може да биде и резултат на бес за нешто што сте слушнале.rn
Коса
rnКога сте напнати и исплашени создавате „окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се шират кон главата. Косата расте на врвот на сето тоа, па ако постои стрес кој трае подолго, вашата коса станува „безживотна“, а може да се појави и ќелавост.rn
Глава
rnКога нешто не е во ред со главата, тоа значи дека чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата ви го покажува светот, а по неа ве препознаваат сите околу вас.rn
Врат и грло
rnВратот ја претставува вашата флексибилност за размислувањето и гледањето на другата страна. Кога имате проблеми со вратот тоа значи дека сте тврдоглави и уверени сте дека вашето мислење е единственото кое е правилно. Грлото претставува способност да кажете што мислите или што сакате. Кога ве боли грлото, во главно значи дека мислите дека немате право на глас. Не застанувате на своја страна и го потиснувате гневот. Ларингитисот е знак дека сте толку гневни што не можете ни да зборувате. Грлото е поврзано и со протокот на создавање. Исто така, ако се обидете да промените нешто или сте сред промена можно е да почувствувате проблеми со грлото.rn
Раце
rnРацете ја претставуваат способноста да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции се чуваат во зглобовите, а лактите ја претставуваат флексибилноста за менување на правецот на вашиот живот. Исто така и секој прст има свое значење. Ако го повредите показалецот, во вас има бес и страв поврзани со вашето его. Палецот претставува грижа, средниот прст секс и бес, домалиот заедништво и тага, а малиот прст е поврзан со семејството.rn
Грб
rnАко имате проблеми со грбот можно е да мислите дека вашата околина не ве подржува доволно. Горниот дел е поврзан со недостаток од емоционална поддршка. Средниот дел е поврзан со чувството на вина. Стравот дека нема да имате пари или дом е изразен преку болка во долниот дел од грбот.rn
Бели дробови
rnБелите дробови ја претставуваат способноста за давање и земање во животот. Ако имате проблеми со нив, можно е да ви е страв дека ќе ви земат нешто потребно или пак чувствувате дека немате право на животот што го живеете.rn
Гради
rnГрадите се поврзани со мајчинството. Ако имате проблем со градите, тоа значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштитничкиот или посесивниот став кон некоја личност, место, предмет или искуство.rn
Срце
rnСрцето ја претставува љубовта, а крвта радоста. Срцето ја пумпа радоста низ телото. Кога не сте среќни и не чувствувате љубов, вашето срце станува „ладно“. Резултатот е намален проток на крв и ризик од анемија или инфаркт. Луѓето кои доживеале инфаркт речиси никогаш не биле задоволни од нивните животи.rn
Желудник
rnНовите идеи и искуства се поврзани со желудникот. Ако ве боли желудникот има некој или нешто што не можете да го преболите. Или пак некое искуство што не можете да го впиете.rn
Нозе
rnНозете ве носат низ вашиот живот. Проблемите со нив често укажуваат на страв од движење напред или вртење кон одреден правец. Кога не сакате да правите нешто, ќе почувствувате проблеми со нозете.rn
Колена
rnКолената претставуваат флексибилност, исто како и грбот. Тие ја изразуваат способноста за прилагодување, гордоста, егото и тврдоглавоста. Кога ќе почувствувате болка во нив, обидете се да се прилагодите на нешто што во моментов ви се случува.rn
Стапала
rnСтапалата се поврзуваат со разбирањето за себе и животот околу вас, минатото, сегашноста и иднината.rn
Кожа
rnКожата е вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со неа се чувствувате загрозени, како некој друг да владее со вас.rn
Вишок килограми
rnОва е потреба од заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, омаловажени, критикувани или излажани. Тие чувствуваат страв од животот.rn
Болка
rnКој било вид болка е знак за чувство на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина кое е толку длабоко всадено што можеби и не сте свесни за него.rnrnДали знаевте дека болката е заразна?


rn
rnrnКинеското астролошко тркало има 12 различни животни и секоја нова година животното се менува со наредното. Познато е дека животното што „владеело“ во вашата година на раѓање кажува многу за вашиот карактер, но всушност тоа не е сè. Секоја година животното е дефинирано од еден од 5-те елементи. Во кинеската астрологија овие елементи се вода, метал, дрво, оган и земја. Елементите им даваат на животните уште едно значење, уникатност што ја прави годината уште попосебна. Оваа година се прославува годината на земјено куче, нешто што се нема случено од 1958-ма година.rnrnВо кинеската астрологија се верува дека ги наследувате особините на животното кое владее во годината во која сте родени. За луѓето родени во годината на кучето, ова се одлични новости. Кучињата се познати по нивната лојалност, бескрајната љубов, позитивниот став и најважно, по нивната добрина. Токму овие особини ги прават едни од омилените животни на луѓето. Кучињата се борат за она во што веруваат и секогаш им помагаат на оние на кои им е потребна помош.rnrnОд друга страна пак, тие може да бидат тврдоглави и крути со своите верувања. Лесно се разочаруваат кога работите не им одат по план. Склони се кон тага и песимизам. Исто така се познати по тоа што ги судат другите кои не можат да се мерат со нив.rnrnСе верува дека луѓето родени во годината на кучето се најкомпатибилни со оние од годината на зајакот, а најмалку компатибилни со луѓето родени во годината на змејот, козата или петелот. Некои познати „кучиња“ се Дејвид Боуви, Џуди Гарланд, принцот Вилијам, Елвис Присли и Фреди Меркјури.rnrnЗемјените кучиња се вредни, дисциплинирани и трпеливи. Не се познати по стекнување богатство рано во животот, а најсреќни се во подоцнежните години. Без разлика колку се фокусирани на нивните цели, тие никогаш нема да направат компромис за нивните вредности. Овие луѓе предизвикуваат восхит и презир кај секој што ќе му се вкрсти патот со нивниот. Без разлика дали се сакани од другите, секогаш се почитувани поради тоа што се искрени кон себе.rnrnЗемјените кучиња имаат чиста душа и го минуваат животот без да се мешаат во туѓиот и веруваат дека сите треба да живееме и да ги оставиме другите да си живеат. Ова ги одделува од другите кучиња кои повеќе судат.rnrnНајпознати примери за земјени кучиња се Мадона и Мајкл Џексон. Мајкл Џексон е познат по тоа што секогаш го следел своето темпо и упорно се обидувал да ги постигне своите цели. Никогаш не се откажал од себеси без разлика колку луѓе навивале за негов неуспех. Во животот и Мадона е пример за овие особини.rnrnДознајте и 
rn

rnrnЕдно истражување од Велика Британија покажало дека истиот кошмар се појавува кај секоја втора личност, а кај секоја четврта се повторува повеќе пати. Во истражувањето учествувале повеќе од 5.000 испитаници и се покажало дека овој сон го прогонува поголемиот дел од населението, особено помладите.rnrnЕкспертите го поврзале сонот со стравот од напуштање и тоа што луѓето не можат да сметаат дека партнерот засекогаш ќе биде покрај нив. Но, сепак сонот ретко е поврзан со неверство во реалниот живот, па нема потреба да се сомневате во партнерот.rnrnДознајте го и 
rn
rn

rnrnСите ние имаме емоционални испади. Постојат денови и случувања кои нè прават емотивни до тој степен што тоа има големо влијание на нас и нашето секојдневие. Соништата кои прочистуваат ни помагаат да ги исфрлиме лошите емоции, односно емоционалниот отпад. Овие соништа нè ослободуваат и ни даваат духовна рамнотежа. Тие ни помагаат да се чувствуваме полесно, подобро и посмирено.rn
rnrnОва е можеби најчудниот вид. Овие соништа доаѓаат од нашата потсвест, а таму се складирани повеќето од секојдневните проблеми. Сепак, не успеваат сите да допрат до тој скриен дел од мозокот, па решенијата за проблемот остануваат длабоко во потсвеста. Но овие проблеми „излегуваат“ на површина преку соништата кои ни помагаат да ги решиме. Овие соништа често се дел од животите на многу научници.rn
rnrnОва се соништа кои се полни со предвидувања и работат на ниво на интуицијата. Најчесто им помагаат на луѓето кои имаат поизразена интуиција. Овие соништа може да ви кажат за настани кои допрва треба да се случат во вашиот живот. Тие можат да ви помогнат да избегнете некои потенцијални проблеми во иднина.rn
rnrnВо овој случај се работи за соништа кои се поврзани со духовниот пат на некој човек. Овие соништа нè насочуваат и ни помагаат да останеме на потребното духовно ниво. Ако застраниме од нашиот пат, овие соништа ќе нè предупредат. Секој би требало да ги слуша своите соништа бидејќи тие ни кажуваат што е добро за нас, а што не.rn
rnrnОвие соништа се засновани на секојдневните настани. Делови од нашиот живот остануваат во потсвесниот ум и придонесуваат за создавањето на овие соништа. Иако понекогаш изгледаат како нашиот секојдневен живот и не се ни посебни, ни спектакуларни, соништата за надворешните случувања можат да ни помогнат да разгледаме некоја ситуација од друга страна.rnrnАко имате соништа кои се повторуваат,