КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • Со одредени намирници до исончан тен!

    Со одредени намирници до исончан тен!

    Денес ви споделуваме совети како да ја негувате и заштитите вашата кожа одвнатре за да блеска ова лето.rnrnСо одредени намирници до исончан тен!rnrnМожете да направите мали промени во вашето дневно мени со цел кожата да потемнее рамномерно и без изгореници и да добие неодолива бронзена нијанса. Поради нивните уникатни нутритивни карактеристики, овие намирници можат да ја заштитат кожата од сонцето, а истовремено да забрзаат процесот на потемнување.rnrnПокрај морковите кои најчесто се споменуваат меѓу намирниците кои промовираат побрз тен, и овие намирници изобилуваат со растителни пигменти, од кои најпознат е бета-каротенот, за кој е докажано дека поттикнува рамномерно потемнување и гарантира блескав и здрав тен:rn

      rn 011

    • лубеница
    • rn 011

    • диња
    • rn 011

    • зелен лиснат зеленчук (на пример, спанаќ и кељ)
    • rn

    rnХрана која делува како заштитен фактор и ја регенерира кожата:rn

    Риба (туна, харинга, сардина, скуша, лосос…)

    rnИзобилството на витамин А и омега-3 масни киселини ја штитат кожата од слободните радикали, го промовираат нејзиното закрепнување и епителизација и ги ублажуваат воспалителните процеси.rn

    Црвена пиперка

    rnБогат извор на витамин Ц, моќен антиоксиданс, го поддржува формирањето на колаген, кој во голема мера ја подобрува регенерацијата на оштетената кожа.rn

    Ореви

    rnБлагодарение на присуството на витаминот Е, оревите, исто така, претставуваат силен антиоксиданс и поволно делуваат на сите типови кожа, па затоа во летните месеци е исклучително важен внесот на јаткасти плодови, но и семки и квалитетни растителни масла.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да го забрзаат процесот на потемнување на кожата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 митови за влијанието на сончевите зраци.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Како да ја заштитите косата од хлорот во базенот?

    Како да ја заштитите косата од хлорот во базенот?

    Покрај тоа што треба да ја заштитите вашата коса од УВ-зрачењето затоа што може да стане дехидрирана, сува и распукана, таа треба да се заштити и од водата од базенот полна со хлор.rnrnКако да ја заштитите косата од хлорот во базенот? rnrnПокрај тоа што хлорот од водата во базенот ги отстранува природните масла и влажноста од вашата коса, тој е полн со хемикалии кои можат да ја ослабат вашата коса и да ја променат нејзината боја ако е бојадисана. За среќа, постои решение што ќе ја заштити вашата коса од потенцијално оштетување и промена на бојата.rnrnТоа е регенераторот за коса. Пред да влезете во базен, нанесете регенератор на вашата коса што ќе биде голема бариера помеѓу хлорот и косата.rn

    Како функционира оваа постапка?

    rnБидејќи хлорот ја извлекува влажноста од влакната, регенераторот природно ќе ги затвори кутикулите на косата и ќе ја остави косата нахранета. Улогата на регенераторот е да го подигне нивото на влажност и на хранливи материи, да ѝ обезбеди еластичност на косата и да ја омекне.rnrnНајдобро е да користите регенератор што не мора да го плакнете, но исто така ќе ги добиете потребните хранливи материи од оние хранливи регенератори што се нанесуваат на косата при секое миење. Само внимавајте да не содржат алкохол и парфеми кои можат дополнително да ја исушат косата.rnrnИако регенераторот обично се става на влажна коса, можете да го нанесете и на сува коса – најважно е да го нанесете пред да дојдете во контакт со хлор.rnrnПогледнете ги овие 5 модерни фризури што ќе сакате да ги пробате ова лето.

  • Како да ги заштитите очите од УВ-зраците?

    Како да ги заштитите очите од УВ-зраците?

    Конечно доаѓа потопло време, а тоа значи дека ќе останете на сонце подолго време. Веќе знаете дека треба да ја заштитите кожата со нанесување крем за сончање со висок заштитен фактор, но не заборавајте дека и на вашите очи им е потребна заштита.rnrnКако да ги заштитите очите од УВ-зраците?rnrnУВ-зрачењето, без оглед дали е од природна сончева светлина или од внатрешни вештачки зраци, може да ја оштети површината на окото, како и рожницата и леќите. За жал, многу луѓе не се свесни за опасностите што може да ги има УВ-светлината. Ако носите очила за сонце што ги блокираат УВ-зраците, можете безбедно да уживате во летото, истовремено намалувајќи го ризикот од болести на окото и тумори.rnrnПрекумерното изложување на УВ-светлина го зголемува ризикот од болести на очите. Еве неколку состојби  што можете да ги избегнете со носење очила за сонце:rnrnРазвојот на катаракта и рак на очите може да трае со години. Секој пат кога ќе се сончате на сонце без заштита на очите, го зголемувате ризикот од сериозни болести. Бебињата и децата треба да носат капи и очила за сонце токму од оваа причина. Луѓето од сите возрасти треба да преземат мерки на претпазливост секогаш кога се на отворено.rnrnИзрастоци на очите може да се појавat во нашите тинејџерските години или во дваесеттите години. Сурферите, скијачите, рибарите, земјоделците и другите луѓе кои поминуваат долги часови под сонце или во близина на вода се изложени на поголем ризик. Снежното слепило, форма на фотокератитис, може брзо да се развие по изложување на УВ-рефлексии од снег, мраз, песок или вода, а се зголемува и ризикот од рак на очите, катаракта, израстоци и изгореници на очите.rn

    Како да ги заштитите очите?

    rn

      rn 011

    • Иако првенствено купуваме очила според тоа дали добро ни стојат и дали ги сакаме, треба да изберете очила за сонце што обезбедуваат 100% заштита од УВ-зраци, УВ400 заштита или очила што ги блокираат и УВ-А и УВ-Б зраци.
    • rn 011

    • Носете капа или шешир со поширок раб.
    • rn 011

    • Бидејќи облаците не ја блокираат УВ-светлината, а сончевите зраци минуваат низ магла и облаци без никаков проблем, никогаш не гледајте директно во сонцето. Така може да ја оштетите мрежницата на окото и да предизвикате сериозна повреда позната како сончева ретинопатија.
    • rn 011

    • Избегнувајте солариуми! Солариумот е опасен за вашите очи и за вашето тело исто како УВ-светлината на отворено, а во некои земји тие се целосно забранети.
    • rn

    rn

    Не заборавајте дека сонцето е исто така здраво!

    rnИзложеноста на сончева светлина може да има позитивни ефекти, со соодветна заштита. Секој ден ви треба малку природна светлина, што ќе ви помогне да спиете добро. Ова е така затоа што клетките во нашите очи што се чувствителни на светлина играат важна улога во природните циклуси на будност и спиење на нашето тело. Поминувањето време на отворено на дневна светлина, исто така, може да помогне во спречувањето миопија кај децата. Не само што вежбањето е одлично за здравјето на очите, туку од вежбањето на отворено има и други придобивки.rnrnПрочитајте ги најважните правила за нега на чувствителната област околу очите.

  • 5-те најдобри намирници за заштита на животната средина

    5-те најдобри намирници за заштита на животната средина

    Денот на планетата Земја е одличен потсетник за тоа која храна е добра кога станува збор за зачувување на животната средина. По тој повод, важно е да бидете свесни што јадете и какво влијание има врз вашето здравје и врз околината. Здравјето на поединецот е важен предуслов за здравјето на целото општество, а тоа се постигнува со правилна потрошувачка на храната, а овие 5 намирници ја поттикнуваат заштитата на животната средина.rnrn5-те најдобри намирници за заштита на животната срединаrn

    1. Алги

    rnАлгите се богати со хранливи материи и содржат есенцијални масни киселини, богати се со витамин Ц и јод, тие се одличен антиоксиданс и се полни со протеини. На јадењето му даваат посебен вкус, а ги содржат сите минерали потребни за човечкото тело. Покрај тоа, алгите не бараат никаква употреба на пестициди или ѓубрива.rn

    2. Мешунки

    rnГрав, леќа, грашок, наут – оваа храна богата со протеински состојки е одлична за варење на храната бидејќи спречува запек и го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Мешунките се клучна храна за нашето опкружување бидејќи го привлекуваат азотот од воздухот и со тоа ги враќаат хранливите материи во почвата и ја збогатуваат.rn

    3. Лиснат зеленчук

    rnКељот, спанаќот и руколата се исклучително богати со витамини А, Ц, Е и К. Тие помагаат во заштитата на коските од остеопороза, спречуваат воспалителни болести и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Лисниот зеленчук се смета за една од најдобрите еколошки и одржливи намирници во светот – потребни се минимални ресурси за производство на големи количини. Тоа е плус и за вас и за околината.rn

    4. Печурки

    rnПечурките ќе му дадат посебен вкус на секој оброк и ќе го збогатат со своите протеини и влакна. Тие се добар извор на калиум, а содржат и фосфор и железо. Печурките користат кислород од воздухот за да се одржат во живот и консумираат готова храна од други организми. Производството на печурки бара многу помалку вода и енергија отколку другите земјоделски култури.rn

    5. Житарки

    rnЖитарките нудат голем број придобивки кои го подобруваат здравјето, како што се диетални влакна, минерали, витамини и антиоксиданти. Тие ја формираат основата на прехранбената пирамида и затоа се исклучително важни.rnrnПрочитајте кои се 5-те најголеми митови за рециклирањето и за животната средина.

  • Проѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?

    Проѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?

    Телото ве штити од микроби, болка, влага. Некои од начините на одбрана се пријатни, а некои се непријатни, но од што ве брани телото?rnrnПроѕевање, кивање, икање: На кој начин се брани телото и од што?rnrn1. Проѕевање – Дали знаевте дека главната задача на проѕевањето е да го лади мозокот кога ќе се прегрее или кога работи премногу?rnrn2. Кивање – Најчесто кивате кога носната шуплина е полна со алергени, микроби, прашина. На тој начин, вашето тело се ослободува од „ѓубрето“.rnrn3. Истегнување – Зошто се истегнувате по будењето? Вашето тело го прави тоа инстинктивно за да ве подготви за сите физички активности што се пред вас, за да ја подобри циркулацијата, но и расположението.rnrn4. Икање – Кога јадете премногу брзо, кога голтате големи парчиња храна или кога едноставно се прејадувате, го иритирате вашиот пневмогастричен нерв. Оваа иритација резултира со икање.rnrn5. Збрчкана кожа – Ова се случува кога телото ќе наиде на зголемена влага, па претпоставува дека околината ќе биде лизгава. Кожата се збрчкува за да може полесно да се фати на мазни површини. Паметно, нели?rnrn6. Губење на памтењето – Често се случува луѓето да ги изгубат спомените по некоја траума. Вашиот мозок автоматски сака да ја избрише меморијата за да не страдате.rnrn7. Намовнување – Намовнувате за да се намали топлината што ја губите низ порите на кожата и за полесно го загреете телото кога е ладно.rnrn8. Солзи – Тие служат како штит кога очите доаѓаат во контакт со туѓо тело. Сепак, солзите служат и како емоционална одбрана. Научниците веруваат дека плачеме затоа што телото се обидува да ни го одвлече вниманието од болката што нè опкружува.rnrnПрочитајте што се случува со вашето тело кога спиете на ново место.

  • Пензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражби

    Пензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражби

    Благодарение на еден пензиониран провалник, сега можете да научите како овие криминалци избираат куќи за грабеж и каде бараат вредни предмети. Откако ќе ги прочитате овие совети, можеби ќе сакате да ги примените колку што е можно побрзо.rn

    1. Наместете двојно стакло на прозорците

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnОбичните прозорци може да се скршат лесно, а крадецот може да ги разбие при првиот обид. Сепак, двојните прозорци имаат пластика помеѓу двата слоја и тоа им ја отежнува работата на крадците.rn

    2. Не поставувајте висока ограда

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnЕдно нешто што крадците го сакаат најмногу се грмушките и високите огради. На овој начин, тие нема да ги предупредат соседите кога ќе влезат во вашиот дом. Домот со ниска ограда или со украсни грмушки има помали шанси да биде ограбен.rn

    3. Не потпирајте се на кучињата како на заштита од кражба

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnКучињата можат лесно да се излажат кога провалник влегува во куќата, особено ако тој ја набљудувал куќата подолго време. Но, тоа е поинаку со кучињата кои се обучени да ја чуваат куќата.rnrnАко навистина сакате да чувате куче, но сакате тоа да ви служи и како милениче и како аларм, изберете куче од помала раса. Помалите кучиња лаат повеќе и погласно.rn

    4. Не ставајте знак за куче

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnЗнакот за куче нема да ги избрка крадците, туку вие само им кажувате што треба да очекуваат и на што да бидат подготвени. Ако имате куче и сакате тоа да ви сигнализира кога некој влегува во куќата, не ставајте знак за куче.rn

    5. Не заборавајте да ја исчистите прашината од вашето скришно место

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnКрадците можат да ги дознаат вашите тајни скривалишта барајќи траги од прашина. Ако не ја чистите прашината од таа област, тие ќе можат да видат траги од прашина кога ќе го преместите предметот. Затоа е важно да не заборавите да го исчистите и тоа место.rn

    6. Ставете метла пред вратата

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnЕден едноставен начин што може да ви помогне да слушнете кога некој влегува во вашиот дом е да ставите метла или џогер пред вратата од внатрешната страна. На овој начин, кога крадецот ќе се обиде да влезе во вашиот дом, метлата ќе падне и ќе направи звук.rn

    7. Не чувајте го вашиот календар покрај прозорецот

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnНајдобро време за крадците да го ограбат вашиот дом е кога не сте дома, особено ако сте на одмор. Тие може да погледнат во вашата соба и да го проверат календарот за да ги видат вашите планови. Затоа е подобро да го чувате вашиот планер колку што е можно подалеку од прозорците.rnrnДруг начин на кој крадците можат да откријат дали нема никој дома е со проверка на поштенското сандаче. Ако е полно, тие знаат дека не сте дома и куќата е слободна за нивниот план. Еден начин да спречите да се случи тоа е да направите отвор за пошта на вашата врата.rn

    8. Чувајте ги завесите на прозорецот отворени

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnАко ги чувате завесите затворени, операцијата за кражба на вашите вредни предмети ќе има поголеми шанси за успех затоа што соседите нема да ги видат крадците кога ќе поминат покрај прозорците. Поради тоа, чувајте ги завесите отворени, особено кога не сте дома.rn

    9. Чувајте ги ролетните закосени нагоре

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnРолетните можат да им помогнат на провалниците да ѕирнат и да видат што имате внатре. Затоа е од суштинско значење тие да бидат насочени нагоре. На овој начин, можете да имате приватност, да добиете малку светлина во собата, а крадецот нема да може да ѕирне внатре.rn

    10. Ставете безбедносни камери на ниво на очите

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnКога ќе одлучите да инсталирате безбедносни камери во вашиот дом, поставете неколку камери на ниво на очите. На овој начин, ќе имате поголеми шанси да го снимите лицето на крадецот.rn

    11. Не чувајте ги клучевите од гаражата во вашиот автомобил

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnДруг начин на кој крадците лесно можат да влезат во вашиот дом е преку вратата од гаражата, особено ако ги чувате клучевите во вашиот автомобил. Автомобилите можат полесно да се пробијат и ако крадците го најдат клучот од гаражата, тие ќе влезат во куќата без никаков проблем.rn

    12. Чувајте ги украсите за забави далеку од видното поле

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnЗабавите се сигнали што крадците обожаваат да ги добиваат. За нив, тоа значи дека веројатно сте добиле некои вредни подароци што се спремни за кражба. Поради тоа, најдобро е да не го декорирате надворешниот простор и да ги чувате сите украси настрана од прозорците.rn

    13. Чувајте ги играчките за деца внатре

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnИграчките може да сигнализираат дека сте во брак и дека најверојатно имате вредни работи во вашиот дом. Затоа, приберете ги играчките на вашите деца внатре кога тие веќе не си играат со нив.rn

    14. Фокусирајте се повеќе на безбедноста во текот на денот

    rnПензиониран провалник открива како да ја заштитите вашата куќа од кражбиrnrnКражбите се случуваат почесто во текот на денот, особено кога сте излезени или сте на работа. На крадците им е полесно да го ограбат вашиот дом кога нема никој дома. Повеќето од нив нема да ризикуваат преку ноќ бидејќи може да ве разбудат и да ви дадат можност да ги забележите или да ги фатите.rnrnПрочитајте какви трикови користат крадците за да ве измамат.

  • Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

    Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

    Многу е важно да се заштитиме од сонцето и без оглед на тоа каква кожа имаме, сите користиме производи за сончање. Многу производи за сончање содржат состојки кои можат да предизвикаат алергии или да имаат негативни ефекти, но дали постои природна заштита од сонце?rnrnНекои луѓе се заинтересирани да направат своја крема за сончање дома, а ако и вие сте меѓу нив, тогаш погледнете кои природни состојки можат да се користат за заштита од сонцето.rn

    1. Прополис

    rnОваа позната мешавина која пчелите ја собираат е една од најмоќните природни состојки за заштита од сонце. Богат е со антиоксиданти и штити од УВ зраците.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    2. Алое вера

    rnАлое вера е познато по своите навлажнувачки својства и здравствени придобивки за кожата. Експертите препорачуваат да го нанесете алое вера гелот 24 часа пред изложување на сонце и 2 часа по него.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    3. Масло од морков

    rnОва масло често се користи во комбинација со други состојки за да обезбеди дополнителна заштита. Богато е со бета-каротин и витамини Е и А. Исто така е одлично и за заздравување на сува кожа.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    4. Шеа путер

    rnШеа путерот често се користи во домашните козметички производи, бидејќи има лековити својства. Освен тоа, има и многу нежна арома, па сигурно ќе го обожавате.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rn

    5. Масло од семе од малини

    rnОва масло е една од најефикасните природни состојки за сончање. Богато е со антиоксиданти и минерали кои помагаат при различни состојби на кожата.rnrnКои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.

  • 5 видови кучиња што се особено чувствителни на штетните сончеви зраци

    5 видови кучиња што се особено чувствителни на штетните сончеви зраци

    Кучињата треба да бидат заштитени од штетните сончеви зраци, а некои кучиња се особено чувствителни. Бидете внимателни кога го носите вашето домашно милениче со вас на плажа или на прошетка на сонце.rnrn5 видови кучиња што се особено чувствителни на штетните сончеви зрациrn

    1. Бели кучиња

    rnИсто како што луѓето со светла кожа полесно горат на сонце, така и кучињата чие влакно е бело или посветло се почувствителни на штетните сончеви зраци отколку оние со темно влакно. Прашајте го вашиот ветеринар кое средство за сончање е најдобро за вашето домашно милениче.rn

    2. Кучиња со кратко крзно

    rnЕдна од функциите на крзното е да го заштити кучето од штетните сончеви зраци, а кај кучињата со кратко крзно оваа заштита е послаба. Средството за сончање што ќе го користите за вашето куче не треба да содржи цинк оксид затоа што тој е токсичен за кучињата и може сериозно да ги оштети црвените крвни зрнца, а тоа може да доведе до ситуација да му биде потребна трансфузија на крв.rn

    3. Кучиња без влакна

    rnОва може да биде повеќе од очигледно, но важно е да се напомене дека овие кучиња мора да бидат заштитени од сонцето. На кучињата без влакна треба да им нанесете соодветно средство за сончање и тие не треба да поминуваат премногу време на директна сончева светлина.rn

    4. Кучиња со светла муцка

    rnКучињата со розова муцка или муцка во светла боја имаат помалку пигменти, што значи дека се изложени на поголем ризик од штетните сончеви зраци. Дури и ако вашето куче има густо крзно на целото тело, треба да нанесете заштитно средство на деловите од телото што не се покриени со крзно, како што се стомакот и носот.rn

    5. Кучиња што сакаат да лежат на грб на сонце

    rnВетеринарите предупредуваат дека кучињата што сакаат да лежат на грб и да уживаат во сончевите зраци се особено склони кон развој на тумор на клетките во пределот на стомакот ако тој не е прекриен со густо крзно.rnrnОткријте кои 10 работи мора да ги знаете ако сте сопственик на куче.

  • 7 работи за кои се грижат жените за време на сексот

    7 работи за кои се грижат жените за време на сексот

    За жената да може да ужива во сексуалниот однос, треба да стекне доверба во вас. Ако вие не ги почитувате нејзините желби и потреби, тогаш таа нема да биде опуштена. Во продолжение прочитајте за што најмногу се грижи жената за време на сексот.rnrn7 работи за кои се грижат жените за време на сексотrn

    1. Дали ѝ возвраќате во иста мера

    rnТаа сака да доживее оргазам и не сака да ја извршува целата работа сама. Сексот треба да биде страсен и возбудлив исто како што е за вас. Не е фер вие да уживате, а таа да биде незадоволна. Треба да давате онолку колку што примате.rn

    2. Дали ја правите да се чувствува убаво

    rnТаа нема да има возбудлива ноќ ако чувствува дека треба да го вовлече стомакот, да го исклучи светлото и да се покрие. Вие треба да ѝ давате комплименти, да ја убедите дека ви се допаѓа тоа што го гледате и да направите да се чувствува убаво. Треба да кажувате само убави работи за нејзиното тело. Не треба да ги истакнувате нејзините недостатоци и тоа што сакате да го смени. Ако се чувствува ужасно додека има односи со вас, таа нема да го стори тоа повторно.rn

    3. Дали ги почитувате нејзините граници

    rnАко таа каже „не“, не треба да се обидувате да ја премислите или да ѝ наметнете чувство на вина за да го добиете тоа што го сакате. Вие треба да го почитувате нејзиниот избор и никогаш не треба да ѝ вршите притисок да направи нешто поради што ќе се чувствува непријатно. Или прифатете ја нејзината одлука или заминете. Тоа се вашите опции.rn

    4. Дали одржувате добра хигиена

    rnТаа веројатно не се грижи за големината на вашиот полов орган или за тоа дали имате стомачни мускули. Но, се грижи за тоа дали одржувате хигиена и дали мирисате убаво. Ако очекувате таа да биде мазна по целото тело, тогаш можете и вие да одвоите време барем да се истуширате.rn

    5. Дали сте фокусирани на неа

    rnАко гледате во телевизорот, во вашиот телефон или во ѕидот, вашата партнерка нема да биде среќна. Таа го сака вашето целосно внимание. Таа сака целосно да ѝ бидете посветени неа, а ако вие изгледате незаинтересирано, тогаш и таа ќе изгуби интерес.rn

    6. Дали користите заштита

    rnТаа не сака сексуално преносливи болести, непланирана бременост и изговори зошто не носите кондом. Таа сака да има безбеден секс, а не каков било секс. Нејзе нема да ѝ биде проблем да ве замоли да си заминете ако не користите заштита.rn

    7. Дали ја користите за секс

    rnАко веднаш по сексуалниот однос се облечете и си заминете, таа ќе претпостави дека поминувате време со неа само за да извлечете нешто од неа. Таа сака да се гушка, да разговара и да се чувствува вредно. Ако се грижите само за нејзиното тело, но не и за нејзините чувства, таа нема да сака ништо со вас.rnrnПрочитајте кои 16 знаци откриваат дека партнерот не вложува доволно труд.

  • Дрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејството

    Дрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејството

    Денес, во дворовите можете да забележите многу егзотични видови растенија, но луѓето сè повеќе ѝ се враќаат на традицијата и бараат стари сорти овошје и цвеќиња. Желбата да ја уредите градината и да поминувате повеќе време во неа, ќе ве инспирира да се потсетите на старите обичаи и верувања. Речиси и да нема дом без чуваркуќа, а сите сакаат да имаат перуника некаде во близина, за која се верува дека штити од гром. Старите верувања велат дека багрем и орев не се садат во близина на куќата, туку малку подалеку од домот. Во секој случај, ако планирате да ја уредите градината, прво треба да засадите дрвја и грмушки, а потоа цветни леи.rn

    1. Даб

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnДабот е најубавиот украс што може да го има во дворот бидејќи има убаво разгранета крошна и прави густа сенка. Најдобро е да биде засаден во близина на вода, а ова свето дрво е симбол на долговечноста.rn

    2. Липа

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnЛипата била свето дрво за Словените затоа што нејзините цветови се лековити. Липата е добро пасиште за пчелите, а медот бил главен извор на сладост за Словените. Јагленот од липа ја прочистува водата. Сепак, липата треба да е засадена настрана, во близина на куќата, но не веднаш до просторијата за седење.rn

    3. Врба

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnКората од врба служи за лекување настинки.rn

    4. Глог

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnГлогот служи како лек за срцеви заболувања, а во исто време е и најмоќното средство против вампирите и демоните, според старите верувања. Секој сака да ја има оваа листопадна грмушка во модерната градина, па може да биде бела, црна или црвена, а бобинките се берат кога се зрели и од нив се прави џем, чај и сок. Можете да го обликувате како жива ограда, а при садењето треба додадете вар во дупката каде што ќе го садите.rn

    5. Дрен

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnДренот цвета во пролет, а зрее во есен. Според верувањата, дренот е симбол на здравјето, а цветот од дрен ќе ви помогне да бидете отпорни на болести.rn

    6. Јаболко

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnЈаболкото е омиленото овошје на многумина, а се вели дека неговите плодови не се јадат пред Петровден. Домашната сорта има бујно кружно стебло, а овошјето зрее во јули.rn

    7. Слива

    rnДрвја што треба да ги засадите во дворот: 7 моќни стебла што ги штитат домот и семејствтоrnrnЕпидермисот на сливите содржи есенцијални масла со многу висок квалитет.rnrnОткријте кои собни растенија привлекуваат пари, среќа и љубов.