КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • 7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    Колегата до вас цел ден кашла, а децата, само што ги земавте од градинка почнаа да киваат. Дали е возможно да не ги прeфатите нивните бактерии? Комбинацијата од неколку превентивни мерки може да ви помогне да се заштитите од сезонските вируси и настинки.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnРацете постојано нека ви бидат чисти. Сите го знаеме ова, но навистина успева. Бидејќи несвесно постојано го допираме лицето со нив, честото миење на рацете ќе ги заштити очите, устата и носот од бактериите. Рацете задолжително треба да се мијат пред јадење или пред подготвување храна, после допирање на некој канцелариски уред, земање работи од шкаф или полица, подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. Навиката треба да се создава од најмали години, па штом си дојдат вашите деца дома од градинка или училиште, веднаш измијте им ги рацете.rnrnПри миење раце не треба да се брза, па така многу луѓе не ги тријат рацете доволно. Мијте ги рацете барем 20/30 секунди, а задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Сапунот помага да ги отстраните бактериите и маслата од клетките на кожата. Употребувајте топла вода, бидејќи помага сапунот повеќе да се распени. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии.rnrnУпотребувајте течност за дезинфекција на рацете. Миењето со вода и сапун е подобро, но течноста за дезинфекција е многу ефективна доколку не се наоѓате во близина на тоалет. Чувајте едно шишенце на вашето биро за да ве потсетува често да го употребувате во текот на денот. Не штедете го, сипете поголема количина и убаво тријте на целите дланки, додека не ви се исушат. Влажните марамчиња исто така се опција, но со нив не можете да ги отстраните сите бактерии.rnrnИзбришете ги површините со кои сте во допир во поголемиот дел од денот. Како прво нешто наутро, со крпа и антибактериско средство избришете ги работното биро, тастатурата и глувчето од компјутерот, телефонот и останатите уреди во канцеларијата особено доколку ги делите со колегите. Бидејќи ги шириме бактериите пред да покажеме симптоми дека се разболуваме, ваквата заштита претставува едноставна мерка на претпазливост.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnНе опуштајте се, дури ни дома. Иако сите имаме тенденција, кога сме дома да не внимаваме многу на овие работи, сепак домот е едно од главните места каде што се шират болестите. Дома сме во поблизок контакт со луѓето, поминуваме многу повеќе време на едно место, па дури и често не ги бришеме површините од сопствените бактерии. Но, во домот многу лесно некој друг може да донесе бактерија, а вие лесно да ја добиете преку рачката од фрижидерот, преку далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и од многу други места.rnrnУпотребувајте проверени работи. Не секој продукт што го употребувате може да има еднаков ефект. Доколку сакате да ги уништите бактериите, вас ќе ви бидат потребни средства за дезинфекција регистрирани од „EPA“ (Агенција за заштита на средината). На етикетата на средствата проверете дали тие имаат регистрациски број од агенцијата.rnrnБидете добри со вашето тело, вежбајте, јадете и спијте доволно за да го одржите имунитетот силен. Исто така, одлично би било доколку ги откажете цигарите. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава, структурални промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преслатки кучиња вежбаат јога

    Преслатки кучиња вежбаат јога

    Видовме како животните вежбаат јога, па веќе не е ни чудно доколку видиме како кучињата стануваат мајстори во оваа дисциплина.Преслатки кучиња вежбаат јогаЅвездите во ова шоу се од Сојузот за заштита на животните, меѓународна организација, која се бори за правата на животните со цел да стави крај на нивната експлоатација и злоупотреба.Преслатки кучиња вежбаат јогаКреаторот на оваа серија од фотографии, Ден Борис, вели дека се потребни години за тренирање и посветување на кучињата за да станат јога-кучиња. Но, успехот да се постигне тоа за помалку од 16 недели и вистинско кучешко чудо. Преслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаИнаку фотографот Ден Борис ја има издадено ултрапопуларната книга „Јога-кучиња“, која претставува колекција од обработени фотографии на кои 45 кучиња позираат во различни јога-позиции. Не грижете се, кучињата не биле малтретирани во процесот на фотографирање. Екстремната флексибилност кај кучињата е постигната со дигитална фотообработка.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Џемпер за вашиот лаптоп

    Џемпер за вашиот лаптоп

    Додека жалите што омилениот џемпер веќе не е за носење и треба да го фрлите, еве едно практично и креативно решение зошто да не го направите тоа. На вашиот лаптоп му треба добра заштита кога го носите наваму-натаму, додека истовремено треба да ви биде практично неговото вадење и ставање? Добра идеја е да го употребите токму вашиот стар џемпер за таа цел. Погледнете преку слики како чекор по чекор да направите штосен џемпер за вашиот лаптоп.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrn

    Потребни ви се:

    rn

      rn011

    • џемпер
    • rn011

    • ножици
    • rn011

    • машина за шиење
    • rn011

    • шпенадли
    • rn011

    • конец
    • rn011

    • вашиот лаптоп (за да ги измерите димензиите)
    • rn

    rnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnСтавете го лаптопот врз џемперот кој ќе го сечете. Со креда, обележете од каде до каде ќе го исечете џемперот. Имајте предвид дека материјалот на џемперот се растега, па затоа не сечете премногу.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrnrnИсечете го џемперот од двете страни, еднакво според мерките кои ги направивте.rnrnЏемпер за вашиот лаптопrnrnПревртете го џемперот. Ставете го лаптопот во џемперот и со помош на шпенадли, обележете каде по страните треба да се шие.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnСега, почнете да ги шиете рабовите кои претходно ги обележавте со шпенадлите. Колку конец ќе употребите за еден раб, зависи од дебелината на џемперот. Но, употребете дебел и квалитетен конец, во боја на џемперот.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnПревртете го џемперот на предната страна.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnЕте, си направивте евтина навлака (sleeve) за вашиот лаптоп, а плус го искористивте омилениот џемпер кој се плашевте дека ќе мора да заврши в ѓубре.rnrnЏемпер за вашиот лаптопЏемпер за вашиот лаптопrnrnОваа навлака е со поголем отвор кој е оставен по целата ширина на лаптопот за да биде позгодно неговото вадење и ставање. Вие можете џмеперот да го искроите поинаку, како и да му додадете копченце, нитна или врвка за да овозможите да се затвора.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изберете безбедна лозинка?

    Како да изберете безбедна лозинка?

    Во денешно време, лозинка ни е потребна речиси за сè за што секојдневно го користиме Интернетот – праќаме и примаме имејл пораки, ја проверуваме состојбата на сметката во банка, користиме програми за чет и видео разговори како што се МСН и Скајп, а да не ја споменуваме масовната комуникација во светски рамки преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.rnrnБидејќи сите полека, но сигурно стануваме сè позависни од Интернет и тој стана составен дел од нашиот начин на живот, многу е важно да знаеме дали лозинките кои ги одбираме се безбедни. Следуваат неколку совети за правилен избор на вашите лозинки при регистрација.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    1. Што повеќе карактери – толку подобро

    rnНикогаш не креирајте лозинка со помалку од 6 карактери, бидејќи таквата може лесно да биде „пробиена“ од страна на хакери со користење brute-force софтвери. Мајкрософт препорачува да се создаваат лозинки од минимум 14 карактери, доколку е тоа возможно.rn

    2. Не користете постоечки зборови

    rnЗборовите кои постојат во речникот на кој било јазик во светот, напишани од лево кон десно или од десно кон лево, не треба да се користат како лозинки, бидејќи лесно можат да бидат „уловени“од страна на сајбер-криминалците.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    3. Создадете едноставна формула

    rnСоздадете лозинка базирана на некоја едноставна реченица, која ќе можете да ја запаметите. На пример, ако реченицата ви гласи: „Сакам да научам како да креирам безбедна лозинка со овие совети“, вашата лозинка нека биде составена од првите букви на секој збор, (на латиница) а потоа по случаен пат изберете кои букви да ви бидат големи, а кои мали за да ја направите покомплицирана за декодирање: SdnKDKblsOS.rn

    4. Со бројки е побезбедно

    rnСледно што треба да направите за да биде вашата лозинка уште побезбедна, е да додадете бројки во средина, но избегнувајте да го внесувате бројот на вашите години, датумот на раѓање или бројот на адресата на живеење: SdnKD74KblsOS. Потоа, додадете симбол и/или интерпункциски знак, на почетокот и на крајот на лозинката: %SdnKD74KblsOS?rn

    5. Не користете една лозинка за сè

    rnНемојте истата лозинка која ја креиравте да ја користите за пристапување на вашиот Фејсбук профил, за проверување на сметката во банка на Интернет, за Скајп и во сите ваши онлајн регистрации. Ако вашата лозинка еднаш ја пробијат, ќе станете чувствителни на сите видови сајбер-опасности.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    6. Меморирање на лозинки

    rnАко имате многу лозинки за меморирање, несомнено ќе имате тешкотија да ги запаметите сите. Најсигурно ви е да пробате да ги запаметите, но ако не можете, тогаш запишете ги на лист, кој ќе го чувате на безбедно место, каде никој нема да ви го види (никако немојте да го залепите на бирото каде што ви стои компјутерот). Ако и таа варијанта не ви е баш практична, тогаш почнете да користите пасворд менаџер, на пример KeyPass, кој безбедно ќе ги чува сите ваши лозинки на едно место, а вие ќе треба да запаметите само една лозинка, за да пристапите до него.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    7. Заштитете ја вашата лозинка

    rnПоради безбедносни причини, избегнувајте да ја користите вашата лозинка на јавни компјутери и никако немојте да ја споделувате преку имејл порака, дури и ако истата е побарана да ја испратите од страна на компанија во која имате доверба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животните како грижливи родители

    Животните како грижливи родители

    И покрај тоа што некои животни се бестрашни, агресивни и понекогаш настроени против луѓето, кога станува збор за нивните бебиња, тие се грижливи, покажуваат љубов и се поставуваат заштитнички, како скоро сите родители. Погледнете како некои животни го живеат својот живот со нивните најдраги малечки деца.Животните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родителиЖивотните како грижливи родители
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Сите знаеме дека во случај на земјотрес, треба да најдеме сигурно место за да се засолниме од евентуалните рушевини кои можат да следуваат. Најсигурно место е влезот кај вратата, бидејќи тука конструкцијата на градбите е најцврста и најчесто е последно место што страда при силни потреси. Тесниот влез на вратите не врши баш голема работа во таа насока.rnrnВрата која ќе ве заштити од земјотресrnrnЗатоа, Younghwa Lee, студентка на постдипломски студии по дизајн на универзитетот Кингстон во Англија, измислила врата која е посебна зашто може да гарантира поголема безбедност во услови на земјотрес.rnrnНа оваа идеја Younghwa Lee дошла по катастрофите што ги доживеа Хаити, со цел да овозможи поголем број на преживеани случаи при катастрофални земјотреси.rnrnНејзиниот дизајн претставува врата која има носечка оска во централниот дел по хоризонтала. Тука вратата се витка и со тоа создава место каде можат да се засолнат луѓе при ваква елементарна непогода.rnrnДолниот дел од вратата останува прицврстен за подот, за да биде поцврста потпора. Бидејќи вратата ќе биде наведната под агол кога ќе се наоѓа во мод за земјотреси, рушевините ќе се лизгаат надолу, наместо да се собираат горе.Врата која ќе ве заштити од земјотресИ тоа не е сè. Вратата има мало кабинче во кое се складирани џебна батерија, вода и медицински резерви. Под една ваква врата може да собере до двајца луѓе.Врата која ќе ве заштити од земјотресYounghwa ја има дизајнирано вратата мислејќи, пред сè, на Истанбул, каде според едно истражување е пресметано дека има 70% шанси градот да биде погоден од земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтеровата скала, пред 2030 година, кој може да резултира со 150 000 фатални случаи. Таа смета дека вратите ќе можат да се постават евтино низ многу домови во градот.