КАФЕ ПАУЗА

Tag: значење

  • Дознајте ја скриената порака зад неговиот новогодишен подарок

    Дознајте ја скриената порака зад неговиот новогодишен подарок

    Кога избираат подарок, поголемиот дел од жените си даваат време и добро размислуваат што им треба на оние што ги даруваат, каков е нивниот вкус, дали неодамна спомнале нешто што би сакале да го купат и каде можат истото да го најдат. Кај мажите купувањето подарок е поразлично, тие не размислуваат до последниот момент и најчесто нивниот подарок е целосна катастрофа, бидејќи го купуваат во состојба на паника. Но, секој подарок има своја скриена порака, а ние го најдовме значењето на најчестите „брзи“ подароци кои мажите им ги купуваат на своите партнерки.rnrn1-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_rn

    1. Многу личен подарок

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Ланче со приврзок со вашите имиња
    • rn011

    • Француски готвач, бидејќи знае дека сакате да отворите ресторан
    • rn011

    • Прво издание на вашата омилена книга од детството
    • rn

    rnЗначење: Те слушав и свесен сум за твоите желби. Оваа врска за мене е многу важна и сакам да бидеш среќна.rn

    2. Премногу скапи и големи, мегаломански подароци

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Домашно милениче за кое никогаш не сте разговарале
    • rn011

    • Авионски карти за некоја популарна дестинација, која всушност не можете да си ја дозволите
    • rn011

    • Кадифено мече кое е поголемо од вашата соба
    • rn

    rnЗначење: Те молам, немој да ме оставиш. Опрости ми што бев безобразен, себичен, тврдоглав… Лудо те сакам и никогаш нема да ме оставиш.rn

    3. Романтичен подарок

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Резервација за романтичен викенд
    • rn011

    • Што било во облик на срце
    • rn011

    • Вечера во добар ресторан
    • rn

    rnЗначење: Те сакам, омажи се за мене. Те сакам и среќен сум што ти си моја сопруга. Никогаш не сум се чувствувал вака. Многу сум романтичен и свесен дека жените сакаат вакви работи.rnrn2-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_rn

    4. Подарок од маж кој ќе ви стане вереник

    rnНа пример:rn

      rn011

    • Скапоцен накит
    • rn

    rnЗначење: Ти подарувам скап подарок за да бидеш свесна дека сум сериозен со тебе. Следниот подарок е прстен.rn

    5. Подарок од маж кој ужива во сексот

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Врвен вибратор за кој знае дека би дале голема сума пари
    • rn011

    • Подарок од продавница за сексуални играчки
    • rn011

    • Секси долна облека
    • rn

    rnЗначење: Го обожавам сексот со тебе. Го сакам твојот авантуризам во креветот. Може ли да ја прескокнеме вечерата и да заминеме право во кревет?rn

    6. Целосно персонализиран подарок

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Што било на кое го пишува вашето име
    • rn011

    • Изгравиран подарок – часовник, бразлетна, прстен…
    • rn

    rnЗначење: Сакам да знаеш дека многу долго размислував за тоа, иако не е скап подарок. Не си како другите луѓе, па морав да ти подарам нешто посебно.rn

    7. Подарок за заедничко користење

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Курс за готвење за двајца
    • rn011

    • Пикник за двајца
    • rn011

    • Карти за концерт
    • rn

    rnЗначење: Свесен сум дека во последно време не минуваме многу време заедно и жал ми е. Би сакал да сме поблиски. Сакам да ти покажам дека ми е грижа за нашата врска.rnrn3-doznajte-ja-skrienata-poraka-zad-negoviot-novogodishen-podarok-www.kafepauza.mk_rn

    8. Подарок кој сте го побарале

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Нешто што директно сте му кажале дека би сакале да го имате
    • rn011

    • Нешто што случајно сте му покажале дека би сакале да го имате
    • rn

    rnЗначење: Доволно долго сме заедно што може да си кажеме што сакаме за подарок. Тешка си за справување и не сакам дополнителни проблеми околу погрешниот подарок. Знам дека тоа е нешто што навистина го сакаш, а не можеш да си го дозволиш.rn

    9. Практичен подарок

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Нешто за домот
    • rn011

    • Паричник
    • rn011

    • Нов сет крпи
    • rn

    rnЗначење: Јас сум маж, што очекуваш? Ти купив сѐ, немам повеќе идеи. Имаме кредит, три деца и знам дека не ти пречи што купувам работи кои ти требаат.rn

    10. Технологија

    rn

    На пример:

    rn

      rn011

    • Мобилен, ајпед, лаптоп
    • rn011

    • пренослива батерија
    • rn011

    • целосно бескорисни направи
    • rn

    rnЗначење: Свесен сум дека сакаш разни гаџети како мене. Ако не ти се допаѓа, ќе го користам јас.rnrnПродолжете на следната страница за да го погледнете значењето на преостанатите подароци.rnrn

  • 12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

    12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

    Цртаните филмови во себе кријат многу значајни вистини и бесценети лекции, иако на прв поглед делуваат детско и наивно. Понекогаш, некои од анимираните филмови треба да ги погледнете неколку пати за да ја сфатите нивната суштинска порака. Сигурни сте ги гледале следниве 12 анимирани филмови, но можеби не сте го разбрале нивното длабоко психолошко значење. Дознајте што се крие зад површината на приказната на вашите омилени цртани ликови…rn

    1. „Барајќи ја Дори“, 2016 (Finding Dory)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Сите сме различни и треба да ги почитуваме необичните особини на другите.rnrnГлавниот лик во оваа анимација е слатката риба Дори, која многу заборава. Таа сака да си го најде семејството, но не може да се сети каде е. Дори уште од раѓање ги губела сеќавањата. По примерот на овој цртан филм, родителите можат да им објаснат на децата колку е важно да ги прифаќаме другите такви какви што се.rn

    2. „Добриот диносаурус“, 2015 (The Good Dinosaur)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Искреното пријателство е супермоќ!rnrnВо овој анимиран филм не се работи само за пријателството помеѓу мало момче и голем диносаурус. Се работи за свет во којшто природата ја победила цивилизацијата, а не обратно. Додека децата уживаат во динамичната приказна и веселите ликови, возрасните можат да размислуваат за стравовите на диносаурусот Арло и моќта на вистинското пријателство.rn

    3. „Опаку наопаку“, 2015 (Inside Out)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Не плашете се од вашите емоции.rnrnОва е еден од најмоќните анимирани филмови на Пиксар, кој бил одобрен дури и од страна на психотерапевтите. Главната хероина е Рајли, девојче кое се обидува да се справи со нејзините емоции (радост, тага, страва, лутина и презир). Рајли може да им помогне и на возрасните и на децата да сфатат дека е нормално да се доживуваат различни емоции, само треба да ги држиме под контрола.rn

    4. „Храбрата Мерида“, 2012 (Brave)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Оставете ги стереотипите на страна и бидете свои.rnrnОвој анимиран филм е одличен потсетник дека никој од нас не мора да исполнува нечии туѓи очекувања. Цртаниот филм ја прикажува приказната за врската помеѓу храбрата Мерида и мајка ѝ, која ја испланирала иднината на ќерка си до најситни детали. На крајот, сфаќаме дека девојчињата не мора да бидат принцези ако ги обожуваат лудите авантури.rn

    5. „Нагоре“, 2009 (Up)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Никогаш не е предоцна да си го остварите сонот.rnrnОва е тажна и трогателна приказна за осаменоста и староста. Карл секој ден мисли на неговата почината сопруга и на авантурите за кои сонувале заедно. На крајот, Карл решава да патува сам во неговата летечка куќа, но едно смешно момче му ги менува плановите. Овој анимиран филм ни открива дека на сите ни требаат бајки во животот, без оглед на возраста.rn

    6. „Воли“, 2008 (WALL-E)

    rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Ние сме одговорни за нашата планета.rnrnВо овој анимиран филм не се работи само за длабоките чувства, туку и за големите одговорности. Воли нѐ подучува дека треба да се грижиме за Земјата, со тоа што ни ја покажува можната иднина на нашата планета ако продолжиме неограничено да ги користиме нејзините ресурси.rnrnПродолжете на следната страница за останатите прекрасни анимирани филмови…rnrn

  • 8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни

    8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни

    Луѓето навистина сакаат да ги украсуваат своите тела со тетоважи. Оваа практика е стара илјадници години. Некои тетоважи може да претставуваат само некоја убава слика, но некои кријат навистина длабоко значење. Погледнете некои од најемотивните тетоважи и прочитајте ги приказната зад нив.rn

    1. Сеќавање за дете што нема да можете да го израснете

    rn(1)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mkrnrnНавистина е тажно да изгубите дете. Мајката на малиот Нејтан не ни помислила дека никогаш нема да ја слушне неговата смеа или да го гледа како учи да оди и да зборува. Таа го изгубила детето во 16-тиот месец од почетокот на бременоста и решила засекогаш да го запомни тетовирајќи си отпечаток од неговите мали стапала.rn

    2. Поддршка за синот

    rn(2)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mkrnrnКога синот на Џош Маршал, Габриел бил дијагностициран со рак, сè што мислел тој било како да го поддржи неговото момче во таа борба. На Габриел му останала голема лузна на главата од операцијата, па татко му решил да си направи тетоважа која е иста како лузната за да му покаже дека секогаш е овде за него.rn

    3. Секој човек е убав

    rn(3)8-tetovazhi-so-neverojatni-sentimentalni-prikazni-kafepauza.mkrnrnХани Реј, ќерката на Тања и Адам Филипс од Англија, има белег кој почнува од нејзините стапала и завршува на горниот дел од телото. Бидејќи нејзините родители биле свесни колку може да бидат сурови луѓето кон оние кои се различни, без разлика дали е белег или нешто друго, тие направиле тетоважи кои се исти како белегот на ќерка им. Целта им била да ѝ покажат дека таа е убава без разлика на сè.rn

    4. Спомен за изгубениот син

    rnrnrnПонекогаш се случува новороденчињата ненадејно да починат. Кога ова се случува родителите бараат разни начини за да се справат со тагата. Овој татко го почувствувал тоа и решил да го истетовира звучниот бран од смеата на неговото мало момче кое починало. Навистина неверојатен начин да го запомни.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Значењето на 9 филмови коe малкумина го сфатиле

    Значењето на 9 филмови коe малкумина го сфатиле

    Постојат некои филмови кои откако ќе ги изгледате потребно ви е да истражувате за навистина да ги разберете. Овие филмови обично бараат многу размислување од ваша страна. Во продолжение погледнете неколку вакви филмови чие значење можеби не сте го сфатиле веднаш.rn

    1. Мајка! (Mother!)

    rn(1)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnПокрај многуте метафори кои можете да ги најдете во овој филм, тој е симболично прераскажување на Библијата. Ликот на Хавиер Бардем е Бог, Џенифер Лоренс е Марија, мајката на Исус. Куќата е универзумот со рајот (канцеларијата на главниот лик) и пеколот (подрумот). Во филмот можете да ги забележите и Адам и Ева кои јадат од забранетото овошје, нивните синови и многу од настаните кои се опишани во Библијата. На крајот на филмот, режисерот ја прашува публиката: Човештво, уште колку долго може да издржи Мајка Природа?rn

    2. Пристигнување (Arrival)

    rn(2)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnНајголемиот трик на филмот е тоа што нè тера да веруваме дека настаните се одвиваат по смртта на Хана, ќерката на главниот лик. Но, не е така. Откако ќе го разбере јазикот на вонземјаните и ќе сфати дека тој е нелинеарен, Луис почнува да го перципира времето на различен начин и ја дознава својата иднина. Таа ја прифаќа својата судбина, се венчава со Иан и ја раѓа нивната ќерка.rn

    3. Господин Никој (Mr. Nobody)

    rn(3)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnСекој ја сфаќа филозофската порака на филмот на свој начин, но филмот се обидува да каже едно нешто: Изборот на личноста треба да доаѓа од срцето. Изборот не треба да биде поради притисокот од опкружувањето и луѓето. Немо, кој ги знае сите можни варијанти на неговиот живот, не ги одбира 2-те кои му се понудени од родителите, туку добива нова, 3-та варијанта која е само негова. Токму оваа одлука му носи среќа на Немо и му помага да ја запознае Ана.rn

    4. Ноќни животни (Nocturnal Animals)

    rn(4)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnРоманот кој Едвард ѝ го праќа на Сузан е всушност неговата одмазда. За него загубата на неговата сопруга и нероденото дете е споредлива со загубата на главниот лик од романот. Тој ја споредува Сузан со криминалците од неговиот роман. Се разбира, Едвард немал намера да се сретне со Сузан. Сè што сакал да направи е да ја натера да зажали за својот избор и да ја повреди. Таа ја сфаќа неговата цел и можеби ќе почне да биде искрена кон себе.rn

    5. Мементо (Memento)

    rn(5)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnОвој филм раскажува приказна за законот за одмазда: Око за око, заб за заб. Трагедијата на Ленард е помирувањето со Семи Џенкис. Главниот лик мисли дека одмаздата ќе го ослободи од болката која настанала како резултат на смртта на неговата жена. Но тој се лаже и неговото страдање станува уште полошо. Но што да прави Ленард кога речиси „нема време“? Во последните сцени од филмот го гледаме како ја држи мртвата сопруга во неговите раце, а на неговите гради има истетовирано „Јас го направив тоа“. Овде станува јасно дека ќе се справи со ситуацијата.rn

    6. Само љубовниците опстануваат (Only Lovers Left Alive)

    rn(6)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnВо овој филм има неколку скриени значења. Главните ликови не се само интелектуалци, туку тие се и бесмртни. Оваа комбинација може да му стане здодевна на секого. Па, режисерот го поставува прашањето: Дали можеби среќата е во квалитетот, а не квантитетот? Само љубовта која ја имаат еден кон друг и љубовта кон животот може да ги одржи главните ликови во живот. Само овие чувства можат да ги спасат ликовите во вечноста.rn

    7. Дони Дарко (Donnie Darko)

    rn(7)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnОвој филм е од оние кои секој си ги сфаќа на свој начин, но постои едно „толкување“ кое ги надминува сите. Ова е приказна за тинејџер кој се бори со силите кои го водат кон неговата смрт. Главниот лик не сака и не може да ја прифати својата немоќ и како резултат на тоа ја прифаќа неговата смрт како жртва за спасението на светот.rn

    8. Уривање (Demolition)

    rn(8)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnНесреќите се можеби движечката сила на животот и на овој филм. Смртта на сопругата на главниот лик е несреќа. Разбирањето на Дејвид за неговата нечувствителност е несреќа. Несреќа го „рестартира“ неговиот живот и го носи до Керен. Нема сценарио во животот освен она кое го создаваме самите. А главниот лик помислува на ова дури кога детално го анализира својот живот.rn

    9. Евтини приказни (Pulp Fiction) и Убиј го Бил (Kill Bill)

    rn(9)znachenjeto-na-9-filmovi-koe-malkumina-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnДали се сеќавате на сцената од Евтини приказни кога Миа му кажува на Винсент дека била во некоја серија? Според сценариото, имало 5 женски агенти – русокоса командантка, Јапонка која е кунг фу мастер, Афро-американка, Французинка и ликот на Миа (најсмртоносната жена со нож во рацете). Ликовите од серијата во Евтини приказни се премногу слични на оние од Убиј го Бил, а невестата всушност е Миа. Можеби на крајот би требало да напишат дека актерката е Миа Волас, а не Ума Турман.rnrnПогледнете ги и овие филмови чие значење веројатно не сте го сфатиле.

  • 10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле

    10 филмови чие вистинско значење (најверојатно) не сте го сфатиле

    Одвреме-навреме фановите на филмови не можат да разберат зошто некој обичен филм им оставил таков силен впечаток. Причината за ова е тоа што добро направените филмови многу често имаат филозофска основа која има ефект на вашата потсвест. Но овој ефект не можете да го забележите без анализирање. Погледнете ги 10-те познати филмови кои имаат некое скриено значење.rn

    1. Лудиот Макс: Пат на бесот (Mad Max: Fury Road)

    rn(1)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnЛуѓето често не го бараат подлабокото значење во акционите филмови. Но од психолошка гледна точка, сите ликови во Лудиот Макс се рефлексија на разните делови од нашите особини. Нивното бегање ги претставува нашите стравови, зелената Земја нашите соништа, а нивното патување е трансформацијата на нашата личност. Токму поради ова овој филм може да ве обнови и да ве ослободи од скриените емоционални стапици.rn

    2. Шиндлеровата листа (Schindler’s List)

    rn(2)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnМалото девојче со црвениот фустан кое го гледаме во Шиндлеровата листа е рефлексија на основната идеја зад филмот. Самиот Стивен Спилберг изјавил:rn

    „Во САД, Англија и Советскиот сојуз, луѓето знаеја за холокаустот. Но никој не направи ништо. Не преземавме ништо за да го сопреме овој безмилосен марш на смртта. Ова било огромна катастрофа која сите ја видоа, но никој не направил ништо за неа.“

    rn

    3. Интерстелар (Interstellar)

    rn(3)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnВнимателните гледачи можеби забележале дека во филмот има две главни бои. Светло сина (симбол за вечноста и небото) и боја на песок (симбол за Земјата и времето). Ликовите го променуваат нивниот изглед во зависност од тоа кој симбол го претставуваат. Филмот е создаден околу митолошка структура – сон за рај, борбата на обичните луѓе со хаосот и спасување. Но и покрај оваа епска митологија, ликовите кои ги гледаме се обични луѓе, а ова ви остава силен впечаток.rn

    4. Островот Шатер (Shutter Island)

    rn(4)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mkrnrnОд самиот почеток на филмот, режисерот ни дава до знаење дека главниот лик е пациент во менталната установа. Забележете ги ограничувањата во собата на детективот, лицата на полицајците, недостатокот од сериозност на медицинските сестри, несмасноста на госпоѓица Кернс. На крајот главниот лик ја сфаќа вистината, но бидејќи не може да ја поднесе болката се согласува за лоботомија.rn

    5. Господин Никој (Mr. Nobody)

    rn(5)10-filmovi-chie-vistinsko-znachenje-ne-ste-go-sfatile-kafepauza.mkrn

    „Сè не Земјата може да биде различно, но сепак ќе го има истото значење“

    rnОва го кажува Немо бидејќи суштината на секое нешто останува иста без разлика колку тоа нешто се менува. Немо е уникатна личност која се концентрира до степен на неповрат и ги гледа сите можни исходи од промените. Откако сфаќа дека сите верзии на животот со мајка му се опкружени со емоции, а сите верзии на животот со татко му се засновани на причина, тој се одлучува за трет избор – индивидуален. Ова е симбол за индивидуалното созревање.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Најголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување

    Најголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување

    Дали поимите духовен пат и духовно патување сте ги користеле како да значат едно исто нешто? Всушност, овие два поими значително се разликуваат. Препознавањето на разликата помеѓу нив е многу важно за вашата духовна мисија. Па, погледнете за која разлика станува збор.rn

    ДУХОВЕН ПАТ

    rn(1)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mkrn

    1. Духовниот пат е вашиот начин на живеење

    rnДуховниот пат е начин на живот кој сте го одбрале со цел да постигнете нешто. Може да биде лош и добар. Од многуте избори кои треба да ги направите, вие секогаш ја имате слободата да се свртите и да тргнете во друга насока. Менувањето на патот е опција која ја имаат сите.rn

    2. Изборите се ограничени во физичкиот живот

    rnНа духовниот пат, вие можете да правите избори само за вашиот физички живот. Овде спаѓаат одлуките кои ги правите секој ден, без разлика дали ви помагаат да ја стигнете главната цел.rn

    3. Духовниот пат се однесува само за овој живот

    rnДуховниот пат е начинот на кој го живеете овој физички живот. Сите ваши избори се дел од него. Тој е збир од одлуките кои ја одредуваат вашата карма. Понекогаш вашите одлуки се добри, а понекогаш не. Сè зависи од тоа колку сте сакале да научите некоја лекција во вашиот живот.rn

    ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ

    rn(2)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mkrn

    1. Го одбирате духовното патување пред да го почнете животот

    rnДуховното патување е слично со патот, но го одбирате пред да го започнете циклусот на животот. Постои период помеѓу смртта на едно тело и раѓањето на друго. Во овој период вие размислувате за вашите минати животи и одлучувате како и каде ќе го продолжите духовното патување, сè со цел да созреете.rn

    2. Духовново патување е резултат од лекциите кои сакате да ги научите

    rnОва патување е составено од изборите кои правите помеѓу вашите животи. Овде одлучувате кои лекции ќе ги научите во следниот живот. Овие избори се ваши и со слободна волја. Кога ќе се одлучите, вие тргнувате по духовниот пат.rn

    3. Духовното патување ги покрива сите ваши животи

    rnОва е патување кое почнува со вашиот прв здив и трае сè додека не станете едно со универзумот. Ги содржи животите кои поминале, но и оние кои допрва следуваат. Целта на секое патување е созревањето на вашата душа за повеќе да нема потреба да се манифестира во физичка форма. На ова патување вие искусувате многу физички животи со многу духовни патишта.rnrn(3)najgolemata-razlika-pomegju-duhovniot-pat-i-duhovnoto-patuvanje-kafepauza.mkrnrnНајголемата разлика помеѓу духовниот пат и духовното патување е тоа што едното се фокусира на созревањето на душата во само еден живот, додека другото на созревањето на душата низ сите животи. Вие одбирате многу духовни патишта за да ја постигнете вашата животна цел и да го завршите духовното патување.rnrnПрочитајте и која е важноста на духовноста во животот на човекот.

  • Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

    Дознајте која боја припаѓа на месецот во кој сте родени и зошто е важно да ја имате во животот

    Дали сте забележале дека некои бои ви пријаат повеќе од останатите? Боите може да откријат нешто скриено во вас, а со тоа се занимава бојострологијата (colorstrology). Месецот во кој сте родени често се поклопува со бојата која ви е омилена, а исто така сугерира и со која нијанса би требало да се опкружите за да постигнете рамнотежа во вашиот живот. Еве која боја е врзана за вашиот месец на раѓање и кон која треба да се свртите.rnrnrn

    Јануари – Боја на карамела

    rnОваа боја зрачи со логика, цврстина, практичност и истрајност. Кога ќе почувствувате потреба за одговорност и стабилност опкружете се со оваа боја. Таа ве поттикнува да испловите и да ги остварите сопствените амбиции користејќи дисциплина и упорност.rn

    Февруари – Јоргован или виолетова боја

    rnОваа боја ја поттикнува инспирацијата, мечтата и позитивноста. Препуштете ѝ се кога ќе се чувствувате дека сте емоционално заробени, бидејќи токму таа може да ви помогне да се ослободите и да го пуштите она што ве гуши. Ви помага да го видите најдоброто во луѓето и да ги доживувате луѓето во вашата околина како ваше семејство.rn

    Март – Сино-сива боја

    rnОваа боја зрачи со емпатија, интуиција и суптилност, а треба да ја изберете кога ви е потребна инспирација или кога ви е потребно да се разведрите. Помага да се воочи разликата помеѓу свесното и несвесното.rn

    Април – Боја на црвена пиперка

    rnБоја која е енергична, храбра и огнена и која ви е потребна кога ќе останете без енергија и ќе се чувствувате несигурно. Ви дава ентузијазам и желба за победа, бидејќи таа дава сила и храброст кога се во прашање различните спортови и натпревари.rnrn2-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    Мај – Зелена боја

    rnОваа нијанса на зелена боја овозможува стабилност, просперитет и виталност што пак ви создава баланс помеѓу силата и ранливоста.rn

    Јуни – Златно-жолта боја

    rnОваа нијанса е стимулативна, позитивна и енергична. Посебно е важна во моментите кога ви е потребна помош во комуникацијата со другите или за подобрување на меморијата. Таа е прозрачна и преполна со позитивна енергија.rn

    Јули – Корално-црвена боја

    rnОваа боја е нежна, сензибилна и блага. Кога ви е потребно емоционално лечење, љубов и грижа, особено после некои тешки трауматични случувања или промени, оваа боја може многу да ви помогне. Укажува на женствена енергија и помага да привлечете љубов и убави работи во животот.rn

    Август – Сончево-портокалова боја

    rnБојата е силна, моќна и зрачи со самодоверба. Свртете се кон неа ако се чувствувате беспомошно, несигурно или ако ви треба поголема креативност и радост. Толку силна и моќна, оваа боја зрачи со својата големина и цврстина.rnrn3-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    Септември – Виолетово-сина боја

    rnОваа боја е уметничка и зрачи со мудрост и разумност. Таа е задолжителна кога ви треба мир и помош при организирање на вашиот живот. Виолетово-сината боја е примамлива и посебна, и зрачи со убавина, чистота и мудрост.rn

    Октомври – Морско-сина боја

    rnБоја која е балансирана и смирувачка, тука е да ви помогне кога ви е потребен мир и смиреност, односно добар баланс помеѓу она што го примате и давате. Задолжителна е кога се во прашање мирот и смиреноста, бидејќи ве поттикнува да бидете посилни и поодлучни при донесувањето на одлуки.rn

    Ноември – Бордо

    rnИ таа е интензивна, страсна и мотивирачка. Тука е кога ви е потребна помош во одредена фаза од животот или надминување на нешто што ве кочи на емотивниот план. Кога ќе посакате да го зголемите сексуалното возбудување, сетете се на оваа боја. Поттикнува љубов, сила и најдлабоки чувства.rn

    Декември – Тиркизна боја

    rnОваа боја поттикнува мудрост и просветлување, а задолжителна е кога патувате, истражувате или барате некоја нова мистериозна авантура. Длабока и духовна, тиркизната боја симболизира голема мудрост, вистина и оптимизам.rnrn4-doznajte-koja-boja-pripagja-na-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-i-zoshto-e-vazhno-da-ja-imate-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_rnrnДодека сме кај боите, погледнете што значи бојата на вашата аура.

  • Одберете симбол и откријте го неговото значење

    Одберете симбол и откријте го неговото значење

    Симболите се моќни оружја на магиите. Нивното значење е вкоренето длабоко во човечката потсвест, па токму од таму тие ја добиваат својата моќ. Следниве 6 симболи се познати како едни од најмоќните. Тие се користени со векови во многу разни ритуали. Постои верување дека секогаш нè привлекува оној симбол кој ни е потребен во моментот. Па, одберете еден од нив и откријте што тој има да ви каже.rnrnodberete-simbol-i-otkrijte-go-negovoto-znachenje-kafepauza.mkrn

    1. Хорово око

    rnХоровото око, познато и како Удјат, е еден од најпрепознатливите симболи од древен Египет. Ако овој симбол ви го привлече вниманието, вам ви е потребна заштита. Окото ја претставува одмаздата на Хор против Сет, кој го дестабилизирал владеењето на неговиот татко, Озирис. Окото на Хор е персонификација на сè присутниот Бог, односно на фактот дека Бог постојано нè гледа.rn

    Што да правите?

    rnМожете да побарате помош и заштита од вашиот ангел чувар, или од универзумот. Можете и да направите некаков ритуал кој ќе ве ослободи од негативната енергија. Или пак, направете што било во коешто верувате и што ќе направи да се чувствувате безбедно.rn

    2. Лавиринт

    rnЛавиринтите биле создадени со цел да го заштитат она што се наоѓа во нивниот центар. Во митовите тоа е Минотаурот. Ако се обидеме да го толкуваме значењето на лавиринтот, можеме да кажеме дека тој ни помага да ја пронајдеме нашата вистинска природа, нашиот духовен центар или нашиот Бог. Лавиринтите биле создадени за да ги измамат демоните со тоа што ќе ги заробат во нивниот центар. Ако овој симбол ви го привлече вниманието, вие треба да го пронајдете вашиот внатрешен центар. Лавиринтите се користеле за разни ритуали на Крит, каде што свештениците танцувале во нив сè додека не стигнеле до некоја екстаза која ги поврзувала со универзумот.rn

    Што да правите?

    rnАко вашиот избор е лавиринтот, голема е веројатноста дека сте изгубени. Напорната работа, натрупаниот распоред и заморниот животен стил ве оддалечиле од вашата духовност. Пронајдете го вашиот внатрешен мир. Потребно е да го пронајдете вашиот духовен центар.rn

    3. Тризабец

    rnТризабецот е симбол за силна и света патријархална фигура. Ова е симболот на богот Шива од Хиндуизмот, како и на богот Посејдон од грчката митологија. Трите острици на копјето ги симболизираат трите очи, каде што средната острица го претставува третото око. Иако тризабецот бил демонизиран од страна на Христијаните, оригинално тој е симбол на изобилството, благословот и е алатка за отстранување на стравовите. Посејдон, братот на Зевс и Ад, бил еден од најмоќните богови во грчката митологија. Ако сте го одбрале овој симбол, вие треба да се ослободите од вашите стравови и да ја вратите вашата духовна доминација во астралниот свет.rn

    Што да правите?

    rnМора да му покажете на светот дека не ви е страв. Вие сте слободни и никој не може да ви нанесе зло. Искористете ја моќта на тризабецот за да ги отстраните вашите стравови.rn

    4. Трискелион

    rnБројот 3 отсекогаш се сметал за магичен и свет. Кај трискелионот темелите на нашето тело се силите на промената, поминувањето низ пречките и „скокањето“ преку физичките и духовните граници. Ако сте го одбрале овој симбол, вие мора да се ослободите од границите на вашиот физички живот. Трискелионот е персонификација на креативната сила на сонцето, a сончевите сили ни помагаат да созрееме. Трите краци на овој симбол создаваат „неприродна“ сила која може да се искористи за да се создаде реалноста која ја сакаме.rn

    Што да правите?

    rnИскористете ја вашата способност да ја создадете својата реалност. Верувајте во себе, а ова ќе ја зголеми вашата позитивна енергија.rn

    5. Уроборос

    rnУроборосот е симбол кој многу бил користен од Гностиците, но во средниот век грешно бил поврзан со црната магија. Изгледа дека овој симбол бил свет амблем во Фригија, во првите векови пред нашата ера. Вистинското значење на овој симбол е потсетување за кармата и за бескрајниот континуум „време – акција – реакција“. Ако ова е симболот кој ви го привлече вниманието, треба да ја погледнете вашата карма. Потребно е да направите некаква промена бидејќи сте заробени во јамка во која ништо не се менува. А ништо не се менува, бидејќи тоа е ваш избор. Кога ќе го срушите кругот на уроборосот ќе излезете од јамката и ќе почнете да го живеете животот кој го заслужувате.rn

    Што да правите?

    rnНаједноставно е да откриете што е она кое постојано го правите а знаете дека е грешно. Променете го вашиот пристап кон ситуацијата која ве кочи за да излезете од бескрајниот круг.rn

    6. Бумбар

    rnБумбарите ги положуваат своите јајца во мртвите тела на други животни. Од смртта тие успеваат да создадат живот, и токму поради ова Египќаните сметале дека доаѓаат од мртвите, од подземјето или пак, дека се направени од материи од подземјето. Ако го одбравте овој симбол, вам ви е потребна мудроста на вашите предци. Бумбарот исто така се поврзува со воскреснувањето, новото раѓање и реинкарнацијата. Овие „живи“ симболи се користеле во ритуали за здравје и долговечност. Овој симбол означува дека вие сте жедни за виталност.rn

    Што да правите?

    rnТреба да најдете начин да ја обновите вашата енергија. Најдобар почеток е промената во исхраната и физичката активност. Ако имате какви било симптоми, посетете го и вашиот лекар. Бумбарот ве повикува да се грижите за себе, но и да ги запомните вашите предци.rnrnАко сакате да откриете нешто повеќе за себе, погледнете го овој тест кој ќе ви одземе само 2 минути.

  • Тајните на броевите: Што открива датумот на вашата венчавка за иднината на бракот?

    Тајните на броевите: Што открива датумот на вашата венчавка за иднината на бракот?

    Според нумерологијата, секој од нас има свој личен број што му влијае на целокупниот живот. Ако сте во брак, тогаш имате и свој венчален број што може да открие многу за иднината на вашата брачна заедница. Исто како што до личниот број се стига преку собирање на броевите од датумот на раѓање, така и до венчалниот број се стига со собирање на броевите од датумот на вашата венчавка. Овој број можете да го пресметате дури и ако сè уште не сте во брак, но веќе имате закажано датум за вашиот голем ден.rnrntajnite-na-broevite-shto-otkriva-datumot-na-vashata-venchavka-za-idninata-na-brakot-www.kafepauza.mkrnrnНа пример, ако сте стапиле во брак на 27.09.2008 година, вашиот венчален број ќе го добиете на следниот начин:rnrn2 + 7 + 9 + 2 + 8 = 28rnrn2 + 8 = 10rnrn1 + 0 = 1rnrnВашиот венчален број во овој случај би бил 1. Епа ајде, пресметајте го вашиот број и пронајдете го неговото значење подолу…rn

    Број 1

    rnИ двајцата брачни партнери имаат голема желба нивниот брак да успее, дури иако претходно имале несогласувања што значително влијаеле на динамиката на љубовниот однос. Вие се сакате еден со друг, постојано сте нежни кога сте заедно и барате односот да ви биде полн со меѓусебна доверба. Вашата визија за иднината е мирно заедништво. Иако пред бракот и за време на веридбата добро сте се запознале и мислите дека знаете сè еден за друг, сепак бидете отворени за идејата дека партнерот би можел да се промени како дел од животниот тек, исто како и вие, и дека тајната на долгиот брак е заедно да растете и да се развивате. Ова ќе го постигнете со многу компромиси и искрени разговори.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во разбирањето и флексибилноста!rn

    Број 2

    rnЕдинственото место на кое во секој момент пронаоѓате засолниште од сите проблеми е вашиот дом. Вие сте партнери што уживаат да минуваат време дома, во друштвото на своите најмили. И додека за некои гледањето серии на каучот може да биде знак за досада, вие едноставно знаете да го цените секој момент поминат со саканата личност и наоѓате задоволство дури и во најобичните и најсекојдневните заеднички случувања. Имате силен родителски инстинкт и одлично се снаоѓате со децата.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во одржувањето на блискоста и сигурноста во домот!rn

    Број 3

    rnСемејството отсекогаш ви било на прво место на листата со приоритети. Вие го замислувате бракот како мала заедница што постепено треба да се шири, а во вас има доволно љубов за големо семејство. Секогаш се грижите за сигурноста на најблиските и имате голема желба да ги поддржите финансиски вашите потомци, па затоа и неретко ги жртвувате своите уживања само за нив.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во подготвеноста да се откажете од нешто за доброто на другите!rn

    Број 4

    rnВие сте споени со допир од судбината. Неверојатно е како сте се нашле – постојано се надополнувате и едноставно успевате да ги исполните сите меѓусебни емотивни потреби, што најчесто предизвикува љубомора кај пријателите. Сакате сè поединечно да остварите, но исто така имате и заеднички цело за кои сте подготвени многу да работите, а ако биде потребно и да преземете големи финансиски ризици. Сакате детално да ја планирате својата иднина и ништо не препуштате на случајноста.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во заедништвото и разумното менаџирање на парите!rn

    Број 5

    rnВие сте авантуристички пар. Додека некои најмногу уживаат во сигурноста на сопствениот дом, вие редовно создавате авантури и преземате големи ризици што ви ја исполнуваат врската со многу возбуда. Секогаш сте подготвени на борба против монотонијата и досадата, па редовно се впуштате во различни активности, како поединечно така и во пар. Обожавате да минувате време заедно, но исто така ви треба и време за себе. Вие сте едни од оние брачни парови кои дури и во длабоката старост ќе ги одушевуваат луѓето околу себе со активниот живот.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во спонтаноста, лојалноста и постојаната желба за промена!rn

    Број 6

    rnНикој не ги решава брачните расправии побрзо од вас, без разлика дали се работи за секојдневни ситници или пак, за поголеми проблеми. Тоа е резултат на вашата напорна работа од првиот ден на бракот. Важна ви е квалитетната комуникација и можноста во секое време да се доверите еден на друг. Затоа не ги туркате проблемите под тепих и во истиот момент штом се појават ги решавате. Не сте спонтани, повеќе сакате да планирате сè во вашиот живот.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во негувањето на идеалистичкото верување во љубовта!rn

    Број 7

    rnНе го гледате светот со розови очила и свесни сте дека не постои идеален брак. Попрво би ја замениле романтиката со реалност, бидејќи сте практичен брачен пар што со двете нозе цврсто стои на земја. Вие сте многу сталожени кога станува збор за љубовниот однос и подготвени сте на сите потенцијални проблеми. Како поединци го цените чувството на слобода, па истото го очекувате и во бракот. Тоа не значи дека не верувате во љубовта, баш напротив. Вие верувате дека во љубовта секој треба да чувствува слобода, па затоа и не би стапиле во брак доколку личноста не ги има истите верувања.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во мирната реакција на промените и меѓусебното ценење на потребите.rn

    Број 8

    rnКомпатибилни сте од самиот почеток на врската, а со стапувањето во брак дополнително сте го зацврстиле вашиот однос. Финансиската сигурност ви е од особена важност и вие сте оној вид брачен пар што би можел да почне заеднички бизнис, долгорочно успешен како и вашиот брак. За добриот брачен однос пред сè можете да му се заблагодарите на заедништвото и на меѓусебната доверба што ве мотивира.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во подготвеноста за соочување со предизвици и финансиската стабилност.rn

    Број 9

    rnВе движи вербата во љубовта – вие едноставно верувате во бајки. Но тоа не значи дека сте слепи во љубовта. Баш напротив, целосно сте свесни за сите проблеми што се појавуваат и подготвени сте на сè за да го одржите вашиот брак. Откажувањето не е опција за вас и искрено верувате дека можете да ги надминете сите проблеми доколку и двете страни ја покажат соодветната волја.rnrnУспехот на вашиот брак се крие во лојалноста.rnrnПрочитајте и што открива личниот број за вашиот карактер.

  • Што значи бојата на вашата аура?

    Што значи бојата на вашата аура?

    Сите живи суштества на кои им е потребен кислород имаат аура. Тие генерираат магнетна енергија која може да биде почувствувана, па дури и видена околу физичкото тело. Ние секогаш знаеме кога некој е гневен или пак кога се чувствува убаво. Нема потреба од никакви психички моќи за да можете да почувствувате нечија аура.rnrnshto-znachi-bojata-na-vashata-aura-kafepauza.mkrnrnАко некој помине многу близу до вас, тој може ненамерно да „украде“ дел од вашата енергија. Ако некој ненадејно ве фати за рака, тој го прекинува протокот на енергија околу вашето тело. Пример за ова е кога разговарате со некој и кога мислите дека тој стои премногу блиску до вас, па затоа малку се оддалечувате.rnrnОбично аурата е на 90 сантиметри од вашето тело, но кај жртвите на насилство таа може да биде и до 1.000 сантиметри широка. Аурите често се поврзуваат со луѓето, но всушност секое живо суштество ја генерира оваа енергија. Аурата може да ни даде увид кон духовната, емоционалната и физичката состојба на одредена личност. Погледнете го и значењето на секоја боја.rn

    Црвена аура

    rnЛуѓето со црвена аура секогаш бараат нова авантура. Тие се авантуристи кога станува збор за храна, патување, па дури и сексуални партнери. Нивната мантра е: „Сè ќе пробам барем еднаш.“ Поради овој пристап кон животот, често може да се најдат во непријатна ситуација. Овие луѓе исто така лесно се разбеснуваат, дури и за најмали работи. Но, тие секогаш ќе ви помогнат кога е потребно. Обично имаат силно тело и силен ум и ретко се случува да се разболат. Поради одличното здравје, многу често овие луѓе се добри спортисти. rnrnБрзо им станува здодевно, па постојано бараат нови проекти и врски. Често ги оставаат работите незавршени, но ако нешто навистина сакаат, се држат до тоа и имаат големи шанси за успех. Луѓето со црвена аура се директни и не се плашат да го кажат своето мислење. Обично немаат скриени мотиви и она што го гледате е она што го нудат. Овие личности имаат потреба да бидат први. Нивната натпреварувачка природа секогаш ги мотивира и поради тоа ги очекува голем успех.rn

    Жолта аура

    rnЖолта аура имаат луѓето кои се логичари, аналитичари и кои се многу интелигентни. Тие најмногу успеваат како професори или научници. Работат многу напорно и често се случува да ја ставаат работата пред нивните лични врски. Овие луѓе уживаат во своето друштво и не страдаат од осаменост. Склони се кон проблеми со менталното здравје и може да бидат повлечени и депресивни кога се под стрес. Луѓето со жолта аура имаат одлични вештини за комуникација, веруваат во своите способности и сакаат да ги инспирираат другите.rnrnТие се одлични набљудувачи и лесно ги читаат другите. Поради ова, внимателно ги избираат нивните пријатели. Не се плашат да експериментираат со нови идеи и оригинални концепти. За некои овие луѓе изгледаат чудно и необично. Овие луѓе се привлечени од сè што е необично и мистериозно. Нивната лоша особина е тоа што се премногу критички настроени кон себе и кон другите.rn

    Розова аура

    rnОвие луѓе сакаат да даваат и да помагаат. Секогаш се грижат за своето здравје, внимаваат на исхраната и редовно вежбаат. Тие се романтичари и штом ќе ја пронајдат својата сродна душа, остануваат верни до крај. Тие се природни исцелители и ги чувствуваат потребите на другите. Имаат многу креативни идеи и бујна фантазија. Поради ова, тие се одлични писатели. rnrnЛуѓето со розова аура мразат неправда и конфликти. Секогаш се обидуваат да го направат светот подобро место, па ако треба, тие дури и се жртвуваат. Дисциплинирани се и секогаш имаат високи очекувања од другите. Сите ги ценат поради нивната искреност.rn

    Зелена аура

    rnЛуѓето со зелена аура се креативни и вредни. Тие бараат совршенство во сè што прават. Не дозволуваат да бидат надвладеани од нереални соништа и идеи. Нивната креативност ја искажуваат преку градинарство, готвење и дизајнирање. Овие луѓе ја забележуваат убавината и секогаш се трудат нивниот изглед и нивниот дом да бидат практични и убави. rnrnЛуѓето со зелена аура многу често се популарни и почитувани. Тие се успешни бизнисмени и многу често се богати. Сакаат сигурност и рамнотежа во нивниот живот. Пријателите на овие луѓе секогаш се третирани со почит.rn

    Портокалова аура

    rnОвие луѓе сакаат да бидат во друштво на други и сакаат да ги задоволуваат другите. Најчесто ги даваат најдобрите подароци бидејќи секогаш размислуваат за нив. Тие се добри и искрени и ги чувствуваат емоциите на другите. rnrnЛуѓето со портокалова аура може да бидат многу шармантни, но овој шарм произлегува од нивната чувствителност. Понекогаш овие луѓе лесно избувнуваат, но многу е лесно да им простите бидејќи секогаш се извинуваат искрено. Многу често се среќни и успешни. Нивна лоша особина е тоа што многу често брзаат без да размислат за последиците.rn

    Виолетова аура

    rnОва се луѓе со психички моќи и се многу чувствителни. Луѓето кои имаат виолетова аура се сметаат за мистериозни и таинствени. Тие имаат филозофски, интуитивен ум. Сакаат да учат и никогаш не престануваат да истражуваат. Поради ова, тие се навистина интересни луѓе со многу знаење. rnrnНемаат многу пријатели, но оние кои ги имаат се ценети и сакани. Овие луѓе обично немаат среќа во љубовта, но штом ќе ја пронајдат сродната душа, вистински ја љубат. Тие се чувствуваат поврзано со животните и природата, и ги чувствуваат емоциите дури и на животните.rn

    Сина аура

    rnОваа боја е најретка. Луѓето кои ја имаат се едни од највештите во комуникацијата. Тие умеат да ги искажат своите мисли, идеи, погледи и концепти на многу привлечен начин. Тие се одлични писатели, поети и политичари. Луѓето со сина аура се исто така многу интелигентни и интуитивни. Лесно донесуваат тешки одлуки, добро се организирани и секогаш ги мотивираат и инспирираат другите. rnrnМожат да ја смират секоја ситуација и ја ценат искреноста во нивните врски. Лошата страна на овие луѓе е тоа што се справуваат со премногу, стануваат зависни од работата и ги запоставуваат нивните лични врски.rn

    Златна аура

    rnОвие луѓе се љубители на убавината и се одлични уметници. Тие ги ценат убавите работи во животот и се опкружуваат со нив. Сакаат да ги забавуваат другите и уживаат во големо друштво. Луѓето со златна аура се привлечни и сакаат да го привлекуваат вниманието на многумина. Но, за возврат секогаш одвојуваат дел од нивното време, енергија и љубов. rnrnШармот кој го имаат само додава вредност на нивната привлечност. Тие се одлични слушатели и секој се чувствува важно и ценето во нивно друштво. Тие не сакаат да бидат критикувани и се обидуваат да ги сокријат своите недостатоци на кој било начин. Тие се многу горди и независни, и не сакаат да бараат помош од другите.rn

    Бела/сребрена аура

    rnЛуѓето со сребрена аура се многу надарени. Користењето на овие дарови е нивна животна лекција. Тие се чувствителни, интуитивни и имаат психички моќи. Можат да го користат своето разбирање на духовноста на многу практичен начин. Поради ова, тие ги разбираат речиси сите луѓе, па најчесто се советници или учители. rnrnЛесно донесуваат одлуки и веднаш реагираат кога има некој проблем. Луѓето со оваа аура се привлечни и имаат многу обожаватели. Но, тие исто така се внимателни и претпазливо ги одбираат своите пријатели и љубовници. Овие луѓе изгледаат убаво, имаат добар карактер и многу таленти. Успехот лесно доаѓа кај нив.rn

    Кафеава аура

    rnСветло кафеавата боја на аурата укажува на збунетост или обесхрабреност. Недостаток на самодоверба или страв. Темно кафеавата аура укажува на себичност и склоност кон лажење.rn

    Црна аура

    rnЦрната аура укажува на омраза, негативност, некоја болест или депресија, мизерност. Оваа боја секогаш е лош знак.rnrnСега кога го знаете значењето на боите, научете и како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите.rn