КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • 8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

    8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

    Убодите од комарец не само што чешаат и се досадни, туку може да претставуваат и значајна закана по здравјето. Комарците се сметаат за најсмртоносните инсекти во светот, бидејќи се преносители на екстремно опасни болести, како што се маларија, жолта чума, вирус чикунгунија, западнонилска треска, денга, филаријаза и зика вирус. Луѓето и животните ги привлекуваат комарците со мирисот на јаглероден диоксид и други примамливи мириси коишто ги испуштаме. За среќа, постојат природни ароми коишто ги бркаат комарците, а не содржат никакви хемикалии.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом rnrnВо продолжените, прочитајте ги 8-те најпознати градински растенија, коишто можете да ги употребите за бркање на досадните комарци.rn

    1. Лаванда

    rnПријатниот мирис на лавандата е одбивен за комарците. Освен тоа, лаванадата има антигабични и антисептички својства. Можете да ја посадите во вашиот двор или во саксии сместени покрај врати или прозорци. За уште повеќе да се заштитите од комарците, можете да го протриете цветот на вашата кожа, за да испушти од своите масла.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом rn

    2. Џунџуле

    rnЏунџулето е цвеќе коешто лесно се одгледува, а содржи тиофен, состојка којашто ги одбива инсектите. Џунџулето е ефикасно во одбивањето на комарците, трипсите, белокрилките, мексичката бубамара и други инсекти.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    3. Сардела

    rnСарделата е многу атрактивно декоративно растение, коешто исто така ги одбива комарците и неколку видови паразити. И покрај тоа што овие брзорастечки растенија сакаат топла, сончева и сува клима, тие можат да се одгледуваат и во постудени места и во саксии, а потребно е почесто да се поткаструваат.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    4. Рузмарин

    rnОва растение најчесто се користи како додатен зачин во јадења, но неговата дрвенеста арома е ефикасна и во одбивањето на комарците, молците коишто напаѓаат зелка и мувите што напаѓаат моркови. Рузмаринот е одлична заштита и за кога сакате да уживате покрај оган во природа, без да ве напаѓаат комарци. Сè што треба да направите е да ставите неколку ливчиња рузмарин во огнот, а мирисот којшто го испушта ќе ги избрка комарците.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    5. Нане

    rnОва е уште една билка којашто има повеќе примени и надвор од кујната. Истражувањата имаат откриено дека маслото од нане може да ги спречи маларијата, филаријазата и жолтата треска, во времетраење од 60-180 минути.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    6. Метвица

    rnМетвица е друго популарно природно растение од фамилијата на ментата, којашто ги брка комарците. Ако само ставите скршени стебленца од ова растение во вашите џебови, можете со сигурност да сметате дека комарците ќе бидат подалеку од вас. Ако живеете во куќа, добра идеја е да посадите метвица во дворот околу неа, за да ги обесхрабрите комарците од влегување во вашиот дом.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    7. Босилек

    rnБосилекот не е само вкусен зачин, којшто можете да го додадете во вашата паста, туку е одличен и за бркање комарци. Како резултат на интензивниот мирис којшто се емитува од неговите ливчиња, комарците одбиваат да бидат во близина на ова растение. Поточно, едно истражување дури тврди дека босилекот може да биде и потенцијално отровен за комарците.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrn

    8. Мачкина трева

    rnНе само што вашата домашна мачка ќе ви биде благодарна доколку посадите мачкина трева во вашиот двор, туку и вие ќе можете да уживате во вашата прошетка низ градината, без да добиете непријатни убоди од комарци по вашето тело. Истражувањата покажале дека мачкината трева е всушност 10 пати поефикасна од активната состојка Н,Н-диетил-мета-толуамид (DEET) којашто ја содржат спрејовите против комарци.rnrn8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот домrnrnМоже да ве интересира и зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

  • Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Оваа направа сè уште не се наоѓа на пазарот, но има одлични критики. Филип Френзел, студент на Универзитетот Аален во Германија ја дизајнирал ADCASE, генијална маска за телефон која отвора воздушно перниче веднаш штом ќе ви падне телефонот.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnИзумот веќе му ја донел првата награда од Германското здружение за мехатроника, кое одбирало помеѓу проекти на студенти од целата држава.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrn

    „Пред 3 години, на Филип му падна новиот ајфон. Екранот беше многу искршен. Потоа купуваше маски за да го заштити новиот телефон, но заштитата воопшто не му се допаѓаше“, изјавил портпарол на ADCASE.

    rnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа почетокот Филип создал механизам за активирање со сензори кои забележуваат кога направата е во слободен пад. Но што би активирал? На почетокот размислувал за вистинско воздушно перниче на телефонот и алтернатива на база на пена. Сепак, овие дизајни не се покажале како практични. На крај се одлучил за нешто помеко – федери.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа Филип му биле потребни 2 и пол години за да ја направи маската. Планот бил да биде компатибилна со најновиот ајфон, почнувајќи од ајфон 6.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnЗа деловите употребил 3Д печатач. Маската се закачува на задниот дел од телефонот и не ја менува неговата естетика.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа видеото во продолжение можете да видите како функционира направата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mLoEcgAaRpIrnrnДодека овој изум да стигне кај нас, погледнете кои се тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот телефон.

  • Како да се заштитите од болести за време на летните одмори?

    Како да се заштитите од болести за време на летните одмори?

    Последното нешто што сакате да ви се случи кога сте на одмор е да се разболите. Но тоа може да се случи навистина лесно кога се наоѓате во друга држава. Луѓето многу често се разболуваат за време на патување, најмногу поради тоа што се изложени на бактерии. Кога патувате допирате многу површини покриени со бактерии и вируси како брави, послужавници, седишта, пари и слично. Најчесто е речиси невозможно да ги избегнете овие бактерии, но постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го намалите нивното влијание.rnrnКако да се заштитите од болести за време на летните одмори?rn

    1. Пиење локална вода

    rnНе само вода, туку консумирање кој било производ што не е исчистен од бактерии. Речиси секој има приказна со труење или дијареја поради пиење локална вода во странство. Ова значи дека е најдобро да јадете спакувана храна. Едноставно, проверете ги стандардите и предупредувањата за храната и водата на местото коешто го посетувате.rn

    2. Претерано планирање

    rnДеталното планирање на патувањето може навистина да ве разболи. Во ред е да имате цели за патувањето, но не треба да претерате и да го направите целото искуство постресно од што треба да биде. Важно е да се потсетите дека сте таму за да се релаксирате. Можеби нема да видите и да направите сè што сте сакале. Но ако се опуштите ќе се чувствувате подобро и ќе имате причина уште еднаш да го посетите местото.rn

    3. Болест „слободно време“

    rnИзгледа дека оваа болест навистина постои. Според едно истражување, речиси 3% од луѓето искусуваат симптоми додека патуваат како што се главоболки, вртоглавица, замор, болки во мускулите и гадење. Истражувачите веруваат дека причината е веројатно поради стресот кој доаѓа со патувањето. Овде спаѓаат психичките ефекти од промената на распоредот и физичкиот стрес од далечното патување. Најдобриот начин да се справите со ова е да обрнувате внимание на реакциите на вашето тело за време на секое патување. Ако се чувствувате ужасно по еден ден патување, размислете дали сте пиеле доволно вода, дали сте јаделе добро и дали сте наспани.rn

    4. Заразување во јавен превоз

    rnМожеби ви се има случено нешто вакво. Конечно влеговте во авионот или автобусот и сфаќате дека го делите седиштето со болна личност. Повеќето средства за јавен превоз, како авионите, прават циркулација на воздухот. Ова значи дека вие и болната личност ќе го делите воздухот во текот на целото патување. За жал, не можете да направите многу во врска со ова освен да ги измиете рацете откако ќе стигнете, да се избањате и да ја промените облеката.rn

    5. Не се подготвувате за физичките последици од патувањето

    rnЗа жал физичките последици се дел од речиси секое патување, особено ако сте склони кон гадење и ако не спиете доволно. Најдобро е да се обидете да спиете за време на патот и да се обидете да се прилагодите на новата временска зона. Важно е да спиете од 7 до 8 часа – на овој начин ќе го одржите вашиот имунитет јак за време на патувањата.rnrnДознајте и како да заштедите пари за време на патувањето.

  • Позитивни афирмации за стабилност и заштита

    Позитивни афирмации за стабилност и заштита

    Афирмациите се реченици кои во нас го засадуваат семето на позитивната енергија и ни помагаат да ги промениме своите гледишта и уверувања. Тие помагаат да се чувствуваме заштитено од несигурноста, анксиозноста и стравот. Секоја од следните афирмации можете да ја изговарате кога сте вознемирени, кога чувствувате потреба од заштита, но и како ритуал за приземјување.rnrnПозитивни афирмации за стабилност и заштитаrnrn1. Јас сум вкоренета во својата вистина.rnrn2. Јас сум приземна и лесно се прилагодувам на секоја ситуација.rnrn3. Јас сум заштитена и безбедна.rnrn4. Се прилагодувам на животот без напори.rnrn5. Им дозволувам на телото и умот да се развиваат согласно со циклусите во животот.rnrnПозитивни афирмации за стабилност и заштитаrnrn6. Јас сум едно со своите тело, дух, срце и ум.rnrn7. Можам да ја преживеам секоја бура.rnrn8. Јас сум смирена, концентрирана и спокојна.rnrn9. Ги испуштам своите стравови и знам дека секогаш сум безбедна.rnrn10. Ја ослободувам својата енергија од сè што е штетно за мене.rnПозитивни афирмации за стабилност и заштитаrnrn11. Заслужувам да се чувствувам безбедно.rnrn12. Ги поздравувам рамнотежата и благосостојбата на мојот живот.rnrn13. Мојот дом е моето засолниште.rnrn14. За сè што сакам, наоѓам начин да го добијам.rnrn15. Јас сум благословена и сакана. Јас сум безбедна.rnrnПрочитајте ги и овие 8 начини како утрото да го направите порелаксирано.

  • Што се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?

    Што се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?

    Здравата и среќна личност е полна со енергија. Без енергија, како би ги исполниле нашите соништа или како би ги надминале пречките? Вистина е дека некои луѓе имаат повеќе енергија од другите, но дали некогаш сте се запрашале зошто? Иако можеби влијание има и генетиката, уште поважно влијанието е на нашето опкружување.rnrnШто се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?rn

    Сè е енергија

    rnНа атомското ниво, сè што постои е создадено од атоми кои вибрираат, или чиста енергија. Дури и нематеријалните нешта, како нашите мисли, емоции, инстинкти и желбата за секс може да се каже дека се од енергија. Па, живееме во океан од движење а во секој океан, или опкружување, има предатори и плен.rn

    Енергетски вампири

    rnПостојат луѓе кои можат многу брзо да ни ја истрошат енергијата. Ако сте чувствителна личност или емпат, сигурно сте свесни за оваа појава. Но, не сите се во можност да го почувствуваат ова. Додека некои сметаат дека енергетските вампири се луѓе кои не можат да ја одржат својата животна енергија на позитивен начин, другите сметаат дека тие се добри и нормални, но неподносливи луѓе.rn

    Како да идентификувате енергетски вампир?

    rnАко сте во близина на ваква личност, ќе почувствувате некои од следниве симптоми:rn

      rn 011

    • Замор
    • rn 011

    • Стрес
    • rn 011

    • Физички проблеми како главоболки и болки во телото
    • rn 011

    • Ментална и физичка истрошеност
    • rn 011

    • Раздразливост и/или анксиозност
    • rn

    rnМожете да забележите дека енергетските вампири имаат некои од следниве карактеристики:rn

      rn 011

    • Големо его, сакаат да дебатираат и да се расправаат
    • rn 011

    • Агресивно однесување
    • rn 011

    • Параноја
    • rn 011

    • Проблеми со гневот
    • rn 011

    • Нарцизам
    • rn 011

    • Жалење
    • rn 011

    • Озборување
    • rn 011

    • Несигурност, односно постојана потреба од одобрување и прифаќање
    • rn 011

    • Манипулативно однесување
    • rn 011

    • Љубомора
    • rn

    rnЕнергетските вампири најчесто се луѓе кои земаат, а не даваат и добиваат „бесплатна терапија“ со нивните пријатели, семејство, партнери, колеги, па дури и странци и деца. Исто така, добро е да знаете дека енергетските вампири не мора секогаш да бидат луѓе. Може да станува збор за ситуации, па дури и физички предмети како на пример:rn

      rn 011

    • Интернет
    • rn 011

    • Телевизија
    • rn 011

    • Други електронски направи – радио, телефон и слично
    • rn 011

    • Јавни случувања – забави, толпи, автобуски постојки и слично
    • rn 011

    • Животни и домашни миленици
    • rn

    rnНајголем проблем претставува кога енергетските вампири се дел од вашето семејство или вашиот круг на пријатели.rn

    10 начини за справување

    rnМожеби сте пленот, но нема потреба да играте улога на жртва. За да го подобрите вашиот живот, потребно е вие да направите нешто.rn

    1. Избегнувајте долг контакт со очите

    rnГледањето во очи е можеби нешто што најмногу црпи енергија. Колку повеќе го гледате соговорникот во очи, толку повеќе сте вклучени во она што го зборува.rn

    2. Поставете временска граница

    rnВашето време е скапоцено, па нема потреба да седите 2 часа со личност што ја црпи вашата енергија. Поставете временска граница од 5, 10, 15 минути за оваа личност.rn

    3. Научете да не реагирате

    rnОва е многу важно. Енергетските вампири се хранат од реакциите на другите, а ова ги тера да продолжат со интеракцијата. Важно е да научите да бидете неутрални во интеракцијата, односно немојте многу да покажувате позитивни или негативни емоции.rn

    4. Научете да не се расправате или спротивставувате

    rnИако искушението може да биде големо, не можете да ги промените другите ако тие не го сакаат тоа. Колку повеќе отпор им давате, толку повеќе отпор ќе добивате.rn

    5. Дружете се со други луѓе

    rnАко му пријдете на енергетски вампир со уште некој, ќе се намали вашиот напор и вниманието кое таа личност ќе го добие. Важно е и другата личност да не биде енергетски вампир.rn

    6. Слушајте повеќе отколку што зборувате

    rnМногу често енергетските вампири бараат некој кој ќе ги ислуша. Колку повеќе зборувате, толку повеќе енергија губите. Користењето зборови како зошто, кога и како ќе го охрабрат соговорникот да продолжи со зборување, а ова ќе ви помогне да ја зачувате вашата енергија.rn

    7. Држете се до лесни и едноставни теми

    rnВашите разговори не мора да бидат депресивни. Преземете контрола кога тоа е потребно и променете ја темата.rn

    8. Визуализирајте

    rnМногу луѓе тврдат дека замислувањето на штит околу себе им помага да се заштитат и да останат смирени.rn

    9. Избегнувајте ги кога е возможно

    rnИако не е секогаш возможно, ова е техника која навистина ќе ви помогне. Секогаш кога сте во можност избегнувајте ја интеракцијата со овие луѓе.rn

    10. Прекинете го контактот

    rnПонекогаш во корист на вашите среќа и здравје, мора да донесете некои тешки одлуки. Треба внимателно да одберете со какви луѓе ќе се опкружите. Ако продолжувате да страдате, најдобро е целосно да го прекинете контактот со овие луѓе.rnrnПогледнете ги и овие совети за препознавање и одбрана од енергетските вампири.

  • 10 начини на кои хакерите можат да ги украдат вашите лозинки и како да се заштитите

    10 начини на кои хакерите можат да ги украдат вашите лозинки и како да се заштитите

    Вашите лозинки се зачувани во безбедносни системи со посебни алгоритами. Хакерите се обидуваат да дојдат до овие лозинки користејќи разни техники. Една од најпопуларните е наречена „Напад на речник“ каде што компјутерот се обидува одново и одново. На пример, во јули 2017-та година, хакерите успешно украдоа 1,5 терабајти информации од HBO, вклучувајќи го и сценариото за една епизода од „Игра на тронови“. Во продолжение погледнете некои од најпознатите техники со кои се крадат вашите лозинки, но и како да се заштитите.rn

    1. Небезбедни Wi-Fi мрежи

    rnrnrnОтворените Wi-Fi мрежи, односно оние што не бараат лозинка, на некој начин се бесплатен пристап до сите ваши информации. Сè што работите може да биде набљудувано од некој друг кој е поврзан на истата мрежа. Ако е навистина неопходно да користите отворена мрежа, користете VPN (Virtual Private Network) за да го заштитите вашиот канал.rn

    2. Слаба енкрипција и недостаток од PIN на вашиот рутер

    rnrnrnКористете само WPA (Wi-Fi Protected Access) со силен протокол кој е посилен од WEP (Wired Equivalent Privacy). Ова може да се промени на веб-сајтот на рутерот. Исто така хакерите ја користат ранливоста WPS (Wi-Fi Protected Setup) за да добијат лозинки од вашата мрежа. Па, најдобро е да го исклучите WPS методот за препознавање на веб-сајтот на вашиот рутер.rn

    3. Небезбедни веб-сајтови

    rnrnrnЧесто веб-сајтовите со симбол на катанец се сомнителни и може да украдат информации од вашиот компјутер. Исто така ако сте на веб-сајт што бара податоци за најава, како за банкарска сметка, секогаш проверете дали има зелен симбол за катанец.rn

    4. Непознати програми

    rnrnrnДозволување на пристап на програми кои не ви се познати, или чие име го немате слушнато, може навистина да му наштети на вашиот компјутер. Ако сте направиле нешто вакво, најдобро е да го избришете тој софтвер и да го скенирате вашиот компјутер со анти-вирусна програма.rn

    5. Поврзување на профили од социјални мрежи со непознати веб-сајтови

    rnrnrn„Допаѓање“ на Фејсбук или Твитер профили на сомнителни страни ѝ дозволува на страната да собере ваши податоци. Обидете се да не го поврзувате вашиот кориснички профил од социјалните мрежи со други веб-сајтови. Правете го тоа само ако е навистина неопходно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Колку е штетно загадувањето на воздухот и како да се заштитите?

    Колку е штетно загадувањето на воздухот и како да се заштитите?

    Загадувањето на воздухот станува сè поактуелна тема. Иако можеби има некаков напредок, издувните гасови од автомобилите и фабриките сè уште претставуваат закана за сите суштества со бели дробови. Дали излегувањето надвор е исто како да сте испушиле кутија цигари? Што можеме да направиме за да се заштитиме од загадувањето?rnrnfactory plantsrn

    Опасноста од загадениот воздухот

    rnИако според податоците од 1970 година до денес емисијата на штетни гасови е намалена за 70%, ефектите кои ги има загадениот воздух не може да се занемарат. Според еден извештај загадувањето на воздухот било одговорно за смртта на 9 милиони луѓе само во 2015 година.rnrnПостојат 2 нешта кои најмногу ги загрижуваат експертите. Првото е озонот, оној кој се формира кога емисијата на гасови од гориво создава смог. Овој смог ги иритира белите дробови, ја намалува нивната ефикасност и може да предизвика астма, но и други проблеми во текот на животот.rnrnВторото нешто се воздушните честички, кои иако се помали од 2,5 микрометри, сепак носат загадувачи, вклучувајќи и полициклични ароматични јаглеводороди. Штетата која ја прават овие честички е многу поголема од проблеми со белите дробови и астма. Бидејќи честичките се многу мали, тие лесно минуваат низ филтрите и влегуваат во нашите носови и грла. Од таму завршуваат во нашата крв и се разнесени низ целото тело. Тие може да предизвикаат разни кардиоваскуларни проблеми, како и невродегенеративни болести. Се покажало дека бремените жени кои се изложени на овие честички имаат поголем ризик да родат дете со помал коефициент на интелигенција или пак, со нарушување на хиперактивноста и намалено внимание. Исто така загадувањето на воздухот се поврзало и со зголемена дебелина кај децата.rn

    Што можете да направите за ова?

    rnНаједноставно решение би било да го напуштите загадениот град, но знаеме дека тоа е опција која многумина не можат да си ја дозволат. Во тој случај, постојат некои други чекори кои можете да ги преземете.rn

    1. Не вежбајте надвор кога воздухот е многу загаден

    rnДенес постојат различни апликации и веб-сајтови кои ви дозволуваат да го видите квалитетот на воздухот во вашиот град. Имајте на ум дека кога загадувањето на воздухот е поголемо, големи се шансите воздухот да биде загаден и во вашиот дом ако живеете во зграда. Кога вежбате вдишувате повеќе од вообичаено, па затоа избегнувајте ја физичката активност во овие денови.rn

    2. Вежбајте во паркови наместо покрај прометни улици

    rnИсто така избегнувајте да вежбате за време на голем сообраќаен метеж. Ова ќе направи голема разлика за вашите дробови.rn

    3. Одржувајте го воздухот дома чист

    rnКористете вентилација кога готвите и избегнувајте готвење на отворен оган. Најдобро е да избегнувате секаков вид согорување во вашиот дом.rn

    4. Набавете филтер за воздухот

    rnИако овие филтри се навистина скапи, ако живеете во многу загадено место вреди да вложите во нешто вакво.rn

    5. Ставете растенија во домот

    rnПриродните воздушни филтри можат да се погрижат за јаглеродниот диоксид, како и другите загадувачи на воздухот.rn

    6. Хранете се здраво

    rnИсхраната богата со хранливите материи кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот може да ја намалат штетата од загадениот воздух. Хранливите материи како витамин Ц му помагаат на вашето тело да создаде заштита против опасните молекули кои ги вдишувате.rn

    7. Користете чиста енергија

    rnАко сте во можност, обидете се да користите чиста енергија. Ова важи и за вашиот автомобил. Сепак најголемите загадувачи во градовите се возилата.rn

    8. Бидете активни

    rnВистинскиот одговор за овој проблем е делувањето на власта и индустријата.rnrnЗа да помогнете во намалувањето на загаденоста, почнете локално. Учествувајте на состаноци и обидете се да ги охрабрите другите да делуваат за овој проблем. На пример, наместо автомобил користете јавен превоз. Мотивирајте и некој друг да го прави истото.rnrnПогледнете што се случува со вашето тело кога вдишувате загаден воздух.

  • 12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

    12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

    Сите ние користиме барем една од социјалните мрежи. Пишуваме статуси за нашите идни планови, ги разгледуваме фотографии на нашите пријатели, ги читаме новостите и муабетиме. Иако социјалните мрежи се обидуваат да ги заштитат личните податоци на нивните корисници, сепак постојат одредени информации што можат да бидат злоупотребени. Прочитајте ги следниве тајни што ќе ви помогнат да се заштитите од лошите луѓе и хакерите кои сакаат да ви наштетат…rn

    1. Геолокација

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnСигурно сте забележале дека ознаките за геолокација се додаваат автоматски. На социјалните мрежи обично секогаш е вклучена оваа функција. Тоа значи дека човек со секакви намери може да дознае каде работите, каде живеете и каде го поминувате времето. На вас останува да одлучите дали сакате да го преземете ваквиот ризик.rn

    2. Телефонски број

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnЧеста навика е да се поврзе телефонскиот број со социјалните мрежи. Меѓутоа, не треба да заборавате на стапиците и замките на оваа функција. Во најдобар можен случај ќе ви се јави некој напорен обожавател или дете што сака да се кажува. Во најлош можен случај, ќе ве хакираат за да ги украдат вашите лични податоци.rn

    3. Дата на раѓање

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnВашата дата на раѓање е исто толку важна колку и вашето целосно име и домашна адреса. Оваа информација може да им помогне на измамниците да ја хакираат вашата лична сметка во банка.rn

    4. Фотографии од билети, карти и лични документи

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnМногу патници објавуваат фотографии од аеродроми со нивните билети, со цел да ги доловат емоциите што ги чувствуваат поради нивниот долгоочекуван одмор. Доколку и вие го правите ова, внимавајте! Бар кодот на вашиот билет е единствен и може да се искористи за да се добијат вашите лични информации што сте ги оставиле кај авионската линија. Корисниците прават и други слични грешки: Кога сакаат да се пофалат поради тоа што добиле нова ВИП кредитна картичка или возачка дозвола, тие споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Запомнете дека објавувањето такви слики воопшто не е добра идеја.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најчести грешки при купување очила за сонце

    Најчести грешки при купување очила за сонце

    Иако можеби сте купиле очила за сонце уште на почетокот на сончевите денови, односно во пролет или пак на почетокот на летото, сепак идеалното време за нивно купување е токму сега, кога траат намалувањата. Доколку се одлучите да купувате очила за сонце, можеби овие совети ќе ви помогнат или пак ќе ви откријат дека имате потполно погрешни очила кои не ве штитат од сонцето. Не се сите очила за сонце добри, а ниту цената не е секогаш мерило за нивниот квалитет, па затоа обрнете внимание не овие грешки за целосно да ги заштитите вашите очи од штетните сончеви зраци.rnrn1-najchesti-greshki-pri-kupuvanje-na-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу мали рамки

    rnОчилата за сонце треба целосно да ги штитат вашите очи, како и нежната кожа околу нив и капаците. Тоа значи дека треба да покриваат од веѓите до образите. Ако светлината може лесно да влезе од горе или од страните на вашите очила, тогаш вашата чувствителна кожа, очните капаци и вашите очи сепак не се заштитени и се изложени на ризик. За среќа, големите рамки се популарни веќе неколку години, па нема да биде проблем да ги пронајдете оние кои најмногу ви одговараат.rn

    2. Премногу темни очила

    rnИзненадувачки, луѓето често се жалат дека некогаш не можат да носат заштитни очила, бидејќи едноставно не можат да гледаат низ нив. Чувствуваат дека погледот низ нив им е премногу темен или матен. Темно сивите очила со лош оптички квалитет може во целост да го замаглат или намалат видот и доколку личноста која ги носи се обиде да погледне низ поларизирани кафеави или спортско обоени стакла, не би можела да поверува колкава е разликата. Кафеавите поларизирани очила за сонце се одлични и за променливите временски услови кога наизменично се појавуваат сонцето и облаците.rn

    3. Всушност не штитат од УВ-зраци

    rnТоа што имаат многу темни стакла не значи дека штитат од УВ-зраци. Ова погрешно мислење е доста често, а луѓето многупати мислат и дека премногу евтините очила за сонце (доколку на нив пишува дека штитат од УВ-зраци) подеднакво штитат како и оние со поквалитетни професионални стакла. Вистина е дека можете да добиете релативно евтини очила за сонце со 100% УВ-заштита, но тогаш мора да бидете сигурни дека имаат налепница која потврдува дека задоволуваат 100% УБА и УВБ заштита (иако ниту тоа не е гаранција, бидејќи од Кина доаѓаат многу очила со тие налепници кои не штитат ниту приближно 100%). Очилата кои ќе ги купите во оптика или во аптека не само што ќе имаат поквалитетна заштита, туку и поквалитетниот материјал на оптичкото стакло ќе ви овозможи неспоредлива јаснотија во видот додека уживате на отворено.rnrn2-najchesti-greshki-pri-kupuvanje-na-ochila-za-sonce-www.kafepauza.mk_rn

    4. Погрешна закривеност на рамките

    rnЗакривените рамки овозможуваат фантастична заштита од сонцето и ветерот, па тие се одлични за спортистите. Иако закривените рамки се одлични за луѓето без диоптрија, ако носите диоптриски очила за сонце можете да се соочите со проблеми. Оние кои имаат голем плус или минус, носат прогресивни стакла и особено оние со астигматизам може да имаат изобличување на видот доколку користат закривени рамки. Затоа најдобро е овие личности да отидат во најблиската оптика и да ги послушаат советите на експертите за тоа кои очила треба да ги изберат за своите проблеми.rn

    5. Стакла како огледала

    rnДенес голем тренд се очилата за сонце со стакла како огледала, но тие може да донесат проблеми. Размислете за тоа што прави огледалото – тоа ја рефлектира светлината. Вашиот вид ќе биде многу повеќе затемнет отколку со традиционалните очила за сонце, бидејќи повеќе светлина ќе се рефлектира од вашите очила, а многу помалку ќе допира до вашиот поглед. Уште еден потенцијален ризик? Бидејќи светлината се одразува на вашите стакла, може да се случи да се одрази и на кожата на вашето лице, најчесто на носот. Тоа може да биде опасно доколку не водите грижа околу заштитата на кожата со крема со соодветен заштитен фактор.rnrnАко не знаете за кој модел на очила да се одлучите, тогаш послушајте ги ѕвездите и изберете идеални очила за сонце според вашиот хороскопски знак.

  • Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Повеќе од една година, нуклеарната физичарка Елина Бергланд се борела со властите и злобните наслови во весниците. Сега, нејзината апликација ќе биде првата во светот што ќе биде прифатена како контрацепционо средство.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrn

    „Многу е возбудливо тоа што сега постои одобрена алтернатива за конвенционалната заштита против несакана бременост, како и тоа што е возможно да се заменат лековите со технологија“, изјавила задоволната Елина Бергланд која заедно со нејзиниот сопруг ја развиле идејата по име „Природни циклуси“ (Natural Cycles).

    rnОдобрувањето било дадено од страна на германската инспекција и сертифицираната организација Tüv Süd кои ја сместиле апликацијата во медицинската категорија IIб. Тоа значи дека Природни циклуси официјално нуди нова, клинички тестирана алтернатива за вообичаените контрацептивни средства како што се контрацепционите пилули, инплантите и кондомите.rnrn2015-та била тешка година за брачниот пар. Потешкотиите го достигнале врвот на 25 ноември кога овластените лица од Шведската агенција за медицински производи стапиле во контакт со нив. Тие барале работата на апликацијата да биде прекината за 10 дена, додека агенцијата продолжи со истрагите на оваа тема. Корисниците на апликацијата биле информирани 2 дена пред Божиќ.rn

    „Во тој момент беше тешко. Многу тешко. И покрај сѐ, апликацијата беше создадена со цел да овозможи заштита од несакана бременост“, изјавила Бергланд во едно интервју.

    rnОсвен тоа, информацијата дека Агенцијата за медицински производи ја истражува Природни циклуси излегла во јавност и по нивниот огромен приход од 280.000 долари во октомври 2015 година, тие доживеале драматичен пад.rn

    „До декември нашата заработка изнесуваше 120.000 долари“, открила Бергланд.

    rnБурата продолжила и понатаму. Се појавиле застрашувачки наслови во весниците дека Природни циклуси се обидуваат да ги прелажат младите жени кои не внимаваат на заштитата од несакана бременост, а строгото надгледување од страна на Агенцијата за медицински производи сѐ уште не завршило.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацепциона апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrnrnПо повеќе од една година подоцна, Елина Бергланд и нејзиниот сопруг конечно ја добиле нивната долго очекувана победа. Предвидената двојна заработка за 2016 година паднала во вода поради тоа што изгубиле време на чекање одобрување, но сега е време повторно да се стремат кон нови успеси.rnrnПлановите за проширување на пазарот во САД ќе мора да почекаат додека не добијат одобрување од Американската регулаторна агенција. Но, затоа оваа апликација без проблем ќе се прошири во Велика Британија која веќе претставува еден од најголемите пазари за компанијата.rnrnПа, како функционира оваа апликација? Природни циклуси ја пресметува дневната плодност со помош на алгоритам. За да ја користат апликацијата, жените треба да ја мерат температурата под нивните јазици секое утро и да ги внесат резултатите во апликацијата. Потоа, алгоритамот, кој е создаден специјално за оваа апликација, одредува дали сте плодни тој ден за да знаете дали ќе ризикувате да забремените доколку имате незаштитен сексуален однос.rnrnПриродни циклуси има повеќе од 150.000 корисници во 161 земја, а клиничките истражувања докажале дека користењето на апликацијата е исто толку ефикасно колку и пиењето контрацептивни пилули.rnrnВо продолжение прочитајте кои се најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото.