Дали сте знаеле дека е доволно вашето бебе само еднаш барем малку да изгори на сонце и на тој начин двојно повеќе да му се зголеми ризикот за развој на рак на кожата во повозрасната доба? Звучи застрашувачки, но младата и нежна кожа е посебно чувствителна на штетните сончеви зраци и поголемиот дел од оштетените клетки се создаваат во детството кога кожата е тенка, а пигментацијата и имуниот систем се сѐ уште во развој. Затоа ви откриваме како е најдобро да го заштитите вашето бебе и да не направите некоја од овие грешки што остават сериозни последици.rnrn
rnrn
1. Нанесување крема со заштитен фактор откако ќе пристигнете на плажа
rnПоголемиот дел од луѓето не се свесни дека на кожата ѝ е потребно време да ја впие кремата за заштитниот фактор да почне да делува. Дотогаш, кожата не е заштитена од штетното УВ зрачење, и ова важи за поголемиот дел од кремите за сончање, дури и за оние кои се наменети за деца. Па така, некои од нив нудат моментално и доста високо ниво на заштита од сончевите изгореници и долготрајни оштетувања на кожата, но сепак децата би требало да ги намачкате со крема барем 30 минути пред одењето на плажа.rnrnСовет плус: Кремата нанесувајте ја на секои два часа за да бидете сигурни дека бебешката чувствителна кожа е потполно заштитена.rn
2. Кремата со заштитен фактор СПФ 50 не е идеалното решение
rnПоголемиот дел од родителите сметаат дека кремата со заштитен фактор 50 е идеална за бебешката кожа, но всушност овие креми имаат многу повеќе хемикалии и штетни состојки за младата и нежна кожа, а притоа не гарантираат целосна заштита. СПФ ознаката говори за тоа колку кремата што ја користиме е ефективна во однос на тоа колку долго може да нè заштити од сончевите изгореници. Па така, ако кожата започне да црвенее после 10 минути изложување на сонце, кремата со заштитен фактор СПФ 25 го зголемува тоа време за 25 пати. Тоа значи дека кожата на детето која е намачкана со крема со СПФ 25 ќе биде заштитена околу 250 минути. Сепак, експертите советуваат дека доенчињата и децата помлади од три години не треба да ги изложувате на сончеви зраци, а исто така задолжително е да нанесете крема и на подрачјето на главата, ушите, вратот и рацете, бидејќи ова се делови од телото кои се особено изложени и чувствителни.rnrn
rn
3. Кремата не е доволна
rnБез разлика колку кремата за сончање е добра и квалитетна, кога се малечките во прашање, никако не е доволно да се потпрете само на неа. Задолжително заштитете го вашето дете со шешир, соодветна облека, очила за сонце и чадор. Исто така, на плажата децата не би требало да си играат на сонце, туку под сенка, особено за време на најтоплите часови во денот.rnrnСовет плус: Избирајте водоотпорни средства за заштита од сонцето со заштитен фактор 30, бидејќи не само што ги штити децата кога се во вода, туку и заради тоа што може да се нанесат и на влажна кожа.rn
4. Како да ја заштитите вашата кожа?
rnСекако, на сонцето е важно да ја заштитите и вашата кожа. Немојте да заборавите освен кожата, да ја заштитите и вашата коса која сонцето може дополнително да ја оштети. Слободно побарајте некои производи кои освен што се наменети за лице и тело, да бидат наменети и за коса.

rnrnБадемите се одличен извор на витаминот Е кој помага во заштитување и обновување на кожата. Тие исто така содржат кверцетин кој го забавува стареењето на клетките на кожата со тоа што го раствора колагенот и го намалува појавувањето на лузни.rn
rnrnДоматите се нарекувани и природна заштита од сонце бидејќи содржат големо количество од антиоксидансот ликопен. Ликопенот е хранлива материја која се создава во растенијата и ги штити од штетите кои настануваат од природата и од УВ зраците. Тој исто така го намалува воспалението на кожата кое се јавува како резултат од изложеност на УВ зраците.rn
rnrnЛососот е богат со омега 3 масните киселини, а особено со еикозапентанонска киселина (EПА). Оваа киселина ја заштитува кожата од сонцето така што го продолжува времето кое ѝ е потребно да изгори.rnrnПреминете на 
rnrnНајдобриот начин да го сторите ова е доколку одберете огромен летен шешир! Ем ќе бидете во тренд, ем ќе го ограничите зрачењето од сонцето што ја разлабавува кожата на вашиот врат, а со тоа и ќе го подмладите.rn
rnrnДа, можете да купите и посебна крема, но нема потреба да давате дополнителни пари за тоа. Едноставно користете ја онаа крема што веќе знаете дека ви одговара на лицето и сѐ ќе биде во ред. Само внимавајте таа да содржи состојки како пептиди или ретинол бидејќи и двете се познати по стимулирање на колагенот во кожата.rn
rnrnОва е најдобрата позиција за спиење поради многу причини – една од нив е да се осигурите дека вратот ќе ви биде малку подигнат во текот на целата вечер. Ако спиете на стомак или на страна, ќе го притискате лицето и вратот на перницата и со тек на време ова ќе ја „истроши“ деликатната кожа во областа кај вратот и ќе предизвика линии.rn
rnrnБлагодарение на нашата зависност од Инстаграм, дерматолозите добиле сосема нов случај на прерано стареење! Ги знаете оние хоризонтални линии што се лесно исцртани на вашата кожа? Тие со тек на време стануваат подлабоки ако упорно зјапате во мобилниот. Најочигледниот начин да го спречите ова е доколку го држите мобилниот во линија на очите.
rn
rnrnОва се 25-те највообичаени лозинки кои најлесно може да бидат пробиени. Проверете дали и вашата се наоѓа меѓу нив и ако е на оваа листа, веднаш сменете ја за да се заштитите.rnrn
rn
rnrn
rnrn
rn
rn


rnrnДецата помлади од десет години се најмногу склони кон стекнување зависност и не смеат во текот на работната недела да користат никакви уреди. За време на викендот, компјутерите, телефоните и таблетите смеат да се користат помеѓу половина час и два часа. Децата на возраст од 10 до 14 години можат да користат компјутери во текот на работната недела, но само за домашни задачи.rnrnЛесли Голд, основач и директор на „Sutherland Gold“, вели дека во неговото семејство постои правило за забрана на сите екрани во текот на работната недела. Сепак, како што растат децата, мора да се прават некои исклучоци бидејќи компјутерите им требаат сѐ повеќе за учење.rnrnКога се во прашање смартфоните, голем број од експертите за технологија не им ги даваат на децата пред да наполнат 14 години.rn