КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • Како да ги заштитите децата за време и по разводот?

    Како да ги заштитите децата за време и по разводот?

    Разводот може да биде подеднакво стресен како за брачните партнери, така и за децата. Кога се соочувате со развод, се соочувате со нови стравови и предизвици. Покрај емотивните моменти, постојат и многу административни обврски, како што се прибирање на голем број документи, информации, организирање на нов буџет за иднината која што не сте баш сигурни што ви носи. Се трудите, колку што е можно, сè да одржите на некое „нормално“ ниво, најмногу заради вашите деца.rnrnДодека седите под облакот на несигурноста, низ главата ви се мотаат мислите како би издржале неколку дена или подолг период без вашите најмили, затоа што најчесто и двајцата родители добиваат старателство над децата. Доколку се наоѓате во ваква или слична ситуација, не очајувајте. Не сте сами. Имајте секогаш на ум дека многу луѓе прошле и проаѓаат низ овој тежок процес, кој со себе носи големи пресврти.rnrn(1) Како да ги заштитите децата за време и по разводот?rnrnДецата се сепак најранлива категорија и најчесто многу тешко го поднесуваат разделувањето на нивните родители. Затоа, потребно е со особено внимание да се однесувате кон нив, бидејќи во тие моменти се урива нивниот свет кој заеднички сте го изградиле во претходните години. Ви нудиме три совети како да им пружите најголема заштита на своите деца во еден од најтешките периоди во нивниот живот.rn

    1. Разводот не значи крај на чувството за семејство на вашето дете

    rnКога партнерите се одлучуваат на развод, најчесто ги преземаат сите мерки за да добијат старателство над децата и да го заштитат имотот којшто го стекнале. Ангажираат адвокати кои ги водат низ бракоразводниот процес, со кои одат на судови и се борат да дојдат до некаква „победа“. Но, доколку имате деца, не треба да размислувате на таков начин. Секогаш на ум имајте ги вашите најмили и нивните потреби.rnrnОбидете се со партнерот да се раздвоите со медијација и спогодба. Одлуките коишто ги донесувате во тој процес се од клучно значење за вашите деца. Не преземајте чекори кои можат да остават трајни последици врз нивната психа и здравје. Ставањето крај на бракот не треба да значи и уривање на сликата за семејство на вашите најмили. Издигнете се над личните потреби и докажувањата, и поставете ги вашите деца на приоритетното место.rn

    2. Не сте повеќе брачни партнери, но засекогаш ќе бидете родители

    rnКога се разведувате вие не престанувате да бидете родители на вашите деца. Разводот е единствено крај на бракот. Вие ставате крај на романтичната врска со вашата поранешна сопруга или сопруг, но останувате родители на вашите заеднички деца. Сосема е разбирливо да се чувствувате луто, вознемирено и изневерено, но тие чувства не смеете да ги рефлектирате врз вашите деца, затоа што вашиот однос кон партнерот/партнерката, не е однос што децата треба да го изградат кон таткото или мајката.rnrnВашата главна задача е создадете позитивна атмосфера во којашто вашите деца ќе се чувствуваат безбедни, истовремено овозможувајќи им најдобар однос со двајцата родители. Иако некогаш е тешко, изнаоѓањето заеднички јазик со вашиот поранешен партнер/партнерка и меѓусебното почитување се суштински за децата. Доколку тоа не можете да го постигнете сами, постојат голем број центри и терапевти кои можат да ви помогнат да изградите квалитетен родителски однос, преку кој на детето ќе му овозможите сигурност во неговиот живот меѓу двата нови дома.rn

    3. Запомнете, децата имаат потреба од двајца родители

    rnБракот не смее да значи крај на љубовта и топлиот однос на родителот кон своите деца. Родителите мораат да дадат сè од себе и во тешките бракоразводни процеси да не го изгубат по пат родителското чувство. Секој родител треба да се стреми да изгради цврста и нераскинлива врска со своето дете, затоа што единствено на тој начин, децата ќе успеат да ги надминат тешкотиите кои со себе ги носи разводот. Силната врска ќе ја зголеми нивната самодоверба, а на тој начин ќе се превенираат или ублажат психичките трауми со кои можат да се соочат децата.rnrnНе значи дека ќе бидете совршен родител, но обидете се да го постигнете тоа ниво. Исто така, не го осудувајте вашиот поранешен партнер доколку некогаш направи одредена погрешна одлука или чекор во врска со вашето дете. Потребно е да развиете однос на почитување, во кој централното место ќе го заземаат вашите најмили. Единствено на таков начин ќе успеете да го надминете разводот без поголеми последици врз вашето здравје и здравјето на вашите деца.

  • Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Во денешно време жените почнуваат да доминираат во многу животни области и почнуваат да се занимаваат со работи кои порано биле незамисливи според општеството. Темите кои некогаш биле табу, сега се секојдневие и сѐ повеќе се зборува за сексуалната рамноправност помеѓу мажите и жените. Иако сѐ уште постојат поделени мислења во врска со ова прашање, денес не е никаква тајна дека и жените уживаат во сексот и истиот редовно го практикуваат. Според тоа, воопшто не е чудно што и тие носат презервативи, туку напротив може да се смета за многу позитивна работа.rnrnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrnrnСепак многу млади девојки се срамат да носат кондоми со себе, бидејќи се плашат за тоа каков впечаток ќе остават. Сметаат дека ќе бидат осудени и дека момците ќе се почувствуваат загрозено ако дознаат дека и девојката е исто толку подготвена да има секс колку и тие. Меѓутоа, според една анкета машките реакции се сосема поинакви. Можеби ќе се изненадите, но ова се мислењата на момците за девојките кои со себе носат презервативи…rn

    Тие се самоуверени

    rn

    „Сметам дека тоа е позитивна работа, бидејќи девојката ја признава нејзината сексуалност, не се срами од неа.“

    rn

    Тие се опуштени

    rn

    „Мислам дека тоа е супер. Таа не го гледа сексот како нешто срамно, туку како природна потреба што сите ја имаме.“

    rn

    Се познаваат себеси

    rn

    „Според мене, тоа значи дека таа ги познава нејзините морални и етички вредности и водејќи се по нив донела активна одлука да биде одговорна.“

    rnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrn

    Се грижат за себе

    rn

    „Секоја девојка мора да се грижи за себе и своето здравје, така што нема апсолутно ништо лошо во тоа да внимава и да се заштити.“

    rn

    Секогаш се подготвени

    rn

    „Таа практикува заштитен и сигурен секс, што е супер.“

    rn

    Тие се одговорни

    rn

    „Убаво е да се знае дека целата одговорност не ни припаѓа само нам, туку и девојките ја преземаат и носат со себе презервативи.“

    rnОдговорноста за носење презервативи не треба да се дели според полот бидејќи и момците и девојките имаат иста цел: Да имаат сигурен и пријатен секс. Така што, девојки, воопшто не двоумете се дали да понесете презервативи со себе на вашиот иден љубовен состанок, никој нема да ве осудува поради тоа.

  • Топ 5 совети вашата коса да изгледа фантастично и за време на летото

    Топ 5 совети вашата коса да изгледа фантастично и за време на летото

    Сонцето и топлото време можат многу да ја оштетат вашата коса. Да не заборавиме и на морската вода, како и на хлорот од базените кои исклучително штетно влијаат врз неа. Но, доколку ги послушате советите кои следат, вашата коса ќе биде поубава и пожива од кога било порано.rnrn1-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Масло за коса

    rnМаслото за коса би требало да го регенерира сето она што сонцето и водата го исушиле. Исто така, тоа ќе помогне да се создаде „анти-фриз“ ефект.rn

    2. Фризурата како спас

    rnФризурата во бохо стил или лесна плетенка се сјајни решенија за оние моменти кога ќе сакате да изгледате убаво, а немате време за фенирање. Постојат толку многу комбинации, на пример, можете да ги сплетете само предните прамени, да ја сплетете целата коса во ниска плетенка, да направите некоја фризура со вметнати плетенки во неа и слично… Изборот е голем, а одлуката е ваша!rn

    3. Еднаш неделно, после миењето, нанесете маска за коса која регенерира

    rnКако што е наведено, еднаш неделно, ниту почесто, ниту поретко, после миењето на косата нанесете хранлива маска. На тој начин ќе ја вратите косата во живот. Меѓутоа, запомнете дека доколку имате бојадисана коса не смете да ја држите маската подолго од 10 минути, со цел да ја зачувате вашата боја. Од друга страна пак, доколку пливате во базен, маската ќе го задржи хлорот подалеку од вашите влакна.rnrn2-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пена за коса

    rnМожеби сте заборавиле колку пената за коса може да биде практична. Односно, доколку нанесете малку пена за коса додека е уште мокра, дури и да ја исушите на сонце и ја стиснете со раката или пак да ја исплетете во плетенка, откако ќе ја пуштите ќе добиете прекрасни и лежерни локни. Секако, секогаш предложуваме што помалку да употребувате фен, и целосно да заборавите на пресите за коса и фигарото.rn

    5. Спреј со УВ фактор

    rnДоколку сте на плажа или во текот на денот сте многу изложени на сонце, задолжително нанесете спреј со УВ фактор кој може да ви помогне барем малку да ја зачувате косата од оштетување. Од друга страна пак, лесниот шешир е секогаш добра опција за на плажа, но и за во град.rnrn3-top-5-soveti-za-vashata-kosa-da-izgled-fantastichno-i-vo-leto-www.kafepauza.mk_rnrnВодете сметка за вашата коса во текот на летото и пуштете ја што повеќе да се одмори за да изгледа прекрасно во наредните месеци.

  • Растенија кои ќе ви помогнат да се заштитите од досадните комарци

    Растенија кои ќе ви помогнат да се заштитите од досадните комарци

    Познато е дека комарците го пренесуваат вирусот „зика“ кој претставува сè поголем проблем во одредени делови од светот. Иако нашата земја во моментов не е во опасност, добро е да знаете кои билки ги одбиваат комарците, без разлика дали ја пренесуваат оваа болест или не. За да бидете сигурни, заштитете се на време и имајте убави и пријатни летни ноќи.rnrn1-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    1. Босилек (Ocimum basilicum)

    rnОсвен што ѝ дава одличен вкус на италијанската храна, босилекот исто така, е одличен при одбивањето на комарци.rnrn2-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    2. Валеријана (Valeriana officinalis)

    rnНеколку студии покажале дека оваа билка овозможува и до 10 пати поголема заштита од комарци за разлика од други спрејови создадени за таа цел.rnrn3-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    3. Свилен конец (Ceiba speciosa)

    rnОва дрво има доста непријатен и одбивен мирис за комарците, но не и за луѓето. Затоа свилениот конец може да ви послужи како прекрасен украс во вашиот дом или градина.rnrn4-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    4. Здравец (Geranium macrorrhizum)

    rnОва билка е доста лесна за одржување, а одлично штити од непосакуваните комарци.rnrn5-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    5. Маточина (Melissa officinalis)

    rnНаберете неколку листови, смачкајте ги помеѓу вашите дланки и истријте ги на кожата за да се заштитите од комарците.rnrn6-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    6. Цитронела (Pelargonium ‘citrosum’)

    rnОд оваа билка можете да направите мелем во комбинација со уште некоја од билките на оваа листа или пак, едноставно истријте ја кожата со неа.rnrn8-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    7. Лаванда (Lavandula angustifolia)

    rnЛаванда многу ефикасно ги одбива комарците. Освен тоа што ќе се ослободите од досадните и непосакувани комарци, исто така, вашата градина ќе мириса како никогаш до сега.rnrn9-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    8. Мајчина душичка (Thymus)

    rnКиселата арома ги одбива штетните инсекти, како што се комарците, а ги привлекува оние корисните, односно пчелите. Ова билка можете благо да ја истриете од кожата, на ист начин како стиковите, и ќе ви послужи како одлична заштита против комарци. Нема да предизвикате никаква иритација на вашата кожа.rnrn10-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    9. Невен (Calendula officinalis)

    rnМногу лесно расте и се размножува, а бубачките и инсектите не го поднесуваат неговиот мирис.rnrn11-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rn

    10. Нане (Mentha) и рузмарин (Rosmarinus officinalis)

    rnОвие две билки ги одбиваат комарците, а освен тоа имаат многубројни намени во кујната.rnrn12-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_ 13-11-bilki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-od-dosadnite-komarci-www.kafepauza.mk_rnrnДа го споиме убавото и корисното. Секоја од овие билки е одличен украс за вашиот дом или градина, но и мирисаат преубаво. Плус, ги спречуваат комарците да ви се приближуваат, па затоа и се одлично решение за секој дом.

  • Како да ги одржувате чантите за да ви траат со години?

    Како да ги одржувате чантите за да ви траат со години?

    Без разлика колку сте ја платиле вашата чанта, би требало да ја третирате како нешто драгоцено, бидејќи кој денес има пари за фрлање? Чантите се аксесоари кои можат да траат со години, а трикот се крие во тоа што мора да ги чувате на вистинскиот начин. Токму поради тоа, со вас споделуваме 6 сјајни совети кои многу ќе ви помогнат во вашата мисија.rnrn1-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Заштитете ги

    rnТреба да водите сметка каде ги оставате чантите кога сте надвор од домот, односно да се обидувате да не ги извалкате и изгребете, но и да водите сметка и кога сте дома. Доколку при купувањето на чантата не сте добиле платнена кеса за неа, подредете ги оние помалите во кутии за чевли и одвојте ги со најлон или хартија. Оние поголемите подредете ги една до друга, никако една под друга.rn

    2. Спреј за кожа

    rnСпрејот со кој ги чувате омилените чевли употребете го и за чантата, но најпрво испробајте на делот кој не се гледа за да ја испитате реакцијата. Постојат и заштитни спреови за разни материјали кои се одлични за излегување надвор од домот.rn

    3. Сезонските чанти спакувајте ги одделно

    rnЛетните сламени или пак крзнените чанти, односно оние кои се специфични и „врзани“ за одредена сезона, најдобро би било да ги чувате спакувани и одвоени кога не им е време за носење.rnrn2-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_rn

    4. Чантите од вештачка кожа третирајте ги на посебен начин

    rnКрпата од микрофибер сјајно ќе ја исчисти вашата чанта, посебно онаа од акрил. Исто така, со малку вода и детергент можете да ги отстраните поголемите дамки или флеки.rn

    5. Чантите од антилоп чувајте ги од дожд, но и кога сте дома

    rnЧувствителната превртена кожа бара навистина специјална нега и доколку надвор врне, одлучете се за чанта од друг материјал. Исто така, не заборавајте дека спрејот за чевлите од антилоп може да послужи и за вашата чанта. Кога чантата е дома, наполнете ја со весници и обложете ја со најлон.rn

    6. Редовно чистете ги спортските чанти

    rnЗнаете и самите дека тие може да бидат легло за бактерии, па задолжително перете ги според упатството на етикетата. Доколку не можете да ја перете во машина за перење, тогаш можете да се послужите со антибактериски спреј. Доколку пакувате работи во неа, водете сметка сите тие да бидат спакувани во посебни кеси.rnrn3-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_

  • 5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди кои можеби не сте ги знаеле

    5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди кои можеби не сте ги знаеле

    Веќе ви е познато дека употребувањето на млекото за сончање во лето е нешто што никогаш не треба да се прескокне, доколку сакате да се заштитите од штетните влијанија на ултравиолетовите зраци. Но, постојат уште неколку интересни начини на кои можете да го одржувате здравјето, еластичноста и нежноста на вашата кожа. Во продолжение прочитајте ги 5-те совети за правилна нега на кожата за време на жешките летни периоди, кои можеби не сте ги знаеле.rnrn5 совети за правилна нега на кожа во летните периоди кои можеби не сте ги знаелеrn

    1. Помалку ексфолирајте

    rnШеќерните, односно природните ексфолијации со шеќер се дозволени, но вештачките ексфолијанти треба поретко да се користат. Доколку се подготвувате за летен одмор и одење на плажа, тогаш избегнувајте ја нивната употреба бидејќи можат да ја зголемат вашата чувствителност на сонцето.rn

    2. Зголемете го консумирањето на витамин Ц

    rnКога сте изложени на сончевите зраци на подолг временски период, вие имате повисок ризик да го оштетите организмот со слободни радикали. Освен што треба редовно да го консумирате преку овошјето и зеленчукот, преку летните периоди, набавете серум од витамин Ц и секојдневно премачкувајте ја кожата за да се заштитите од надворешните влијанија и да го забавите процесот на стареење.rn

    3. Премачкувајте се со млеко за сончање повеќе пати во денот

    rnОсобено ако имате мрсна кожа. Природните масла ги уништуваат ефектите на млеката за сончање многу брзо, па затоа внимавајте на деловите на кожата кои можат да се измрсат – како вашето чело или носот. Доколку не сакате вашата кожа да сјае, тогаш млекото за сончање во форма на пудра или стик може да биде добра алтернатива.rn

    4. Туширајте се со ладна вода

    rnНе само што жешките тушеви се последното нешто што ви треба по деновите поминати на сонцето, туку тие дополнително и непотребно ја сушат кожата. Држете се до млаката вода и премачкајте се со млеко за тело или лосион по неколку минути, откако ќе ви се исуши кожата.rn

    5. Почесто користете лосион или млеко за тело

    rnНајважниот фактор во лечењето на раните како на пример, сончаницата и црвената кожа е ставањето лосион или млеко за тело. Дури и доколку не сакате да се мачкате со нив, посебно кога вашата кожа ве боли и пече, сепак обидете се да издржите бидејќи на тој начин изгорениците побрзо ќе исчезнат. Само запомнете да се држите до оние производи кои нема да ја иритираат вашата кожа.

  • Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефон

    Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефон

    Ако сте како повеќето луѓе на оваа планета, тогаш без сомнение го обожавате вашиот смартфон кој е толку многу светкав и совршен. Но, и покрај вашиот труд, вие едноставно сте го испуштиле од раце и тој паднал на тротоарот. Сега, неговиот екран е скршен, а вие се чувствувате како со него и вашето срце да пукнало. Ужасно чувство, се согласувате? Но, сте забележале ли дека постојат луѓе кои со години го користат својот мобилен телефон, без ниту една гребнатинка на него? Како ли им успева?rnrn(1) Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефонrn

    Тие го чуваат нивниот смартфон во нивната чанта

    rnНе во задниот џеб од фармерките, ниту пак во градникот. Одберете мал џеб со патент во вашата чанта или торба за лаптоп каде што ќе бидете сигурни дека тој е сигурен и безбеден.rn

    Тие избегнуваат вода по секоја цена

    rnСигурни сме дека обожавате да се занимавате со вашиот смартфон додека ги миете садовите, но дали навистина верувате дека е добра идеја да балансирате помеѓу него и лавабото полно со вода? Најверојатно не. Размислете пред да го спуштите мобилниот каде било и можеби е време да престанете да го носите со вас и во бањата.rn

    Тие носат заштита

    rnТочно е дека таа огромна маска која спречува да ви се лизне мобилниот од раце го нарушува стилот на уредот, но зарем е тоа важно доколку успеете да ја зачувате неговата безбедност? Плус, како што поминува времето така излегуваат сè покреативни дизајни, меѓу кои и проѕирни, па сигурни сме дека би можеле да најдете нешто совршено за вашиот вкус.rnrn(1) Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефонrn

    Тие никогаш не пишуваат пораки додека одат

    rnМожеби верувате дека сте мултитаскери, но кога пишувате додека пешачите најчесто се случува следново сценарио: Вие одите, одеднаш се сопнувате, вашиот смартфон лета од вашите раце и паѓа на земја, по што следуваат солзи во вашите очи. За вашиот мобилен да е безбеден, најубаво е да застанете или уште подобро, да седнете додека пишувате.rn

    Тие имаат соодветно место за него во автомобилот

    rnНикогаш не возете со мобилниот во скут, бидејќи е опасно и го одвлекува вниманието. Да не заборавиме и дека е забрането со закон. Од друга страна пак, постојат големи шанси и да заборавите дека сте го оставиле таму, па откако ќе паркирате и излезете од вашиот автомобил, тој да падне на земја. Токму затоа најдете соодветно место за него каде што ќе го оставате секогаш додека возите. Ова нека ви стане навика.rn

    Тие го кријат од рацете на нивните деца

    rnВашето 3-годишно дете сака да гледа Јутјуб? Или да направи милијарда селфиња? Освен ако не е безбедно наместено во мека околина со многу перници и меки теписи, вашиот телефон треба да биде што подалеку од него.rnrn(2)  Тие носат заштита  Точно е дека таа огромна маска која спречува да ви се лизне мобилниот од раце го нарушува стилот на уредот, но зарем е тоа важно доколку успеете да ја зачувате неговата безбедност? Плус, како што поминува времето така излегуваат сè покреативни дизајни, меѓу кои и проѕирни, па сигурни сме дека би можеле да најдете нешто совршено за вашиот вкус.

  • Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

    Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

    Многу жени веруваат дека првите знаци на стареење се појавуваат на лицето и вратот, па токму затоа и обрнуваат посебно внимание на овие делови од телото со цел да ја спречат појавата на брчките. Но, научно е докажано дека ниту лицето, ниту пак вратот стареат најбрзо. Епа тогаш на што треба да обрнете најголемо внимание? Според научниците – на градите.rnrnНе е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоаrnrnИстражувањето кое било објавено во списанието „Genome Biology“ ни покажува дека најчувствителното и најтенкото ткиво на градите е најподложно за појава на првите знаци на стареење. Градите се секојдневно изложени на бројни фактори кои можат да го поттикнат стареењето и да предизвикаат тие да виснат. Пред сè, големите промени во нивната големина по слабеењето или дебелеењето, како и бременоста, можат да предизвикаат растегнување на кожата и ткивата кои ја смалуваат нивната еластичност. Секојдневната нега на кожата на градите со хидратантна крема, исто како што го негувате и лицето, може да ви помогне многу при забавувањето на овој процес.rnrnДругиот голем непријател на кожата на градите е сонцето, кое значително го забрзува стареењето и исто така предизвикува кожата да изгуби еластичност. Кога носите деколте, особено во летните денови, не заборавајте да нанесете заштитен фактор со цел да ја заштитите вашата кожа. Дури и да е облачно, практикувајте да нанесувате заштита бидејќи штетните сончеви зраци успеваат да најдат начин да се пробијат.rnrnСо неколку зборови, вашата дневна рутина за нега на кожата не ја ограничувајте само на лицето и вратот, туку проширете ја и на градите и деколтето со цел да ја забавите првата појава на знаците за стареење.

  • Неколку совети за отстранување на шминката од вашето лице

    Неколку совети за отстранување на шминката од вашето лице

    Шминките коишто девојките ги користат во денешно време можат да издржат повеќе часови на лицето, но иако тие ве спасуваат од постојано коригирање, сепак имаат одредени недостатоци, меѓу кои е и потешкото отстранување. Постојаното чистење на шминката претставува вистинско измачување за вашите трепки и може да предизвика иритација на почувствителната кожа.rnrnrnrnДенес ви нудиме неколку совети за нежно и целосно отстранување на шминката од вашето лице.rn

    1. Заштитете ги очите

    rnНајтенката кожа на нашето лице е онаа околу очите. Токму тоа е причината што таа е подложна на иритација, воспаление и сл. Производите без мирис, масло и алкохол се одлична опција за отстранување на секојдневната шминка од очите. Најдобро е да барате отстранувач за шминката од очите со pH вредност која е блиска до природната pH вредност на вашите солзи – 6,9-7,5.rn

    2. Изберете потешки отстранувачи доколку користите водоотпорна шминка

    rnДоколку користите водоотпорна шминка, отстранувачите врз база на масло се идеални за вас. Вообичаено користените средства не се во можност целосно да се справат со водоотпорната маскара. Сепак, бидете свесни дека маслото може да остави мрсни остатоци зад себе, а исто така може да создаде и бариера околу очите, при што кремот или другите производи коишто би ги нанеле потоа, тешко ќе можат да продрат во вашата кожа. За да се спречи ова, откако ќе ја отстраните шминката, препорачливо е да направите темелно чистење на кожата околу очите.rnrnrn

    3. Марамчињата користете ги поретко

    rnЧистењето на шминката со марамчиња за отстранување шминка има свои предности, но бидејќи тие не се доволно влажни, бараат постојано триење, при што може да се предизвика иритација или оштетување на кожата. Затоа, одвикнете се од нив и користете ги само во исклучителни ситуации.rn

    4. Направете сами свои отстранувачи за шминка

    rnКоа немате соодветни отстранувачи за шминка, направете си сами. Искомбинирајте малку вазелин и малку хидратантен крем, втријте го во кожата и тоа ќе направи чудо. Друг производ којшто можете да го користите за отстранување на шминката е медот. Тој е нежен за очите и е хидратантен, за разлика од другите отстранувачи коишто се на база на алкохол и коишто може да предизвикаат сушење. Потоа, измијте го лицето за да го избегнете лепењето.rnrnНа крај, користете го вашиот омилен лосион за да ги отстраните сите остатоци од шминката.rnrn

  • Предности и маани на ладниот воздух: Може ли да уживаме во зимската магија?

    Предности и маани на ладниот воздух: Може ли да уживаме во зимската магија?

    Само што сте се вратиле од прекрасна зимска прошетка, и пред огледалото ве пречекува непријатно изненадување, вашата кожа на лицето е толку сува и затегната, а на некои делови се појавиле ситни црвени капилари. Престој на ладниот воздух – да, но по која цена? Ако се припремиме добро, нема потреба од загриженост, велат експертите. Клучот е во хидратацијата.rnrn1-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_rn

    1. Лице

    rnКозметиката на база на масла ѝ помага на кожата да ја зачува својата влажност и притоа формира заштитен слој кој ја штити од ладниот воздух и ветрот, како и од претераното сушење кое е последица од престојувањето во затворена просторија покрај радијатор.rnrn2-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тело

    rnПроретчете го туширањето во зимскиот период или временски ограничете го. После 15 минути туширање со топла вода, од кожата се отстранува драгоцениот липиден слој кој има заштитен ефект.rnrn3-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_rn

    3. Усни

    rnИзбегнувајте ја козметиката која содржи ланолин, многу вештачки бои и мириси, особено ако имате осетлива кожа склона кон алергии. Вистински избор се масните балзами. Навечер на усните нанесувајте сјај, а во текот на денот користете стик со УВ заштитен фактор или специјален балзам на база на цинк наменет за скијачи.rnrn4-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_rn

    4. Раце

    rnРацете ги откриваат првите знаци на стареењето – бидете исклучокот кој не го потврдува ова правило. Носењето ракавици е нешто што се подразбира во зимскиот период. Кожата во текот на ноќта се регенерира и обновува, а додатно ќе ѝ помогнете ако еднаш неделно преспиете со подебел слој крема за раце.rnrn5-prednosti-i-maani-na-ladniot-vozduh-mozhe-li-da-uzhivame-vo-zimskata-magija-www.kafepauza.mk_rn

    5. Позитивни страни

    rnСтудот го забавува излачувањето на лојот кој ги запушува порите, па поради тоа вашето лице ќе изгледа почисто. Престојот на ладен воздух го намалува бројот на акните и мозолчињата на лицето. Освен тоа, зимските активности се благородни за јакнење на срцето и доброто функционирање на респираторните органи.rnrnИсто така, студот ги топи килограмите – ниските температури ги активираат масните клетки кои трошат калории за загревање на телото на начинот на којшто тоа го прави тренирањето. На крајот, ладниот воздух влијае и на сонот – идеалната температура во спалната соба треба да се движи во границата помеѓу 15 и 18 степени Целзиусови.rnrnHappy girl in a forest